„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Скопје1.мк

pari-evra-policija

Три години и четири месеци затвор за раководител од Маврово и Ростуше – фатен на дело со поткуп во кафеана

Основниот кривичен суд Скопје изрече затворска казна од три години и четири месеци за поранешниот раководител на Одделението за урбанизам, комунални дејности, локален економски развој и заштита на животна средина при Општина Маврово и Ростуше, откако обвинетиот С.Е. го призна кривичното дело – примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.Обвинетиот целосно ги прифатил наводите во обвинението поднесено од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Судот, покрај затворската казна, по предлог на јавниот обвинител, одлучи и за конфискација на парични средства во вкупен износ од околу 11.600 евра, пронајдени кај осудениот при претрес. Средствата се конфискувани врз основа на член 98-а од Кривичниот законик, како проширена конфискација, бидејќи нивното потекло не можело да се оправда со законски приходи и постоело уверување дека се стекнати со криминал.Истражната постапка започна во март 2025 година, кога С.Е. беше фатен in flagranti од страна на полицијата, при прием на 2.000 евра во угостителски објект во Скопје. Според обвинението, тој од јануари 2025 година, во неколку наврати, барал и примал пари во замена за вршење на службени дејствија, кои како член на Комисијата за урбанизам имал службена должност да ги изврши и без надомест.Во конкретниот случај, од еден подносител на барање побарал износ од 16.000 евра, кој потоа го намалил на 13.000 евра, со договор сумата да се исплаќа етапно – како што напредувала управната постапка. Наводно, дел од парите биле за останатите членови на комисијата со цел побрзо решавање на барањето. За првата фаза побарал 4.400 евра, но при приемот на првите 2.000 евра – беше уапсен на лице место.

Македонија | пред 7 месеци

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Од ноќеска нови цени на горивата - пак поскапуваат дел од нив

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за нова корекција на цените на нафтените деривати, со што од 20 јуни 2025 година малопродажните цени ќе се зголемат во просек за 2,06 отсто во однос на последната одлука донесена на 16 јуни.Најголемото зголемување го бележат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се зголемуваат за 2,5 денари по литар. Новата цена за дизел горивото (ЕУРОДИЗЕЛ БС) и екстра лесното масло (ЕЛ-1) изнесува 70 денари по литар.Во исто време, малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,149 денари по килограм и сега изнесува 40,928 ден/кг.Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети – 76 денари и 78 денари по литар, соодветно.Зголемувањето е резултат на порастот на референтните цени на светските берзи, кои кај дизелот изнесуваат +8,11%, а кај екстра лесното масло +7,55%. Кај бензините има умерено зголемување од 3,3%, но не доволно за промена на цената. Исто така, влијание има и намалувањето на вредноста на денарот во однос на доларот за 0,80%.Овие цени стапуваат на сила од ноќеска, од 00:01 часот на 20 јуни 2025 година. Како и досега, трговците можат да ги формираат цените пониски од максимално утврдените.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-19-at-13.56.53

МВР за тепачката во Советот на Општина Кочани

Денеска, на 19 јуни 2025 година, околу 13:00 часот во Полициската станица Кочани, советникот во Општинскиот совет, В.А. од Кочани, пријавил дека за време на одржувањето на седница на Советот, бил нападнат од колегата советник А.А., по претходно недоразбирање.Според пријавата, А.А. се обидел физички да го нападне В.А. и употребил тврд предмет, но бил спречен од други присутни. Во текот на инцидентот, А.А. фрлил и шише со вода, при што во лице погодил вработена во општинската администрација. Повредената е пренесена во здравствена установа за укажување медицинска помош.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 7 месеци

buho1

Ураниумот, теснецот и други ситници

 Во време кога човештвото со гордост праќа ровери на Марс, а мачките имаат повеќе следбеници од нобеловци, повторно се враќаме на старата добра класика: Блискиот Исток и прашањето „кој прв денеска ќе фрли?“ – не лајк, туку ракета.Израел и Иран, двата големи шампиони на „ти не ме гледај така“, повторно си играат ризик на ниво на нуклеарна напнатост. Додека еден гради „одбранбени капацитети“ (читај: дронови со егзистенцијална криза), другиот „развива нуклеарна технологија за мирољубиви цели“ – што, да бидеме искрени, е како да викаш дека купуваш калашников за самозаштита од комарците.Но, ова не е само војна за територија или влијание, ова е геополитички „тенис“ над ураниумски фијакер. Можеби сме на работ на нова ера: Втората Студена Војна, но овојпат со Wi-Fi и TikTok филтри.И кога мислиш дека нема каде понатаму, еве го Ормутскиот теснец, со 33 километри ширина и 20 проценти од светската нафта која секојдневно минува низ него. Што ако Иран го затвори, како што предупредуваат некои од најрелевантните светски воени аналитичари? Па, ништо посебно, само светот ќе паничи, цените на нафтата ќе скокнат како инфлуенсер на попуст, а глобалниот пазар ќе личи на Black Friday во Техеран.Секако, сите велат: „дипломатијата ќе го реши ова“. Највцеројатно, како што ја реши и климата, гладот и TikTok зависноста.Западот се обидува да се држи неутрален, се додека не надмине цената на нафтата од 150 долари за барел. Тогаш „неутралноста“ ќе биде заменета со „мировна мисија со придружна флота“. Кога танкерите престануваат да пловат, демократските вредности чудесно добиваат нафтена арома.На крај, дали ова е војна за ураниум? Или за влијание? Или за стара добра мачо-дипломатија? Можеби е само досада. Во свет во кој вестите траат 24 часа, а вниманието 24 секунди, трагично е колку брзо забораваме дека зад секој удар има луѓе, семејства, и уништени иднини.Но, што знам јас? Јас само пишувам. Со сарказам. За мир. 

Коментари | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-19-at-13.57.01

Политички пресметки по инцидентот во Советот на Кочани: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања

По инцидентот на денешната седница на Советот на општина Кочани, при што една вработена во општината заврши со повреди откако беше погодена со шише, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ излегоа со меѓусебни обвинувања за одговорност и политички манипулации.Социјалдемократскиот сојуз најостро го осуди инцидентот, опишувајќи го како резултат на „провидно сценарио“ од ВМРО-ДПМНЕ насочено кон дестабилизација на општината. „Советник на ВМРО-ДПМНЕ и советник од Ромска партија беа директно инволвирани, а повредена е вработена од администрацијата. СДСМ не стои зад инцидентот – тоа не е наш член туку коалициски партнер“, наведуваат од СДСМ, потенцирајќи дека токму советникот Васе Алексов од ВМРО-ДПМНЕ бил најгласен со навреди на етничка и лична основа во изминатите седници.Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ со обвинување дека токму СДСМ и в.д. градоначалникот Венко Крстевски стојат зад поттикнување на насилството. „СДСМ го користи насилството за да ја води општината. Советникот кој предизвика физички напад е нивен сојузник и поддржан од нив“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи на итна оставка на Крстевски и јавно извинување од СДСМ.Во меѓувреме, полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветна пријава.Инцидентот го отвори прашањето за влошениот политички амбиент во Советот на Кочани, каде седниците сѐ почесто се одвиваат во атмосфера на тензии, обвинувања и – очигледно – насилство.

Македонија | пред 7 месеци

sednica-co-sdsm-2

СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, вели СДСМ.За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски - најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-19-at-18.32.59

(Видео) Грешка на СДСМ се измените на КЗ кои овозможија неказнивост, но ВМРО-ДПМНЕ помогна за кворум, вели Бочварски

Гостин во ,,Претрес со Ландов”, гостин е Благој Бочварски пратеник од СДСМ и екс министер за транспорт и врски.За пратеникот Миле Лефков кој ниту одговара на пораки ниту доаѓа на сите емисии, не сака да коментира, иако смета дека треба да се почитуваат медиумите.Од Претрес Лефков доби и вечерва уште една покана за гостувања.За најновата информација дека на Сашо Мијалков државата од наши пари треба да му плати 85.000 евра за неговите адвокати по застарување за предметот за прислушување, Бочварски рече дека грешка на СДСМ е носењето на измените во Кривичниот закон и потсети дека и ВМРО-ДПМНЕ помогнале со правењето кворум во Собранието.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski-filipce

(Видео) Има сериозна опасност дали СДСМ ќе продолжи да постои по локалните избори, вели Мицкоски

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не гледа конструктивност од страна на опозициската СДСМ во однос на процесот на евроинтеграции на земјава и нагласи дека поради едноцифрениот рејтинг, кој сега го има партијата, има сериозна опасност дали таа партија ќе продолжи да постои по локалните избори.,,Гледате дека градиме, се бориме низ цел свет, а Филипче со една изјава вика јас се прифаќам, се што ќе ми ставите на маса дајте да потпишам, само вратете ме на власт да бидам премиер, тоа не е конструктивност, тоа е рушење и затоа имаат едноцифрен рејтинг и мислам дека по локалните избори постои сериозна опасност дали таа политичка партија ќе продолжи да постои”, изјави Мицкоски.Во врска изјавите дека Филипче по примерот на Заев, кодоши и ги поткопува државните интереси, Мицкоски смета дека не треба подетално да навлегува во анализа на нешто каде го забележува предавничкиот, поданички и кодошки однос.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-19-at-18.31.54

(Видео) Бочварски: Јас сум Македонец и зборувам македонски јазик

Ексминистерот за транспорт и врски и актуелен пратеник на СДСМ Благој Бочварски во ,,Претрес со Ландов” рече дека со Договорот со Бугарија е зајакнат идентитетот и признаен македонскиот јазик.,,Сите одлуки овие години СДСМ ги носеше, но не и другата партија. СДСМ и кога беше на власт подаде рака за соработка за да оди државата напред.Јас знам кој сум, јас сум Македонец и зборувам македонски јазик. Придобивките од НАТО веќе ги чувствуваме”, рече Бочварски.Емисијата следете ја на линкот:https://youtube.com/live/s4c8dKk-vsE?feature=share

Македонија | пред 7 месеци

kocevski-1

(Видео) СДСМ ја критикува истрагата, но ќе го разреши ли Коцески?

За трагедијата во Кочани директна вина немам но сите чувствуваме вина кои сме биле дел од системот, рече ексминистерот за транспорт и врски и актуелен пратеник на СДСМ, Благој Бочварски.Тој во ,,Претрес со Ландов” рече дека треба заеднички да се решаваат сите прашања.,, Откако ВМРО-ДПМНЕ и Владата излегоа со прес-конференции и обвинувања за трагедијата во Кочани, СДСМ излезе со став”, рече Бочварски.Не бил вклучен во изборот на Љупчо Коцевски за државен обвинител.,, Лаички е од оваа позиција и мојата професијата да дискутирам за обвинителни одлуки. Не плукам по се и сешто. За обвинението за Кочани има сериозни пропусти. Но на крајот ќе се види”, рече Бочварски, кој не сакаше да даде конкретен одговор каков ќе биде ставот за тоа дали Коцевски е добар обвинител и дали треба дз биде разрешен.Емисијата следете ја на линкот:https://youtube.com/live/s4c8dKk-vsE?feature=share

Македонија | пред 7 месеци

272657594_468285018113800_489941184548056827_n

Етно-комплексот „Македонско село“ по седум години повторно отворен

Скопје доби уште едно туристичко место, со убав поглед и преубави соби и апртмани.По седум години, денеска се отвори етно-комплексот „Македонско село“.,,За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полу уништен објект се става во функција, тоа е овој комплекс, наречен Македонско село.Благодарност до инвеститорите, до концесионерите, кои што се охрабрија да инвестираат и да понудат и на Скопје и на сите оние кои ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко, алтернативно и би рекол, ултра квалитетно место, каде што може да се ужива во преубав поглед, во преубави соби, апартмани, би рекол и сигурен сум во превкусна храна. Така што јас би им посакал многу среќа во работата, се разбира“, рече премиерот Христијан Мицкоски.Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана на најповолна на јавниот повик што го распиша владината Служба за општи и заеднички работи.Инаку комплексот никогаш и не заживеа за да биде исплатлив, а потоа беше ставен под клуч.Комплексот се состоеше од 12 автентични куќи од македонските краеви, простории каде се претставени македонските занаети, а дел и се продаваа. Имаше и хотелски соби и ресторански дел.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-01-05-at-10.23.06

Синдикатот на контролори на летање се заканува со штрајк доколу не се поништи огласот за нови вработувања во М-НАВ

Повторно вриее во М-НАВ, нарушени се меѓучовечките односи, блокирани се процесите за јавни набавки, има тајни измени во систематизацијата со отворање несуштински работни позиции.Синдикатот на контролори на летање е незадоволен и од огласот за нови вработувања и ССКЛМ го известил раководството на М-НАВ дека бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк.Инсистираат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на јуни, во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10 ти јули.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-01-05-at-10.23.06

Мицкоски одговори: Оние што правеа упад и тепаа се закануваат со штрајк во М-НАВ

Премиерот Христијан Мицкоски одговори на ултиматумот на Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија (ССКЛМ), кој од раководството на М-НАВ бара или поништување на последниот оглас за нови вработувања и итна реализација на неисполнетите точки од минатогодишната Спогодба или активирање на штрајкот.,,Ние од закани не се плашиме”, одговори Мицкоски.За премиерот причина за најавите за штрајк не е распишаниот оглас за вработување нови кадри.,,Не мислам дека е тоа причината, се закануваат оние што правеа упад и тепаа. Е сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат и тоа е”, рече Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_5572

Со некрофилска злоупотреба не се добиваат политички поени: Мицкоски до СДСМ за Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски одговори на обвинувањата на СДСМ за селективност во истрагата за пожарот во Кочани и за објавите на опозициската партија во врска со фирмата „Салтировски Консалтинг“.Мицкоски истакна дека тој ја разбира стратегијата на СДСМ и обидот преку некрофилија да добие политички поени.,,Што се однесува до суштината на истрагата не би коментирал, сега веќе има обвиненија, тоа е во рамки на Јавното обвинителство, Владата, ниту кој било дел од неа не е поврзан со истрагата која ја води Љупчо Коцевски, јавен обвинител кој со огромно мнозинство го избраа СДСМ и ДУИ. Во тимот се и обвинители, кои во минатото не е тајна дека беа поддржани од СДСМ и ДУИ. Тука СДСМ повторно на некрофилски начин ја злоупотребува трагедијата и загубите на луѓето. Мислат дека така ќе профитираат, но мислам дека се лажат. Што се однесува до политичката кампања околу донациите тоа може да биде само уште еден доказ повеќе дека нема селективност, за разлика од случајот со Модуларната болница, Ласкарци, Беса транс, кога до ден денес имаме привилегирани директни или индиректни актери во тој случај и јас навистина го повикувам Јавното обвинителство ревносно да се позанимава и со овие случаи, тие така рекоа, но како да ги подзаборавија”, рече Мицксоки

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-19-at-18.26.54

Мицкоски се сомнева на саботажа во РЕК, МВР испитува

Вчера наутро Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски се исклучи од електроенергетскиот систем поради проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура или опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување.Постои основано сомнение дека е можно да се случила саботажа во РЕК Битола. МВР го истражува случајот што е нивна работа, а на вработените во АД ЕСМ им останува час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функција, порача премиерот Христијан Мицкоски.,,Важно е што навремено снабдување со електрична енергија ќе добијат сите корисници. Во РЕК Битола се прават натчовечки напори во делот на дисциплината и ремонтите. Двата блока се веќе во ремонт, а овој единствено работеше, бидејќи таква е потребата на пазарот во моментов, РЕК Битола да работи со еден блок, а пикот да се пегла со други извори”, рече Мицкоски потсетувајќи дека АД ЕСМ и Владата не побара зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули, како што, како што посочи, тоа многу пати го правеше мината влада.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-18-at-20.14.19

Кочани доби ПРП терапија – повредените од трагедијата веќе се третираат локално

Во Општата болница во Кочани за првпат е изведена ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити) кај десет лица повредени во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Интервенциите се извршени од специјализиран медицински тим од скопската болница „Св. Наум Охридски“, објави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.Претходно, девет други пациенти беа третирани на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.„Ова е голем чекор напред – ПРП терапијата сега е достапна во Кочани, без потреба од патување до Скопје!“, порача Клековски.ПРП терапијата е современа медицинска метода која користи плазма од сопствената крв на пациентот, збогатена со тромбоцити, со цел да се стимулира и забрза процесот на регенерација и заздравување на кожата и меките ткива.Овој напредок значително ќе го олесни лекувањето и рехабилитацијата на повредените, но и ќе обезбеди побрз пристап до современи терапии за целото источно подрачје.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_6727

Авионот од Базел кружи над Скопје – невреме го одложува слетувањето

Патнички авион на лет од Базел кон Скопје веќе извесно време кружи над македонскиот главен град, откако поради нестабилни временски услови не може да слета на скопскиот аеродром.Според најновите податоци од метеоролошката станица на аеродромот „Меѓународен Аеродром Скопје“, во 15:20 часот е регистрирано нестабилно време со појава на грмежи, засилен северен ветер и локален дожд. Ветерот дува со брзина од 11 јазли од северен правец (340°), а повремено достигнува и 15 јазли со променлива насока.Иако видливоста е оценета како добра, на 3.000 стапки се бележат грмежливи облаци, додека на 6.500 стапки има расеани облаци, што дополнително ја отежнува ситуацијата.Поради овие метеоролошки услови, авионот моментално е во воздушен кружен режим и чека дозвола за безбедно слетување штом се подобрат условите.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.33

Иран му одговара на Трамп: Дефинитивно нема да преговараме со небитен воен поттикнувач

Мисија на Иран во Обединетите нации одговори на тврдењето на Доналд Трамп дека Техеран му се обратил на Вашингтон.„Ниту еден ирански функционер никогаш не побарал да се довлечка до вратата на Белата куќа. Единственото нешто што е поодвратно од неговите лаги е неговата кукавичка закана да го „отстрани“ врховниот лидер на Иран“, се вели во писмено соопштение па се додава:„Иран нема да преговара под принуда, нема да прифати мир под принуда и сигурно не со ирелевантен воен поттикнувач кој очајно се обидува да остане релевантен. Иран ќе одговори на секоја закана со контразакана, а на секој напад со реципрочен одговор.“Претходно:

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби и не

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите среде тревникот пред Белата куќа. Беше прашан дали САД се приближуваат кон напад врз нуклеарните постројки на Иран.„Дали ќе го нападнете нуклеарниот постројка на Иран и точно кога, господине, ќе го нападнете?“, праша новинар, на што Трамп одговори „Не знаете дали воопшто ќе направам нешто. Не знаете. Можеби ќе го направам. Можеби нема.“Тој рече дека „никој не знае што ќе прават“, но дека може да го каже следново: „Иран има многу проблеми и сака да преговара. И им реков: Зошто не преговаравте со мене пред сите овие уништувања? Зошто не дојдовте? Им кажав на луѓето, зошто не преговаравте со мене пред две недели?“Тој рече дека Иран му пристапил и дека „тие дури предложиле да дојдат во Белата куќа“.„Имаа лоши намери. Знаете, 40 години велат: Смрт за Америка, смрт за Израел, смрт за секој друг што не го сакаат, каде било“, додаде тој.„Насилници. Беа како насилници на училишното игралиште. А сега не се. Но, ќе видиме што ќе се случи.“, заклучи тој.

Свет | пред 7 месеци

brza-pomos-nokje-3

Крвава пресметка во Чаир: постака против 18-годишник кој прободел малолетник во граден кош

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Постапката е поведена против едно од лицата инволвирани во вчерашниот инцидент во Чаир, додека за истиот настан постапка ќе се води и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата.Од доказите обезбедени во предметот постои основано сомнение дека повод за оружениот инцидент со нож била меѓусебна вербална расправија во сообраќај, меѓу осомничениот и неговиот татко од една страна и малолетникот од друга страна. Расправијата прераснала во физичка пресметка, во која таткото и синот со употреба на физичка сила, клоци и тупаници го нападнале малолетното дете. Во тој момент детето извадило нож со кој им нанело повеќе убодни рани по телото на осомничениот и неговиот татко. Осомничениот успеал да му го земе ножот на детето и го прободел во градниот кош.Во физичката пресметка трите лица се повредени, при што малолетникот и таткото се хоспитализирани со тешки телесни повреди. Полесни се повредите кај сега осомничениот 18-годишник, за кого јавниот обвинител веќе побара да се определат мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со малолетното дете кое го повредил.

Македонија | пред 7 месеци

zaharova

Захарова: Блиску сме до нуклеарна катастрофа, дали сите мислат дека радијацијата нема да ги стигне?

Русија реагира на вербалниот напад од САД врз Иран бидејќи тоа радикално би го дестабилизирало Блискиот Исток, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, а Москва проценува дека Израел ризикува да предизвика нуклеарна катастрофа со нападите.Русија потпиша стратешко партнерство со Иран во јануари и има односи со Израел, иако војната на Москва во Украина е причина за загриженост за израелските власти. Понудата на Русија да посредува во израелско-иранскиот конфликт не беше прифатена.Рјабков, зборувајќи на маргините на економскиот форум во Санкт Петербург, за новинската агенција Интерфакс изјави дека Москва го повикува Вашингтон да се воздржи од директно мешање.„Тоа би бил чекор што радикално би ја дестабилизирал целата ситуација“, пишува Интерфакс и ја цитира изјавата на Рјабкова, критикувајќи ги таквите „шпекулативни опции за кои само се шпекулира“.Шефот на руската служба за надворешно разузнавање СВР, Сергеј Наришкин, рече дека ситуацијата меѓу Иран и Израел сега е критична, а портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова рече дека израелските напади врз нуклеарната инфраструктура на Иран значат дека светот е „милиметри“ оддалечен од катастрофа.- Нуклеарните постројки се цел на напади - изјави таа за Ројтерс, додавајќи дека надзорникот за нуклеарна безбедност на ОН веќе регистрирал конкретни штети.- Каде е целата светска заедница? Каде се сите екологисти? Не знам дали мислат дека се далеку и дека овој (зрачен) бран нема да ги достигне. Па, нека прочитаат што се случи во Фукушима - рече Захарова, осврнувајќи се на несреќата во јапонската нуклеарна централа во 2011 година.Во 20-годишниот договор за стратешко партнерство потпишан во јануари од претседателот Владимир Путин и иранскиот претседател Масуд Пешмерга, Русија не вети дека ќе му пружи воена помош на Техеран и не е обврзана да го стори тоа и покрај блиските воени врски на земјите.Путин, кој веќе изгуби клучен партнер на Блискиот Исток со соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад минатиот декември, разговараше по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп во саботата. Тој ги понуди услугите на Москва како посредник, за што Трамп рече дека е отворен, пред подоцна да побара „безусловно предавање“ на Иран.Извор запознаен со внатрешните дискусии во САД изјави дека Трамп и неговиот тим разгледуваат опции, вклучително и приклучување кон Израел во нападот на иранските нуклеарни постројки.Сергеј Марков, поранешен советник на Кремљ, рече дека конфликтот, иако се спротивставува на Русија, би можел да донесе некои придобивки за Москва, вклучително и повисоки цени на нафтата, поголем кинески апетит за руска нафта поради тешкотиите во добивањето иранска нафта и прераспределба на американските воени ресурси подалеку од Украина.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-18-at-17.06.10

(Видео) Пожар на дивата депонија во Визбегово – кабли се палат намерно, повик за контроли

Во текот на денешниот ден избувнал пожар на депонија во скопската населба Визбегово. Според информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш било стапено во контакт со Полициската станица Бутел и со Противпожарната бригада на Град Скопје, кои излегле на терен и интервенирале.Се работело за пожар кој зафатил сува трева, ѓубриште и кабли, а истиот бил успешно изгаснат. Сепак, од ЦУК информираат дека одделни поединци намерно палат кабли на депонијата, што го отежнува гаснењето и создава дополнителен ризик по животната средина и здравјето на граѓаните.Граѓаните апелираат за поинтензивен надзор и санкции за намерното предизвикување пожари и загадување на воздухот, особено во делови како Визбегово, каде проблемот е хроничен.

Скопје | пред 7 месеци

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Невреме на пат кон Македонија – грмежи, дожд и град

Според информациите добиени од УХМР, денес до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град.Во Скопе, денес во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престоува на отворен простор и под осамени дрвја.

Македонија | пред 7 месеци

sednica-co-sdsm-1

Натпревар во што поидиотски ставови, СДС повторно шампион, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС уште еднаш покажа дека не може да излезе од сопствениот балон. Додека Владата работи, додека се намалуваат даноци, се враќа ред во институциите и државата почна да оди напред, СДС се занимава со измислени термини и панични настапиво јавноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Навредите за „врховизам“, „изолација“ и „антиевропски вредности“ се обид да се покрие реалноста: нивното време помина, народот ги порази, а денес државата конечно има стабилна и одговорна власт.Факт е дека на меѓународни конференции како CPAC се среќаваат лидери кои се избрани од својот народ и го бранат националниот интерес. Тоа СДС не го разбира, бидејќи нивниот пристап беше сервилен, поразувачки и штетен.Македонија нема да се врати назад. Колку и да се обидуваат СДС да ја извалкаат со излитени флоскули, народот гледа разлика меѓу збор и резултат. А нивниот збор не вреди ништо

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-11-23-at-12.34.16

Притворот на осомничените за смртта на 16 лица при падот на настрешницата во Нови Сад е укинат

Апелациониот суд во Нови Сад го укина притворот на петмина осомничени во истрагата за фаталниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 16 лица, објави судот во среда.Судот донесе одлука со која делумно ги прифати жалбите на адвокатите на обвинетите во кривичната постапка во врска со трагедијата во Нови Сад, која предизвика бран повеќемесечни протести и обвинувања на властите за коруптивни практики и лошо извршување на работите на неодамнешната реконструкција на станицата.Меѓу првично уапсените, судот веќе го укина притворот на поранешниот министер за градежништво, Горан Весиќ, а уште петмина обвинети беа ослободени од притвор, против кои ќе се примени електронски надзор и забрана за напуштање на станот во период од три месеци, како и забрана за користење телефони, интернет и прием на други лица во станот.На крајот од минатата година беше поднесено обвинение против 13 лица, но судот го врати за доработка.Меѓу обвинетите се и поранешната вршител на должноста директорка на Српската железничка инфраструктура Јелена Танасковиќ, поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и неговата помошничка Анита Димовски и поранешниот генерален директор на Српската железничка инфраструктура Небојша Шурлан.Тие се обвинети за кривични дела против јавната безбедност и предизвикување јавна опасност.Во обвинението се товарат и неколку инженери, проектанти и лица одговорни за изградба, контрола и надзор.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања