Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Три македонски градови најзагадени во Светот, СДСМ ја зави државата во црнила

Република Македонија под власт на СДСМ е покриена со голема црнина. Според Светската здравствена организација помеѓу десетте најзагадени градови во светот дури три се од нашата држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Скопје, Битола и Тетово се на врвот на светската листа на загаденост, а Зоран Заев, Јани Макрадули, Петре Шилегов, Наташа Петровска и Теута Арифи не преземаат ништо. Две години откако со државата владее црната СДСМ, нема ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.Загадувањето на воздухот кое веќе еден месец е неколкукратно над дозволеното е вистински проблем како за граѓаните така и за економијата. Десетици граѓани секој ден ги полнат болниците како последица на срцеви и белодробни проблеми од загадениот воздух. Најпогодени се малите деца, старите луѓе над 65 години и хронично болните“, велат од партијата.Според нив, СДСМ наместо да преземе мерки за справување загадувањето, министерот за животна средина вели дека не се занимава со граѓаните, заменикот негов Макрадули спие на седници во собранието на кои се зборува за мерки против загадувањето, а Петре Шилегов си игра игри на својот мобилен. Тоа е односот на СДСМ кон животната средина - никаков.  СДСМ не е заинтересирана за подобрување на квалитетот на воздухот.„СДСМ не се грижи за граѓаните, СДСМ се грижи само за сопствените теснопартиски интереси. Партијата која ја зави државата во црно на буквално секое поле мора да си замине. Граѓаните очекуваат подобро. Мора да настапи зората за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите  граѓани кои не се согласуваат со оваа ненародна и неспособна власт да ни се приклучат  на протестните маршови ширум државата. Ги повикуваме сите слободомислечки граѓани во недела нека ни се приклучат на протестот во Кочани како и наредната среда пред владата. Зората ќе изгрее и ќе ги однесе црнилата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

ikoni-1

Владимир Симеонов со приговор за текстот со фреските, реагира дека „Тапетите се набавуваат од Италија“

По текстот на скопје1 по наслов: „Фреските повеќе не се цртаат туку лепат“, до нашата редакција се обрати Владимир Симеонов од “Студио за икони Симеонов. Тој иако не е споменат во текстот освен со фотографија која е уредно потпишана, затоа што е извадена од социјалната мрежа фејзбук, во дописот како што пишува поднесувам приговор по однос на навреда , клевета, злоупотрба и вадење од контекст на фотографии од нашата фб. страна “Студио за икони Симеонов.Во продолжение ви го пренесуваме дописот во целост:Приговорот го поднесува Владимир Симеонов, академски сликар, мозаичар, конзерватор и зограф.Во вашиот текст со наслов:„фреските повеќе не се цртаат туку лепат„објавен на ден 06.12 2018год. сте прикачиле работни фотографии од архивот на нашата фб. страна, на кои директно атакувате со реченицата: „Тапетите се набавуваат од Италија„ што не е случај со двете објавени фотографии, на кои „фреските„ се изработени во нашето студио односно рачно насликани(не нацртани). За кои имаме и соодветна фото и видео документација на нашата страна.Имате објавено работни фотографии со мојот лик, а за тоа немате претходно добиена дозвола иако сте можеле уредно да не контактирате на нашата фб. страна што сметам дека е неетички и непрофесионално за еден медиум.Во однос на вашата забелешка дека живопис изработен во акрилна техника не е фреска, или ве цитирам „токму поради ова се наметнува прашањето дали зборот фреска е соодветен„ ве молам погледнете ја нашата страна и ке видите дека секоја објава на зборот фреска или фрески е ставен во наводници. Инаку зборот фреско во буквален превод значи свежо, односно живописувње на свеж малтер. Во спротивно би било Секо техника, живописување на сув малтер или подлога што е и случај со нашиот начин на живописување. Го користиме зборот фреска поради неговата општопознатост, но и затоа истиот го ставаме во наводнициТоа што го гледате на објавената фотографија се „фрески„ насликани на платно со акрилни бои и потоа аплицирани односно залепени на ѕид, а тоа е техника која ја користиме во цркви каде е неопходна: тешкодостапен терен, лошо малтерисани ѕидови, обемот на донации од „фрески„ за тој храм.... Впрочем техника која одамна се користи во други Првославни земји.На нашата фб страна можете да видите и два албума од живописуванње на цркви директно на ѕид со акрилна техника.Сето ова би било поинаку доколку не исконтактиравте и добиевте точни информации, односно дозвола за инволвирање на нашето студио и мене лично во овој понижувачки текст за мојата работа и професија, и поради нашите близу 12 000 фанови на нашето студио кои ги стекнавме професионално и со доверба ги задржавме во изминатава една година.Очекувам овој приговор да го земете како демант на вашиот текст, и истиот да биде јавно објавен од ваша страна на вашиот сајт, со што би ја покажале и потврдиле вашата заложба за професионално новинарство.Со почит:Владимир Симеонов

Македонија | пред 7 години

forum-1

Трета сесија од форумот на заедници во Охрид

Денеска во Охрид се одржа третата сесија од форумот на заедници што ја организира општина Охрид како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“.Во рамки на сесијата беа презентирани предлог проектите за социјална инклузија, согласно предлог концептите, кои беа прифатени од страна на форумот, на втората форумска сесија.Концептите беа предложени и изработени од страна на седумте работни групи на Форумот на заедници, во кои има претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор.Проектите кои ќе бидат избрани од страна на Форумот на зедници ќе бидат финансирани со средства од UNDP и Швајцарската амбасада во Република Македонија, со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци.

Македонија | пред 7 години

izlozba-1

Традиционална изложба на фото клуб „Охрид“

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ се одржа традиционалната изложба на фото клуб „Охрид“.На изложбата која се организира по дваесетти пат во рамки на Патронот на градот, поздравен говор имаше градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски и претседателот на фото клубот „Охрид“, Димче Коруноски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кој ќе ја наследи Ангела Меркел - ЦДУ избира нов лидер

Во клучната изборна трка за Германија, но и за целата ЕУ, двајца кандидати со спротивставени визии се борат да ја наследат Ангела Меркел на лидерската позиција во владејачката германска партија, Демохристијанска унија (ЦДУ). Едниот претендент е Анегрет Крам-Каренбауер, миленичка на Меркел, која се опишува и како кандидатка на континуитетот, а другиот е Фридрих Мерц, долгогодишен ривал на Меркел, кој ветува радикални промени. Во трката учествува и Јенс Спан, федералниот министер за здравство.Исходот од гласањето за нов лидер на партискиот конгрес е од клучно значење не само за ЦДУ. Меркел останува канцеларка, но тој што ќе го преземе кормилото на владејачката партија најверојатно ќе биде и нејзин кандидат на наредните сојузни избори, кои треба да се одржат до октомври 2021 година.Ангела Меркел 18 години беше на врвот на ЦДУ. Сега се повлекува од лидерското место во партијата. Од тоа кој ќе ја наследи Меркел, зависи и курсот на патијата.

Свет | пред 7 години

albanija

(ВИДЕО) Протестираат студентите во Албанија

Студентите од Унверзитетот во Тирана и Политехничикиот универзитет веќе два дена протестираат пред зградата на Министертвото за образование барајќи да се намалат трошоците за високото образование, кои може да достигнат и до 3000 долари.Протестите се проширија и на Универзитетот „Александар Џувани“ во Елбасан, каде студенти ја бојкотираат наставата и покренаа петиција, но има најави и за во други градови.Студентите од министерката Линдита Никола бараат подобрување на условите во сместувачките капацитети, како и нивно учество во управите на универзитетите.Албанската влада вчера прифати едно од барањата на студентите – го укина членот од Законот за високо образование со кој се предвидуваа нови тарифи за повторен упис на година и за полагање заостанати испити.Но, студентите не се откажуваат. Тие најавуваат бојкот на наставата додека сите нивни барања не бидат прифатени, а главниот протест го селат пред Владата во Тирана.

Свет | пред 7 години

protesti-grcija

Тројца повредени и 66 приведени при судири меѓу полицијата и анархисти во Атина

Повредени најмалку три лица, 66 приведени, од кои 13 уапсени, најмалку три опожарени автомобили, фрлени стотици молотови коктели, шок бомби и солзавец, употреба на водени топови и значителна материјална штета е билансот од судирите што траеја до доцна во ноќта меѓу групи анархисти и полицијата во атинската населба Ексархија, каде пред 10 години беше убиен 15-годишниот Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.Во судирите, што со мали прекини траеја повеќе од три часа, со повреди се здобија двајца полицајци и еден цивил и сите беа пренесени во болница.Пред да започнат инцидентите, маскираните лица, веројатно анархисти, на неколку места во атинската населба Ексархија, поставија барикади од разни предмети, меѓу кои и контејнери за смет, сообраќајни знаци и делови од метални конструкции, со цел да го спречат пристапот на полицијата.Потоа, следеа и нападите на анархистите врз полицијата со молотови коктели и пиротехнички материјали, на што полицајците одговорија со солзавец, шок бомби и со водени топови.Молотовите коктели, некои со послаба, но некои со особено голема јачина, периодично, како дожд паѓаа врз полициските единици.Со цел состојбата да не излезе од контрола, полицијата ги искористи двете возила со водени топови – едното за да ја урне металната барикада, а второто за да ги растера маскираните лица, но и за да го изгасне огнот предизвикан од молотовите коктели, но и од потпалувањата.Дел од маскираните лица, се качија на еден од балконите на последниот кат на зграда што се наоѓа на улицата каде се случуваа инцидентите и со молотови коктели фрлаа кон полицијата, но и врз полициското возило кое со воден топ ги растеруваше анархистите.Еден од молотовите коктели, падна врз тенда на еден стан, но со навремена интервенција беше спречено проширување на пожарот.Атинската населба Ексархија, која се наоѓа на помалку од два километри од центарот на Атина, уште еднаш наликуваше на бојно поле. Дишењето беше отежнато поради големото количество на солзавец во воздухот, а полицијата на неколку пати интервенираше и побара од новинарските екипи, од безбедносни причини да се оддалечат од деловите каде што во тек беа инцидентите.Грчката полиција, вчерашните протести во текот на целиот ден ги следеше со хеликоптер и со дрон.Претходно, во попладневните часови, во сеќавање на убиеното момче се одржа мирен протестен марш во центарот на Атина до грчкиот Парламент.Без многу голема масовност, претежно млади лица, членови на студентски, левичарски и анархистички организации и здруженија, извикувајќи слогани против полицијата и полициското насилство мирно протестираа низ центарот на Атина.Сликата со насилни инциденти како во Атина, не беше многу поразлична ниту во Солун, каде по завршувањето на протесниот марш за одбележување на убиството на Григоропулос, маскирани лица се судрија со полицијата.Според локалните медиуми, во судирите се повредени најмалку 52 лица, од кои 15 се уапсени, а при инцидентите е предизвикана материјална штета и на градилиштето на солунското метро, откако избувна пожар предизвикан од молотови коктели.МИА

Свет | пред 7 години

sv-ekaterina

За многу години, денеска се празнува големата светица Света Екатерина

Денеска се слави споменот на светата великомаченичка Екатерина, која пострада за христовата вера. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. На овој ден именден празнуваат сите што се викаат Екатерина, Ката, Катина, Катерина.Света Екатерина била ќерка на царот Александриски Конста. Мајка ѝ беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина.Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа беше и необично убава. Кога злочестивиот цар Максенциј им принесуваше самиот жртви на идолите и им наредуваше на другите да го вршат истото, Света Екатерина смело излезе пред царот и ја изобличи неговата идолопоклоничка заблуда.Кога виде царот дека е посилна од него во мудроста и вознаењето, повика педесетмина најмудри луѓе за да се препираат со неа за верата и да ја посрамат. Но Екатерина ги надмудри нив и ги посрами.Разјарен царот нареди сите педесетмина мудреци да се изгорат во оган. По молитвите на Света Екатерина овие мудреци сите пред смртта го исповедаа името Христово и се објавија себеси за христијани. Кога оваа маченичка беше во затворот, го приведе кон верата војводата Порфириј со двесте војници, а ја обрати кон Христа и самата царица Августа Василиса. Сите пострадаа за Христа.При мачењето на Света Екатерина ѝ се јави ангел Божји, го запре и го искрши тркалото на коешто беше мачена; а потоа ѝ се јави Самиот Господ Христос и ја утеши. После многу мачења ја убија со меч во нејзината осумнаесетта година, на 24 ноември 310 година.Од нејзиното тело истече млеко наместо крв. Чудотворните мошти на Света Екатерина почиваат на Синај.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Хедер Нојерт нов амбасадор на САД во ОН

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја именува актуелната портпаролка на Стејт департментот, Хедер Нojерт за нов амбасадор на САД во Обединетите Нации.Според „Фокс њуз“, ваквата одлука Трамп ќе ја објави денеска.Нојерт, која е поранешен дописник и водител во телевизијата „Фокс њуз“, нема претходно политичко или раководно искуство.Таа е портпарол на Стејт департментот од април 2017 година, а оваа година беше назначена за помошник-секретар за јавна дипломатија и јавни работи.   

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Евакуирани вработените во Си-ен-ен поради бомба

Поради закана за бомба вчера повеќе од еден час беа евакуирани канцелариите на американската телевизија Си-ен-ен во Њујорк. Маж околу 22 часот по локално време се јавил во телевизијата и рекол дека во зградата на компанијата Тајм Ворнер на Менхетен, каде што се наоѓа и редакцијата на Си-ен-ен, се поставени пет бомби.Од полицијата соопштија дека сите зградата биле евакуирани и во неа е направена проверка од страна на единиците за детонирање бомби. За тоа време Си-ен-ен продолжи со програмата во живо од пред зградата. 

Магазин | пред 7 години

5

(ВИДЕО) Социјален експеримент: Како реагираме на насилство врз жена

Многумина од нас биле сведок на насилство врз жена. За жал, сме биле сведок, па можеби и дел од пасивноста на минувачите очевитци на тоа насилство. За таа цел, во рамките на светската кампања за крај на насилството врз жената, Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА) направи социјален експеримент чиј резултат беше разновиден. Не подалеку од очекуваното, многу од сведоците на глуменото насилство реагираа глувонемо на агоничните потреби за помош, но некои од нив пак, кои не можеа да премолчат, потегнаа иницијатива и помогнаа со физичко (но не и насилно) вмешување или со повик до полиција. Да земеме пример од нив! Тие се промената што му ТРЕБА на светот, велат од ММСА.

Магазин | пред 7 години

Capture-3

Заев побара од Јункер изземање на македонските компании од анти-дампинг мерките

Премиерот Зоран Заев вчера телефонски разговараше со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер. Разговорот, како што соопшти владината прес-служба, доаѓа по иницијатива на премиерот Заев во однос на прашања од исклучителна важност за Република Македонија, како реформските процеси во нашата држава со кои се исполнуваат задачите кои Европскиот совет ги одреди како предуслов за формален почеток на преговорите за членство во јуни 2019 година, како и за политичките процеси за усвојување на уставните амандмани.Во разговорот премиерот Заев, како што се наведува, го информираше претседателот на ЕК Јункер за двата паралелни процеси кои Европската комисија ги отвори во врска со увоз на производи од челик и алуминиум, а кои директно засегаат неколку компании од Република Македонија.Премиерот Заев посочил дека времените заштитни мерки и анти-дампинг постапките со кои се засегнати неколку држави, меѓу кои и Македонија, имаат негативни последици кон економијата на државата.„Притоа, бидејќи Македонија незаслужено се најде на листата за овие мерки, премиерот Заев го замоли претседателот на ЕК Јункер да ја разгледа можноста за изземање на нашата држава од времените заштитни мерки и побара решавање на ова прашање со заемно прифатливо решение, во рамки на процесот на стабилизација и асоцијација“, се вели во соопштението.Премиерот Заев изнел уверување дека постоечката верификациска мисија на Европската комисија во македонските компании за анти-дампинг истраги ќе заврши успешно и оти европските експерти ќе се уверат дека нема дампинг практики во овие компании.„Премиерот Заев и претседателот Јункер на крајот од разговорот се согласија дека Македонија покажува видлив и значителен напредок на полето на реформите, а очекувано е и успешно завршување на процесот на уставните промени утврдени во Договорот со Грција. Заедничка е оценката дека доколку нашата држава продолжи и го засили темпото на реформи и завршување на процесот на уставните измени ќе го трасира патот за почеток на преговорите по европските избори во 2019 година“, стои во соопштението од Влада.

Македонија | пред 7 години

kosovoGranica

Денес и утре во прекин сообраќајот на косовскиот граничен премин

Министерството за внатрешни работи информира дека поради изведување на градежни работи на магистралниот пат Скопје – Приштина, поточно од косовскиот граничен премин („Хани Елези” – Качаник) ќе биде во прекин сообраќајот во двата правци за влез и излез од Косово, и тоа денеска од 9 до 12 часот и од 14 до 17 часот и в сабота во периодот од 7 до 17 часот.

Македонија | пред 7 години

20181123_134554.jpg1_.jpg2_

Скопје утрово на минус 8 степени

Температурата измерена во главниот град утрово во 7 часот беше минус 8 степени целзиусови.На поширокиот простор на скопските општини измерени се температури од минус 3 степени во Ѓорче Петров, Горно Нерези, Кучково и на Матка додека  Центар, Гази Баба и Арачиново се измерени минус 8 степени.Според прогнозата денес температурата во Скопје ќе се искачи до 7 степени целзиусови.

Скопје | пред 7 години

45941383_1457172377719031_2911075854807203840_o

Заврши изведбата на канализационата мрежа во руралниот дел на Ѓорче Петров

Со изградбата на последните 16 километри, финишираше изведбата на канализационата мрежа во руралниот дел на општината.Со ова се решава долгогодишниот проблем на граѓаните со кој септичките јами се ставаат надвор од употреба а се заштитуваат артериските бунари во сливот на реките Вардар и Лепенец.Вкупната инвестициона вредност за изведбата на последните 16 километри е 35 милиони денари, средства се обезбедени од Министерството за транспорт и врски.Проектот за фекална канализација е започнат во 2006, поставена е канлизација во должина од 80 километри со што примарната мрежа е 100 % порекриена, а секундарната мрежа 70 проценти.Општината досега успешно се справуваше со овој проблем. Продолжуваме со исто темпо и реализација на секундарната канализациона мрежа.

Скопје | пред 7 години

Capture-2

„Силбо“ два месеци работи на диво

Пекарата „Силбо“ во ТЦ Бисер во скопски Аеродром два месеци работи на диво без дозвола за работа пред очите на инспекциите и градоначалникот на Аеродром Здравко Марин, реагираат дуќанџиите од трговскиот. Прашуваат кој ја штити пекарата која иако не требаше ниту да се отвори додека не ги отстрани нелегалните делови од објектот кој е дивоградба, од септември работи турбо, а сега бидејќи нема ниту дозвoла за работа од Град Скопје има и ново решение од Општина Аеродром за целосно уривање.„Дуќанџиите трпат штети, бидејќи пекарата не работи според законот, а ниту Градоначалникот Марин ниту општинската инспекција не реагираат- вели Марјан Милчевски, дуќанџија од Бисер.Од Град Скопје за Телевизија 24 потврдуваат дека пекарата од почетокот на октомври нема дозвола за работа.„Објектот нема дозвола за работа која ја издава Град Скопје. Иако 30 дена пред истекот на претходната дозвола требало да побараат нова, тие немаат побарано. Не знаеме дали ќе им одобриме, со оглед на тоа што има решение за отстранување. Бидејќи ние немаме градежен инспекторат, надлежноста останува на инспекторатот на Општина Аеродром“- изјавија од Град Скопје за ТВ 24.Од Општина Аеродром велат дека сега чекаат одлука за втората жалбена постапка во која „Силбо“ го обжали решението за целосно отстранување на објектот.„Градежната инспекција на Општина Аеродром донесе Решение за отстранување на урбаната опрема на пекарницата „Силбо“ на 5.11.2018 година. По вложената жалба од пекарницата „Силбо“, во очекување сме на одговор на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа од инспекциски надзор и прекршочна постапка, согласно со Законот за општа управна постапка.“ - велат за ТВ 24 од Општина Аеродром.Претходно „Силбо“ се жалеше, но второстепената комисија ја одби неговата жалба и наложи отстранување на неправилностите, при што Општина Аеродром не постапи по тоа решение. Сега откако „Силбо“ нема ниту дозвола за работа од Град Скопје, Аеродром повторно чека исход од жалебаната постапка иако според законот жалбите не го одложуваат извршувањето. Од Аеродром се правдаат дека сакаат потврда на нивното решение за да не се доведат во ситуација да плаќаат пенали на „Силбо“.Сопственикот на „Силбо“ пак Силјан Милев во изјава за ТВ 24 признава дека сега работи и без дозвола, но доколку го рушат најавува дека правдата ќе ја бара на суд.

Скопје | пред 7 години

358999-sepik_2880x1800

Подароците на пријателите и роднините имаат вредност која не може да ја пресмета ниту еден економист на светот

Американското општество годишно губи милијарди долари, бидејќи за време на новогодишните празници се купуваат и подаруваат многу непотребни предмети. Божик и Нова година се сметаат за едни од најповолните сезони за економијата. Во декември, американските продавници регистрираат 25% од своите годишни продажби и 60 % од добивката . Но, меѓу економистите се појавија луѓе кои исто како херојот од бајките, Гринч , се обидуваат да " ја украдат Новата година", претставувајќи ја како исклучително неповолна од финансиска гледна точка. Најпопуларното истражување за штетноста на зимските празници е направено уште во 1993 . Професорот од Универзитетот Јеил, Џои Волдфогел, објавил статија во која тврди дека божикните и новогодишните подароци се губење на време и ресурси.Профитабилноста на подароцитеДа му подарите на саканиот подарок е вистинска уметност , што за многумина е неостварливо. Годишно милиони луѓе добиваат бескорисни предмети. Вратоврски со идиотска боја со години лежат неотпакувани на горните полици за гардероба, книги на популарни автори во одминати години и така остануваат непрочитани, а чајниците се преподаруваат следната година на соседите. Сето тоа доведува до намалување на благосостојбата на луѓето во целина (купување на непотребни предмети за вистински пари и добивање во замена за тоа, други, непотребни предмети). За да се пресмета големината на тоа осиромашување, Волдфогел направил необичен експеримент. Економистот се заинтересирал за разликата меѓу реалната цена на подароците и вредноста, на која ги оценувале примателите. Тој побарал 86 студенти да кажат , колку според нив чинат добиените на Божик и Нова Година подароци и колку самите тие би платиле за нив . Пријателите и роднините сигурно би се налутиле, ако ги знаеја резултатите од оваа студија . Според оценката на учениците, нивните подароци чинат во просек 438 долари, но самите тие биле подготвени да платат не повеќе од 313 долари. Оттука, просечниот принос на подарокот, според оценката на примачот, е околу 87 % , па во процесот на подарувањето работите губат околу 13% од својата вредност. Ако ја исклучиме достапноста и различните ваучери , тогаш просечната профитабилност опаѓа до 83.9 % . Овие резултати значат дека околу 13% од трошоците за новогодишни и божикни подароци се безвредно потрошени пари. Оттука, со 13% се намалува благосостојбата на општеството. Ако веруваме на наодите на Волдфогел , тогаш вкупните загуби на општеството, заради Нова година и Божик, се гигантски . Така на пример , во 1993 во САД се подарени подароци за 40 милијарди долари и од нив 4 милијарди се " загуби " по системот помеѓу купувањето и подарувањето.Најдобар подарок - ПариПарите навистина се најефикасен подарок , бидејќи тие не се амортизираат. Интересен факт е дека најчесто пари даваат постарите луѓе. Очигледно нашите баби и дедовци знаат дека ако параметрите на човекот не им се познати , најдобро е да им го подарат најфлексибилниот подарок, односно во готово. Со подароците во готово, исто така, работите не се толку лесни како што изгледа на прв поглед. Во друг експеримент на Волдфогел, 58 студенти биле замолени да го посочат износот кој би можел да им го замени подарокот. Во просек тој износ бил 509 долари. При тоа , во реалноста и 462 долари биле сосема доволни, за да можат тие да си го дозволат саканиот подарок.Сентиментална вредност на подароцитеВо 2013 бизнис училиштето на Универзитетот во Чикаго анкетираше економисти . Научниците беа замолени да одговорат на прашањето : Дали подарените предмети се непотребни ? Само 17% се согласуваат со ова тврдење . Големото мнозинство (54% ) не биле согласни . На останатите им било тешко да одговорат на ова прашање. Кога истражувачите почнале да поставуваат дополнителни прашања, станало јасно дека противниците на подарување на пари биле согласни со Волдфогел. Професорот од Универзитетот Принстон, Ангус Дитон вели дека заклучоците на Волдфогел имаат смисла. Но, неговото испитување не забележало едно важно нешто. Подароците на пријателите и роднините имаат и нематеријална вредност, која не може да ја пресмета ниту еден економист на светот. Токму оваа вредност ги претвора непотребните и бесплатни од економска гледна точка подароци, во непроценливи. Затоа е очигледно дека и покрај загубата на благосостојбата, луѓето никогаш нема да престанат да подаруваат .

Магазин | пред 7 години

cropped_santa-letter-istock

Како настанал Дедо Мраз

Како настанал ликот на старецот со бела брада и црвен плашт кој пред Нова година еднакво ги радува децата во сите краишта на светот?Многу легенди за Дедо Мраз се темелат на древната христијанска традиција според која Свети Никола пред Божик на децата им дели подароци. Современото секуларно сфаќање на Дедо Мраз се развило во втората половина на 19 век.Ликот на старец со бела брада и црвен плашт го замислил славниот американски карикатурист Томас Наст (1840-1902).Наст се прославил со своите карикатури, а Американците толку ги сакале неговите илустрации што се сметало дека неговите цртежи можат да го поттикнат воениот морал и патриотизмот.Ликот на божикниот волшебник со бела брада Наст првпат го објавил на 3 јануари во 1863 година среде американската граѓанска војна.Подоцна, Наст направил повеќе илустрации за Дедо Мраз и тие почнале да стануваат дел од општата култура.Но, Дедо Мраз кој денес го знаеме потекнал од реклами. Врз основа на илустрациите на Наст, компанијата Кока-Кола во 1931 година лансирала глобална маркетиншка компанија каде го промовирала ликот на Дедо Мраз во човечка големина кој и денес е препознатлив.Иако само како заштитен знак на една од првите големи маркетиншки компании, Дедо Мраз од јунак на Кока Кола постери, станал глобален феномен.Меѓутоа, во некои средини, пред се во тие земји каде доминира религиското влијание на исламот, Дедо Мраз се смета за непожелен бидејќи претставува симбол на христијанската културна доминација.За разлика од ликот, името Дедо Мраз не е глобално, тоа се разликува во различни земји и култури. Некаде го нарекуваат Санта Клаус, Санта Николас, Божик Бата и слично.Неговото име често е поврзано со Божикот, но уште почесто со Свети Никола, што е инаку религиозен празник кој претходи на новогодишната веселба.Името Дедо Мраз, кое се користи кај нас, инаку е југословенски производ. Замислено е така да не фаворизира ниедна религиозна варијанта во поранешната заедничка држава на народите на Западен Балкан.

Магазин | пред 7 години

santa-claus-orig

Вицови за Дедо Мраз

1.Детенце се жали во градинка дека Дедо Мраз бил голема идиот. Децата го прашуваат зошто. Детето одговара:– Како зошто?! Наместо да ми донесе подарок ми оставил една кутија бонбони кои моите родители ја криеа во плакарот…2.Оди Дедо Мраз на психијатар и вели:– Докторе помогнете! Не верувам во себе.3.Синот на мафијашки бос пишува писмо до Дедо Мраз:– Мили Дедо Мраз, ако ти е мил животот…4.Четиригодишниот син на програмер го прашува татка си:– Тато, Татооо, како Дедо Мраз носи толку многу подароци???Таткото одговара:– Со Win Zip сине, со Win zip!5.Зоки Поки ја прашува мајка си:– Мамо, кој ми е татко?– Дедо Мраз.– Како така?– Па така. Дојде една ноќ, даде подарок и никогаш повеќе не го видов.6.Двајца пијани зборуваат:– Зошто му ја повлече брадата на Дедо Мраз?– Сакав да проверам дали е реален…– И?– Вистинска била и сега немам идеја што да правам со неа?!7.Малиот Зоки Поки му вели на татко си:– Сакам да го избришам возот од писмото до Дедо Мраз и да напишам точак!– Веќе не ли сакаш воз?– Сакам, но најдов еден во твојот шкаф.8.Детството завршува тогаш кога сакаш да ти ја исполни желба не Дедо Мраз туку Снежана.9.Дедо Мраз во градинката прашува:– Деца, знаете ли што ви носам?Децата (во хор):– Кредити!10.Зоки Поки пишува писмо:„Драг Дедо Мраз, единствено што сакам е твоја листа на сите лоши девојчиња.“11.Две русокоси зборуваат:– Знаеш, Снежана уште оди со Дедо Мраз.– А Дедо Мраз со кого ли оди?– Како со кого, па со Мери.– Која Мери?– Абе Мери Кристмас!12.„Дедо Мраз е непредвидлив.“Потпис: Дедо Мраз.13.Прашање: Зошто Дедо Мраз нема деца?Одговор: Бидејќи топките му се на елката.14.Како се вика човек кој мрази старци?Дедо Мраз.15.Во животот на мажот има три периоди:1. Тој верува во Дедо Мраз.2. Тој не верува во Дедо Мраз.3. Тој е Дедо Мраз.16.„На Божиќ се случуваат чуда!“ – Рекол Дедо Мраз, надевајќи се на тринаесетта плата…17.Прифаќаме нарачки за Нова година.Ценовник:Снежана и Дедо Мраз – 50 евра.Снежана без Дедо Мраз – 200 евра.18.На вратата некој ѕвони. На прагот – Дедо Мраз. Малото момченце ита радосно кон него:– Здраво, Дедо Мраз! Ми донесе ли…– Полека, момче! Имаш ли отворач за шишиња?19.Во градинка, таткото кон своето синче:– Ти веќе си голем, треба да знаеш дека Дедо Мраз не постои, тоа бев јас …– Знам, знам. Ти си и Штркот…20.Во пресрет на Нова Година маж се ниша по улица, носејќи една елка. Една постара дама го гледа и со изненадување вели:– Како не ви е срам за Нова Година да се испијаните, а да не си седите дома со своето семејство?– И јас сакам да си одам, но не знам како да се извлечам од оваа шума?21.Си зборуваат децата на мафијаши:– Кај мене вчера дојде Дедо Мраз.– Да, бе, тој не е вистински.– Вистински е, проверив.– Како?– Го прашав – колку чини Снежана за една ноќ, а тој вели – 50 евра. Веднаш е јасно дека е од шумата – не ги знае цените.22.Аеродромот Александар Велики, Скопје ви посакува Среќна Нова Година и Среќна Нова Татковина!

Магазин | пред 7 години

skopje_i_makedonija_5_dana_nova_godina_putolovac-640x419

Кампања во пресрет на празниците – петардите не се играчки

По повод 9 Декември, Денот на превенцијата, СВР Скопје, Одделение за превенција ќе ја почне кампањата „Среќна и безбедна 2019 година – петардите не се играчки“. По тој повод, утре, со почеток во 12 часот, во Сити мол Скопје, во соработка со 10 основни училишта од општина Карпош, Црвен крст на Град Скопје, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, СВР Скопје ќе ја презентира и ќе ја започне кампањата во пресрет на новогодишните празници.

Македонија | пред 7 години

deponija

Во Карпош се чистат депониите - најстрого ќе се казнуваат загадувачите

Денеска се расчистуваше дивата депонија долж реката Вардар, кај мостот „Газела“.„Ова е еден од деловите каде во изминатиот период, најчесто несовесни граѓани, палеа огнови и со тоа го загадуваа воздухот, а се создаваше и дива депонија. Во претстојниот период планираме кај хотелот „Александар Палас" и кај Спортскиот центар „Борис Трајковски", исто така да ги расчистиме депониите, и тоа, не само за да имаме чиста околина и земјена и тревна површина, туку со тоа да превенираме палења на овие критични места каде во минатото интензивно се палеше“, рече Богоев.Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев потенцира дека најстрого ќе бидат казнети сите несовесни граѓани кои ќе се обидат да фрлаат шут, градежни материјали, ѓубре од домаќинство или да палат отпад на отворено. За ова, како што рече, општината и Град Скопје, како и Државниот инспекторат за животна средина нема да имаат никаква толеранција за нарушувањето на законот и со тоа загадувањето на воздухот и на околината.Богоев додаде дека онаму каде имало депонии откако ќе се исчисти просторот, истиот ќе се оплемени со ново зеленило, ќе се постави нова урбана опрема за да можат на пролет граѓаните да ги користат.

Скопје | пред 7 години

header

Кои се најбезбедните градови во светот

Скопје е 172 на листата меѓу најбезбедни градови во светот и стапката на криминал е 43.86%.Најбезбеден град во светот е Абу Даби, покажува една студија на веб-страницата на Нумбео. Во главниот град на ОАЕ, индексот на криминал е 12%, а катарската престолнина,  Доха е рангирана на второто место.Tирана е 186, и има стапка на криминал од 42.81%. Нови Сад е 169 со стапка на криминал од 11.01%.Меѓу првите десет се градовите Базел, Сингапур, Квебек, Осака, Токио и Берлин.Софија е 167 од вкупно 345 градови и има индекс од 44 отсто. Во рангирањето до Скопје се градови како што се Милан, Гетеборг, Нови Сад, Скопје, Москва.Сплит е 249, а Солун е 254 на листата.Целата листа можете да ја видите овде. 

Магазин | пред 7 години

47576416_269801987002754_654990106142179328_n

(ФОТО) Вечерва две сообраќајки на „Илинденска“

Две сообраќајни несреќи, една по друга вечерва го блокираа Скопје. На булерварот „Илинденска“ во близина на бараките кај Град Скопје три возила учествувале во незгодата.Според фотографиите, на булеварот има отежнато движење на возилата, а оние кои поминувале во тој правец, велат да не се користи истиот поради спорото движење на возилата. Сообраќајот се одвива во една коловозна лента.Засега нема информација во каква состојба се возачите и дали има повредени.

Скопје | пред 7 години

New-Year-Goals

Како се слави Нова година низ светот

Еве како се слави Новата година ширум светот.ДанскаДанците кршат чинии! И тоа пред својата куќа. Старите чинии се чуваат цела година и на полноќ се фрлаат пред влезната врата на пријателите. Колку повеќе чинии се скршат, толку повеќе пријатели ќе имате. Така ако некој во полноќ ве гаѓа со чинија, не се лутете, веројатно е Данец.КинаКинезите слават лунарна Нова година, а тоа е празник на пролетта. Од Кинезите сешто може да се научи и да се примени во домашни услови, бидејќи тие тогаш детално ги чистат становите и куќите како симбол на фрлање на се што е старо, а на улиците се организираат церемонијални прослави со големи хартиени змаеви како симбол на моќ и успех. Тоа е лесно, кога продаваат евтини чинии на Данците.ЈапонијаВо Јапонија се слави цел декември и се одржуваат забави под името Боненкаи, на кои целта е да се остават лошите работи зад себе и да се подготват луѓето за нов почеток. Тогаш ѕвоната на будистичките храмови ѕвонат ни помалку ни повеќе туку 108 пати, за да избрка 108 човечки слабости. Потоа сите се смејат бркајќи ги со смеата лошите духови. Ако се само 108 човечки слабости и ние би се смееле.АвстријаНе прават ништо посебно. Подготвуваат малку подобар ручек, а како десерт послужуваат сладолед од ментол во облик на детелина со четири листа. Да замислиме сцена дека сте некаде на Алпите, завеани преку покривот на вашата куќа и седите и јадете сладолед од ментол.ИталијаИталијанците по дефиниција се бучни, а таква им е и прославата за Нова година. Колку поголема е бучавата, наводно толку злото побрзо ќе избега. Има логика, бидејќи колку е поголема бучавата, секој ќе побегне. Тоа не е се. Исто така од дома ги фрлаат старите непотребни предмети, од мебел до облека. И тоа преку прозорец.  Од друга страна, стар сицилијански обичај вели дека среќата ќе дојде на тие кои на Нова година јадат лазањи. Веројатно немаат прасиња.ГрцијаНа први јануари починал еден од најважните светци на Грчката православна црква, Свети Василије, па тој датум е многу важен за Грците. Легендата вели дека овој светец го красела добрина и великодушност за сиромашните. Имено, Свети Василије добил задача да собере данок од луѓето за државата. Меѓутоа, тој донел накит кој луѓето го оставиле, на што властелинот се нажалил и се одлучил на луѓето да им го врати златото. Ова е легенда и затоа не се крстете, не се случува во вистинскиот живот. На Василиј му била доделена задача целиот накит да го врати назад, но проблемот бил во тоа што тој не знаел кое парче накит на кого припаѓа.Замислил одличен план. Подготвил голема торта во која го ставил целиот накит, а на градскиот плоштад на секој човек дал по едно парче. И се случило чудо, секој во своето парче торта го нашол истото парче накит кој го оставиле како данок. Од тогаш во центар на секоја новогодишна трпеза во Грција се става Василиева торта, чии парчиња внимателно се посветуваат и прво се дава на Св. Василиј на небото, а потоа по ред на сите во семејството. Всушност во тортата се става златна паричка, а тој што ќе ја најде паричката ќе биде посебно среќен во Новата година. Посебно ако најде поголема сума. Во грчката митологија прославата за Нова година имала поинакво значење.НорвешкаНорвежаните се честат со пудинг од ориз. Во пудингот е скриено едно зрно од бадем. Тој што ќе го најде бадемот, во текот на идната година ќе го следи среќа. Кога сме веќе кај извлекување на нешто од колачи или торти, многу е подобро да се биде Грк.ШпанијаШпанците мора да изедат 12 зрна грозје. Тоа е држава, кога имаат грозје во декември. Можеби треба да јадат суво грозје? Во секој случај по едно за секој месец и нема проблеми со среќата, ни со варењето.КубаКако што Шпанците јадат грозје, Кубанците јадат по 12 грејпфрути, кои исто така ги симболизираат месеците во годината. Замислете им го изразот на лицето, додека ги јадат.БразилВо Бразил е обичај во новогодишната ноќ да се носи бела облека. Наводно за среќа и мир во годината која следи. Со оглед дека Бразил е на јужната хемисфера и дека тогаш е лето, сосема е убаво да се биде во бел костим за капење.КолумбијаОваа традиција е поврзана како за Колумбија, така и за повеќе латиноамерикански земји. Во секое семејство се шие специјална кукла која ја претставува старата година, потоа истата се полни со парчиња стара облека од секој член од семејството. Потоа доаѓаат на ред хартивчиња на кои секој член на семејството пишува што би сакал да фрли во Новата година. Претпоставуваме дека не ги пишуваат имињата на останатите во домот. Кога сето тоа убаво ќе се спакува и сошие, куклата се изнесува надвор на тремот на куќата и се пали точно на полноќ. Се остава да гори се додека не се претвори во пепел, бидејќи дури тогаш со сигурност е истерана несреќата. Меѓутоа, не ни е познато што прават Колумбијците кои живеат во станови. Дали палат кукли на тераса?Латинска Америка – остатокЦела Латинска Америка пред Новата година бара гаќички со одредена боја, во зависност од земја до земја, црвени, розови или жолти. Бразил, како што видовме, налага бела боја.ХоландијаХоланѓаните за дочекот се подготвуваат правејќи крофни, бидејќи веруваат дека тоа носи среќа. Позната е Холандиската штедливост, а сега се гледа и дека се радуваат на мали работи. Според ова излегува дека секој слаткар е среќен до небото.ЕвреитеСо оглед дека се наоѓаат во целиот свет, не може само да се каже Израел, но тие исто така слават друга Нова година, а за тоа друг пат. Кога слават јадат само слатки јадења што се смета за симбол на плодност и долговечност. Веројатно овој обичај е од далечното минато, пред сознанијата за штетноста на шеќерот во поголеми количини.Во некои земји обичаите налагаат долната облека да се облече наопаку. Но, новогодишните обичаи насекаде се различни.

Магазин | пред 7 години

social_wedding

Како да го изберете најдобриот подарок за најблиските

Понекогаш едноставно не знаеме со што да ги израдуваме  нашите роднини и најблиски на Новогодишните празници.  Каков подарок да одберете? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да приредите пријатно изненадување.1. ПомнетеВо годината многупати ќе ви се случи да слушнете позитивни описи на одреден производ – без разлика дали станува збор за добар парфем или креативен накит. Обележите кој е посакуваниот подарок и подгответе изненадување за време на празниците.2. Купувајте заедноАко имате таква можност, шетајте низ продавници заедно  со човекот, на кого мислите да подарите нешто. Снимајте, во што се загледува, што му е потребно.  Поставувајте  му „лажни прашања” и не заборавајте ги  најважните детали од одговорите. Тој можеби  и сам ќе посочи некој предмет кој би сакал да го поседува.3. Сфатете ги неговите интересиСигурно ќе погодите соодветен подарок, ако знаете кои се неговите интереси и какви му се желбите. Професионални четки за шминка, мотоцикл шлемови, маса за цртање, марка спортска опрема, итн.4. Замислете го  примачот, додека купуватеКога одите на пазар во потрага по подарок, замислете ја  јасно сликата на човекот, на кого ќе го подарите. Она што прво ќе ви падне на ум, може да се покаже клучот кон вистинскиот избор. Секогаш гледајте го неговото лице.5. Подготовка за  изненадувањетоАко се уште не сте сигурни дека подарокот ќе се прифати  добро, направете специјално изненадување на примачот. На пример  направете му  фото-колаж, на кој на секоја слика ќе има по  еден збор со поздравен текст.6. Подарете нешто корисноОбрнете внимание на работите кои секогаш се потребни. На својата пријателка можете да и подарите симпатични пижами или комплет постелнина, на баба – топли влечки или шамија, на партнерот- стилски џемпер.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања