Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иранците за ББС: Режимот врши притисок преку закани кон глобалната економија

Жители на Иран изјавија за Би-Би-Си дека не се изненадени од нападите што Техеран ги изведува во регионот, додека војната на Блискиот Исток продолжува да се проширува.Еден жител од северниот дел на земјата изјавил дека таквите потези биле очекувани, бидејќи, според него, иранскиот режим нема други механизми за притисок освен закани кон светската економија.Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави за агенцијата Фарс њуз дека Иран не таргетира цивилни или станбени области.Во земјата, како што пренесува Би-Би-Си, постои и загриженост за тоа како државите од Персискиот Залив ќе ги градат односите со Техеран доколку режимот опстане по конфликтот.Во минатото, Оман и повремено Обединети Арапски Емирати имале улога на посредници во периоди кога Западот воведуваше санкции кон Иран.„Тој однос е многу важен ако режимот ја преживее оваа криза“, изјавил еден жител за Би-Би-Си, додавајќи дека очекува „голем колапс – и за режимот, но и за обичните луѓе“.

Свет | пред 3 седмици

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Бензинот во САД поскапе за 24% од почетокот на војната со Иран

Просечната цена на бензинот во Соединетите Американски Држави достигна 3,70 долари за галон, што претставува раст од речиси 24 проценти од почетокот на војната со Иран на 28 февруари, покажуваат податоците на Американска автомобилска асоцијација.Според пресметките, оваа цена изнесува приближно 0,90 евра за литар гориво.Во меѓувреме, цените на нафтата на светските пазари се движат околу 100 долари за барел поради растечките тензии на Блискиот Исток.Фјучерсите за Брент нафта во петокот пораснале за 2,67 проценти и достигнале 103,14 долари за барел, додека американската сурова нафта поскапела за 3,11 проценти и затворила на 98,71 долар за барел.Дополнителен притисок врз цените создава и ситуацијата во Ормускиот теснец, низ кој во нормални услови поминува околу 20 проценти од светската трговија со нафта, а кој практично е блокиран од почетокот на конфликтот.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryq9eeifa1k76s89TNkbY

Израелската војска: Нападите врз Иран ќе траат најмалку уште три недели

Израелски одбранбени сили соопштија дека воената кампања против Иран ќе продолжи најмалку уште три недели, а пред израелската војска стојат „илјадници цели“.Портпаролот на ИДФ, бригадниот генерал Ефи Дефрин, изјави за Си-Ен-Ен дека операциите се планирани барем до еврејскиот празник Песах, кој започнува за околу три недели.„Подготвени сме, во координација со нашите американски сојузници, со планови најмалку до Песах. Имаме и подлабоки планови кои се протегаат уште три недели по тој период“, изјави Дефрин.Тој нагласи дека израелската војска не работи според однапред утврден временски рок, туку според исполнување на воените цели, меѓу кои е „значително ослабување на иранскиот режим“.Според израелски претставници, воените операции би можеле да продолжат и на други фронтови. Се наведува дека Израел испраќа дополнителни сили на северната граница со Либан, со цел да го потисне Хезболах и да воспостави поголема контрола врз пограничните области.

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав: Прекинете го огнот, илјадници невини луѓе се убиени

Папата Лав денеска упати силен апел за итен прекин на огнот во војната поврзана со Иран, предупредувајќи дека ескалацијата на насилството носи огромно страдање за цивилното население на Блискиот Исток.Говорејќи на традиционалната неделна молитва Ангелус на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, папата истакна дека во изминатите две недели народите во регионот трпат „страшно воено насилство“. Според него, насилството нема да донесе правда, стабилност ниту мир за кои копнеат луѓето во регионот.„Во име на христијаните на Блискиот Исток и на сите луѓе со добра волја, апелирам до оние што се одговорни за овој конфликт: прекинете го огнот“, порача папата.Тој изрази длабоко жалење што, како што рече, илјадници невини луѓе биле убиени, а многу семејства биле принудени да ги напуштат своите домови поради нападите. Папата нагласи дека особена загриженост предизвикува и ситуацијата во Либан, кој е погоден од судирите меѓу Израел и либанското движење Хезболах, поддржано од Иран.Тој изрази надеж дека ќе се отвори пат за дијалог меѓу властите во регионот, со цел да се постигне трајно решение на кризата и стабилност за целиот либански народ.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryaj9q1qms352qf0crZ98

Откриена нова метода што би можела да им помогне на милиони луѓе со срцева слабост

Научници развиле нова техника базирана на генетската технологија CRISPR-Cas која би можела да донесе сосема нов пристап во лекувањето на срцева слабост и други болести поврзани со недостиг на енергија во клетките. Наместо да ги поправаат поединечните мутации или да заменуваат клетки, новиот метод ги поттикнува срцевите клетки да го зголемат бројот и ефикасноста на митохондриите – малите структури што ја создаваат енергијата во клетката.Истражувањето на научници од Rice University и Baylor College of Medicine, објавено во списанието Molecular Therapy, покажало дека е можно контролирано да се зголеми бројот на митохондрии без да се преоптоварат клетките, што бил голем проблем во претходните обиди.Срцето е орган со огромна потреба од енергија бидејќи работи постојано – во текот на животот чука повеќе од три милијарди пати. Кога митохондриите ослабуваат или нивниот број се намалува, срцевите клетки влегуваат во таканаречена „енергетска криза“, што е една од главните причини за срцева слабост.Наместо класично уредување на ДНК, научниците користеле варијанта на CRISPR која ги „вклучува“ гените што го контролираат создавањето нови митохондрии. Во лабораториски експерименти на срцеви клетки, овој пристап довел до поголемо производство на енергија и подобра функција на клетките.Истражувачите нагласуваат дека методата сè уште е во рана фаза и досега е тестирана само на клеточни модели. Следниот чекор се експерименти на животни, а доколку резултатите се потврдат, новата стратегија би можела да се користи не само за срцева слабост туку и за болести како Паркинсонова болест и Алцхајмерова болест, кои се поврзани со нарушена функција на митохондриите.

Магазин | пред 3 седмици

media-librarynv3a0fcjmtlb1b7Z32l

Фрчкоски: Бизнис комбинации на ВМРО и СНС, преку „Руднап“ и Адамовиќ до проектот „Белград на вода“

Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) ја објави бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката, која се поврзува со регионални бизнис интереси, офшор компании и влијателни економски проекти во регионот.Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, истакна дека оваа мрежа започнува од Душан Адамовиќ, лице кое Мицкоски го назначил за почесен конзул во Србија.„Започнува од едно име за кое Мицкоски не сака да се зборува – Душан Адамовиќ. Мицкоски го назначи за почесен конзул во Србија, а 15 дена бегаше од одговор за неговата поврзаност“, рече Фрчкоски.Тој посочи дека токму преку оваа линија се отвораат врските со енергетскиот холдинг „Руднап“.„Преку Адамовиќ, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО, доаѓаме до офшор компанијата од Кипар, од каде почнува одмотувањето на ова бизнис-енергетско клопче. Од офшор структурата на Кипар е компанијата „Altaria Research Limited“, која води до „Rudnap Group“, енергетски холдинг на српскиот бизнисмен Војин Лазаревиќ. Врската со Владата на Мицкоски е директна. Тука Мицкоски има уште еден свој човек – министерката за енергетика Сања Божиновска, која се поврзува директно со „Руднап“. Била извршен директор во „Руднап Груп“ и управител во „Руднап ДООЕЛ Скопје“, нагласи Фрчкоски.Мрежата во Србија продолжува.„Адамовиќ е партнер со „Руднап“, каде сопственик е Војин Лазаревиќ. „Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“. За таков сличен проект „Скопје на вода“ се зборуваше во Македонија. Но за овој сегмент од мрежата ќе откриваме понатаму. Оваа мрежа допрва ќе се одмотува. Дали сега е јасно зошто на ВМРО-ОКГ им смета кога ги споменуваме СНС и Вучиќ?“, рече членоит на ИО на СДСМ, Јон Фрчкоски.

Македонија | пред 3 седмици

siljanovska-davkova-1

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани е доживотна рана и опомена никогаш повеќе да не се повтори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека ништо не може да ја намали болката на семејствата кои ги загубиле своите најмили во трагедијата во Кочани, но дека државата мора да направи сè што е во нејзина моќ вакви трагедии никогаш повеќе да не се повторат.Таа ова го истакна на завршната сесија на Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани, што се одржа во Скопје.Според претседателката, трагедијата во Кочани не е само болен спомен, туку и постојана обврска и потсетник дека институциите мора да бидат подготвени за вакви кризни ситуации. Таа потсети и на мислата на Вацлав Хавел дека вистинската мерка на една држава не се гледа во периоди на стабилност, туку во начинот на кој се справува со кризи.Сиљановска-Давкова нагласи дека зад статистиките стојат човечки судбини, имиња и семејства, а преживеаните и нивните најблиски ќе ја носат траумата доживотно. Таа порача дека државата има должност да биде покрај нив и да им обезбеди поддршка.„Кочанската апокалипса ни остави длабока рана и ни покажа дека без стандарди, правила и одговорност ниту една дејност не може безбедно да функционира. Ништо, апсолутно ништо не смее да биде поважно од правото на живот“, истакна претседателката.Таа потсети дека трагедијата била момент на национален шок и длабока човечка болка, но и на силна солидарност. По една година, оцени дека била донесена исправна одлука кога државата побарала помош од странство, што овозможило спасување на многу млади животи.Сиљановска-Давкова ја истакна и поддршката од соседните земји и брзото активирање на европскиот механизам за цивилна заштита, оценувајќи дека трагедијата покажала дека одговорот на вакви настани не е само медицинско, туку и политичко, финансиско и морално прашање.Таа посочи дека конференцијата претставува важен чекор за експертска евалуација на досегашните постапки и извлекување лекции за подобра подготвеност во иднина.Претседателката нагласи дека државата веќе презела конкретни мерки, меѓу кои усвојување национален план за справување со масовни жртви, нови медицински протоколи и зајакнување на институционалната координација во кризни ситуации, со цел трагичното искуство да се претвори во подобра организација и поефикасен одговор во иднина.

Македонија | пред 3 седмици

evra-falsifikat

Украинец во Риека измамил тројца пензионери со приказна за итна операција, им зел речиси 100.000 евра

Полицијата во Риека му одреди притвор на 63-годишен државјанин на Украина, осомничен дека измамил тројца постари граѓани убедувајќи ги дека на член од нивното семејство му е потребна итна и скапа операција. Откако ќе ја создадел заблудата, од нив преземал пари и накит, при што ги оштетил за речиси 100.000 евра.Од Приморско-горанска полициска управа соопштија дека против него е спроведена криминалистичка истрага поради сомнение дека сторил три кривични дела измама. Полицијата претходно преку оперативно-комуникацискиот центар примила повеќе пријави од граѓани за телефонски повици во кои лажно им било кажувано дека на нивни блиски им е потребна итна и скапа медицинска операција.Осомничениот ја искористил заблудата на постарите лица и во текот на март годинава на подрачјето на Риека од оштетените преземал пари и накит. Со тоа сторил измама на штета на тројца хрватски државјани на возраст од 79, 81 и 83 години.Вкупната материјална штета се проценува на речиси 100.000 евра.За време на истрагата, кај осомничениот бил пронајден дел од предметите поврзани со кривичното дело, односно дел од парите и накитот, информираа од полицијата.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryu2iqdt7a2k7m9Yko8YU

Една година по трагедијата во Кочани – пожртвуваноста на здравствените работници нема да се заборави

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека една година по трагедијата во Кочани државата не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и солидарноста што ја покажаа пријателските земји во лекувањето на повредените.На отворањето на Меѓународната конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти по пожарот во Кочани, министерот посочи дека здравствениот систем поминал низ исклучително тежок период – од првичната интервенција и спасувањето на повредените, до нивниот третман, рехабилитација и подготовка на системски решенија за идни кризни ситуации.„Посебна благодарност упатувам до повеќе од 400 здравствени работници од јавните и приватните здравствени установи во нашата држава, кои во тие денови работеа со исклучителна пожртвуваност, концентрација и професионализам. Во мигови кога секоја минута значеше надеж, вие бевте вистински партнери во борбата за секој човечки живот“, истакна Алиу.Тој нагласи дека голем број тешко повредени пациенти биле транспортирани на лекување во странство, при што посебна благодарност упати до медицинските тимови од странските медицински центри.Министерот ја истакна и координацијата меѓу институциите, посочувајќи дека преку заедничка работа на кризните штабови на Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи бил воспоставен висок степен на меѓуинституционална соработка.Благодарение на таа организираност, 115 пациенти биле безбедно упатени на лекување во здравствени установи низ Европа, во услови кога секоја одлука морала да биде донесена брзо и прецизно.Алиу посочи дека трагедијата во Кочани покажала дека последиците од вакви настани не се само физички, туку оставаат и длабоки психолошки траги кај повредените, нивните семејства и пошироката заедница.„Психолошката и психо-социјалната поддршка ја третиравме како составен дел од здравствениот одговор. Искуството од Кочани отвори потреба од дополнително јакнење на капацитетите на медицинските тимови за третман на тешки изгореници, масовни несреќи и долготрајна рехабилитација“, рече министерот.Тој заклучи дека најголемата обврска кон жртвите и повредените е изградба на посилен и поотпорен здравствен систем кој ќе реагира навреме и ќе обезбеди највисоко ниво на грижа за секој граѓанин.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп: Испраќаме воени бродови во Ормутскиот теснец, се надевам дека ќе ни се приклучат Кина, Франција и Јапонија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека повеќе земји, заедно со САД, ќе испратат воени бродови за да обезбедат Ормутскиот теснец да остане отворен за пловидба.Во објава на социјалната мрежа „Трут Соушал“, Трамп наведе дека државите кои би биле погодени од обидот на Иран да го затвори овој важен поморски премин ќе испратат свои бродови во регионот.„Многу земји, особено оние кои би биле погодени од обидот на Иран да го затвори Ормутскиот теснец, ќе испратат воени бродови заедно со САД за теснецот да остане отворен и безбеден“, напиша Трамп.Тој изрази очекување дека на операцијата ќе ѝ се приклучат и други големи држави, меѓу кои Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Обединетото Кралство.„Веројатно Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Обединетото Кралство и други земји ќе испратат бродови во таа област за Ормутскиот теснец повеќе да не биде под закана“, додаде тој.Во објавата Трамп тврдеше и дека САД ги уништиле иранските воени капацитети.„Веќе уништивме 100 проценти од иранските воени капацитети“, напиша Трамп, додавајќи дека Иран сепак би можел да се обиде да испрати беспилотни летала, мини или ракети во регионот.Тој најави дека американските сили ќе продолжат со воените операции.„Во меѓувреме, САД ќе го бомбардираат брегот и ќе продолжат да потопуваат ирански бродови и чамци“, напиша Трамп.Според него, „на овој или на оној начин“, Ормутскиот теснец наскоро ќе биде „отворен, безбеден и слободен“.

Свет | пред 3 седмици

1681455724_1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан: Европа нема да ја надмине енергетската криза без руската нафта

Европа нема да може да ја надмине енергетската криза без повторна достапност на руската нафта, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, повикувајќи ја Европската унија да ги укине санкциите кон рускиот енергетски сектор.Во видеообраќање емитувано на унгарската телевизија, Орбан рече дека конфликтот на Блискиот Исток предизвикал недостиг на суровини и нагло зголемување на цените на горивата низ Европската унија.„Европа, како и целиот свет, нема да може да ја надмине нафтената криза без помош од евтината руска нафта“, изјави Орбан, додавајќи дека САД веќе почнале да ублажуваат дел од мерките, додека во Брисел, како што рече, политиката на санкции не е променета.Тој посочи дека последиците од санкциите се видливи во растот на цените на горивата во европските земји. Според него, литар бензин во Австрија веќе чини околу две евра, во Германија повеќе од две евра, додека во Холандија цената е повисока од 2,5 евра.Орбан порача дека унгарската влада нема да дозволи таков раст на цените во својата земја. Владата во Будимпешта претходно воведе ограничување на малопродажните цени на горивата, при што бензинот од 95 октани чини околу 1,5 евра за литар, а дизелот околу 1,6 евра.Унгарија претходно ја повика Европската унија да го следи примерот на САД и да ја суспендира забраната за увоз на руска нафта.Во меѓувреме, американското Министерство за финансии ги укина санкциите за продажба на руска нафта и нафтени деривати натоварени на бродови пред 12 март. Според општата лиценца што ја издаде Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК), ваквите трансакции ќе бидат дозволени до 11 април.Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека оваа одлука може да ја зголеми количината на нафта на светскиот пазар и да придонесе за намалување на цените на суровата нафта.

Свет | пред 3 седмици

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Каде е новиот врховен лидер на Иран? Мојтаба Хамнеи сè уште не се појавува во јавноста

Речиси една недела откако беше именуван за врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи сè уште не се појавува во јавноста. Неговото отсуство во време на отворен воен судир со САД и Израел го отвора прашањето кој всушност управува со земјата.Иранците досега ниту го виделе ниту го слушнале. Првата порака што му се припишува на државната телевизија ја прочита водител, а тој не се појави ниту на Денот Ал Кудс, кога врховниот лидер традиционално ѝ се обраќа на јавноста, објави Си-Ен-Ен.Според извор запознаен со ситуацијата, Мојтаба Хамнеи бил повреден во американско-израелското бомбардирање пред речиси две недели. Тој наводно се здобил со скршеница на стапалото, нагмечување на левото око и помали исекотини на лицето. Во истиот бран напади биле убиени неговиот татко и неколку високи воени команданти.Синот на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан потврдил дека Хамнеи е повреден, но дека е на безбедно и се чувствува добро. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, без да понуди докази, изјави дека новиот лидер „веројатно е обезличен“, додека Израел претходно порача дека секој нов врховен лидер ќе биде цел.И покрај неговото отсуство, илјадници поддржувачи на режимот излегоа на улиците за да изразат лојалност. Сепак, непојавувањето на новиот лидер покажува дека во Иран големо влијание имаат институциите и безбедносниот апарат, а не само човекот на врвот.Аналитичарите сметаат дека моќниот Корпус на чуварите на исламската револуција веројатно ја води воената стратегија без оглед на присуството на Мојтаба Хамнеи. Според нив, вистинската моќ може да остане во рацете на овие структури дури и ако новиот лидер подоцна се појави во јавноста. Засега неговото престојувалиште останува тајна.

Свет | пред 3 седмици

puska

Пронајдена автоматска пушка во реката Вардар кај Гостивар

На 14 март 2026 година во 09:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во реката Вардар е пронајдена автоматска пушка.Според пријавата, оружјето било забележано во водите на реката од страна на М.Б. од Гостивар.На местото ќе изврши увид екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Тетовец нападнат со нож по расправија во трговски центар

На 14 март 2026 година во 02:40 часот во СВР Тетово било пријавено од Ургентниот центар дека М.Б. (63) од Тетово бил примен со убодни рани од остар предмет.Според првичните информации, претходно во објект во трговски центар тој консумирал алкохол со лицето Б.И., по што дошло до вербална расправија во која Б.И. употребил нож.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygf2n1ia79i9beF7A1WW

Петмина возачи приведени без возачка дозвола во тетовско и гостиварско

Во текот на 13 и 14 март 2026 година полицијата во тетовско и гостиварско привела повеќе возачи кои управувале возила без возачка дозвола.На 13 март на автопатот Тетово – Гостивар бил приведен Н.П. (38) од Гостивар, кој управувал товарно возило „форд“ без претходно положен возачки испит.На 14 март во Маврови Анови бил приведен А.М. (32) од селото Врапчиште, кој управувал „поло“ без возачка дозвола.Истата ноќ на регионалниот пат Тетово – Јажинце бил приведен Б.Ј. (41) од селото Прељубиште, кај кого биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта, по што бил задржан во полициска станица поради безобѕирно управување со возило.Дополнително, на регионалниот пат Тетово – Скопје во селото Желино бил приведен Р.Н. (45) од селото Рогле, кој управувал „мерцедес“ без возачка дозвола.Во Гостивар, пак, по претходно случена сообраќајна несреќа бил приведен И.С. (60), кој управувал „голф“ без положен возачки испит.Во сите случаи возилата се одземени, а против возачите ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 3 седмици

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Семејно насилство во Гостивар – сопруг се заканувал дека ќе ја убие сопругата

На 13 март 2026 година во 14:10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П. (64) од Гостивар.Апсењето следувало по пријава од неговата 60-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и ѝ упатувал закани по живот.По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

pozar-1

Пожари на автомобили во Тетово и на автопатот кон Гостивар

Вчера во СВР Тетово биле пријавени два одвоени случаи на опожарени возила.Во 04:18 часот, А.Љ. (31) од Тетово пријавил дека ноќта меѓу 12 и 13 март на улицата „Штипска“ било опожарено паркирано возило „фолксваген туарег“ со тетовски регистарски ознаки кое го користел.Подоцна, во 08:10 часот, Џ.Ќ. (57) од Тетово пријавил дека на автопатот Тетово – Гостивар се запалило патничко возило „мерцедес“ со кое управувал.Во двата случаи увид извршила екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Тепачки меѓу ученици во Тетово – полицијата трага по напаѓачите

Во текот на 13 март 2026 година во СВР Тетово биле пријавени два одвоени случаи на физички напади врз ученици.Во 17:40 часот, А.М. (19) од селото Копачин Дол пријавил дека во близина на училиште во Тетово бил физички нападнат од неколку ученици.Претходно, во 17:25 часот, Б.А. (49) од Тетово пријавил дека на улицата „Јане Сандански“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од група малолетници, при што му била одземена тренерка со натпис од фудбалски клуб.Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryqvrkpaqgjgba6EcuDk4

Разбојници од златарница фатени за 2 часа додека бегале кон Словенија

Двајца мажи на возраст од 44 и 47 години се уапсени вчера по разбојништво во златарница во загрепското населба Шпанско. Полицијата ги фатила за помалку од два часа додека со украдените пари и накит се обидувале да побегнат кон Словенија.Загрепската полиција објави и фотографии од запленетите предмети – торби, кутии со накит, маски, оружје и други предмети кои осомничените ги користеле за време на разбојништвото.Разбојништвото се случило вчера околу 9 часот во златарница сместена во трговски центар во Шпанско. Според полицијата, тројца сторители претходно се договориле како ќе ја извршат кражбата и ги поделиле улогите.Двајцата дошле со скутер без регистарски таблици до центарот, влегле во златарницата и со закана со пиштол им наредиле на вработените да им предадат пари и накит. Еден од нив потоа од отворениот сеф зел повеќе кутии со накит.По кражбата, побегнале кон Јарун, каде го оставиле скутерот и се преселиле во автомобил каде ги чекал третиот член на групата. Полицијата ги стигнала на автопатот.Тројцата потоа се упатиле кон Нов Загреб, каде еден од нив излегол од возилото. Другите двајца продолжиле кон Словенија со друг автомобил, носејќи го украдениот накит.Полицијата брзо го идентификувала еден од осомничените, кој веќе се барал поради разбојништво во филијала на ФИНА во Гајници во мај 2025 година. Тој маж по тој случај побегнал во Србија и бил недостапен за полицијата.Полицајците на автопатот А3 во правец кон Словенија забележале автомобил со двајца мажи за кои се сомневале дека учествувале во кражбата. Кога се обиделе да ги запрат, тие се обиделе да побегнат кон Самобор, но биле стигнати и уапсени. Во возилото биле пронајдени украдените пари и накит.Полицијата наведува дека станува збор за повеќекратни рецидивисти. Мажот од 47 години веќе во 2013 година бил опфатен со полицијски истраги за разбојништва во финансиски институции и претходно издржал повеќегодишна затворска казна.Осомничениот 44-годишник, според полицијата, започнал со криминални дела уште како малолетник. Во евиденцијата има повеќе пресуди за тешки кражби со провалување, а вкупно му се изречени повеќе казни затвор во траење од 27 години, кои досега успевал да ги избегне благодарение на различни олеснувања во системот.Полицијата сомнева дека истиот 44-годишник е одговорен и за уште пет тешки кражби во продавници со паметна технологија во Загреб во текот на 2024 и 2025 година, кога украл голема количина мобилни телефони. Вкупната штета од разбојништвото и другите кривични дела се проценува на повеќе од 140.000 евра.По криминалистичкото истражување, 44-годишникот е предаден во затвор во Загреб поради истражен притвор, додека 47-годишникот е предаден на надзорник на притвор.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryijngr6udobhc20OnfSz

Најмалку 112 загинати во нападите на САД и Израел врз иранската покраина Курдистан

Најмалку 112 лица загинаа во нападите изведени од САД и Израел врз иранската покраина Курдистан, соопшти локален функционер, а информацијата ја пренесоа државните медиуми. Нападите се случуваат во време кога Вашингтон наводно ги поттикнува иранските курдски сили од другата страна на границата, во Ирак, да започнат копнена операција во Иран, објави Ал Џазира.Според податоците од Покраинскиот оддел за итни случаи на Курдистан, во нападите беа повредени најмалку 969 лица. Функционерот, кој остана анонимен, додаде дека 27 лица се хоспитализирани на редовни оддели, додека петмина се на интензивна нега.Нападите на САД и Израел се одвиваат додека се шпекулира дека тогашниот претседател Доналд Трамп имал директни контакти со иранските и ирачките курдски групи, со намера Вашингтон да ги искористи како поддршка за поттикнување народен бунт. Сепак, Трамп минатата недела изјави дека не сака Курдите да започнат офанзива против Иран, нагласувајќи дека САД не сакаат „дополнително да го комплицираат војниот конфликт“.Иранските курдски опозициски движења, многу од нив блиски со ирачките курдски фракции, долго време се спротивставуваат на Техеран од бази на северот на Ирак и во регионот покрај иранско-ирачката граница, со проценети неколку илјади борци. Минатата недела иранските сили започнаа операција против курдските групи во нивниот полуавтономен регион во Ирак, додека регионалната влада на ирачки Курдистан негираше каква било вмешаност во наоружување или испраќање на Курдите во Иран.Курдите се автохтона етничка малцинска група во Месопотамија, распоредени главно во југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион на северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат сопствен јазик и култура, но немаат своја држава, а се проценува дека сочинуваат околу 10 проценти од населението на Иран, иако официјални податоци за тоа не постојат.

Свет | пред 3 седмици

media-library0fpvvbk54u8kfvBs96Q

САД: Погодивме над 90 воени цели на клучниот ирански остров

Американското Седиште за централно командување (CENTCOM) објави дека ноќните напади на иранскиот остров Харг уништиле повеќе од 90 воени објекти, вклучувајќи складишта за поморски мини и бункери за ракети, додека нафтената инфраструктура останала непроменета. CENTCOM на социјалната мрежа X истакна дека американските сили извршиле „голем прецизен напад“ насочен кон воениот сектор на островот, кој се наоѓа покрај иранската обала и претставува клучна точка за извоз на иранската сурова нафта, преку чиј терминал поминува околу 90 проценти од вкупниот извоз.Иранските функционери соопштија дека извозот на нафта од островот Харг се одвива нормално. Заменик-губернерот на провинцијата Бушер, Есан Џаханијан, изјави дека, „впечатливо, покрај бруталниот напад на ционистичко-американскиот режим“, активностите на терминалот продолжуваат непречено. Тој додаде дека во нападите немало загинати меѓу војниците, вработените во нафтените компании ниту меѓу цивилите на островот.Оваа ескалација се случува во време на зголемени тензии во регионот, но американските напади очигледно не влијаеле на глобалниот проток на иранската нафта, што потенцијално ги ублажува непосредните економски шокови.

Свет | пред 3 седмици

media-librarye5i13dvrps4b5bIeBmb

Муцунски: Трагедијата во Кочани ќе остане трајно врежана во колективната меморија, но државата ќе памети и нешто друго – искрената поддршка од пријателските земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на отворањето на меѓународната конференција во Скопје посветена на клиничките аспекти по трагичниот пожар во Кочани, нагласувајќи дека настанот претставува важна можност за размена на знаења и искуства, но и симбол на солидарноста и поддршката што меѓународната заедница ја покажа кон нашата држава во еден од најтешките моменти.Во своето обраќање, Муцунски потсети дека трагедијата во Кочани длабоко ја потресе државата и за само неколку минути едно обично утро се претворило во длабока национална болка. Во тие моменти, кога секоја минута била од исклучително значење, брзата реакција на институциите и поддршката од пријателските земји помогнале да се спасат многу човечки животи.Министерот посочи дека 115 пациенти биле згрижени и лекувани во странство, благодарение на брзата комуникација со партнерските држави, активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и подготвеноста на бројни земји да обезбедат медицинска помош.„Во тие тешки денови се покажа вистинската сила на дипломатијата и меѓународната солидарност. Токму во вакви моменти станува јасно дека вистинската вредност на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи“, истакна Муцунски.Тој изрази искрена благодарност до владите, амбасадите, институциите и народите на пријателските земји кои без двоумење ја подадоа раката за помош, нагласувајќи дека токму во вакви моменти најјасно се согледува значењето на меѓународното пријателство и партнерство.Муцунски упати посебна благодарност и до докторите и медицинските тимови – како во Македонија, така и во странство – кои со својата посветеност, професионалност и пожртвуваност придонеле за спасување на човечки животи.Во своето обраќање тој нагласи дека трагедијата во Кочани ќе остане трајно врежана во колективната меморија, но дека државата ќе памети и нешто друго – искрената поддршка и солидарност што ја покажале пријателските земји во најтешките моменти.

Македонија | пред 3 седмици

media-library2fo3d1bl9j60dcYLNbx

Петар Огњеновиќ: Кога ќе видите сметка за струја знаете -РЕК е алка во бизнис шемата на Мицкоски

Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола е уште една алка во бизнис мрежата на премиерот Христијан Мицкоски во енергетскиот сектор, обвинија од СДСМ.На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека антикорупцискиот тим на партијата континуирано ја открива, како што рече, мрежата на бизнис-интереси во енергетиката поврзани со Мицкоски.Според Огњеновиќ, Иван Куковски е близок до семејството на Мицкоски и претходно бил советник на министерката за енергетика Сања Божиновска.Тој обвини дека Мицкоски поставува свои луѓе на клучни позиции во енергетскиот сектор, кој, како што рече, е негов „омилен бизнис“.Огњеновиќ нагласи дека РЕК Битола има клучна улога во производството на електрична енергија во државата, посочувајќи дека кога се произведува помалку струја мора да се увезува, а увозната електрична енергија е значително поскапа.„Кога Македонија увезува струја – цената е многу повисока, а тоа на крај го плаќаат граѓаните“, рече Огњеновиќ.Тој додаде дека во 2024 и 2025 година загубите на ЕСМ надминале 200 милиони евра. Според него, иако биле планирани околу 5.000 GWh производство на електрична енергија, реализирани биле околу 3.000 GWh.„Ова е најлошото производство во историјата на Македонија“, рече Огњеновиќ, поставувајќи прашање дали ваквото потфрлање е случајно.Тој наведе дека, покрај назначувањето на Куковски во РЕК Битола, во Развојната банка била поставена сопругата на партнер на Мицкоски во хидроцентрали, додека во Владата, според него, министерката Сања Божиновска е поврзана со компанијата Руднап груп.Огњеновиќ истакна дека, според СДСМ, станува збор за една иста бизнис мрежа која се протега од офшор компании на Кипар, преку бизнисменот Адамовиќ, до поврзаности со „Руднап груп“.„Сите блиски до оваа мрежа се поставуваат на клучни позиции во енергетиката. Сè е бизнис за Мицкоски, а најомилен му е бизнисот со струја“, изјави Огњеновиќ, додавајќи дека граѓаните, кога ќе добијат повисоки сметки за струја, ќе знаат зошто.

Македонија | пред 3 седмици

media-library6ah3gk8ietqnaDVId9o

Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека зад денешните работнички протести стои СДСМ, а не Сојуз на синдикатите на Македонија, тврдејќи дека партиски луѓе ја организирале мобилизацијата на работниците од повеќе градови низ државата.Според Петрушевски, јавноста можела јасно да види дека наместо синдикатот, зад организацијата на протестите стојат структури поврзани со СДСМ, кои ги организирале работниците да дојдат на протест во Скопје.Тој наведе дека во Тетово и поширокиот регион работниците ги организирал Мирослав Павловски, за кого рече дека е истакнат член на СДСМ. Според него, работниците од Струмица и околината ги организирал Бранко Георгиев, поранешен раководител во струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ во период кога на власт била СДСМ.Петрушевски тврди дека работниците од Куманово и кумановскиот регион ги организирал Оливер Трајковски, за кого рече дека води штаб на СДСМ во Куманово и е вработен во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.„И сите овие, како и други од СДСМ кои се во организацијата на денешниот протест, наместо да ја зајакнуваат партијата која се движи кон пропаст, решиле да организираат протести на ССМ“, рече Петрушевски.Тој додаде дека барањата на работниците се легитимни и дека тие имаат право да бараат нивно исполнување, но оцени дека начинот на кој се организирани протестите не претставува синдикална активност и вистинска борба за работничките права.Според него, примерите од организацијата на протестот покажуваат дека постои „знак на равенство“ меѓу ССМ и СДСМ.Петрушевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните, но оцени дека, како што рече, „она што го прават СДСМ и ССМ е измама“.

Македонија | пред 3 седмици

media-library0du62i5md8ld4xmZREy

Симона Цветановски: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата

СДСМ соопшти дека целосно го поддржува протестот на работниците кои бараат повисоки плати и подобри услови за живот, оценувајќи дека нивната борба е борба за достоинство и праведна заработувачка.На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, изјави дека работниците со право излегуваат на улица барајќи достоинствени плати и подобар живот, нагласувајќи дека зад секоја плата стои труд, посветеност и надеж за подобра иднина.Таа го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ги изневерил и понижил работниците, наведувајќи дека ги нарекува „хистерични“ затоа што бараат минимална плата од 600 евра.„Додека работниците бараат достоинствена плата, Мицкоски носи часовници вредни колку 150 минимални плати. Уште вели дека можеле работниците и без одмор, па следно можеби ќе каже дека можат и без да јадат“, рече Цветановски.Таа истакна дека СДСМ и претходно работела на зголемување на платите, потсетувајќи дека минималната плата во периодот кога партијата била на власт пораснала од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната од 22.000 на над 42.000 денари.Според неа, партијата и сега поднела законско решение со кое се предлага минимална плата од 600 евра, но Владата го одбила предлогот.Цветановски нагласи дека протестот на синдикатите не е политика, туку борба за достоинство, праведна плата и подобар живот за секое семејство.„Ние нема да го злоупотребуваме вашиот протест ниту ќе го политизираме. Сите членови на СДСМ кои се и членови на синдикатите ги повикуваме да се приклучат. Ова е ваша борба, а гласот на работниците мора да се слушне“, порача таа.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања