Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

zagaduvanje

Скопје е уништено: Две години за намалување на загадувањето не е решение, туку понижување

Скопје е уништето од алчноста и криминалната спрега на урбаната мафија и властите. Скопје е град каде возат автомобили со еко стандарди кои во ЕУ одамна се забранети. Се гради не според потребите, туку според интересите на поединци. Јавниот превоз е катастрофален и уште еден извор на загадување. Затоа, она што недостасува за да се спаси градот, вака како што е руиниран, е нов "Кензо Танге" план и нова ВИЗИЈА. Наместо да си вадат делови од планот на Кензо Танге според потребите и личните интереси како од рафт на продавница, да направат план каков град сакаме сите да видиме сите за 10, 20 години. Нов план, за кој ќе се постигне консензус меѓу политичките партии, градските власти, експертската јавност и граѓаните. Визија за градот имајќи ги предвид неговите слабости (сообраќај, загадување) и потребите на граѓаните, а не на интересните групи на луѓе со пари и моќ.Притоа, експертската јавност да биде многу поширока од архитекти и урбани планери, туку и еколози, стручњаци за инфраструктура (јавен превоз), хортикултура и сл. Ако за намалување на загадувањето е потребно да се демотивираат граѓаните да возат во центар, потребен е квалитетен јавен превоз. Таков проект е долгорочен и бара инвестиции за кои се потребни и странски кредити и домашно финансирање, проект за кој е потребен консензус бидејќи надминува еден градоначалнички мандат.Ако за намалување на загадувањето е потребно зеленило, да се направи план како да се направат нови паркови. Идејата за некакви зелени кровови над згради и трговски центри е тотално мачкање очи затоа што дрвја не може да се садат и да фатат корен на кров на зграда и тоа би се свело на трева и грмушки. Идеите што се нафрлаат за зелени кровови е само ефтин маркетиншки трик на потенцијалниот инвеститор на парцелата. Наместо парцијални решенија, потребен е компрехензив план што ќе го подобри квалитетот на живот на граѓаните, кој пред се ќе се насочи кон намалување на загадувањето. Двегодишен план за справување со загадувањето со инстант донации не само што не е решение туку е понижување на умот.Значи власта да не се крие зад законите, туку да ја врати парцелата на граѓаните, а таа да се осмисли според потребите на градот, а не на "Обновители", Антиќ и Сугарески. Се друго ќе биде континуитет на груевизмот и граѓаните кога тогаш ќе го казнат.п.с. Го следев процесот на денационализација од почетоците и знам конкретно случаи дека не се враќало земјиште, туку обврзници, дури и кога на парцелата за која некое семејство има имот, зафаќа тревник покрај тротоар. За ваков случај пак, каде зафаќа и траса од трамвај предвидена со ГУП да се врати земјиште?!? Тоа можело само во криминалните зделки на владата на Груевски. Пардон и сега, кога министер е Сугарески, а премиер Заев.Ida Protuger - објава на социјални мрежи

Коментари | пред 7 години

Нема фотографија

Сетете се дека нѐ сакавте

Драги пријатели и идни сојузници, не ви се чини дека малку премногу и малку предолго ја оставате оваа држава на ветрометина? На милост и немилост на нејзините отворени негатори? Колумна на Гордан Георгиев.Опасно нѐ мамевте кога ни велевте дека кризата заврши, таму некаде во далечната 2017-та година. Нѐ мамевте, а ние ве преколнувавме да не ширите лажни надежи. Здружено пееше тогаш хорот од европски славејчиња, жедни за победа на екипата на која сепак ѝ помагаа само од трибините, без претерано да си ги извалкаат салонките со кал. И тогаш, како и сега, уживавте со туѓи (не ваши!) перја да го китите крзното на Венера, која соблазнето се грчеше во невидени болки. И тогаш, кога нѐ мамевте, и сега кога молчите, ние ви верувавме. Ајде сега малку приберете се и помогнете. Шампањот и јагодите може да почекаат, иако веќе ни вам ни нам не ни е до нив. Во Македонија има сѐ уште незавршена работа. И веќе не ни е гајле дека ви е тешко и мачно да слушате дека и самите сте дел од кризата (преку нечинење), како што сте и морате до крај да бидете дел од решението (преку чинење).Која сила ќе ги скроти канцерогените пецкања?Судејќи според реториката, регионот во декември 2018-та година наликува на предвечерјето на Втората балканска војна, онаа чијшто raison de guerre беше највкусното парче од колачот, имено територијата и душата на денешна, а уште малку вчерашна, Република Македонија. Се разбира, таа војна овојпат е вербална, но последиците од ваквиот вербализам и волунтаризам во изјавите и поведенијата повторно се прекршуваат врз нашиот грб. Просто е неверојатно да се слушаат изјавите на високи претставници на нашите соседи во врска со ситуацијата во Македонија и трнливиот пат кој таа го изодува. И повторно имаме сѐ во манџата: Грци, Бугари, Срби, Албанци, остатоци од австро-унгарската империја, турска империја која грчевито се бори никогаш да не зајде нејзиното сонце, руски токсични влијанија и сајбер-интервенции. И повторно Европа- блудницата и Америка самодоволна. Можно ли е, се прашува здраворазумниот човек негуван и нишан во лулката на европските вредности, упорно и бесрамно да ни се повторува истата реторика?Начинот на кој Европската унија и САД ја „хендлаат“ новата криза во Македонија (кризата која нели пред една година заврши) е скандалозен. Фотографиите од неизустениот успешен референдум сосема избледеа. Еве гледаме дека сега во Германија дошла некоја друга жена, која не ја познаваме, а онаа која ја познававме и која така здушно ја гушкавме ни се чини дека изгубила интерес за нас или го сменила телефонскиот број. И да, заборавив дека во тек е смена на скопската американска администрација, па обично се навикнавме да им даваме грејс период од една година. Ние одовде, од нашава мрачна дупка, не гледаме сила која ќе ги скроти сите канцерогени „пецкања“ кои доаѓаат од нашите идни партнери. Бидејќи се чини дека некои од нив се подготвени сѐ да направат за да се оствари она што е речиси незамисливо во меѓународните правила на игра: Pacta non sunt semper servanda.Драма во неколку чинаЧин први. Топлите прегратки помеѓу Борисов и Заев не ги стоплија душите на двата народа. Министерот за НАТО (одбрана) на Бугарија секојдневно фрла отровни стрели кон братскиот народ отаде Ѓуешево, а братот Бојко молчи. Благонадежни нови пријатели на Македонија од истата страна на границата енигматично ни сугерираат дека Бугарија и Македонија треба да бидат како Грција и Кипар. Само не ни кажуваат дали Македонците треба да бидат Грците во Кипар или Турците во Кипар. Ако историскиот договор помеѓу Бугарија и Македонија зависи од простодушноста на Заев и славјанската присност на Борисов, тогаш да знаете дека немаме договор. Pacta non sunt semper servanda.Чин втори. Министерот за НАТО (одбрана) на Грција со жестока реторика упорно и од почетокот го поткопува Договорот од Преспа. Можеби и тој мисли дека Кипар е најдобро решение за Македонија, иако сигурен сум дека во „деталите“ и имплементацијата на „кипарското прашање во Македонија“ се разликува од неговиот бугарски партнер во НАТО. И на сето тоа Алексис Ципрас упорно молчи, патем жртвувајќи го можеби единствениот искрен поддржувач и брокер на договорот отаде Евзони, бившиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас. Ако Договорот од Преспа зависи само од бившиот министер Коцијас и непроспиените ноќи во преговори со Димитров, тогаш знајте дека договорот е неодржлив. Pacta non sunt semper servanda.Чин трети. Министерот за надворешни работи на Унгарија, клучен НАТО партнер, се изживува врз телото наречено Европски парламент и душата му ја вади на и онака бескрвниот комесар за проширување. Јоханес Хан, потопен во безначајноста на сопствената функција и проблематичната морална постура полека станува (срам ми е да го напишам ова, но така е) вреќа за боксирање на кој-ќе-стигне. Преигрувањето во играта на мали голчиња секогаш доаѓа со задоцнета фактура. Подобро нека не нѐ брани повеќе.Во сличен ѕид на молк удривме со намонтираната индолентност на норвешкиот генерален секретар на НАТО. Па спакувајте го назад тој Груевски во истиот гепек во кој го пропуштивте низ пет НАТО-граници и вратете го во Скопје. И лизнете го од лизгалката на неговата гаража од којашто избега. Па правете се наудрени како што сега Сијарто ви се смее во лице. Еден пријател еднаш во огледало ми рече: Ќе видиш, овој Груевски ќе ја распадне Европа со својот пребег во ЕУ. Не ни ја мачкајте свеста и не ни го фарбајте достоинството дека декларацијата на Европскиот парламент има каква билосмисла освен да ве покрие вас и вашата неспособност. Таа декларација е срам за нас и за вас, особено откако Сијарто ја пушти низ тоалетната школка.Чин четврти. Заглушувачкиот молк на „странците“ околу лажното помирување помеѓу тенкото владеачко мнозинство и осумтемина пратеници. Кажете им на нашите власти в лице, а потоа и нам во јавност дека ова со амнестијата не е и не смее да биде едночинка, туку само пролог во крупниот и долготраен и мачен процес на помирување, простување и признавање на вината. Спонзориран директно од вас. Инаку ние, големото мнозинство граѓани на оваа држава ќе прогласиме дека pacta non sunt semper servanda.***Да не претеравте малку со вашето нечинење драги пријатели? Во мугрите на претседателските избори, чинам дека на Македонија ѝ треба еден нов Борис Трајковски, некаква политички маргинализирана фигура на која ѝ пукнал филмот, некаков нов „заменик министер за надворешни работи“ кој ќе ѝ за'ржи на меѓународната заедница и повторно пред нос ќе ѝ го стави огледалото во кое таа наутро сѐ помалку милува да се гледа. Да им каже јасно и гласно: Драги пријатели и идни сојузници, не ви се чини дека малку премногу и малку предолго ја оставате оваа држава на ветрометина? На милост и немилост на нејзините отворени негатори и на милост и немилост на вашата внатрешна петта колона? Па ова е истата онаа држава која пред една година ја прогласивте за безкризна и која помина тешки, ама баш тешки, премрежја за да го оправда епитетот на партнер. Ако вака продолжите, ќе ги оставите без работа Лавров, Вучиќ и компанија. Ќе им остане само сеирот. А ние секако нема да преживееме. Бидејќи некои, навидум однапред договорени договори нема да можеме да ги исполниме. Pacta non sunt semper servanda.А вие, домашни пријателчиња, го оставивте повторно Заев сам да брани, нели? Браво Византијо, браво солидарни собраќа и сосестри.DW.COM

Коментари | пред 7 години

vadim-repin

Во Македонската филхармонија: “Магична виолина“ – со виртуозот Вадим Репин

Македонската филхармонија, утревечер (12 декември) во 20 часот, ќе одржи симфониски концерт под наслов “Магична виолина“, на кој како солист ќе се претстави еден од најголемите виолинисти на денешницата, Вадим Репин од Русија.Виолинистот со огнена страст, со беспрекорна техника, уметникот од чии раце извира поезија и сентименталност, како што го опишува критиката, Вадим Репин, за македонските љубители на музиката ќе го изведе виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр. 2 од Сергеј Прокофјев. Диригент на концертот е маестро Владимир Вербицки од Русија, кој првпат настапува на македонската сцена, а кој се смета за еден од најактивните руски диригенти и кој гостува на сите светски континенти.Под неговата диригентска палка оваа вечер ќе бидат изведени и едно од најпопуларните дела на рускиот композитор Модест Петрович Мусоргски – “Ноќ на пустата планина“, како и македонската премиера на Симфонија бр. 1 од рускиот автор Василиј Калиников.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Определен притвор за 20-годишното момче што ја уби својата баба

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје попладнево достави Предлог за определување мерка притвор за 20-годишното момче од Драчево, за кое постои основано сомнение дека вчера ја лиши од живот неговата 66-годишна баба.Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомниченото лице му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и опасност осомничениот да го повтори делото.Јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување истрага против осомничениот за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.2 од Кривичниот законик.Имено, осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот оштетената, негова баба по мајка, нанесувајќи и повеќе убодни рани со нож, од кои една засецна рана во пределот на вратот била смртоносна.За потсетување, извршителот вчера сам се пријавил во полициска станица и признал дека ја лишил од живот неговата баба. Мотивите за кривично-правниот настан се уште се утврдуваат. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, а се вештачат и трагите и материјалните докази пронајдени на лице место при извршениот увид.

Македонија | пред 7 години

48365789_277901859576151_3868021961657417728_n

Официјално - формирно Јавно претпријатие „Колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води

Владата на Република Македонија , на денешната 107-ма редовна седница донесе одлука за формирање на Јавно претпријатие „Колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води.Новото јавно претпријатие, ги презема сите обврски и во иднина ќе управува и стопанисува со колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.Со одлуката на Владата, всушност се прави поделба на досегашното Меѓуопштинско јавно претпријатие „Проаква“ , кое беше голем финансиски проблем за општините Охрид и Струга, бидејќи претпријатието беше нефункционално и работеше со загуби. На одлуката на Владата на Република Македонија и претходеа постапки за делбен биланс и одлуки на Советите на општините Охрид и Струга. По формирањето на јавното претпријатие за управување со колекторскиот систем, општините Охрид и Струга ќе формираат нови јавни претпријатија за стопанисување со водоводните системи.Одлуката на Владата на Република Македонија со олеснување е примена кај локалните власти, но и кај граѓаните и стручната јавност, бидејќи со формирањето на новото јавно претпријатие се решава еден витален и повеќедецениски проблем со заштитата на Охридското Езеро, кое како светско природно наследство е на листата на УНЕСКО.Иницијативата писмено до премиерот Зоран Заев во 2017 година ја испрати тогашниот охридски Градоначалник Никола Бакрачекси по што Премиерот Заев во Скопје се сретна со Бакрачески и ги разгледа и прифати плановите за превземањето на Колекторот, а сега и ги реализира во пракса.https://www.dailymotion.com/video/x5tmvgi

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

АХВ ги демантира наводите во соопштението на „Коалиција против ГМО“

„Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира наводите од денешното соопштение на неформалната група граѓани и организации „Коалиција против ГМО“ во врска со изјавите на директорот на АХВ Зоран Атанасов дадени во емисијата Отворено студио на ТВ 1, во врска со ГМО храната. Како одговорна институција за безбедноста на храната, ја информираме јавноста дека сите наводи изнесени во соопштението се невистинити и голем дел се однесуваат на надлежности на други институции, а не на Агенцијата за храна и ветеринарство.АХВ е надлежна за уредување на легислативата и контролата на ГМО храната и ГМО храната за животни, но, не и за одобрување и пуштање во промет на ГМО семињата, ниту за култивацијата и одгледувањето на култури кои се генетски модифицирани. АХВ не е надлежна институција ниту за контрола на влијанието на овие генетски модифицирани култури врз животната средина и врз диверзитетот во природата.Сите посочени линкови во соопштението се однесуваат на штетни ефекти врз здравјето на луѓето, но, од употреба на одредени пестициди, за кои се знае дека нивната прекумерна или несоодветна употреба има штетни последици. Одобрувањето на пестицидите не е надлежност на Агенцијата.Дел од посочените линкови упатуваат на научни трудови кои се поврзани со употребата на пестицидите, а не со употребата на ГМО храната и ГМО храната за животни. Некои од линковите се само информации од написи непоткрепени со научни сознанија, но, и тие зборуваат за штетни ефекти врз здравјето на луѓето од употребата на одредени пестициди, не за ГМО.Европската агенција за безбедност на храната ЕФСА учествува во проценка на ризикот која е дел од процедурата за одобрување на генетски модифицираниот производ во рамки на Европската комисија, а се однесува на растение кое може да се култивира и чија намена е стриктно определена во самата авторизација/одобрение, односно определено е дали културата која е генетски модифицирана ќе се користи за храна или како храна за исхрана на животни.За употребата на ГМО храната која е авторизирана/одобрена, а се користи во исхраната на луѓето нема научни докази дека влијае негативно врз здравјето“, се вели во соопштението од АХВ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Го удриле со тврд предмет, па извршиле разбојништво

Вчера во 17,30 часот во Скопје, пријавено е дека на улица „Христо Татарчев“, две непознати лица, со употреба на физичка сила и тврд предмет извршиле разбојништво над М.Н.(29) од  Кратово и му одзеле мобилен телефон и 600 денари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

debrcatopografija

Јавна презентација на проектот „Дебрца-Археолошка топографија на старите градови и тврдини 2018“

Во четврток 13.12.2018 година, со почеток во 11.00 часот, во салата за седници на советот на општина Дебрца, во село Белчишта ќе се презентираат резултатите од Проектот “Археолошка топографија на старите градови и тврдини во општина Дебрца 2018 “. Во рамките на проектот се изврши археолошки мониторинг на 10 најзначајни археолошки локалитети со цивилизациски карактер на територијата на општина Дебрца, изработка на археолошка, техничка, наративна и илустративна фото/видео документација.Средствата за реализација на проектот, во износ од 100.000 денари се обезбедени од буџетот на општина Дебрца, конкретно од Програмата за развој на културата во 2018 година, а истражувањето го спроведе истражувачкиот тим на Филозофскиот факултет Скопје.Презентацијата ќе ја изврши Раководителот на истражувачкиот тим, Проф. Д-р Виктор Лилчиќ Адамс. Поканети се сите заинтересирани лица кои сакаат да ја проследат јавната презентација.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Јавна расправа за буџетот на Општина Охрид за 2019 год

Во рамки на отчетното и транспарентно работење, градоначалникот Јован Стојаноски и секретарот Игор Бежоски заедно со раководителите на општинските сектори денеска во просториите на општина Охрид одржаа јавна расправа за фискалната стратегија и нацрт програмите за буџетот за 2019 година.На настанот учествуваа претставници од Урбаните и Месни заедници кои преку предлагање на приоритетни и значајни проекти за нив директно учествуваат во креирање на предлог програмите и буџетот кои во наредна фаза ќе бидат ставени на гласање пред советниците во Советот на општина Охрид.На средбата охриѓани побараа за наредната 2019 година општината да издвои повеќе средства за лицата со посебни потреби како и да се решат повеќе проблеми од областа на инфраструктурата меѓу кои изградба на пристапни патишта, детски и спортски игралишта.

Македонија | пред 7 години

48365789_277901859576151_3868021961657417728_n

ЕКСКЛУЗИВНО: Владата го превзема колекторкиот систем околу Охридско Езеро

Владата на Зоран Заев го исполни ветувањето кое премиерот го даде во 2017 год. Денеска е формирано новото државно јавно претпријатие кое треба да врши одвод и прочистување на отпадни води околу Охридско Езеро, кое неофицијално ќе се вика „Колектор“, дознава Скопје1 од извори во Владата на РМакедонија.Од кабинетот на градоначалникот Јован Стојаноски за Скопје 1 и официјално ја потврдија  информцијата и кажаа дека дека денеска биле известени за формирањето на новото претпријатие.Првите разговори за формирањето на ова јавно претпијатие се водеа во јули 2017 кога оваа иницијатива писмено до премиерот ја достави тогашниот Градоначалник Никола Бакрачески, по што премиерот Зоран Заев оствари средба со Бакрачески и отпочна разговори за реализирање на оваа иницијатива, а процесот го продолжи актуелниот градоначалник Јован Стојаноски.Инаку, колекторот е еден од најголемите финансиски товари на општина Охрид, а со овој чекор Владата дава значаен придонес во процесот на раздолжување на општината кој е во тек.

Македонија | пред 7 години

MNR-Dimitrov-Pariz-03

Димитров: Свесни сме дека да се биде Европеец не значи само зачленување во ЕУ

Денес во Париз, министерот за надворешни работи Никола Димитров, учествуваше на состанокот на високо ниво на француско-германската иницијатива за борба против недозволена трговија со лесно оружје во земјите од Западен Балкан, на покана од францускиот Министер за надворешни работи до Министрите за надворешни и внатрешни работи на 6-те земји од З.Балкан. Состанокот беше воден од страна на МНР на Франција, Жан-Ив Ле Дриан и МНР на Германија, Хајко Мас, а на истиот покрај Министри од Регионот учествуваа и Министри од земји членки на ЕУ и други високи претставници на земји донатори и на меѓународни организации.Во своето обраќање, МНР Димитров најнапред ја потенцираше важноста од соработка и интеграција на Регионот во ЕУ, експлицитно демонстрирано во екот на мигрантската криза во 2015 година. Заблагодарувајќи се за поддршката од партнерите на патот на европската интеграција, тој нагласи: „Свесни сме дека да се биде Европеец не значи само зачленување во ЕУ, туку и сет на вредности и практики на добро управување, владеење на право, борба против корупција, незаивисни и силни институции.”Притоа во контекст на исполнување на стандардите за членство во ЕУ, Министерот изрази подготвеност за уште потесна соработка во однос на безбедносните прашања од различен вид, вклучително и контролата на илегална трговија со мало и лесно оружје, во интерес на креирање побезбедни општества за нашите граѓани и борба против организираниот криминал.МНР Димитров истакна и дека „Патоказот за изнаоѓање одржливо решение за незаконско поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје и муниција во Западен Балкан до 2024 година, усвоен на Самитот за Западен Балкан во Лондон на 10 јули 2018 година, претставува одлична рамка, комплементарна на веќе постојните национални и регионални иницијативи, за засилување на контрола и непролиферација на мало и лесно оружје”.Покрај учеството на денешниот состанок, кој претставуваше одлична можност и за размена на мислења и разговори на МНР Димитров со повеќе колеги, во рамки на работната посета на Париз, ќе се обрати и во Фондацијата Роберт Шуман на тема „Европската перспектива на Македонија по Договорот со Грција”.Исто така, утре, во Собранието на Француската Република, министерот Димитров ќе се сретне со претседателката на Комисијата за надворешни работи и со група пратеници.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Уапсени двајца Албанци поради нелегален влез во Македонија

На 10.12.2018 година околу 19,20 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово - Полициска станица Гостивар, ги лишиле од слобода албанските држaвјани Д.Л.(19) и К.Р.(19), кои нелегално влегле и непријавено престојувале и поради сомнение дека се инволвирани во кражби во неколку гостиварски села.Двајцата албански државјани задржани се во Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Малолетник од Скопје преживеа хорор за 150 денари

На 10.12.2018 година околу 19,20 часот било пријавено дека неколку лица на булевар „Гоце Делчев“, извршиле разбојништво со употреба на сила над малолетник и му одзеле 150 денари.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Скопје | пред 7 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Ограбена аптека во Скопје

На 10.12.2018 година во 18,50 часот пријавено е дека во Скопје во аптека лоцирана кај „Зелен пазар“, непознато лице со закана извршило разбојништво при што од касата одзело околу 8.000 денари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

paridenari1

Ограбена бензинска во Скопје

На 10.12.2018 година во времето од 02,00 до 04,00 часот во Скопје, во бензинската пумпа на булевар „3-та Македонска Бригада“ непознат сторител извршил тешка кражба, така што со употреба на погоден предмет делувал на прозорецот од канцеларија, влегол внатре и одзел пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Кичевец добил изгореници во обид да изгасне пожар

На 11.12.2018 година во 07,50 часот во објект во „Жито Караораман - Кичево“, лоциран во близина на населбата „Горица“, настанал пожар. При обид за гасење, со изгореници се здобил Г.Ц.(40) од Кичево вработен во компанијата.Тој бил пренесен во Општата болница во Кичево каде по укажана лекарска помош е пуштен на домашно лекување.Со интервенција на противпожарната единица од Кичево, пожарот бил локализиран и изгаснат.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

„Македонија Блокира“: Полицијата брутално реагираше, има повредени демонстранти

„Македонија блокира“ обвинува за полициска бруталност на протестите во Скопје.„„Македонија-Блокира„ ја осудува синоќешната брутална полициска интервенција врз македонскиот народ кој мирно протестираше пред Собранието во рамките на активностите за спречување на уставните измени со кои се брише се што е македонско.Во неоснованата, незаконска и нелогична акција на полицијата има неколку повредени а кај еден од протестантите има кршење на прстите на раката за штои има и видео запис.Шокирани сме од сознанието дека пред Собранието во најголем дел биле распоредени полицајци - Албанци кои во еден момент тргнаа на народот со тепање и провоцирање дека во скоро време протестантите ќе носат ќечиња.Го повикуваме министерот Спасовски да се вразуми и да не провоцира оти работите лесно може да излезат до контрола, дотолку повеќе, блокадите продолжуваат до финалната одлука -или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи“, се вели во соопштението 

Македонија | пред 7 години

DSC_2423

Владата ќе формира Агенција за квалитетот во високото образование

На редовната 107-ма седница, Владата ја усвои информацијата за отпочнување на постапката за формирање на Агенција за квалитетот во високото образование. Најдоцна до 20 февруари 2019-та година, од редот на професорите во работен однос на јавните универзитети во Република Македонија, Комисијата за именување на Владата треба да именува по 6 членови во одборот за акредитација и во одборот за евалуација на високото образование. По исто толку членови во двата одбори, до 20-ти овој месец, треба да именува и интеруниверзитетската конференција. Понатаму, Владата и укажува на Интеруниверзитетската конференција да избере по еден член од редот на студентите во Одборот за акредитација и во Одборот за евалуација на високото образование. По еден член во одборите имаат право да именуваат МАНУ и Организацијата на работодавачи на Македонија.Министрите денеска донесоа одлука за основање на „Јавно претпријатие колекторски систем“. Примарната дејност на јавното претпријатие ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел - заштита на Охридското Езеро. Јавното претпријатие исто така, ќе врши и планирање, изградба, реконструкција и рехабилитација на колекторскиот систем. Средствата за основање на „ЈП колекторски систем“ во висина од 5 милиони се обезбедени од сметката на Владата на Република Македонија.На денешната седница беше прифатена информацијата за потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора, за заедничка реализација на проектот за чистење на дворните површини на ОХИС, во Скопје. Успешната имплементација на Проектот има за цел создавањето на Фонд, како систематски механизам за расчистување на индустрискиот токсичен отпад во поранешната фабрика ОХИС во согласност со Европските стандарди, хармонизација во полето на заштита на животната средина и промоцијата на Град Скопје како безбеден, отпорен и одржлив град.Владата, на 107-мата седница го усвои и до Собранието на Република Македонија ќе го достави предлог – законот за практиканство. Законот ќе овозможи целосно да се искористи потенцијалот на практичната работа, како и голем број на млади невработени лица без практично искуство,  одреден временски период да реализираат практична работа во реални услови, со што истите ќе станат поконкурентни и полесно потоа ќе се вклучат на пазарот на трудот. Предлог законот предвидува практикантот за време на практичната работа кај работодавачот да добива месечен надоместок и тоа: од 42% до 74% од минималната нето плата, за практикантска работа до три месеци и во висина на минималната нето плата, за практикантска работа над три месеци.На денешната владина седница беше усвоена информацијата за Акциски план на Националната стратегија за сајбер безбедност 2018-2022-та година. Целта на овој акциски план е да ги дефинира чекорите за успешна имплементација на првата Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија 2018-2022. Оттука, Владата го задолжи министерството за информатичко општество и администрација до крајот на годинава да достави измена и дополна на Одлуката за формирање на Националниот совет за информатичко – компјутерска технологија за проширување на надлежноста, а со цел да ги опфати и надлежностите на Национален совет за сајбер безбедност, како и да донесе Решение за  формирање на работна група во која ќе членуваат претставниците од Работната група која ги подготвуваше стратешките документи од областа на сајбер безбедноста.На предлог, исто така, на Министерството за информатичко општество и администрација, министрите ја прифатија информацијата за единствен веб портал за отворени податоци. На него ќе бидат објавувани каталози на отворени податоци на сите министерства и истите ќе бидат достапни секому. Со ова, Владата на Република Македонија дополнително ја зголемува транспарентноста и отчетноста кон граѓаните.Со усвојување на предлог – законите за изменување на законите за банки и за Управата за јавни приходи, се овозможува пристап на УЈП до приливите на граѓаните од страна на банките. Тоа на Управата ќе и овозможи да ги добива потребните податоци за изработка на претпополнетите пријави за данок на личен доход. Со предлог – законите за изменување на законите за банки и за УЈП, исто така, се гарантира и повисока безбедност на податоците со користење на најнова технологија, односно енкрипција на податоците

Македонија | пред 7 години

1-9

Заев за смртта на Џорџ Х.В. Буш: САД загуби голем лидер и пример за американскиот народ

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска напиша порака со изрази на длабоко сочувство за смртта на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Џорџ Х.В. Буш, во книгата на жалоста што денеска беше отворена во амбасадата на САД во нашата земја.Премиерот Заев во книгата на жалоста напиша:„Со смртта на поранешниот претседател на САД, Н.Е. г. Џорџ Херберт Вокер Буш, Соединетите Американски Држави загубија човек кој ќе остане запаметен како еден од најголемите претседатели, вистински лидер и пример за тоа како еден политичар треба да им служи на интересите на нацијата.Неговото богато државничко, политичко и хумано наследство, коешто тој го остави зад себе, и понатаму ќе продолжи да живее длабоко во срцата на американскиот народ, како и во сеќавањата на идните генерации.Упатувам изрази на најискрено сочувство до сите членови на неговото семејство, како и до американскиот народ.Господ нека го благослови“.

Македонија | пред 7 години

20181206_111642

Демант на Фазлиу во врска со кривичните пријави од Финансиската полиција

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу демантира дека бил инволвиран во случајот на  незаконска исплата на пари од проект на ИПА фондовите. Финансиската полиција вчера информира дека Фазлиу и поранешниот министер за локална самоуправа Лирим Шабани, како и две вработени во министерството добија кривични пријави.„Синоќешните јавни обвинувања од страна на медиумите, а во име на финансиската полиција припаѓаат на времето и мандатот кога со ова Министерство управувал некој друг. Во мое време, пред една година овој случај е затворен. Им наложив на споменатите соработници во обвинувањата да ги вратат средствата- и средствата беа вратени.Објавувањето на овој случај, конкретно во ова време, и тенденцијата по секоја цена во име на финанасиската полиција да се стави дамка на моето име и мојата личност е пратено на погрешна адреса. Апелирам до сите релевантни институции во државата, а исто и до финансиската полиција сериозно да се зафатат со истражување, откривање и документирање на злоупотребите, корупцијата во сите сегменти на државата, без да поштеди ниту поединец, ниту група на организиран криминал.  Крајно време е раководителот на Управата за финансиска полиција сериозно да се зафати со реалните злоупотреби кои се вкоренети во Македонија во последните 20- 30 години, и да не дозволи да стане дел од политичките игри барајќи криминал таму кадешто не му е место, а затворајќи очи таму кадешто и слепиот гледа реален и организиран криминал“, се вели во демантот.

Македонија | пред 7 години

MOV_4678.00_00_01_19.Still001

(ВИДЕО) Мицкоски од Струмица: Доаѓаат претседателски избори, очекуваме голема победа

Денес сме во Општина Струмица, каде што ќе го почнам материјалот „Ветено, неисполнето“ на Зоран Заев и СДСМ. Овдека се наоѓаме пред зоната Сачево, која што беше ветена од страна на Зоран Заев пред многу години дека ќе бидат изградени 16 фабрики и дека ќе вработат до 2.500 граѓани, жители во Општина Струмица, но и од околните општини кои што гравитираат околу општината Струмица, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Како што можете да видете години потоа оваа зона е празна, нити една фабрика немаме, ниту едно ново вработување. Ова треба да биде пример за граѓаните на Република Македонија како не треба да се даде довербата на политичари кои што само ветуваат, а ништо не исполнуваат. Политичари кои што многу зборуваат и додека зборуваат лажат.Така што ние денеска ќе ја продолжиме нашата посета во Струмица, ќе имаме можност да поразговараме со жителите од Општина Струмица но и со околните општини кои што гравитираат на Општина Струмица“, изјави Мицкоски.Според него можеме да видиме дека во Република Македонија денеска и во секојдневие граѓаните живеат лошо. Граѓаните се жалат на лошата економска ситуација.„Луѓето можат да ги посочат сите нереализирани ветувања, сите неисполнети очекувања од страна на т.н. понуда „Живот за Македонија“ која што беше презентирана пред граѓаните на Република Македонија пред нецели две години. А, наместо живот за возврат добија пекол.Но она што денеска гледаме било и да не се повтори во Република Македонија. Доаѓаат претседателски избори во кои што ВМРО-ДПМНЕ очекува една голема победа“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Официјално отворена „Недела на археологијата“

Манифестацијата "Недела на археологијата" која се реализира петта година по ред и постепено прераснува во традиционален настан на Археолошкиот музеј, официјално се отвори со денешното отворање на изложбата "40 години од првите археолошки истражувања на локалитетот  Тумба Маџари". Изложбата ќе биде отворена за посетителите два месеци.На 12 декември, (среда)  во организација и соработка со "Центарот за истражување на предисторијата" ќе се одржи меѓународна конференција, со учесници од Балканските земји и Европа, насловена "Неолитот во Македонија".На 13 декември, (четврток) со почеток од 10 часот ќе се одржи предавање за развојот на земјоделието во неолитот во Европа, а со посебен осврт на неолитот во Грција ќе биде предавањето на еминентниот грчки археолог и проф.д-р Костас Котцсакис.Манифестацијата завршува во петок, со бесплатен влез за посета на музејот под отворено небо - Неолитското село во населбата Маџари (Ченто).“Недела на археологијата” е финансирана преку годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија.

Магазин | пред 7 години

DSC_3

(ВИДЕО) Манчевски и Поповски: Поддржуваме стекнување на подобро разбирање на медиумските информации на граѓаните за поголема отчетност на институциите

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, учествуваа на 14. Меѓународната конференција „е-Општество“, во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“.На Конференцијата, со тема „Медиумски писмени граѓани за одговорни институции“, во пет одделни сесии се опфатени приоритетите во областите на слободата на изразување, медиумска писменост, транспарентноста и отчетноста. Беше констатирано дека е потребна координација и соработка со граѓанскиот сектор, бизнисите и академската заедница, со цел подобрување во работата на институциите и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.Министерот Манчевски во своето обраќање се осврна на посветеноста на Владата преку транспарентноста и отчетноста на институциите да се  доближи нивната работа до граѓаните, истакнувајќи ја посебно улогата на дигитализацијата на услугите, која како што најави, ќе резултира со конкретни проекти во 2019 година.„Со пуштање на употреба на националниот портал за е-услуги на почетокот на следната година и со можноста секој граѓанин да го активира својот електронски идентитет, долгите, сложени и нетранспарентни процеси за добивање на документи и услуги ќе бидат минато. Секој ќе може од својот електронски уред да ја добие потребната услуга. Дигитализацијата на овие процеси, ќе го намали влијанието на човечкиот фактор, а со тоа ќе се намалат и можностите за корупција“, рече министерот Манчевски и додаде дека дигитализирањето на услугите ќе се врши со водење грижа за приоритетите, согласно потребите на граѓаните и бизнис секторот.Министерот Манчевски најави и дека Владата, покрај практиката на објавување на најчесто бараните документи, идната година ќе се посвети и на надградба на системот ЕНЕР, со цел да се овозможат онлајн дискусии, а не само коментари како што беше досега, во однос на предложените законски решенија од страна на институциите.„Пред крајот на овој месец во употреба ќе биде пуштен новиот портал за отворени податоци, кој денеска го презентираме пред колегите министри на седница на Владата“, најави министерот Манчевски, потенцирајќи дека покрај транспарентноста во работењето, се покажува дека и отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој, во насока на подобрување на управувањето и јавното учество во централната и локалната власт.Говорејќи за медиумската писменост на граѓаните, министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски истакна дека таа е силно и двонасочно поврзана со отчетноста на институциите констатирајќи дека со зголемувањето на бројот на медиумски писмени граѓани  се зголемува и бројот на одговорни, отчетни институции.„Како силни застапници на концептот „Отворена влада“, кој во себе, меѓу другото, ги обединува комуникациите, транспарентноста и отчетноста, постојано имаме предвид да создаваме услови за да бидат исполнети функционално трите идеални улоги на медиумите кои можат да имаат огромно влијание врз доброто владеење, транспарентноста и одговорноста“, подвлече министерот Поповски.Во оваа насока, министерот Поповски ја оцени улогата на медиумите како набљудувачи и укажувачи, кои го штитат јавниот интерес преку следење на моќните сектори на општеството за откривање на случаи на злоупотреба на власта, криминалот и корупцијата, како и ширењето на лагите и дезинформациите.Министерот Поповски се задржа и на последните извештаи на меѓународните институции и организации кои констатираат дека Република  Македонија има демократско подобрување и станува држава со најветувачка шанса за демократски прогрес во Европа, како и дека е направен добар прогрес во слободата на изразување и подобрување на климата за работа со медиумите и намалување на притисокот врз нив. Министерот Поповски укажа и на истражувањето на „ACTION SEE“ дека Владата на Македонија е најотворена меѓу владите од регионот.„Овие признанија за нас се само мотив да продолжиме во таа насока и уште повеќе да ги правиме достапни и транспарентни политиките и практиките на Владата. И тука ја докажуваме поврзаноста помеѓу отчетноста и медиумската писменост – колку властите ги прават информациите повеќе достапни и повеќе разбирливи за граѓаните, толку сме поблиску до објективно информирање и до точно разбирање на вестите кои гравитираат во медиумите, а кои граѓаните ќе ги препознаат како точни и објективни“, подвлече министерот Поповски.Во првата сесија се обратија и извршниот директор на „Метаморфозис“, Бардил Јашари и извршната директорка на Фондацијата „Отворено општество - Македонија“ Фани Каранфилова Пановска и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.Тие се осврнаа на важноста на медиумската писменост, укажувајќи дека постојат многу предизвици во насока на подобрување на знаењата и вештините на граѓаните, за полесно оценување на информациите кои доаѓаат до нив од различни страни. Говорниците се согласија дека е потребно поддржување на проекти и заедничка платформа во насока на полесно справување со манипулациите и лажните вести од страна на граѓаните и следствено зголемување на нивната доверба во институциите кои ги почитуваат принципите на транспарентност и отчетност.

Македонија | пред 7 години

48359648_263370434337828_7744702963930628096_n

Делегација од МВР на 18. конференција на Советот при Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа

Денес, делегација предводена од државниот секретар на МВР , Магдалена Несторовска присуствуваше на редовната 18-та конференција на Советот при Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа, во Букурешт.„На конференцијата беше усвоен Извештај за претходните активности и статусот на проектите кои ги раководи SELEK. Исто така беше извршен избор на две директорски позиции на Секретаријатот на SELEK, директор на операции и директор на правни и внатрешни работи .За позицијата Директор за правни и интерни работи во SELEK, со мнозинство гласови, со тајно гласање беше избрана Тања Левајковиќ, актуелна пом.министерка за финансиски прашања во МВР на РМ“, велат од МВР.

Македонија | пред 7 години

Grujoski-seta-niz-Budimpesta

(ФОТО) Груевски се шета низ Будимпешта

Додека МВР бара екстрадиција за Груевски, Унгарските институции се уште молчат за барањето на македонската Влада за екстрадиција на поранешниот македонски премиер  кој пред еден месец избега од Македонија  Груевски се шета низ Будимпешта.Ова е правта фотографија на екс премиерот Груевски откако ја напушти земјава.Инаку на сликата која се надеваме дека е автентична е и Александар Трајковски , предводник на Иницијативата слобода за Никола Груевски. Трајковски  го предводеше „протестот за правда“ за Никола Груевски, и беше главен говорник?Трајковски сега е обвинет во предметот „Насилство во Центар“ кој го застапува СЈО. Тој беше вработен во општина Гази Баба.  

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања