Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

cavkov

Сведок на Чавков контра Нинџа: Чавков не беше во штабот на ВМРО ДПМНЕ

По краткото одложување, во Кривичниот суд продолжи судењето за крвавиот четврток. Во судот сведочи Никола Димитриевски кој бил обезбедување на Митко Чавков, на 27 април. Димитриевски рече дека Чавков на 27 април не бил во ВМРО ДПМНЕ во 18 часот, како што сведочеше минатата недела Александар Василевски Нинџа.Според Димитриевски, Чавков во 18 часот бил во канцеларија која што ја имал во „Технометал Вардар“ и таму останал два часа. По ова, Чавков заминал во МВР каде што се задржал до полноќ, а потоа отишол во штабот на ВМРО ДПМНЕ за да се види со Тодоров. Сведокот кој сведочи по барање на Чавков претходно кажа и дека Чавков како директор на Бирото за јавна безбедност го обезбедувале 7 лица со три возила: „Мерцедес“, „Ауди“ и „БМВ“.На 27 април, возилата ги паркирале во гаражата, а Димитриевски го чекал Чавков пред канцеларијата.Се до 19 часот било мирно, а потоа слушал што разговарал Чавков на телефон.,,Вратата беше обична и можев да слушнам како дава команди, збореше со Митко Пешев, тогашниот началник Горан“, рече сведокот.

Македонија | пред 7 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери: Сите чувствуваме немир за уставните измени, да бидеме внимателни

Во однос на изразената загриженост на лидерот на ДУИ Али Ахмети околу усвојувањето на уставните амандмани, Џафери смета дека тоа е веројатно, како што вели, апел за да се има внимание во постапувањето натаму за да не се иритира,  односно провоцира ситуација која би била во спротивност со определбите за целосна имплементација на договорот од Преспа.– Таа загриженост не е во смисла дека некој не верува во некого, туку се однесува на сите постапки и случувања околу функционирањето на институциите и затоа е веројатно апелот за внимание во постапувањето понатаму за да не се иритира, односно провоцира ситуација која би била во спротивност со одредебите за имплементирање на Преспанскиот договор до завршната фаза – вели Џафери.

Македонија | пред 7 години

velosiped

Прегазен велосипедист итно пренесен на Клиника, возачот побегнал

Вчера во 09,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од комплекс клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено лицето К.К.(61).Според пријавеното, на 06.12.2018 година околу 13,00 часот во населба Илинден, возило удрило во велосипед управуван од К.К. по што возилото и возачот го напуштиле местото на настанот.Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

1-1-2

Одбележани 50 години од збратимувањето на Битола и Епинал

Делегација од Општина Битола, предводена од градоначалничката Наташа Петровска, викендов престојуваше во збратимениот град Епинал во Република Франција, на одбележувањето на празникот на заштитникот на градот, Св. Никола. Воедно, за време на прославата, беа одбележани и 50 години од збратимувањето на двата града. Во својот говор,за време на официјалниот прием во општинската зграда во Епинал, градоначалничката Наташа Петровска го истакна значењето и придобивките на двата града од 50 годипното збратимување.„И еве, тука во Епинал, одбележуваме заеднички една историја, една традиција, една силна врска која трае непрекинато веќе 50 години. 5 децении за нас некој го трасирал овој пат. Ние сега ја трасираме иднината за нашите генерации. Ние сега, со ова заедничко пријателство и блискост, Вашето присуство во Битола и нашето во Епинал, покажува дека ни е важно ова пријателство да трае, да опстојува, да се негува и постојано да расте. Затоа за нас претставува огромна чест, што во квартот кој го носи името на нашиот град Битола, сега има и сквер Битола“, истакна Петровска.На оваа свеченост беше потпишана Повелба и Златна книга по повод 50 години од збратимувањето на двата града.За време на прославата во Меѓуопштинската мултимедијална библиотека во Епинал беше инаугурирана изложбата „Фотографското творештво на браќата Манаки во контекст на Првата светска војна“ од авторот Роберт Јанкулоски.Изложбата ја отворија градоначалникот на Епинал, Мишел Хајнриш и градоначалничката на Битола Наташа Петровска.Битолската делегација имаше можност да го открие новиот тотем за историјатот и географската положба на градот Битола, поставен на влезот од квартот Битола во Епинал. На овој начин, велат од локалната самоуправа на Епинал, самите жители на квартот Битола ќе знаат повеќе работи за градот чие име го носи нивниот кварт. 

Македонија | пред 7 години

47349077_348196919302118_5519264864939278336_n

Синдикатот на вработените во Клинички центар: Зголемувањето на цената на паркингот ќе го намали процентот на покачување на платите

„Планираното покачување на паркинг местото во кампусот клиники “Мајка Тереза“ за 500,00 денари месечно со кое истото ќе изнесува 850,00 денари месечно, најмногу ќе ги погоди вработените од социјално најранливата категорија, чија бруто плата изнесува 17,883.00 денари, односно 12,503.00 денари нето плата, реалниот месечен приход со кој располагаат. На овој начин, оваа социјално најранлива категорија вработени треба приближно еден месец во годината да работи за да го плати паркинг местото на своето возило за време на извршување на своите работни обврски.Истовремено, доколку Советот на град Скопје го изгласа овој предлог на ЈП “Градски паркинзи“ и истиот почне да се применува, планираното покачување на платата на оваа категорија вработени од 5% за 2019 година, почнувајќи со септемвриската плата само по овој основ, практично се сведува на 0%.Дали надлежните институции кои управуваат со паркингот во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје сметаат дека оваа социјално најранлива категорија вработени нема право со возило да оди на своето работно место.Предложеното покачување на паркинг просторот во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје ќе се одрази и во намалување на планираниот процент на покачување на платите за 2019 година и на сите други профили вработени во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје.Искрено верувавме дека со планираната изградба на катните гаражи за паркинг, вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје ќе имаат картички со бесплатно паркинг место, соодветно на праксата во болниците во развиените земји, како и во приватните болници во Република Македонија.Синдикатот на клинички центар го повикува Министерот за здравство, г-динот Венко Филипче со својот личен и со авторитетот на институцијата која ја претставува да го реши овој новонастанат проблем во полза и корист на вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје чии интереси ги застапува во рамките на своите надлежности.Доколку истото не се случи, и Советот на град Скопје го изгласа предлогот на ЈП “Градски паркинзи“, Скопје, Синдикатот на клинички центар ќе биде принуден да превземе соодветни мерки за да ги заштити правата и интересите на своето членство“, стои во соопштението од Синдикатот на вработените во Клинички центар.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ОЈО бара притвор: Државјанин на Венецуела фатен со 1,5 кг кокаин во долна облека

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесена кривична пријава од Царинската управа, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело - Неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанции и прекурсори.Станува збор за државјанин на Венецуела, со потекло од Египет, кој допатувал во Македонија на 05.12.2018 година со лет на релација Цирих-Скопје. Царинските службеници на скопскиот аеродром, при извршен личен преглед и преглед на личниот багаж на ова лице, пронашле и одзеле наркотична дрога - кокаин во зипер вреќичка со нето маса од 332,6 грама скриена во рачките од куферот. Во исто време биле пронајдени и шест најлонски вреќички со вкупна нето маса од над 1,5 килограми кои биле сошиени во долната облека.Ценејќи дека се исполнети законските основи, а особено дека постои опасност осомничениот да избега и да го повтори кривичното дело, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог на осомниченото лице да му биде определена мерка притвор.

Скопје | пред 7 години

puska

Истрага против 20-годишен Скопјанец заради недозволено држење пушкомитралез

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело - Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.Имено, при извршен претрес во домот на осомничениот од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, кај лицето бил пронајден еден пушкомитралез „Degtyarev Type 56 RPD“ со калибар 7,62X39 мм од кинеско производство. Станува збор за оружје наменето за испалување муниција поставена во реденик, со автоматски режим, односно оружје кое им е забрането на граѓаните и за кое извршената анализа покажала дека исправно функционира.Со оглед на околностите кои го оправдуваат стравот од опасност за бегство, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомничениот со Решение му определи притвор во траење од 30 дена.

Скопје | пред 7 години

p18egmssh1oavdbq17qp1hie1m1s8

„Убавицата и ѕверот“ ќе биде изведена по 350 пат во Театарот за деца и младинци

Во Театарот за деца и младинци в среда, по 350-ти пат ќе биде изведена претставата „Убавицата и ѕверот“, која рекордно е најиграната во Македонија.„Убавицата и ѕверот“ веќе 20 години е на редовниот репертоар на театарот. Беше премиерно прикажана во 1998 година на 6 февруари. Оттогаш па до денес ,режијата на Димитар Христов, авторскиот ираз на Игор Бојовиќ, актерите од премиерната изведба Ана Левајковиќ Бошков,Игор Маџиров,Олгица Христовска, Тања Кочовска, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Драган Довлев и Катарина Илиевска Силјановска која подоцна станува дел од екипата, сценографијата и костимографијата на Александар Ношпал, музиката на Славе Димитров и кореографијата Александар Хаџиманов со млада фантазија, љубов и голема духовитост ја сочинуваат една од најуспешните претстави за деца.Во тој дух, на 12 декември ќе се одигра претставата по среќен, јубилеен пат и потоа следи прослава, велат од театарот.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Виртуозот на виолината Вадим Репин оваа среда солист со Македонската филхармонија

Македонската филхармонија, оваа среда (12 декември) во 20 часот, ќе одржи симфониски концерт под наслов „Магична виолина“, на кој како солист ќе се претстави еден од најголемите виолинисти на денешнината, Вадим Репин од Русија.Виолинистот со огнена страст, со беспрекорна техника, уметникот од чии раце извира поезија и сентименталност, како што го опишува критиката, Вадим Репин, за македонските љубители на музиката ќе го изведе виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр. 2 од Сергеј Прокофјев.Диригент на концертот е маестро Владимир Вербицки од Русија, кој првпат настапува на македонската сцена, а кој се смета за еден од најактивните руски диригенти и кој гостува на сите светски континенти. Под неговата диригентска палка, оваа вечер ќе бидат изведени и едно од најпопуларните дела на рускиот композитор Модест Петрович Мусоргски - „Ноќ на пустата планина“, како и македонската премиера на Симфонијата бр. 1 од рускиот автор Василиј Калиников.Кога се споменува името на Вадим Репин, сите се едногласни дека станува збор за еден од најголемите уметници на денешницата. Критиката го опишува како „виолинист со огнена страст, со беспрекорна техника, како уметник од чии раце извира поезија и сентименталност“... Роден е во Сибир (1971) и на само единаесет години го освоил златниот медал во сите категории на натпреварот „Виењавски“, по што одржал рецитали (како негови дебија) во Москва и во Санкт Петербург. На само 14 години, Репин дебитирал во Токио, Минхен, Берлин, Хелсинки, а една година подоцна и во „Карнеги хол“ во Њујорк. На 17 години, бил најмладиот победник на престижниот натпревар „Кралица Елизабета“. Оттогаш, всушност, неговата кариера станува богата, настапувајќи со најголемите светски оркестри. Меѓу позначајните настапи во изминатите неколку концертни сезони на Репин се со Лондонскиот симфониски оркестар и маестро Валери Гергиев, турнејата низ Австралија со Лондонската филхармонија и маестро Владимир Јуровски, настапи во Лондон, Филаделфија, во „Карнеги хол“ во Њујорк или „Концертгебау“ во Амстердам, со изведба на Концертот за виолина специјално напишан за него од страна на композиторот Џејмс Мекмилан, кулминирајќи со концерт во „Ројал Алберт хол“. Неговото име како солист стои на импресивни снимки на концерти за виолина од Шостакович, Прокофјев, Чајковски, Бетовен... Во Франција (2010) ја добива наградата за животно дело и е одликуван со престижната титула витез од редот на уметноста и книжевноста. Репин е почесен професор на Централниот конзерваториум за музика во Пекинг, како и на Шангајскиот конзерваториум. Во 2014 година како уметнички директор го презентираше првиот Транссибирски фестивал на уметноста во новата величествена сала во Новосибирск. Минатата сезона одржа концерти во Вилнус, Прага, Берлин, Париз, Анкара, Токио, САД, како и враќање во Јапонија за прославата на 100-годишнината на Чајковски, а годинава ја стартуваше со настапи во Барселона и во Мадрид, но и турнеја низ европските градови, а ќе кулминира со проектот „Трансибирија оди во Тел Авив“. Вадим Репин свири на виолина од марката „Страдивари“ од 1733 година.Под закрила на реномираниот шеф-диригент на Ленинградската филхармонија (денес Филхармонијата на Санкт Петербург) Евгени Мравински, маестро Владимир Вербицки, роден во Санкт Петербург, се смета за еден од најактивните руски диригенти. Дипломирал на тамошниот престижен конзерваториум и оттогаш диригирал низ светот со разновидни ансамбли, а во неговата биографија е забележана и импресивна дискографија. Дебитирал во Москва на покана на легендарниот руски пијанист Емил Гилелс, кога почнала и нивната долгогодишна креативна релација низ бројните концертни настапи. Активен е како диригент во Русија, особено со филхармониите на Москва и на Санкт Петербург, но и со Симфонискиот оркестар на Воронеж, каде што маестро Вербицки од 1972 година бил шеф-диригент и музички директор. Со неговиот влог, овој оркестар енормно го подобрил својот квалитет, а бил шеф-диригент и на Словачката филхармонија во Братислава.Маестро Вербицки е добитник на титулата народен уметник на Русија. Како гостин-диригент, пак, постојано е присутен на светските фестивали, а ги предводеше и меѓународните турнеи со Државниот симфониски оркестар на поранешниот СССР „Евгениј Светланов“, во Франција, Германија, Грција, Италија, Турција, Шпанија, Канада, САД, Јужна Америка, Јапонија и Хонг Конг. Со овој оркестар ја направил и првата турнеја низ Австралија и Нов Зеланд и по неа добил покана да биде музички директор на Државниот оркестар на Викторија во Мелбурн. Вербицки, оттогаш, е редовно присутен на австралискиот континент диригирајќи со сите тамошни големи оркестри, особено со Симфонискиот оркестар на Западна Австралија, кога од 1987 до 1991 година бил гостин-диригент, а од 1992 до 1997 година главен гостин-диригент на оркестарот. За неговите тамошни заложби бил назначен за лауреат – за неговата „уметничка визија, прекрасниот однос со оркестарот, како и за неговата мудрост и знаење во работата“.Неговите следни настапи, покрај ангажманот со Македонската филхармонија, се соработки и со Филхармонијата на Рочестер, Филхармонијата на Санкт Петербург, РТВ оркестарот на Москва, Симфонијата на Луцерн во Швајцарија... Репертоарот на Владимир Вербицки вклучува повеќе од две илјади дела од класичната музика, како и бројни современи дела, а меѓу солистите со кои настапувал, покрај Гилелс, се и Владимир Спиваков, Гидон Кремер, Олег Каган, Наталија Гутман, Виктор Третјаков, Игор Ојстрах, Евгени Светланов...

Магазин | пред 7 години

rocista

Аларм за пожар во новиот Кривичен суд

Aларм за пожар го одложи почетокот на денешните рочишта за случаите „Монструм“ и „27 април“.Од судот соопштија дека станува збор за технички проблем поради што судењата се одложуваат за после 11 часот. Најверојатно станува збор за проблем со алармниот систем во зградата. 

Македонија | пред 7 години

opstina-centar

Општина Центар издаде нови четири решенија за отстранување урбана опрема

Секторот за инспекции на општина Центар во рамки на акцијата за отстранување на диво и нелегално поставената урбана опрема на територија на општината, издаде нови четири решенија на правни лица за отстранување на метални застаклени и незастаклени настрешници и  доградби на објекти, соопшти општина Центар.Со издавањето на овие решенија, општината остава во законски предвидениот рок правните лица сами да ја отстранат диво поставената опрема, во спротивно по истекувањето на рокот, општината ќе ги отстрани.Општина Центар и градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ, упатуваат апел до правните лица кои поставуваат урбана опрема на јавна површина, да ја соберат потребната документација, да се придржуваат до правилата за поставување на урбана опрема и да ги почитуваат одредбите пропишани во Законот за градење.

Скопје | пред 7 години

skopje-east-gate-1

Напролет почнува изградбата на Skopje East Gate

Проектот „Скопје Ист Гејт“ напролет ќе почне да се гради преку реализација на првата фаза, која што опфаќа изградба на трговски центар и четири станбени згради. Албанската групација „Балфин“ планира да инвестира 90 милиони евра во нов шопинг мол во Скопје, со вкупна површина за издавање (GLA) од 53.000 метри квадратни. Комплексот ќе се гради на местото на постоечките хали од Скопскиот саем. Трговскиот центар и четирите станбени згради според планот треба да бидат завршени до крајот на 2020 година, објави build.mk.Албанската групација „Балфин“ планира етапно да го гради мултифункционалниот комплекс на локацијата што зазема површина од 155.000 метри квадратни. Очекувањата на инвеститорот се дека во новиот трговски центар ќе функционираат околу 250 продавници и дека ќе привлече неколку брендови кои во моментов не се присутни на македонскиот пазар.Објектот на трговскиот центар ќе има два ката и подземен паркинг. Првата фаза од реализацијата на проектот ја подразбира и изведбата на четирите станбени згради, кои ќе понудат 670 станови на домашниот пазар на недвижности. Изградбата на целокупниот комплекс „Скопје Ист Гејт“ ќе се одвива во период од пет до седум години. Проектот вреден 350 милиони евра ќе овозможи изградба на 10 згради за колективно домување со 1.600 станови, пет бизнис центри со предвидена нето површина од 66.000 метри квадратни и трговски центар со површина за изнајмување од 53.000 метри квадратни.Извор: build.mk 

Скопје | пред 7 години

thumbnail_Dunja-Ivanova

Пијанистката Дуња Иванова со музика од Збигњев Прајснер на отворањето на „Winter Apricots“

Третото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“, ќе започне овој четврток во Прилеп, со солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова. Во киното „Мис Стон“ со почеток во 21 часот, ќе прозвучи музиката на извонредниот полски композитор Збигњев Прајснер и неговите дела за филмските остварувања - „Абердин“, „Двојниот живот на Вероника“, „Три бои“, како и 10 едноставни пиеси за пијано.Филмската програма на фестивалот „Winter Apricots“ се состои исклучиво од кратки филмови. Во официјалната селекција се 10 финалисти, придружната програма е составена од „Денс“ филмови на италијанскиот „Stories We dance“, додека во тематската селекција публиката ќе го изгласа најдобриот краток македонски филм.Затворањето на фестивалот ќе го одбележи настапот на музичката група „Калевала“.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

34 сообраќајки во Скопје, еден починал, двајца со тешки телесни повреди

Во текот на изминатите денови (07, 08 и 09.12.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 34 сообраќајни незгоди од кои една со починато лице, две со тешки телесни повреди, 16 со телесни повреди и 15 со материјална штета.При сообраќајните незгоди две лица починале, две се здобиле со тешки телесни повреди и 29 со лесни телесни повреди. 180 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 60 возачи бидејќи 21 го управувале возилото под дејство на алкохол, 33 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест биле возачи почетници. 26 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани.Исто така санкционирани се и 11 возачи кои поминале на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, двајца неправилно се престроиле, двајца неправилно престигнувале и 27 не поседувале зимска опрема во возилата.Исто така во текот на изминатиот викенд санкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и шест кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 125 мандатни платни налози, додека исто така 74 возила се подигнати со "Пајак".

Скопје | пред 7 години

policija-3-640x382

Исчезна 42-годишен Битолчанец

На 09.12.2018 година во 11,00 часот во СВР Битола, Н.С.(71) од Битола пријавил дека на 07.12.2018 година околу 12,00 часот неговиот син С.С.(42) излегол од домот и не се вратил.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Возило удрило во бандера, двајца со тешки телесни повреди

На 10.12.2018 година во 00,10 часот било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат село Радиовце — село Брвеница со локалниот пат за село Челопек Г.З.(28) од село Непроштено, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистерски ознаки, изгубил контрола и удрил во бандера.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Д.Д.(24) од село Лешок, М.В.(27) од село Сарачино, а возачот Г.З. се здобил со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница Тетово.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

ubien-grk-vo-alb

Мајката на убиениот Грк: Ќе го убијам Еди Рама

Засилено е обезбедувањето околу домот на албанскиот премиер Еди Рама и ограненичено му е движењето во јавноста, по јавно упатената закана од мајката на Констандинос Кацифас дека ќе ја одмазди крвта на синот, пишува плусинфо.Мајката на Кацифас, кој беше убиен во престрелка со полицијата, на 40-дневниот помен одржан вчера во родното село Буларат, низ лелек пред гробот на синот вети дека ќе одмазди.– Ќе го убијам Еди Рама. Ми го зеде мојот херој. Јас ќе ја наплатам крвта на син ми – порача мајката на Кацифас.Оваа изјава, според весникот „Коха јон“ надлежнте служби ја сфатиле многу сериозно, односно како многу сериозна закана по живот.Министерството за внатрешни работи, албанската тајна служба ШИШ и државната полиција бројно ја зголемија стражаската служба кај куќата на премиерот Рама во Сурел и го ограничија неговото јавно движење, се до друга наредба. Тројно е зголемено обезбедувањето од придружбата на Рама.– Сомневајќи се дека ултранационалистичките грчки кругови можат да помогнат во ова сценарио, албанските тајни служби поставија агенти за контрола на движењето на мајката на Кацифас. Службите се сомневаат дека таа тајно може да дојде до главниот град на некоја активност на премиерот – пишува „Коха јон“.Доверлви извори од Владата за весникот велат дека е зголемена контролата врз секој функционер, особено жените, кои влегуваат во Владата.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Уапсен Скопјанец кој избегал од затвор

Вчера околу 14,30 часот во Скопје од слобода е лишен Ј.С.(30) од Скопје. Лицето се барало за издржување на казна затвор во времетраење од шест години и шест месеци за сторено кривично дело „разбојништво“.Приведеното лице има одлежано две години од предвидената затворска казна по што од 12.01.2017 година е во бегство. Ј.С. е спроведен во затвор Идризово.

Скопје | пред 7 години

soopstenie-javna-diskusija

Третата јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставни измени

Третата јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставни измени се одржа во  Македонската академија на науки и уметности.„На третата јавна дискусија академик Владо Камбовски во обраќањето рече дека Договорот од Преспа е заснован на европски начела, вредности, почитување на трајното пријателство и човековите права, додавајќи дека уставните измени треба да се гледаат во контекст на елементите кои се содржани.Камбовски се задржа и на, како што рече, неколку императивни елементи, набројувајќи ја промената на официјалното име, решение кое го оцени како компромис кој ги балансира интересите на двете држави, а притоа не го оспорува националниот идентитет. Тука Камбовски подвлече дека во историјата, Македонија била и Демократска, Народна, Социјалистичка. Потоа, Академикот во врска со формулацијата за државјанство, ја оцени одредницата „граѓани на Република Северна Македонија“ како исправна формулација за уредување на статусот на граѓаните и особено дефинирањето на македонскиот јазик како официјален јазик.Професорот Камбовски на дебатата ја начна и темата во врска со наоѓање решение, во случај да се јави ситуација како сегашната, кога Претседателот на државата не го потпишува Указот за Законот за ратификација на Договорот, кој веќе два пати е изгласан од пратениците и помина во Собранието на Република Македонија.Професорот Светомир Шкариќ во своето излагање се задржа на предлогот, Договорот од Преспа да се смести во посебен амандман и да биде дел од уставниот поредок на Република Македонија, со што би се обезбедиле импликации врз уставните норми и правниот систем. Дел од сугестиите на Професорот се однесуваа на амандманот 34, предлагајќи одлуките на АСНОМ да останат такви какви што се и да се додадат зборовите „забележани или запишани во Прогласот“.Според Шкариќ, уставните измени се многу полесни од тоа што изгледа и додаде дека тежината е поврзана со политичкиот процес, договорот на двете Влади.На јавната дискусија, беа отворени и прашањата како да се регулираат интересите на македонските државјани во дијаспората, се слушаа различни мислења за тоа дали треба или не треба да се набројуваат другите етнички заедници по однос на дијаспората, како и прашања кои би се отвориле во периодот по стапувањето во сила на Законот за Договорот од Преспа, а кои се однесуваат на истражувања во научната дејност.Дебатите за уставните измени, организирани од Владата како овластен предлагач на истите, продолжуваат во понеделник во Штип и Тетово“, се наведува во соопштението на Владата. 

Скопје | пред 7 години

pomiruvanje

Работната група за помирување денеска ќе го одржи вториот состанок

Работната подгрупа за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција во Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи вториот работен состанок.Работната подгрупа за помирување има задача да го подготви законското решение за помилувањата и националното помирување, додека останатите две групи формирани во рамките на Координативното тело за помирување, се за интеграција и реформи.Законско решение е најавено дека ќе биде готово до петок. 

Скопје | пред 7 години

han

Хан не верува дека Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан порача утрово пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ рече дека не верува дека Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија.Запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот Парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во Македонија, Хан одговори „се надевам дека тоа ќе се случи, но не е многу веројатно бидејќи двете земји немаат спогодба, но ја разбирам позицијата на Европскиот Парламент“.Хан изјави дека со министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска минатата недела разговарале за „патот напред“ за Преспанскиот договор во наредните недели, како и за реформите кои треба да се спроведат за Македонија да добие позитивен извештај од Европската Комисија.

Свет | пред 7 години

makraduli

Загадениот воздух ќе се исчисти за две години, оти таков е планот на Макрадули

Планот кој го донесе Владата за чист воздух е програма со дефинирани конкретни мерки и активности кој ќе се справи со аерозагадувањето, изјави Јани Макрадули на денешната прес-конференција.„Планот е кредибилен и истиот е направен врз база на искуства, со помош на експерти. Од Шведска имаат предложено буџет од 2,5 милиони евра кои ќе ги покрие сите оние мерни инструменти кои во моментов не работат, ќе ги аппдејтираат и ќе ги надградат застарените“, изјави Макрадули.Тој додаде и дека во наредните две години се очекува загадениот воздух да се намали за 50% доколку се исполнат мерките.„Замената на нееколошките средства за затоплување најбрзо можат да донесат резултат намалување на загадениот воздух. имаме неколку решенија каде што се заменуваат старите печки на нафта и мазут. Ова не е само еколошко, туку и економско прашање“, додаде Макрадули.Според Макрадули четири различни анализи од различни држави и експерти покажале дека загревањето на домаќинствата учествува со над 40 отсто во загадувањето.Владината програма инаку предвидува со закон да се забрани јагленот како извор на затоплување. Макрадули ги повика невладините еколошки организации да се вклучат во реализирање на владината програма како би се убедиле граѓаните да користат еколошки извори на загревање.„Има примери во Европа каде невладините организации тропале од врата на врата и им укажувале на граѓаните дека јагленот е штетен за нивините деца. Забраната на јаглен е драстична, но корисна мерка, која треба да се искористи за заштита на животната средина“, рече заменик министерот.

Македонија | пред 7 години

monstrum

Лекари од Судска медицина и балистичари ќе даваат исказ за „Монструм“

Ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, ќе биде одржано денеска во Кривичниот суд. Вкрстено ќе бидат испрашувани лекари од Судска медицина и балистичари.Семејствата на убиените момчиња и рибарот најавија дека нема да присуствуваат на денешното рочиште, зошто тоа е многу болно за нив и не ќе може да ги следат исказите.На претходно рочиште сведочеа вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на предметен материјал. Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.    

Скопје | пред 7 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров и Спасовски во посета на Париз

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе реализираат работна посета на Париз, Франција.За време на посетата, министрите ќе земат учество на состанокот на високо ниво на француско-германската иницијатива за борба против недозволена трговија со лесно оружје во земјите од Западен Балкан, а на покана од францускиот Министер за надворешни работи до министрите за надворешни и внатрешни работи на 6-те земји од Западен Балкан. Состанокот е предвидено да биде воден од страна на МНР на Франција, Жан-Ив Ле Дриан и МНР на Германија, Хајко Мас.Во рамки на работната посета на Париз, предвидени се и други работни активности и средби на Димитров, меѓу кои и средби со претставници на извршната и парламентарната власт на Француската Република, како и обраќање во Фондацијата Роберт Шуман, се додава во соопштението на македонското министерство за надворешни работи.

Македонија | пред 7 години

1-8

Санкционирани 189 возила во Општина Центар

Со помош на трите специјални возила „пајак“ на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје во текот на минатата недела на територија на Општина Центар отстранети се 189 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.„Сообраќајната полиција и „пајак службата“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 03.12. до 08.12.2018 година, санкционираа 189 непрописно паркирани возила, од кои осум (8) несовесно паркирани возила се отстранети од паркинг места наменети за лица со посебни потреби“, велат од Општина Центар.ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања