Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Ослободувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами претставува скандал и отворено исмевање на државните институции“, велат од ВРЕДИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library97rfv1lc4dki4OyPmw7

Ослободувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами предизвика остри реакции од коалицијата ВРЕДИ, од каде што оценуваат дека станува збор за сериозен скандал и потценување на државните институции.

— реклама —

Во реакцијата, ВРЕДИ изразува сомнеж за околностите под кои двајцата се најдоа на слобода и бара итно објаснување од надлежните судски и обвинителски органи. Од коалицијата особено го посочуваат случајот со поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој, според нивните наводи, е пуштен од притвор со гаранција од 1,2 милиони евра, додека Груби претходно бил ослободен од куќен притвор.

— реклама —

ВРЕДИ во своето соопштение поставува прашања за можни влијанија и поврзаности во правосудниот систем, споменувајќи ги и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и измените на Кривичниот законик. Притоа потсетуваат дека Груби се наоѓа на американската црна листа поради, како што наведуваат, коруптивни активности поврзани со Мијалков.

— реклама —

Од коалицијата бараат надлежните институции да ги објаснат одлуките и најавуваат дека ќе ги искористат сите институционални механизми за утврдување на одговорноста. Истовремено, повикуваат на зголемено внимание од меѓународната заедница и странските амбасади, со цел да се следат транспарентноста на постапките и почитувањето на владеењето на правото.

— реклама —

„Груби и Бајрами не можат да бидат над законот. Никој не смее да ја избегне одговорноста. Ќе има одговорност. Правдата ќе ги стигне сите“, порачуваат од ВРЕДИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krediti-za-skoluvanje-denari-1

ВРЕДИ ги спореди платите со претходната власт: просечната плата за две години пораснала за 7.538 денари

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library1t2tav14gou61RFfcQU

„Народот едвај врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат на маса над 335 илјади евра“, велат од ВРЕДИ

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ВРЕДИ до ДУИ по пресудата за Тачи и другите: „УЧК не е сопственост на ДУИ“

Македонија | пред 1 месец

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ: За Али Ахмети правдата е коцка

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања