Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЕУ планира трајна забрана за увоз на руска нафта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
nafta-696x465-1

Европската комисија планира да предложи закон кој ќе предвиди трајна забрана за увоз на руска нафта. Предлогот е предвиден да биде објавен на 15 април, три дена по парламентарните избори во Унгарија, со цел прашањето за забраната да не стане доминантна тема во предизборната кампања.

— реклама —

ЕУ уште во 2022 година забрани увоз на руска нафта превезуван по море, со исклучок на земјите без излез на море – Чешка, Унгарија и Словачка – кои можат да увезуваат нафта преку морски транспорт ако не е можно да се користи нафтопроводот.

— реклама —

Испораките преку нафтопроводот Дружба беа прекинати на 27 јануари по руски напад со дронови. Унгарија ја обвинува Украина дека го одложува поправувањето на нафтопроводот, па затоа го блокира 20-тиот пакет санкции против Русија и кредитот од 90 милијарди евра за Украина, при што Словачка ѝ се приклучи на Унгарија во блокадата.

— реклама —

Со новиот закон, Комисијата сака трајно да ја забрани руската нафта. Иако во последното тромесечје ЕУ увезувала само 1 отсто руска нафта, Унгарија и Словачка не презеле мерки за намалување на зависноста, па денес речиси целосно зависат од руски енергенти.

— реклама —

Минатиот месец, ЕУ донесе закон за целосно запирање на увозот на руски гас од есен 2027 година. Унгарија и Словачка најавија дека ќе се борат против тоа пред Судот на ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryachv131mr8uq3KqAzYD

Украина со масовни напади врз Русија, Москва тврди дека соборила 1.441 дрон

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-librarydomkoiv4lstj9yXXQxq

(Видео) Руски ракети погодија два големи моста во Киев, прекинато снабдувањето со вода и струја

Свет | пред 1 ден

media-librarye00b4sg9vormbcLok01

(Видео) Украина изведе најголем напад со дронови врз Русија од почетокот на војната: Москва тврди дека соборила 1.336 летала

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Естонија за руска саботажа: „Немате докази“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања