Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Груевски: Европа повторно маршира кон војна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
gruevski

Поранешниот премиер Никола Груевски преку објава на социјалните мрежи предупреди дека Европа се движи кон нова ера на воена нестабилност, во која речиси сите држави се подготвуваат за можен конфликт меѓу Русија и Западот.

Во текстот со наслов „Тапаните на војната почнаа да чукаат во Европа“, Груевски вели дека воената реторика станала секојдневие и дека за првпат по Втората светска војна се чувствува толкаво ниво на страв, пропаганда и психолошка подготвеност за судир.

„Сè повеќе држави во Европа зборуваат отворено за можност од војна, а воениот буџет расте како никогаш досега. Многу од нив веќе започнаа програми за масовно вооружување и мобилизација“, пишува Груевски.

Тој предупредува дека планот на Европската комисија ‘ReArm’ и засилените инвестиции во одбранбената индустрија се јасен сигнал дека Европската унија се подготвува за најлошото сценарио.

— реклама —

„Ова не е вообичаена модернизација на армиите – ова е воена мобилизација со европски изглед,“ наведува експремиерот.

Според него, три се можните сценарија – првото е дека целата реторика е дел од економска стратегија за заживување на индустријата; второто дека служи како притисок врз Русија за завршување на војната во Украина; а третото дека може да се случи реална војна, ако политичките лидери дозволат егото да ја замени дипломатијата.

— реклама —

„Историјата нè учи дека војните ретко почнуваат поради логика – почнуваат поради суета, страв и пропаганда,“ вели тој.

Во својата анализа, Груевски посочува и на опасноста од дестабилизација на Балканот, наведувајќи дека потенцијални жаришта остануваат Косово, Грција и Турција, како и внатрешните поделби во Европската унија.

— реклама —

Во завршниот дел од текстот, тој повикува Македонија да биде подготвена на сите сценарија:

„Да се надеваме дека разумот ќе преовлада, но и да бидеме подготвени ако не биде така. Малите држави, како нашата, немаат луксуз да бидат изненадени.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4euep141q1he0pIWv9q

Груевски ослободен во „Талир 2“ – „Белата палата“ се одмрзнува по осум години

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryomutu5c1grd6dKM4lUb

Груевски за луксузните станови на Водно: Обвинителката Стефанова го уцени Камчев да сведочи против мене, а тие не се мои

Коментари | пред 1 седмица

media-library6l77jjmjlka9a02wmiw

Државата ги продава луксузните станови одземени од Груевски: Џакузи, панорамски поглед и почетна цена од 2,46 милиони евра

Македонија | пред 1 седмица

gruevski

Никола Груевски: Лага е дека пред заминувањето од Македонија престојував во хотелот што го спомена Маленко

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања