Промени тема
Контакт

Без ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, изгласано одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Успеа третиот обид да има надзорна расправа за трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани.

Партијата Левица е предлагач на иницијативата. На седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, со која претседава Димитар Апасиев, а со поддршка на опозицијата, усвоена е иницијативата за одржување надзорна расправа за трагедијата во Кочани.

— реклама —

И овој пат отсуствуваа и не гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

— реклама —

Но, се употреби деловничката можност одлуката да се изгласа со поддршка од една третина од членовите на Комисијата.

„Јавноста и граѓаните на Кочани заслужуваат одговори на сите дилеми и сомнежи околу селективната истрага за оваа трагедија. Очигледно е дека се штитат лица со тесни врски со владејачката партија“, порачаа од Левица, потенцирајќи дека институциите реагираат само под притисок на јавноста.

— реклама —

Дека се спремни да дадат поддршка за оваа иницијатива се изјаснија и пратениците од СДСМ и Европскиот фронт, кој во своите излагања посочија дека наместо вистина граѓаните и семејствата на загинатите и повредените добиле само политиканство од власта и органите, кои како што обвинија работеле под владин диктат каде се штедат од пресуди владини функционери и каде нема оставки ниту од морални причини.

— реклама —

Левица посочува дека владејачкото мнозинство требало да иницира надзорна расправа, наместо, како што велат, да одржува трибини зад затворени врати, во време на силна емотивна вознемиреност кај јавноста.

„Одржувањето на оваа надзорна расправа е политичка должност. Никој што дозволил да функционира дискотеката на смртта не смее да биде поштеден од одговорност“, порачаа од Левица, нагласувајќи дека ќе продолжат да се борат против сите обиди за заташкување на случајот и за правда за трагедијата што ја потресе цела Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Македонија | пред 1 седмица

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонија | пред 3 седмици

Sobranie-zgrada

Од безбедноста во сообраќајот до борбата против корупцијата: Пет собраниски комисии денеска заседаваат

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања