Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Нема фотографија

Македонија ќе дозволи ГМО храна, а истата е штетна за здравјето

Ќе се менува правилникот за генетски модифицирана храна со што ќе се дозволи да се прадава храна со минимални модификации. Агенцијата за храна и ветеринарство до Владата достави предлог Правилник за контрола на спроведување на забраната за производство, увоз и ставање во промет на ГМО храна. Со донесувањето на постојниот закон во 2013. Година, од АХВ било побарано да изготви правилник за поставување на систем за контрола,.Агенцијата за храна планира од септември да почне научна дебата за да се утврди дали има потреба од менување на постојниот Закон за продажба на ГМО храна.Во однос на случајот со генетски модифицираниот кочански ориз, в среда би требало да бидат готови резултатите од земените мостри. Од Државниот инспекторат за земјоделство информираат дека земени се мостри од два поголеми складови во кочанско.Дали точно знаеме што е ГМО?Генетски модифицираните организми може да се дефинираат како организми во кои генетскиот материјал (ДНК) е променет на начин кој не се јавува природно. Технологијата често се нарекува "модерна биотехнологија" или "генетски инженеринг". Таа им овозможува на избраните поединечни гени да се пренесат од еден организам во друг, исто така, меѓу несовршени видови.Како се спроведува проценка на безбедноста на ГМ храна?Проценката на безбедноста на ГМ храна главно се фокусира на: (а) директни здравствени ефекти (токсичност), (б) потенцијал да предизвика алергиска реакција (алергичност); (в) специфични компоненти за кои се смета дека имаат хранливи или токсични својства; (г) стабилноста на внесениот ген; (д) нутритивни ефекти поврзани со генетска модификација; и (ѓ) какви било несакани ефекти кои би можеле да произлезат од вметнувањето на генот.Каква е ситуацијата во Европа и светот?Во ЕУ не постојат специфицирани правила кои го утврдуваат етикетирањето на производите со ознаката ГМО-free. Единственото правило е производите да се во согласност со општите барања пропишани во законодавството кое го регулира означувањето на храната според Регулативата EC 1169/2011. ГМО-free производите мораат, исто така, да се во согласност со правилата за позитивно GMO означување, односно, да не содржат повеќе од 0,9% ГМО и тоа присуство треба да биде случајно или технички неизбежно (согласно Регулативата EC 1829/2003).Пристапот на одговорните институции кои ја контролираат безбедноста на храната по однос на ова прашање во различни земји членки на ЕУ е различен. Некои земји имаат донесено национална регулатива со која е прецизно дефинирана долната граница на детектирани ГМО во производот под која тој може да се смета дека е ГМО-free. На пример, Холандија и Швајцарија се најрестриктивни во однос на ГМО-free означувањето. Во овие земји, содржината на ГМО во производот треба да е < 0,1% за тој да може да се декларира дека е ГМО-free. Во Германија, националното ГМО-free лого ‘Ohne Gentechnik’ може да се користи за прехранбени производи кои содржат помалку од 0,1% ГМО.Од друга страна, Франција, Австрија, Хрватска, Грција и Луксембург имаат пофлексибилни правила и главно се придржуваат до границата од 0,9% ГМО. Во некои земји означувањето на производите е регулирано за закон, а во други има препораки и насоки за ГМО-free означувањето.

Македонија | пред 7 години

protesti-skopje

(ФОТО) Полицијата не му дозволи на демонстрант да блокира крстосница во Скопје

Попладнево објавена е фотографија на социјалните мрежи од денешните протести, која ја згрози јавноста. Имено, на фотографијата може да се забележи како човек кој е дел од демонстрантите, буквално е влечен од две унифомирани лица. Оваа фотографија предизвика лавина од коменатри на социјалните мрежи.„Се срамам, сакаме револуција, сакаме да падне Заев и оваа предавничка влада, ама од дома не излегуваме.Се срамам.....Овој човек на сликава, има поише храброст од сите ПАРТИСКИ к****** во државава.Ова е денес....Патриоти.....да си ја напикаме Патриотшината ...си знаете каде.Умрени сме, зомби, без осет, срам...најлош вид на народ..смрдлив народ.Копуци профитерски кои гледааат само личен интерес. Тоа сме...КУКАВИЦА НАРОД!!!“, стои во објавата на Фејсбук.Има коментари од типот, протститете се мирни, до оние  што толку направи овој човек за вака да биде извлечен од толпата? 

Скопје | пред 7 години

IMG_1458

Македонија и Романија ќе потпишат меморандум за соработка во областа на дијаспората

Денес во склоп на три дневната официјална посета на Романија, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари средба со министерката за Романците во странство, Наталиа Елена Интотеро.Главна цел на разговорите беше воспоставување на плодна соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и размена на искуства меѓу експертските групи, во реализацијата на добрите практики во оваа област во земјите на ЕУ и земјите од нашиот регион.Министерката Интотеро информираше дека на 18 март 2019 година, за времето на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ, како дел од нејзините приоритетни активности ќе се организира состанок на министрите за дијаспора од земјите на ЕУ и од Западниот Балкан, со цел севкупна анализа и размена на искуства поединечно од секоја земја.Се предложи иницијатива за потпишување на Меморандум за соработка меѓу владите на Република Македонија и Романија во областа на дијаспората.Министерот Адеми информираше за преземените активностите на Владата на Република Македонија околу дијаспората на нашата земја во светот, пред се во зачувувањето на идентитетот, јазикот, културата, традицијата и нивните можности за инвестирање во Македонија.Во рамките на соработката меѓу двете земји во областа на дијаспората беше договорено во наредниот период да се одржат средби на експертско ниво меѓу двете земји.Меѓу другото, за време на престојот во Букурешт, министерот Адеми оствари средби и со други асоцијации на Македонците и Албанците по потекло од Република Македонија, како и со Здружението на студенти од Република Македонија, кои студираат во Рoманија.

Македонија | пред 7 години

minister-pateka-1

Министерот Фазлиу и градоначалникот Стојаноски на разглед на патеката која води од саат кулата до Горна порта

Во рамки на работната посета на Охрид, Министерот за Локална Самоуправа Сухејл  Фазлиу и градоначалникот Јован Стојаноски беа на увид на патеката која од Саат кулата води   до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“.Министерството за Локална Самоуправа за овој проект издвои четири милиони денари, а со свои средства учествуваше и општина Охрид.  Поплочените патеките се   со должина од 250  и 275  метри квадратни.Изведувач на градежните активности  беше  фирмата „Тане 2007“ од Охрид.

Македонија | пред 7 години

minister-gradonacalnik

Градоначалникот Стојаноски и министерот Фазлиу во посета на Градинката „Развигорче“

Градоначалникот на Охрид ,Јован Стојаноски заедно со Министерот за Локална Самоуправа  на Р. Македонија, Сухејл Фазлиу , градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески и претставници од Бирото за Регионален развој и   Центарот за Развој на Југозападниот плански регион попладнево  беа  на увид во детската градинка „Развигорче“ каде е извршена целосна реконструкција   на кровот.Градоначалникот Стојаноски се заблагодари  на Министерот Фазлиу и на Министерството за Локална Самоуправа со чија помош се реконструира кровот во градинката но и се изгради патеката од Саат кулата до Горна Порта.Изразувам  голема благодарност за посетата но и за сета онаа соработка што ние како општина ја имавме  со Министерот за Локална Самоуправа,  Сухејл Фазлиу со целокупното министерство и со органите коишто се во рамките на  министерството за Локална самоуправа. Со нивна помош во текот на 2018 година ние реализиравме два  конкретни проекти. Едниот е во детската градинка „Развигорче“, а другиот е изградбата на пешачката патека од саат кулата до Горна Порта  каде што се потрошени четири милиони денари, а во рамки на детската градинка два и половина милиони денари. Секако со свои средства  колку што беше потребно учествуваше и општина Охрид. Втората димензија на среќата којашто ја имаме во моментов е што  се надевам дека во текот на 2019 година   на територијата на општина Охрид  успешно ќе бидат реализирани четири до пет проекти кои ќе бидат од големо значење за потребите  на граѓаните. Приоритетите коишто и оваа година беа дефинирани остануваат исти, а тоа се најчесто поврзани со енергетската ефикасност во рамки на училиштата и детските градинки, изработката на основните проекти за изградба на улици и локални патишта. Тоа всушност се  најголем дел оние најнеопходни,  најитни но и најбитни проблеми на нашите граѓани коишто локалната самоуправа треба да ги решава. Уште  еднаш ја изразувам својата благодарност  до министерот за поддршката, а се разбира и до Владата којашто проценува дека  е потребно зголемување на средствата за регионален развој - истакна градоначалникот Стојаноски .Министерот за Локална Самоуправа,  Сухејл Фазлиу истакна дека ресорното министерство работи на континуирано зголемување на средствата кои ќе бидат наменети за реализирање на проекти  за рамномерен развој на општините.-Министерството за Локална Самоуправа  во рамки на финансирањето на проекти за рамномерен регионален развој оваа година имаше зголемување на средствата во однос на 2017 година за 50 %. Ме радува фактот што за наредната 2019 година ќе имаме зголемување за уште 50 % што во споредба со 2017 година средствата се зголемени за 100 % -   рече Фазлиу и посочи дека за наредната 2019 година министерството за Локална самоуправа планира да направи една евалуација на Законот за рамномерен регионален развој  со цел да се утврди колку законот ги има постигнато целите за кој е и создаден . 

Македонија | пред 7 години

makron

Макрон вечерва ќе и се обрати на нацијата, ќе предложи мерки во врска со намалувањето на даноците

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се обрти вечерва на нацијата после повеќенеделните протести, кои беа проследени и со насилство, а американска агенција АП го поставува прашањето дали е предоцна за тоа!На консулатциите за излез од кризата се поканети 37 лица, меѓу кои и францускиот премиер Едуар Филип, 12 членови на неговата Влада, претседателите на двата дома на Парламентот, претставници на асоцијацијата на локалните власти и лидерите на главните синдикални федерации и на организациите на работодавачите.– Во овој тежок момент, што го преживува нацијата, претседателот истовремено ќе се консултира со политичките, локалните, економските и социјалните сили со цел да ги чуе нивниот глас и предлози и со задача да ги мобилизира за акција, се наведува во најавата на Елисејската палата за средбата.Протестите на „жолтите елеци“ започнаа кон средината на ноември со блокади на патиштата поради најавеното зголемување на таксите за горивата, но изминативе недели во неколку наврати прераснуваа во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. 

Свет | пред 7 години

dijaspora-2

Ќе се интензивира соработката во полето на дијаспората помеѓу Република Македонија и Романија

Денес во склоп на три дневната официјална посета на Романија, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари средба со министерката за Романците во странство, Наталиа Елена Интотеро.Главна цел на разговорите беше воспоставување на плодна соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и размена на искуства меѓу експертските групи, во реализацијата на добрите практики во оваа област во земјите на ЕУ и земјите од нашиот регион.Министерката Интотеро информираше дека на 18 март 2019 година, за времето на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ, како дел од нејзините приоритетни активности ќе се организира состанок на министрите за дијаспора од земјите на ЕУ и од Западниот Балкан, со цел севкупна анализа и размена на искуства поединечно од секоја земја.Се предложи иницијатива за потпишување на Меморандум за соработка меѓу владите на Република Македонија и Романија во областа на дијаспората.Министерот Адеми информираше за преземените активностите на Владата на Република Македонија околу дијаспората на нашата земја во светот, пред се во зачувувањето на идентитетот, јазикот, културата, традицијата и нивните можности за инвестирање во Македонија.Во рамките на соработката меѓу двете земји во областа на дијаспората беше договорено во наредниот период да се одржат средби на експертско ниво меѓу двете земји.Меѓу другото, за време на престојот во Букурешт, министерот Адеми оствари средби и со други асоцијации на Македонците и Албанците по потекло од Република Македонија, како и со Здружението на студенти од Република Македонија, кои студираат во Рoманија. 

Македонија | пред 7 години

zemjodelstvo

Во МЗШВ презентирана новата предлог Програма за следната година

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работен состанок на Подсекторските групи за новата предлог Програма за директни плаќања во земјоделството 2019 година.На состанокот присуствуваа 50-тина преставници од земјоделски здруженија, стопански комори, компании од агро-секторот и надлежните институции. Овој состанок се одржува со цел да слушнат предлозите на сите чинители од секторот за земјоделство и ефикасно да се направи план за распределба на субвенции за мерките од земјоделските сектори.На состанокот од страна на претставниците на МЗШВ беше презентирана новата предлог Програма за следната година, со предлозите и планираните новитети од страната на МЗШВ.Дел од новините кои се предложени од МЗШВ се однесуваат на издвојување на оризот од досегашаната категорија на растително производство како посебна култура. На овој начин се зголемува субвенцијата за ориз од сегашните 6.000 денари по хектар за безсеменски ориз на 18.000 денари, а за семенски ориз од 12.000 денари на 30.000 денари по хектар за следната 2019 година.Во секторот градинарство, се воведува критериум за пријавување на збирни култури, односно при аплицирањето земјоделеците ќе ја прикажуваат збирната површина на различните засадени земјоделски култури.МЗШВ предлага промена на критериумот за приноси кај сончогледот, од сегашните 1.800 на 1.500 килограми, се со цел поголемо производство и искористеност на субвенцијата за површини засеани со сончоглед.И следната година МЗШВ ќе ја продолжи зголемената финансиска поддршка од 20 отсто кај растителното и 10 отсто кај сточарското производство за развојните категории на земјоделци.Овие предлози беа позитивно прфатени од Подсекторската група, чии што претстваници дадоа и свои предлози и сугестии кои ќе бидат разгледани од страна на МЗШВ.Субвенциите за мерките во предлог  Програмата за директни плаќања во земјоделство за 2019 година, се креирани така да овозможат развој на земјоделството, зголемување на површините и на производството и создавање на производи со поголема додадена вредност. Во следните денови Подсекторската група ќе одржат и посебни работни состаноци на кои ќе ги финализираат своите предлози и ќе ги достават до МЗШВ. Воедно Подсекторската група ќе одржи и работен состанок за предлог Програмата за рурален развој за 2019 година. Откако ќе бидат финализирани предлог Програмите за следната година, истите ќе бидат доставени на усвојување до Владата на Република Македонија.   

Скопје | пред 7 години

stomatolozi

Обезбеден буџет за исплата на стоматолозите специјализанти

Министерството за здравство информира дека обезбеден е Буџет за исплата на стоматолозите специјализанти и средствата се префрлени на Универзитетската клиника за стоматологија.Процедурата за согласноста за вработување со договор на дело, преку кој ќе се исплаќаат приватните специјализанти е завршена во Министерството за здравство и во законски определениот рок, Министерството за финансии ги одобри согласностите.Приватните специјализанти по стоматологија ќе бидат целосно исплатени ретроградно за нивниот вложен труд.Од министерството напоменуваат дека за приватните специјализанти предвиден е буџет и за наредната 2019 година, односно ќе бидат исплаќани и следната година. 

Скопје | пред 7 години

min-pravda

70 години од Универзалната декларација за човекови права – правниците дискутираа за заштита и унапредување на човековите права

По повод 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права и 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права денеска се одржа конференција со наслов „70 години од Универзалната декларација за човекови права: Улогата на адвокатите за заштита и унапредување на човековите права“. Конференцијата ја организираше Адвокатската комора на Република Македонија, во партнерство со Амбасадата на САД во Македонија.Поздравен збор имаа претседателот на Адвокатската комора на РМ, Љубомир Михајловски, министерската за правда, Рената Дескоска и американскиот амбасадор Џес Бејли.Во поздравните говори беше истакнато значењето на Универзалната декларација за човековите права, која е донесена на 10 декември 1948 година во Париз од страна на Генералното собрание и која претставува своевидна меѓународна магна карта за сите луѓе во светот. Битката за човековите права, беше истакнато на конференцијата, е најсветата битка на секој од нас.Примарна цел на адвокатите е заштитата на човековите права, кои се гарантирани во домашното и конвенциското право и особено во Универзалната декларација, во која, меѓу другото, се пропишува:„Секој има право на живот, слобода и сигурност на личноста и сите луѓе се исти пред законот и имаат право на еднаква законска заштита. Сите имаат право на еднаква заштита од секаков вид дискриминација што ја повредува оваа декларација и од секакво поттикнување таков вид дискриминација.Секој кој е обвинет за казниво дејствување има право да важи за невин сè додека неговата вина не биде докажана во јавна постапка во согласност со законот, при што ги добива сите гаранции нужни за неговата одбрана.Никој не смее да биде казнет за дејство или потфат кои во времето на неговото изведување не претставувале казниви дела според националното и меѓународното право. Исто така, не смее да биде изречена потешка казна од онаа што се заканува во моментот на изведување на казнивото дело.“Министерката за правда на денешниот настан посочи дека целта на правдата секогаш се човековите права. Тие им даваат моќ на индивидуите и наметнуваат основни стандарди за вршење на државните активности. Власта, додаде Дескоска, е легитимна додека ги штити човековите права. И таа битка за заштита на човековите права не е битка само на власта, ниту на активистите, политичарите, партиите. Во таа битка мора да сме сите заедно, рамо до рамо.Министерката Дескоска испрати порака до сите граѓани на Република Македонија  цитирајќи ја „првата дама на светот“: „Човековите права треба да ги бараме насекаде околу нас, во домот, во соседството, во училиштето, на работното место. Тие се местата каде што треба да бараме еднаква правда, еднакви можности, почитување на достоинството без дискриминација. Ако човековите права не се почитуваат тука, во секојдневна средина во која живееме и работиме, тие го губат значењето. Ако не си ги обезбедиме правата во секојдневниот живот, залудно ќе бараме напредок во пошироката заедница, или ќе се бориме за прогрес во светот.“Конференцијата се заокружи со темата за правното зајакнување на маргинализирани заедници, за бесплатната правна помош  и за про боно заштитата, за кои говореше Нада Наумовска, постара програмска координаторка на Фондацијата Отворено општество. 

пред 7 години

skopje-blokirano-2

(ФОТО)Сообраќаен хаос во Скопје, градот е блокиран граѓаните нервозни

Низ центарот во Скопје во моментов скоро невозможно да се оди со автомобил. Огромни колони кај Рамстор, низ центарот, а неможе ни преку Водно. Тотално блокирано на сите страни. Возачите нервозни свират, но не се подмрдуваат од место.Инаку блокадите се поради протетсот на ,,Македонија Блокира”, кои најавија дека попладнево повторно ќе ги блокира улиците во центарот на Скопје. Како што најавија, од 16 до 18 часот ќе ја блокираат раскрсницата кај „Црвен Крст”, по што од 18 часот ќе започне протестен марш до Владата и враќање пред Собранието каде ќе има говори и блокирање на просторот пред Собранието.

Скопје | пред 7 години

27-mi-april-sudenje

Обезбедувањето на Чавков не се сеќава на детали од 27 ми април – тој сведочеше контра Нинџа

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за настаните од 27 април, по краткото одложување поради аларм за пожар во Кривичниот суд.  Денеска сведочеше Никола Димитриевски кој бил обезбедување на Митко Чавков на „крвавиот четврток“. Тој рече дека Чавков на 27 април не бил во ВМРО ДПМНЕ во 18 часот, како што сведочеше минатата недела Александар Василевски Нинџа.Според Димитриевски, Чавков во 18 часот бил во канцеларија која што ја имал во „Технометал Вардар“ и таму останал два часа. По ова, Чавков заминал во МВР каде што се задржал до полноќ, а потоа отишол во штабот на ВМРО ДПМНЕ за да се види со Тодоров.Александар Василевски Нинџа го испрашуваше Димитриевски при што го праша дали паркингот во Технометал  Вардар е ист со паркингот кој го користи ВМРО ДПМНЕ.Сведокот рече дека Технометал Вардар и ВМРО ДПМНЕ користат ист паркинг.Потоа и судијката Добрила Кацарска го испрашуваше Димитриевски, при што тој не можеше да се сети какви наредби давал Чавков.По неколку инсистирања на Кацарска, сведокот се сети дека го видел министерот Агим Нухиу, но не се сеќаваше дали разговарале Чавков и Нухиу. На прашање на Кацарска сведокот рече дека видел како дел од присутните во штабот зборувале на телефон или на радио врска, но не можеше да каже колку лица имало во просторијата. Кацарска го потсети дека претходно во своето сведочење пред судот појаснил дека кога стоел пред канцеларијата во Технометал Вардар каде што бил Чавков, просторијата била затворена со обична врата и дека слушнал се. На ова сведокот одговори дека од толку многу интензивни команди кои ги давал Чавков не може да се сети ниту на една.Кацарска продолжи да му укажува и да го потпрашува по што му рече: „Господине сведок, 11 години сте во МВР и сте професионалец, па која е причината што не можете да се сетите на дадените команди?“. Сведокот се оправда со тоа дека од настанот до денес поминало многу време.Кацарска го праша дали можеби чул разговор помеѓу Чавков и Агим Нухиу, на што сведокот одговори не може да се сети. Судијката по ова го потсети на тоа дека кажа оти 99 отсто од командите ги издавал Чавков па бараше од сведокот да посочи кому му ги издавал командите. Одговорот на ова беше: „На тогашниот началник Сашо Митевски кој ги пренесуваше на терен се до 20 часот“.Трајко Вељаноски утрово дојде да сведочи во Основниот суд, но судот го ослободи со образложение дека ќе биде повикан по паузата, но неговото сведочење во договор со судијката и адвокатите, останува за утре.

Скопје | пред 7 години

Kolinda-Grabar

(ВИДЕО) Колинда има желба да пее, ама не и глас!

На социјалните мрежи се споделува видео на кое хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ повторно пее. „Покрај тоа што пее, Китаровиќ и танцува со високо подигнати раце“, коментира порталот „ЦДМ“.Во продолжение веселата претседателка:https://twitter.com/Cvrle1977/status/1071338523746320384?fbclid=IwAR2N0Qj-MhHsDjv-FokaFYjrx-R3n81q8tdnM5A5-mFKzbRvknRINQnl13U 

Магазин | пред 7 години

svr

Гостиварци ја киднапирале роднината и ја криеле во мотел

Двајца гостиварци се приведени и задржани во полициска станица под сомнеж дека противправно лишиле од слобода нивна роднина.Според СВР Тетово, 30-годишната гостиварката Џ.С. синоќа околу 21 часот пријавила дека е противправно лишена од слобода во соба на мотел во Гостивар. По пријавата, приведени и задржани се нејзините роднини 32-годишниот А.А.  и 40-годишниот Б.О. , двајцата од Гостивар. Тие со осомничени поради нивна инволвираност во противправното лишување од слобода.Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и под какви околности се одвивал настанот.

Македонија | пред 7 години

burel-drva2-1024x801

Градоначалникот на Бутел си засади дрвце и се пофали по медиумите

Денеска во Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски ги засади првите 14, од вкупно 60-те садници, како придонес во подобрувањето на животната средина на граѓаните.  Тие се засадени долж новата пешачка патека, која ја поврзува ул. „Бутелска“ со спортската сала „Антон Димитров“Градоначалникот Смилевски, во својата изјава додаде дека бројот на садниците постојано ќе се зголемува на целата територија на Општината. Во наредниот период ќе се средува и задниот двор на детската градинка, чија ограда се граничи со новоизградената пешачка патека. Исто така, во иднина со изградбата на нови пешачки патеки и улици, паралелно ќе се засадуваат и нови листопадни и зимзелени дрва.

Скопје | пред 7 години

2

Затвореници од Идризово бараат амнестија, иста како онаа на обвинетите за 27 април

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија што се подготвува, а со кој ќе се ослободат од вина само осомничените и осудените лица кои упаднаа во Собранието на 27 април. Затворениците со писмо ја известиле и управата на затворот „Идризово“, а велат дека ќе бидат поригорозни доколку Владата не одговори на нивното барање за општа амнестија.„Почнуваме со дводневен предупредувачки штрајк со глад бидејќи и покрај сите барања до Владата и премиерот досега не добивме одговор во врска со законот за амнестија, кој е во најава. Бараме општа аменстија за сите дела кои ги дозволува Уставот, исто така и статусот на доживотно осудените да се промени во бројка што е во склад со европските закони. Доколку во следните два дена не добиеме конкретен позитивен одговор од страна на Владата и работното тело за помирување, ќе продолжиме со штрајкот со глад и ќе организираме мирни протести со нашите фамилии пред Владата“, пишува во писмото испратено до директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски.

пред 7 години

oruzje-i-heroin

Обвинителството бара притвор за скопјанец фатен со дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице затоа што постои основано сомнение дека сторило кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Според кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, при претрес во домот на осомничениот било утврдено дека тој неовластено заради продажба кај себе држел разновидна наркотична дрога, соопштуваат од ОЈО.„Притоа од страна на припадниците на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје биле пронајдени и одземени: 448,95 грама марихуана, 389,17 грама хероин, 66,73 грама хашиш и 1,79 грама кокаин во различни пакувања, како и неколку дигитални ваги со остатоци од различна наркотична дрога. Осомничениот кај себе неовластено држел и огнено оружје: еден револвер марка Astra Cadix од шпанско производство, како и еден пиштол марка Ekol Special 99% со рамка кој бил пренаменет во огнено оружје. Кај него биле пронајдени и вкупно 199 куршуми од различен калибар и за различни огнени оружја“, стои во соопштението на јавното обвинителство.Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи за определување мерка притвор за осомниченото лице, особено имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на кривичните дела, како и висината на запретената кривична санкција која изнесува од три до десет години за секое кривично дело за кое е осомничен, велат од ОЈО. Поради постоење на опасност од бегство и околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Скопје | пред 7 години

metalni-rabotnici

Многу невработени, а малку избор за компаниите

Невработеноста во третиот квартал само минимално се намалила, а компаниите и понатаму плачат за работници. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во третото тримесечје од годинава се намалила на 20,8 отсто, за разлика од вториот квартал кога беше 21,1 отсто. Во овој период активно работоспособно население во земјава биле 958.770 лица, од кои 759.445 лица се вработени, а 199.325 лица бараат работа.Во тие услови на огромна невработеност, три до четири пати повисока од просекот на развиените западни држави, компаниите и понатаму апелираат дека немаат работници кои ги задоволуваат нивните потреби.Решението, според Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија, е во итни реформи во образовниот систем во насока на надминување на популистичките мерки за форсирање по секоја цена на високото образование и создавање квалификувани работници по мерка на реалниот сектор. На компаниите најмногу им недостигаат кадри со средно стручно образование, кои ќе можат веднаш да се вклучат во работниот процес. Според Димитров, компаниите најмногу бараат текстилци, кожари, металски работници, келнери, готвачи, но и општи работници во земјоделството. Дефицитарни се и многу восокообразовани кадри, како технолози, физичари, математичари...„Форсирањето на високото образование, особено на непродуктивните насоки е цената која ја плаќаат многу компании што не можат да обезбедат квалификуван кадар за своите потреби. Не ни требаат менаџери и економисти, туку работници. Во гимназија и на факултет нека одат само најподготвените, а останатите нека завршат стручно училиште, по можност дуално, додека учат, да се подготват и спремни да влезат во производниот процес“, вели Димитров.Најголема е стапката на невработеност кај оние што би требало да се најактивни и најмногу да придонесуваат економијата да оди напред. Тоа се граѓаните од 25 до 49 години, од кои речиси половината седат дома. Над 20 отсто невработени се оние од 15 до 24 години, додека кај највозрасната група, од 50 до 64 години, невработени се 16,5 отсто. Од вкупниот број неработени, според статистика, мажи се 122.957, додека жени се 76.368.Единствениот пат за надминување на оваа состојба, според Димитров, е политички консензус на сите фактори во државата, да се започнат реформите во образованието за кои долго се зборува, а малку се постигнува.ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА.

Македонија | пред 7 години

sobranie_1

Помирувањето ќе продолжи во среда

Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција во Собранието на Република Македонија, следниот состанок ќе го одржи најверојатно в среда, најавија членови на групата.Денешниот состанок на работната подгрупа за помирување беше прекинат поради нови информации за кои се потребни дополнителни консултации во врска со законското решение за амнестија на дел од учесниците во настаните во Собранието на 27 април минатата година.Претседавачот со оваа подгрупа Зекир Рамчиловиќ рече дека дополнително ќе информира за продолжението на состанокот на кој требаше да се доуреди предлог законот за амнестија.На денешниот состанок на подгрупата присуствуваше и заменик-министерот за правда Оливер Ристески.

Македонија | пред 7 години

Orhan-Usein

Во Македонија најмногу вработени Роми во однос на регионот

Само околу 16,5 отсто од Ромите во регионот се вработени, додека вкупната стапка на вработеност во земјите од Западен Балкан лани изнесувала 41, 57 отсто. Во Македонија има најголем број вработени Роми – 22 отсто, покажуваат податоците од истражувањето за Ромите во земјите од Западен Балкан направено во 2017 година од УНДП и Светската банка со помош на Европската комисија.Резултатите од истражувањето беа презентирани денеска на регионалната конференција за иновативни пристапи за вработување на Ромите, што заеднички ја организираат Советот за регионална соработка (РСС) за интеграција на Ромите 2020 и Платформата за вработување и социјални прашања, како и Фондот за образование на Ромите. Претставниците на овие организации укажуваат на итна потреба за содавање можности за вработување на Ромите и промена на пристапот кон ова прашање на земјите од регионот во согласност со стратешките евроинтеграциски цели.Според презентираното истражување, меѓу 73 и 86 отсто од младите Роми, на возраст меѓу 18 и 24 године, не се вработени, не се едуцираат и немаат соодветни обуки. Освен тоа, анализата за извештајот за напредокот за спроведување на политиките за интеграција на Ромите во 2017 гпдина која им се доставува на владите од земјите од Западен Балкан покажала дека вкупно 54 отсто од мерките за вработување во планираните национални акциски планови за интеграција на Ромите во целост или делумно се реализирани , што укажува на потребата за унапредување во наредниот период.Орхан Усеин, лидер на Акцискиот тим за интеграција на Ромите 2020, вели дека со оглед на тоа што единствен пристап за вработување на Ромите во земјите од регионот се активните мерки што не се однесуваат само на оваа етничка заедница туку и на други ранливи категории, целта е да се види како тие мерки влијаат врз овие групи на граѓани.–Она што го очекуваме е да видиме дали постојат мерки кои бараат законски промени, промени во однос на социјално претприемништво, во однос на даночни олеснувања посебно на самовработување и субвенции за самовработување. Постои цел еден каталог на активни мерки за вработување, кои сакаме да ги истражуваме и да видиме како ќе влијаат врз Ромите, посочи Усеин.Споредувајќи ги податоците од 2017 и 2011 година, може да се забележи дека состојбата со вработувањето на Ромите во земјите од регионот се влошува.-Следењето на спроведувањето на стратегијата Југоисточна Европа 2020 ги покажа првите знаци на економско закрепнување во шест економии во земјите од Западен Балкан што во однос на стапката на вработување значеше постојано зголемување од 2016 година. Во регионот се отворени 600.000 работни места што не се рамномерно распоредени на населението од Западен Балкан, истакна Вања Ивошевиќ, виш експерт за прашања за политика, наука и вработување во Советот за регионална соработка. Според неа, најголема корист од вработувањето имале високобраозваните лица и мажите.– Во тој контекст сакаме да им помогнеме на владите на најдобар начин да ги дефинираат активните политики и мерки на пазарот на труд во корист на сите граѓани, вклучувајќи ги и Ромите, рече Ивошевиќ.Директорот на Фондот за обраозвание на Ромите, Надир Реџепи, ја истакна важноста за рамена на искуства и дискусии за начинот на кој може да се подобри вработеноста. Зборувајќи за образованието на Ромите кажа дека тие се дискриминирани, но и дека треба да се работи на интеграција на родителите.Од друга страна, пак, координаторот за интеграција на Ромите во Генералниот директорат на Европската комисија за вработување, социјални прашања и инклузија Доминик Бе потсети дека сите претпристапни економии имаат национални стратегии за интеграција на Ромите, и нагласи дека обезбедување на еднаков пристап до образование, вработување, здравство и живеалиште е дел од процесот за проширување.-Мора многу да се направи. Не е забележан никаков напредок во процесот на вработување, додека стапката на малдите Роми кои немаат вработување, образование или обука дури и се зголеми. Значи потребно е да се зголемат амбициите во поглед на напредокот за време на фазите за пристапување кон ЕУ, рече тој.На дводневната конференција во Будимпешта, на која присуствуваат владини претставници, претставници на НВО секторот и меѓународни организации, посебно внимание ќе биде посветено на темите за непријавените вработувања, како и мерките за надминување на овој прашање.-Македонија во регионот води во однос на стапката на вработени Роми. Според податоците што ги имаме од регионалното истражување што беше спроведено од УНДП и Светска банка, стапката на вработеност на Ромите во Македонија е 22 отсто што е за шест отсто поголема од просечната стапка на вработеност на Ромите во регионот на Западен Балкан, каде изнесува 16 отсто. Но, тоа не значи дека тука треба да застанеме, бидејќи стапката на вработеност помеѓу Ромите и припадниците на други етнички заедници е двојно поголема, изјави Орхан Усеин, лидер на Акциониот тим за интеграција на Ромите 2020.Во Македонија, земајќи ги предвид условите од Охридскиот рамковен договор, според Усеин, Ромите се повеќе вработени во јавниот сектор отколку во приватниот и тоа мора да се промени. Секако притоа мора да се земат предвид образованието и бројот на високо образовани Роми, чиј број во изминатите десет години е зголемен.Мабера Камбери, претставник од Министерството за труд и социјална политика, најави нови мерки за вработување на Ромите, посочувајќи дека во моментот во јавниот сектор во Македонија има 150 вработени.-Јасно се покажа дека Македонија предничи во однос на останатите земји од регионот во делот на вработување. Тоа, пред се, мислам дека се должи на секторскиот пристап бидејќи МТСП тесно соработува со Министерството за образование и наука и бидејќи не би ги постигнале овие резултати доколку немаме квалитетен образовен кадар помеѓу ромската заедница во Република Македонија. Околу 150 Роми во моментов се вработени во ресорните министерства и другите институции во Владата на Република Македонија, изјави Камбери.Напорите се насочени, како што кажа таа, на лицата кои немаат или имаат помало образование.– Со нив треба да се работи на активните мерки за вработување, кои секоја година Владата на Република Македонија, на крајот на годината ги усвојува заедно со Агенцијата за вработување и во текот на 2019 година МТСП во соработка со УНДП започнува еден нов проект. Тоа е АЦД програмата која многу успешно се имплементира во Шпанија и сакаме добрите практики од Шпанија да ги примениме и во Република Македонија и тие ќе бидат наменети токму за ранливите категории во кои спаѓаат и Ромите, информираше Камбери.Тоа, како што додаде, не значи дека тие ќе бидат веднаш вработени за да можат директно да бидат вработени во фирмите кои имаат потреба од нив.– Сите субјекти кои сакаат да вработуваат лица од ранливите категории да овозможат практична работа за нив и оние кои ќе покажат најдобри резултати ќе останат и ќе се вработата во таа компанија, појасни Камбери.Од следната година, по усвојувањето на новиот закон за социјална заштита, како што најави претставничката на МТСП на конференцијата во Будимпешта, вниманието ќе биде насочено кон лицата кои остваруваат права од социјалната заштита да бидат вклучени на пазарот на трудот.– Тоа ни е интенцијата и затоа ќе се формираат посебни групи во центрите за социјална работа. Во тие менаџмент групи ќе бидат вклучени и Роми кои ќе работат со најранливи групи категории и заедно ќе се креираат профили, лицата што остваруваат права да преминат од социјалната сфера на пазарот на трудот, посочи претставничката на МТСП.Посебно внимание се обрнува на вработувањето и едукацијата на девојките и жените Ромки.– И тоа од најраната детска возраст, од вклучувањето на децата од предучилишно образование. Педесет отсто од вклучените деца мора да се девојчиња. Исто така од доделувањето на стипендии во средните училишта исто така половина од нив мора да се девојчиња. И при вработувањето МТСП посебно внимание обрнува токму во вклучувањето на жените на пазарот на трудот, вели Камбери.Во македонската делегација освен Камбери се и претставници на Министерството за локална сампуправа, на Агенцијата за вработување, како и на неколку ромски невладини организации

Македонија | пред 7 години

Naum-stoilkovski

ВМРО-ДПМНЕ бара оставки од Димитров и Спасовски

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција на која зборуваше порпаролот на партијата Наум Стоилковски, побара неколку мерки од Власта. Пред се побара министрите за надворешни и внатрешни работи Никола Димитров и Оливер Спасовски да си поднесат оставки, потоа побара да се почитува одлуката на референдумот.„Мора да се стави крај на црнилото во која што СДСМ со аболираниот Зоран Заев ја зави Република Македонија. Оваа наметната власт не води битка за добробитта на народот, оваа власт води битка со народот, со опозицијата, води битка за што поголемо омаловажување на народот, за економско пропаѓање на државата и граѓаните преку повисоки даноци кои што го осиромашуваат и бизнисот и работниците, оваа власт води битка со јасно изразената волја на граѓаните злоупотребувајќи ја најдемократската алатка – референдумот!Мора да престане теророт и прогонот врз слободната мисла, врз опозицијата, мора да застане економското девастирање и одземањето на парчето леб на народот, мора да застане труењето – еколошкиот геноцид врз идните генерации, мора да престанат навредите врз народот кој што оваа однародена власт го нарекува искомплексиран, мора да биде слушнат јасниот глас на народот – јасната и недвосмислена порака искажана на референдумот против капитулантскиот договор од Преспа за промена на Уставот со цел промена на уставното име и идентитет.Почитувани, пркосот нема да сопре, ВМРО-ДПМНЕ народот нема да сопре во спротивставувањето на наметнатите црнила. ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „За подобра Македонија“, во име на слободната мисла на народот бара:Итна и неотповиклива оставка на однародениот министер којшто својата нација ја нарече „Искомплексирана“ нација. Министерот зема буџетска плата благодарение на ова нација, ужива во привилегиите со буџетот да го школува семејството надвор од Република Македонија, па упатува непростлива навреда кон истиот тој народ.Итна и неотповиклива оставка бараме на министерот за терор и прогон, Оливер Спасовски.Спасовски откако е министер реди само порази, мафијата ги презеде градовите, се случуваат убиства кои остануваат нерасчистени, а тој води шпионски акции, претреси и омаловажувања на според СДСМ политички неподобните граѓани на Република Македонија.Веднаш да сопре иницијативата од Владата за покачување на даноците во Република Македонија. Во услови на економски колапс, дупка од капитални инвестиции, отсуство на инвестиции, однародената Власт мора да престане со осиромашувањето на бизнисот и дополнителното осиромашување на народот, на сметка на свое лично богатење на властодршците.Веднаш продолжување на проектот за гасификација на Република Македонија, и тоа  од централно до општинско ниво. Тоа е вистинскиот чекор за навистина почист воздух. Да престанат лагите, декларативните ветувања од оваа однародена власт за некакви лажни еколошки зафати.Бараме веднаш да се формира независно тело кое ќе се занимава црниот Вотергеј на Заев да биде расчистен, прислушувањето на обвинителите и сите судии да биде разгледано. Да биде предводено од човек на предлог  на опозицијата, со задача да ги преслуша, анализира, систематизира материјалите од прислушувањата на обвинителите. Да се истражат нарачаните пресуди, нарачаните обвиненија за луѓето од 27-ми април, нарачаните обвиненија за ВМРО-ДПМНЕ.Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ во име на Коалицијата и во име на слободната мисла и слободно изразената волја на народот, бараме почитување на јасно изразената волја на референдумот. Не смее да се изигрува Референдумот, кој што однародената власт не успеа да го намести, да го фингира и покрај сите манипулации со брзо гласање. Не смее да се продолжи со изигрување на демократијата со непочитувањето на најдемократската алатка и волјата на граѓаните“, рече Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Од ноќеска поевтинуваат бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Од полноќ, според новиот ценовник, ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се поевтинуваат за 1.50 денари и еден литар од овие горива од вечерва ќе се продава за 61.50 односно 63.50 денари.Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 58.50 денари.

Македонија | пред 7 години

panel

„Форумот на добри компании“: Владата, компаниите и граѓанскиот сектор – партнери во развојот на социјалното претприемништво

Министерот за финансии, Тевдовски го отвори овогодинешниот „Форум на добри компании“ организиран од Public, а поддржан од Европската Унија и Германската Амбасада. Тој и Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваа и на панел - „Државата како фасилитатор на одржливи процеси“.Министерот, во своето обраќање истакна дека Владата работи на реформи кои креираат одржливо општество. Toj додаде дека, преку мерките за грижа за најранливите категории, зголемувањето на вработувањата и растот на платите, како и доближувањето на земјата до ЕУ и НАТО заедно се движиме напред.Mинистерот Тевдовски истакна и дека во Македонија има примери на социјални претпријатија кои се истакнуваат со својата општествена одговорност:- Одличен пример за тоа е списанието Лице в Лице кое економски и социјално ги засилува маргинализираните групи. А, секако дека во Македонија постојат и други примери на општествено одговорни организации. Тие вклучуваат најразлични активности од грижа за ранливи граѓани, преку подигнување на свеста за селектирање на отпадот, па се до поддршка на млади и иновативни луѓе. Вреди да се истакне дека во последните години општествена функција извршуваат и странските компании кои предводени од германските значајно го подобруваат стручното образование во земјава, истакна МФ Тевдовски.На форумот беше дискутирана социјалната одговорност на компаниите, како и можностите за развој на социјални претпријатија. Во Македонија во тек е изработка на законот за социјални претпријатија во Министерството за труд и социјална политика. Со цел да се поддржи развојот на вакви компании во законот за јавни набавки предвидени се т.н. „резервирани набавки“. Станува збор за ЕУ директива со кои одредени набавки институциите ќе можат да ги прават од овој вид на компании. Ваков вид на набавки ќе почнат да се применуваат од 2020 година, откако ќе биде одредена правната рамка за социјални претпријатија. Соработката на институциите, Министерство за финансии и Министерство за труд и социјална политика беше видлива и на панелот „Државата како фасилитатор на одржливи процеси “ каде МФ Тевдовски и МТСП Царовска зборуваа за тоа каде и како државата може да го помогне социјалното претприемништво.Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, на панел дискусијата зборуваше за добрата соработка со Министерството за финасии како и за поддршката што МТСП ја доби во законското решение за јавни набавки да се вметнат резервираните набавки.- Со стратегијата за социјално претприемништво создаваме еко систем за развој на социјалните претпријатија во Македонија. Овие претпријатија ќе бидат од голема помош за државата, бидејќи ќе нудат социјални услуги на кои ќе биде купувач самата државата, но истовремено и ќе имаат обврска да вработуваат ранлива категорија лица со што ќе допринесат за процесот на инклузија на различните во општеството. Услугите коишто би ги нуделе о старт овие претпијатија би биле од областа на здравството, рехабилитацијата и екологијата“, истакна министерката Царовска. Форумот е годинава е поддржан од Европската Унија и Германската Амбасада. Свои обраќања имаа и Евроамбасадорот Самјуел Жбогар, Холандскиот амбасадор Вилем Влаутер Пломп и Заменик амбасадорот на Германија Петер Шалер. Фокус на форумот е соработката помеѓу државата, компаниите и граѓанскиот сектор во креирање на подобро општество за сите.

Македонија | пред 7 години

ubistvo-smilskovsko

„Монструм“, Жртвите биле убиени на брегот на Смилковското езеро

Професорот од Институтот за судска медицина, Златко Јаќоски, во врска со случајот „Монструм“ пред судот рече дека тој заедно со професор Билјана Јаневска вечерта биле на увид на местото на петкратното убиство кај Смилковското езеро.– Петте жртви се убиени каде што беa пронајдени и во брз временски период, рече Јаќоски, додавајќи дека жртвите починале од повеќе огнострелни повреди, а траги од крв имало под нивните тела што укажувало дека местото на настанот бил токму таму.

Македонија | пред 7 години

47249486_268326163867301_2326945472029130752_n

Карпош доби 200 нови дрвја за полесно да дише

Општина Карпош денеска ја реализираше завршната фаза од големата еколошка акција во чии рамки беа засадени околу 200 нови дрвја. По тој повод, локалната самоуправа го збогати дрвниот фонд на своја територија со повеќегодишни квалитетни израснати дрвја од типот Јасен, Јавор, Багрем, Липа, како и зимзелена Туја и украсни повеќегодишни грмушкасти растенија од типот Лаванда.„Почнувајќи од плоштадот Делфина во населбата Влае, општинските служби го обновија зеленилото на повеќе локации во населбите Тафталиџе 1 и 2, во Карпош 3 и 4, а нови дрвја беа наседени и околу Млечниот ресторан во У.З „Владо Тасевски“, околу плоштадот кај Педагошкиот факултет и на плоштадот во Бардовци.Општина Карпош годинава презеде повеќе еколошки иницијативи со цел, облагородување на меѓублоковското зеленило околу колективните станбени објекти. Конкретнава акција ја реализираше како една од превентивните мерки во борба против загадувањето и одржувањето на здравата животна средина“, велат од Општина Карпош

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања