Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Автобус со ученици од „Орце Николов“ четири пати се расипувал на враќање од екскурзија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-library3he2mtqfnmidaGnhCBS
Photo by Hobi industri on Unsplash

Родителите на малолетни ученици од скопската гимназија „Орце Николов“ останале вознемирени и будни во текот на ноќта, откако нивните деца не можеле навреме да се вратат од екскурзија поради серија дефекти на автобусот со кој патувале.

Според информациите, автобусот се расипал повеќе пати во текот на патувањето, вкупно четири пати, по што еден од родителите пријавил во Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Сообраќајната полиција потоа го запрела автобусот на наплатната станица „Отовица“ на автопатот Велес–Скопје, му забранила понатамошно движење и наредила да биде обезбеден нов, безбеден автобус за превоз на учениците до нивните домови.

— реклама —

Од МВР информираа дека по пријава во СВР Велес од родител, на 8 мај 2026 година во 22:50 часот бил запрен автобус со скопски регистарски ознаки, кој превезувал ученици кои се враќале од екскурзија. Возилото било управувано од 43-годишен возач од Скопје и било пренесено на вонреден технички преглед за утврдување на неговата исправност.

— реклама —

Министерството најави дека по завршување на проверките ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Родителите за медиумите изјавиле дека децата биле изложени на долго и стресно патување, при што, како што тврдат, им било кажано дека „паниката е непотребна“ и дека проблемот е само во електрониката на автобусот, а не во кочниците.

Настанот повторно ја отвора темата за безбедноста на училишните екскурзии и техничката исправност на автобусите за групен превоз, особено по претходните тешки сообраќајни несреќи во Ласкарци и Струма, по кои институциите најавија засилени контроли.

media-libraryje6nn0p6dh9q3FcQ4Dm

Автобус со скопски таблички одземен кај Велес, родител пријавил дека повеќепати се расипувал

По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Ѓ.(43) од Скопје.Автобусот е одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност. Патниците со друг автобус се безбедно пренесени до крајната дестинација.По целосно комплетирање на случајот и по завршување на вонредниот технички преглед ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysh812f4nb3u1dgMFSRR

Трагедија на границата Бугарија-Турција: две лица загинаа, 16 повредени откако автобус тргнал наназад и прегазил патници

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryeu7vlptve4na0iMG89O

Автобус се преврте во провалија на Канарските Острови

Свет | пред 4 седмици

jsp

Распишан тендер за 150 електрични автобуси, 100 за Скопје, од кои 30 да се испорачаат до септември

Македонија | пред 2 месеци

jsp-avtobusi-na-gas-polnaci

Девојка повредена во автобус на линијата 23 по нагло кочење, сведочи граѓанин кој алармира за небезбеден превоз

Коментари | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања