Промени тема
Контакт

Автобус со повеќе од 50 ученици се судри со комбе и се преврте во Холандија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
prevrten-avtobus
Илустрација

Најмалку 20 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што рано утрово се случила во Холандија, откако автобус со повеќе од 50 патници, меѓу кои главно ученици од Германија, се судрил со доставно комбе и се превртел.

— реклама —

Несреќата се случила на автопатот А28 во близина на Везеп. Според првичните информации од локалните власти, автобусот удрил во комбето одзади, по што возачот изгубил контрола, излетал од автопатот и автобусот завршил превртен на својата страна.

Во автобусот имало повеќе од 50 лица, а најголем дел од патниците биле тинејџери, ученици од Германија.

— реклама —

Осум лица биле пренесени во болница, меѓу кои и возачот на доставното комбе. Полицијата соопшти дека дел од повредените се во тешка состојба. Други патници со полесни повреди биле прегледани на самото место.

— реклама —

Според информациите објавени од холандските медиуми, пожарникарите морале да интервенираат за да ги извлечат учениците од превртениот автобус. Дел од нив биле извлечени преку покривот на возилото.

Најголем дел од повредените, според досегашните информации, се здобиле со исеченици од скршено стакло.

— реклама —

Поради несреќата, автопатот А28 е затворен во двата правци, а надлежните служби работат на расчистување на местото и утврдување на причините за несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3vpfth01mcl61IhxLif

Во Холандија е еутаназирано првото неизлечиво болно дете, имало речиси две години

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-librarycjltkneste6ob36nR37

Повисокиот данок не ги одврати туристите: Холандија во јули ја посетиле 3,36 милиони гости

Патувања | пред 1 седмица

media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ

Вирусот на Западен Нил се шири во Холандија: девет заразени и еден починат

Свет | пред 1 месец

media-libraryru33gus5snuq208c5cg

Западнонилската треска однесе прва жртва во Холандија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања