Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Автопатите на Коридор 8 се градат според планот, домашни банки го обезбедуваат финансирањето за делницата Кичево-Охрид, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
pat

Денеска премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Иако имало мала потешкотија со обезбедувањето средства за довршување на делницата Кичево-Охрид по престанокот на кинескиот заем, проблемот е надминат со формирање синдикат од домашни банки, а градежните работи продолжуваат непречено.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

„Сите делници од коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала потешкотија, морам да признаам, посебно во делот на обезбедување на средства за довршување на делницата Кичево-Охрид. Затоа што знаете дека заемот кој го добивавме од кинеската банка, повеќе не го добиваме. Престана. Но бргу се реорганизираме и тој проблем е надминат. Формиран еден синдикат од домашни банки, со исклучително, би рекол, поволни услови, и практично тие домашни банки ќе го дозавршат финансирањето и тоа ќе биде последно и со тоа веќе конечно таа делница ќе биде функционална.

Исто така напредува и делницата Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани, и конечно е предаден извештајот до заемодавателите за делницата Букојчани-Приклучок-Кичево, практично на автопатската делница Кичево-Охрид. Така што во тој дел сум исклучително задоволен. Исто така, прилично солидно би рекол согласно динамиката и реализацијата на делницата Прилеп-Битола, којашто е дел од коридорот 10Д“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarypau87gtmmr0q1TNsO32

Мицкоски: Без промовирање на семејните вредности, македонската економија ќе биде прва на удар

Македонија | пред 5 дена

media-library6jpon8suc9aa48u3kwF

На Скопје не му треба нов клинички центар, туку подобра организација на постојните болници – усогласени ставовите на Мицкоски и Клековски

Македонија | пред 5 дена

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Дизелот би можел да поевтини за дополнителни 2 денари по литар

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања