„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Скопје1.мк

Screenshot-2025-06-16-at-16.08.07

(Видео) Застрашувачки израелски напад уби 20 лица додека чекаа храна: „Беше стапица, убиство“

Најмалку 40 лица беа убиени од израелски оган, половина од нив во близина на центар за дистрибуција на помош на Хуманитарната фондација Газа (GHF), соопшти Министерството за здравство на крајбрежната енклава, додека претставници на Обединетите нации го осудија новиот систем за дистрибуција на храна.Медицинските лица изјавија дека најмалку 20 лица се убиени, а 200 други се ранети во близина на центар за дистрибуција на помош во Рафа, што е најновото масовно пукање во кое загинаа стотици Палестинци додека се обидуваа да добијат храна откако Израел воведе нов систем за дистрибуција, делумно укинувајќи ја речиси тримесечната блокада.Израел ја предаде одговорноста за дистрибуција на поголемиот дел од хуманитарната помош што ја дозволува во Газа на GHF, нова организација поддржана од Соединетите Американски Држави, која управува со три контролни пунктови заштитени од израелски војници.Филип Лазарини, раководител на агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), напиша во објава на платформата на социјалните медиуми: „Бројни луѓе беа убиени и повредени во последните денови, вклучително и гладни луѓе кои се обидуваа да добијат храна од смртоносниот систем за дистрибуција“.Пред да се воспостави новиот систем, помошта за 2,3 милиони луѓе во Газа беше дистрибуирана главно од агенции на ОН, како што е UNRWA, која вработува илјадници вработени во Газа и управува со стотици локации низ енклавата.Израел изјави дека морал да ја преземе контролата врз дистрибуцијата бидејќи борците на Хамас ја пренасочувале храната. Милитантите го негираат ова и тврдат дека Израел го користи гладот ​​како оружје.Лазарини рече дека Израел не ги укина ограничувањата за агенциите на ОН, вклучително и UNRWA, и покрај големата количина подготвена да влезе во енклавата.Израелската воена агенција за координирање на помошта (COGAT) објави во неделата дека дозволила 292 камиони со хуманитарна помош од Обединетите нации и меѓународната заедница, вклучувајќи храна и брашно, да влезат во Газа оваа недела.Таа рече дека израелската армија ќе продолжи да дозволува влез на хуманитарна помош и во исто време ќе се погрижи таа да не стигне до Хамас.

Свет | пред 8 месеци

rabotnik-gradezen-

Да се работи шест часа, наместо осум - нов предлог закон доставен до пратениците

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција го најави поднесувањето на Предлог-законот за намалување на работното време од осум на шест часа, без реперкусии по платите. Тој посочи дека ова е еден од најважните програмски приоритети на партијата, но и дека „тоа не произлегува само од идеологија, туку од времето кое ги диктира промените и од цивилизацискиот напредок на човештвото“.Во своето обраќање, Мециновиќ нагласи дека осумчасовното работно време е историски застарен концепт:„Во поширок контекст, осумчасовниот работен ден е остаток од индустриското време и е стандард за полно работно време кој не одговара на овој свет, туку на сосема различен свет.“Тој укажа дека денешниот свет се карактеризира со зголемена продуктивност поради технолошкиот напредок, што суштински го менува односот на работникот кон неговата обврска:„Обврските на работникот се автоматизираат, дигитализираат и унапредуваат на начин што тој веќе не е инволвиран, како што бил инволвиран во индустриското време. Работниците денеска живеат во време кога технологијата напредува, но истовремено нивниот работен ден и работен век е исполнет со исцрпеност, анксиозност и хроничен замор, без вистински простор за одмор, грижа за семејството или општествена партиципација. Во македонски контекст ова е и заради тоа што власта не сака да ги зголеми платите“ - посочи Мециновиќ.Тој потсети дека партијата веќе предложила закон за зголемување на платите по моделот на синдикатите, кој бил одбиен:„Нашите работници не смеат да бидат оставени сами на себе, не смеат да бидат оставени сами против оваа антиработничка власт. Така да, во услови кога не се зголеми минималната плата, предлагаме да се намали работното време.“Мециновиќ подвлече дека предложеното намалување на работното време не е експеримент, туку мерка заснована на конкретни анализи и глобални искуства:„Исланд, Велика Британија, Шведска, Јапонија, Германија, Франција и многу други држави веќе имаат воведено помало работно време или експериментираат со модели за помало работно време. Во регионот, во мај 2025 година, властите на Црна Гора намалија работното време.“Според него, сите анализи покажуваат јасни резултати: подобра продуктивност, помало отсуство од работа, подобро ментално здравје и зголемена лојалност кон работните обврски на работниците. Тој додаде:„Ниедна од овие земји не претрпе економски удар, туку напротив, многу фирми, државни и приватни, пријавија раст.“Мециновиќ нагласи дека предложениот модел не предвидува дополнителни трошоци за буџетот:„Нашиот предлог е конципиран со внимание да нема буџетски трошоци. Нема наметнато вештачко темпо, туку сметаме дека ова доаѓа природно во ова време и најпосле преминот е реален и изводлив, особено во сектори каде веќе е воспоставен флексибилен пристап кон работното време.“Тој порача дека „ова е порака дека во Македонија политичката елита нема да биде нема на трендовите кои се одвиваат во Европа“, и дека Левица го гледа предлогот како „дел од континентален тренд“, но и како „наша обврска, затоа што овој мандат многу пати интервениравме во законот за работни односи“.Во заклучокот, Мециновиќ повика на поширок општествен ангажман околу предлогот:„Доколку помине првата фаза на донесување на овој закон, тогаш во комисиите можеме да разговараме за спецификациите на законот. Ние нудиме модел со шестчасовно работно време, но во комисиите можеме да разговараме да дојдеме до оптимум. Тоа што е битно – битно е да се наметне јавен притисок. Битно е да се вклучат синдикатите, здруженијата на работниците, оние здруженија кои се баваат со работничките права, оние здруженија кои се баваат со физичкото и менталното здравје на нашите граѓани. Во еден јавен дискурс да наметнеме притисок дека ова е потребно.“На крајот, тој додаде: „Очекуваме поддршка од партиите, затоа што сметаме дека нешто мора да се направи за работниците при седум милијарди евра задолжувања во последната година.”

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-02-28-at-17.04.00

Полицаец пријавен за шпионажа – тајни од МВР завршиле во казино

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З.С. од Полициската станица за општа надлежност Тетово. Пријавата е доставена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализираното одделение за дела сторени од лица со полициски овластувања.З.С. се сомничи дека во текот на 2023 и 2024 година сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик. Тој, како полициски службеник, прибавувал доверливи информации со увид во дневните билтени на МВР и анекс плановите за координирани контроли во казина и угостителски објекти, спроведувани од СВР Тетово, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд.Прибраните информации, кои претставуваат службена тајна, пријавениот им ги доставувал на физичко лице вработено во едно казино. Обвинителството ќе постапува понатаму по пријавата.

Македонија | пред 8 месеци

policija-policaec

Загина пешак, бил прегазен од автомобил на патот кон Битола

На 15 јуни 2025 година, околу 21 часот, во Полициската станица Прилеп била пријавена тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Прилеп-Битола, во која животот го загубил 49-годишен маж од Прилеп.Според информациите, патничко возило од марката „Рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д. (51) од селото Галичани, удрило во пешакот М.Б. (49), кој во моментот на несреќата туркал велосипед. Од ударот, М.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Прилеп, каде што, за жал, подоцна им подлегнал на повредите. Смртта ја констатирал лекар од болницата.На местото на настанот увид извршила екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител. По негово наредување, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Македонија | пред 8 месеци

policija-1313

Фатени пијани возачи во Куманово – еден од нив со речиси 2 промили алкохол во крвта

На 15 јуни 2025 година, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово, во два одвоени случаи, привеле двајца возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.Во 18:20 часот бил сопрен В.Ц. (30) од Куманово, кој управувал патничко возило марка „Фолксваген Венто“. По извршената контрола, било утврдено дека возачот имал 1.69 промили алкохол во крвта.Неколку часа подоцна, во 20:20 часот, бил сопрен и Е.С. (32) од Скопје, кој управувал „БМВ“. Кај него биле измерени 1.84 промили алкохол, што е речиси четири пати над дозволеното.Двајцата се лишени од слобода, а по целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 8 месеци

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Нов ценовен удар: Поскапуваат бензините и дизелот – важи од ноќеска

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,63% во однос на последната пресметка од 9 јуни 2025 година.Зголемувањето е резултат на растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, каде што цените се зголемиле во просек:кај бензините за 4,09%,кај дизелот за 5,63%,кај екстра лесното масло за 5,13%,а кај мазутот за 5,69%.Исто така, курсот на денарот во однос на доларот, кој се користи при пресметката, е понизок за 0,62% во однос на претходната пресметка.Нови цени од 17 јуни (00:01 часот):ЕУРОСУПЕР БС-95: 76,00 денари/литарЕУРОСУПЕР БС-98: 78,00 денари/литарЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 67,50 денари/литарЕкстра лесно масло (ЕЛ-1): 67,50 денари/литарМазут М-1 НС: 39,779 денари/килограмСо новата одлука:Цената на бензините и дизелот се зголемува за 1,50 денари по литар.Цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1 денар по литар.Цената на мазутот се зголемува за 1,293 ден/кг.Од РКЕ потсетуваат дека овие се максимални малопродажни цени, а трговците имаат можност да ги формираат и пониско од утврдените граници.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-12.27.01

Умре мајмунка од редок вид во ЗОО, се бара одговорност

Од Зоолошката градина во Скопје информираат дека починала женка од загрозениот вид сијаманг. Смртта на животното се случила неодамна, а причините ќе бидат официјално соопштени веднаш по добивањето на резултатите од обдукцијата, која е извршена од стручњаци од Факултетот за ветеринарна медицина.„Со цел поголема транспарентност, како што тоа е пракса и од минатото, јавноста ќе биде навремено информирана штом ги добиеме наодите“, соопштија од скопската Зоолошка.Од таму ги демантираат шпекулациите дека мајмунот бил бремен во моментот на угинувањето, нагласувајќи дека секое животно добива ветеринарен третман веднаш штом се забележат симптоми на болест или повреда.„Благосостојбата на животните се следи континуирано од страна на вработените, а соработката со Факултетот за ветеринарна медицина ни овозможува современо лекување и дијагностика“, додаваат од ЗОО.Од институцијата посочуваат дека, и покрај сите преземени здравствени мерки, како и кај луѓето, не секогаш е можно да се спаси животот на болните животни.Паралелно со официјалната верзија, во јавноста се појавија жестоки реакции и обвинувања. Советникот во Град Скопје, Стефан Кирков, на социјалните мрежи објави дека „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува“, тврдејќи дека починатата мајмунка од видот сијаманг била бремена и дека се работи за еден од најретките и најзаштитени видови во светот.Според неофицијални информации кои ги наведува, животното било тајно носено во приватни ветеринарни ординации, а раководството на Зоолошката градина – директорот Попов и неговиот заменик Стаменов – молчат за случајот.„Скопје ЗОО е претворена во куќа на стравот“, се наведува во објавата, во која се повикуваат новинарите да го истражат случајот и се бара одговорност за состојбите во институцијата.Обвинувањата се насочени и кон градоначалничката Данела Арсовска, која, според авторот на објавата, во интервју јавно ги бранела одговорните во ЗОО.

Скопје | пред 8 месеци

noname

(Видео) „Мерцедес“ удри во жардињера и канделабра во центарот на Скопје – возач повреден

Во раните утрински часови на 16 јуни 2025 година, околу 01:05 часот, на улицата „Мајка Тереза“ во центарот на Скопје се случила сообраќајна незгода во која патничко возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрило во бетонска жардињера и метална канделабра.Возилото го управувал 40-годишниот А.И. од Скопје, кој во несреќата се здобил со телесни повреди. Повредите му биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил хоспитализиран.Незгодата се случила по крстосницата на улиците „Јордан Мијалков“, „Васил Ѓоргов“ и булеварот „Климент Охридски“. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а причините за несреќата се испитуваат.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.18

(Видео) Иранскиот ајатолах Хамнеи објави видео од нападот врз Израел и испрати порака: „Животот ќе им стане горчлив“

Иранскиот ајатолах Али Хамнеи испрати порака до Израел преку своите социјални мрежи, заедно со кратко видео. Во него се прикажани нападите на иранските ракети врз Тел Авив и Хаифа, како и ајатолахот кој издава предупредување.„Животот ќе стане горчлив за ционистите“, вели Хамнеи во видео објавено на платформата X.Кон крајот на видеото, се појавува текст со пораката: „Ционистичкиот режим направи голема грешка. Со Божја милост, последиците од ова ќе доведат до пад на режимот“.Претходно, ајатолахот рече дека крвта на мачениците нема да биде поштедена.„Иранскиот народ нема да ја поштеди крвта на своите драгоцени маченици. Нашите вооружени сили се подготвени, а владини претставници и целиот народ се зад нив. Животот несомнено ќе стане горчлив за нив. Не треба да мислат дека направиле нешто и дека тоа е крајот. Не, тие ја започнаа работата и ја започнаа војната. Нема да дозволиме да останат неказнети за ова големо злосторство што го сторија“, рече Хамнеи.

Свет | пред 8 месеци

f_37004484_1280

Луди видеа кружат на социјалните мрежи: Погледнете што прават Либанците додека иранските ракети паѓаат врз Израел

Додека Блискиот Исток се соочува со една од најсериозните ескалации во последните години, луѓето во Либан се чини дека се радуваат. Всушност, луди видеа од Бејрут и други делови од земјата се шират на социјалните мрежи, на кои се гледа како луѓето танцуваат, слават и се забавуваат кога сфаќаат дека одмаздничкиот ракетен напад на Иран врз Израел се случува над нивните глави.Виралните снимки покажуваат барови на покривите во Бејрут каде што гостите стануваат од своите маси за да снимаат ракети што го разбиваат ноќното небо. На друг кадар, свадбената група танцува додека лесната трага од балистички ракети може да се види во далечината.Снимката е придружена со натписи како „Во меѓувреме во Либан“, што го истакнува речиси надреалниот контраст помеѓу забавата и реалноста на војната, а коментарите се во иста насока.„Каква прекрасна ноќ“, „Прекрасен поглед“, беа само неколку од нив...

Свет | пред 8 месеци

skender-redzepi

Правосудството е во служба на премиерот, вели Реџепи од коалицијата на ДУИ

Скендер Реџепи од Европскиот сојуз на ДУИ остро ја критикуваше работата на правосудните институции, обвинувајќи дека се ставиле во функција на власта и дека се врши политичко влијание врз истрагата за трагедијата во Кочани.„Жалосно е што Обвинителството и судството се ставаат во служба на власта. Сега се во служба на премиерот. Прво бараа разрешување на обвинителот, па потоа се откажаа. Сега во Кочани имаме одговорност за секој што е надвор од власта. Се влијае на процесот“, изјави Реџепи.Тој додаде дека јавноста треба да внимава кој се соочува со одговорност и како се води случајот, алудирајќи на можни политички притисоци и селективен пристап во постапките. Смета дека за ова треба да се запознае и меѓународната заедницаИзјавата на Реџепи доаѓа во чувствителен момент кога вниманието на јавноста е насочено кон истрагата и обвинението за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 лица.

Македонија | пред 8 месеци

DSC_0349

Црковниот имот станува бизнис – МПЦ со хотели, станови и земјиште, но без да каже колку заработува

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) сѐ повеќе ја претвора својата имотна основа во бизнис стратегија, открива истражувањето на БИРН – Призма. Станови, деловни простории, хотели и илјадници хектари земјиште се користат за остварување приходи, но без притоа да има транспарентност или отчетност пред државата.Во периодот од 2010 до 2023 година, МПЦ поднела само една завршна сметка во Централниот регистар, и тоа без пријавени приходи од закуп, инвестиции или други стопански активности. Според Призма, на тој начин се избегнува државен надзор над приходите кои се остваруваат од комерцијализацијата на црковниот имот.„Средствата што се прибираат служат за издршка на МПЦ“, е официјалниот став на Црквата за Призма, со образложение дека верските институции мораат сами да се снаоѓаат за одржување и функционирање.Истражувањето посочува дека МПЦ располага со над 195 станбени објекти, 129 деловни простории, два хотела на охридското крајбрежје („Изгрев“ и „Бисер“) и повеќе од 9.000 хектари земјиште – вклучувајќи ниви, шуми и пасишта. Хотелите се дадени под долгорочен закуп (на пример, 37.000 м² за период од 50 години), а за многу од становите и деловните простори постојат договори за издавање.Иако со години важи за „непрофитна организација“, МПЦ-ОА практично оперира како институција со сериозен економски потенцијал. Од БИРН нагласуваат дека недостигот на контрола и транспарентност создава простор за злоупотреби, а граѓаните остануваат без одговор за тоа како се трошат средствата собрани преку имотот кој историски е во служба на јавноста.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.11.10

(Видео) Се навршуваат 82 години од стрелањето на 12-те младинци во Ваташа – вечен симбол на отпорот и жртвата

На денешен ден, пред 82 години – на 16 јуни 1943 година – во близина на селото Ваташа, фашистичкиот окупатор безмилосно ги стрелаше 12 македонски младинци. Тие беа симбол на младешкиот порив за слобода, на отпорот против фашизмот и на жртвата за татковината.Младите, на возраст меѓу 15 и 25 години, беа уапсени и под лажно изговорени причини изведени над селото, каде што беа масакрирани. Без суд, без милост – само затоа што ги сакале правдата и слободата. Злосторството било извршено од бугарски фашистички единици, кои во тој период го тероризирале регионот.Овој настан остави длабока рана во колективната меморија на македонскиот народ. Но, од болката се роди и отпор – а Ваташа остана врежана како симбол на младешкиот идеализам и храброст. Стрелањето ги обедини селаните, македонските патриоти и антифашистичкиот фронт, кој сѐ посилно пружаше отпор во годините што следеа.Денес, 82 години подоцна, Македонија се сеќава. Делегации, ученици, ветерани и граѓани се поклонуваат пред Спомен-костурницата, каде што се врежани имињата на младинците. Секоја година, овој ден служи како потсетник – дека слободата не е подарена, туку изборено право, и дека младите имаат сила да го променат текот на историјата.Слава им на 12-те младинци од Ваташа! Нека нивната жртва биде врежана вечно во меморијата на нацијата.

Македонија | пред 8 месеци

297461826_1097766367541673_4761979263309644676_n

Поради сомнеж за технички проблеми, авион на „Ер Индија“ се врати на аеродромот во Хонгконг

Патнички авион на компанијата Ер Индија, модел „Боинг 787-8 Дримлајнер“, кој летал од Хонгконг кон Њу Делхи, се вратил на аеродромот во Хонгконг поради сомнеж за технички проблем во воздух.Како што соопшти Аеродромската управа на Хонгконг, летот AI315 побарал „локална приправност“ околу 13 часот по локално време, а безбедно слетал околу 13:15 часот.Од Ер Индија сѐ уште нема официјална изјава во врска со инцидентот. Нема пријавени повредени патници или членови на екипажот.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-09.56.19

Вонредна акција за кабаст отпад во Пештани на 18 јуни

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ најави дека во среда, на 18 јуни 2025 година, ќе спроведе вонредна акција за собирање кабаст отпад во селото Пештани.Во рамки на акцијата, ќе се подигнува стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписи и друг крупен отпад. Од претпријатието апелираат до жителите на Пештани навреме да го депонираат отпадот – најдоцна до 07:00 часот на 18 јуни, уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за собирање комунален отпад.Дополнително, сите граѓани кои имаат ваков отпад треба предходно да ја пријават локацијата на дежурниот телефонски број 075-495-428, кој е достапен секој ден од 07:00 до 21:00 часот.Од „Охридски Комуналец“ потсетуваат дека ваквите акции се дел од заложбите за одржување на чиста и уредна животна средина, и ги охрабруваат граѓаните активно да се вклучат и придонесат.

Охрид | пред 8 месеци

filipce-sdsm-co-1

Вината за Кочани е во врвот на МВР, бараме оставки од Тошковски и Јанев и кривична одговорност, вели СДСМ

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери од власта од одговорност за трагедијата во Кочани“, вели СДСМ и додава:Наместо да побараат одговорност од полициските службеници и началници поставени од нив, Тошковски и Мицкоски правеа сè за да ги заштитат.Целта на ВМРО-ДПМНЕ беше очигледна – да се спречи одговорноста да стигне до врвот на полицијата, до директорот на БЈБ Александар Јанев и до министерот Панче Тошковски.Под притисок од СДСМ и од јавноста, конечно беа отворени постапки против неколку началници во МВР.Вистината излезе на виделина.Полицијата имала обврска да го затвори објектот кој работелен нелегелно а не да спроведува контроли спротивна на оперативните процедури.Понатаму полицијата била надлежна за безбедноста, имала законска обврска да спречи внес и употреба на пиротехнички средства, што се покажа дека е главна причина за пожарот.Јасно е дека одговорноста лежи токму во врвот на МВР. Александар Јанев, по закон и хиерархија е кривично одговорен, а Тошковски ја сноси целата политичка и морална одговорност и затоа треба да поднесе оставка.И двајцата мора да се повлечат за да не ја попречуваат истрагата и да не влијаат.Без одговорност за раководството на МВР – нема вистинска правда за жртвите и нивните семејства.СДСМ ќе продолжи да ја бара правдата за Кочани до крај.Ги повикуваме ОЈО ГОКК и Јавното обвинителство да постапуваат непристрасно и решително – да не се штити ниту еден функционер.

Македонија | пред 8 месеци

97A0C6C3-4D24-424B-AD62-EDE4A95437D5_1_105_c

„Ќе објасниме сѐ“ – Обвинителството прифаќа средба со родителите на загинатите во „Пулс“

Јавното обвинителство соопшти дека стои на располагање за директна средба со семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Оттаму додаваат дека, доколку има такво барање, во следните денови ќе организираат средба на која ќе ги информираат блиските на жртвите за сите аспекти од поднесеното обвинение, без да ја нарушат натамошната постапка.„Воедно, блиските на жртвите кои беа на претходната средба во Обвинителството добија и директен контакт, и им беше посочено дека сите семејства можат во секој момент да се информираат директно во обвинителството во Кочани за текот на постапката“, велат од институцијата.Ова следи по јавниот апел на родителите на 62-те загинати, кои побараа од Обвинителството директно да им објасни кои лица се обвинети, а против кои е запрена постапката, бидејќи, како што велат, правната терминологија во соопштението не им е јасна и не може да ја заменува личната комуникација.

Македонија | пред 8 месеци

Tramp

Поранешен израелски дипломат: Трамп би можел да се јави на Нетанјаху и да му каже - доста е веќе

АЛОН Пинкас, поранешен израелски дипломат и советник на двајца премиери, рече дека американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да го прекине конфликтот меѓу Израел и Иран.Во разговор за Би-Би-Си, Пинкас рече дека Трамп би можел да му понуди на Иран излез од кризата, а воедно да го зачува политичкото достоинство, но дека Техеран во моментов е во послаба преговарачка позиција и затоа има мотив да го продолжи нападот и да предизвика дополнителна штета на Израел.„Од друга страна, Трамп би можел само да му се јави на Нетанјаху и да му каже: „Доста е - имате 24 часа да го завршите ова“, додаде Пинкас. „Дали ќе направи нешто од тоа? Не знам.“

Свет | пред 8 месеци

f9686e30-8f9b-40fe-8d34-76b71b4743fc

Саудиска Арабија егзекутираше новинар

Саудиска Арабија егзекутираше новинар во саботата откако највисокиот суд во земјата ја потврди смртната казна, соопшти Државната новинска агенција.Истакнатиот саудиски новинар Турки ал-Џасер беше уапсен во 2018 година. Тој беше прогласен за виновен за тероризам и предавство. Активистичките групи тврдат дека обвиненијата против него се лажни. Во 2018 година, властите извршија рација во домот на ал-Џасер, го уапсија и му го запленија компјутерот и мобилните телефони.Не е јасно каде се одржа судењето ниту колку долго траеше. Според Комитетот за заштита на новинарите во Њујорк (CPJ), саудиските власти тврдеа дека ал-Џасер стои зад сметка на социјалните мрежи, на која се покренати обвиненија за корупција против членови на саудиското кралско семејство. Исто така, се тврди дека ал-Џасер објавил неколку контроверзни твитови за милитанти и милитантни групи.Ал-Џасер водеше личен блог од 2013 до 2015 година и беше познат по своите статии за арапската пролет, правата на жените и корупцијата.Директорот на програмата на CPJ, Карлос Мартинез де ла Серна, го осуди погубувањето и предупреди дека недостатокот на одговорност по убиството на колумнистот на „Вашингтон пост“ - Џамал ​​Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул во 2018 година овозможува продолжување на прогонот на новинарите во Кралството.„Неуспехот на меѓународната заедница да обезбеди правда за Џамал ​​Кашоги не е само предавство на новинар“, истакна тој, додавајќи дека тоа „го охрабрило де факто владетелот на престолонаследникот Мохамед бин Салман да продолжи со прогонот на новинарите“.

Свет | пред 8 месеци

toskovski

Сејф Сити ќе го смени менталитетот: „Нема веќе бегање од казни“, вели министерот

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ зборуваше колку Македонија е безбедна држава и потенцираше дека македонските граѓани прават разлика од тоа како било претходно, а како е сега и тоа се должни на многуте акции кои беа спроведени од страна на Министерството за внатрешни работи.-Мислам дека македонските граѓани прават разлика помеѓу она што го начекавме, она што го оставија овие пред нас и она кое што ние го работиме сега. Сметам дека сите оние акции кои што ги спроведовме како од аспект на борба против организиран криминал и особено висока корупција и злоупотреба на државни институции во минатото, сите оние акции кои што ги спроведовме во делот на уличниот криминал, потоа на борбата против трговија со дрога, трговија со луѓе, бандите кои што ги разбивме, му даваат една надеж на македонскиот народ дека можело и поинаку. Гледаат дека со посветеност, со макотрпна работа, со професионален пристап можело и поинаку и да се дадат резултати, рече Тошковски.Тошковски во текот на своето гостување објасни како успеале да ја намалат стапката на криминалот на државата. Имено тоа е резултат на неселективноста во примената за законските прописи и во професионалноста.-Едноставен е одговорот. Кога ќе сте неселективни во примената на законски прописи и кога ќе се трудите да професионално си ја сработите работата, без разлика за кого се однесува конкретното, дали ќе е прекршок, дали ќе е кривично дело и така натаму, мислам дека во различни сегменти покажавме дека можело поинаку. Мислам дека разлика е јасна, видлива и се надевам дека ќе имаме капацитети и сила да продолжиме и понатаму да чекориме со исто темпо, објасни министерот.Тошковски говореше и за проектот „Сејф Сити“ и посочи дека со овој проект за многу краток период ќе се смени односно на македонските граѓани во делот на почитување на сообраќајните правила.-Јас искрено многу верувам во овој проект „Сејф Сити“. Кога ќе го имплементираме „Сејф Сити" како решение, јас сум убеден дека за многу краток временски период ќе го смениме менталитетот и односот на нашите граѓани во делот на почитување на сообраќајни правила. Со имплементација на овој систем нема да има опција за избегнување на казна, вели тој.На крај Тошковски акцент стави и на дигитализацијата со што потенцира дека таа е основен пилар за осовременување на сите процеси и подобрување на услугата која што ја пружи не само МВР туку цела влада.-Дигитализацијата е еден од основните пилари кои што сме ги воспоставиле како такви уште при отпочнување со целокупната реорганизација во Министерството за внатрешни работи и многу внимание посветуваме на тоа. Сакаме сите процеси кои се водат во рамки на министерството да се дигитализираат се со цел да можеме да ги убрзаме процесите, да исклучиме човек фактор при донесување на одредени одлуки кои што не се во интерес на граѓаните од аспект на непроцесуирање на одредени предмети, селективен пристап во постапување и така натаму и особено во аспект на подобрување на услугите кои што ги имаме кон граѓаните. Еве на пример, овозможување на граѓаните да можат да извадат уверение за државјанство преку електронски пат, овозможување да се извади дозвола за одредено оружје преку електронски пат, целокупната постапка да се води електронски. Мислам дека дигитализацијата и те како е клучен пилар за осовременување на сите процеси и подобрување на услугата која што ја пружиме, не само како МВР, туку општо како влада, дополни Тошковски.

Македонија | пред 8 месеци

f_36985719_1280

Ова се можните сценарија за бомбардирање: „ЦИА во сенка“ има проценка, еве кога Иран ќе нападне американски цели

Израел бара од Иран да капитулира и да престане да развива нуклеарно оружје. Техеран категорично го отфрли ова барање и на израелските напади одговори со воени напади. Конфликтот ескалираше, но развојот на настаните сè уште е тешко прецизно да се предвиди. Различни сценарија за исходот се на маса.Најповолниот исход би бил брз прекин на огнот со посредство на медијатори и притисок од меѓународната заедница. Сличен модел е забележан и во претходните конфликти меѓу Израел и Хезболах, кои, и покрај својот голем арсенал и десетици илјади борци, не успеаја да извршат ефикасен контранапад и на крајот се согласија да ја демонтираат својата воена инфраструктура и да се повлечат подалеку од границата.Можно е Иран да успее да нанесе неколку значајни удари на Израел, барем доволно разорни за домашната јавност да ги перцепира како пропорционална одмазда, по што Техеран може да се согласи на прекин на огнот.Проблемот е што не знаеме точно што сака да постигне Израел и колку повеќе цели има намера да таргетира. Во најновите напади во неделата наутро, израелските сили го уништија главниот објект за складирање гас во Техеран и централната рафинерија за нафта, сигнализирајќи нова фаза од војната. Изгледа дека Израел го префрла својот фокус од нуклеарните и воените цели кон енергетската инфраструктура, темелот на извозот и државниот буџет на Иран.Влијателната американска агенција за стратешка проценка Стратфор, која некои ја нарекуваат „ЦИА во сенка“, правилно предвиде во петокот дека Израел ќе ги прошири своите операции надвор од едноставното намалување на нуклеарните и воените капацитети на Иран, за сè повеќе да ги таргетира невоените политички лидери, цивилната инфраструктура и други цели дизајнирани да нанесат не само воена, туку и економска и политичка штета.Израел веројатно ќе продолжи да ги таргетира иранските нуклеарни постројки и да се обидува да ги елиминира клучните научници во нуклеарната програма. Исто така, веројатно е зголемување на бројот на атентати врз политичкото раководство. И покрај силната одбрана, вклучително и поддршката од САД и Франција, иранските ракети повремено продолжуваат да го пробиваат одбранбениот штит и да погодуваат израелски цели.Сепак, Стратфор верува дека конфликт на регионално ниво е помалку веројатен. Иран, барем на почетокот, ќе избегнува напад врз американската воена инфраструктура за да не предизвика директно вклучување на САД. Истото важи и за земјите од Советот за соработка во Заливот, кои Иран ги гледа како потенцијални политички и економски канали за одржување на минимална меѓународна соработка, особено по завршувањето на конфликтот. Но, како што конфликтот се продлабочува, се повеќе е веројатно дека дури и ненамерна ескалација би можела да ги вовлече САД и арапските држави во војна.Иако е малку веројатно дека одбранбената поддршка на САД за Израел ќе го испровоцира Иран да ги таргетира американските воени објекти во регионот, доколку американската војска започне директна офанзива против Иран, Техеран потоа би можел да ги мобилизира сојузниците и проиранските милиции да нападнат американски цели во Ирак, Сирија или Јемен. Иако ова е малку веројатно во овој момент, исто така е можно земјите од Заливот да дозволат нивните бази или воздушен простор да се користат за напади врз Иран. Нивната енергетска инфраструктура тогаш би станала легитимна цел за Иран и неговите сојузници. На пример, Јордан веќе пресретна неколку ракети и беспилотни летала над својата територија, слично како минатата година кога иранските ракети го таргетираа Израел. Сепак, можно е во случај на американско вклучување во конфликтот, САД да ги користат нивните бази, што потоа повеќе нема да можат да го прикажат како самоодбрана.Во тој случај, конфликтот би добил регионални размери. Иран, исто така, веројатно би прибегнал кон асиметрични методи, напади преку сојузници и, потенцијално, терористички мрежи за да го зголеми притисокот врз Израел и неговите западни сојузници.

Свет | пред 8 месеци

netanjahu

Убиен шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда

Во израелски воздушен напад врз Техеран беше убиен Мохамед Каземи, шефот на Разузнавачката организација на Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГЦ), една од двете главни безбедносни агенции на Иран. Неговиот заменик Хасан Мохакик и високиот офицер Мошен Багери исто така беа убиени.Веста прв ја објави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за американскиот „Фокс њуз“, а набрзо беше потврдена и од иранските државни медиуми.Командантот на воздухопловните сили на ИРГЦ, шефот на програмата за ракети земја-земја и голем број други високи функционери и научници, исто така, беа убиени во последните денови. Израел тврди дека елиминирал повеќе од 20 врвни ирански воени команданти во неодамнешните операции.

Свет | пред 8 месеци

zemjotres-2-2

Рано утрово земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Утрово, во 04:35 часот, бил почувствуван краток земјотрес во Охрид и поширокиот регион.Според првичните податоци, земјотресот имал магнитуда од 3,8 степени според Рихтеровата скала на длабочина од околу 10 километри, со епицентар на приближно 9 км североисточно од Охрид.Земјотресот бил почувствуван од жителите на градот и околните населби, како и во пограничните места со Албанија.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-09-29-at-12.10.16

МНР нуди помош на сите македонски граѓани во Израел и Иран

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт преку дежурните (СОС) телефонски броеви. За помош и асистенција можат да се обратат на Амбасадата во Тел Авив на броевите +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546 и на адресата telaviv@mfa.gov.mk и во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на броевите +389 75 273 732 и +389 75 268 736 и на адресата globalsos@mfa.gov.mk.Од МНР информираат дека заради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, во рамките на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е на 24-часовно располагање на македонските државјани. Од Министерството веќе апелираа и македонските државјани да се воздржат од патување во земјите од овој регион.

Свет | пред 8 месеци

azir-aliu-51

Алиу: Мојата задача не е да оперирам срце, туку да го менаџирам здравството

На средбата со новинарите, новиот министер за здравство Азир Алиу, кој инаку е информатичар, рече дека негова задача е да менаџира со здравствениот систем за да нема листи на чекање, а не да оперира.„Јас сум доктор по информатички науки, не сум лекар, но позицијата што ја имам е менаџерска. Јас нема да оперирам срце, туку ќе креирам системи кои ќе бидат оптимални, отчетни и навремени. Ќе креирам системи за да може кардиологот да оперира срце во реално време со добри инструменти и да нема листи на чекање. Дигитализацијата е најдобар начин за подобрување на условите за лекување и само така може да се добие реална слика за пациентите кои чекаат термин за операција или терапија“, рече Алиу.Прв приоритет ќе му биде состојбата во болницата во Кочани и најави дека утре ќе оди на средба со директорката на болницата, а ќе се сретне и со пациенти повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“.Тој рече дека ситуацијата на Клиниката за Онкологија е катастрофална.„Имав можност да ја посетам Клиниката за Онкологија и за жал можам да кажам дека тоа таму на сè личи, само не на клиника во која се лекуваат таков вид на пациенти“, рече Алиу.За прв пат сите граѓани над 40 години ќе можат да се скенираат, односно бесплатно да можат да извршат прегледи.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања