Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

Иран тврди дека ја погодил израелската одбранбена компанија

Иранската армија соопшти дека нејзините дронови ги нападнале целите на израелската компанија за воздушна и одбранбена индустрија (Israel Aerospace Industries) во близина на меѓународниот аеродром Бен Гурион, како и американски извидувачки авион во базата Принц Султан во Саудиска Арабија.Во соопштението објавено преку иранската државна новинска агенција нема дополнителни детали за природата на нападите. Тврдењата засега не може да се потврдат независно, а од Израел и САД сè уште нема јавна реакција.

Свет | пред 2 седмици

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: Додека граѓаните плаќаат поскапо, владата ги штити бизнис интересите

Единствено нешто за што оваа влада се грижи се бизнис структурите блиски до власта кои што профитираат од овие високи цени на горивата и на храната, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференцијата. Филипче укажа дека веќе е активирана спиралата на раст на цените на сите производи, најмногу на храната, а досегашните покачувања на цените ги чинеа граѓаните околу 4,5 милиони евра.И додека граѓаните плаќаат се поскапа храна и гориво некој остварува екстра профити. Ова не економска политика, ова е заштита на бизнис интересите на одредени компании на сметка на народот и тоа денес веќе на сите им е јасно“, рече Филипче.Тој порача дека сега е најважно да им се помогне на граѓаните, да се заштити животниот стандард а не бизнис интересите,  и да се преземат суштински мерки.Во овој момент треба да се заштити животниот стандард на граѓаните а не интересите на тие бизнис структури. Со ваков пристап оваа криза само ќе продолжи да го урнисува стандардот на граѓаните. Суштинските решенија мора да опфатат и мерки за долгорочно намалување на цените на храната комбинирано и со акцизите на цените на горивата.Луѓето немаат пари да ги прехранат семејствата“, рече Филипче.Притоа Филипче потсети дека во најголемите кризи, ковид кризата и енергетската криза, владата на СДСМ со конкретни мерки им помогна на сите граѓани и компании и покажа дека може, кога државата се грижи за стандардот на граѓаните да испорача мерки, да им помогне, но треба да се грижи за граѓаните а не за интересите на бизнис заедницата.Во ковид кризата владата на СДСМ имаше над 110 мерки донесени во пикот на кризата поделени во шест пакети со вкупна вредност од 1,2 милијарди евра со кои директно се ублажија последиците од кризата. Во енергетската криза во 2022 година обезбедивме пакет на мерки вредни 760 милиони евра. Не само субвенционирање на цената на струјата на над 600.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи, туку и конкретна поддршка на ранливи категории на граѓани, за ученици за студенти, за пензионери, за граѓани корисници на социјалната помош, за граѓани со посебни потреби, за самохрани родители, домаќинства со ниски приходи, земјоделци како и поддршка на компаниите“, рече Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

25 лица во Иран уапсени поради наводна соработка со Израел и САД

Иранското Министерство за разузнавање соопшти дека во централно-западната покраина Маркази се уапсени 23 лица поради наводна соработка со Соединетите Американски Држави и Израел.Според соопштението, тие пренесувале координати на воени локации на меѓународна медиумска платформа за која Иран тврди дека е поврзана со Израел и работеле на поттикнување „улични немири“.Дополнително, уште две лица се уапсени во североисточната покраина Голестан под обвинение дека планирале напади на полициски центри. Министерството наведе дека документирало „криминални активности“ на 15 лица кои зборуваат персиски и живеат во странство, осомничени како израелски „агенти“, и ги предало податоците на правосудството.Иранските власти претходно ги предупредуваа своите граѓани во странство да не соработуваат со организации поврзани со САД или Израел, со закана дека нивната имотна сопственост во Иран може да биде запленета.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryc8c4me0hbj677AAeVdQ

Куба: Се подготвуваме за можна американска инвазија

Куба ја зајакнува воената готовност поради можна американска инвазија, но нагласува дека не сака да ги влоши односите со Соединетите Американски Држави и претседателот Доналд Трамп, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Куба, Карлос Фернандез де Косио.„Нашата армија е секогаш подготвена“, рече тој, додавајќи дека во моментов се подготвуваат за можна воена агресија, но се надеваат дека судир нема да се случи. „Куба не сака судир со САД. Имаме право да се заштитиме, но подготвени сме да седнеме и да разговараме“, истакна министерот.Трамп неодамна изјави дека верува оти ќе „има чест да ја освои Куба“, по засилен економски притисок врз островот, вклучувајќи блокада на снабдувањето со јаглеводороди во јануари, веднаш по соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.Покрај политичките тензии, Куба се соочува и со енергетска криза – во неделата, по седми пат во речиси година и половина, дојде до прекин на електричната енергија. Фернандез де Косио нагласува дека владата презема секакви можни мерки за да обезбеди снабдување и се надева дека американскиот бојкот нема да трае засекогаш.

Свет | пред 2 седмици

media-library7d31875pjk7ccA0FL8W

Зеленски бара засилување на санкциите против Русија: „Мора да бидат ефикасни“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата ги повика сојузниците да го зголемат притисокот врз Русија преку санкции, во пресрет на вториот ден од разговорите меѓу украинската и американската делегација за ставање крај на четиригодишната војна започната со руската инвазија. Руски претставници не учествуваат во оваа рунда разговори, кои започнаа во саботата на Флорида.Американската делегација ја предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Зеленски порача дека санкциите мора да бидат поефикасни, особено против т.н. „сенчеста флота“ на Русија, која се користи за извоз на нафта и обезбедување приходи за финансирање на војната.„Приходите ѝ даваат на Русија чувство на неказнивост и можност да ја продолжи војната. Затоа притисокот мора да продолжи“, напиша Зеленски, додавајќи дека танкерите поврзани со оваа флота треба да бидат запирани и блокирани.Минатата недела, по наредба на француските власти, беше запленет танкер во Средоземното Море, за кој францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е дел од руската „сенчеста флота“, мрежа што ѝ овозможува на Москва да ги заобиколува западните санкции.Во меѓувреме, мировниот план што го поддржуваат САД вклучува можност за одржување претседателски избори во Украина и потенцијални територијални отстапки. Зеленски се соочува со притисок од Доналд Трамп да распише избори, иако украинските закони не дозволуваат изборен процес за време на воена состојба. Тој изјави дека избори би биле можни доколку се обезбеди двомесечен прекин на огнот.Сепак, поранешниот врховен командант на украинската армија Валериј Залужни се спротивстави на оваа идеја, оценувајќи дека на земјата ѝ е потребен „мир, а не избори во војна“, наместо избори во актуелните услови.

Свет | пред 2 седмици

media-library50qruqs53fanamSloh7

Филипче: Што следи Владата, како тоне стандардот на народот?

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека Владата на премиерот Мицкоски единствено што следи е како тоне стандардот на граѓаните, без притоа да се преземат реални мерки за намалување на цените на горивата и на храната. Филипче посочи дека власта не презема суштински мерки за справување со растот на цените во услови кога граѓаните ќе немаат пари да се прехранат.„Денеска нема други мерки, следела владата будно. Што следи? Како тоне стандардот на граѓаните? Тоа ли следи премиерот? Очигледно е дека оваа влада намерно избегнува суштински мерки како што се намалување на акцизите на ДДВ-то, нешто што навистина може да даде реално поевтинување на цените на горивата, како и намалувањето на ДДВ-то на храната“, рече Филипче.Тој додаде дека во оваа кризна состојба единствено со мерките што ги предложи СДСМ ќе се заштити животниот стандард, а  граѓаните реално ќе почуствуваат намалување на цените на горивата и на храната.„Само со мерката за укинување на ДДВ на храната ќе поевтинат околу 250 производи, а граѓаните ќе заштедат над 2.000. Тоа се вистински мерки и затоа владата мора апсолутно веднаш овие мерките ги прифати и потоа да подготви и пакети за помош на ранливите категории. Три недели ги остави граѓаните сами. Наместо навремена реакција, дозволи цените на горивата да ја активираат спиралата на раст на цените на сите производи, најмногу на  храната“, рече Филипче.Воедно, Филипче посочи дека се потребни и долгорочни решенија за стабилизирање на цените и конкретна поддршка за  најранливите категории и за земјоделците.„Суштинските решенија мора да опфатат и мерки за долгорочно намалување на цените на храната комбинирано и со акцизите на цените на горивата. Луѓето немаат пари да ги прехранат семејствата. Дополнително  треба да се подготват пакети со помош за најранливите категории на граѓани,  како и пакети за помош и на земјоделците“, рече Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче до Мицкоски: Христијане, ние не клечевме на колена како тебе молејќи за власт и ветувајќи дека ќе го вратиш името

Денеска по пресот на премиерот Мицкоски на кој најави мерки за ублажување на последиците од ценовниот скок на горивата и ја обзнани владината одлука за намалување на ДДВ-то за горивата, набрзо на прес конференција излезе и лидерот на СДСМ.Венко Филипче рече дека мерките на Владата се фрлање магла и замајување на граѓаните.„Од мерката утре нема ништо да видиме. Ќе има нова пресметка на цената.Други земји забранија точење гориво на странци на пограничните пумпи. Сега пари од Буџетот одат за граѓаните од соседните земји. Ова не се економски политики. Премиерот не треба да ги повикува граѓаните од странство да доаѓаат да точат гориво во Македонија”, рече Филипче.Мицкоски на прес конференција обвини дека претходната Влада молела на колена за донација од вакцини во ковид-кризата.Филипче му порача дека тогаш цел свет имал проблем.,,Христијане, ние не клечевме на колена како тебе молејќи за власт и ветувајќи дека ќе го вратиш името”, рече Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Ова се шесте услови на Трамп за завршување на војната

Три недели по почетокот на конфликтот, администрацијата на Доналд Трамп започна прелиминарни разговори за следната фаза на судирот и можен мировен договор со Иран, според извори за Axios. Трамп истакна дека размислува за „завршување“ на војната, иако се очекуваат уште две до три недели борби. Неговиот тим, предводен од изасланиците Џаред Кушнер и Стив Виткоф, работи на основите за дипломатско решение.САД од Иран бараат шест обврски: петгодишна пауза во ракетната програма, целосна забрана за збогатување ураниум, демонтажа на реакторите во Натанз, Исфахан и Фордоу, воспоставување строг надзор над центрифугите, потпишување регионални договори за контрола на вооружувањето и прекин на финансирањето на групи како Хезболах, Хути и Хамас.Иако нема директен контакт, пораките се пренесуваат преку Египет, Катар и Обединетото Кралство. Иран побара услови кои вклучуваат прекин на огнот, гаранции дека војната нема да продолжи и исплата на отштета, што САД моментално сметаат дека е неприфатливо.Трамповиот тим истражува кој е вистинскиот преговарачки партнер во Иран и кој посредник би бил најсоодветен, со можност за вклучување на Катар, кој веќе покажа ефикасност во минатото. Подготвеноста за дијалог со Иран останува во фокусот на американската администрација, со цел да се постигне дипломатско решение доколку се отворат преговори.

Свет | пред 2 седмици

media-library6nup0mogib5pcOAmtn3

(Видео) Гореа шума, трева и депонија – пожарникарите со три интервенции во струмичко

Територијалната противпожарна единица Струмица денеска (21.03.2026) интервенирала на три одвоени пожари на отворен простор, при што сите биле успешно локализирани и изгаснати.Првиот пожар избувнал во нискостеблеста шума во близина на селото Ново Коњарево. Во гаснењето, покрај професионалните пожарникари, учествувале и доброволци од ДПД „Рис“ од Ново Село. Интервенцијата траела околу три часа, по што пожарот бил целосно ставен под контрола.Втората интервенција била кај селото Борисово, каде горела сува трева. Пожарот бил изгаснат по два часа од почетокот на акцијата.Третиот случај се однесува на запалена депонија во близина на селото Василево, каде пожарникарите исто така интервенирале за спречување на негово ширење.Надлежните апелираат до граѓаните на внимателност и одговорно однесување, особено во услови на зголемен ризик од пожари на отворено.Во случај на пожар или друга природна непогода, граѓаните можат да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryd3qtpjukd1f34vdzukZ

(Видео) Напад со балистички проектил врз Димона: Израел има околу 90 нуклеарни боеви глави

Во денешниот напад врз јужниот израелски град Димона, повредени се околу дваесет лица, меѓу кои десетгодишно дете и 40-годишна жена, соопшти израелската итна служба Мaген Давид Адам. Димона е лоцирана на југот на Израел и е позната по главното нуклеарно постројување на земјата, изградено во 1960-тите со помош на Франција.Според проценките на Центарот за контрола на оружје и иницијативата Nuclear Threat, Израел поседува најмалку 90 нуклеарни боеви глави, со доволно материјал за производство на уште неколку стотини. Израел може да лансира нуклеарни боеви глави преку борбени авиони, подморници или балистички ракети, но никогаш не ги употребил.Историски, израелската нуклеарна програма започнала уште од крајот на 1940-тите, а изградбата на постројувањето во Димона започнала во 1958 година. Израел не е потписник на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT) и, според проценките, развил способност за нуклеарно оружје до 1967 година.Димона останува центар на израелската нуклеарна програма и симбол на тајноста околу оружјето, со минимален надзор од меѓународни инспектори, а се верува дека Израел може да го зголеми производството на плутониум за воени и цивилни цели.

Свет | пред 2 седмици

ukraina

Украина изненади со голема офанзива

По исклучувањето на пристапот на руските сили до Starlink во февруари, украинските единици започнаа офанзива и остварија најголем територијален напредок на домашен терен во повеќе од две години. Рускиот команден состав остана без критичен пристап до видеопреноси од бојното поле во реално време и директна комуникација со единиците, што им овозможи на украинските сили да напредуваат кон руските позиции со намалена закана од дронови.Според Wall Street Journal, Украина од февруари ослободи околу 388,5 км² во јужните региони Запорожје и Днепропетровск, каде претходно руските сили забележуваа брз напредок. Аналитичарите наведуваат дека февруари бил првиот месец од 2023 година во кој Киев врати повеќе територија отколку што изгуби.Украинските војници истакнуваат дека исклучувањето на Starlink било клучен фактор за успешната контраофанзива. „Без Starlink, практично се вратија на комуникациски методи од Студената војна“, изјави еден од нив. Рускиот персонал кој се потпирал на Starlink за координација со дронови и контрола на единиците, сега се соочи со изолација и намалена оперативна ефикасност.Овој прекин создаде можност за Украина да спроведе мали, но ефективни напади на руски позиции, нарушувајќи ја комуникацијата и создавајќи хаос. Во првите недели, украинските сили успеаја да ги потиснат Русите од периферијата на градот Запорожје, намалувајќи го бројот на артилериски напади.Русија сега се обидува да најде алтернативни решенија, користејќи кабли за комуникација, безжични мрежи и сателитски услуги од Русија и Кина, но досега ништо не се покажало толку ефикасно како Starlink. Внатрешните несогласувања околу користењето на различни комуникациски системи, вклучувајќи ја и забраната на Telegram во корист на државниот систем Max, дополнително го отежнуваат враќањето на нивната оперативна ефикасност.Напредокот на украинската армија по губењето на Starlink покажува колку е критична комерцијалната сателитска комуникација во современото воено делување и колкава контрола може да има еден приватен оператор врз конфликтот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryh9e19igq38vq0CO2OKK

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети општина Неготино, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој регион.„Општина Неготино, заедно со Демир Капија, има над 3.850 регистрирани земјоделски стопанства во Регистарот, а располага со повеќе од 8.000 хектари обработлива земјоделска површина. Најголем дел од производството е насочено кон лозарството, по што овој регион е препознатлив“, истакна министерот.Министерот Трипуновски додаде дека целта на посетата е директна комуникација со земјоделците, како и презентирање на актуелните политики на Министерството.Тој истакна дека ваквите средби се клучни за креирање на идните политки во агросекторот.„Знаете дека се наоѓаме во делот на Тиквешијата, регион што е познат по квалитетот на македонското грозје. Регион каде што се произведува македонско квалитетно вино, кое е барано надвор од нашите граници“, појасни министерот.Министерот Трипуновски истакна дека минатата година беше успешна, имаше берба со над 120 милиони килограми македонско грозје. Оваа година очекува да биде уште поуспешна година затоа што се работи на системите за наводнување, за да има навремена количина на вода, системите се санираат за да бидат во полна функција.„Ние како Министерство продолжуваме посветено да работиме“, додаде тој.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytvrhrtmbm6lke8D9ACt

(Видео) Ретка глетка во Радика: мајка мечка со две мечиња се бања во реката

Во Радика е забележана необична и впечатлива сцена – мајка мечка заедно со своите две мечиња се бања во реката, уживајќи во пролетните денови. Снимката, објавена на социјалните мрежи од Един Исмаили преку страницата „River Radika“, прикажува мирна и природна глетка која ретко може да се види во дивината.Овој момент уште еднаш го потврдува богатството на биодиверзитетот во регионот, каде што дивите животни сè уште можат да се набљудуваат во своето природно живеалиште.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран: Веруваме дека победуваме и имаме три услови за крај на војната

Три недели по почетокот на конфликтот, иранскиот режим испраќа сигнали дека верува во својата победа и дека може да наметне договор кој би ја засилил доминацијата на Техеран врз енергетските ресурси на Блискиот Исток во наредните децении, пишува Wall Street Journal.Иако Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даваат спротивставени изјави за траењето на војната, Иран продолжува да лансира десетици балистички проектили и голем број дронови секојдневно низ регионот. Во последните денови, иранските напади предизвикаа значителни оштетувања на клучни енергетски објекти во Катар, Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, додека иранскиот извоз на нафта останува активен.Иран поставува високи услови за прекин на конфликтот, вклучувајќи големи воени репарации од САД и нивните сојузници и повлекување на американските војници од регионот. Дополнително, Техеран сака да го контролира пловниот пат низ Ормускиот теснец и да наплатува такси за премин на трговските бродови.Американскиот одговор е остар: Трамп повеќепати вети повторно отворање на Ормускиот теснец, дури и со сила ако е потребно, и нареди испраќање експедициони единици маринци на Блискиот Исток. И покрај високите ирански барања, официјални лица во Вашингтон оценуваат дека обезбедувањето на пловните патишта е „едноставен воен маневар“ со многу мал ризик.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryupafq31d8b10eXa303R

Иран: Ако Трамп го нападне Харг, го чека значајно изненадување

Неименуван ирански извор предупреди дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се соочи со „изненадување“ ако распореди американски војници на островот Харг, во реакција на извештаи дека САД разгледуваат окупација или блокада на стратешки важниот остров, пренесува иранската државна новинска агенција Tasnim.Изворот, како што се наведува, изјавил дека „ако терористот Трамп ја направи таа грешка, ќе го чека такво изненадување што нема да успее ни да ги изнесе ковчезите на своите војници од нашата територија“.Претходно, САД извршија воздушни напади врз воени објекти на Харг, преку кој се реализираат 90 отсто од иранскиот извоз на нафта, но избегнаа удари врз нафтената инфраструктура. Иран дополнително се закани дека ќе го загрози пловниот сообраќај во теснецот Баб ел-Мандеб доколку САД изведат „копнена воена операција“ на островот.Теснецот Баб ел-Мандеб се наоѓа меѓу Јемен и африканските држави Џибути и Еритреја, на влезот на Црвеното Море, и е една од најважните поморски рути во светот. Изворот посочува дека досега јеменските Хути, кои претходно ги користеше Иран за влијание врз пловидбата во регионот, сè уште не се вклучиле во конфликтот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Трамп: Ако демократите не потпишат договор, Службата за имиграција и царина ќе апси на аеродромите

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ултиматум до демократите, предупредувајќи дека ќе распореди агенти од Службата за имиграција и царина (ICE) на американските аеродроми ако не се постигне договор за безбедносно финансирање што е одложено поради делумно блокирање на владините функции. Оваа закана доаѓа во време на значителни проблеми со обезбедувањето на аеродромите поради недостаток на персонал во Транспортната безбедносна администрација (TSA), откако вработените започнаа да отсуствуваат од работа поради неисплатени плати поради блокадата на федералниот буџет.Во својата објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп истакна дека агентите на Службата за имиграција и царина „ќе ја прават безбедноста како никој досега“ и дека нивната широка употреба е неопходна ако демократите не потпишат договор со кој САД и особено аеродромите ќе станат „слободни и безбедни“.Во пораката, тој исто така го потенцираше прашањето за имиграцијата, со нагласок на лица од Сомалија и обвини политички противници, вклучително и претставничката во Конгресот од Минесота, Илхан Омар, како одговорни за проблемите во таа сојузна држава.Овој потег ја илустрира растечката политичка тензија околу федералното финансирање и имиграциската политика, додека конфликтот меѓу извршната власт и демократите во Конгресот продолжува.

Свет | пред 2 седмици

media-librarypj8vof6m0nf74deLWAY

Променливо облачно и сончево време со умерен северен ветер, дневни температури до 17°С

Според последното соопштение на УХМР, денес времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.Максималните дневни температури ќе се движат од 0°С на Попова Шапка до 17°С во Гевгелија. Во Скопје, минималната температура ќе се спушти до 0°С, а максималната ќе достигне до 15°С. На Попова Шапка висината на снежната покривка е 54 cm.До крајот на денот облачноста ќе се намалува, а утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и услови за локален слаб дожд попладне. Минималната температура ќе биде од -3 до 4°, а максималната од 10 до 17°.Во почетокот на новата седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд, додека кон средината на неделата се очекува стабилно и потопло време со пораст на дневните температури. Во четврток ќе дува засилен јужен ветер, а во текот на ноќта кон петок и во петок на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд под влијание на влажен бран.

Македонија | пред 2 седмици

ilon-mask

Француско обвинителство: Маск поттикнувал експлицитни дигитални манипулации за да ја зголеми вредноста на Икс

Француското обвинителство соопшти дека ги известило американските власти за сомневања дека технолошкиот тајкун Илон Маск поттикнувал сексуализирани deepfake-ови на Икс со цел „вештачки“ да ја зголеми вредноста на својата компанија. Ова е поврзано со Грок АИ, кој претходно предизвика контроверзии со генерирање фотографии на жени и девојчиња во несоодветна облека без нивна согласност.Париското обвинителство наведува дека сексуално експлицитните deepfake-ови можеби биле намерно креирани пред планираното спојување на СпејсИкс и xAI на берзата во јуни 2026 година, за да се зголеми вредноста на компаниите. Пред четири дена, француските власти контактирале со Министерството за правда на САД и американската Комисија за хартии од вредност (SEC) за да ја искажат својата загриженост.Истражувањето опфаќа и наводи дека Грок се мешал во француската политика и ширел пораки за порекнување на Холокаустот и сексуализирани deepfake-ови. Корисниците можеле да побараат од ботот да генерира или модифицира фотографии на жени, а CCDH проценува дека во 11 дена биле направени околу три милиони слики, вклучувајќи 23.000 на кои се прикажуваат деца.Француските власти веќе во февруари го повикале Маск на „доброволен разговор“ и извршиле претрес во локалните канцеларии на Икс, што Маск го осуди како „политички напад“. И Велика Британија и Европската унија исто така започнале истраги за создавање сексуализирани deepfake-ови.

Свет | пред 2 седмици

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Платформата на ВМРО создава дефокус од економските проблеми

Социјалдемократскиот сојуз обвини дека државата се соочува со сериозна економска криза, додека власта, наместо да преземе конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните, се занимава со политички пресметки и обиди за слабеење на опозицијата.Од партијата велат дека граѓаните веќе подолг период можат да сведочат за, како што тврдат, „организирано делување“ на ВМРО-ДПМНЕ, кое, според нив, користи дел од медиумите за пласирање наративи во јавноста.СДСМ предупредува дека се очекуваат нови поскапувања и дека работниците не добиле најавено зголемување на минималната плата на 600 евра, што, како што наведуваат, наскоро нема да биде доволно за покривање на основните трошоци за живот.„Владата досега не усвои економски мерки, како што тоа го направија земјите од регионот и Европа, со цел да се спречи растот на цените. Овој тренд ќе продолжи и ќе предизвика синџирно поскапување на животните намирници“, наведуваат од СДСМ.Во соопштението се додава дека наместо фокус на економијата, власта се обидува да ја дискредитира СДСМ, која, според нив, останува единствена неконтролирана опозиција што објавува случаи на криминал и корупција.Од партијата обвинуваат и за, како што велат, обиди за внатрешно разнебитување на СДСМ преку притисоци, уцени и понуди кон поединци, но нагласуваат дека тие обиди не успеале.„Откако не поминаа лажните афери, повторно се вратија на фабрикување вести со цел дефокус од реалните проблеми што директно го погодуваат животниот стандард на граѓаните“, стои во реакцијата.СДСМ оценува дека граѓаните веќе ги чувствуваат економските последици и дека, како што велат, „дефокусот повеќе не поминува“.Од партијата порачуваат дека ќе продолжат со своето делување и најавуваат дека власта, како што велат, „ќе се врати во рацете на народот“, со цел, според нив, да се воспостави систем што ќе функционира во интерес на граѓаните и ќе ја насочи државата кон европската интеграција.

Македонија | пред 2 седмици

stoilkovski

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија.„Кога Македонија требаше да го смени Уставот, да го смени името за да влезе во НАТО и во Европска Унија, Софија немаше никаков проблем со ништо во рамки на добрососедството, кога влегуваше Македонија во НАТО немаше никаков проблем од страна на Бугарија, од тогаш навака на три пати се појавува. Колку отворањето на Уставот сега понатаму ќе биде решение за тоа, и ќе се остава простор Софија во секои наредни предизборија да имаат нови и нови теми поврзани со национализмот“, рече Стоилковски.Стоилковски објасни дека Македонија се наоѓа во ваква ситуација поради грешките направени од претходната власт и посочи дека лекцијата во СДС и покрај сите фатални грешки, се уште не е научена.„Грешка е направена од страна на претходната власт, којашто идеше отворено без размислување и покрај сите предупредувања дека не треба и дека ќе биде злоупотребено сето тоа и дека летвичката ќе се крева се погоре и погоре“, рече Стоилковски и додаде:„Лекцијата во СДС и целиот систем на СДС како партија, како поддржувачи, како поранешни експерти, не е научена. Би требало да се застане да се види до каде е ситуацијата, да се направи едно единство во државата. Мислам дека СДС мора да ја научи таа лекција и да престане да биде бомбаш- самоубиец со вакви настапи како на Андреј Жерновски или на други, за евроинтеграциите да бараат да биде променет Уставот. СДС нема политика којашто ја креира, не поминува кај Македонците“.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfsc970c520m4c76tcSO

(Видео) Американски адмирал: Иран ги загуби клучните воени способности

Адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД, соопшти дека американските сили напредуваат според планот во операцијата „Епски гнев“ и дека Иран значително ја изгубил својата борбена способност по 22 дена борби.Според него, уништени се илјадници проектили и беспилотни летала, како и целата иранска морнарица, додека американските сили имаат целосна воздушна надмоќ со повеќе од 8000 борбени летови и погодени над 8000 цели.Купер истакна дека иранската морнарица повеќе не дејствува, а способноста за лансирање проектили и дронови е значително намалена. Повеќе од 130 пловни објекти се уништени, што тој го оцени како најголемо уништување на една морнарица во толку краток период по Втората светска војна.Американските сили, заедно со сојузниците, воспоставиле и обемен систем за противвоздушна одбрана на Блискиот Исток, додека нападите се насочени и кон неутрализирање на иранските закани за пловидбата во Ормускиот Теснец.Адмиралот на крајот им порача на американските војници да останат решителни и да продолжат со операциите, истакнувајќи дека напредокот на теренот е јасен и континуиран.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп пред најтешката одлука досега

Американскиот претседател Доналд Трамп на редовни состаноци со воениот врв во Белата куќа разгледува опции што вклучуваат и испраќање копнени сили во Иран, но одлуката сè уште не е донесена, пишува Си-Ен-Ен.Иако Трамп јавно изјави дека „не планира да испрати војска“, притисокот расте како што војната влегува во четвртата недела, особено поради економските последици и блокадата на Ормускиот Теснец. Дел од републиканците бараат јасна стратегија за завршување на конфликтот, предупредувајќи дека испраќањето копнени сили би било „црвена линија“.САД и Израел постигнаа значителни воени резултати, уништувајќи дел од иранските ракетни и поморски капацитети, но главната цел – запирање на иранската нуклеарна програма – сè уште не е остварена.Во меѓувреме, се појавуваат разлики меѓу Вашингтон и Тел Авив околу целите на војната, додека некои сојузници на Трамп предлагаат тој да прогласи победа и да избегне понатамошна ескалација.Американската администрација, сепак, не исклучува ниту една опција, а во регионот веќе се испраќаат дополнителни воени сили, што укажува дека сите сценарија остануваат отворени.

Свет | пред 2 седмици

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Европската унија со предупредување до членките за природниот гас

Европската унија ги повика земјите членки да ги намалат целите за складирање природен гас и постепено да ги полнат резервите за да се обузда побарувачката, додека цените на енергенсите растат поради американско-израелскиот конфликт во Иран, пишува Financial Times.Комесарот за енергија, Дан Јоргенсен, побара земјите членки да ја намалат целната исполнетост на складиштата на 80 проценти од капацитетот, што е 10 процентни поени под официјалната цел на ЕУ. Според писмото, ова треба да се направи „што е можно порано во сезоната на полнење за да се гарантира безбедноста и да се смират учесниците на пазарот“.Цените на гасот во Европа скокнаа за до 35 проценти откако во иранските и израелските напади беа оштетени клучни инфраструктурни објекти на Блискиот Исток, а нивната поправка се очекува да трае повеќе години. Јоргенсен истакна дека снабдувањето со енергија во ЕУ „останува релативно сигурно“, но повика на „заеднички одговор“ на конфликтот и предупреди дека враќањето на производството на течен гас на претходно ниво може да потрае.Залихите на гас се клучни за задоволување на зимската побарувачка за греење и електрична енергија и за обезбедување на енергетската сигурност на Европа. Европската комисија исто така наложи земјите членки да ги применуваат правилата за увоз на гас флексибилно, за да не се наруши стабилноста на снабдувањето за време на кризата во Иран.

Свет | пред 2 седмици

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Морбиден случај во Кочанско: леш на жена пронајден покрај река

Човечки леш во фаза на распаѓање е пронајден денеска околу 10:40 часот во село Зрновци, на локација позната како „Ѓошевски орев“, во близина на Зрновска Река, информира Министерството за внатрешни работи.Од МВР наведуваат дека веднаш по пријавата се преземаат мерки за расчистување на случајот.Од Основното јавно обвинителство Кочани соопштија дека јавен обвинител извршил увид на местото на настанот, при што е утврдено дека станува збор за тело на почината жена.„До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта засега не се утврдени“, информираат од обвинителството.Надлежните институции продолжуваат со истражни дејствија за утврдување на идентитетот на жената, како и околностите под кои настанала смртта.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Нови шест семејни насилства за еден ден: тепани сопруги и деца, еден од насилниците бил алкохолизиран

На 20 и 21 март 2026 година, полициски службеници од различни регионални управи лишија од слобода повеќе лица поради физички напади врз сопружници и семејни расправии.Во Куманово, Н.Д. (44) беше приведен поради напад врз неговата 32-годишна сопруга. Во валандовско село, 29-годишен маж беше лишен од слобода по претходна пријава за напад врз неговата 26-годишна сопруга. Во Струмица, Р.П. (52) беше приведен поради напад врз неговата 46-годишна сопруга.Во Скопје, М.Б. (33) беше лишен од слобода по претходна пријава од неговата сопруга дека физички ги нападнал неа и нивното малолетно дете. Исто така, во Скопје, К.А. (27) беше приведен поради оштетување на возилото на неговиот 68-годишен татко, а во друг случај Р.С. (26) беше лишен од слобода по пријава од својот 61-годишен татко за физички напад.Во Виница, Џ.А. (35) беше приведен поради напад врз неговата сопруга во дворот на семејниот дом, при што алкотест покажал 2,02 промили алкохол во крвта.Во сите случаи, по целосно документирање на настаните, ќе следуваат соодветни пријави до јавните обвинителства.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања