„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Скопје1.мк

mijalkov-hotel-

Молк од институциите за хотелот на Мијалкови во Охрид – игнорирана претставка од 25 организации

И покрај поднесена претставка од 25 граѓански организации со барање за итно отстранување на хотелот што се гради во охридската Горица, ниту Владата, ниту премиерот, ниту Општина Охрид постапиле во законскиот рок – со што е прекршен и Законот за постапување по претставки и предлози.Хотелскиот комплекс на фирмата „Дивелоп Груп“, чиј сопственик е „Бест веј инвестмент“ на Мијалкови, се гради на местото на поранешна шума. Невладини организации тврдеа дека е без соодветна еколошка проценка, со незаконско одобрение и во спротивност со препораките од УНЕСКО и Бернската конвенција. Но, потпретседателот на Владата, Александар Николоски, тврди дека се е според закон и дека Мијлаков не би дозволил таква почетничка грешка. Градбата е посочена како закана во Планот за управување со светското наследство, а активностите започнаа и покрај барањето на УНЕСКО за нивно стопирање.Од екоактивистите велат дека институциите ги игнорираат и законските и моралните обврски. Кабинетот на премиерот претставката ја препратил до Општина Охрид и МЖСПП. Молк стигнал и од пратениците, па дури и од ДКСК, каде случајот е поднесен уште во март.На оваа тема, зборуваше и потпретседател на Влада и министер за транспорт и врски, Александар Николоски во „Претрес“:?t=2233

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-18-at-12.20.42

Туфегџиќ за таткото на Вања: Овој човек не е убиец – тој е родител кој изгуби сѐ

Во завршниот збор пред Судот, адвокатот Владимир Туфегџиќ се обрати во одбрана на својот клиент, Александар Ѓорчески – обвинет во случајот за помош при грабнување на 14-годишната Вања Ѓорческа, негова ќерка.„Александар поради бруталното убиство на неговото дете и тешките последици за него и за неговото семејство, од овој суд не бара милост или одлука поради сожалување и емпатија кон него, Александар бара праведна судска одлука со која ќе бидат казнети сторителите, судска одлука со која ќе ги дознае мотивите и вистинските причини за овој монструозен чин и одговор на прашањето, зошто токму тој и неговото семејство се одбрани да бидат до крајот на животот осудени да живеат со огромна празнина, тага и болка. Застапникот на обвинението (обвинителката) не докажа надвор од разумно сомнение дека Александар го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, рече Туфегџиќ.„Обвинителниот акт кон Александар Ѓорчески не само што е контрадикторен, туку и човечки неприроден“, истакна Туфегџиќ па додаде: „Овој човек е татко. Преживеа нешто што ниту еден родител не треба да го доживее – да му ја грабнат ќерката и подоцна да му ја пронајдат мртва.“Туфегџиќ го обвини обвинителството дека „со невидена леснотија, го ставиле таткото на убиеното дете на обвинителна клупа“.„Ваквиот пристап на застапникот на обвинението во теоријата на докажувањето за учеството на таткото Александар дека комуникација помеѓу таткото и Љупчо Палевски имало, но сепак нема докази за постоење на комуникацијата затоа што било логично да нема доказ за нивната комуникација е недозволен и опасен преседан кој значи обвинување за претпоставена а не докажана вина, тврдење кое е потполно неосновано и паушално од причина што телефоните кои ги користел таткото се криминалистички вештачени, нема доказ за комуникација или избришани записи по претходна комуникација со телефонските броеви кои ги користел Палевски а кои ги посочува застапникот на обвинението“, додаде тој.На крајот, Туфегџиќ апелираше до судот да „погледне со разум и правичност, но и со човечност“, и побара целосно ослободување на Александар Ѓорчески од обвиненијата.„Овој човек не е убиец – тој е родител кој изгуби сѐ. Во оваа смисла по однос на обвинетиот Александар се докажа дека ваквото обвинение е резултат на прекршување на основните принципи на кои почива истражната постапка и криминалистичка истрага, во која не е направена прелиминарна анализа на информациите, ниту е направена нивна организација и диференцијација, ниту била формирана основа на структурата за одлучување.Токму од доказите на обвинителството произлегува дека доказите од видео надзорот врз основа на кои се темели обвинението се обезбедени и прибавени токму од обвинетиот Александар и сведокот Гоце и тоа со знаење, согласност и со напатствија од полициските службеници кои учествувале во истражната постапка“, заклучи тој.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_2199

Москва остро предупредува: Американска воена поддршка за Израел ќе го запали Блискиот Исток

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, предупреди дека директната американска воена помош за Израел би можела радикално да ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток, каде што воздушната војна меѓу Иран и Израел беснее веќе шест дена.Рјабков, според новинската агенција Интерфакс, рече дека Русија ги предупредува САД да не му даваат таква помош на Израел, па дури ни да разгледуваат такви „шпекулативни опции“.„Ова би бил чекор што радикално би ја дестабилизирал целата ситуација“, ја цитираше агенцијата.Тој потврди дека Москва е во контакт со Ерусалим и Техеран.Во посебен коментар, шефот на руската служба за надворешно разузнавање СВР, Сергеј Наришкин, рече дека ситуацијата меѓу Иран и Израел сега е критична.Порано, извор запознаен со внатрешните дискусии во САД рече дека претседателот Доналд Трамп и неговиот тим разгледуваат низа опции, вклучително и приклучување кон Израел во нападот врз нуклеарните постројки на Иран.

Свет | пред 7 месеци

4-1

Само заедничка соработка ќе ја направи Европа побезбедна, посилна и пообединета, порача Тошковски од Салцбуршкиот форум

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера и денес во Загреб учествува на министерска конференција во рамки на Салцбуршкиот форум кој е централно-европска владина платформа замултилатерален дијалог и соработка за прашања во врска со внатрешната безбедност во која Македонија е дел од групата пријатели на оваа платформа.Министерот Тошковски се обрати на сесијата „Прекугранична соработка во справувањето со нелегалната миграција и организираниот криминал“ во која потенцираше дека со заедничката соработка преку мисијата Фронтекс досега е постигнато подобрена контрола на нелегални мигрантските рути, зајакнат капацитет за борба против прекуграничниот криминал и зголемен капацитет на македонските гранични операции да бидат поблиску до стандардите на ЕУ.„Користејќи ја помошта од Европската унија, ја зајакнавме граничната инфраструктура, ги подобривме нашите системи за азил и добивме поддршка во операциите против шверцот и спречувањето на трговијата со луѓе. Придонесуваме кон регионалната стабилност со воспоставување на подобрена гранична безбедност. Постигнавме намалување на нерегуларната миграција. Интензитетот на нелегалните обиди за преминување на границата е намален од почетокот на 2025 година. Во периодот од 1 јануари до 12 јуни 2025 година, спречени се вкупно 1.956 обиди, што во споредба со истиот период во 2024 година претставува намалување за триесет проценти.“, издвои како дел од успесите на ова поле министерот Тошковски.Министерот Тошковсски дефинираше и неколку места за подобрување на соработката кои ќе донесат подобри резултати како олеснување на брзата размена на податоци, континуирана размена на разузнавачки податоци со цел ефективни истраги против меѓународните криминални групи, заеднички програми за обуки на лица и развој на електронски алатки и истражни методологии вклучително и разузнавање од отворени извори со цел собирање на критичните информации и докази.Министерот Тошковски на крај пред форумот изрази желба Македонија како земја пријател на форумот да биде домаќин на таков еден иден настан со што уште еднаш ќе ја потенцираме посветеноста на заедничката соработка и иднина на Западен Балкан како дел од Европа која е побезбедна, посилна и пообединета.Министерот Тошковски во рамките на форумот оствари и билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ. Фокусот на средбата беа начините на справување со илегална миграција и активностите поврзани со борбата против организираниот и транснационален криминал. Се разговараше за реорганизација на границата и поставеноста на полицијата со цел поуспешно обезбедување на истата. Министрите изразија загриженост за настаните на Блискиот исток и можноста за создавање на нова мигрантска криза и заедничкиот заклучок беше дека е потребно уште сега да почнат да се вршат подготовки во однос на материјални, технички и човечки ресурси со цел успешно справување со таков нов евентуален мигрантски бран.Министрите ја разгледаа и соработката помеѓу Центарот за обука на МВР и Полициската академија на Хрватска, можностите за размена на искуства, наставни програми за средното полициско училиште кое ќе биде најблиску до хрватскиот модел.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-51-2530PM

Паркингот на Клинички не е ни мапиран, новиот министер бара бара решение

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека паркингот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ не е ни мапиран и дека тоа е првиот проблем со кој се зафатил откако стапил на функција пред шест дена.„Ќе почнеме со анализа – колку паркинг места има, колку ги користат пациенти и вработени, и потоа ќе понудиме краткорочно решение. Долгорочното ќе зависи од иднината на самиот Клинички“, рече Алиу.Проблемот со паркингот се актуелизираше откако поранешниот министер Арбен Таравари најави дека нема да се реализира договор со фирмата „Ѓока констракшн“ од Албанија, која требаше 20 години да стопанисува со паркингот преку јавно-приватно партнерство.Премиерот Мицкоски тогаш изјави дека договор не е склучен и оти јавноста ќе има последен збор дали ваквиот модел ќе се реализира.

Македонија | пред 7 месеци

kesisev-7345

Бранителот на Кешишев: „Мојот клиент не е убиец – туку заложник на туѓа волја“

На денешното рочиште, адвокатот Игор Ефремов, бранител на обвинетиот Влатко Кешишев, побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во делот од обвинението што го товари за соизвршителство во двете грозоморни убиства на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.Во својот завршен збор пред судот, Ефремов тврдеше дека во текот на целата постапка Обвинителството не изнело цврсти докази дека Кешишев делувал како соизвршител. Напротив, според него, токму исказите на другите обвинети и сведоци, како и самата изјава на Кешишев, укажуваат дека тој немал ниту умисла, ниту конкретни дејствија кои би го вклучиле како активен учесник во самите убиства.Адвокатот посочи дека Кешишев имал подредена, па дури и потчинета позиција во однос на Љупчо Палевски, за кого рече дека „управувал со целото окружување, вклучително и со Влатко“. Неговата улога, според одбраната, била ограничена на помош околу грабнувањето, без свесност или согласност за конечниот чин – убиствата.„Ако соизвршител е оној без чии дејствија делото не би било сторено – прашањето е: Кои се тие клучни дејствија на Влатко Кешишев?“ – праша Ефремов пред судот, повикувајќи се на начелото на индивидуализација на вината.Според Ефремов, Кешишев не само што не знаел за намерите на сообвинетите, туку бил и првиот што по апсењето ги водел истражителите до местото на закопаните тела. „Да не беше неговата совест и каење – телата немаше да се најдат. Тој им помогна на органите на прогонот. Тоа не го прави убиец – туку сведок и жртва на туѓа контрола“, истакна тој.На крајот, одбраната побара од Судот исклучиво да го цени учеството на Кешишев во делото „грабнување“, но да го ослободи од обвиненијата за „убиство“ и „соизвршителство“.БОНУС ВИДЕО:

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-18-at-12.31.17

(Видео) Иран го користеше хиперсоничниот „Фатах‑1“ против Израел – пробиена „Куполата на железо“

Иранската Револуционерна гарда (IRGC) денеска ја потврди примарната употреба на хиперсоничниот балистички проектил „Фатах‑1“ во нападите кон Израел. Според државните медиуми, ова е првпат овој проектил да се употреби во поширок инцидент и Иран тврди дека ги урнале воздушните одбранбени системи на Израел, вклучително „Куполата на железо“На објавеното видео се гледа како проектилот ја пробива израелската воздушна одбрана, оставајќи зад себе голема експлозија пред кампусот на IDF (Израелската одбранбена сила) во Тел Авив .Што значи „Фатах‑1“?Лансиран првпат во 2023 година, хиперсоничен балистички проектил, развиен од IRGC и според Иран способен да „пробие“ воздушни одбранбени системи како Куполата на железо и Arrow .Има опсег до 1.400 км и боевска глава од 350–450 кг, придвижувана со единечна тврда фаза, која овозможува маневрирање за избегнување нафрлови.Реакции:Иран ја нарече оваа акција дел од операцијата „Чисто ветување III“, тврдејќи дека обезбедиле „цврст воздушен надзор“ над израелските територии. Израелската војска ја призна упадната активност и најави „подетално истражување“, додека извори од Вашингтон предупредуваат дека ваквите проектили значително ја зголемуваат ескалацијата.Израел се соочува со зголемен притисок – проектилите „Фатах‑1“ може значително ја комплицираат заштитата на населени места и стратешки цели.

пред 7 месеци

IMG_5572

Фирмата и сопругата на Салтировски донатори на ВМРО-ДПМНЕ, ете зошто власта ги штити, вели СДСМ

„Македонија се соочува со најголемата измама и обид за затскривање на вистината за најголемата трагедија која се случи во поновата македонска историја“, вели Богданка Кузеска - портпаролка и додава:Од денес станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат никаква намера да работат во корист на правдата, ниту пак на крај памет им доаѓа да спроведат неселективна правда.Согласно јавно достапните податоци на Заводот за ревизија во списокот на донатори на политичките партии, како донатор на ВМРО-ДПМНЕ во кампањите во 2020, 2021 и 2024 година се сретнува компанијата „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ увоз-извоз Делчево.Фирма чиј сопственик е сопругата на началникот на СВР Штип Дејан Салтировски, Анита Салтировска.Освен донации од фирмата „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ увоз-извоз Делчево на списокот на донатори може да се најде и името на сопругата на началникот на СВР Штип Дејан Салтировски, Анита која освен донации преку компанијата, вршела уплата на донации и од свое лично име.Она што ВМРО-ДПМНЕ треба да го одговори на Македонската јавност е дали „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип служела како фирма параван за прибирање на рекет од локалите кои биле изоставени од контрола на полицијата - како што бил примерот со дискотеката „Пулс“?Дали оваа компанија водела фиктивно сметководство за компаниите „Класик“ ДООЕЛ и „ММММ“ Дооел кои управувале со дискотеката „Пулс“ на газда Деко?Дали со транши од Деко на „Салтировски консалтинг“ ДООЕЛ од Делчево се исплаќал договорениот паушал за полициска заштита на „Пулс“?Дали „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ била вмешана и во скандалот „Делчевски Ниви“ кој магично исчезна од судските процеси?Конечно, дали овие пари од Деко завршувале за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ?Македонија нема никаква надеж за неселективна правда, бидејќи ако навистина се тргнат канџите на Мицкоски од Обвинителството, одговорноста за работењето на дискотеката „Пулс“ ќе укаже директно на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски треба да објасни, до кога мисли да врши притисок врз обвинителите со надеж дека ќе ја сокрие вистината.За крајот, да го потсетиме на една мудрост на неговиот претходник „вистината е како шило, врти, врти и на крајот ќе излезе“.

Македонија | пред 7 месеци

bore-videvski-5

Адвокатот бара ослободителна пресуда за Боре Видевски, обвинет за убиството на Вања: Тој е колатерална штета

Во завршните зборови на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, адвокатот на обвинетиот Боре Видевски – Бојан Манев – ја спореше основата на обвинението против својот клиент, оценувајќи ја целата истрага како „погрешно насочена, политички мотивирана и професионално аматерски изведена“.Манев се обрати со остра критика кон институциите: обвинителството, полицијата и целиот истражен процес. „Од почетокот, овој предмет беше изведен како театар пред јавноста, со намера да се покаже брзо ‘расчистување’ на случајот. Наместо докази, гледаме конструкција“, рече адвокатот.Тој потенцираше дека против Видевски нема ниту еден директен доказ – ниту ДНК трага, ниту видео снимка, ниту сведочење кое го инволвира на местото на злосторствата. Единствениот елемент на кој се потпира обвинението, според Манев, е наводно изнудено признание под тортура, добиено додека Видевски бил подложен на физичко и психолошко насилство, иако, како што истакна, обвинетиот има трансплантиран бубрег и сериозна здравствена состојба.„Обвинителството дури и не го повикало сведокот кој можел да го потврди алибито на Боре. Не беа изведени снимките од бензинските пумпи и камерите кои, според сведоци, постојат и се во доказниот материјал. Намерно беа премолчени“, истакна Манев.Тој го нарече случајот „правно недозреан експеримент“, кој ќе остане запишан како пример за тоа како не треба да се води една кривична постапка. Манев тврдеше дека Видевски, како татко на две ќерки, долгогодишен карате тренер и човек со интегритет, не само што не би можел да биде сторител на такво монструозно дело, туку и самиот се пријавил во полиција, што го исклучува каков било бегалски или прикриен мотив.„Обвинителството сака од јавноста да бара верба во сценарија без логика – дека некој сам се снима додека подготвува убиство, дека човек без мотив станува дел од криминална група, дека татко на две ќерки учествува во киднапирање на дете, без апсолутно ниту еден доказ“, истакна адвокатот.На крајот, Манев побара судот да го ослободи Боре Видевски од вина, со образложение дека тој е колатерална жртва на „институционална неспособност, јавен притисок и политичка потреба за виновник по секоја цена“.Одлуката на судот сега останува да се донесе во атмосфера на силен јавен интерес и поделени ставови околу тоа дали обвинението ќе успее да ги поддржи своите тешки обвинувања со цврсти докази – или предметот ќе се распадне под тежината на правните аномалии.

Македонија | пред 7 месеци

kazni-policija-policaec

Кумановец се обидел да прегази полицајци во прилепско

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Т. (26) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Инцидентот се случил на 20 мај 2025 година, во село Беровци, прилепско, кога пријавениот управувал патничко возило марка БМВ со бугарски регистарски ознаки. На даден знак за запирање од страна на полициски службеници, тој одбил да застане и со возилото се обидел да ги удри полицајците на терен.По кратка потера, Д.Т. бил фатен и веднаш лишен од слобода.Против него е поведена кривична постапка и се очекува понатамошна одлука од надлежното обвинителство.

Македонија | пред 7 месеци

velibor-manev-obvinitelki

Манев бара да биде суден за грабнување, а не за убиство, па раскажа како барал од Палчо да ја ослободат Вања

Денеска во судот на завршните зборови, адвокатот на обвинетиот Велибор Манев, Горан Бошевски, побара судот да го ослободи неговиот клиент Манев од обвиненијата за убиствата, а да остане само обвинението и да биде казнет само за грабнувањата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.По грабнувањара Вања и Панче беа бездушно убиени во ноември 2023 година.,,Треба да постои претходен договор за да има соизвршителство. Треба делото да го извршат заедно. Треба да се работи за дејствија кои претставуваат особен придонес кон извршување на делото.Соизвршител за убиство може да биде само некој кој се договорил дека ќе бидат убиени лица”, објаснуваше бранителот и рече дека Манев ги познава обвинетите, освен таткото на Вања, Александар. Го познава и Панче, кој му останал должен. Рече дека планирале грабнување, но не и убиства.Тој и натаму тврди дека со Боре Видевски мислеле дека киднапираат возрасна жена од влезот, која Палевски ја следел.„Кога ја отворивме вреќата видовме ранец. Палевски ја тргна лентата и видовме дека е дете. Ја праша која е, кои и се мајка и татко, и потоа ја фотографираше со вперен пиштол. Со Боре му рековме да го ослободи девојчето, и така бевме под маски, но тој ја фотографираше, зеде перниче од ѓубриштето и ја застрела во главата“, рече адвокатот на Манев.

Македонија | пред 7 месеци

puls-38

Обезбедени средства за спомен-обележје во чест на младите жртви од „Пулс“

Со амандман поднесен и усвоен денес во Собранието, обезбедени се 2 милиони денари како почетни средства за изработка на идејно решение и отпочнување на активности за подигнување на спомен-обележје во Кочани, во чест на младите кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“.Спомен-обележјето ќе биде поставено во централното градско подрачје на Кочани и ќе претставува тивок, но моќен симбол – сведоштво за загубата, потсетник за солидарноста и опомена дека ваква трагедија не смее никогаш да се повтори.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Без ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, изгласано одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Успеа третиот обид да има надзорна расправа за трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани.Партијата Левица е предлагач на иницијативата. На седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, со која претседава Димитар Апасиев, а со поддршка на опозицијата, усвоена е иницијативата за одржување надзорна расправа за трагедијата во Кочани.И овој пат отсуствуваа и не гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.Но, се употреби деловничката можност одлуката да се изгласа со поддршка од една третина од членовите на Комисијата.„Јавноста и граѓаните на Кочани заслужуваат одговори на сите дилеми и сомнежи околу селективната истрага за оваа трагедија. Очигледно е дека се штитат лица со тесни врски со владејачката партија“, порачаа од Левица, потенцирајќи дека институциите реагираат само под притисок на јавноста.Дека се спремни да дадат поддршка за оваа иницијатива се изјаснија и пратениците од СДСМ и Европскиот фронт, кој во своите излагања посочија дека наместо вистина граѓаните и семејствата на загинатите и повредените добиле само политиканство од власта и органите, кои како што обвинија работеле под владин диктат каде се штедат од пресуди владини функционери и каде нема оставки ниту од морални причини.Левица посочува дека владејачкото мнозинство требало да иницира надзорна расправа, наместо, како што велат, да одржува трибини зад затворени врати, во време на силна емотивна вознемиреност кај јавноста.„Одржувањето на оваа надзорна расправа е политичка должност. Никој што дозволил да функционира дискотеката на смртта не смее да биде поштеден од одговорност“, порачаа од Левица, нагласувајќи дека ќе продолжат да се борат против сите обиди за заташкување на случајот и за правда за трагедијата што ја потресе цела Македонија.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.23

Хуманитарна линија претворена во масакр: Израел нападна луѓе што чекаа помош

Израелските тенкови пукаа врз толпа што се обидуваше да добие помош од камион во Газа во вторникот, при што загинаа најмалку 59 лица во еден од најкрвавите инциденти досега, соопштија медицински лица.Видео објавено на социјалните мрежи покажува десетина осакатени тела како лежат на улица во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.Израелската војска, која е во војна со палестинските милитанти предводени од Хамас во Газа од октомври 2023 година, го призна пукањето во областа и рече дека го истражува инцидентот.Сведоци интервјуирани од Ројтерс рекоа дека израелските тенкови испукале најмалку две гранати врз илјадници луѓе што се собрале на главниот источен пат низ Кан Јунис надевајќи се дека ќе добијат храна од камионите за помош што ја користат рутата.„Одеднаш нè пуштија да одиме напред и ги натераа сите да се соберат, а потоа почнаа да паѓаат тенковски гранати“, рече Алаа, очевидец интервјуиран од Ројтерс во болницата Насер, каде што ранетите жртви лежеа распнати на подот и во ходниците поради недостаток на простор.Палестинските лекари изјавија дека во инцидентот загинале најмалку 59 лица, а 221 се ранети, од кои најмалку 20 се во критична состојба. Ранетите биле итно префрлени во болница со цивилни автомобили, рикши и коли со магариња.

Свет | пред 7 месеци

d60ced68-cece-4c37-9368-49515558d345

(Видео) Иранските државни медиуми објавија видео од рака како гали атомска бомба

Иранските државни медиуми објавија видео на социјалните мрежи на кое се гледа рака како гали нуклеарна бомба со натпис „можеби“ додека Израел продолжува со нападите, а американскиот претседател Доналд Трамп го предупредува раководството на Иран.Видеото е објавено на социјалната мрежа X од страна на Иранската арапска новинска агенција.Израел со денови ги напаѓа воените и нуклеарните објекти на Иран, уништувајќи го военото и разузнавачкото раководство на Иран и убивајќи неколку врвни нуклеарни научници. Израел тврди дека дејствува за да го спречи Иран да изгради нуклеарна бомба.Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, но негира дека сака да изгради нуклеарно оружје и тврди дека неговата нуклеарна програма е само за цивилна употреба.Трамп го повика Иран да постигне договор за нуклеарното прашање и рече дека нема да дозволи развој на нуклеарно оружје. Додека Израел го напаѓа Иран, Трамп го зајакна военото присуство на Америка на Блискиот Исток, давајќи си можност да им се придружи.„БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!“ објави Трамп вчера на социјалната мрежа Truth Social, во порака до иранското раководство.

пред 7 месеци

Filipce-dzip-audi-dhip-filipche-audi-960x523-1

Крајно време е, по разните корупциски скандали и криминални афери, како и за џипот од 130 илјади евра, ЈО да покрене постапка за Филипче, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Зачудува заштитничкиот однос на Јавното обвинителство кон претседателот на СДС, Венко Филипче. Како да постои само да го заштити Филипче, да не биде гонет за разните корупциски скандали и криминални афери од кои дебело профитирал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Венко Филипче добил луксузен џип, вреден 130.000 евра од фирма добитник на тендери во време кога СДС беше на власт, а обвинителството молчи и не отвора случај.Посебно симптоматичен е молкот на обвинителство за луксузниот џип на Филипче, имајќи го во предвид фактот дека за ист ваков случај отворило предмет за поранешниот директор на СОЗР кадар на СДС, Пеце Мирчевски кој добил автомобил од фирма добитник на тендери.Која е разликата меѓу Мирчевски кој е процесуиран од обвинителството и за случајот од судот му бил определен 30 дневен притвор, и Филипче за кого обвинителството се прави и глуво и слепо за ист таков случај.Или пак привилегијата на Венко Филипче е што е претседател на СДС, а Мирчевски обичен директор од СДС, кој треба да оди курбан, што кај нив е нормална работа, за Филипче да се спаси од прогон.Крајно време е, по разните корупциски скандали и криминални афери, Јавното обвинителство да покрене постапка за претседателот на СДС, Венко Филипче.Ако обвинителството не го процесуира и не го истражи случајот за луксузниот џип на Филипче, ќе потврди дека е во служба на негова одбрана и заштита и дека работи под диктат на СДС.Но едно е сигурно, ЈО и да отвори и да не отвори постапка за Венко Филипче, тој веќе нема легитимитет, народот јасно гледа дека тој главен учесник и во криминалните афери како Онкологија и модуларната и дека е заштитен.А, тоа ќе биде мотив уште повеќе да го казни на избори.

Македонија | пред 7 месеци

palevski-gjorcevski

Денеска завршни зборови на одбраната за грозоморното убиство на Вања и Панче

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Во Основен Кривичен суд Скопје завршен збор има одбраната на обвинетите.Прв е велешанецот Велибор Манев кој веќе призна вина во сведочењето.На претходното рочиште, обвинителството во завршните зборови побара максимална казна или доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев. За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, побара судот да му одреди соодветна затворска казна.Јавното обвинителство побара доживотен затвор за четворицата обвинети, бидејќи, рекоа нема олеснителни околности, а нивните постапки дополнително ја трауматизираат јавноста.По завршните зборови на сите зборови следува пресудата за овој случај.Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Македонија | пред 7 месеци

foto

Четири деца и четири возрасни евакуирани од Израел и вратени во Скопје

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром.Станува збор за осум лица – четири деца и четири возрасни – кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде со авион во сопственост на Владата беа транспортирани до Скопје.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, преку социјалните мрежи информираше за успешно завршениот процес на евакуација, нагласувајќи дека со оваа операција нашата земја се вбројува меѓу првите во Европа кои организираа и реализираа безбедно враќање на свои државјани од зоната на конфликт на Блискиот Исток.Министерството, преку дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, останува во континуирана комуникација со останатите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел. За сите прашања и конзуларна поддршка, на располагање се дежурните телефонски броеви.

Македонија | пред 7 месеци

delai-annuler-emails-gmail

Предупредување до речиси 2 милијарди корисници на Gmail: Веднаш сменете ги лозинките

Потпретседателот за безбедност и приватност на GOOGLE, Еван Коцовинос, издаде сериозно предупредување до сите корисници на Gmail (кои ги има речиси две милијарди) - веднаш сменете ја лозинката, објави Индекс.хр. Според податоците, дури 61% од американските корисници биле цел на обид за напад преку е-пошта, а експертите предупредуваат - работата е сериозна и повеќе не е прашање дали, туку кога.Лозинките, иако сè уште се најраспространетиот начин за најавување, се сè поранливи. Луѓето ретко ги менуваат, често ги користат на повеќе услуги и избираат премногу едноставни варијанти. Ново истражување открива дека речиси половина од возрасните Американци користат „ризични“ лозинки, вклучувајќи ги имињата на домашните миленици, членовите на семејството или дури и сопствената адреса. Уште полошо, 8% од испитаниците користат лозинка за која веќе знаат дека е компромитирана.Затоа Google предлага побезбедна алтернатива: passkey.Passkey е форма на автентикација без лозинка што користи комбинација од јавен и приватен клуч. Јавниот клуч се чува на сервер, додека приватниот клуч е безбедно складиран на вашиот уред. За разлика од лозинката, лозинката не може да се погоди, украде или искористи во фишинг напад. Сè останува на вашиот уред - а најавувањето се врши со препознавање на лице, отпечаток од прст или ПИН.Дури и ако го изгубите уредот, можете да ги вратите вашите лозинка преку вашата сметка на Google - тие се поврзани со вашиот кориснички идентитет, а не со одреден уред.

Магазин | пред 8 месеци

filipce

Филипче со жестоки обвинувања за Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро го нападна премиерот Христијан Мицкоски, нарекувајќи го симбол на неисполнети ветувања, политичка хипокризија и опасни амбиции за авторитарно владеење. Во своето обраќање на Фејсбук, а откако Мицкоски го нарече предавник, Филипче го оцени слоганот „Најдоброто допрва доаѓа“ како навреда за интелигенцијата на граѓаните.„Што допрва доаѓа? Не беа доволни четири години локална и една година централна власт за да се види барем еден резултат?“, праша тој, обвинувајќи го Мицкоски за лаги и неспособност.Филипче се осврна и на економијата, велејќи дека Македонија, според Евростат, има најлош животен стандард во Европа, со стагнирани плати и инфлација, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ, според него, ужива во луксуз и непотребни трошоци.„Се лета со приватни авиони, се јаде папаја и манго, а народот едвај врзува крај со крај“, истакна лидерот на СДСМ.Тој го прозва Мицкоски и за, како што рече, „тајниот договор со Бехтел и Енка“, прашувајќи зошто уште нема тужба, и кој се вградил со проценти, откако Трајко Славески признал дека цената ќе порасне од 1,3 на 2 милијарди евра.Во најостриот дел од настапот, Филипче го обвини премиерот за авторитаризам и нарушување на демократскиот поредок:„Мицкоски сака да воспостави диктатура. Тоа не е ‘кодошење’, туку патриотизам – борба против врховизам и предавство.“Во обраќањето, тој не го поштеди ни начинот на кој се третира културното наследство, прашувајќи „нели му беше срам на Мицкоски да се вози по дупките до Хераклеја“ и посочувајќи на запуштеноста на локалитетот во Битола, каде, според него, ВМРО-ДПМНЕ владее веќе четири години.Филипче најави дека јавноста ќе слушне имиња на финансиери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кои, како што вели, се поврзани со трагедии и криминал, а кои досега биле чувани во тајност.

Македонија | пред 8 месеци

2-1

Мицкоски: Не смеат функционерите да заборават дека, макадамот по селата и улиците е повистински, поавтентичен и помек од килимот по скапите хотели и канцелариите

„Денеска, кога ја одбележуваме јубилејната година од основањето на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, на денот кога го славиме не само бројот на годините, туку и патот што го минавме како народ и како политичка сила, се чувствувам повикан и обврзан да зборувам за она што сме, што бевме и што ќе бидеме. Овој ден не е само празник, туку повик на одговорност, повик на надеж и повик на заедништво“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, па додаде:ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци, се бореше за својот идентитет, за слобода, за правда. Ние сме оние кои што ја продолжуваме таа светла и чесна мисија, кои не ги забораваме корените, ни темелите на кои е изградена македонската државност. Не треба никој да заборави дека тоа се темели изградени со човечки страдања, со крикот на илинденците и победата на асномците, со заветот на комитите и војводите, со плејадата мажи и жени кои гинеле за нашата слобода, кои поразите ги надминувале со пркост, а до победите доаѓале со надеж и непобедлива волја. Она што оваа партија ја разликува од другите е нејзината непоколеблива вера во народот, во неговите вредности и во правдата како наш најсилен стожер.И затоа овие бели и мудри глави кои денес се заедно со нас, но и многумина кои веќе не се со нас, но чие дело го паметиме, ја потврдуваат историската грамадност на оваа организација која постела, постои и ќе продолжи да постои за нашата единствена и најголема кауза - Македонија!Во растењето на партијата, во нашите порази и победи се вклучени многу наши браќа и сестри. Оние кои се наши истомисленици, но и оние кои размислувале различно, но сепак ги споделуваат нашите идеи и во чии срце е ВМРО, сакам да испратам благодарност за нивната преданост и нивната искрена желба за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ за многумина е партија, но и за многумина од нас е пред се идеја што не запира и вредности кои носат промени. Тие промени ја донесоа независноста, таа жед за своја држава донесе да учествуваат во создавањето на темелите на државата, кои многупати потоа беа силно разнишувани, разјадувани и имаше обиди да бидат уништени. Но ние не се откажвме. Затоа што верувавме во нашата идеологија и затоа што си ја сакаме нашата татковина.Но, мораме да признаеме – периодот што го оставивме зад нас не беше лесен. Последните седум години, беа години на катастрофално владеење од страна на СДСМ и ДУИ, полни со корупција, предавства и разнишување на нашите институции. Институции кои беа столбови на државата, за жал, беа рушевини. Вербата на народот беше разнишана, економијата заглавена, политичарите потонати во корупција, стандардот на граѓаните паѓаше од ден на ден. Луѓето беа разочарани, уморни, полни со апатија, страв и неизвесност. И токму поради ова, нашиот влез во Владата пред една година беше повеќе од промена на една обична владина гарнитура. Тоа беше нов почеток и потврда дека народот не заборавил, дека народот не се откажал, и дека сега почнуваме да градиме темели – темели на промени, темели на чесност, темели на работа и темели на правда.Ние не сме тука да ветуваме лесни приказни или брзи решенија. Не!...Ние сме тука да направиме она што е правилно, да ги исправиме грешките и да ги санираме штетите од минатото. Се знае, нема назад!Со неизмерна чест и одговорност стојам пред вас на овој ден кога одбележуваме 35 години од основањето на нашата партија — нашата голема, наша вечна идеја. Идејата која не прекинува, која не паѓа, која гори во срцата на секој од нас. ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка организација. Тоа е жив дух, потекло и продолжение на македонската борба за слобода и правда. Нашата партија, како идеолошки наследник на историското ВМРО, го носи товарот и светлината на една борба што трае повеќе од век и половина. Од првите денови на Внатрешната македонска револуционерна организација, која се крена против неправдата и угнетувањето, па до денес, кога ние се бориме против невидливи, но не помалку опасни непријатели – корупција, предавства и уништување на институциите.Ние сме партија која стои на темели на храброст, достоинство, родољубие и чесност. Партија во чии штабови, на чии настани сеуште се живи приказните и се раскажува за жртвата на Христо Узунов, се поклонува пред делото на Гоце Делчев, сеуште се паметат херојските дела на Александро Турунчев, Горче Петров, Карев. На овие темели градиме иднина. И затоа денеска, во ова време на надеж, ви велам – ВМРО-ДПМНЕ е светилникот што ја осветлува темнината која долго време ја покриваше нашата земја.Нашата држава беше предмет на долготрајно уназадување и разрушување. Седум години владеење на ДУИ и СДСМ кои оставија, навистина, длабоки рани. Рани кои се гледаа во секоја институција, во секој агол од нашата Македонија. Корупција што ги рушеше темелите на правдата. Предавства што ги поткопаа државните интереси. Руинирање на институциите, со што нашите граѓани останаа разочарани и без надеж, но, со силна решеност, народот повторно да ја зема власта во свои раце. ВМРО-ДПМНЕ застана како вистински чувар на промените кои се неопходни. Целата наша енергија и секој наш чекор се насочени кон обновување и стабилизација на државата. Затоа, да не заборавиме – нашата фотелја не е крајна цел, туку должност. Должност кон народот, кон Македонија.И немојте никогаш да забравите од каде потекнуваме, од каде доаѓаме и конечно, каде ќе се вратиме по сето ова. Најскапата работа што еден човек може да ја остави на своите потомци, не се парите, не е имотот, туку честа и чистиот образ. Како што мудро знаат нашите да кажат, не смеат функционерите да заборават дека: макадамот по селата и улиците е повистински, и поавтентичен и помек од килимот по скапите хотелите и канцелариите. И тоа е така поради реалноста која ја има во себе и чекорот на своите сограѓани кои чекорат по него, а фотелјата е секогаш понеудобна од гајбата пред кооперација, поради тоа што таму извира твојата моќ и твојата цел. Токму затоа, сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба. Клупата во вашите маала е таму кај што мора да знаете дека еден ден пак ќе се вратите и ќе мора луѓето таму да ги погледате во очи и со гордо крената глава да им одговорите, јас го направив тоа за вас, јас се борев за вас, и да не се срамите и да се криете од нивните прекорни погледи.Несовесното седење во фотелјата носи срам и разочарување. Достојното и пријателско седење на столчето или гајбата пред кооперацијата, на клупата во маалото, носи пријатели, поддржувачи и вистинска сила за идејата. Таму лежи основата на вистинската политичка иднина на честа и на нашиот образ.Во овие мигови на промени, апелирам до сите наши функционери и членови: не заборавајте кој сте, од каде дојдовте, и кому му служите. Никој не смее да дозволи бахатост, агонија од моќ и корист да го заматат погледот. Да демонстрираме волја и докажеме пред народот дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор, дека не сме исти како оние кои владееја со земјата во минатото.Драги браќа и сестри,Ние сме новата надеж. Ние сме промената која не се плаши да се соочи со предизвиците, да ги поправи грешките и да постави правичен ред и правда. Владата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време кога економијата беше во криза, кога граѓаните беа загрижени и разочарани. Но денес, со гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски раст на бруто домашниот производ.Сепак, ние не треба да се фалиме со бројките. Знаеме дека овој раст не е доволен, дека народот сè уште не го чувствува подобрувањето во својот секојдневен живот. Затоа упорно работиме на санирање на штетите од минатото, на создавање стабилна и предвидлива економија, на отворање на нови работни места, подобрување на услови за сите работници, посебно младите, земјоделците и пензионерите. Македонија нема повеќе да биде земја на понижување и предавство. Нашата надворешна политика е достоинствена, принципиелна и се темели на заштита на нашата заедничка историја, култура и идентитет.Не можеме да дозволиме да не кодошат во странство оние кои треба да бидат чувари на националните интереси. И да не мислат дека ветувањата за отстапки, деградации и понижувања ќе ги донесат повторно во Владата. Народот е свесен и нема да дозволи повторно да биде измамен. Она што Венко Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не е туѓо и не смее да се заборави, за да не се повтори.Ние не сме тука за да изградиме праведно општество, во кое нема да има непривилегирани, туку напротив ние сме тука за да изградиме општество во кое ќе нема привелигирани. Тука сме за да изградиме правда за сите. И за тоа ќе бидеме безмилосни кон секој кој ќе ја злоупотреби довербата на народот.Драги пријатели, знам колку тешко се живее во Македонија. Ги слушам вашите приказни, вашите грижи, вашите надежи. Затоа и велам дека оваа влада ќе продолжи да работи максимално, без одмор, без отстапки, до моментот кога секој човек ќе ја почувствува промената.Имам една лична приказна која ќе ја споделам со вас. Пред многу години, како млад човек од автентично семејство, сфатив дека ништо не доаѓа само од себе. Мојот татко велеше: „Може да имаш многу амбиции, но без чесност и труд, ништо не се гради.“ Тој совет ми стана животно мото. Ние сме тука, заедно, да ја изградиме Македонија каква што ја сакаме – силна, слободна, горда. Секој од вас е дел од оваа борба. Нашата идеја не запира. Нашите вредности носат промени. Со вера во иднината и со непоколеблива надеж, верувам дека најдоброто допрва доаѓа. Благодарам на сите основачи, борци, членови на ВМРО-ДПМНЕ кои со љубов и посветеност го чуваат овој дух и ја водат нашата партија кон светла иднина.За Македонија. За народот. За сите нас.Во секоја историска борба, а особено во онаа на нашиот народ, која трае со децении, клучот за успехот лежи во единството и свесноста за одговорноста што ја носиме како наследници на нашата земја. Не сме тука за да се бориме за фотелји или моќ, туку за да создадеме вистински вредности кои ќе останат засекогаш и ќе ги препознаат идните генерации. Се сеќавам како после седумте години катастрофално владеење на ДУИ и СДСМ, кога нашите институции беа разнишани, корупцијата цветаше, а идентитетот и националниот интерес беа на удар, многумина помислија дека нема спас за Македонија. Но токму тогаш, во најтешките моменти, ние одлучивме да преземеме одговорност и да покажеме дека има надеж.Ние не сме партија која ветува празни зборови. Нашите дела се најсилната порака. И затоа во првата година од оваа влада, успеавме да ја стабилизираме економијата. Но тоа не е доволно. Народот го чувствува товарот од минатото и сè уште очекува промени кои ќе ги подобрат животите.Затоа, сега повикувам на искрена самокритика и совест кај секој член и функционер на ВМРО-ДПМНЕ.Силна Македонија не се гради само со бројки и економски показатели, туку и со чување на традицијата и вредностите кои нè дефинираат како народ. Конзервативните вредности на семејството, традицијата, трудот, честа, нацијата, редот, правдата и одговорноста се нашиот стожер. Тие вредности нè водат низ темнината и нè крепат во времето на предизвиците. Секоја промена почнува од дома, од личната одговорност и од свеста дека само заедно можеме да направиме голема разлика. Ние не сме тука за себе, туку за народот. Тука сме за Македонија и за иднината на сите граѓани во Македонија.Не заборавајте, нашата партија е иднина на борците од 1893-та, борците кои со крв и солзи ја изградиле нашата држава и култура. Ние сме нивни следбеници, а ова наследство нè обврзува да бидеме чесни, силни и непоколебливи. Сите ние, од најмалиот член до највисокиот функционер, мораме да го чуваме ова наследство со чист образ и посветеност.И токму во овој контекст ги споменав претходно и однесувањата на претседателот на се уште најголемата опозициска партија СДСМ, пред кои не можеме да молчиме, неспособноста и предавствата кои со зачуденост јасно ги гледаме. Народот веќе ја знае вистината. Ние сме сведоци на тоа дека македонската жица на овие политичари свири само кога ќе се објави тендер или лична корист. Ова се нови времиња, кога народот има очи да гледа и памет да не биде излажан. Ние нема да дозволиме да се повтори истата приказна. Ќе ги држиме на одговорност сите кои ќе се обидат да ја злоупотребат довербата на граѓаните. Секој ќе одговара пред законот.Но оваа борба како што кажав, не е за политички поени. Ова е борба за нашите деца, за нивната иднина, за достоинствен живот во сопствената татковина. Понатаму, нашата влада ќе продолжи со имплементација на конкретни проекти кои ќе донесат вистински економски развој и подобрување на стандардот. Секој од овие чекори е дел од нашата стратегија за долгорочен развој. Нашата желба е секој граѓанин да почувствува подобрување во својот живот. Затоа и велам – тешко е сега, но нема да отстапиме, нема да се откажеме. Јас сум горд што сум дел од овој тим и во Владата и во партијата. Мојата лична приказна е приказна за човек кој не се предал, кој верувал во Македонија, верувал во нејзините граѓани.Од скромни почетоци, преку тешки моменти, до позиција на претседател на Владата, секогаш ми била водилка љубовта кон татковината и желбата да оставам подобра иднина за моите деца и за сите македонски семејства. Верувам во вас, верувам во народот, верувам во Македонија. Нашата идеја не запира, нашата волја не се крши, а најдоброто допрва доаѓа. Заедно, со чесна работа и срце полно надеж, ќе ја изградиме Македонија каква што заслужуваме.Би сакал во оваа прилика да ми биде дозволено да им се поклонам на нашите основачи, на сите борци за ВМРО, на сите кои воздивнуваат и треперат при секој предизвик на нашата партија, и се подметнуваат и искрено се радуваат и втемелуваат во секој успех. На сите вас, на сите кои од 90-та до денеска се вградиле во оваа партија, во ова движење, во оваа енергија, која ја носеше и канализираше мислата и идејата за слободна, демократска и независна Македонија, со свој идентитет и стремеж, да биде горда членка на европското и евроатланското семејство.Ние не сме тука по случајност. Тука сме затоа што идејата за Македонија, како суверена, достоинствена и праведна држава, не умира. ВМРО-ДПМНЕ како што кажав во повеќе наврати во ова мое денешно обраќање не е само партија. Вредност, идеологија, љубов. Тоа е макотрпното градење на домот на секој македонски човек.Им благодарам на синовите на ВМРО-ДПМНЕ кои не нè изневерија, ни кога беше најтешко. И на сите вас. На секој кој и без ништо, без да бара сатисфакција — гласаше, се бореше, веруваше, затоа што нема поголема сатисфакција од тоа да знаеш дека една идеја, твојата идеја живее и не запира, ВМРО-ДПМНЕ живее и ќе живее.Драги сопартијци, симпатизери, поддржувачи, почитувани коалициони во Владата, почитувани граѓани.Како што мудро рече Теодор Рузвелт: „Најголемата чест во животот не е никогаш да не паднеш, туку да се кренеш секојпат кога ќе паднеш.“ И ние сме тука, како народ, да се кренеме по секој пад, по секоја битка и по секоја тешкотија.На крајот, сакам да споделам лична приказна од моето детство. Кога бев мал, татко ми често ми велеше: „Секогаш носи чест во срцето и никогаш не заборавај дека секој што ќе сретнеш е потенцијален сојузник или предизвик, предизвик за твојата душа.“ Тоа ме научи да ги слушам луѓето, да ги разберам нивните маки и надежи, да живеам со нивните слабости и секогаш да ги чувам вредностите на ВМРО – чест, борба и заедништво. Ние не сме политичари. Ние сме чувари на иднината на Македонија, чувари на идејата што не запира и вредностите што носат вистински промени.Драги браќа и сестри,Понекогаш, кога одам назад до моето старо маало, седнувам на истото столче. И гледам: не се сменило многу. Само што тогаш зборувавме за соништата, а денес зборуваме и работиме на план како ќе ги оствариме.Ќе успееме. Не заради нас, туку заради децата наши. За нив, и за секој човек кој верува дека Македонија е местото каде што сонувањето има смисла.

Македонија | пред 8 месеци

22012025_Mickoski_SAD_8

За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза само кога треба да договара проценти од 7 милијарди евра, велат од СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското ВМРО“, велат од СДСМ и додаваат:Историското ВМРО преку НОБ и АСНОМ е код на секој Македонец, а ова денешно ВМРО-ДПМНЕ е блед израз на апсолутното непознавање на Македонската историја, манипулирање со чувствата на граѓаните и анти-патриотска агенда која владее во ДПМНЕ.Ако нешто е ова ВМРО-ДПМНЕ, тоа е континуитет на врховизмот кој ја уништи Македонската идеја.За Мицкоски, Македонија е кауза само кога треба да договара проценти од 7 милијарди евра, кога треба да прави тендери за 10 поскапи од реалната цена, и тогаш кога треба да се вози со приватен авион, да јаде папаја и да ужива во скапи хотели низ светот на сметка на Македонскиот народ.Мицкоски е врховистот во ВМРО-ДПМНЕ. Ова ДПМНЕ ја киднапира славната историја на ВМРО за своја лична корист и полнење на џебови.

Македонија | пред 8 месеци

policija-skopje-koronaviris-1

Крвава пресметка кај Бит Пазар: 14-годишник и двајца возрасни завршија во болница

Тројца повредени, меѓу кои и 14-годишно дете, е билансот на жестока пресметка со ножеви која се случила вечерва (17 јуни) во скопската населба Чаир. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 19:48 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“, по претходно недоразбирање, дошло до физичка пресметка.Во конфликтот учествувале 14-годишно момче и две лица на возраст од 64 и 18 години – сите од Скопје. Нападот ескалирал до тој степен што биле извадени ножеви, а сите тројца си нанеле повреди.Повредените итно биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде им е укажана медицинска помош.Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, вклучително и утврдување на причините и деталите за инцидентот кој ги вознемири жителите на овој фреквентен дел од Скопје.

Скопје | пред 8 месеци

vlada

Ќе им се тресе имотот на тајкуните? Владата со нова стратегија за финансиски истраги

На денешната 84-та седница, Владата ја усвои Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акциски план за нејзина примена.Како што соопштија од Владата, документот е дел од заложбата за „системски пристап во борбата против организираниот криминал и корупцијата“, со фокус на откривање, одземање и управување со нелегално стекнат имот.Во обид за засилување на институционалниот притисок, покрај веќе постојната Национална комисија, ќе биде формиран и нов Национален совет за финансиски истраги и конфискација.И покрај заложбите на хартија, останува клучното прашање – дали ова ќе донесе конкретни резултати или ќе остане уште еден документ без вистинска примена?

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Пијан возач предизвика сообраќајка во Кисела Вода – повредена жена

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец, поради основано сомнение за кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот, по член 297 став 1 од Кривичниот законик.Како што соопшти Обвинителството, на 16 јуни, во вечерните часови, осомничениот под дејство на 1,34 промили алкохол, управувал туѓо возило марка „Фолксваген пасат“ на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода. Преминал на спротивната коловозна лента и со автомобилот удрил во „Фиат стило“ што доаѓало од друг правец.Во сообраќајната несреќа со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Фиат“.Јавниот обвинител побара од судот да му се одземе возачката дозвола и да му се забрани издавање нова, најмалку до завршување на постапката. Како причина за предлогот се наведува реална опасност од повторување на дејствието и потребата осомничениот да не учествува во сообраќајот сè додека не се расчисти случајот.

Скопје | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања