Промени тема
Контакт

Спасено тригодишно мече тешко 70 килограми, се заглавило во нелегално поставена сајла во Велешко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarydqdkj3n52fj8bEmsACn
Фото: ДИЖС

Мече тешко околу 70 килограми били спасено во месноста Чеплес во Велешко, откако се заглавилао во нелегално поставена сајла. По интервенцијата на надлежните институции и ветеринар од скопската Зоолошка градина, животното било ослободено и вратено во природата.

— реклама —

Случајот го пријавило ловечкото друштво „Руен“ од Велес, а информацијата преку Македонското еколошко друштво стигнала до Државниот инспекторат за животна средина. Мечето била пронајдена во близина на рибникот Нежилово, на околу 1,5 километар оддалеченост.

— реклама —

По пријавата, на терен излегле двајца државни инспектори во координација со СВР Велес и ловечкото друштво. Мечето било успиено и прегледано од ветеринар, по што сајлата била отстранета, а животното било пуштено во шумата.

— реклама —

Од Државниот инспекторат за животна средина информирале дека станува збор за машко мече стара околу три години, кај кое не биле забележани видливи повреди од примката.

За случајот бил известен и јавен обвинител од Велес. Полицијата ја одзела нелегално поставената примка за вештачење, со цел да се утврдат околностите и да се преземат понатамошни законски мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

european-brown-bear-1477814960720-620x350

Хорор на пат кон училиште: Мајка го спасувала синот од мечка, па сама се нашла на ударот на дивото животно

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryv6gpuhbhhujf9rme4iU

(Видео) Неверојатна сцена: Мечка се заглави на врвот на бандера

Свет | пред 2 месеци

media-librarygfdodp10jtuh5g9ztUr

(Видео) Спасени мечиња првпат запливаа, нивната реакција е чиста радост

Магазин | пред 5 месеци

european-brown-bear-1477814960720-620x350

Маж од кичевско ќе добие 300.000 денари откако бил нападнат од мечка

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања