Промени тема
Контакт

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
filkov-siljanovska-3

Во однос на констатциите на  Европската комисија дека судството се соочува со недостиг на кадар и финансиска независност ,министерот за правда Игор Филков вели дека тоа се реални проблеми, кои не се решаваат со едноставна административна одлука, туку бараат системски пристап, долгорочна стратегија и координација меѓу сите институции. Недостасуваат судии, обвинители, судска служба, јавнообвинителска служба, записничари, информатичари. Нема соодветна опрема, просторни услови, средства за спроведување на процесот на дигитализација. Министерството за правда е свесно за истите и токму затоа изготвени се и пуштени во владина процедура законски решенија за судска служба и јавнообвинителска служба. Паралелно се работи и на Закон за судови, Закон за судски буџет и Закон за Академија за судии и јавни обвинители, со цел сеопфатно да се создаде соодветна правна рамка за надминување на недостатокот на судии, обвинители и нивните стручни служби.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

,,Но исто така мора да кажеме нешто што често се премолчува: финансиската независност не значи финансиска неограниченост. Таа мора да оди заедно со одговорност, транспарентност и рационално трошење. Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати – побрзи постапки, поголема доверба и повисок квалитет на судските одлуки”,потенцира министерот за правда Игор Филков во интервју за Македонската информативна агенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq6pdarhocoiebE9lbLX

Предлог-законот за парнична постапка помина прво читање во Собранието

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-libraryv6a3pt44u66i5NAg5Lp

Министерство за правда: Се комплетира документацијата за случајот со Груевски

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryipj9qdltm5h676s04VY

Министерство за правда: Зголемен степен на реализација на реформските активности во правосудството

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynch44fps57ctehAv2mA

Министерството за правда му подари скенер на затворот „Идризово“

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања