Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-library9uqc52o0ngto6FRgp9h

Трипуновски: Брисел ја поздрави одлуката на Владата за расчистување на случајот со Платежната агенција

Опозицијата да не шпекулира, само 50-тина договори кои што се во фаза на реализација, се стопирани„Стопирањето на процедурите е од наша страна, по проверката на целиот процес во Агенцијата со ИПАРД средствата ќе продолжи да се реализира“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во „Тема на денот“ на Сител телевизија.Трипуновски ги отфрли обвинувањата од страна на опозициската СДСМ дека ЕУ ги суспендирала срдствата за ИПАРД.„Она што го шири опозицијата дека ИПАРД средствата ќе се стопираат, ќе се изгубат средствата, итн., тоа не е точно“, нагласи министерот.Министерот Трипуновски посочи дека само македонските институции проверуваат што се случувало во Платежната агенција.„Инаку за информација на гледачите, ИПАРД 3 програмата е за периодот од 2021 -2027 година, на располагање ни се ставени 128 милиони евра кои што се поделени тековно по секоја година за реализација. Она што од ИПАРД 3 програмата е изреализирано, се склучени 453 договори кои што веќе се во некоја завршна фаза, само 50-тина договори се во фаза на реализација и само тие договори во моментов се на проверката стопирани“, појасни тој.„По проверката ќе го известиме Брисел и Агенцијата ќе продолжи со тековни активности, деновиве ќе назначиме и нов директор на Агенцијата“, најави министерот.Министерот Трипуновски при своеото гостување додаде – „Јас како министер во моментов единствен приоритет ми е работата согласно закон, решавање на проблемите кои што ги наследивме од претходната власт, да го подобриме аграрниот сектор како еден од столбовите во нашата економија и секоја една комуникација со било кој еден директор кој што бил од областа на земјоделството е во таа насока. Но, секој кој што ќе се огреши пред законот, треба да одговара“.

Македонија | пред 4 месеци

gruevski

Груевски: Европа повторно маршира кон војна

Поранешниот премиер Никола Груевски преку објава на социјалните мрежи предупреди дека Европа се движи кон нова ера на воена нестабилност, во која речиси сите држави се подготвуваат за можен конфликт меѓу Русија и Западот.Во текстот со наслов „Тапаните на војната почнаа да чукаат во Европа“, Груевски вели дека воената реторика станала секојдневие и дека за првпат по Втората светска војна се чувствува толкаво ниво на страв, пропаганда и психолошка подготвеност за судир.„Сè повеќе држави во Европа зборуваат отворено за можност од војна, а воениот буџет расте како никогаш досега. Многу од нив веќе започнаа програми за масовно вооружување и мобилизација“, пишува Груевски.Тој предупредува дека планот на Европската комисија ‘ReArm’ и засилените инвестиции во одбранбената индустрија се јасен сигнал дека Европската унија се подготвува за најлошото сценарио.„Ова не е вообичаена модернизација на армиите – ова е воена мобилизација со европски изглед,“ наведува експремиерот.Според него, три се можните сценарија – првото е дека целата реторика е дел од економска стратегија за заживување на индустријата; второто дека служи како притисок врз Русија за завршување на војната во Украина; а третото дека може да се случи реална војна, ако политичките лидери дозволат егото да ја замени дипломатијата.„Историјата нè учи дека војните ретко почнуваат поради логика – почнуваат поради суета, страв и пропаганда,“ вели тој.Во својата анализа, Груевски посочува и на опасноста од дестабилизација на Балканот, наведувајќи дека потенцијални жаришта остануваат Косово, Грција и Турција, како и внатрешните поделби во Европската унија.Во завршниот дел од текстот, тој повикува Македонија да биде подготвена на сите сценарија:„Да се надеваме дека разумот ќе преовлада, но и да бидеме подготвени ако не биде така. Малите држави, како нашата, немаат луксуз да бидат изненадени.“

Македонија | пред 4 месеци

media-librarypdqmjmm54jdt8yYUqY3

Француската полиција трага по украдениот накит од Лувр, истрагата води кон Антверпен

Француската и белгиската полиција трагаат по накит вреден 102 милиони долари, украден од музејот Лувр во Париз. Истрагата сè повеќе води кон подземниот свет на индустријата за накит во Антверпен, кој со години се поврзува со перење и препродажба на украдени скапоцености.Белгиската полиција преку европската мрежа „Розов дијамант“ добила предупредување за можни обиди за продажба на украдените предмети и веднаш била ставена во готовност.Според истрагата, се следат канали преку кои накитот може да биде преправен или стопен, а се очекуваат и нови претреси во Антверпен и околината.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryjqccs191edpbayiG09y

Министерство за здравство во соработка со Светска банка посветено на реформи на примарната здравствена заштита и унапредување на здравствените политики

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Шаошинг Ју, на која беа потенцирани приоритетите на Министерството за унапредување на јавното здравство.„Министерството за здравство е институционално мобилизирано и посветено на темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита, вклучувајќи и интеграција на моделот на долготрајна нега. Овие два сегментa ќе бидат надополнети и со дигитализација како фундаментален и сеопфатен процес на реформа на здравствениот систем“, рече министерот Алиу.Целта на овие реформи е да се унапредат здравствените политики, да се подобри пристапот до здравствени услуги поблиску до местото на живеење, како и да се зајакне превентивната здравствена заштита.На состанокот се разговараше околу можностите Светска банка да овозможи аналитичка, техничка и финансиска поддршка за овие процеси.

Македонија | пред 4 месеци

markica

Одржана третата седница на Советот на Општина Охрид

Градските советници денес ја одржаа третата седница, од конституирањето на новиот совет. На дневен ред беше ребаланост на буџетот на локалната самоуправа, со измени на програмите за работа на општинската администрација.Советниците на почетокот од работата, усвоија уште три точки кои се однесуваа на измени на развојните програми за капитални инвестици во областа на детската заштита и основното и средно образование. Во продолжение на седницата, советниците ги усвоија следните измени и дополнувања на програмите:Програма за изменување и дополнување на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на годишната програма за спорт и рекреација за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на програмата за млади и невладини организации за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на програмата за јавно осветлување за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на програмата за одржување јавна чистота за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година; Програма за изменување и дополнување на Развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2025 -2027 година; Програма за дополнување на Програмата ЈМ за капитални расходи за паркови и зеленило за 2025 година – подпрограма ЈМА реализација на „Проект за употреба и одржување на урбан простор и парк на дел од Кеј Македонија“; Програма ЈЕ изградба на простор за паркирање за 2025 година – подпрограма ЈЕА – реализација на основен проект „Изградба на катна гаража во Општина Охрид“; Програма ЈГ за дополнување на програмата за изградба на системи за водоснабдување за 2025 година подпрограма ЈГЦ – реализација на основен проект за мониторинг и управување СКАДА (SCADA) систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС систем со интеграција на двата системи;Програма за дополнување на Програмата ЈИ – изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води за 2025 година – подпрограма ФАЕ – реализација на Проектот „реконструкција на линиски инфраструктурен објект за фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од улици „Малесија“, „Александар Гушо“, „Трајче Дојчиноски“, „1-ви Мај“, „Вангел Николоски“, „Дебарца“ и „Момчило Јорданоски“; Програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДХ – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за постоечки локален пат од Камп Љубаништа до стационажа од км. 0+000,00 до км. 0+999,24“; Програма за дополнување на Програмата  ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДИ – реализација на основен проект „Реконструкција на потег дел од улица „Петрино“ до пресек со улица „Караорман“, село Лескоец-Охрид“; Програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДЈ – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект кој ги поврзува село Велгошти со село Лескоец“; Програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДК – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект, реконструкција на дел од улица „Даме Груев“ од кружна крстосница „Јане Сандански“ со улица „Питу Гули“ до пресек со „Булевар Туристичка“; Програма ЈД за дополнување на Програмата Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДЛ – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „7-Ми Ноември“ од кружна крстосница „Охридска банка“ до пресек со улица „Егејска“ – Охрид“; Програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДМ – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за дел од улица „Кленоец“ и дел од улица „Петрино“; Програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДН – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за населба Бараки во град Охрид“; Програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДО – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект – локален пат за село Завој“; Програма ЈД за дополнување на прогтрамата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДП – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект – улица во село Долно Лакочереј (крак 2)“; Програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма JDQ – реализација на „Основен проект за линиски инфраструктурен објект – локален пат од село Лескоец до село Горно Лакочереј“. Програма ЈД за дополнување на Програмата за иградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДР – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „Партизанска“ (населба Охридати) во град Охрид“; Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2025 година; Одлука за донесување на буџетскиот календар и одлука за отпис на основни средства – лаптопи.

ОО | пред 4 месеци

markica

Одржана втората седница на новиот совет

Денес се одржа втората седница на новиот совет на Општина Охрид. Пред советниците беа единаесет точки, кои беа надополнети со уште две за прекинување на мандатот и верификација на нов мандат. Констатирана беше оставката на советничката Марина Ѓоргоска, а на нејзинот место беше верификуван мандатот на новата советничка Рита Неранџоска.Во продолжение советниците ги екипираа статутарно-правната комисија, комисијата за финансии и буџет, комисијата за јавни и комунални дејности, комисијата за урбанизаам,  комисијата за општествени дејности, комисијата за туризам и локален економски развој, комисијата за заштита на животната средина, комисијата за млади и спорт, комисијата за месна самоуправа, комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија и комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените.Честитатајќи им го изборот, претседателот на советот Перчо Божиноски, ги повика советниците совесно и ефикасно да работат и задолжително да присуствуваат  на сите комисиски расправи.

ОО | пред 4 месеци

media-library2urkm755po3r0QJlDE6

Четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“ во посета на Општина Охрид

Во рамки на предвидениот план и програма за работа, денеска четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“ беа во посета на Општина Охрид.Младите гости и одделенските наставници ги прими градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на секретарот, Александар Китески. Тие ги инмформираа учениците за начинот на функционирање и надлежностите на локалната власт, за работата на општинската администрација и Советот на општината.Во пријатна атмосвера  градоначалникот Пецаков ги сослуша и одговараше на сите прашања што  му ги поставуваа децата.Денешната посета на учениците е во рамки на наставната програма за четврто одделение по предметот Историја и општество.

ОО | пред 4 месеци

media-libraryniipdf3a92b2aRuYjn6

Израел го прекрши прекинот на огнот во Газа 282 пати, убиени се стотици цивили.

Месец дена по прогласувањето на прекинот на огнот во Газа, Израел го прекрши речиси секојдневно со напади во кои загинаа стотици луѓе, пишува „Ал Џезира“. Владината канцеларија за медиуми во Газа извести дека од 10 октомври до 10 ноември Израел го прекршил прекинот на огнот најмалку 282 пати, вклучувајќи воздушни и артилериски напади, пукање кон цивили и уништување на приватна имот.Услови на прекинот на огнотСАД на 29 септември предложија 20-точковен план за завршување на војната, пристап на хуманитарна помош и повлекување на израелските сили. Договорот вклучува прекин на непријателствата, укинување на блокадата на помошта, ослободување на заробеници и повлекување на израелските сили до „жолтата линија“. Договорот беше потпишан на 13 октомври, но Израел и Хамас не присуствуваа, што доведе до сомнежи за неговата изводливост.Напади и жртвиСпоред Ал Џезира, Израел ја нападнал Газa во 25 од последните 31 ден од прекинот на огнот. Од 10 октомври, загинале најмалку 242 Палестинци, повредени се 622, а најсмртоносни денови биле 19 и 29 октомври. До 10 ноември 2025, според палестинското Министерство за здравство, загинале најмалку 69.179 лица, вклучувајќи 20.179 деца, а повредени се 170.693.Помош и блокадиИако договорот предвидуваше „целосна помош веднаш“, во Газа стигнува само дел од потребната храна, додека Израел блокирал основни прехранбени производи и дозволува увоз на нехранлива стока како грицки и безалкохолни пијалоци.Размена на заробеници и телаХамас ослободи 20 израелски заробеници во замена за палестински затвореници, а Израел врати 300 палестински тела, многу од нив со траги на тортура.Меѓународно правоПрекршувањето на прекинот на огнот претставува кршење на политичкиот договор, но не секогаш и на меѓународното право, освен ако договорот не е обврзувачки.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryqvrkpaqgjgba6EcuDk4

Жена од Хрватска фатена при превоз на мигранти кај Војниќ

Полицијата во подрачјето на општина Војниќ во Хрватска спречила уште едно криумчарење на мигранти. Минатиот четврток, на 6 ноември, полициските службеници запреле патнички автомобил со задраски регистарски таблички, управуван од 56-годишна хрватска државјанка, во кој таа превезувала странски државјани, соопштија од Полициската управа Карловац.Криумчарела од користољубиеСо спроведеното криминалистичко истражување утврдено е дека осомничената 56-годишна жена, од користољубие и за однапред договорен паричен износ, во возилото превезувала странски државјани кои нелегално влегле на територијата на Република Хрватска.Следи кривична пријаваОсомничената жена е предадена на притворски надзорник на Полициската управа Карловац со кривична пријава до надлежното државно обвинителство. Се сомничи дека сторила кривично дело — противзаконито влегување, движење и престој во Република Хрватска, друга земја членка на Европската Унија или потписничка на Шенгенскиот договор. Со странските државјани е постапено согласно со Законот за меѓународна и привремена заштита и Законот за странци.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryq9s7u9mu8rvqe9nbPVH

Полицаец од Копривница осомничен за мачење на двe момчиња

Општинското државно обвинителство во Копривница покрена истрага против 52-годишен полицаец под сомнение дека во просториите на полициската станица физички и психички малтретирал двајца млади момчиња на возраст од 19 и 22 години.Според наводите на обвинителството, постои основано сомнение дека полицискиот службеник на 7 октомври 2025 година во Копривница постапувал кон младиќите на „понижувачки начин кој вклучувал закани и заплашување“ со цел да добие од нив информации или признание поврзано со еден прекршок.По испитувањето на осомничениот, Општинското државно обвинителство предложило на истражниот судија на Жупанискиот суд во Вараждин да му биде одреден притвор поради опасност од влијание врз сведоци. Судијата го прифатил предлогот и одредил притвор.Против полицаецот се води истрага за кривично дело мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, за што Кривичниот законик предвидува повеќегодишна затворска казна.

Свет | пред 4 месеци

media-library56bogp0u6l7d1zHjPRm

Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично побарал да се запрат исплатите од ИПАРД програмата, е најдобар доказ за целосно непознавање на системот на дистрибуција и управување со европските фондови, оцени претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и поранашен министер, Трајан Димковски.-Да укажеме дека Македонија е една од неколкуте земји кои користат вакви европски кохезиони фондови за развој и тие си имаат свои процедури за трошење на своите пари и, токму ова значи дека при ваков скандал веднаш по автоматизам се носи времена прекин за користење на парите. После временото стопирање на користење на средствата незнаејки до каде ќе оди истрагата и што се ќе излезе на виделина допрва ќе видиме, но ова времено запирање може да прерасне и во целосна суспензија на ИПАРД програмата, вели Димковски.Тој потсети дека дека само пред две години во една наша соседна држава имавме суспендирање на ИПАРД програмата при што веднаш беше разрешен министерот за земјоделство, така во овој случај доколку нема морална одговорност мора да има разрешување на министерот од страна на премиерот.-При ваков скандал кој ви се случува во ресорот, а вие како министер да кажувате дека Агенцијата не е дел од министерството, а сите програми за спроведувањеи исплата во Платежна агенција и исплата ги носи министерството, да блиски луѓе од кабинет ви бидат опфатени во истрагата и притворени. Се поставува прашањето дали сегашниот министер може да влијае на истрагата и во најмала рака заради јакнење на довербата на политичарите спрема граѓаните треба да си поднесе оставка, вели Димковски

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfknjiigriljjbL7JWgC

Широко-опфатни активности за одржување на јавната чистота и зеленило

Оперативните служби со интензивни активности за одржување на јавните површини во есенскиов период. Се собираат паднатите лисја од пешачките патеки, тротоари, велосипедски патеки, покрај коловозните ленти, од парковите и другите хортикултурни содржини во поширокото градско подрачје.Секојдневно се одржува јавната хигиена покрај крајбрежниот појас од кејот и градското пристаништеСе собира расфр.ланиот комунален отпад покрај коловозните ленти на патниот правец до Свети Наум.Се уредуваше дива вегетација во с. Велгошти и Стар Град.в

ОО | пред 4 месеци

media-libraryr2hckennqb5ecbDCVvd

(Видео) Судир на скопската обиколница, делови од возилата распрскани коловозот

Вечерва на скопската обиколница се случи сообраќајна несреќа меѓу два автомобили. Според првичните информации, засега нема податоци дали има повредени лица, но делови од возилата се распрскани низ коловозот.Местото на несреќата е обезбедено од полициски екипи, кои во моментов вршат увид за да се утврдат причините за судирот.Сообраќајот на овој дел од обиколницата се одвива отежнато, додека трае увидот.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9map9aemirk67GGSErq

Менди Ќира го продава службеното „Ауди“ на Мерко, најави отказ за сите што земаат плата без да одат на работа

Новиот градоначалник на Струга, Менди Ќира, денеска го прими уверението за мандатот, по што имаше примопредавање на функцијата од досегашниот градоначалник Рамиз Мерко.Ќира на прес-конференција се заблагодари за поддршката и вети дека ќе биде градоначалник за сите граѓани на Струга, без разлика дали го дале својот глас за него и оти веднаш ќе почне со реализација на ветеното. Тој повтори дека од денеска „почнуваат промените“ во општина Струга.Ќира рече дека веднаш потпишал предлог-одлука за продажба на службениот автомобил „Ауди“ кој го купи неговиот претходник и дека својот приватен автомобил ќе го користи за службени потреби.„Денеска почнуваме од зборови на дела. Промените почнуват, мојот изборен и среќен број, 133, стои и на таблиците на мојот автомобил, кој од денеска ќе ѝ служи на Општина Струга во наредните 4 години. Исто така, донесовме важна одлука – за сите вработени кои не одат на работа со денови, месеци и со години, а некои од нив работат во странство, од денеска почнува процес на раскинување на решенијата за вработување“, рече Ќира.Како еден од најголемите приоритети го посочи патот Мороишта-Струга, потоа решавањето на проблемот со паркинг местата, комуналните проблеми.Во врска со проблемот со депонијата во Струга, смета дека ќе се реши со отворањето на регионална депонија што се очекува да се случи во 2026 година.Ќура рече и дека во договор со Владата во наредните денови комуналното претпријатие ќе добие 8.000 канти за смет, како и возила за потребите на претпријатието.

Македонија | пред 4 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

(Фото) Судир на патот Горно – Долно Лисиче, едно лице пренесено во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче, во која учествуваа две патнички возила со скопски регистарски ознаки.Според првичните информации, по судирот меѓу возилата настанала значителна материјална штета, а едно лице било повредено и со возило на Брза помош било пренесено во болница.Полицијата изврши увид на местото на настанот, а повеќе детали за причините на несреќата се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Полицаец предводел банда крадци на бакарни кабли од фабриката ,,Железара”

Министерството за внатрешни работи информира дека полицаецот со иницијали Н.А. од Скопје, вработен во Полициската станица Аеродром, е обвинет за тешка кражба. Според МВР, Н.А. заедно со три лица украл бакарни кабли од поранешна фабрика во Скопје во периодот од јануари до мај оваа година.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение за дејствијата од делото Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик, извршена во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје.Лицата се товарат дека од објектот на „Полуконти –ИГМ“ и подземните тунели низ кои поминуваат кабли за напојување со електрична енергија одзеле повеќе километри високоенергетски и среднонапонски кабли во сопственост на оштетените правни лице АД ЕСМ – Електрани на РСМ – Подружница енергетика Скопје и МакСтил АД Скопје во вкупна вредност од околу 440 илјади евра.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

Мајката на загинатиот Стефан го одби Вучиќ: „За што зборува тој? Доста ми е веќе од тоа.“

Дијана Хрка, мајката на загинатиот Стефан Хрка, деветти ден штрајкува со глад и одби средба со претседателот Александар Вучиќ. Таа изјави дека со него веќе разговарала по телефон и дека нема причина за личен состанок, бидејќи, како што вели, тој тврди дека „не е надлежен“ за ништо од нејзините барања.Хрка побара институциите да утврдат кој фрлил топовски удар кон нејзиниот шатор во близина на Ќаќиленд. Обвини дека тоа бил напад на „платеници“ и дека полицијата не реагирала.„Имаше една година, ако не е надлежен – зошто да одам? Шеснаесет луѓе се убиени, никој не е уапсен, а студентите се гонат. Ако сака нешто да направи, нека распише избори и нека ја изгради настрешницата“, рече таа.Хрка додаде дека Вучиќ ја „лажел од почеток“ и дека „не го сака својот народ“. „Доста ми е, нема да одам на средба со него“, заврши таа.

Свет | пред 4 месеци

media-library9i2n1rnuh7v646ATRrs

Претседателката Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг, предводена од Лота Џонсон Форнавре, во придружба на амбасадорот на Кралството Шведска, Oла Солстром.Сиљановска-Давкова изрази задоволство од извонредната соработка со шведските пратеници, заснована на взаемна доверба и почит, нагласувајќи дека таквото партнерство претставува основа за натамошно зајакнување на вкупните билатерални односи меѓу двете држави.Таа потсети дека Шведска е четвртиот најголем билатерален донатор на земјава и дека нејзината поддршка не се огледува само во развојната помош, туку и во улогата на фасилитатор на европските реформи.Како поранешна членка на Надзорната група за соработка со шведскиот Риксдаг, Сиљановска-Давкова нагласи дека шведската парламентарна демократија отсекогаш била пример од кој можеме да учиме. Според неа, искуството стекнато преку таквата соработка претставува поттик за нови, отворени и конструктивни дијалози што ќе ја зајакнат политичката култура и институционалната зрелост во земјава.Шведските пратеници изразија отвореност и решеност за продолжување на парламентарната соработката, размена на демократските искуства и помош и поддршка на македонскиот евроинтегративен процес.Претседателката порача дека напредувањето кон ЕУ мора да се темели на мерит систем, а не на политички условувања и еднострани барања.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarylorg539jk02l2Ld64OI

Леон, дете со аутизам, посилен од предрасудите: Го изненади другарчето кое единствено него не го покани на роденден

На ФБ страната на непрофитната организација „Се молиме за Македонија” е објавен пост за гестот на Леон, дете се аутизам, коj единствен не беше поканет на роденденот на неговoto школскo другарче:„Потег за поздрав!Откако пред еден месец Леон (12) од Скопје кој има аутизам беше единственото дете во одделението кое не доби покана за роденденот на негово другарче, реши да го изненади - во училиштето му донесе пожарникари, пилот, кошаркари, планинари и жена полицаец и му измами насмевка.Најголема радост беше дружбата со скопските пожарникари кои го провозеа во противпожарното возило”, напишаа од непрофитната организација „Се молиме за Македонија”.(Скопје 1, бидејќи се рабиоти за малолетно лице, не го објавува името на соученикот на Леон).

Македонија | пред 4 месеци

media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns

Лукоил прогласи „виша сила” на огромното нафтено поле во Ирак поради санкциите на САД

поред информациите на Reuters, рускиот нафтен гигант Лукоил прогласи „виша сила“ за испораките на нафта од своето огромно поле Западна Курна 2 во Ирак. Ова е показател дека санкциите на САД почнуваат да влијаат врз меѓународниот бизнис на вториот најголем производител на нафта во Русија.Ова законски го ослободува Лукоил од договорните обврски, но не значи автоматски целосно запирање на испораките. Сепак, ирачката државна компанија за маркетинг на нафта (SOMO) веќе откажа три товари на Лукоил закажани за испорака во ноември.Доколку причините за „вишата сила”не се отстранат во рок од шест месеци, Лукоил ќе го запре производството.Сега ниикој не знае дали нафтата ќе продолжи да се вади, но Ирак ги замрзна плаќањата кон Лукоил по воведувањето на санкциите. Лукоил поседува 75 проценти од акциите во полето Западна Курна 2, кое произведуваше повеќе од 480.000 барели нафта дневно.САД воведоа санкции врз Лукоил минатиот месец како дел од желбата на администрацијата на Трамп да го зголеми притисокот врз Москва за прекин на војната во Украина. Лукоил реагираше со објавување планови за продажба на своите средства во странство, вклучувајќи ја и Западна Курна 2.Компанијата ја прифати понудата на групацијата Гунвор, но договорот пропадна по острата реакција од Министерството за финансии на САД, кое го нарече Гунвор „марионета на Кремљ“, што го натера Гунвор да ја повлече својата понуда.

Свет | пред 4 месеци

vesna-janevska

ВРЕДИ до министерката Јаневска: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Остра реторика меѓу министерката за образование Весна Јаневска и тетовскиот градоначалник Билал Касами кој доаѓа од владината коалициска ВРЕДИ. На една недела по вториот круг од локалните избори ВРЕДИ со остар тон:,,Тоа што не знае албански јазик не треба да ја фрустрира Јаневска”.Вчера, за време на заеднички јавен настап, министерката Јаневска, неколку пати незадоволно реагираше од комуникацијата на албански јазик на градоначалникот на Касами, со новинарите од медиумите на албански јазик...Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа – и покрај тоа што живее во повеќејазична средина – не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката Јаневска реагираше затоа што не разбираше албански јазик Поради оваа причина, ВЛЕН изразува жалење за ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик и во оваа прилика нагласуваме дека таков став е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институци”, велат од ВРЕДИ.Од ВРЕДИ оценија дека потегот на Јаневска е спротивен на духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции.Според коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, едно демократско и мултиетничко општество, кога дури и странски дипломати кои престојуваат во нашата земја две или три години учат неколку зборови на албански, да бидеш министер, па дури и министер за образование, а да не знаат ниту еден збор од јазикот на сограѓаните Албанци и да реагираат на употребата на албанскиот јазик, ова , велат е тешко да се преведе во услови на коегзистенција, граѓанство и почитување на другите во едно мултијазично општество.

Македонија | пред 4 месеци

nikolovski-lj3

Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење.„Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на ИПАРД, а Владата и Министерството за земјоделство се обидуваа да ја сокријат. Суспензија имало два пати и тоа само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, во 2011 и сега во 2025 година“, вели Николовски.Тој оценува дека ова е тежок удар врз македонското земјоделство и доказ дека партизацијата, клиентелизмот и корупцијата ја разориле довербата во институциите.„Суспензијата е, пред сè, срам за Владата и доказ дека партизацијата, корупцијата и девијантните појави се широко распространети во Агенцијата – нешто на што укажував од самиот почеток“, порача Николовски.Според него, ИПАРД програмата во времето на СДСМ била најуспешната европска приказна во земјоделството, со рекордни 2.369 реализирани и контролирани инвестиции и целосна искористеност на европските пари. Николовски бара одговорност од актуелната власт.„Сега Владата треба да одговори: Кој ќе понесе политичка одговорност за овој мега-скандал? Кој ќе одговара за штетите што ќе ги претрпат земјоделците и инвеститорите? Ќе поднесе ли конечно Цветан Трипуновски оставка или ќе продолжи да се преправа дека ништо не се случило? Со кој кредибилитет ќе излезе пред земјоделците?“, вели тој.Николовски посочува дека оние кои се гонат за корупција се луѓе директно поставени од Владата и блиски соработници на Трипуновски, што дополнително ја потврдува политичката одговорност на ВМРО-ДПМНЕ за овој случај.„Време е конечно со чесни, посветени и професионални луѓе, а не со партиски поставени кадри, да се изгради системот и да се врати довербата“, нагласи Николовски.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarym16eh3p31eodaO8WGPm

Оддржана конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид

Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид.Советот го сочинуваат 13 членови:претставници од Општина Охрид, претставници од СВР Охрид и професори од сообраќајна струкаНа седницатат беше разгледан и усвоен Деловникот за работа, беше дискутирано за  тековните активности поврзани со безбедноста на сообраќајот, состојбата со инфраструктурата, како и предлози за  Годишната програма на Советот за 2026 год. која ќе биде усогласена во рамките на буџетот на Општина Охрид.

ОО | пред 4 месеци

tripunovski1-1

Трипуновски: Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата, ние продолжуваме со борбата против корупцијата

„Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои што сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки кои што ги правиме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се силно пофалени од страна на Брисел“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.„Она што веднаш по сознанието односно акцијата која што ја спроведе Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, преземени се дополнителни активности со цел да се провери работењето на самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Ќе се преземат одредени активности во делот на контролните механизми, во делот на исплатата на ИПАРД средствата“, појасни министерот.Министерот Трипуновски посочи дека во брз период ќе има нов директор на Агенцијата, со цел тековното работење да продолжи со нормална динамика.„Ние како држава сме решени да ја спроведеме борбата против корупцијата“, нагласи тој.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynk24rjile12t5kTyblK

АХВ заплени и уништи 37 тони храна со истечен рок

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредна контрола кај оператор со храна, при што беа запленети и уништени околу 37 тони храна и тоа јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини. Производите биле без декларации и со истечен рок на употреба од една до две години.За утврдените прекршоци, операторот доби времена забрана за работа, парична казна и наредба за отстранување на сите утврдени недоследности.Покрај тоа, АХВ спроведе вонредни контроли и кај други оператори со храна, како месарници, ресторани, сендвичарници и маркети. При проверките беа утврдени различни недоследности, како што се: нерегистрирани оператори со храна, непроведени задолжителни обуки за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично. За овие прекршоци, одговорните лица и операторите добија парични казни и времени забрани за работа.„Сите затекнати недостатоци мора да бидат отстранети, а небезбедната храна е нештетно уништена”, соопшти АХВ.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања