Промени тема
Контакт

ВРЕДИ до министерката Јаневска: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
vesna-janevska

Остра реторика меѓу министерката за образование Весна Јаневска и тетовскиот градоначалник Билал Касами кој доаѓа од владината коалициска ВРЕДИ. На една недела по вториот круг од локалните избори ВРЕДИ со остар тон:

— реклама —

,,Тоа што не знае албански јазик не треба да ја фрустрира Јаневска”.

— реклама —

Вчера, за време на заеднички јавен настап, министерката Јаневска, неколку пати незадоволно реагираше од комуникацијата на албански јазик на градоначалникот на Касами, со новинарите од медиумите на албански јазик.

..Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа – и покрај тоа што живее во повеќејазична средина – не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката Јаневска реагираше затоа што не разбираше албански јазик Поради оваа причина, ВЛЕН изразува жалење за ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик и во оваа прилика нагласуваме дека таков став е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институци”, велат од ВРЕДИ.

— реклама —

Од ВРЕДИ оценија дека потегот на Јаневска е спротивен на духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции.

— реклама —

Според коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, едно демократско и мултиетничко општество, кога дури и странски дипломати кои престојуваат во нашата земја две или три години учат неколку зборови на албански, да бидеш министер, па дури и министер за образование, а да не знаат ниту еден збор од јазикот на сограѓаните Албанци и да реагираат на употребата на албанскиот јазик, ова , велат е тешко да се преведе во услови на коегзистенција, граѓанство и почитување на другите во едно мултијазично општество.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ВРЕДИ до ДУИ по пресудата за Тачи и другите: „УЧК не е сопственост на ДУИ“

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ: За Али Ахмети правдата е коцка

Македонија | пред 1 седмица

grubi-41

Кој обвинител стои зад понудата за договор со Груби?: ВРЕДИ бара одговори по првото рочиште

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ВРЕДИ: „Секое ново соочување на ДУИ со граѓаните за нив значи уште една шлаканица“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања