Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-libraryi59in6a7q4kd4O58Ibd

Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во своето обраќање пред собраниската Комисија за финансирање и буџет истакна дека предлог-буџетот за 2026 година кој го предлага Владата не само што не обезбедува фискална консолидација, туку ја продлабочува фискалната нестабилност и создава сериозни ризици за економијата и граѓаните.Наместо реални реформи и стабилност, буџетот нуди нереални проекции, енормно задолжување и директно прекршување на фискалните правила утврдени со Законот за буџети.„Владата проектира дефицит од 3,5% спротивно на законскиот лимит од 3%, што претставува уште едно нарушување на фискалната дисциплина, а проекциите за раст и инфлација воопшто не се во согласност со податоците на Народната банка и ММФ. Тоа потврдува дека буџетот се темели врз нереален оптимизам и лажна слика за стабилност“, нагласи Тренчевска.Таа потсети дека иако буџетот е наречен „развоен“, капиталните инвестиции се намалени за речиси 7 милијарди денари во однос на 2025 година, а реализацијата на капиталните расходи „до овој момент изнесува само 46%, што ја разобличува предизборната реторика за ‘градежна офанзива’“.Тренчевска особено нагласи дека најголемиот удар во буџетот е направен врз Министерството за социјална политика, демографија и млади.„Иако формално буџетот изгледа зголемен, суштинската анализа покажува дека средствата за најважните програми се драстично скратени. Се кратат надоместоците за лицата со попреченост, за децата, за болните и изнемоштени, за примателите на гарантирана минимална помош, за детските и образовните додатоци, за старите лица и за сите ранливи категории. Намалувањето изнесува скоро 2 милијарди денари“, истакна Тренчевска.Таа додаде дека Владата кратела и средства за социјални услуги, деинституционализација, заштитни друштва и блок-дотации за градинките, што директно ќе ја влоши состојбата на терен.„Во 2026 година нема да има ниту зголемување на правата од социјална и детска заштита, и покрај ветувањата и амандманите што Владата ги користеше за предизборни цели“, рече пратеничката на СДСМ.Тренчевска предупреди дека проектираниот трансфер кон Фондот за пензиско осигурување достигнува повеќе од 62 милијарди денари, односно 1 милијарда евра – највисок досега.Ова, според неа, „ја разголува несериозноста на владините политики кои го зголемија дефицитот на фондот за само 16 месеци од 32,5 на 45%“.„Со ваквото зголемување се нарушува стабилноста на фондот и се доведуваат во неизвесност сегашните и идните пензионери“, посочи Тренчевска, додавајќи дека оптималниот сооднос за стабилен пензиски систем е 3:1, а овој сооднос ќе продолжи да паѓа со оглед на најавените затворања на компании и отпуштања на околу 1.000 работници, како и отпуштањата во текстилната индустрија„ истакна пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarymtbj86ep3ot68wDONAl

Наташа Котлар разрешена од директорската функција на Државниот архив

Директорката на Државниот архив на Македонија, Наташа Котлар-Трајкова, потврди дека била разрешена од функцијата која ја извршуваше од минатата година со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.Официјална информација од Владата нема, но според Котлар причината била нејзино кажано критичко мислење во интервју дадено во август месец за нашите иселеници во Австралија.Сегашниот заменик директор кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, имал амбиција да биде унапреден во директор.Котлар-Трајкова во 2017 година беше кандидат, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Центар. И покрај острите критики кон СДСМ за нивните политики и работа, таа ги загуби изборите.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Маж на 53 години нападнал 12годишно дете со тупаници, клоци и нож

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против 53-годишник кој на 11 ноември извршил брутален напад врз 12-годишно дете.Додека детето се движело со велосипед по булеварот „Крсте Мисирков“, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и почнал да го удира со тупаници и клоци по лицето и телото. Во еден момент извадил нож и замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата.Детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Напаѓачот потоа го одзел велосипедот, му ги исекол гумите и го фрлил на булеварот, со намера да оштети возила, по што го напуштил местото на настанот.Оштетеното дете било пренесено во Ургентниот центар за лекарска помош. Јавниот обвинител побара од судијата на претходна постапка определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство.

Македонија | пред 4 месеци

nikolovski-lj3

Николовски: Скандалот се продлабочува, Трипуновски доделил земјиште на ќерката на приведениот Стоилев

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, во емисија изнесе, како што рече, уште еден скандал поврзан со директорот на Платежната агенција, а во кој се открива поврзаноста на акуелниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски и директорот на Платежната агенција Стоилев. Николовски посочи дека првиот договор што го потпишал министерот за земјоделство Трипуновски, за доделување земјоделско земјиште бил на ќерката на директорот на Платежната агенција.„Прв договор кој што го има потпишано министрот Трипуновски за доделување на земјодолско земјишто на почетокот на јули минатата година, кога дојде на функцијата министер е со ќерката на актуелниот директор на Платежната агенција кој денеска е во притвор, тоа е Ана Стоилева. Тоа говори за уште поблиските односи кои што ги има со оваа светиниколска врска. Ова јавно го кажувам, а по допрен глас може да се постапува“, рече Николовски.Тој додаде дека Платежната агенција откако Трипуновски е министер за земјоделство е партизирана.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydg21uct3fris0Jy7xQJ

Димитров: Напредок ќе има ако во Скопјe се смирени и самокритични и ако слушаат што вели ЕУ

Во интервју за БГНЕС, историчарот и дипломат Ангел Димитров, кој е копретседател на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија изјави дека напредок е можен и ќе се случи само ако во Скопјe се смирени и самокритични, ако слушаат што вели ЕУ.,,Политизацијата на заедничката историска комисија доаѓа од Скопја, а не од Софија. Колегите го отфрлаат концептот на заедничка историја.Неподготвеноста да се прифатат историските факти ја блокира комисијата. Ориентацијата кон Белград и Будимпешта веројатно нема да доведе до она што се очекува во Скопјани. Прашањата треба да се одговорат јасно и конкретно, а не со цветни фрази“, вели Димитров.Тој вели дека го споделува она што го вели министерот Муцунски, дека научните дискусии треба да се водат со научни аргументи.,,Сепак, постојат две многу сериозни недостатоци во неговата изјава. Првата е што ни се обраќа од некоја причина. Очигледно не е запознаен со деталите за работата на Комисијата, бидејќи ќе го кажам сосема директно – политизацијата на работата во Комисијата е токму од другата страна. Постојано се обидувавме да кажеме дека не е современото гледиште за состојбата на работите тоа што треба да ги реши проблемите од минатото“, истакнува Димитров.За него клучното прашање што го попречува професионалниот, доволно образложен разговор е неподготвеноста на, како пто вели нашите колеги, да ја прифатат дефиницијата за „заедничка историја“.Димитров вели дека има и втора маана во изјавата на министерот Муцунски.,,Тој не сфаќа дека со неубедливо критикување на нас за политизација, влегува во научна територија давајќи совети за тоа како треба да работи една комисија”, вели Димитров.

Македонија | пред 4 месеци

media-library8e0ngraqs9233LzG83m

ОЈО Кавадарци поднесе обвинение за ширење омраза и дискриминација на социјални мрежи

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против 67-годишен жител на Неготино, осомничен за кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, казниво по член 394-г став 1 од Кривичниот законик.Според истрагата, на 20 октомври обвинетиот на свој профил и страница на социјална мрежа споделувал видео-снимка со содржина што поттикнува омраза и дискриминација кон лица врз основа на нивната етничка припадност. Во објавената снимка биле употребени повеќе навредливи и понижувачки изрази насочени кон припадници на ромската заедница, а присутен бил и повик за ограничување на нивното право на глас на избори.По обезбедување на потребните докази, обвинителството оцени дека постојат основи за кривично гонење и предметот е проследен на надлежниот суд.

Македонија | пред 4 месеци

media-library7fefgsr0flr3fRv4lYr

,,Марш за ангелите” во Скопје: Дојдете и бидете со нас, поддршката значи сила, секој човек е важен

Денеска во Скопје ќе се одржи „Марш за ангелите“, протестен марш во спомен на 63-те млади луѓе кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Настанот започнува во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, по што учесниците на маршот ќе се упатат кон парламентот, а потоа пред Основниот кривичен суд.Организаторите упатија апел до сите граѓани да им се придружат. ,,Дојдете и бидете со нас. Секоја поддршка значи сила, секој човек е важен. Да застанеме заедно, да покажеме дека болката не нè скршила и дека борбата за вистинска правда продолжува”, велат организаторите.Судењето за случајот е закажано за 19 ноември. Според обвинението, 34 физички и 3 правни лица се обвинети за тешки кривични дела против јавната безбедност.

Македонија | пред 4 месеци

media-library4f9ghssobnmhal5CcpH

Денеска сончево, со температури до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од -3 до 3, а максималните од 15 до 19 степени.Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 17 степени.Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп ретерира: Бананите, кафето и говедското месо- поефтини

Под силен притисок да ги намали трошоците за живот за Американците, Доналд Трамп ги укина самонаметнатите царини за секојдневен увоз како што се кафе, авокадо банани и говедско месо.Трамп призна дека одредени земјоделски производи не треба да бидат предмет на реципрочни царини воведени во април. Ова стои во извршна наредба објавена на веб-страницата на Белата куќа.Листата вклучува производи што САД не ги одгледуваат или ги одгледуваат во недоволни количини за своите потреби, како што се кафе, чај, авокадо, домати, манго, банани или зачини.Меѓу споменатите прехранбени производи е и говедското месо, чија цена достигна рекордни нивоа во земјата.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryci79105ei32hcNZMPH4

Од денеска казни ако сте без зимска опрема за возилото

Од денеска (15 ноември) стапува на сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата. Оваа обврска завршува на која 15 март следната година.За непочитување на обврската следува глоба од 45 евра.„За да ги избегнете сообраќајни казни и прекршоци, потребно е да го усогласите вашето возило со пропишаните барања: за возила до 3.500 кг – потребни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, или летни гуми со истата длабочина, со задолжително носење синџири за снег, за возила со погон на сите тркала (4х4) – зимски гуми со длабочина од најмалку 6 мм, или летни гуми со минимум 4 мм длабочина и синџири за снег, возила над 3.500 кг – зимски гуми со длабочина од 6 мм на погонските тркала, или летни гуми со минимум 4 мм, со задолжителни синџири за снег” информира АМСМ.Автобусите и товарните возила мора да носат прирачен алат како што е лопата, ако не можат да користат синџири за снег.

Македонија | пред 4 месеци

loga-minister-696x401-1

Кренар Лога се збогува со партискиот живот

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога се повлекува од партиското дејствување.Тој на социјалните мрежи објави дека по подолг период на анализа одлучил да се повлече од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал во Алијансата за Албанците.„Ова не е лесна одлука за мене, затоа што во текот на целиот овој пат ја вложив својата енергија, срце и душа, па дури и повеќе од тоа. Имав чест да запознаам верни и неуморни соработници, како и такви што не го издржаа долгиот и предизвикувачки пат. Во изминатите десет години имав можност да запознаам посветени луѓе, искрени пријатели и оддадени соработници. Заедно поминавме низ битки што оставија трага во нас, исто како што и ние оставивме трага во тие битки. Ова мое политичко патување секогаш беше искрено и вистинско. Во текот на дебатите, критиките и судирите, можно е понекогаш да сум претерал. Доколку некој се почувствувал повреден од мојот збор или однесување, искрено му се извинувам. Секогаш сум ги кажувал своите ставови, убедувања и вистини без да ја пресметувам цената што тие можат да ја носат. Дури и кога тие не биле популарни, сум одбрал да не ги сокријам, затоа што вистината и иднината бараат храброст. Во овој период имав чест да ја извршувам функцијата генерален секретар, а подоцна и потпретседател на партијата. Ова беше можно единствено благодарение на поддршката од членовите и активистите на Алијансата за Албанците, на кои им упатувам искрена благодарност. Не ги заборавам ниту гласачите на Европскиот фронт и на Националната Алијанса за Интеграција, кои ја покажаа довербата во нашето дејствување. Јас сум израснат во семејна, политичка и патриотска средина; роден во семејство кое избрало опстанок понекогаш преку земјоделство, а понекогаш преку печалба, единствено за да може полесно да се спротивстави и да се соочи со југословенскиот режим. Израснав меѓу двајца браќа кои останале без имиња до прво одделение, бидејќи режимот не дозволувал „иредентистички“ албански имиња; израснав опкружен со фамилијарни политички затвореници, диференцирани и прогонувани, воспитан со духот на националната преродба и патриотизмот – дух кој секогаш ќе ме поддржува, без оглед на улогата што животот ќе ми ја понуди. Имам многу што да раскажам.Се надевам дека еден ден ќе најдам храброст сето тоа да го ставам на хартија“, напиша Лога.Лига посочува дека останува заедничка обврска, како Албанци, Македонци, Турци, Власи, Бошњаци и други, да ја изградиме оваа земја како дом сакан и почитуван од сите. Тој ќе биде меѓу луѓето, но отсега во еден послободен и независен пат – како солист.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarymoetlkn2tpro8cTzT7n

Support Kocani донираше компресивна облека вредна 452.537 денари за повредените во ,, Пулс”

Граѓанската иницијатива Support Kocani информира дека продолжува со поддршката за повредените лица од пожарот во дискотеката ,, Пулс” во Кочани и ја финализираше четвртата испорака на специјализирана компресивна облека.,,Новата пратка, која веќе е доставена до Општата болница во Кочани, претставува значаен чекор во обезбедувањето континуирана терапија и квалитетна рехабилитација.Овој циклус на донации опфаќа 44 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 14 пациенти, со вкупна вредност од 452.537 денари. Средствата се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство, што уште еднаш ја потврдува силната солидарност кон повредените.Поддршката што ја добиваме од заедницата ни овозможува континуирано да им помагаме на засегнатите и да обезбедиме навремена медицинска опрема. Особено им благодариме на компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 за нивната соработка и професионална услуга,“ истакнуваат од SupportKocani.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarybhdl32kn3bvs4zYE8mu

Николовски: Трипуновски наместо да ја дефокусира јавноста да си поднесе оставка за скандалот со ИПАРД

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, во интервјуто за емисијата „Аргумент +“ на ТВ 24, посочи дека актуелниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски по скандалот со ИПАРД програмата, нема кредибилитет да ја врши функцијата и треба да си поднесе оставка.„Трипуновски, сака да ја дефокусира јавноста и да ја избегне одговорноста и оставката која, што  впрочем и  мора да ја поднесе, заради тоа што нема кредибелитет да ја врши функцијата, заради тоа што се обиде да го скрие целокопниот случај. Прво велеше дека нема опасност за ИПАРД фондовите, и   кога објавивме дека има одлука за суспендирање, мораше да ја потврди. Грам грижа не покажа за сите оние земјоделци кои што набавуваат механизација, оние кои што градат, кои што земале кредити, кои што ги користат овие средства. Тој со денови, молчеше или прикриваше одредени работи, велеше дека нема врска со Платежната агенција, па излезе дека негов близок соработник меѓу опфатените опфатените“, рече Николовски.Николовски во интервјуто посочи дека и Европската комисија во извешрајот укажува на слабостите во Платежната агенција.„Европската комисија точно потенцира во поглавјето 11 кластер 5, во делот на земјоделство, конкретно во делот за ИПАРД дека се потребни антикорупциски мерки, нешто што за прв пат е нотирано. Тоа беше доволен аларм, но за жал се случи тоа за што алармирав повеќе пати и од собраниската говорница - сега штетите се големи“, рече Николовски.Тој додаде дека во моментов поради скандалот со ИПАРД под суспензија се 130 милиони евра кои не може да користат, односно тоа се  453 договори, од кои што 180 договори се во тек на реализација.„Луѓето ги очекуваат парите, влегле во инвестиции, тоа се многу хотели, фарми, објекти, преработувачки капацитети, мали бизниси во руралните средини, за кои што видовме дека воопшто нема загриженост, како што видовме министерот Трипуновски рече дека  воопшто не биле битни бројките.  Ако земеме во предвид дека сите овие проекти се реализираат од многу компании, подинвеститори, добавувачи - штетите и последиците од овој корупциски скандал во кој што се наоѓа државата, Платежната агенција, се огромни“, рече Николовски.Во интервјуто Николовски посочи дека втор пат кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се случува суспензија на средствата од ИПАРД и додаде дека како претседател собраниската комисија, стои на располагање на помогне со  конкретни акциски планови, да не се повтори ИПАРД 1 кога беа тотално изгубени парите и имаше најниска реализација на ИПАРД.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarypvinp9t45oisaMkkXGW

Глоба од 50 евра за фрлање смет од 22 навечер до 6 наутро во Скопје

Советот на Град Скопје донесе одлука за забрана за фрлање смет во контејнерите од 22 до 6 часот.За непочитување ќе следи глоба од 50 евра.Со ваквата забрана рекоа од градската администравија, контејнерите ќе се празнат поефикасно и нема да се создаваат депонии околу нив.„Ваквата практика јас сум ја сретнал во Истанбул и беше ограничена на 15 минути пред 5 часот кога смеете да фрлите ѓубре. Во Токио точно за секој камион за различен вид отпад исто беше точно предвидено времето кога се изнесува ѓубрето, кога се собира. Се надевам дека оваа практика ќе биде уште подобра кога ќе бидат воведени и различни корпи за селекција“, рече Даме Димитровски, претседател на Советот на Град Скопје.Советничката на Левица, Катерина Јовановска, оваа одлука ја оцени како скандалозна.„Не може вината за нефункционалноста на комуналното претпријатие да се префрла врз граѓаните. Ограничувањето кога смеат да фрлаат ѓубре, па уште и со казни е невиден скандал“, рече Јовановска.

Скопје | пред 4 месеци

media-library0h3e56972igs7cu4dfh

Скопје со 70.000 евра ќе го украси градот и ќе организира новогодишна и прослава

Со ребалансот на буџетот за 2025 година, град Скопје новогодишно ќе го украси и ќе организра новогодишна програма. За оваа цел ќе се потрошат 70.000 евраСо буџетот за 2025 година не беа планирани средства за оваа намена, за што имаше реакции од скопјани.Според најавите на новогодишната ноќ, граѓаните ќе ги забавуваат македонски музички ѕвезди.рационален.„За прослава на Нова година ќе има 70.000 евра. Сметам дека тоа не е премногу и дека е сосема нормално за да имаме една достоинствена прослава за скопјани”, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој најави дека, годинава, и тој со семејството ќе ја дочека Новата година на скопскиот плоштад.

Скопје | пред 4 месеци

media-library8h0ggq4snitr1XsVQoR

Стојаноски: Овој Предлог-буџет е јасна слика дека Македонија ќе се развива интензивно како држава која произведува, гради и привлекува капитал

На денешната седница во Собранието за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој на самиот почеток истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година опфаќа политика на раст, фискална консолидација и вложување во развојни проекти како и дека со овој Предлог-буџет се покажува дека Македонија ќе стане држава која произведува, гради, инвестира, и привлекува капитал.„Овој буџет е крвна слика на економската политика што ја води оваа Влада а тоа е политика на раст, политика на фискална консолидација и политика во вложување на човекот и развојните проекти. Ова е буџет кој покажува што сакаме да стане Македонија а тоа е  држава којашто произведува, која гради, која инвестира, која привлекува капитал, држава којашто го намалува дефицитот и долгот преку раст и дисциплина, а не преку нови сметки на грбот на граѓаните“, рече Стојаноски.Стојаноски посочи дека со овој Предлог-буџет се очекува просечната нето плата да порасне над 6,5% а бројот на вработени да се зголеми за 1,6% со што невработеноста би се намалила на 10%.„Се очекува просечната нето плата да порасне над 6,5%, а бројот на вработени да се зголеми за 1,6%, со што невработеноста треба да се спушти на околу 10%. Вкупните приходи во државната каса за 2026 година се планирани на околу 374,9 милијарди денари, а вкупните расходи на 414,2 милијарди денари. Тоа значи буџетски дефицит од 39,2 милијарди денари, или 3,5% на БДП, што е пониско од 2025 година, кога изнесуваше 4% и 41,3 милијарди денари. Даночните приходи и придонесите заедно достигнуваат 335,9 милијарди денари, што е 16,7 милијарди повеќе раст од околу 5,3% во однос на ребалансот 2025“, рече Стојаноски и додаде:„Разликата од минатото е во следново, тогаш се задолжуваа за да преживеат месец за месец, денес задолжувањето е планирано, со јасни цели отплата на стари скапи долгови и финансирање капитални проекти. За 2026 година се планирани 52,6 милијарди денари за плати или зголемување од 3,6 милијарди денари, односно 7,5% во однос на ребалансот. Тоа значи повисоки плати за наставниците за професорите, за здравствените работници, за полициските службеници, и за работниците во оваа држава“.На крај Стојаноски објасни дека трансферите кон општините би се зголемиле на 36 милијарди денари, социјалните трансфери и пензии за 13 милијарди денари со што пензиите за 9,7%.„Трансферите кон општините се зголемуваат на 36 милијарди денари, или 7,4% повеќе од ребалансот, социјални трансфери и пензии се зголемуваат за 13 милијарди денари, и тоа пензиите за 10  милијарди денари односно 9,7%. Кога ќе го погледнеме буџетот за 2026 година бројка по бројка, ставка по ставка, сликата е јасна има реални приходи, контролирани расходи, дефицит што се намалува, високи капитални инвестиции, раст на плати и пензии, силна поддршка за општините“, дециден е Стојаноски.

Македонија | пред 4 месеци

filkov-siljanovska-3

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

Во однос на констатциите на  Европската комисија дека судството се соочува со недостиг на кадар и финансиска независност ,министерот за правда Игор Филков вели дека тоа се реални проблеми, кои не се решаваат со едноставна административна одлука, туку бараат системски пристап, долгорочна стратегија и координација меѓу сите институции. Недостасуваат судии, обвинители, судска служба, јавнообвинителска служба, записничари, информатичари. Нема соодветна опрема, просторни услови, средства за спроведување на процесот на дигитализација. Министерството за правда е свесно за истите и токму затоа изготвени се и пуштени во владина процедура законски решенија за судска служба и јавнообвинителска служба. Паралелно се работи и на Закон за судови, Закон за судски буџет и Закон за Академија за судии и јавни обвинители, со цел сеопфатно да се создаде соодветна правна рамка за надминување на недостатокот на судии, обвинители и нивните стручни служби.,,Но исто така мора да кажеме нешто што често се премолчува: финансиската независност не значи финансиска неограниченост. Таа мора да оди заедно со одговорност, транспарентност и рационално трошење. Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати – побрзи постапки, поголема доверба и повисок квалитет на судските одлуки”,потенцира министерот за правда Игор Филков во интервју за Македонската информативна агенција.

Македонија | пред 4 месеци

media-library33j31kno2a0pc37uo0Z

Ангелова: Буџетот за 2026 обезбедува зголемени средства за социјална заштита, како и за раст и редовна исплата на пензиите

На денешната седница за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, која се осврна на делот кој се однесува на социјалната заштита и поддршката на граѓаните, истакнувајќи дека цврсто стои зад буџетската рамка, затоа што обезбедува зголемени средства за социјална заштита и поддршка на ранливите категории.„Предлог Буџетот за 2026 година обезбедува зголемени средства за социјална заштита, и поддршка на ранливите категории – децата, лицата со попреченост, самохраните родители, старите лица и сите кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост. Со Буџетот се обезбедува редовна исплата на платите и пензиите, како и континуирана социјална заштита. Средствата за социјална заштита се проектирани на 206,3 милијарди денари, што е раст од 6,7 проценти. Платите изнесуваат 52,6 милијарди денари, или 7 проценти повеќе во однос на оваа година, во кое е опфатено зголемување на платите со порастот на минималната плата“, вели Ангелова.Пратеничката Ангелова посочи дека ќе продолжи растот на пензиите и во наредниот период но и дека ќе се продолжи со мерки кои обезбедуваат одговорно управување со јавните финансии, постепено намалување на расходите и одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг како и засилена фискална дисциплина и транспарентност.„Во пензискиот систем се вклучени сите зголемувања реализирани во износ од 5.000 денари во септември 2024 и март 2025 година, како и последното зголемување од 1.000 денари. Растот на пензиите ќе продолжи и во наредниот период, со цел поддршка на стандардот на пензионерите. Со овој Предлог - буџет за 2026 година ќе има засилена фискална дисциплина, поголема ефикасност во капиталните инвестиции,  централизирана контрола и транспарентност, јасна процедура за субвенции и трансфери, подобра контрола врз општините, транспарентност во повратот на приходи, редовно известување и отчетност, правна сигурност и предвидливост и поголема одговорност на институциите“, рече Ангелова.

Македонија | пред 4 месеци

05062023_VRSM_BITIKI-7

Битиќи: Новиот буџет носи рекордно задолжување

На денешната комисиска расправа за финансирање на буџет, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи обвини дека предложениот буџет на Владата носи рекордно задолжување и историски најголемо плаќање камати.„Во 2026 година јавниот долг ќе се искачи над 62% од БДП, со планирано задолжување над 120 милијарди денари и „рекордни 21,27 милијарди за камати“, посочи Битиќи.Тој нагласи дека парите наместо во развојни проекти се топат во дефицитот.„Од проектираните даночни приходи од околу 200 милијарди денари, наместо да завршат во училници, операциони сали, лаборатории, патишта и железници, тие ќе исчезнат во јазот на дефицитот и во каматите“, рече Битиќи.Тој укажа и на сериозно кратење на капитални проекти. Капиталните расходи се планирани на 40,2 милијарди денари, значително помалку од 47,3 милијарди во ребалансот за 2025.Битиќи предупреди и на падот на странските директни инвестиции кои паѓаат од 570 милиони евра на 220 милиони евра.„Средствата за општински инфраструктурни проекти се кратат од 6,3 милијарди на 2,6 милијарди денари, а во технолошко-индустриските зони има само 273 милиони денари. Исто така и евроинтегративните програми се кратат од 4,45 на 3,2 милијарди денари, што е јасен сигнал за оддалечување од ЕУ“ потенцираше Битиќи.Тој оцени дека 2026 година е подготвена како популистичка или изборна година, со раст на тековните расходи и кратење на капиталните инвестиции.„Пред нас имаме октроиран буџет на влада која абдицира од фискална дисциплина, транспарентност, инклузивен дијалог и развојна одговорност. Граѓаните заслужуваат да ја видат вистината. СДСМ ја повикува Владата да повлече ваков модел на волунтаризам и да изготви буџет кој ќе биде легитимен по постапката и развоен по суштината.“, посочи Битиќи.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryt5ric0v46sk54AMQmj5

Филков: Се финализира Кривичниот законик

Министерот за правда Игор Филков во интервју за МИА соопшти дека се финализира Кривичниот законик по што ќе биде доставен во владина процедура.,,Во моментов се врши дополнително усогласување со четири нови европски директиви: Директивата за заштита на животната средина преку кривично право (EcoCrime), Директивата за семејно насилство и насилство врз жените, Директивата за поврат на средства и конфискација, како и Предлог-директивата за борба против корупцијата. Овој процес истовремено се одвива и во голем број од државите членки на ЕУ. По финалното усогласување, Кривичниот законик ќе биде доставен во владина процедура. Се утврдува и ново кривично дело во врска со злоупотреба на снимка, фотографија, аудио запис со сексуално експлицитна содржина, каде се инкриминирани и видеа креирани со вештачка интелигенција познати како deep fake. Истовремено се врши и ревидирање на посебните кривични дела поврзани со проектот „Безбеден град“, како што е кривичното дело Безобзирно управување со моторно возило”,вели министерот Филков.Целта на Министерството за правда е јасна: да создадеме нов, модерен и кодифициран Кривичен законик, во кој ќе бидат инкорпорирани сите релевантни меѓународни стандарди и инструменти, за да се зајакне правната сигурност на граѓаните, а практичарите — судиите, обвинителите и адвокатите  да имаат јасен и применлив закон, без недоречености и контрадикторности.Овој документ ќе биде суштинска трансформација на казненото право: со јасни дефиниции, правична рамнотежа на санкции, елиминирање на правната несигурност и создавање рамка во која селективната правда станува невозможна.Ова е чекор што ќе ја одбележи новата етапа во реформата на правосудството и ќе ја утврди Македонија како држава што знае да ги следи европските стандарди , но и да гради сопствена правна стабилност.Министерот Филков се осврна и на најавите за можноста Уставниот суд да донесе мериторна одлука за спорните измени од 2023 година доколку евентуално не се корегираат забелешките со најавеното законско решение.,,Одлуките на Уставниот суд конечни и извршни. Но, притоа  мора да се внимава  со изјавите и ставовите за да не се добие впечаток во јавноста дека се користат за дневно политиканство”,потенцира министерот за правда, Игор Филков.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryjssqmceucoj54J1LpFC

ССМ сака минимална плата од 600-700 евра, Владата чека одлука меѓу синдикатот и работодавачите

Работниците, според спроведената анкета бараат зголемување на минималната плата од 600 до 700 евра и ова да се спроведе веднаш.Анкетата е нарачана од ССМ и тоа на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници.,,87,2 проценти од работниците во Македонија одговорија дека минималната плата треба да се зголеми задолжително на 600 до 700 евра. 52,8 проценти од испитаниците потврдиле дека се подготвени да протестираат, а 47,2 проценти од нив потврдиле дека се подготвени да штрајкуваат за да го остварат ова право”, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.Дали ќе има интервентно зголемување на минималната плата надвор од законот е предмет на дијалог меѓу синдикатите и работодавачите, вели премиерот Христијан Мицкоски.Посочи дека Владата ќе го прифати секое решение за кое меѓусебно ќе се договорат синдикатите и работодавачите.Мицкоски очекува ова прашање да се отвори на седницата на Економско-социјалниот совет, која треба да се одржи до крајот на месецот.

Македонија | пред 4 месеци

1648455410-2022-03-27T184044Z_1864456165_RC21BT9IRDT3_RTRMADP_3_UKRAINE-CRISIS-ZELENSKIY-RUSSIA-MEDIA-750x500-1-1

Зеленски: Никој не ги тера нашите војници да умираат поради урнатини

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги замоли своите сојузници од Европската Унија да ги надминат своите поделби околу користењето на замрзнатите руски средства, велејќи дека обезбедувањето ново финансирање е клучно за економијата на Украина, разурната од војна.„Се надевам дека ќе ја добиеме оваа одлука. Во спротивно, ќе мора да најдеме алтернатива, тоа е прашање на нашиот опстанок. Затоа ни е толку потребна. И сметам на нашите партнери“, изјави Зеленски за Блумберг.Безусловната западна поддршка за Киев е поткопанаЕвропската Унија ја одложи до декември одлуката за предлогот за користење на замрзнатите руски средства за „кредит за репарација“ од 140 милијарди евра за Украина. Русија, во меѓувреме, бавно напредува на бојното поле и ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина за да ја поткопа нејзината економија додека се приближуваат зимските месеци.Руската инвазија е во својата четврта година, додека украинската влада се бори со разорена економија и исцрпени војници во најлошиот конфликт во Европа од Втората светска војна. Покрај тоа, безусловната западна поддршка за Киев еродираше по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, анализираат медиумите.Со прекинувањето на финансирањето од САД, европските влади ветија дека ќе ја зголемат помошта за да се одбранат од новата закана од Кремљ.„Русија мора да плати за оваа војна. Парите од замрзнатите средства ќе ѝ помогнат на Украина да купи повеќе воздушна одбрана од САД и Европа и да го финансира производството на беспилотни летала за напади врз руски цели. Немаме дополнителни пари. Ова е начинот и ова е фер“, тврди Зеленски.Тој посочи дека Трамп би можел да испрати „добар сигнал“ до европските лидери со тоа што ќе почне да користи милијарди руски средства замрзнати во САД. „Трамп има повеќе од пет милијарди долари руски средства, можеби ќе одлучи да ги потроши тие пари. Тоа ќе помогне“, истакна Зеленски.„Минатата американска акција, како што се енергетските санкции, исто така ги охрабри европските партнери да донесат некои силни одлуки“, додаде тој. Тој откри дека Украина започнала да произведува беспилотни летала пресретнувачи заедно со САД.Украинскиот лидер верува дека рускиот претседател Владимир Путин води намерна кампања за заплашување на Европа со неодамнешните упади на беспилотни летала и борбени авиони во воздушниот простор на НАТО. „Успеа да ги направи лидерите помалку спремни да испратат системи за воздушна одбрана во Украина. Мислам дека ги исплаши, тоа беше неговата цел и ја постигна. Без сомнение, тоа беше психолошко заплашување“, забележа тој.„Не можеме да ја напуштиме источна Украина“Тој призна дека Украина се соочува со „многу тешка“ ситуација во градот Покровск во регионот Донецк, каде што руските сили се обидуваат да ја преземат контролата по месеци интензивни борби. Зеленски инсистира дека секоја одлука за повлекување на силите е прашање на воените команданти на терен.„Никој не ги принудува да умрат заради урнатини. Ќе ги поддржам нашите војници, особено командантите што се таму. Најважно за нас се нашите војници“, нагласи тој. Тој е убеден дека Русија бара победа во Покровск за да се обиде да го убеди Трамп дека Украина треба да се повлече од целиот Донбас, кој се состои од регионите Донецк и Луганск, за да се стави крај на војната.„Не можеме да ја напуштиме источна Украина. Никој нема да го разбере тоа, луѓето нема да го разберат тоа. А главната работа е дека никој нема да ви гарантира дека ако го освојат овој или оној град, нема да одат понатаму. Нема фактор на одвраќање“, рече тој.

Свет | пред 4 месеци

media-librarypeq31gmcjv3lbXCM7Zr

Стартуваа активностите за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“

Денеска стартуваа подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ со кој значително ќе се подобри изгледот на централниот дел на градот.‎‎Проектот за реконструкција предвидува ново партерно уредување со гранитни плочки. Ќе биде поставено модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување.Во теренски увид на просторот каде што ќе се одвиваат градежните работи беше градоначалникот Кирил Пецаков заедно со дел од администрацијата која е задолжена за реализација и следење на проектните активности, како и директорите на јавните претпријатија.Вредноста на проектот е 45.000.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Изведувач на градежните работи е АД „Карпош“ од Скопје.

ОО | пред 4 месеци

media-libraryk03ucukurqr766fTsDF

(ВО ЖИВО) Бојаџи за Груевски: Маж кој илегално побегнал а не застанал да го брани семејството е кукавица

Режисерот и директор на АЛФА ТВ, Јани Бојаџи во Претрес со Ландов говори за својот најнов филм „Утре наутро”. Филмот е инспириран од настаните за и околу 27 април преку судбините на две семејства.„Приказната е вистинска и почнува од утрото на 27 април па се до последната клапа, значи за цели пет години. Репликите ги чул од роднини и пријатели. Во филмот има и реплика меѓу Заев и сопругата.Ова е приказна за еден поранешен премиер. Филмот е критика за сите мажи кои побегнаа. Груевски според некои информации илегално побегнал.Маж кој се колнеше дека ќе ја брани Македонија а во критичен момент не застанал на прагот на своето семејство да го брани е кукавица”, вели Бојаџи.За него 27 април е еквивалент на 2 август и Илинденското востание.Следете не на:

Скопје | пред 4 месеци

media-library9fqrhk0ne1536EHrPlu

(ВО ЖИВО) АЛФА е провладина ТВ, немам аномозитет према Заев туку према лагите

Гостин во Претрес со Ландов е режисерот и директор на АЛФА ТВ, Јани Бојаџи.„Од кога е дојдена ВМРО-ДПМНЕ на власт, ние немаме добиено ниту денар од Агенцијата за филм.Црвената буржоазија, нивните деца и внуци се уште раководат со средствата од Агенцијата за филм. Ни еден близок или член на ВМРО-ДПМНЕ, ни една жолта банка нема добиено”, вели Бојаџи.Сепак не ги откри имињата на лицата за кои вели дека се црвена буржоазија за да не добие уште пријави.Пријавите за незаконско работење на АЛФА, рече беа повлечени пред да си замине Вилма Русковска.„Нема анимозитет према Заев туку према неговите лаги. Тој јавно се колнеше во своите претци дека нема да го смени името. Јас сум првиот човек кој се скара со Заев.Она што го правеше Заев во Струмица, пример палмите, го правеше и Никола Груевски.Бојаџи вели дека АЛФА ТВ е провладина телевизија и ја промовира работата на власта.Следете не во живо:

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања