Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Маж од кичевско ќе добие 300.000 денари откако бил нападнат од мечка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
european-brown-bear-1477814960720-620x350

Маж од кичевско ќе добие 300.000 денари надомест за физички болки и страв, откако минатата година бил нападнат од мечка. Инцидентот се случил во август 2022 година, кога човекот пеш се враќал од нива кон својот дом и без никаква провокација бил гризнат од мечката. При нападот тој се здобил со повреди на десната страна од челото и слепоочницата, како и нагмечувања на дланките и натколеницата.

— реклама —

По инцидентот, мажот бил хоспитализиран во болницата во Прилеп, каде што му биле хируршки санирани повредите и примил вакцина против беснило. Поради психолошките последици од нападот, побарал и психијатриска помош, а според медицинските наоди, болките со силен интензитет траеле околу десет дена, особено во пределот на главата и дланките.

— реклама —
— реклама —

Основниот суд во Кичево првично му досудил 350.000 денари за нематеријална штета, но по жалба случајот бил разгледан од Апелациониот суд во Гостивар, кој ја намалил отштетата на 300.000 денари. Со конечната одлука, на оштетениот му се доделени 100.000 денари за физички болки, 100.000 денари за претрпен страв, 50.000 денари за намалена општа животна активност и 50.000 денари за душевни болки поради нагрденост.

— реклама —

Во жалбата, тужителот побарал повисок износ, наведувајќи дека институциите не презеле доволно мерки за заштита од вакви напади, но Апелациониот суд оценил дека првично досудената сума била превисока и ја намалил отштетата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryca82u9qteslg4stmkqN

(Видео) Неочекуван гостин на фудбалски натпревар: Мечка седна покрај теренот и ја следеше играта

Вирално | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarymhdm86em7r7285ynktd

(Видео) Мечка прескокнува ограда и влегува во двор во гостиварско

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydqdkj3n52fj8bEmsACn

Спасено тригодишно мече тешко 70 килограми, се заглавило во нелегално поставена сајла во Велешко

Македонија | пред 3 седмици

european-brown-bear-1477814960720-620x350

Хорор на пат кон училиште: Мајка го спасувала синот од мечка, па сама се нашла на ударот на дивото животно

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања