„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ева Петковска

media-libraryk737qpffia9adBXMWqr

Граѓаните побараа веднаш да се дислоцира фабриката: „Усје нè труе“

Граѓани и активисти денеска одржаа протест на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје, на околу пет километри од центарот на градот, барајќи дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од урбаното подрачје. Протестот беше организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, која обвинува дека фабриката континуирано го загадува воздухот во главниот град.Според организаторите, во изминатиот период било истражувано работењето на цементарницата, при што, како што наведоа, станува збор за интернационална компанија со слични проблеми и во други земји. Петар Керамитчиев од „Стоп за Усје“ изјави дека, според нивните сознанија, странскиот капитал и раководството на компанијата наоѓаат „легални начини“ да го оправдаат загадувањето, што, според него, директно го загрозува здравјето на граѓаните и децата.Од иницијативата порачаа дека денешниот протест е предупредување до властите и дека по празниците ќе следуваат нови протести и можни блокади на сообраќајот, доколку не се преземат конкретни мерки против, како што велат, големите загадувачи.Неколку часа пред протестот, од „Титан Усје“ соопштија дека работењето на цементарницата е под постојан надзор на Државниот инспекторат за животна средина. Од компанијата информираа дека последниот инспекциски увид бил извршен на 18 декември, како и ненајавена контрола на 18 ноември, при што во двата случаи било утврдено дека нема отстапувања од законски дозволените лимити.Од „Усје“ нагласуваат дека фабриката располага со високо ефикасен и комплексен систем на филтрирање, со околу 2.000 филтер-вреќи по филтер, кои ја задржуваат прашината и ја враќаат во производниот процес. Компанијата категорично ги отфрла тврдењата дека филтрите се исклучуваат, посочувајќи дека тие се неразделен дел од производната линија.Според „Титан Усје“, податоците од мерењата покажуваат дека нема директна поврзаност меѓу работењето на цементарницата и загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје. Како аргумент наведуваат дека во зимските месеци, кога загадувањето е најголемо, печките често не работат поради редовни ремонти, додека во лето, кога работат со полн капацитет, квалитетот на воздухот е најдобар.Компанијата поседува А-интегрирана еколошка дозвола и врши 24-часовен мониторинг на издувните гасови со опрема од германски производител, а, како што тврдат, сите мерења покажуваат дека емисиите се под законски дозволените гранични вредности, што било потврдено и од независни лаборатории.

Македонија | пред 16 часа

gerasimovski

Герасимовски: Целосно го поддржувам протестот за УСЈЕ, мора да има ригорозни санкции

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во Дневникот на телевизија Сител изјави дека целосно го поддржува протестот поврзан со УСЈЕ и порача дека мора да има строги и континуирани контроли, не само таму, туку во сите фабрики.„Доколку тоа што се зборува е вистина, мора да следуваат ригорозни санкции “, истакна Герасимовски.Како потпретседател на ЗЕЛС, Герасимовски нагласи дека очекува Град Скопје да изработи јасен план, стратегија и програма во која ќе бидат вклучени сите 10 скопски општини, со цел намалување на загадувањето и негово целосно искоренување.„Договорено е до крајот на годинава, односно до средината на следната недела, да имаме состанок во рамки на ЗЕЛС со сите општини, каде ќе се разговара за повеќе теми, а приоритет ќе биде аерозагадувањето“, рече Герасимовски.Тој посочи дека се неопходни клучни мерки: функционален и ефикасен јавен и сообраќаен превоз, кој со години се најавува, но сè уште не е на соодветно ниво, воведување мерки при екстремно загадување, како системот „пар-непар“ за намалување на сообраќајот, строги инспекциски контроли, како и засилени проверки кај домаќинствата што се греат на штетни материјали како гуми, пластика и други опасни горива. Дополнително, неопходни се и редовни контроли во индустриските зони и кај најголемите загадувачи.Герасимовски истакна дека Општина Центар нема индустриска зона, но дека воздухот нема граници и дека сите скопски општини се подеднакво засегнати од загадувањето.Во однос на можната дислокација на цементарницата УСЈЕ, градоначалникот порача дека тоа нема да биде лесна задача, но, ако се сака се се може.

Скопје | пред 16 часа

media-library72eg563ncdrve2U2xZr

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил, како резултат на некакви си договори, нема да има. И тоа се гледа“, нагласи премиерот Христијан Мицкоски како одговор на пратеничко прашање во Собранието.„Многу пати коментиравме во јавноста дека е апсолутна лага и конструкција дека било кога сме разговарале воопшто на оваа тема во процесот за постигнување на договор за стратешко партнерство со Обединетото кралство, посочи премиерот Мицкоски, оценувајќи ја оваа тема како кампања за невистина на опозицијата за растурање на пердуви со цел да се тргне вниманието од внатрепартиските случувања во СДСМ, изборот на новиот состав на нивниот партиски Извршен Одбор.Тоа е филозофијата и пи-ар трикот што мислат дека ќе го направат. Мислам дека тоа не е игра на краток рок, туку игра на уназадување. Ако некој пледира да биде сериозна политичка опција, тогаш треба да има и сериозни позиции, а ова не се сериозни позиции, туку политички гимнастики кои немаат апсолутно никаква врска… Еве ќе дојдат и март и април, мигранти ќе нема, ќе дојде и јуни пак ќе нема мигранти, и тогаш што ќе се прави? На следните избори наместо 18, ќе имаат 12 пратеници“, оцени Мицкоски.Мицкоски притоа посочи и на празната сала во делот каде што треба да седи опозицијата, во која немаше пратеници, нагласувајќи дека ова е ден, седница за поставување на пратенички прашања, ден кога опозицијата треба да ја прашува владата, а пратениците кои ги чинат граѓаните меѓу две и три илјади евра месечно, пратениците од опозицијата ги нема.Ова е сликата на македонската опозиција денеска. Да видат граѓаните кој пледира да биде влада во Македонија.Мицкоски посочи дека и покрај стравувањето на СДСМ од предвремени избори, како одговорна Влада и мнозинство во Собранието, избори напролет нема да има, бидејќи следната година е полна со предизвици кои треба да се решаваат.На темата „мигранти“ Мицкоски ја поздрави Резолуцијата донесена во македонското Собрание.„Со тоа јасно и недвосмислено се става крај на оваа измислена тема мигранти, ги потврдува политиките на владата, а политиките на владата ги потврдија граѓаните на локалните избори коишто се случија пред неколку недели. Оваа влада како ретко која влада од независноста до денес, има обврска да ги штити интересите на граѓаните бидејќи има во историска смисла најголема доверба. И затоа мораме да се однесуваме одговорно колку и да имаме работа со неодговорна опозиција“, рече Мицкоски. „Мицкоски ја искоментира и претставката пред Уставниот суд за усвоената Резолуција во Собранието поднесена од СДСМ, нарекувајќи го како „чудно“ и невидено во светот, бидејќи не станува збор за закон или подзаконски акт, туку за Резолуција. Мислам дека местото не е таму. Местото е тука, во Парламентот. Тука се прави таа дебата, тука се бранат аргументите, тука граѓаните следат, но овие места на опозицијата се празни. И затоа кога утре ќе зборат за интересите на граѓаните, за стандардот на граѓаните, за подобра држава, граѓаните треба само оваа слика да ја видат, денес на пратенички прашања. Ова е сликата на опозицијата во македонското собрание“, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање за темата за мигранти, притоа посочувајќи на празните места во Собранието а на кои ги немаше пратениците од опозицијата.

Македонија | пред 17 часа

media-librarybtgnasq3k2ld8eOW1UK

Сопственикот на „Рубикон“: Цел сум на политизирани клевети на кои може да позавиди и Орвел

На денешното рочиште за катастрофалниот пожар во дискотеката ,,Пулс“, воведен збор имаше обвинетиот Александар Нацев, сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон”.Тој ги отфрли обвиненијата и се пожали дека девет месеци е жртва на јавен линч. Според него обвинението е „брутално силување“ на законите.Според неговата одбрана тој не бил ниту одговорно лице, ниту реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, туку само вработен како консултант поради неговата експертиза во безбедноста.„Дури и Џорџ Орвел би можел да позавиди на ваквата конструкција. Со непобитни докази ќе го укажеме отсуството на каква било вина кај мене. Во време на трагичниот настан, јас воопшто не бев во државата“, рече Нацев.Тој кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryaaps13c74fdt1LUyQNR

Герасимовски: Дом за стари лица, нова градинка и зголемени субвенции за граѓаните, буџетски приоритети за Центар во 2026

Советот на Општина Центар на 3. Седница едногласно го усвои Буџетот за 2026 година.Проектираниот основен буџет на Општина Центар за наредната година изнесува 1.217.450.000 денари и претставува највисок буџет досега. Од вкупниот износ, 527.230.000 денари, односно 43 проценти, се наменети за капитални инвестиции, додека 690.220.000 денари, односно 57 проценти, се планирани за тековни оперативни расходи.Буџетот е реален и транспарентен, со фокус на реализирање на проектите зацртани во програмата за вториот мандат на градоначалникот Горан Герасимовски.„Секој денар е насочен кон проекти што носат подобри услови за живот, поквалитетно образование, повеќе грижа за најмладите и повозрасните и уреден јавен простор. Ова е буџет со кој ги исполнуваме ветувањата дадени пред граѓаните“, рече Герасимовски.Во делот на капиталните проекти се планирани значајни вложувања со долгорочен ефект. Општина Центар обезбеди средства за изградба на модерен дом за стари лица, со услови усогласени со европските стандарди, додека за најмладите се предвидува нова детска градинка во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, со капацитет до 100 деца. Овие проекти, нотирани во програмата, се клучни за подобрување на квалитетот на животот на сите генерации во локалната самоуправа.Во рамките на стратешките инвестиции, се планира изградба на граѓанско-административна зграда, која ќе биде симбол на отворена и достапна општина, со капацитет од 300 паркинг-места. Реализацијата на овој проект тежок 380.000.000 денари, ќе се одвива фазно, со цел да се обезбеди квалитетна и функционална инфраструктура.Дополнително, на местото на монтажниот паркинг во Буњаковец, е предвидена изградба на нова катна гаража со капацитет од околу 250 возила, како решение за проблемот со недостиг од паркинг-места во тој дел од Центар.Во образованието се инвестира и преку изградба на два нови базени во основните училишта „11 Октомври“ и „Димитар Миладинов“.Како дел од капиталните вложувања, Општина Центар значително го зголемува и буџетот за зеленило, на 20.000.000 денари, со цел заштита и унапредување на животната средина во урбани услови.Буџетот предвидува и низа активности за уредување на јавниот простор и подобрување на инфраструктурната мрежа, меѓу кои реконструкција на улица Ленинова, од Партизанска до Градски парк, како и реконструкција на повеќе локални улици, уредување на пјацети и потегот од Зелено пазарче до улица Македонија, поставување пристапни рампи и набавка на нова урбана опрема.Во локалниот економски развој и дигитализацијата, Буџетот за 2026 година опфаќа мерки насочени кон подобрување на квалитетот на живеење и современо управување со општината. Меѓу нив е и Смарт системот за мерење бучава, ветен во програмата за 2026 година, а реализиран уште на крајот на 2025 година. Вкупно 30 дигитални уреди се поставени на најфреквентните локации со цел континуирано следење на нивото на бучава и враќање на мирот и спокојот на граѓаните.Наредната година ја воведуваме Центарската картичка, со која жителите ќе добиваат попуст за одредени производи и услуги, доградба на ГИС-порталот во мобилна апликација, активирање на уште една бесплатна Wi-Fi зона на Боемска, продолжување на поддршката за НЕЕТ младите и почеток на меѓународен проект финансиран од Европската комисија, во соработка со АЛДА.Значаен раст има и во вложувањата во социјалната заштита, образованието и културата. Еднократната парична помош за новороденче во следната година се зголемува од 7.000 на 10.000 денари, а финансиската поддршка за повозрасните граѓани во социјален ризик од 2.500 на 5.000 денари.Бесплатниот оброк е една од клучните мерките ветени во делот на образованието и поддршката на семејствата во Центар. Од септември 2026 година, сите ученици во целодневната настава ќе добиваат оброк на трошок на општината, обезбедени се средства и за бесплатни екскурзии преку проектот „Ја сакам Македонија“.Продолжува успешниот проект на воведување училишни униформи, а се зголемува и финансирањето на обезбедувањето во училиштата. Буџетот за образование е зголемен од 51.000.000 денари во 2025 година на 72.840.000 денари во 2026 година, што покажува тенденција на понатамошен раст.Двојно зголемен е и буџетот за култура, кој покрај средствата за веќе етаблираните проекти како „Центарска симфонија“, „Нешто што ќе остане“, „Вечер под ѕвездите“ и „Мурали и графити“, воведува и нови културни содржини како детскиот фестивал „Детелинка“, „Звукот на иднината“ и „7/8 Центарски такт“. Со овие вложувања, Општина Центар ја позиционира 2026 година како година на културен подем и континуирана поддршка на уметноста и младите.Новата финансиска рамка е скроена во соработка со граѓаните. Општина Центар им се заблагодарува за идеите и предлозите, кои помогнаа во креирањето на проекти и буџетски решенија што одговараат на реалните потреби на жителите. Ваквата соработка е темел за развој и отчетност, нов буџет насочен кон подобрување на секојдневието и квалитетот на животот во општината.

Скопје | пред 1 ден

media-libraryuirjehvd3m6rfpWI8fa

ДЗС предупредува: Ниту една прослава не вреди човечки живот

Дирекцијата за заштита и спасување упати апел до сопствениците на угостителски објекти и организаторите на прослави, потсетувајќи ги да постапуваат одговорно и целосно да ги почитуваат прописите за заштита од пожари и за безбедност на посетителите.Со цел да се избегнат трагични инциденти, пожари или паника при масовни собири, ДЗС нагласува дека почитувањето на прописите за безбедност не е избор, туку задолжителна одговорност на секој организатор.За да се осигура максимална заштита на посетителите, ДЗС посочува дека е задолжително почитување на максимално дозволениот број на гости во објектот, сите коридори и патишта за евакуација мора да бидат чисти, а излезните врати отклучени и функционални. Исто така, се наведува дека противпожарните апарати мора да бидат редовно одржувани и веднаш достапни за употреба, а забрането е користење на пиротехнички средства и да не се користи отворен пламен во затворени простории или други потенцијално опасни материјали спротивно на законските прописи.„Ниту една прослава, ниту една забава не вреди повеќе од човечкиот живот. Апелираме до сопствениците и организаторите строго да го почитуваат дозволениот број посетители, да обезбедат исправна противпожарна опрема и слободни излези за евакуација”, укажува директорот Ангелов.

Македонија | пред 1 ден

IMG_5572

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека токсиколошките анализи за смртта се нецелосни

Родителите на загинате во дискотекат,,Пулс“ се сомневаат дека токсиколошките анализи за причините за смрт на нивните деца не се целосни и бараат дополнителни вештачења.Александар Наунов, татко на загинато девојче кој е и претседател на Здружението „16 Март 2025 се сомнева дека причина за смрт е и присуството на цијанид во телата на загинатите, но тоа, како што рече не е утврдено со форензичките анализи на МВР, иако било оставено како можност.„Цијанид можен, анализи нема. Сериозен јаз меѓу институционалните тврдења и обдукциската документација отвора прашање за вистинската причина за смртта на нашите најмили. Иако во одговорот во ОЈО се наведува дека вештачењата на Институтот за хемија и анализите на МВР-ОФИ ја потврдиле веројатноста дека испуштање на цијанидни гасови како последица на согорување на материјалите во клубот, е клучното прашање кое останува неодговорено. Дали при обдукциите е направена конкретна токсиколошка анализа за цијанид и други отровни гасови во телата на нашите починати деца. Во обдукциските наоди како причина за смрт е наведено задушување од јаглерод моноксид меѓутоа во самиот обдукциски наод јасно се наведува дека од телата се земени и крв и урина за одредување на јаглерод моноксид, како и за токсиколошката анализа при што изрично стои дека останатите токсиколошки анализи ќе бидат дополнително доставени на семејствата“, праша Наунов.Ова, посочи не е содржано во конечните обдукциски наоди и отвора сериозен сомнеж.Според Наунов, додека не се објават и документираат резултатите од сите дополнителни токсиколошки анализи не може со сигурност да се тврди дека причината за смрт е целосно и точно утврдена.На денешното рочиште воведни зборови треба да даде одбраната на обвинетиот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушнс“, Александар Нацев, како и правните застапници на трите обвинети фирми за трагедијата.

Македонија | пред 1 ден

filipce-ck-sdsm

Филипче со честитка за Католички Божиќ: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче по повод големиот празник,  Христовото раѓање - Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов.„На сите припадници на Католичката црква и на сите христијани кои денеска го слават Христовото раѓање, им упатувам искрени честитки по повод големиот празник Божиќ.Божиќ е празник на надежта, љубовта и заедништвото. Овој голем празник нè потсетува дека само со солидарност, меѓусебна почит и грижа едни за други можеме да изградиме поправедно и похумано општество, во кое секој граѓанин ќе има еднакви можности и сигурна иднина.Во духот на Божиќните пораки, да се свртиме кон вистинските вредности кои нè обединуваат и ни даваат сила да ги надминеме сите предизвици. Да правиме добри дела кои ќе бидат патоказ за подобра иднина на следните генерации.Во овие божиќни денови посакувам добро здравје, мир и радост во секој дом. Нека Божиќ донесе нова надеж, нови почетоци и успеси за сите нас.Христос се роди, Честит Божиќ“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во честитката.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryae5pp36ld8i67XUSXCa

Мицкоски: На сите оние кои денеска го прославуваат Рождеството Христово - Божиќ, им го честитам празникот со искрени желби за благосостојба, духовен мир и добро здравје

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати божиќна честитка до сите граѓани кои го прославуваат Рождеството Христово – Божиќ според грегоријанскиот календар.Во своето обраќање, Мицкоски им посака на граѓаните благосостојба, духовен мир и добро здравје, посочувајќи дека божиќните празници се време кога домовите треба да бидат исполнети со радост, љубов и Божји благослов.Тој истакна дека раѓањето на Спасителот е симбол на надеж, единство и топлина, особено во периоди кога, како што нагласи, е неопходна заедничка сила и поддршка. Мицкоски повика на солидарност и подадена рака кон сите на кои им е потребна помош, без разлика на разликите, со посебен акцент на најранливите категории граѓани.„Божиќ е празник на дарувањето, љубовта и разбирањето, а нашата историја нè научила дека заедно сме посилни и дека само обединети можеме да ги надминеме предизвиците“, порача Мицкоски.Во духот на божиќната порака за мир и добра волја меѓу луѓето, тој изрази желба за напредок, стабилност и перспектива на државата, нагласувајќи дека Македонија може да биде силна и успешна само доколку постои заедништво и меѓусебна почит.Мицкоски додаде дека должност на сегашната генерација е, со посветена работа и вера, да се избори за подобар живот и посветла иднина за сегашните и идните поколенија, преку изградба на стабилна, економски силна и праведна држава.„Нека Божиќната светлина ги осветли нашите заеднички цели кон подобро утре“, порача Мицкоски, посакувајќи им на граѓаните среќен и благословен Божиќ.

Македонија | пред 1 ден

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Стигна и сведоштво од лице место, Заев гради 42-катница во Дубаи, а со Филипче таму имаат и станови, антикорупцискиот тим на СДС да истражи од каде им се парите

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека постојат директни сведоштва кои укажуваат на голема инвестиција на поранешниот премиер Зоран Заев во Дубаи, каде, според нив, тој гради висококатница од над 40 ката.Од партијата наведуваат дека сведок на оваа инвестиција е Томе Аврамски, познаник и поранешен соработник на Заев, кој јавно изјавил дека лично бил во Дубаи и ја видел изградбата на зградата. Според неговото сведоштво, во Дубаи, покрај Заев, присутен бил и поранешниот министер за здравство, а сега лидер на СДСМ, Венко Филипче, со кого, како што тврди, Заев е бизнис партнер.Аврамски во медиумско излагање изјавил дека и Заев и Филипче поседуваат станови во Дубаи и дека лично бил во зградата каде што тие купиле недвижности. Тој наведува дека станува збор за инвестиции вредни милиони евра.„Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 ката. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра“, изјавил Аврамски.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ова, како што велат, е доказ дека таканаречените „златни визи“ на Заев и Филипче се добиени врз основа на инвестиции во недвижности, што според нив претставува скандал од големи размери, додека СДСМ во Македонија зборува за чесност, морал и грижа за граѓаните.Партијата најавува дека случајот ќе го пријави до антикорупцискиот тим на СДСМ и очекува истиот да биде процесуиран и истражен. Воедно, бара јавно објаснување дали е точно дека, додека државата била, како што наведуваат, опустошена, Заев инвестирал во изградба на 40-катница во Дубаи и од каде потекнуваат средствата за таа инвестиција.ВМРО-ДПМНЕ дополнително прашува дали станува збор за средства од, како што велат, криминални тендери во РЕК Битола и дали во целиот случај е вмешан братот на Зоран Заев, Вице Заев, како и неговата можна поврзаност со Енис Колашинац.„Очекуваме сите сомнежи да бидат расчистени и јавноста да биде целосно информирана, затоа што вистината секогаш излегува на виделина, а правда мора да има“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Откриени над милион нови документи поврзани со случајот Џефри Епстин

Американските власти откриле повеќе од еден милион дополнителни документи кои можат да бидат поврзани со случајот на починатиот сексуален престапник Џефри Епстин, соопшти Министерството за правда на САД.Како што информира Министерството во објава на платформата X, Обвинителството за јужниот округ на Њујорк и федералната истражна служба ФБИ идентификувале „повеќе од еден милион дополнителни документи кои можеби се поврзани со случајот Џефри Епстин“. Адвокатските тимови, според соопштението, работат „деноноќно“ на нивно разгледување и на законски задолжителното цензурирање на чувствителни делови со цел заштита на жртвите.Од Министерството најавуваат дека документите ќе бидат објавени „што е можно побрзо“, но поради обемот на материјалот процесот може да потрае уште неколку недели.Според Законот за транспарентност на досиејата Епстин (Epstein Files Transparency Act – EFTA), сите поврзани досиеја требаше да бидат објавени најдоцна до 19 декември. Законот беше речиси едногласно усвоен од Конгресот во ноември и потпишан од претседателот Доналд Трамп, но рокот не беше испочитуван. Заменик-министерот за правда Тод Бланш го оправда одложувањето со потребата од внимателно отстранување на идентитетите на жртвите, додека опозициските демократи ја обвинија администрацијата за кршење на законот.Џефри Епстин, финансиски советник и милионер со врски во највисоките кругови во САД, беше пронајден мртов во својата затворска ќелија во Њујорк во 2019 година. Според официјалните информации, тој извршил самоубиство. Пред неговата смрт беше обвинуван дека злоупотребил повеќе од илјада девојчиња и жени, а дел од нив наводно ги проследувал на познати личности.Меѓу неодамна објавените документи се појави и наводно писмо на Епстин во кое се тврди дека Доналд Трамп „сакал да допира млади, атрактивни девојки“. Американското Министерство за правда го оцени писмото како „фалсификувано“ и предупреди на ширење „невистинити“ тврдења за претседателот.

Свет | пред 1 ден

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште се предвидени воведни зборови на одбраната на Александар Нацев, кого Обвинителството го посочува како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, задолжена за обезбедувањето на клубот, како и на одбраната на обвинетите правни лица „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани и „Рубикон секјурити солушнс“.Во претходното воведно излагање, обвинителот Борче Јанев истакна дека судењето претставува чекор кон утврдување на лична и институционална одговорност, нагласувајќи дека општеството мора да се соочи со прашањата кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата. Тој посочи дека пожарот не е последица само на употребата на пиротехника, туку на долгогодишни системски пропусти, институционален молк и недостиг на контрола, кои објектот го претвориле во „смртоносна стапица“.Сите обвинети на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни за „тешки дела против општата сигурност“. Дел од нив изразија сочувство до семејствата на жртвите, но преку своите адвокати ја оспорија основаноста на обвинението, тврдејќи дека не презеле дејствија што би довеле до пожарот и дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на индивидуална вина.Во досегашните воведни обраќања своја одбрана изнесоа и сопственикот на дискотеката „Пулс“ Дејан Јованов, сопственикот на „ММММ Кафе“ Митко Стојанов, како и други обвинети. Јованов изјави дека и по девет месеци во притвор не може да поверува во трагедијата и дека никогаш не би дозволил небезбедни услови во клубот, додека неговиот син Михаил Јованов тврди дека против него нема докази. Одбраните на другите обвинети, вклучително и поранешни функционери и инспектори, посочија дека постапувале согласно закон и дека немале надлежност или можност да ја спречат трагедијата.Пожарот избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата „ДНК“, при што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Според обвинението, дискотеката работела незаконски со години, со над дозволениот број посетители, без соодветни дозволи и без систем за противпожарна заштита.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија оценува дека ВМРО-ДПМНЕ сè почесто ја активира својата стара пропагандна мрежа, секогаш кога партиските ботови и шаблонските напади ќе ја изгубат ефикасноста.„Кога програмите со една функција ќе ‘зарибаат’, тогаш на сцена стапуваат истите луѓе кои со години се дел од партиската кујна на ВМРО-ДПМНЕ, познати уште од времето на режимот на Никола Груевски“, соопштуваат од СДСМ.Во таа насока, од партијата посочуваат на поединци од медиумската сцена, во јавноста препознатливи како џубокс-новинари и неформални ПР-експерти, кои темелно реагираат на секое соопштение на СДСМ, дури и со помош на нови технологии и вештачка интелигенција.„Иронијата е што токму тие се обидуваат да зборуваат за модерни трендови и иновации, иако нивниот политички и медиумски пристап е одамна надминат“, наведуваат од СДСМ.Според партијата, најзагрижувачко е селективното сеќавање на овие поединци, кои денес гласно зборуваат за ‘српски свет’, но забораваат на сопствените професионални ангажмани во медиуми со сопственици и уредувачки политики поврзани со Србија.„Очигледно меморијата откажува кога станува збор за сопственото минато – од работата во дневни весници со српски газди, до ангажманите во белградски медиуми, но функционира кога треба да се напаѓа СДСМ“, реагираат од партијата.Од СДСМ додаваат дека македонското новинарство има потреба од интегритет, професионализам и независност, а не од политички инструменти и застарени пропагандни методи.„Добро би било некои да се потсетат на основните принципи на новинарската професија, можеби дури и преку сопствените книги и текстови од минатото, затоа што слободното новинарство не смее да биде последната линија на одбрана на која било партија“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 ден

media-librarypqdaltr8022k3P0O759

Тошковски: Ако е дозволена брзина од 50км/ч „Безбеден град“ ќе регистрира прекршок од 57км/ч

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде идентична со онаа што важи за останатите полициски радари, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Како што информираше министерот, за возење со брзина до 100 километри на час ќе се применува толеранција од шест километри, за брзини над 100 километри на час – осум километри, додека за брзини над 200 километри на час толеранцијата ќе изнесува 12 километри на час.Во Скопје, каде што максимално дозволената брзина е 50 километри на час, системот „Безбеден град“ ќе регистрира прекршок при возење од 57 километри на час па нагоре. Сепак, Тошковски појасни дека оваа толеранција нема да важи во случаи кога ќе биде сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.Во однос на службените возила, министерот нагласи дека и тие ќе бидат предмет на евидентирање и процесуирање доколку не се користат во рамки на оправдани оперативни дејствија. Кога службените возила постапуваат во рамки на нивното оперативно делување, тие нема да бидат дел од системот. Тоа значи дека возилата на Брза помош, Противпожарната служба, МВР и Министерството за одбрана, при извршување службени задачи, нема да бидат регистрирани, доколку тоа е оправдано согласно целисходноста на нивното дејствување, истакна Тошковски.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryr46snnrgcvm31jKOjCa

(ВО ЖИВО) Драги Книга: Идејата за Данела за градоначалник е на Горан Минчев од 2019, таа е промашен проект

За екс градоначалничката Данела Арсовска, нејзиниот некогашен соработник и кадровик, Драги Митковски Книга вели дека е залудно потрошено време и промашен проект.„Идејата за Данела за кандидат за градоначалник во 2019 година потекна од актуелниот министер Горан Минчев. Женава, ми рече, може да биде градоначалник во 2021. Идејата беше подржана и од Златко Милевски од Комората и тоа му се допадна на Мицкоски. Груевски немаше врска со кандидатурата на Данела”, вели во „Претрес со Ландов”, Драги Книга. Таа доаѓала дома на сите прослави кај него.„Она е затворен тип и голем дел кадровски предлози беа мои. Нестварно е како се скараа со Мицкоски. Таа рече откако се скараа-Ќе го лежам Мицкоски. Кавгата беше за пречистителната станица кога го смени сегашниот министер Перински”, рече Драги Книга.

Македонија | пред 1 ден

media-librarycbsli0e2hc113SS80EU

(ВО ЖИВО) Драги Книга: Во бомбите има повеќе разговори за швалерај отколку за криминал

Груевски ми беше другар а не татко, тој не беше лош премиер, но не може да направите идеален тим, кажа во „Претрес со Ландов”, Драги Митковски Книга.„Откако е во Будимпешта, со Груевски се имаме чуено два пати, а сега му честитав именден. Не сум бил во Будимпешта откако е Груевски таму”, вели Драги Книга.Тој се потсетува дека највеќе лице на Груевски му правел тогашниот генерален секретар Кирил Божиновски.Братучедот на Груевски, Мијалков не доаѓал да игра фудбал со нив а Мијалков нема фирма која тој ја водел.„Треба да се правиме луди и да кажеме дека во време на Владата на Груевски немало местени тендери”, вели Драги Книга.Груевски вели, не го штител бидејќи не направил ништо лошо, но имал контроли.Со проектот „Скопје2014”, делумно се согласува и вели сигурно има луѓе кои земале провизии од проектот.Во бомбите според Драги Книга, имало повеќе разговори за швалерај, отколку криминал. Ако се објавија сите разговори, тврди, многу работи ќе отидеа надолу и бракови ќе беа разведени.

Македонија | пред 1 ден

media-librarytjqu23vlcfa7bgh2CNw

(ВО ЖИВО) Драги Книга: Му верувам на Груевски и не е криминалец

Драги Митковски Книга во „Претрес со Ландов” вели дека реално не биле триаголник со Данела Арсовска и Никола Груевски, но полесно доаѓал до проекти поради другарството со Груевски.„Одговорно тврдам дека Груевски не се мешаше и не учествуваше во изборот на Данела за кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје”, вели Митковски.Реално му верува на Груевски и не верува дека е криминалец.Сака да биде повикан како од Груевски, Заев, така и од Мицкоски.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryv75mih220108dSUikkJ

(ВО ЖИВО) Драги Книга: Со Данела не се сакаме и не комуницираме, со Груевски се знаеме од деца

Драги Митковски, викан Книга, кој беше еден од најблиските луѓе од доверба на екс градоначалничката Данела Арсовска и практично кадровик за директори на јавните претпријатија и кој ја прекинал комуникацијата со Арсовска е гостин во „Претрес со Ландов”.Со Данела Арсовска вели не се сакаат и не комуницираат.За себе вели дека бил на функции и во време на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, а сметководителството не познава партиски граници.Со Груевски бил другар од детство и тие се најчисти дружења.„Груевски ми фали за муабет”, вели Митковски кој за себе вели дека е средно имотен човек.На трети лица и во странство нема имот.Во Претрес следете отворен муабет за поврзаноста на политиката, бизнисот, подземјето.

Македонија | пред 1 ден

media-librarycerb2fe0p2f5bYs3c2Y

Израел одобри 19 нови населби на Западниот Брег

Велика Британија, Канада, Германија и низа други земји во средата ја осудија одлуката на Израел за одобрување на 19 нови населби на окупираниот Западен Брег, предупредувајќи дека овој потег го крши меѓународното право и ризикува да поттикне понатамошна нестабилност. Во заеднички апел, тие ја повикаа израелската влада да ја поништи одлуката.Одлуката на израелскиот безбедносен кабинет, покрај Велика Британија, Канада и Германија, ја осудија и Белгија, Данска, Франција, Ирска, Исланд, Италија, Јапонија, Малта, Холандија, Норвешка и Шпанија. „Го повикуваме Израел да ја поништи оваа одлука, како и проширувањето на населбите“, се наведува во заедничката изјава објавена од Велика Британија.„Потсетуваме дека ваквите еднострани дејствија, како дел од поширокото интензивирање на политиката на населување на Западниот Брег, не само што го кршат меѓународното право, туку и ризикуваат да поттикнат нестабилност“, се додава во изјавата.

Свет | пред 1 ден

media-library291vml23h54h57wUJlg

Уставните судии отворија пат нивните плати и платите на сите судии и обвинители да бидат повисоки

Уставните судии на денешната седница одлучија да поведат постапка за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот за платите на судиите и обвинителите. По познатото и критикувано решение во 2023 година платите на сите избрани и именувани лица да се зголемат за цели 78 проценти, по бурата реакции, во 2024 година со закон на сите избрани лица им се намали коефициентот за определување на платите за 0,5 проценти. Ова особено ги погоди судиите и обвинителите кои се побунија бидејќи, како што велеа, според закон никој нема право да им ги намали платите.Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски рече дека денешната одлука е во насока на заштита на судската независност од извршната и законодавната власт.Уставните судии биле согласни дека ваквите законски интервенции претставуваат директен упад во финансиската независност на судската власт и се во спротивност со меѓународните стандарди.„Општоприфатените норми на меѓународното право се применуваат на различен начин, дали се разработени во конвенции, дали во мислења и ставови на Советот на Европа или преку практиката на Европскиот суд за човекови права, или преку мислењата на Венецијанската комисија, тие создаваат стандарди. Кога тие ќе создадат стандарди, ние како Суд сме должни да ги почитуваме. Во конкретниот случај, за намалување на платите на судиите, постојат меѓународно прифатени стандарди. Сумирано, овие стандарди аплицирани на конкретниот случај значат гаранција против намалувањето на платите на судиите, но ова е уште поважно: сите овие меѓународни стандарди упатуваат дека платата на судиите не е техничко прашање, туку е статусно прашање нераскинливо врзано со нивната независност и самостојност. Значи, ако се допре во платата, според меѓународните стандарди, тоа значи навлегување во независноста и самостојноста на судиите“, рече Костадиновски.Сооред него одлуката за платите на судиите не значи нивно зголемување, туку спречување понатамошно намалување и заштита на уставно поставената власт и уставните прерогативи за независност и самостојност.Сепак според пресметките, ако помине ова барање за враќање на претходниот коефициент за пресметка на плата, судиите и обвинителите би добивале дополнително околу 250 евра месечно.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryt1b5t40oe14b7hCbf00

Уапсен 24-годишник по напад на полицаец за време на блокадата на „Пластичарска“

Дваесет и четиригодишен учесник на вчерашната блокада на улицата „Пластичарска“ е уапсен откако физички нападнал полициски службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според МВР, инцидентот се случил додека полицаецот извршувал службени дејствија, односно го регулирал сообраќајот за време на одржувањето на протестот. Повредениот полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани телесни повреди.Од полицијата информираат дека по целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Инаку, жителите на населбата Серава во општина Чаир веќе трет ден се без електрична енергија поради дефект кој, според нив, не бил саниран од страна на ЕВН. Во знак на револт, тие вчера го блокираа сообраќајот на улицата „Пластичарска“.Граѓаните кои учествуваа во блокадата за телевизијата „21“ изјавија дека нема да се повлечат сè додека дефектот не биде отстранет, обвинувајќи дека проблемот намерно се остава нерешен, поради што тие се без струја во студените ноќи пред празниците.Од ЕВН, пак, велат дека без пристап на екипите за реализација на проектот за реконструкција на нисконапонската мрежа, невозможно е трајно да се санираат дефектите. Според компанијата, проблемите се последица на пренатрупаност на мрежата од диви приклучоци, при што во овој регион загубите на електрична енергија надминуваат 70 проценти, а наплатата изнесува околу 60 проценти од потрошувачката.

Скопје | пред 2 дена

media-librarygli7pcbcf2ga0dDkxai

ЈП „Охридски комуналец“ апелира: Пријавете отпад и спречете создавање диви депонии

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ упати апел до граѓаните доколку имаат отпад за кој не знаат каде соодветно да го одложат, да го пријават на телефонскиот број 075 397 944, со цел да се спречи појавата на диви депонии.Од претпријатието предупредуваат дека дивите депонии не се само естетски проблем, туку сериозна закана за здравјето на граѓаните и животната средина. Нелегалното одлагање отпад доведува до загадување на почвата и подземните води, ширење токсични материи и создавање услови за појава на штетници и зарази.Воедно, „Охридски комуналец“ посочува дека екипите секојдневно излегуваат на терен за чистење на вакви локации, при што се трошат значителни јавни средства кои би можеле да се насочат кон други приоритетни активности доколку отпадот се одлага на дозволени и соодветни места.Од јавното претпријатие нагласуваат дека одговорноста за чиста и здрава животна средина е заедничка и апелираат граѓаните со правилно одлагање на отпадот да придонесат за заштита на просторот во кој живеат и за спречување долгорочни последици врз животната средина.

ОО | пред 2 дена

media-libraryj4ru1qn0td7ccARkg85

Прва седница на новиот Генерален совет на ДУИ по Конгресот: Фокус на кадровско екипирање

Во седиштето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Мала Речица попладнево се одржа првата седница на новиот Генерален совет на партијата, по неодамна одржаниот Конгрес.Состанокот започнал околу 17:00 часот, а на него учествуваат 30 членови, што претставува значително проширување на ова партиско тело во споредба со досегашниот состав од 10 членови. Проширувањето е резултат на одлуките донесени на последниот Конгрес на ДУИ.Иако од партијата засега официјално не го објавија дневниот ред, неофицијални извори информираат дека главен акцент на седницата е целосното кадровско екипирање на партиската структура. Според најавите, се очекува да бидат соопштени и имињата на новите претседатели на партиските ограноци низ државата.На седницата се присутни и повеќе истакнати партиски функционери, меѓу кои поранешниот министер за образование Јетон Шаќири, потпретседателот на Генералниот совет Бујар Османи, како и генералниот секретар Арбер Адеми.Оваа средба следува по значајните конгресни промени, со кои, според партиските соопштенија, биле заменети околу 80 отсто од раководните кадри, додека лидерот Али Ахмети го доби својот петти мандат на чело на ДУИ.Повеќе информации за донесените одлуки и новите кадровски решенија се очекуваат по завршувањето на седницата, кога партијата треба официјално да се огласи со соопштение.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryebnvl26o3dhdbT09Kjh

Основачот на Телеграм: Ќе платам вештачко оплодување за жени кои сакаат дете од мене

Основачот на Телеграм, милијардерот Павел Дуров, понудил да ги покрие сите трошоци за медицински потпомогнато оплодување (МПО) за жени помлади од 38 години кои сакаат да ја користат неговата сперма за зачнување. Четириесет и едногодишниот Рус тврди дека веќе е татко на повеќе од 100 деца добиени преку донација на сперма, покрај шесте деца што ги има со три партнерки, објави „Волстрит журнал“.Дуров, чие богатство се проценува на речиси 17 милијарди долари, донацијата на сперма ја смета за „граѓанска должност“. Според него, на овој начин помага да се надмине недостигот од „висококвалитетен донаторски материјал“ и да се дестигматизира поимот донација на сперма. Тој изјави дека сите негови деца, без разлика на начинот на кој се зачнати, еден ден ќе наследат дел од неговото богатство.„Сè додека можат да го утврдат заедничкиот ДНК со мене, можеби за 30 години, ќе имаат право на дел од мојот имот по мојата смрт“, изјави Дуров за подкастот на Лекс Фридман. За францускиот магазин „Ле Поан“ додаде дека не прави никаква разлика меѓу своите деца.Според „Волстрит журнал“, минатата година десетици жени се јавиле на оглас во една московска клиника кој нудел користење на спермата на Дуров. Во огласот било наведено дека трошоците ќе бидат целосно покриени за жени помлади од 38 години заинтересирани за неговата, како што била опишана, „високобарана“ сперма. Иако Дуров повеќе не донира активно, примероци од неговите претходни донации сè уште се чуваат во клиниката „Алтравита“, а во објава на Телеграм во јули 2024 година тој потврдил дека спермата „сè уште е достапна“.Дуров започнал со донирање сперма уште во 2010 година, со цел да му помогне на пријател кој се соочувал со неплодност. Подоцна продолжил откако, како што вели, експерти му укажале на сериозен недостиг на донаторска сперма. „Моите претходни донации им помогнаа на повеќе од сто парови во 12 земји да добијат деца“, напиша тој лани на Телеграм, најавувајќи планови да го направи својот ДНК „отворен извор“ за неговите биолошки деца полесно да можат да го пронајдат.Еден поранешен лекар од клиниката изјавил дека жените кои се јавувале на огласот биле добро образовани и здрави, и сакале дете од „успешен, интелигентен и привлечен донатор“. Тој нагласил дека Дуров немал улога во изборот на жените.Освен децата зачнати преку донации, Дуров има две деца со поранешна девојка и уште три со адвокатката за човекови права Ирина Болгар, која живее во Швајцарија. Меѓу нив во тек е правен спор, откако Болгар тврдеше дека Дуров во 2023 година ја прекинал финансиската поддршка за неа и децата. Таа поднела и кривична пријава, тврдејќи дека тој физички го нападнал нивното најмало дете, што портпаролот на Дуров го демантира.Основачот на Телеграм, платформа која денес има повеќе од една милијарда корисници, моментално е во врска со инфлуенсерката Јули Вавилова.

Магазин | пред 2 дена

media-library8ger6jjedbvu2eP6nRV

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ во преговорите со Бугарија ги штити македонската традиција и идентитет

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој дискутираше за внесувањето на Бугарите во Уставот со одложено дејство, и посочи дека државата ќе продолжи да се грижи за состојбите со Бугарија, но истовремено земајќи ги во предвид и потребите на државата.„Наша должност е покрај тоа што имаме стабилен економски раст, три и пол пати поголем од тој којшто го имаа СДС, имаме 100% усогласена надворешна и безбедносна политика со Европската Унија, имаме законодавство коешто од сите кандидати е највисок степен усогласеност со Европската Унија, останува да се грижиме за состојбите коишто ги имаме со Бугарија, но истовремено треба да мислиме и на потребите на државата“, рече Пренџов и додаде:„Кога се работи за Македонија, кога се работи за нашите предци и за нашите поколенија мора многу сериозно, многу стратешки и многу мудро да се размислува. Не велиме никогаш нема да има Бугари во Уставот, велиме кога Македонците ќе ги внесеме во Европска Унија тогаш и вие ќе влезете во нашиот Устав. Работиме на таа тема паралелно, ама немаме 1% раст каков што имаше владата на Заев, имаме 3,8% раст“.Пренџов истакна дека владата на Заев оставила големи штети и покрај сите тогашни предупредувања, променето име, знаме, банкноти, и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги сочува македонската традиција и македонскиот идентитет.„Тоа што го бара Бугарија не е ново, тоа што го бара Бугарија го бара 150 години и ниту еден претходно не го направил тоа коешто го направи двоецот Заев и Филипче. Ве молевме и ве предупредувавме дека ќе завршиме во ќор сокак, ве молевме и ве предупредувавме дека Македонецот доста му е од понижување, ве молевме и предупредувавме дека покрај сменето име, презиме, банкноти, 20 пати Устав сменето, знаме сменето, не сакаме повеќе да бидеме луѓе коишто ќе си ја наведнеме главата ќе молчиме, ќе бидеме научени да губиме а ништо да не добиваме. Ние сме нова политичка номенклатура, ние доаѓаме и ги држиме македонската традиција и македонскиот идентитет по секоја цена“, дециден е Пренџов.

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања