Како по примерот на Пеце Мирчевски, ЈО да отвори постапка против Филипче за луксузното ауди Q8 вредно 130 илјади евра, бара ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
filipce-51234

„Инсталациите на СДС во правосудните органи, повторно одработуваат за услугата што се избрани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

— реклама —

По низата заштита и изземање од разни криминални и корупциски скандали како случајот Онкологија и модуларната во Тетово, повторно, ликот кој се штити од прогон, е токму сегашниот претседател на СДС, Венко Филипче.

Имено, станува збор за луксузно ауди Q8 во вредност од 130 илјади евра кое го користи Филипче, а кое е земено на лизинг од фирма која за време на владеење на СДС добиваше тендери за снабдување на ЕСМ со јаглен.

— реклама —

Фирмата Зобек мининг груп е фирмата која го купила луксузното возило и му го дала на Венко Филипче.

Тоа го потврдува и газдата на фирмата, Енис Колашинац кој вели дека неговата фирма го земала на лизинг аудито Q8 и дека го зеле токму за Венко Филипче, посочувајќи дека сега возилото се наоѓа во владение на претседателот на опозициската СДС.

Бизнисменот Колашинац е многу близок со Филипче и Заев. Тоа е човекот, кој заедно со браќата Заеви и Венко Филипче, се журкаше на приватната забава со Харис Џиновиќ во луксузен хотел во Дубаи.

Иако имаме јавно признание на бизнисменот кој вели дека аудито на лизинг го зел за Венко Филипче и дека сега тоа е во негова сопственост, обвинителството молчи.

А, за ист таков случај Јавното обвинителство веќе има отворено постапка против поранешниот директор на СОЗР од редовите на СДС, Пеце Мирчевски, додека пак од судот му беше определен притвор.

Зошто Венко Филипче е заштитен и привилегиран?

Го повикуваме ЈО да почне да работи и против Филипче да отвори истражна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања