„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Скопје1.мк

IMG_6696

(Фото) Црн чад се крена над Скопје, се гледа од Карпош до Аеродром

Од Карпош па до Аеродром се гледа црниот чад од пожар кој избил кај гробиштата во Трубарево. Од Центарот за управување со кризи велат дека добиле десетина пријави. Веќе противпожарни екипи се на терен и се работи на негово гаснење.Според првичните информации, пожарот не е ризичен и се очекува брзо да биде изгаснат.

Скопје | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-34-6630PM

Побарал пари за дрога, па го запрел возилото и се обидел да ја прегази сопругата – обвинителството бара забрана за приближување

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 41-годишен маж, осомничен за семејно насилство и телесна повреда.Според Обвинителстовто, инцидентот се случил кога, во алкохолизирана состојба, осомничениот ја принудил сопругата да подигне пари од нејзината плата за да купи дрога. По пат назад започнал расправија, го запрел возилото и се обидел да ја прегази. Кога не успеал, и го одзел телефонот, ја удрил со шлаканица и со удари во лицето и вратот.Жената се здобила со видливи повреди – нагмечувања на лицето, вратот и раката.Јавниот обвинител предложи мерка забрана за приближување и контакт со жртвата, имајќи ја предвид сериозноста на нападот и ризикот од повторување.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-02-14-at-08.12.00

Венс: Трамп може да преземе нови мерки ако Иран не престане да збогатува ураниум

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, се обрати до јавноста преку социјалните медиуми, велејќи дека претседателот Доналд Трамп останува доследен во својот став дека Иран не смее да развива нуклеарно оружје и дека сите опции се уште се на маса, но со акцент на избегнување на непотребен конфликт.„Претседателот веќе десет години е јасен дека Иран не смее да има нуклеарно оружје“, напиша Венс.„Во последните неколку месеци, тој го охрабри својот тим за надворешна политика да постигне договор со Иран за оваа цел. Тој јасно рече дека Иран не смее да има можност да збогатува ураниум и постојано нагласуваше дека тоа ќе се реши на еден од двата начина, лесниот или другиот“, додаде тој.Венс се обиде да ја разјасни разликата помеѓу цивилната нуклеарна енергија и збогатувањето на ураниумот. „Иран може да има цивилна нуклеарна енергија без збогатување, но тие одбија. Наместо тоа, тие збогатија ураниум далеку над нивото потребно за цивилна употреба и со тоа ги прекршија своите обврски кон Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која сигурно не е десничарска организација“, објави Венс.

Свет | пред 8 месеци

Kina

Кина го обвинува Трамп за влошување на конфликтот Израел-Иран: „Тој додава масло на огнот, сите треба да работат кон заедничка цел“

Во вторник, Кина го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека „додава масло на огнот“ во врска со конфликтот меѓу Израел и Иран и повика на деескалација.- Воената акција на Израел против Иран предизвика ненадејна ескалација на тензиите на Блискиот Исток, што длабоко ја загрижува Кина, изјави во вторник кинескиот претседател Си Џинпинг, за време на состанокот со узбекистанскиот претседател во Казахстан, објави Синхуа.- Се спротивставуваме на секоја акција што го напаѓа суверенитетот (...) на други земји, рече тој.- Сите страни мора да работат на смирување на конфликтот што е можно поскоро и за да избегнат нова ескалација на тензиите, рече Си, кој учествува на самит со лидерите на пет поранешни советски републики во Централна Азија.Израел започна масовни напади врз Иран во петокот за да го спречи да развие атомско оружје.Иран одговори со напади со балистички ракети и беспилотни летала врз Израел, во кои досега загинаа најмалку 24 лица, според официјалните израелски податоци.Најмалку 224 лица се убиени, а повеќе од 1.000 се повредени во израелските напади во Иран, според официјалните бројки од неделата.Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот преку својата социјална мрежа Truth Social повика на евакуација на целиот Техеран.Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи во вторникот изјави дека „додавањето масло на огнот, заканите и притисокот нема да помогнат во смирувањето на ситуацијата, туку само ќе ги интензивираат тензиите и ќе го прошират конфликтот“.Кинеските амбасади во Иран и Израел во вторникот ги повикаа кинеските граѓани што е можно поскоро да ги напуштат двете земји. Кинеската амбасада во Иран изјави дека треба да ги користат граничните премини со Турција, Ерменија и Туркменистан за да заминат. Кинеската амбасада во Израел изјави дека треба да одат „во правец на Јордан“.

Свет | пред 8 месеци

verica-zakani

Закани кон мајката на загинатата Моника во Кочани: „Среќен сум што се случи ова – Господ ги казни“; МВР работи на случајот

Верица Трифунова, мајка на трагично загинатата Моника Спасова објави низа на принтскринови од разговори, од кои се гледа како извесен Благојче Велков ѝ испраќал вознемирувачки пораки.  Претходно истото лице, испратило заканувачка порака кон друго лице на социјалните мрежи, во која и вели „Не јади го*на многу, немој да останеш без едно дете“. Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека постапуваат по допрен глас и испитуваат наводите.„Сектор за компјутерски криминал нема добиено пријава од родителите на загинатите деца во дискотеката Пулс во Кочани, а по однос на добиени заканувачки пораки на социјални мрежи. По допрен глас од добиени информации од јавноста, а поврзани со горенаведеното Сектор за компјутерски криминал врз основа на своите законски надлежности, интензивно преземаат дејствија за испитување на наводите и веќе постапува по однос на откривање на идентитет на лицето кое испраќа вакви пораки и утврдување на веродостојноста на информациите во врска со истото. Се замолуваат лицата кои ги добиле овие пораки за истото да достават пријава на емаил адресата    cybercrime@moi.gov.mk“, велат од МВР за „Скопје1“.Трифунова, ги објави пораките. Од нив се гледа и содржината. Па така, Велков пишува „Госпоѓице да знаеш колку се плашам од ова што си го пишувала, едно да знаеш, јас работам за ЦИА, тоа во Швајцарија. Така зад мене стојат многу народ, несе плашам, од ништо. Друго среќен сум јас и многу луѓе што се деси ова, Господ ги казни предавниците. Ако сакаш јави се дека сакаш кај кој си намислила никој ништо не ми може“.Потоа, за да биде уверлив, се фали самиот дека бил специјално пратен да прави инциденти на изборите.Истото ова лице, има објавено и повеќе коментари кои се јавно достапни. 

Коментари | пред 8 месеци

83A8C0E4-4AC5-468D-9103-997021EF4AC3_1_105_c

Пронајдена почината жена во нејзиниот дом на Бит Пазар – телото дадено на обдукција

Седумдесетгодишна жена била пронајдена мртва во својот дом на подрачјето на Бит Пазар, потврдија од Министерството за внатрешни работи.Како што информираат од МВР, случајот бил пријавен денеска (17.06.2025) во 00:11 часот во СВР Скопје. Почината е идентификувана како Х.К. (70) од Скопје. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.Од МВР наведуваат дека се работи на целосно расветлување на случајот.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-3

Мицкоски до Радев: Нашите стари рекле – помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, кој тврдеше дека Бугарија никогаш не ставила вето за македонската евроинтеграција.„Нашите стари рекле – помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат. Еве им шанса да го докажат тоа – на 24 јуни нека ги повлечат амандманите во Европскиот парламент со кои се условува македонскиот јазик“, изјави Мицкоски од Битола.Тој најави дека очекува средба со бугарска страна на Самитот на НАТО во Хаг, каде ќе се разговара и за Коридорот 8.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Самитот во Тирана порача дека соседите ја блокираат Македонија со вето и идентитетски услови, што води кон „балканизација на ЕУ“.Радев ѝ возврати дека нема блокада од Софија и дека Бугарија е подготвена да подаде рака, но бара исполнување на постојните договори, преговарачката рамка и уставните измени.Сиљановска најави дека на Самитот на НАТО во Хаг ќе разговара и со бугарскиот премиер Жељазков, откако беше потврдено дека Радев нема да присуствува.

Македонија | пред 8 месеци

apsenje

Хорор во Велес: Удрил дете по глава, го влечел по улица – со секира тргнал и на полицајци

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 23-годишен велешанец кој е осомничен за брутално насилство врз дете и напад врз полиција со секира и тесла.Инцидентот се случил на 13 јуни, кога осомничениот прво ја навредувал, а потоа со метален предмет ја удрил по главата 8-годишнo девојче. Откако паднала, тој продолжил да ја влече по улица.По пријавата, шест полициски службеници излегле на терен, но осомничениот им се заканувал со секира и тесла, одбивал наредби и продолжил да се приближува. Полицијата испукала два предупредувачки куршуми, по што напаѓачот избегал и бил во бегство два дена.По неговото приведување, продолжил со закани и во полициската станица, што според обвинителството претставува реална закана по безбедноста. Јавниот обвинител предложи мерка притвор поради опасност од повторување на делата и бегство.Против него се води постапка за едно кривично дело – насилство врз дете, и шест дела за напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.

Македонија | пред 8 месеци

maksim-dimitrievski-43

Максим ќе бара пак доверба да остане градоначалник во Куманово, партијата најавува борба и за место во Скопје

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ, Игор Филков, потврди дека партијата ќе има свој кандидат за градоначалник на Куманово – актуелниот градоначалник и партиски лидер Максим Димитриевски.Преговорите за настап на локалните избори во рамки на коалиција се сѐ уште во тек, а ЗНАМ најавува кандидати и во други општини, вклучително и во Скопје.Филков додаде дека ЗНАМ е подготвена за избори со било кој модел – дури и веднаш.На прес-конференцијата беше објавено и формирањето на градската организација на ЗНАМ во Скопје, што партијата го нарече почеток на „сериозна и решителна политичка борба“.

Македонија | пред 8 месеци

o_37009020_1280

(Видео) Погледнете како камикази дронови се уриваат во станбени згради во Киев, теророт траел девет часа

Десетици руски беспилотни летала и ракети погодија неколку области на украинскиот главен град Киев во раните утрински часови во вторник, при што загинаа 14 лица, а 44 беа повредени, објави украинското Министерство за внатрешни работи.Нападот погоди 27 локации низ Киев, оштетувајќи станбени згради, образовни институции и објекти од критична инфраструктура, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко.https://x.com/MemorySteelUA/status/1934865474786844697?ref_src=twsrc%5Etfw#dmid=cbb77a21-e3c3-474c-b6c7-cd9dfa993be7„Денес, непријателот не поштеди ниту беспилотни летала ниту ракети“, рече Клименко, опишувајќи го нападот како еден од најжестоките врз главниот град од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.Нападот, кој траеше речиси девет часа, вклучуваше масовно лансирање камикази беспилотни летала, крстосувачки и балистички ракети. Според претседателот Володимир Зеленски, повеќе од 440 беспилотни летала и 32 ракети беа лансирани низ цела Украина. Нападот погоди 27 локации во Киев, оштетувајќи станбени згради, образовни институции и објекти од критична инфраструктура.„Ваквите напади се чист тероризам“, рече Зеленски на социјалните мрежи. „Целиот свет, САД и Европа, конечно мора да реагираат како цивилизирани општества на терористите.“Клименко потврди дека балистичка ракета погодила деветкатна зграда во киевската област Соломјански, уништувајќи дел од зградата. Спасувачките служби бараат можни преживеани под урнатините. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека 62-годишен американски државјанин починал во стан спроти каде што лекарите пружале помош за време на нападот. Според Клименко, човекот починал како последица на шрапнели.И Украина и Русија ги засилија нападите со беспилотни летала во последните недели, и покрај тоа што одржаа две рунди директни разговори за ставање крај на тригодишната војна. Досега се постигнати само делумни договори за размена на затвореници и враќање на телата на паднатите војници. „Уште еден руски напад со беспилотни летала врз станбени згради во Киев. Русија ја продолжува својата војна против цивилите“, напиша на Телеграм шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак.Во исто време, руското Министерство за одбрана објави дека нивните противвоздушни единици собориле вкупно 147 украински беспилотни летала над руска територија, вклучувајќи ја и московската област, во текот на ноќта.

Свет | пред 8 месеци

tramp-iran

Трамп повика на евакуација на Техеран додека конфликтот меѓу Иран и Израел влегува во својот петти ден

Конфликтот меѓу Израел и Иран влезе во својот петти ден во вторник, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Иранците да го евакуираат Техеран, нагласувајќи дека Иран требало да потпише договор за ограничување на развојот на нуклеарно оружје.Светските лидери на самитот на Г7 во Канада повикаа на деескалација на најлошиот конфликт меѓу регионалните непријатели, велејќи дека Иран е извор на нестабилност и никогаш не смее да има нуклеарно оружје, потврдувајќи го правото на Израел да се брани.Претседателот на САД претходно ги повика жителите да избегаат од иранската престолнина.„Иран требаше да го потпише „договорот“ што им реков да го потпишат. Каква срамота и губење човечки живот. Едноставно кажано, ИРАН НЕ МОЖЕ ДА ИМА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ. Го кажав тоа одново и одново! Сите треба веднаш да го евакуираат Техеран!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social во понеделник.Axios објави дека Белата куќа разговара со Иран за можноста за состанок оваа недела меѓу американскиот претставник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди деталите од извештајот.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави за „Фокс њуз“ дека Трамп останува посветен на нуклеарниот договор со Иран, додавајќи дека САД ќе ги бранат своите средства во регионот.Иранските медиуми објавија експлозии и силен оган од воздушна одбрана во Техеран рано во вторникот, а чад се издигаше на истокот од градот по израелскиот ракетен напад. Воздушната одбрана беше активирана и во Натанц, местото каде што се наоѓаат клучни нуклеарни објекти на 200 милји оддалеченост, објави веб-страницата „Асриран“.Доцна во понеделник, Израел соопшти дека ја погодил зградата на Иранската радиодифузна корпорација, а снимките покажаа водителка на вести како брза од своето место додека се случила експлозијата. Иранската државна телевизија објави дека три лица се убиени во нападот.Израел, исто така, соопшти дека извршил обемни напади врз ирански воени цели, вклучувајќи складишта со оружје и ракетни лансери.Во Израел, сирените за воздушен напад се огласија во Тел Авив по полноќ и повторно рано наутро, кога се слушнаа неколку експлозии над градот.Сведоци на „Ројтерс“, исто така, слушнаа експлозии над Ерусалим и градот Херцлија, каде што имаше извештаи за штети на згради.Иранските власти пријавија 224 смртни случаи, претежно цивили, додека Израел соопшти дека загинале 24 цивили. Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, изјави дека речиси 3.000 Израелци се евакуирани поради штетите од иранските напади.Изворите изјавија за Ројтерс дека Техеран побарал од Оман, Катар и Саудиска Арабија да го повикаат Трамп да изврши притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се согласи на итен прекин на огнот. За возврат, Иран ќе покаже флексибилност во нуклеарните разговори, според два ирански и три регионални извори.„Доколку претседателот Трамп е искрен во врска со дипломатијата и е заинтересиран да ја запре оваа војна, следните чекори се значајни“, рече иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во X.„Израел мора да ја запре својата агресија и доколку нема целосно прекинување на воената агресија против нас, нашите одговори ќе продолжат.“Иран негира дека бара нуклеарно оружје и го потврди своето право на нуклеарна технологија за мирни цели, вклучително и збогатување на ураниум, како страна во Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT).Израел, кој не е страна во NPT, е единствената земја на Блискиот Исток за која се верува дека поседува нуклеарно оружје. Израел ниту го негира ниту го потврдува ова.Цените на нафтата пораснаа за повеќе од 2 проценти рано во вторник во Азија по предупредувањето за евакуација на Трамп, со што се поништија загубите од понеделникот, поради извештаите дека Иран се стреми кон крај на непријателствата.Со растечките безбедносни загрижености и затворањето на израелскиот воздушен простор поради војната, кинеската амбасада во Израел ги повика своите граѓани што е можно поскоро да ја напуштат земјата преку копнени гранични премини.Воздушната војна меѓу Иран и Израел - најголемата битка досега меѓу двата долгогодишни непријатели - ескалираше во понеделник, при што Израел ги таргетираше иранските постројки за збогатување ураниум.Рафаел Гроси, шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија, изјави за Би-Би-Си дека објектот Натанц претрпел голема штета, додека иранскиот објект Фордоу останал во голема мера недопрен.Разговорите меѓу САД и Иран, чиј домаќин беше Оман, беа закажани за 15 јуни, но беа откажани, а Техеран изјави дека не може да преговара додека е нападнат.Израел ја започна својата воздушна војна со изненадувачки напад во кој загинаа речиси сите врвни ирански воени команданти.

Свет | пред 8 месеци

sudija

(Видео) Најубавите куќи во било кое населено место сѐ на адвокат, судија, обвинител и цариник, вели Николоски во „Претрес“

Најубавите куќи во било кое населено место сѐ на адвокат, судија, обвинител и цариник, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во „Претрес“. Тој посочува дека не е задоволен од правосудството.„Ако човек има мака и не го знае правиот адвокат или да го знае а да нема да му плати, и да е 100 отсто во право, во македонското правосудство нема да добие“, рече тој.Цел поткаст изгледајте го тука:

Македонија | пред 8 месеци

filipce-51234

Како по примерот на Пеце Мирчевски, ЈО да отвори постапка против Филипче за луксузното ауди Q8 вредно 130 илјади евра, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Инсталациите на СДС во правосудните органи, повторно одработуваат за услугата што се избрани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:По низата заштита и изземање од разни криминални и корупциски скандали како случајот Онкологија и модуларната во Тетово, повторно, ликот кој се штити од прогон, е токму сегашниот претседател на СДС, Венко Филипче.Имено, станува збор за луксузно ауди Q8 во вредност од 130 илјади евра кое го користи Филипче, а кое е земено на лизинг од фирма која за време на владеење на СДС добиваше тендери за снабдување на ЕСМ со јаглен.Фирмата Зобек мининг груп е фирмата која го купила луксузното возило и му го дала на Венко Филипче.Тоа го потврдува и газдата на фирмата, Енис Колашинац кој вели дека неговата фирма го земала на лизинг аудито Q8 и дека го зеле токму за Венко Филипче, посочувајќи дека сега возилото се наоѓа во владение на претседателот на опозициската СДС.Бизнисменот Колашинац е многу близок со Филипче и Заев. Тоа е човекот, кој заедно со браќата Заеви и Венко Филипче, се журкаше на приватната забава со Харис Џиновиќ во луксузен хотел во Дубаи.Иако имаме јавно признание на бизнисменот кој вели дека аудито на лизинг го зел за Венко Филипче и дека сега тоа е во негова сопственост, обвинителството молчи.А, за ист таков случај Јавното обвинителство веќе има отворено постапка против поранешниот директор на СОЗР од редовите на СДС, Пеце Мирчевски, додека пак од судот му беше определен притвор.Зошто Венко Филипче е заштитен и привилегиран?Го повикуваме ЈО да почне да работи и против Филипче да отвори истражна постапка.

Македонија | пред 8 месеци

pratenici-sobranie-levica

Трет обид за надзорна расправа во Собрание за трагедијата во Кочани и пропустите на институциите, иницирана од Левица

​„Денес на дневен ред на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот како единствена точка на Дневен ред ќе се најде Иницијативата на пратеникот и претседател на Комисијата, Димитар Апасиев, за одржување надзорна расправа за трагедијата во Кочани и институционалните пропусти што довеле до неа“, велат од Левица и додаваат:Станува збор за трет обид на пратеничката група на Левица да отвори транспарентен парламентарен процес на утврдување одговорност. Дали расправата ќе се одржи или не – ќе зависи пред сѐ од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои на седницата на 4 јуни, заедно со пратениците од ВРЕДИ и ЗНАМ, гласаа против ставањето на оваа точка на дневен ред.Претходно, на почетокот на април, пратеникот на Левица Борислав Крмов како избран пратеник од Изборна единица 3 поднесе иницијатива за надзорна расправа, но истата не доби поддршка од ниту еден друг пратеник надвор од редовите на Левица, односно доби само шест потписи, а беа потребни најмалку 15 потписи за да влезе во процедура.Од Левица повторно апелираат до владејачкото мнозинство да не го блокираат овој процес, кој е прашање од суштински јавен интерес. „Обврската за отчетност не е политичка опција, туку демократска должност. Граѓаните, особено кочанчани, заслужуваат одговори. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес имаат шанса да докажат дека немаат што и кого да кријат”- се вели во соопштението на Левица.

Македонија | пред 8 месеци

vlada-2024-mickoski

Обезбедени се 50 милиони денари за новите средношколци во дуално образование

„Како резултат на заложбите на Владата и МОН за унапредување на квалитетот на средното стручно образование, обезбедени се 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември“, велат од Владата.Во учебната 2025/2026 година учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки и ќе ги исполнат конкурсните услови, 9 месеци ќе добиваат по 3.500 денари.Реалниот сектор има потреба од стручни, квалификувани лица и за таа цел, како Влада преку овие мерки и чекори ги стимулираме младите своето образование да го продолжат во некоја од дуалните паралелки.Дополнително, потврда за тоа дека со оваа мерка како Влада ја развиваме соработката со реалниот сектор е вклучување на 550 компании кои директно ќе ја спроведуваат практичната обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки.Како Влада правиме конкретни чекори за унапредување на образованието и создаваме кадри кои ќе добијат можност, доколку не го продолжат својот образовен процес на повисоко ниво, по завршување на средното училиште да се вработат во некои од компаниите.Преку ова ја намалуваме невработеноста, но и ги стимулираме младите да ги усовршат практичните вештини со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд.Образованието е најважниот столб на развојот на Македонија.Преку квалитетно и реформирано образование, младите ќе останат да ја градат сопствената иднина во Македонија.Нашата заложба е да обезбедиме иднина за сите и да ја вратиме надежта кај младите.Државата е на патот на промените!

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-14-at-08.35.34

Израел тврди дека убил ирански воен командант

Израелската војска соопшти дека го убила началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили откако ѝ се пружила „изненадувачка можност“.- По изненадувачката можност во текот на ноќта, борбени авиони на воздухопловните сили нападнаа штаб со екипаж во срцето на Техеран. Врз основа на точни разузнавачки информации, тие го убија Али Шадмани, началникот на Генералштабот на војната, врховниот воен командант и човекот најблизок до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, соопшти израелската војска.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Експлозии во Техеран

Пред еден час, иранските државни медиуми објавија за експлозиите што се слушнале во Техеран.Во исто време, израелската армија им соопшти на своите граѓани дека можат да ги напуштат засолништата бидејќи заканата од ирански ракетен напад е завршена.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.34.06

Трамп вели дека неговото заминување од Г7 нема никаква врска со прекинот на огнот

Доналд Трамп штотуку објави на својата социјална мрежа Truth Social, велејќи дека францускиот претседател греши кога вели дека Трамп го напуштил состанокот на Г7 порано за да работи на прекин на огнот.- Многу е поголемо од тоа, напиша Трамп.- Францускиот претседател Емануел Макрон, кој бара публицитет, погрешно рече дека го напуштив самитот на Г7 во Канада за да се вратам во Вашингтон и да работам на прекин на огнот меѓу Израел и Иран. Греши! Тој нема поим зошто сум на пат кон Вашингтон токму сега, но тоа сигурно нема никаква врска со прекинот на огнот. Многу е поголемо од тоа. Намерно или не, Емануел секогаш прави грешки. Останете со нас!, напиша Трамп.

Свет | пред 8 месеци

ukraina-grad-zelesnski

Руските единици уништија 51 украински дрон и извршија напад врз Киев

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украински дрон над Белгородската област, објави руското Министерство за одбрана во понеделник навечер.Во последните недели, и Русија и Украина користеа напади со беспилотни летала врз голем број прекугранични цели, а руските сили извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област во понеделник навечер. Лидерите на Киев досега објавија дека најмалку 11 лица се повредени во нападот, како и дека е причинета штета на инфраструктурата.Руското Министерство за одбрана објави дека претходно споменатото уништување на украинските беспилотни летала се случило во понеделник, помеѓу 20:00 и 23:00 часот.Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш се осврна на продолжувањето на конфликтот меѓу Русија и Украина, велејќи дека неговата страна сè уште има санкции кон Русија во тек.„Уверен сум дека може да се постигне договор со Москва за прекин на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали ќе биде потпишан договор или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-09.54.38

Трамп го нарече исклучувањето на Русија од Г7 „многу голема грешка“

Додека лидерите на Г7 пристигнуваа на самитот во Канада, американскиот претседател Доналд Трамп се пожали на исклучувањето на Русија од групата.Непосредно пред официјалниот почеток на самитот на седумте водечки демократски економии во светот, Трамп рече дека верува оти одлуката за исклучување на Русија е „многу голема грешка“.„Не мислам дека сега ќе имаше војна ако Русија сè уште беше во групата“, му рече тој на канадскиот премиер Марк Карни, додавајќи дека отсуството на рускиот претседател Владимир Путин го отежнува решавањето на глобалните прашања.Собирот на седумте најголеми индустриски сили постои од 1975 година, а Русија стана полноправна членка во 2002 година, привремено давајќи ѝ го името Г8 на групата.Сепак, беше исклучен во 2014 година откако го анектираше украинскиот полуостров Крим. Оттогаш, форматот повторно функционира како Г7 и е составен од Канада, САД, Обединетото Кралство, Германија, Франција, Италија и Јапонија.Путин беше длабоко повреден што му беше забрането да учествува, рече Трамп, додавајќи дека затоа денес разговарал само со него.Иако рече дека сега не е вистинско време за повторно вклучување на Русија, тој тврдеше дека нејзиното исклучување во тоа време било погрешно.

Свет | пред 8 месеци

saport

Пристигна првата пратка компресивни костуми за повредените од „Пулс“, неопходи за лицата со длабоки изгореници и транспалтирана кожа

Организацијата „Сапорт Кочани“ денеска ја прими првата пратка со компресивна медицинска облека за повредените во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Овие специјализирани костуми се наменети за жртвите кои претрпеа тешки изгореници и се од клучно значење за нивната долготрајна рехабилитација.Пратката пристигна од „Хелт2000“ – компанија од Бугарија, а облеката е од брендот „Јузо“ – водечки германски производител со долгогодишно искуство во компресивна терапија. Заедно со донацијата во Кочани пристигнаа и медицински стручњаци од Бугарија, Германија и Холандија, кои одржаа обука за правилна употреба на облеката.Компресивните костуми се медицинска неопходност за лица со длабоки изгореници и трансплантирана кожа. Тие го спречуваат развојот на хипертрофични лузни, ја намалуваат болката и го подобруваат квалитетот на животот во посттрауматскиот период. Без нив, пациентите може да се соочат со сериозни и трајни последици.Вредноста на првата пратка изнесува 923.458 денари и целосно е покриена од донации преку „Сапорт Кочани“. Организацијата информираше дека веќе се обезбедени средства и за втора тура облека, а упатија благодарност до сите кои помогнааВо пожарот што избувна во март годинава во дискотеката „Пулс“, загинаа 62 лица, а речиси 200 беа повредени, од кои дел со тешки телесни и изгорени повреди. Рехабилитацијата на преживеаните е долга, скапа и комплексна, а јавноста сè уште бара одговорност за трагедијата.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-22.46.09

Радев за Македонија: Бугарија никогаш не ставила вето

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не ставила, ниту ќе стави вето на европскиот пат на Македонија. Изјавата ја даде на заедничка прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и албанскиот претседател Бајрам Бегај, по Самитот на ПСЈИЕ.„Се повикуваме на постојните договори – Договорот од 2017, преговарачката рамка од 2022 и двата протокола. Бугарија не блокира, туку очекува спроведување на преземените обврски“, рече Радев.Тој додаде дека Софија очекува реален напредок во почитувањето на човековите права и дека ја поддржува Македонија, но со почитување на европските стандарди.Претседателката Сиљановска-Давкова изјави дека Скопје не добива доволна поддршка од соседите, на што Радев возврати дека проблемите се внатрешни и поврзани со владеење на правото.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-19.20.48

Тензиите на Блискиот Исток повторно ескалираа откако Израел изврши напад врз објект во Иран, за кој иранските медиуми тврдат дека е зграда на државната телевизија IRIB. Најдраматичниот момент е тоа што експлозијата се случила додека беше во тек директен телевизиски пренос, а снимката набрзо стана вирална на социјалните мрежи.Според првичните информации, израелската воена акција била насочена кон комуникациски и пропагандни капацитети поврзани со иранскиот режим. Израелските власти сѐ уште официјално не се изјаснија за нападот, но неофицијални извори велат дека се работи за одговор на неодамнешните ракетни и дронски напади врз израелска територија, за кои Тел Авив ја обвини Техеран.Снимките од експлозијата покажуваат молскавичен удар и паника во студиото, по што се прекина сигналот. Засега нема официјални податоци за бројот на жртви или повредени, но според локални медиуми, дел од персоналот бил евакуиран, а има и сериозна материјална штета.Нападот доаѓа во ек на веќе влошените односи меѓу двете држави, откако Иран се закани со „одмазда“ поради израелските операции во Сирија и поддршката за противниците на иранските сојузници во регионот.Меѓународната заедница повика на воздржаност, но инцидентот со нападот врз медиумска институција го отвора прашањето за безбедноста на цивилната инфраструктура во услови на хибридни и медиумски конфликти.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Г7 со остра изјава за Иран – Трамп нема да ја поддржи?

Лидерите на Г7 на самитот во Италија усвоија заедничка изјава со остра реторика кон Иран и силна поддршка за Израел – став што веднаш отвори прашања околу одржливоста на американската надворешна политика, особено доколку Доналд Трамп се врати на власт.Во изјавата, групата најразвиени демократии во светот (САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Канада и Јапонија) го осудија „дестабилизирачкото однесување на Иран во регионот“, посочувајќи на неговата поддршка за Хезболах, Хути бунтовниците во Јемен и нападите врз израелска територија. Во исто време, Г7 изрази „недвосмислена поддршка за правото на Израел да се брани“.Меѓутоа, дипломатски извори велат дека тоновите во документот се многу поостри од вообичаеното и дека таков пристап веројатно нема да биде прифатен од Доналд Трамп. Како што јавуваат дел од западните медиуми, поранешниот претседател е скептичен кон долгорочна вмешаност на САД на Блискиот Исток и досега бил резервиран кога станува збор за безусловна поддршка за Израел, особено во контекст на конфликтот во Газа.

Свет | пред 8 месеци

mucunski-c

Македонци заглавени во Израел – државата активира кризен штаб за евакуација

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево на прес-конференција информираше за преземените активности поврзани со евакуацијата на македонските државјани од Израел.Министерот нагласи дека веднаш по добиените информации за ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Министерството преку дипломатско-конзуларното претставништво во Израел започнало активности за евакуација на македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на таа земја. Формиран е кризен штаб со примарна надлежност за организација на безбедно извлекување на нашите државјани, а Амбасадата во Тел Авив од самиот почеток на кризата е во редовна и директна комуникација со нив.„Согласно најновите информации, заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација. Првата фаза од процесот ќе се реализира преку трета земја – Египет. Очекуваме осум наши државјани (четири возрасни лица и четири деца) до крајот на денешниот ден, или најдоцна утре, да бидат префрлени на безбедна територија, од каде што по воздушен пат ќе се изврши нивно враќање во земјата“, изјави Муцунски.Тој додаде дека македонската амбасада во Тел Авив активно ги финализира подготовките за првата група – вклучително и обезбедувањето на потребната документација, логистиката и организацијата на безбеден конвој за трансфер кон Египет.„Како што беше побарано од самите државјани, втората група се очекува да ја напушти територијата на Израел и да замине кон нашата држава веднаш по воспоставувањето на редовен авионски сообраќај од аеродромот во Тел Авив“, додаде министерот.Со оглед на прекинот на редовниот воздушен сообраќај со Израел, оваа фаза од евакуацијата ќе се реализира со авион во сопственост на Владата, кој ќе обезбеди транспорт за првата група државјани кои изразија подготвеност веднаш да ја напуштат територијата на Израел.Муцунски посочи дека персоналот на нашата амбасада се наоѓа на безбедна локација и останува постојано на располагање на македонските граѓани. Воедно, потсети дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до сите наши државјани да се воздржат од патувања во Израел и Иран, освен во случаи на апсолутна неопходност.„Повторно нагласуваме дека 24-часовно се достапни дежурните телефонски броеви на Министерството и на нашата амбасада во Тел Авив за сите прашања, поддршка и конзуларна помош“, подвлече министерот.На крајот на прес-конференцијата, Муцунски упати апел до сите страни да го почитуваат меѓународното право и да покажат воздржаност.„Внимателно ја следиме состојбата на Блискиот Исток и ја изразуваме нашата најдлабока загриженост за опасната ескалација. Ја повторуваме нашата силна посветеност на регионалната и глобалната безбедност и апелираме до сите страни да го почитуваат меѓународното право, да покажат воздржаност и да се воздржат од понатамошни дејствија кои би можеле да доведат до сериозни последици“, заклучи министерот Муцунски.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања