Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

najcevska

Најчевска на ФБ: Протуѓер нема да биде гонет за криминал, а Паца од Долногаштани ќе ја даде целата своја пензија и уште 5 наредни за долг од 50 денари...

„Протуѓер нема да биде гонет за криминал направен од позиција на државен функционер во случај со вредност од 5 милиони евра. Делото застарело.Паца од Долногаштани ќе ја даде целата своја пензија и уште 5 наредни за долг од 50 денари за неплатена вода, затоа што нејзиниот страшен криминал никогаш нема да застари.  Срам да ви е социјалдемократи. Не променивте, само заменивте“, напиша на својот Фејзбук профил професорката Мирјана Најчевска.По овој пост на Најчевска следуваа низа коментари.Има коментари од типот:Навистина жалосно за народот, тојсекогаш го извлекува најдебелиот крај. Или ...Мирјана, проблемот е во сите коалициони партнери кој биле со власта и кој заради ситни интереси по 1-2 директорски места овозможувале на партиите креатори на политиките да прават “ршум“ од правни дубари, преку носење закони или не постапување.Подржувачите на СДСМ пак коментираат .. СДСМ продолжете да правите грешки  и одстапки нерачунајќи дека избледувате како политичка партија.Други пишуваат : Нема промена, само замена. Ништо од никоја партија обичниот граѓанин не доби, само губи, наздравје гласачи...Други напишале: Апсолутно не е в ред!!Подржувачите пак на опозицијата со друг став: Кога ние ќе дојдеме на власт „Ние што не забораваме “, ќе уведиме закон по кој за над 100 илјади евра украдени на било кој начин од Македонија и народот  „Ќе нема застарување на делото“ исто како за геноцид врз сопствениот народ.https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10214541879115561

Скопје | пред 7 години

Grujoski-seta-niz-Budimpesta

Груевски во Будимпешта: Шета, џогира и бара апартман

Денеска изминува 1 месец откако Груевски избега во Унгарија, за да избегне издржување на 2-годишната затворска казна во Македонија. Првите наоди на Обвинителството за начинот на кој избегал, се најавуваат за 10-тина дена, објави dw.com/mkГруевски во Будимпешта е сместен во познат и луксузен хотел во градот, излегува на прошетки, многу често џогира, има посети од лица од Македонија и е во потрага по постојано живеалиште, надвор од хотелски објекти. Ова се информациите кои еден месец кружат меѓу лица блиски на поранешниот премиер, а добија извесна потврда со фотографијата што вчера проциркулира на социјалните мрежи, каде тој е фотографиран во фреквентен дел од Будимпешта.Минатата недела албанската телевизија „Топ ченел“ објави фотографија од Груевски како лично управува возило, за која тврдеше дека е снимена на граничниот премин Хани Хоти на албанско-црногорската граница на 11 ноември 2018 година во 19 часот и 11 минути. Информацијата ја преземаа голем број албански и македонски медиуми, и покрај тоа што само со куса проверка можеше да се утврди дека станува збор за стар кадар од видеото направено на 21-ви декември 2017 година, кога Груевски е снимен на улица во Скопје како со неговото возило марка „пунто“ го предводи партискиот протестен конвој од автомобили во знак на поддршка на притворените за упадот во Собранието од 27-ми април.Потврдено од новинарЗа разлика од манипулацијата со таа фотографија од „Груевски на граница“, за автентичноста на оваа од Будимпешта медиуми се повикуваат на потврда од британскиот новинар Даниел (Ден) Нолан, кој го лоцирал местото каде е фотографиран Груевски, но не сакал да открие кој е автор на фотографијата. Нолан е фриленс новинар, кој од Будимпешта често известува за британските „Гардијан“ и „Дејли телеграф“, но и за други европски медиуми, главно за теми од културата, политиката и човековите права во Централна и Источна Европа. Во 2016 година бил меѓу номинираните за Европската награда за печат, со авторски труд посветен токму на рефлексиите од односот на Унгарија кон миграциската криза.Покрај неговата потврда на автентичноста на фотографијата, друга официјална потврда нема.Извори од матичната партија на Груевски не се впуштаат во оценка дали е тоа актуелна фотографија, или од некоја од претходните, како што велат - „од неговите многу честите посети“ на престолнината на Унгарија. Но, она што може со сигурност да го потврдат  - е дека тој од почетокот на неговото бегство телефонски контактирал со негови сопартијци и дека „речиси нема функционер во ВМРО-ДПМНЕ кој не го знае неговиот нов телефонски број“. Тврдат дека се јавил на сопруги на негови сопартијци кои неодамна беа притворени, на довчерашните најблиски соработници, но и на некои од осумте независни пратеници кои гласаа за отворање на процесот на уставни измени.Првите сознанија за десетина денаИ додека македонската јавноста се занимава со автентичноста на фотографијата, се уште нема резултати од истрагата за начинот на кој Груевски избега од Македонија, точно пред еден месец. Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека на 11-ти ноември околу 22.30 часот Груевски влегол од Црна Гора во Србија на преминот Гостунм со регуларна лична карта и во придружба на две лица. По возење цела ноќ низ Србија, на 12-ти ноември во 5 часот и 11 минути ја напуштил земјата на преминот Хоргош, кога со дипломатско возило, лична карта и привремен патен лист рано утрото влегол во Унгарија.Токму на овој аспект се осврна и премиерот Заев во минатонеделното интервју за Дојче веле.„Не прашувам како влегол од Албанија во Црна Гора и во Србија. Прашувам како излегол од Србија. Сакам да знам како наш граѓанин ја поминал српската граница кон Унгарија, без пасош. Сакам да знам, дали кој било од нас, ќе го пуштат без пасош со лична карта да влезе во Унгарија, земја членка на ЕУ (...) Не знам како се дава тој патен лист, ни кој го дал. Сакам да ги знам тие информации. Барањето на тие одговори е мое право“, рече Заев.Одговорите ги бара и Обвинителството. Во петок истекува рокот од 10 дена кој го дадоа 14 невладини организации, барајќи јавноста да добие одговори од истрагата, а во спротивно, најавија дека ќе бараат политичка одговорност од највисоките функционери. Но, сосема сигурно е дека до петок нема да има одговори.„Првичните сознанија од истрагата ќе ги соопштиме најрано за десетина дена“, велат од Обвинителството за Дојче веле.Како причина за тоа го наведуваат големиот обем на материјали кои треба да се прегледаат и анализираат, за јавноста да добие точни и проверени информации. Покрај големиот обем на снимки од системот „safe sity“ кои треба да се прегледаат, на анализа се и листинзи од голем број телефонски разговори, а се чекаат и дополнителни снимки од Албанија и Црна Гора. Покрај снимките од граничните полиции, Обвинителството ги побарало и снимките со кои располагаат царинските служби на овие земји, кои се обезбедени и треба да ги преземат деновиве.  Оттаму потенцираат дека фокусот на истрагата е ставен на тоа како и со чија помош Груевски ја напуштил земјата - почнувајќи од неговото последно престојувалиште, се до излезот од македонска територија.Извор: dw.com/mk 

Македонија | пред 7 години

20181109_113951

Лабораторијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје е првата лабораторија за тестирање која ги исполнува новите услови од стандардот ИСО 17025:2018

Центарот за санитарна контрола изврши акредитирање на својата работа согласно стандардот ИСО 17025 кој го регулира лабораториското работење и земањето на примероци за анализа.Лабораториите на Центарот за санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација - Скопје први во државата го акредитираа своето работење според стандардот ИСО17025:2018.Акредитирањето беше спроведено од страна на комисија од Институтот за акредитација на Република Македонија како овластена институција.„Ова акредитирање беше извршено согласно новите критериуми што се дел од стандардот ИСО 17025:2018 и тоа за првпат во нашата држава со што станавме првата лабораторија за тестирање која ги исполнила и докажала пред надлежната комисија условите и критериумите предвидени со новиот стандард. Во исто време проширен е и обемот на акредитацијата со внесување на два нови параметри со што го комплетираме прегледот на вода за пиење основен преглед - А, согласно новиот „Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење„ бр.183/2018“, изјави Д-р Зоран Божиновски, Директор на центарот за санитарна контролаАктивноста беше изведена од тимот на Центарот за санитарна контрола кој беше претходно подготвен и соодветно едуциран што на крајот резултираше со успешно спроведена акредитација, преод кон новите критериуми на стандардот и проширување на обемот на акредитирано работење. Сите досега успешно спроведени активности на лабораторијата отвараат простор за идно проширување на обемот на акредитација со нови потребни параметри за следење на квалитетот на водата за пиење во дистрибутивниот систем на ниво на периодичен преглед - Б.   

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Заврши реконструкцијата на улицата „Њуделхиска“

Заврши реконструкцијата на улицата „Њуделхиска“, во населбата Тафталиџе 1. Целиот потег долж улицата, по повеќе децении, доби нов урбан лик.„Улицата е проширена, со цел да се обезбеди поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, а поставено е и ново штедливо осветлување – лед светилки со моќност од 30 вати.Целосно е обновен коловозот на оваа соообраќајница и истиот е проширен, а реконструирани се и тротоарите долж улицата. Реконструкцијата на „Њуделхиска“ овозможува и зголемување на протокот  на сообраќајот на овој потег. Исто така, засадени се и нови садници дрвја долж „Њуделхиска“, со што се зголеми зеленилото во овој дел од Карпош.Вкупно се асфалтираа 500 метри од улицата, а инвестицијата на Општина Карпош е во вредност од 3.200.000 денари.Локалната самоуправа во урбаната заедница „Владо Тасевски“ во Тафталиџе 1, во моментов работи на реконструкција на повеќе улици: „Римска“, „Атинска“ и улицата „Карпошово востание“ во  Карпош 3“, велат од Оштина Карпош. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода дел од Карпош и Центар

Oд ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје за денес ги најавуваат следните интервенции:- Поради дефект на водоводна цевка на ул.Мирче Ацев бр.171 во нас.Центар, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Мирче Ацев (опш.Центар);- Поради дефект на водоводна цевка на ул.Никола Карев бр.127 во нас.Момин Поток, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Рибокомерц и резиденцијата на МПЦ (опш.Карпош).

Скопје | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Низ сеопфатна системска акција се преземаат мерки против сите извори на загадување

По 11 годишното игнорирање на проблемот со загадувањето на воздухот, по една деценија непреземање ништо и системско уништување на зеленилото од страна на криминалното ВМРО-ДПМНЕ, денес, низ сеопфатна системска акција се преземаат мерки против сите извори на загадување, велат од СДСМ.„Повеќе акции за зазеленување и засадување на дрвја со одвиваат низ повеќе општини во Македонија.Над автопатот Велес-Скопје кај езерото „Младост“ над селата Отовица и Чалошево, во изминатите десетина дена на површина од 50 хектари засадени се околу 100.000 висококвалитетни садници од багрем јасен и јавор.Акцијата за засадување нови дрвја и за обновување на дрворедите во Скопје вчера продолжи со засадување на 300 дрвја јасен и јавор.Во тек е есенска акција на Град Скопје за засадување при што ќе бидат засадени околу 3.500 висококвалитетни садници низ сите скопски општини.Битола, Велес, Карпош, Сарај, Бутел, Аеродром се само дел од локациите на кои се одвиваат акции за засадување на висококвалитетни садници“, велат од СДСМ.Тие додаваат дека паралелно со овие интезивни акции, се преземаат мерки за замена на старите и нееколошки начини на затоплување со еколошки. Во јавните установи, во училиштата и градинките се заменуваат старите котли на нафта и се поставуваат нови еколошки котли на пелети и инвертори со што се намалува загадувањето, но се намалуваат и трошоците за загревање.„Во тек се активности за реализација на капиталната инвестиција за изградба на гасоводна мрежа, што е една од клучните мерки во борбата против загадувањето.За таа цел, во Буџетот за 2019 година предвидени се средства во износ од една милијарда и 577 милиони денари, што е за дури 1.1 милијарда денари повеќе од средствата за 2018 година. Истовремено, за првпат е формирано и градско јавно претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен систем.Се набавуваат и нови еколошки автобуси, се воведуваат еколошки мерки за сообраќајот, се обезбедуваат субвенции за еколошки енергенси за греење, за еколошки автомобили, засилени се инспекциите и серија други мерки кои активно и континуирано се спроведуваат.Сите институции секојдневно преземаат мерки што имаат за цел да го намалат загадувањето.Јасно е дека станува збор за сложен проблем за чиешто решавање ќе биде потребно силна ангажираност и време, но сите институции се максимално посветени да стават крај на овој децениски проблем“, се вели во соопштението.  

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните секојдневно дишат отров наместо чист воздух, тоа за СДСМ нема значење

Република Македонија со месеци се гуши во загаден воздух, а СДСМ максимално го игнорира овој проблем. Здравјето на граѓаните кои секојдневно дишат отров наместо чист воздух, нема никакво значење за СДСМ, Зоран Заев и Петре Шилегов, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Нивото на канцерогени ПМ10 честички во воздухот е неколкукратно над дозволеното, а власта мува не ја лази. Веќе неколку месеци мерните станици во неколку скопски општини не работат. Наместо мерки против загадувањето СДСМ предлага мерки против граѓаните од сиромашните и средните слоеви.СДСМ, Заев и Шилегов не се способни да решат еден проблем и затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага неколку мерки за справување со загадениот воздух. Итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс“, велат од партијата.Според нив, МВР мора го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост. Мора да се забрза процесот на гасификација кое беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.„Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа. Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето.СДСМ ја завива државата во црно. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со оваа ненародна и деструктивна политика на СДСМ и Заев да се придружат на денешниот протест во 17 часот од плоштадот ВМРО до Владата на Република Македонија.Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора веднаш да си замине“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Дел од Центар, Аеродром, Ѓорче, Кисела Вода и Гази Баба денес без струја

ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа денес, без напојување со електрична енергија ќе останат:Од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од ул.Кресна (АВРОРА) непарни броеви (9а-19а) и ул.Илија Димовски Гоче бр.11Б и 13 А/Б (опш.Аеродром);Од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од детски дом „11-ти Октомври“, детска градинка „Кочо Рацин“ и дел од улиците Васил Ѓоргов, Козара и Елисие Поповски Марко (опш.Центар);Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул.Ванчо Мицков (опш.Ѓорче Петров);Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Дренак (опш.Кисела Вода);Од 08:15 до 15:30 часот, корисниците од ул.Индустриска, ББ  ФОН Универзитет, ул.Индустриска и ББ Мак АУТОСТАР (опш.Гази Баба);

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Членови на карате клубот „Маваши“ од Кисела Вода ќе се натпреваруваат на Европско првенство во Данска

На Балканското првенство кое неодамна се одржа во Дубровник, Хрватска членовите на карате клубот „Маваши“ од Кисела Вода, Марта Димковска во кадетска конкуренција до 54 кг. и Стефан Апостоловски У21 до 67 кг. си обезбедија пласман на Европско првенство кое следната година од 7 до 10 февруари ќе се одржи во Данска.Димковска на ова натпреварување постигна одлични резултати, додека Апостоловски во четвртото коло за влез на финалниот натпревар изгуби од Светскиот првак од Хрватска и во репасаж го освои третото место, со што младите каратисти си обезбедија директен влез на Европско првенство.Пред овој голем успех младите каратисти Марта Димковска и Стефан Апостоловски на државното првенство за кадети - јуниори У12 ги освоија првите места, кои ги однесоа на Балканското првенство кое беше критериумско за пласман на големото европско натпреварување. За овие успеси најзаслужен е тренерот на КК „Маваши“ Димче Савевски.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

16 сообраќајки во изминатото деноноќие, две лица со тешки телесни повреди

Во текот на изминатиoт ден (11.12.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 16 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и девет со материјална штета.При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и девет со лесни телесни повреди. 17 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 12 возачи бидејќи шест го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четворица биле возачи почетници и двајца го управувале возилото под дејство на алкохол. Пет возила се исклучени од сообраќај бидејќи осум биле нерегистрирани.Санкционирани се тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно престигнувале, тројца не поседувале зимска опрема во возилата, 22 не користеле сигурносен појас и 32 користеле мобилен телефон додека го управувале возилото. Во текот на изминатиот ден издадени се 73 мандатни платни налози,  додека исто така 66 возила се подигнати со "Пајак".

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Скопјанка нападната од куче во Аеродром

На 11.12.2018 година во 12,00 часот во Полициската станица Аеродром Д.К.(43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10,45 часот на булевар “Видое Смилески-Бато“ неговата 17 годишна ќерка била нападната од куче,  кое ја каснало во пределот на левата рака.

Скопје | пред 7 години

policija-3-640x382

Удрил во пешак и побегнал

На 11.12.2018 година во 12.00 часот во Скопје на улица „Козара“ непознато патничко моторно возило управувано од непознат возач (кое го напуштило местото на настанот), удрило во пешакот Л.Т.(83) од Скопје.Л.Т. се здобила со тешки телесни повреди и укажана и е лекарска помош во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

kratovo-sneg-1

(ФОТО) Снег во Кратово

Интензивни врнежи од снег го зафатија Кратово и повисоките планински места низ земјава.  Вистинска зимска идила е утрово во овој Град. Засега нејава за интензивни врнежи од снег низ земјава нема, но според метеоролозите  повремени врнежи од снег ќе има утре попладне и в петок , а наместа ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места и повремен снег на планините. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

Командир на полициска станица го оштетил буџетот на МВР за 416.557 денари

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против З.С. вработен во Регионален центар Север на работно место Командир на Пoлициска станица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Пријавениот постапувајќи спротивно на подзаконски акт на Министерството за внатрешни работи во текот на 2016 и 2017 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување при што издал и потпишал 32 наредби за работа подолга од полното работно време со што овозможил на полициски службеници без основа да им се исплатат 416.557 денари за прекувремена работа со што директно го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија..

Македонија | пред 7 години

Real-Madrid-kamp

(ВИДЕО) Охрид по втор пат ќе биде домаќин на фудбалски камп на Фондацијата на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“

Охрид ќе биде домаќин на вториот фудбалски камп на Фондацијата на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“. На кампот кој ќе се одржува од 14 до 18 јануари 2019 година во хотелот „Аквалина“ се очекува да учествуваат стотина деца на возраст од 7 до 17 години.Во рамки на кампот децата ќе тренираат фудбалски техники и вештини, но ќе научат и многу повеќе за најважните вредности и идеали како што се тимскиот дух, толеранцијата и здравиот начин на живот.https://www.facebook.com/prof.dr.jovan.stojanoski/videos/2161580690725870/

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

Закана за бомба во седиштето на Фејсбук – за среќа лажна

Објект на Фејсбук во градот Менло Парк, во државата Калифорнија синоќа е евакуиран поради закана за бомба.Во зградата, каде имало вработени во Фејсбук и Инстаграм, веднаш биле испратени спацијални единици, но не се пронајдени никакви експлозивни направи. Според локалните медиуми, заканата за бомба била упатена преку полициска станица во Њујорк, па потоа биле известени и влaстите на Менло Парк.Загриженоста за безбедноста во технолошките кампуси во Сан Франциско се зголеми минатата година, особено по пукањето во кампусот на ЈуТјуб во Сан Бруно во април. 

Свет | пред 7 години

48045725_269069140634812_6969565322391060480_n

"Го фатив жив" - откриено кој го фотографирал Груевски во Будимпешта

Унгарски „Индекс“ го најде изворот на оригиналната фотографија од вчерашната прошетка на поранешниот македонски премиер Никола Груевски низ улиците на Будимпешта која се рашири со брзина на светлината по социјалните мрежи и медиумите.Британски новинар Даниел Нолан го фотографирал Груевски во близина на култна пивница во унгарската престолнина. - Го фатив жив! Пребеганиот екс-македонски премиер забележан во Будимпешта - напиша британскиот новинар заедно со објавената фотографија на Твитер, пренесе Фактор. 

Македонија | пред 7 години

bebe-stomak

Честичките од загадениот воздух пронајден во плацентата кај бремени жени

Научниците го пронашле првиот доказ дека честичките од загадениот воздух патуваат низ белите дробови на бремените жени и се сместуваат во плацентата. Токсичниот воздух веќе е силно поврзан со штетата кај фетусите, но како е направена штетата, не се знае. Ново истражување што ги вклучило мајките во Лондон открило ситни честички во плацентата на секое бебе. Истражувачите велат дека е можно честичките да влезат во фетусите, објави факултети.мк.- Ова е загрижувачки проблем - постои масовна поврзаност меѓу загадувањето на воздухот што мајката го вдишува и фетусите. Затоа, идните мајки се советуваат да патуваат низ помалку загадени места - вели д-р Лиса Мијашита.Серија претходни истражувања покажаа дека загадувањето на воздухот значително го зголемува ризикот од предвремено раѓање и ниска родилна тежина, што доведува до доживотно оштетување на здравјето. Големо истражување што опфатило повеќе од 500.000 породувања во Лондон ја потврди врската и ги наведе докторите да кажат дека импликациите за многу милиони жени во загадените градови низ светот се нешто што се приближува до јавна здравствена катастрофа.Научниците сè повеќе откриваат дека загадувањето на воздухот резултира со здравствени проблеми кои не се поврзани само со белите дробови. Во август истражувањата откриле дека загадувањето на воздухот предизвикува огромно намалување на интелигенцијата, додека во 2016 година биле откриени токсични наночестички од загаденоста на воздухот кај мозокот на човекот.Новото истражување ги испитало плацентите на пет бремени жени кои не пушеле и кои родиле здрави бебиња. Истражувачите изолирале макрофажни клетки, дел од имунолошкиот систем на телето, кои ги зафаќаат штетните честички, како бактериите и загадувањето на воздухот.Користејќи оптички микроскоп, тие откриле 72 темни честички меѓу 3.500 клетки, а потоа користеле моќен електронски микроскоп за да ја испитаат формата на некои од честичките. Изгледале многу слично како честичките пронајдени во микрофагите во белите дробови.- Многу е јасно дека станува збор за црни честички-саѓи  - вели д-р Мијашита. Претходните истражувања покажаа дека честичките што ги вдишуваат бремените жени минуваат низ крвотокот и влегуваат во плацентата.- Не знаеме дали честичките што ги пронајдовме може да се пренесат и во фетусот, но нашите докази сугерираат дека е можно. Исто така, знаеме дека на честичките не им е потребно да навлезат во телото на бебето за да имаат негативен ефект бидејќи ако имаат ефект врз плацентата, ќе имаат директно влијание врз фетусот - додаде д-р Мијашита.- Овие истражувања покажуваат дека децата имаат полоши животни шанси кога станува збор за нивното образование и нивните работни места - вели д-р Кристијан Шилерт од Универзитетска болница „Каролинска“ во Шведска.Извор: факултети.мк

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Што ќе се случува со Македонија идната година и зошто само зло ја прати државата, откриваат астролозите

Македонија астролошки е во знакот на девица, а подзнак бик. Астролозите како година, ден и час на раѓање на земјата за да изготват натална карта ги земаат 8 септември 1991 год, денот на референдумот и 21:00 часот кога се обзнанија резултатите од референдумот.Астролозите велат дека кога се анализира наталната карта на Македонија, навистина се е точно и резултатите се фрапантни како такви што излегуваат. Познатиот филозоф и астролог Зоран Крстевски долги години со крајно точна прецизност, читајќи го влијанието на ѕвездите „најавуваше“ што не очекува. Но, како што вели „Последните скоро 7 - 8 год. се откажав од давање прогнози бидејќи се надевам на секој му е јасно и секој може да предвиди што се може да следи“.Крстевски за Скопје1.мк , објаснува зошто немаме среќа со претседателите, поточно, зошто еден преживеа атентат, друг загина, трет кој не се занимава со политика повеќе после мандатот како што вели не можеше да „вирее“ ...Крстевски објаснува што се случува во моментов и зошто, како и кога завршува лошото влијание на сатурн врз земјава. „Свесно или несвесно, проблем сме направиле од самото создавање. Македонија е создадена за време на млада месечина. Сонцето е затемнето од месечината. Наместо да не огрее сонце, не затемнала месечина“, вели Крстевски за Скопје 1.Во продолжение ви ја пренесувме видео изјавата од Про. д-р Зорна Крстевски.

Македонија | пред 7 години

555

(ВИДЕО) Кавги и навреди меѓу адвокатот Тортевски и демонстрантите

Кавги и навреди меѓу адвокатот Тортевски и демонстрантите на вчерашните протести организирани од движењето „Македонија Блокира.Дознаваме дека Тотевски добил дозвола од полицијата да ги премине блокади кај Градска болница и се упатил кај демонстрантите. „Македонија блокира“ го осуди овој инцидент. Повикуваат  да им биде дозволено мирно да протестираат.Тие објавија и видео на кое се гледа инцидентот.

Скопје | пред 7 години

48168584_2412562755484349_4709771582430511104_n

Исчезнат тинејџер од Скопје, се допишувал со девојка од Тетово

Исчезнат е тинејџер од Скопје кој последен пат е виден во Ѓорче Петров со бела Шкода со регистарски теблички СК1566АП. Според информациите тој се допишувал со девојка од Тетово, а од вчера е исчезнат и на телефоните е недостапен.„Barame haker koj ke go probie pasvordot na facebukot! Detevo se dopisuvalo so “devojka od Tetovo” i od vcera e isceznat! Nedostapen e na telefonite! Deckovo so radost gi ocekuva roditelite da mu pristignat od stranstvo posle dolgo vreme, trebalo da gi preceka, no mu se gubi sekoja traga! Pred da pocnete so predpostavki, nitu e kockar, nitu narkoman, nisto of poroci! Normalen decko od prekrasni roditeli! Taka i gi zapoznavme, majka mu e najgolem humanist i donator vo nasata organizacija! Ve molam da i pomogneme da si go najde deteto!Dokolku imame haker as pc koj saka da pomogne za da se najde bilo kakov trag, neka i zvoni, lugjevo ne spijat!Ova se broevite od deckoto tel:078244808 i tel:070252836. Koj moze da hakira kompjuter ili da najde telefon, ve molam pisete na majkata! Ne zvonete bezpotrebno ve molam! Majkata e Maja ‭078246917‬, ova e nejzin broj! Barame bela shkoda fabia so tablici Sk1566ap, na levata strana na vratata ima zname od evropa i Makedonia i pisuva Demirkapija Smokvica!“, стои во објавата на Фејсбук,https://www.facebook.com/jovana.kostovska.71/posts/10158178467589517

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Посебен сообраќаен режим за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи информира дека поради протестот што го најави ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот.„Од 17:00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата Даме Груев, право по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до пред зградата на  Влада. Од  тие причини ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот“, стои во соопштението на полицијата.Од МВР преку соопштението испратија апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево со мала облачност, температура до 12 степени

Денес времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринските температури ќе се дижат од -4 до 6 степени, а дневните од 4 до 12 степени.Во Скопје слично време со температура од 2 до 7 степени.Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи претежно од снег и на места ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места, а на планините со повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Македонија | пред 7 години

mkd-331954

Соопштение на Единствена Русија, партијата на Путин: Можен е квалитетен скок во односите меѓу Русија и Македонија

Развојот на политичката, економската и културната соработка, како и важноста на зачувувањето и јакнењето на духовните врски меѓу Русија и Македонија беа теми на разговорите на заменик-секретарот на Генералниот совет на партијата Единствена Русија, Сергеј Жељезнак со делегација на македонски парламентарни политички партии, ГРОМ и Демократската партија на Србите во Македонија.„Русија и Македонија ги обединуваат заедничките духовни вредности, заедничката православна и словенската традиција. Нашите народи со векови се тесно поврзани со историски и културни корени", рече Жељезнак.„Со длабока загриженост ги гледаме сите обиди за директен притисок од надвор и обидите за мешање во внатрешните работи на суверена Македонија, промени на националниот идентитет, името на државата, Уставот, системот на државата и националните симболи. Сето ова е направено со цел да се трансформира Македонија во протекторат на НАТО против волјата на поголемиот дел од своите граѓани. Таквите активности не само што ја дестабилизираат политичката ситуација во Македонија, туку имаат негативно влијание врз безбедноста и стабилноста во целиот балкански регион", рече Жељезнак за време на средбата.„Ние ја почитуваме борбата на патриотските сили на Македонија против секој обид за промена на власта, на името и на националните симболи на земјата против интересот на македонскиот народ", рече Жељезнак.Стевчо Јакимовски ја истакна потребата за развој на дијалогот меѓу партиите за клучните прашања во политиката, економијата, хуманитарните прашања и за младинска соработка и интеракција на општинско ниво, пишува на интернет страницата на Единствена Русија.„Има огромен потенцијал во трговските односи меѓу двете земји утврдени со проширување на извозот на македонските земјоделски производи", рече тој.„За развој на нашите трговски односи, постои добра економска платформа, бидејќи Македонија не ги прифати санкциите против Русија. Во мај, македонската страна го покрена прашањето за можноста за склучување на договор за слободна трговија со Евроазиската економска унија. Во исто време, развојот на односите со ЕЗАЕ не поставува никакви услови во однос на интеракцијата на Македонија со ЕУ“, вели Жељезнак.Двете страни ја разгледаа и иницијативата за создавање балканска царинска унија и продолжувањето на слободната трговија со Русија.Учесниците разговараа и ја поддржаа идејата за формирање на постојан форум на Македонија и Русија (Форум МиР), како отворена платформа за дискусија со учество на политички партии, невладини организации, експерти, бизнисмени...„Мислам дека Форумот ќе предизвика голем интерес во нашите земји и ќе биде добра основа за долгорочни проекти во насока на развој на добрососедските руско-македонски односи", рече Жељезнак.

Македонија | пред 7 години

esma-redzepova-1439387826-65364

Две години без Есма Реџепова

На денешен ден 11 декември 2016 година на 73 годишна возраст, по кратко и тешко боледување почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска.Таа беше музички активна 55 години. Учествуваше на врвни музички фестивали  и манифестации низ светот. Есма беше вистински музички амбасадор на Македонија во светот.За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска има остварено повеќе од 12.000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа.Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а оствари соработка и со еминентни музички светски имиња.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања