Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Нема фотографија

Доаѓа студ - вонредна прогноза

Меторолозите за најавуваат спуштање на температурите од -7 до 1 степен додека на планинските места до под -10 степени.Поради падот на температурата препорака е доколку излегувате да си понесите потопла облека, карактеристична за зимски период.

Македонија | пред 7 години

sudenje-27

Одговорните во УБК, од институцијата направија кочина, рече сведокот Боксер

На денешното рочиште, на предлог на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа како сведок во судница се појави Дејан Димковски-Боксер. Сведокот потврди дека обвинетиот Василевски, освен како Нинџа, го знае и како Самурај. Не можеше да тврди дека е од УБК, но потврди дека бил анагажиран за оперативни акции.Боксер денес пред судот се пожали дека поради настаните од 27 април бил невработен, а претходно бил дел од УБК. Зборуваше и за тоа дека тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски не застанал зад него и дека одговорните лица во оваа институција, како што рече сведокот, од УБК направиле кочина. Овој сведок зборуваше и за тоа каква неправда му била нанесена со тоа што бил избркан од УБК, но дополни дека денес му станало јасно, по толку долго време дознал зошто бил исфрлен. За него имало и потерница, а како што појасни пред судот, „за да нема циркус” сам се пријавил во полиција и дполни дека ако продолжи да зборува за тоа што му се случило, присутните ќе останеле во судница до 5 наутро.За 27 април сведокот пред судот рече дека бил службено ангажиран и дека за тоа има службена белешка.„Бев ангажиран од мојот претпоставен, а оперативната акција се одвиваше во еден тежок реон. Околу 17.30 часот ми се јави повторно мојот претпоставен да праша како сме, на што одговорив дека е се во ред. Тука ни рекоа да се симнуваме надолу, а имав разговор и со Владимир Атанасовски. Никола Бошкоски ме повика и реков дека сум спремен, а тој ми рече да се упатам пред Собрание од страната на Дом на АРМ и дека таму ќе ме пречека друг претпоставен”, сведочеше Боксер.Повеќе тука

Македонија | пред 7 години

4713156

Грција ќе бара од ООН дополнителен анекс на Преспанскиот договор за македонскиот јазик

По големата бура што во Грција ја предизвикаа изјавите во Собранието на премиерот Зоран Заев за учењето на македонскиот јазик во Грција, за неговата употреба, за „Егејска Македонија“, според грчките медиуми, Атина ќе ја префрли битката на меѓународно тло.Како што објаснува весникот „Естиа“, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара ООН да одобри дополнителен протокол кој ќе го допрецизира Преспанскиот договор во смисла дека ќе дава многу ограничен простор за наведувањата на јазикот и нацијата.Според весникот, протоколот ќе биде амандман на Договорот од Преспа, односно ќе стане негов интегрален дел.Според пишувањата на грчките весници, за подготовката на овој амандман бил ангажиран Евангелос Калпадакис, советник на грчкиот премиер.Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос веќе побара од Генералниот секретар на НАТО да се спротивстави на интерпретациите на Преспанскиот договор во Македонија за да се оневозможи признавање „македонски народ“ и да се потенцира дека јазикот во грчката северен сосед е словенски.Според медиумите, Грција ги информирала и САД дека Преспанскиот договор нема да биде ратификуван во грчкиот парламент без такви гаранции.

Македонија | пред 7 години

protesti-grcija

(ВИДЕО) Инциденти на протестите во Солун и Атина

Демонстрантите се судрија со полициските специјалци на првите протести по повод одбележувањето на 10 годишнината од убиството на тинејџер. Протестите зпочнаа голема масовност, во центарот на Атина по повод 10-годишнината од убиството на Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.Претежно млади лица, од студентски, левичарски и анархистички организации и здруженија го започнаа протестниот марш кон грчкиот парламент.Дел од слоганите што ги извикуваат се против полицијата и полициското насилство.Центарот на Атина е целосно затворен, а има огромно, но дискретно полициско присуство, додека хеликоптер на грчката полиција постојано ги надлетува демонстрантите.За 21 часот по локално време закажан е собир на местото каде што беше убиено момчето во атинската населба Ексархија.

Свет | пред 7 години

zaev-hrvtska-2

Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на Љубиша Георгиевски

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство до семејството на поранешниот претседател на Собранието, режисер и амбасадор, Љубиша Георгиевски.Содржината од телеграмата ви ја пренесуваме во целост:Почитувано семејство Георгиевски,Дозволете ми да изразам сочувство на вашето семејство за загубата на поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, еден од најистакнатите македонски театарски и филмски режисери, истакнат дипломат и професор, Љубиша Георгиевски.Неговата страствена посветеност на целокупниот општествен развој на Република Македонија ја издигна неговата специфичност до неповторлива препознатливост на театарската сцена, а посветеноста на политичките текови до претседател на Собраниетона Република Македонија и амбасадор на Република Македонија.Практикувањето на неговите сестрани таленти, кои несомнено го врежаа до нивото на незаборавност во поновата историја на Република Македонија, се неговата бесмртност во севкупната културна и политичка меморија во Република Македонија.Дозволете ми уште еднаш да го изразам моето сочувство на вашето семејство, преку овие зборови кои се надевам дека ќе ви претставуваат утеха во деновите на жал.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Сите злоупотреби на институциите биле координирани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните секојдневно гледаат што се случувало за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Секојдневно се објавуваат нови докази, одекнуваат сведоштва за монструозни планови и тешки злоупотреби на партизираните институции, на МВР, на УБК, во време на режимот на Никола Груевски, велат од СДСМ.„Сите овие злоупотреби биле координирани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата партија на која генерален секретар бил Христијан Мицкоски, човекот што добил бизниси за хидроцентрали од владата на Никола Груевски.ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал и симбол за злоупотреба на институциите за најголемиот скандал за прислушување во Европа.Граѓаните многу добро знаат кој со години нелегално ги следеше нивните комуникации. Јавноста и граѓаните се згрозени од вистината, од начините на кои ВМРО-ДПМНЕ вработувала во УБК, како незаконски ги следела лидерот на тогашната опозиција Зоран Заев и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како ги снимала домовите на новинари и интелектуалци противници на режимот“, додаваат од спартијата.Според нив низ јавна, транспарентна постапка, преку сведочења на обвинети лица, јавноста дозна за монструозноста на планот на ВМРО-ДПМНЕ дури и по цена на човечки жртви да не дозволи пад на нивниот режим.„После сите овие признанија, врв на лицемерие денес анитнародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ некого да обвинува за незаконско следење.Лагите и лецемерието на ВМРО-ДПМНЕ е целосно прочитано од граѓаните, бадијала шират лаги.Започнатата истрага од надлежните институции ќе открие, кој ја нарачал, поставил и дали ја користел опремата за прислушување во Јавното обвинителство, инсталирана уште во 2013 година. Одговорност ќе има“, стои во партиското соопштение.

Македонија | пред 7 години

zagaduvanje-2

Од 10 најзагадени Европски градови, пет се на Балканот, а од нив три во Македонија

Скопје, Тетово и Битола се македонските црни претставници на градови со најлош квалитет на воздух. Тие се дел од Од листа на пет најзагадени балкански градови и се пред Тузла од БиХ и Пљевља во Црна Гора, според извештајот на Светската здравствена организација.Овој период Гградинките и училиштата се полупразни. Родителите велат се плашат да ги пуштаат децата на настава во деновите на енормно загадување. Голем дел од нив веќе се со бронхит, запаление, отежнато дишење. Порди загадениот воздух се полнат болниците, но се зголемува и бројот на смртни случаи.Дејан Докиќ од клиниката за пулмологија вели дека оваа бројка зафаќа само смртни случаи, а не и оние кои имаат некакви симптоми или болести како резултат на загадувањето, доколку би се изнеле податоци за таквите случаи бројките би биле изненадувачко високи.Според СЗО 4,2 милиони луѓе во светот умираат од загаден воздух, што е повеќе смртни случаи од маларија,сида и туберкулоза заедно.Граѓаните на Македонија се молат на ветер, велат тоа е единственото нешто што ги спасува од тивкиот убиец - загадениот воздух.https://www.unenvironment.org/news-and-stories/story/most-polluted-capital-europe-you-didnt-even-know-about?fbclid=IwAR2tDoCP7hrbhkyQ3tPJ93_tLoIT3symgk-U5eSLU_O3D98fvWV569JW8pI

Скопје | пред 7 години

DSC07234-2

Штипската болница се поднови со апарати, а по половина век, и со машини за перење алишта

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска заедно со Ален Георгијев, директор на Клиничката болница во Штип, го промовираа новиот видео-ендоскоп за гастроскопија и колоноскопија,  вреден 100 илјади евра. Овој современ апарат го набави Министерството за здравство, а е наменет за пациентите од Штип и околните места. Покрај едноскопот, оваа болница има 10 нови кревети со пациентмонитори и инфузомати и перфузори во коронарната единица, но и нова центрифуга машина во Клиничката лабораторија. Набавен е нов екстензионен стол за ортопедски и трауматолошки операции.Директорот Георгијев, го информираше министерот Филипче и за другите новости во оваа Клиничка болница и додаде дека за првпат после 50 години, болницата доби нови машини за перење и сушење на алишта.„Многу сум задоволен од тоа како се развива оваа Клиничка болница. Приоритет на Министерството е обнова и реконструкција на посточките капацитети, но и набавка на нови апарати, што тука во Штип очигледно добро се спроведува. Со големо задоволство им честитам на 50-те нововработени лекари и здравствени работници во оваа болница“, изјави министерот Филипче.Оваа Клиничка болница е голем регионален медицински центар и ги опслужува пациентите од речиси целиот регион од Источна Македонија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Министерството за правда ќе подготвува Закон за надоместок на жртвите од кривични дела

Денеска се одржува вториот ден од меѓународната конференција на високо ниво во рамките на стратешкиот дијалог на регионална соработка за борба против недозволената трговија. Клучната порака која ја испрати министерката Дескоска во денешното обраќање е дека Министерството за правда планира изготвување на Закон за надоместок на жртвите од кривични дела.Министерката Дескоска ги презентираше предизвиците со кои се соочуваме како држава во поглед на недозволената трговија, и го презентираше инстуционалниот одговор против ваквата трговија - активностите кои Владата на Република Македонија ги презема во справувањето со сите облици на недозволена трговија.Според министерката, недозволената трговија претставува комплексен проблем кој во себе вклучува голем број сегменти како трговијата со луѓе и мигранти, недозволената трговија со оружје, дроги и културни добра и слично.Во таа насока, министерката истакна дека во нашиот правен систем се вградени сите механизми за успешно справување со организираниот криминал, како: заштитата на сведоци, одговорноста на правните лица, проширената конфискација, посебните истражни мерки и други бројни алатки кои им ја олеснуваат работата на органите на прогонот.- Не смееме да ја заборавиме и другата страна на овој вид криминал, посебно кај трговијата со луѓе, а тоа се жртвите. Би сакала да ве информирам дека во Министерството за правда е планирано изготвување Закон за надоместок на жртвите од кривични дела. Исто така во измените на Кривичниот законик кои се во тек, согласно препораките на ГРЕТА вградуваме одредби за неказнување на жртвите од трговија со луѓе за нивна неказнивност за сторени дела поврзани со нивната позиција на жртва – потенцираше Дескоска. 

Македонија | пред 7 години

20181206_111642

Инфо-сесија за вториот јавен повик од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска присуствуваше на инфо-сесијата на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, на која присуствуваше и претставникот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини.Министерот Фазлиу пред присутните се осврна на улогата и важостана на прекуграничната Програма меѓу Македонија и Албанија, приоритетните цели и спроведувањето на проектите во рамките на вториот јавен повик. Вториот јавен повик, истакна Фазлиу, беше објавен на 29 ноември и е добра можност за општините и другите субекти како потенцијални корисници, да придонесат за подобрување на развојните перпективи на локалните заедници и регионот.„Вториот, актуелен повик за доставување на проектни предлози на располагање ни става нови 2,890,000 евра. Врз основа на резултатите кои произлегоа од анализа на потребите во рамите на Вториот повик ќе се поддржат активности во функција на поттикнување на туризмот и културното и природно наследство, заштита на животната средина, унапредување на приспособувањето на климатските промени и миграцијата, заштита и управување со ризик“, изјави Фазлиу.Во овој повик се зголемени износите за секој поединечен проект на минимум 300.000 евра до максимум 600.000 евра и се продолжува периодот на имплементација на проектите од минимум 18 месеци до максимум 36 месеци,, рече минитерот Фазлиу. То истакна дека за да се зголеми самоодоржливоста на резултатите од имплементацијата на проектите се воведува категорија инвестиции во набавка на опрема, инфраструктура и градежни работи, кои треба да изнесуваат најмалку 60% од вкупните подобни трошоци, односно од буџетот на проектите и секоја апликација треба да вклучува најмалку една локална власт како водечки апликант или ко-апликант од секоја земја корисничка, една општина од Република Македонија и една општина од Албанија.Пред присутните зборуваше и преставникот на Делеггацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини а подетално за Програмата и вротиот јавен повик за итата се осврнаа преставници од оперативните структири на Минитерството за локална самоуправа и Делегациата на ЕУ.

Македонија | пред 7 години

DSC02826

Министерот Манчевски го отвори настанот „Нокиа ден во Македонија“

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска го отвори настанот „Нокиа ден во Македонија“, во организација на Нокиа и овластениот партнер за Македонија, ИЦС- Консалтинг Инженеринг.Во своето обраќање министерот Манчевски се осврна на активностите на кои во моментов работи министерството за информатичко општество и администрација и Владата, со цел дигитализација на Македонија, односно дигитализација на услугите, отворање на податоците со цел зголемување на транспарентноста, но и отворање на нови иновативни бизниси, како и гарантирање на безбедноста во тие процеси.„Тука пред се мислам на Националниот портал за е-услуги и проектот за електронски идентитет на граѓаните. Во финална фаза сме на инсталација на опремата и софтверот за Електронскиот регистар на население. Тој е основата на новиот портал за е-услуги. Ова претставува платформа за креирање на електронскиот идентитет на граѓаните. Резултатите од се тоа на што работевме изминатиот период ќе бидат многу видливи за граѓаните од почетокот на 2019 година, кога регистарот и порталот ќе бидат пуштени во употреба“, истакна министерот Манчевски.Како што посочи тој, до крајот на оваа година во употреба ќе биде пуштен и порталот за отворени податоци.„Отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој. Тие може да се искористат и за подобрување на управувањето преку зголемување на транспарентноста, отвореноста, интегритетот и јавното учество во централната и локалната власт. Ова ќе доведе до подобрување на испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор. Ќе го зголеми учеството на граѓаните. Особено треба да се нагласи дека директно позитивно ќе влијае во напорите за борба против корупцијата. Со малку иновативност, отворените податоци даваат можност за отворање и на нови бизниси. Оваа можност сум сигурен дека ќе биде искористена и од Нокиа“, рече Манчевски.Во своето обраќање тој се осврна и обврската Владата да им ја гарантира сајбер безбедноста на граѓаните, при користење на услугите по електронски пат.„Секој субјект кој е на интернет, се соочува со два проблеми. Првиот е брзината на сајбер-заканите, нивната експанзија и развој на нивните тактики. Вториот е немањето на квалификувани поединци потребни за да ги предвидат слабостите и да ја зачуваат безбедноста. Ова брзо менување на технологијата, ги остава ИТ професионалците без напредни вештини потребни за да ги заштитат своите компании.Со цел да се справи со овие проблеми, МИОА во соработка со МО и МВР, за првпат усвои Стратегијата за сајбер безбедност. Акцискиот план за истата ќе биде усвоен веќе наредната недела“, информираше министерот.

Македонија | пред 7 години

Plakat-za-promocija-na-CD-12.12.2018-01-Preview

Годишен концерт на Мандолинскиот оркестар Скопје

Еден од музичките настани со најдолга традиција е пред нас – годишниот традиционален концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“. Концертот ќе се одржи на 12 декември (среда), 2018 година со почеток во 20.00 часот во Фоајето на Македонската опера и Балет.Младите мандолинсти ќе настапат под диригентската палка на искусните и реномирани диригенти Рамадан и Ерхан Шукри. Дел од програмата ќе бидат безвремените,прекрасни оригинални композиции, напишани наменски за мандолински оркестар од К.Мандонико, Д. Крајдлер, Д. Хакнет, С. Рахмањинов, А. Карас, И. Ордуљ и Љ. Бранѓолица.Како дел од годишниот концерт, музикологот Тина Иванова, некогашен мандолинист, ќе го промовира изданието на це-де„Ритамот на мандолината“ кое ќе биде достапно по промотивна цена за сите оние кои ќе одлучат да дојдат на концертот и да уживаат во звуците на мандолината.Мандолинскиот оркестар „Скопје“во своите 17 години постоење секогаш на годишните концерти се претставувал со неспорна виртуозност и музикалност, а репертоарот бил исполнет со најрепрезентативните дела од оперската, балетската и симфониската музика од светското музичко наследство. Како носител и амбасадор на македонската музичка традиција и култура,инструменталистите од овој оркестар исполнуваат и популарна забавна музика, стилизиран и обработен фолклор, дела посебно напишани за мандолински оркестри, композиции од македонски автори, како и композиции за деца.За тоа бил добитник на многу први, специјални награди на престижни фестивали и натпревари надвор од Македонија, како и на Гран При награди освоени во Имотски и Москва.

Магазин | пред 7 години

IMG_1498

(ВИДЕО) Технолошка екстензија во 10 компании со грант од милион евра преку ФИТР и Светска банка

Вкупно 2,4 милиони евра ќе чини реализацијата на трите проекти, добитници на кофинансирани грантови за технолошка екстензија од првиот јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој, од кои 1 милион евра се средства кои се доделуваат од ФИТР, а другите средства се обезбедени од апликантите. Проектите ќе ги реализираат Стопанската комора на Македонија, Про План студио и ГСИ консалтинг, кои во транспарентен и селективен процес се избрани во конкуренција од вкупно 8 номинирани проекти.Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев рече дека првиот јавен повик за инструментот за технолошка екстензија на Фондот за иновации и технолошки развој е рализиран со поддршка на Светска Банка, а преку овој инструмент ќе се овозможи повисока продуктивност на македонското стопанство.„Најпрвин ќе се изврши детектирање на проблемите во оделните области за кои што се добиени грантовите, а потоа и санирање на состојбите и преземање на мерки за повисока продуктивност на компаниите кои работат во областите, преку набавка на нова опрема. За повисока продуктивност потребен е пристап до нови технологии, да се поседува техничко-технолошко знаење и добра организација на компаниите, а преку овој инструмент се надеваме дека ќе успееме тоа да го постигнеме во четирите области за кои се однесуваат проектите“, потенцираше Анѓушев.Вицепремиерот дополни дека Владата ќе продолжи со силна поддршка на македонските компании, за да се стимулира индустрискиот развој во земјата, со оглед на тоа дека индустријализацијата е единствениот начин да се фати приклучокот со развиените земји.„Процесот на индустријализација дава резултати, извозот во првите 10 месеци бележи раст од 16,2%, а влијание на порастот има и од домашните и странските компании кои работат во земјата. Во третиот квартал на 2018 бележиме раст на БДП од 3% и тоа е реален раст, не е резултат на виртуелна економија и на виртуелни проекти, не е резултат на претерани и нефункционални задолжувања, растот е обезбеден од реалната економија. Растот на БДП ги надмина предвидувањата од одредени институции, а се надевам дека таквиот тренд на раст ќе продолжи во следниот квартал и во наредната година. Растот на финалната потрошувачка од 4,1%, растот на индустриското производство и на јавна потрошувачка даваат за право дека може да очекуваме раст на БДП на реални основи и на долг рок“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.Директорот на канцеларијата на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели, им честиташе на компаниите кои добија грантови и изјави дека Светската банка е задоволна што може да придонесе кон агендата која му помага на локалниот приватен сектор да ја зацврсти својата продуктивност.„Техничките надоградувања се клучни за оваа област. Тие нудат помош за истражување, дијагностика, советување, да им помогнат на фирмите да усвојат нови технологии со кои ќе се комерцијализираат иновациите. Веруваме дека успехот на иновациите е важен за развивање на динамична и конкурентна економија во Македонија“, нагласи Мантованели.Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски рече дека овој инструмент ги надополнува мерките од Планот за економски раст, кога станува збор за технолошки развој кај микро, малите и средни компании, пришто се додава елементот на дијагностика, односно поддршка на проценка на потребите на компаниите, процес по кој треба да се реализираат инвестиции за повисока продуктивност.„Преку овој инструмент се опфаќаат четири сектори: метало-преработувачка индустрија, електро-машинскиот сектор, делот на земјоделието во производство на храна, како и производство на мебел, сите препознаени како сектори со значителен извозен потенцијал. Предвидениот број на компании кои би добиле поддршка во набавка на опрема за технолошки развој е околу 10. Минатата година зборувавме за степен на искористеност на средства од Светската банка на ниво на 10%, со потпишување на денешните договори тој степен на искористеност се искачува на околу 50%. Со завршување на еден голем повик за финансирање на стартап компани и со вклучувањето на Светска Банка во реализација на мерките од Планот за економски раст, во првата поливина на 2019 година очекуваме средствата кои биле наменети за поддршка на иновациите и технолошкиот развој од Светска Банка, да се искористат во целост“, изјави Деспотовски.Билјана Пеева Ѓуриќ, извршната директорка на Стопанската комора на Македонија, која со проектот „Зголемување на извозната конкурентност на металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор преку подобрување на производните и технолошките способности на извозно ориентирани мали и средни претпријатија“, е еден од добитниците на грантовите, кажа дека истражувањата спроведени од Комората покажуваат дека индустриската и извозната структура на метало-преработувачкиот, електро и машинскиот сектор имаат силен потенцијал за развој, но дека приложуваат мал број извозни производи, додека нивото на продуктивност и извозна софистицираност е ниско. Една од главните цели на првата фаза од проектот е решавање на проблемите поврзани со информациските и координациските активности преку идентификување на листа на нови производи со повисок степен на финализација и поголемо ниво на комплексност во однос на просечната софистицираност на постоечката индустриска структура. За таа цел детално ќе бидат проучени репродукциските процеси и индустриски поврзаности на ниво на поединечен производ, а процесот ќе опфати анализа на 1200 производи што се предмет на меѓународна трговија. Втората цел на нивниот проект е идентификација на технолошките, производните и организациските слабости со цел дизајнирање план за решавање на проблемот со технолошкото заостанување, како една од најкрупните бариери со кои се соочуваат МСП во нивните напори да ја зголемат извозната конкурентност.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Арсовски: Одговорноста за нелегалното прислушување на Обвинителството е на Заев и Спасовски

Цела недела СДСМ, Заев и Оливер Спасовски молчат за скандалот за нелегалното прислушување на јавните обвинители и обвинителството, изјави Димче Арсовски на денешната прес-конференција.„Цела недела Заев и Оливер Спасовски ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните и се уште не даваат никаков одговор за тоа кој прислушувал, кој се ги има разговорите кои нелегално се снимани, кој ги преслушал и најважното кој ќе сноси одговорност.Одговорноста за нелегалното прислушување на обвинителите и обвинителството директно е на Зоран Заев и Оливер Спасовски. Затоа и молчат цела недела и дефокусираат со други теми.Обвинителите и институциите повеќе не се слободни да си ја работат својата работа како што им налага нивната професијата.Ова е скандал за кој до сега требаше да паднат првите оставки“, изјави тој.Според него, наместо оставки, Зоран Заев и Оливер Спасовски ја замајуваат јавноста и дефокусираат со разно разни недоветни изјави.„Срамно е и опасно ова што се случува во моментот во државата. Веќе никој не е безбеден, а Заев, Оливер и останатите од СДСМ на најгруб начин ги злоупотребуваат позициите и ги ставаат под контрола и надзор институциите. Ова воопшто не е согласно законите и затоа уште веднаш треба да си поднесат одговорност и оставка.Што ли уште треба да се случи во Република Македонија за да си поднесат оставки Зоран Заев и Оливер Спасовски?Криминал, корупција, нерасчистени убиства, рекет, злоупотреби на службена должност, нелегално прислушување обвинители, делење на тендери на блиски луѓе и уште многу други причини има за оставка на Оливер Спасовски и Зоран Заев. Но, наместо оставки, цветаат бизнисите на луѓето од СДСМ, цветаат криминалот, цвета корупцијата, цвета рекетот.Заев и Оливер Спасовски ја зацрнија Република Македонија. Заев и Оливер треба уште веднаш да си дадат оставки и да не пречат понатака во расчистување на овој голем скандал.Што побрзо има оставки, толку подобро“, вели Арсовски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Стоилковски: Лебот поскапува за 20% поради заради неодговорноста на оваа црна власт

Лебот поскапе, а власта се прави слепа и дека не го гледа тоа. Основниот прехранбен продукт поскапува за 20 проценти заради неодговорноста и незаинтересираноста на оваа црна власт. Тоа што власта за една намена е неспособна да се справи со реалните проблеми, тоа што оваа црна власт не знае што да преземе во економијата, во земјоделството, со инвестициите, го плаќа народот, изјави Стоилковски на денешната прес-конференција.„На оваа криминогена власт и се одмотува спиралата на поскапувања. Цените на лебот во секоја држава се најстабилни и ја отсликуваат состојбата на земјоделството и економијата воопшто.Лебот поскапува заради лошите мерки, недостаток на квалификувана работна сила, зголемување на цената на пченицата во последните месеци за 40%, поскапување на енергенсите. „Зелената нафта“ која што ја ветија ја нема, а цената на горивото за механизацијата од 37 денари поскапе на 69 денари за литар. Цената на пченицата се формира врз основа на цените пред жетвата, а годинава пред жетвата на пазарот беа пуштени огромни количества пченица по цена од 7 до 8 денари, како и увезено брашно од Србија и од Косово и цената за македонските производители остана депласирана“, рече Стоилковски.Според него кога поскапува брашното, кога поскапува лебот, почнува да врти инфланторното тркало на поскапувања на сета храна. Министерството не треба да реагира отпосле, туку да превенира. Доколку знае како.„ВМРО- ДПМНЕ во јули укажуваше на опасност од колапс и поскапување заради неодговорноста на власта. Апелиравме на покачување на откупната цена на пченицата со што парите ќе останеа кај домашните производители и преработувачите, а тоа ќе создадеше и стабилност на пазарот со откупувања на сите произведени количини. Наместо тоа македонската пченица завршуваше на странски пазари. Укажавме дека заради неатрактивност и неисплатливост на производство на пченица значително ќе се намалат површините под сеидба на лебно зрно, што и се случува.Министерството за земјоделство потфрли во сите ресорни гранки. Ниедно од ветувањата до земјоделците не исполнија. Ветуваа загарантиран откуп, а луѓето во Ресенско ги фрлаа јаболките на буниште. Луѓето во Струмичко ги фрлаа нивните родови на буниште, зелките, сливите во Пијанечко и Малешевијата завршија исто така на буниште. Оризопроизводителите исто така во Кочанско. Праските во Росоман останаа необрани, маката на земјоделецот остана необрана.Колку подолго ја злоупотребуваат државата со својата неспособност, толку поголема ќе биде цената која што сите ние ќе ја плаќаме.Ги излажаа земјоделците, животот им го загорчеа, трудот им го зацрнеа, народот го осиромашија. Приклучете се на протестите секоја среда пред Влада, за што поскоро да го видиме грбот на оваа криминогена и неспособна власт“, изјави тој.

Македонија | пред 7 години

lence

ВИДЕО: Советникот на Заев Ленче Николовска избркана од Могила

Ленче Николовска која е посебен советник во Владата на СДСМ и го советува Зоран Заев за прашања поврзани со земјоделството, шумарството и водостопанството вчера беше буквално избркана од Могила, објави курир.мк.Земјоделците ја запрашаа Ленче кога ќе дојде да разговараат за откупот и цената за млекото, а таа им одговори дека земјоделците имаат министер да им го реши проблемот.Таа одби да им одговори на земјоделците дали зема народни пари, погледнете:извор: курир.мк

Македонија | пред 7 години

sobranie_1

Тевдовски: Рамниот данок им оди во прилог само на богатите

Рамниот данок не даде ниту еден од очекуваните ефекти. Тој им оди во прилог само на најбогатите. Ова беше истакнато на јавната дебата за даночната реформа во Собранието на Република Македонија, на која учествуваа министерот за финансии Драган Тевдовски, пратеници, поранешни министри, експертска јавност и претставници на бизнис секторот.Министерот за финансии Тевдовски на дебатата ја истакна потребата од воведување на праведен систем на оданочување.- Најдоховните 1% граѓани имаат вкупна ефективна даночна стапка која е пониска од онаа на останатите. Затоа, прагот за прогресивното оданочување е поставен за да ја опфати токму оваа група граѓани. Рамниот данок им оди во прилог на богатите. Со воведување на рамниот данок само се зголемуваше учеството на богатите во вкупниот доход - рече Тевдовски.Поддршка за даночната реформа дадоа и поранешните министри Никола Поповски, Петар Гошев и Абдулменаф Беџети.-ЕУ вели дека даночниот товар е 40%, а во еврозоната 42%. Србија и Хрватска имаат 46%, 47% даночен товар. Ние имаме помал даночен товар. Ваквата поставеност креира дефицит. Преку тоа се креира јавен долг - рече Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министер за финансии.-Рамниот данок не го забрза развојот. Во минатото стапката на раст беше 4,2%, а по воведувањето на рамниот данок е 2,6%. Рамниот данок не ни донесе раст, туку ни донесе огромен јавен долг - рече Петар Гошев, поранешен министер за финансии.-Инвестициите не се зголемија благодарение на рамниот данок, немаше раст на БДП како што беше очекувано. Не беа постигнати очекуваните ефекти во ниту еден сегмент. Ние имаме регресивен даночен систем. Најмногу буџетот се полни од сиромашните и од средната класа - рече Абдулменаф Беџети, академик и поранешен министер за развој.Даночната реформа предвидува воведување на дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10% како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8%. Со ова, за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане иста, 10%

Македонија | пред 7 години

emiter_izlozba-SAD_00_12-18

Изложба на астрофотографии по повод 20 години Скопско астрономско друштво

За да го одбележи јубилејот – 20 години постоење, Скопското астрономско друштво најави изложба на астрофотографии насловена “20 години низ објективот на Скопското астрономско друштво“. Изложбата, поддржана од Министерството за култура и Министерството за одбрана, ќе биде отворена на 7 декември во 20 часот во Домот на АРМ.Скопското астрономско друштво на изложбата ќе ги презентира најновите астрофотографии, изведени во разни техники за фотографирање на ноќното небо и небесните објекти. Покрај астрофотографијата, Скопското астрономско друштво (САД) е познато како важен двигател на неформалното образование во државата, како и важен глас за популаризација на науката, посебно астрономијата и астро-физиката. Во изминатите две декади, одржани се бројни курсеви по астрономија, стотици предавања и теренски набљудувања за сите љубители на астрономијата.САД активно соработува и со Македонското астрономско друштво, Битолското астрономско друштво, Младинскиот Културен Центар, астрономско друштво од Охрид, како и со многу поединци кои го делат заедничкиот интерес. Успешна соработка имаат и со  повеќе организации и здруженија од странство, како IMO (International Meteor Organisation – Меѓународна метеорска организација), Астрономски Магазин (интернет списание од Србија), АД Инфинитум од Загреб (ХР), АД Руџер Бошковиќ од Белград (Србија), АД Алфа од Ниш (Србија) и други.Изложбата ќе биде отворена во Домот на АРМ до 16 декември. Влезот на изложбата, вклучително и на отворањето, е слободен.

Магазин | пред 7 години

nindza

Обвинетиот Нинџа откри многу детали за настаните од 27 ми април

Вработен во УБК ги уништи хард дисковите од камерите, а Бошкоски ги фрли во Вардар, откри Нинџа на денешното рочиште. Тој појасна дека ноќта на 27 април се упатил во база на Петтата управа на МВР. 45 минути по 22 часот, според исказот на Нинџа, Бошкоски му кажал дека ќе го земе некој инспектор. Локацијата на базата обвинетиот не ја кажа, но откри дека кога стасал таму, зад капијата го чекале Никола Бошкоски, тогашен началник на УБК и Сашо Марковски, исто така вработен во УБК. Пред судот обвинетиот откри дека причината зошто биле таму било уништувањето на хард дисковите од безбедносните камери во Собранието.„Разбрав дека се одземени хард дисковите од безбедносните камери во Собранието. Имаше работилница која беше за потребите на службата. Бошкоски му се јави на Владимир Атанасовски, кој, пак, му даде наредба да се уништат хард дисковите. Беа црни, отприлика 20х20. Сашо Марковски ги стави на преса и почна да ги уништува. Иако веќе беа скршени тој со ножици за метал продолжи да ги сече“, рече во својот исказ обвинетиот Нинџа.Тој додде дека цела кеса со уништените хард дискови биле фрлени во Вардар кај Ќерамидница.Нинџа уште додаде дека тука Бошкоски му појаснил дека Марковски уништувањето на хард дисковите го направил со хируршки ракавици и дека откако ги уништиле нема да има докази за нивните движења во Собранието. Својот исказ за 27 април обвинетиот Нинџа го заврши со тоа дека 45 минути по полноќ заминал дома.Обвинетиот откри дека ден по настаните во Собранието, по наредба на Бошкоски требало да бидат избришани сите камери од „сејф сити“ (проектот за побезбеден град во кој МВР постави камери низ Скопје). Периодот во кој бил во бегство Нинџа го оправда со тоа што рече дека имал притисоци од Горан Грујевски. Собрал храброст да се предаде на полицијата во консултација со неговите адвокати.Покрај за настаните на 27 ми април , Нинџа како што кажа добил прекар „Самурај“ но и да следи одредени личности.Василевски рече дека ги следел Зоран Заев, Оливер Спасовски кој во време на техничката влада беше министер за внатрешни работи, Зоран Верушевски и Алберт Муслиу во чиј дом биле поставени и камери од тајната полиција. Камерите биле поставени кога немало никој дома. Нинџа му реферирал лично на Грујевски, а по смената на Грујевски, соработувал со новиот шеф на Петтата управа, Никола Бошковски.Сега на барање на барање на Нинџа, пред судот ќе сведочи екс директорот Владимир Атанасовски кој е спроведен од притвор.

Скопје | пред 7 години

fond-inovacii

(ВИДЕО) Фондот за иновации додели грантови од 2,4 милиони евра

Вкупно 2,4 милиони евра ќе чини реализацијата на трите проекти, добитници на кофинансирани грантови за технолошка екстензија од првиот јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој, од кои 1 милион евра се средства кои се доделуваат од ФИТР, а другите средства се обезбедени од апликантите. Проектите ќе ги реализираат Стопанската комора на Македонија, Про План студио и ГСИ консалтинг, кои во транспарентен и селективен процес се избрани во конкуренција од вкупно 8 номинирани проекти.Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев рече дека првиот јавен повик за инструментот за технолошка екстензија на Фондот за иновации и технолошки развој е реализиран со поддршка на Светска Банка, а преку овој инструмент ќе се овозможи повисока продуктивност на македонското стопанство.„Најпрвин ќе се изврши детектирање на проблемите во одделните области за кои што се добиени грантовите, а потоа и санирање на состојбите и преземање на мерки за повисока продуктивност на компаниите кои работат во областите, преку набавка на нова опрема. За повисока продуктивност потребен е пристап до нови технологии, да се поседува техничко-технолошко знаење и добра организација на компаниите, а преку овој инструмент се надеваме дека ќе успееме тоа да го постигнеме во четирите области за кои се однесуваат проектите“, потенцираше Анѓушев.Вицепремиерот дополни дека Владата ќе продолжи со силна поддршка на македонските компании, за да се стимулира индустрискиот развој во земјата, со оглед на тоа дека индустријализацијата е единствениот начин да се фати приклучокот со развиените земји.„Процесот на индустријализација дава резултати, извозот во првите 10 месеци бележи раст од 16,2%, а влијание на порастот има и од домашните и странските компании кои работат во земјата. Во третиот квартал на 2018 бележиме раст на БДП од 3% и тоа е реален раст, не е резултат на виртуелна економија и на виртуелни проекти, не е резултат на претерани и нефункционални задолжувања, растот е обезбеден од реалната економија. Растот на БДП ги надмина предвидувањата од одредени институции, а се надевам дека таквиот тренд на раст ќе продолжи во следниот квартал и во наредната година. Растот на финалната потрошувачка од 4,1%, растот на индустриското производство и на јавна потрошувачка даваат за право дека може да очекуваме раст на БДП на реални основи и на долг рок“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.Директорот на канцеларијата на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели, им честиташе на компаниите кои добија грантови и изјави дека Светската банка е задоволна што може да придонесе кон агендата која му помага на локалниот приватен сектор да ја зацврсти својата продуктивност.„Техничките надоградувања се клучни за оваа област. Тие нудат помош за истражување, дијагностика, советување, да им помогнат на фирмите да усвојат нови технологии со кои ќе се комерцијализираат иновациите. Веруваме дека успехот на иновациите е важен за развивање на динамична и конкурентна економија во Македонија“, нагласи Мантованели.Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски рече дека овој инструмент ги надополнува мерките од Планот за економски раст, кога станува збор за технолошки развој кај микро, малите и средни компании, при што се додава елементот на дијагностика, односно поддршка на проценка на потребите на компаниите, процес по кој треба да се реализираат инвестиции за повисока продуктивност.„Преку овој инструмент се опфаќаат четири сектори: метало-преработувачка индустрија, електро-машинскиот сектор, делот на земјоделието во производство на храна, како и производство на мебел, сите препознаени како сектори со значителен извозен потенцијал. Предвидениот број на компании кои би добиле поддршка во набавка на опрема за технолошки развој е околу 10. Минатата година зборувавме за степен на искористеност на средства од Светската банка на ниво на 10%, со потпишување на денешните договори тој степен на искористеност се искачува на околу 50%. Со завршување на еден голем повик за финансирање на стартап компании и со вклучувањето на Светска Банка во реализација на мерките од Планот за економски раст, во првата поливина на 2019 година очекуваме средствата кои биле наменети за поддршка на иновациите и технолошкиот развој од Светска Банка, да се искористат во целост“, изјави Деспотовски.Билјана Пеева Ѓуриќ, извршната директорка на Стопанската комора на Македонија, која со проектот „Зголемување на извозната конкурентност на металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор преку подобрување на производните и технолошките способности на извозно ориентирани мали и средни претпријатија“, е еден од добитниците на грантовите, кажа дека истражувањата спроведени од Комората покажуваат дека индустриската и извозната структура на метало-преработувачкиот, електро и машинскиот сектор имаат силен потенцијал за развој, но дека приложуваат мал број извозни производи, додека нивото на продуктивност и извозна софистицираност е ниско. Една од главните цели на првата фаза од проектот е решавање на проблемите поврзани со информациските и координациските активности преку идентификување на листа на нови производи со повисок степен на финализација и поголемо ниво на комплексност во однос на просечната софистицираност на постоечката индустриска структура. За таа цел детално ќе бидат проучени репродукциските процеси и индустриски поврзаности на ниво на поединечен производ, а процесот ќе опфати анализа на 1200 производи што се предмет на меѓународна трговија. Втората цел на нивниот проект е идентификација на технолошките, производните и организациските слабости со цел дизајнирање план за решавање на проблемот со технолошкото заостанување, како една од најкрупните бариери со кои се соочуваат МСП во нивните напори да ја зголемат извозната конкурентност.

Скопје | пред 7 години

slika-GS

ГШ: АРМ на никаков начин не е инволвирана во случувањата од 27 април

Армијата на Република Македонија најенергично демантира инволвираност во организирана форма во случувањата на 27 април 2017 година, при тоа напомнувајќи дека се работи за груби дезинформации кои се пласираат во јавноста.– Преку пласирање на вакви неточни информации се влијае на нарушувањето на угледот на АРМ и на чувствата на припадниците на АРМ, кои со својот ангажман постојано ги потврдуваат своите определби и грижа за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, а со тоа да се влијае и на севкупната подготвеност на Армијата на Република Македонија – се вели во соопштението од АРМ.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Мажите повеќе од жените користат „Фејсбук“

Македонците најчесто користат интернет за приклучување на социјалните мрежи, а многу помалку за телефонирање и праќање или примање електронска пошта, покажува последното истражување, чиј автор е Нина Ангеловска, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.Според истражувањето, интернет во првото тримесечие од годинава имале 79,3 отсто од домаќинствата, што е зголемување од речиси 6 проценти во однос на истиот период лани.Што се однесува до интернет корисниците во земјава, вкупно 1,3 милиони жители користеле интернет, а тоа е 79,2 % од населението на возраст од 15-74 години. Притоа, повеќе се мажи отколку жени, односни од мажите интернет користеле 80,9%, а од жените 77,4%. Од младите на возраст 15-24 години интернет користеле 97,5 отсто, а најмалку корисници во изминатите 12 месеци имало во старосната група 55-74 години-46,7%. Речиси секој ден интернетот го користат 68,7% од населението од 15-74 години и тоа пак повеќе мажите од жените. За пристап до интернет најмногу од граѓаните користеле мобилен или смарт телефон, дури 68,8% од интернет корисниците, од лаптоп пристапувале 41,1%, од десктоп 36,5%, а 14% од таблет.Во однос на прашањето за што најмногу користеле интернет, резултатите од истражувањето покажуваат дека најмногу, односно 64,8 отсто го користеле за Фејсбук, но помалку од лани кога тој процент бил 83,8. На социјалните мрежи повеќе пристапувале мажите (68,6%) отколку жените (60,9%). 

Македонија | пред 7 години

zaev-obse-1

Премиерот Заев се сретна со амбасадорот на ОБСЕ, Која

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, со кого разговараа за актуелната политичка ситуација, истакнувајќи ја важноста на улогата на Мисијата на ОБСЕ во поддршка на функционирањето на правната држава и посветеноста на реформскиот процес.На средбата, на која присуствуваше и заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдстајн, премиерот Заев се заблагодари за поддршката која меѓународната организација ја дава во делот на реализирањето на реформите во правосудството, тајните служби, полицијата, медиумската сфера.Премиерот Заев ја потврди цврстата определба на Владата за заштита на човековите права и посветеноста на реформскиот процес, почитувајќи ги принципите на транспарентност и владеење на правото. Тој, истакна дека стратешките определби на државата за членство во НАТО и ЕУ е единствениот начин за обединување на сите граѓани и за иднината на Република Македонија.Премиерот Заев го запозна амбасадорот Која, со очекувањата за нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија, согласно Договорот од Преспа, потенцирајќи дека во расправата и изготвувањето на амандманите се вклучи опозицијата, како и широката експертска јавност деновиве, преку организирање на јавни дебати од Владата на Република Македонија.На средбата беше констатирано дека Собранието и политичките лидери се наоѓаат пред предизвикот на донесување одлука поврзана со натамошните перспективи на земјата и граѓаните.Затоа, беше акцентирана исклучителната важност на постигнувањето на успех и реализирањето на Договорот со Грција, со што се надминува повеќедеценискиот спор со Грција и по чија имплементација за Република Македонија се отвора патот за членство во НАТО и Европската унија.

Скопје | пред 7 години

22-years-have-been-marked-since-the-forming-of-the-Special-Forces-in-the-ARM-Google-Chrome

АРМ нема поврзаност со 27 април, тврдат оттаму

Генерал штабот на АРМ испрати соопштение во кое се тврди дека информациите и толкувањата од страна на одредени лица дека армијата имала било каква поврзаност со настаните од 27 април се груби невистини.Во соопштението се вели: Во врска со зачестените објави во одредени електронски медиуми, како и разни произволни толкувања од страна на лица кои гостуваат во дебатни емисии на националните телевизии, во кои се наведуваат инсинуации со кои упорно сака да се прикаже инволвираност во организирана форма, на Армијата на Република Македонија во случувањата на 27 април 2017 година, најенергично ги демантираме ваквите тврдења со напомена дека се работи за груби дезинформации кои се пласираат во јавноста, се вели меѓудругото во соопштението.На последните неколку рочишта за случувањата за 27 април, дел од обвинетите тврдеа дека претседателот Иванов планирал да прогласи воена состојба. Вакви тврдења и денеска изнесе Александар Василевски-Нинџа, кој вели дека екс началникот на петтата управа Горан Грујевски, кој веќе неколку месеци е во бегство, му рекол дека според информациите на военото разузнавање Иванов требал да прогласи воена состојба, но се откажал по притисокот од меѓународната зедница.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Заев: Со заокружување на процесот ќе имаме земја признаена од цел свет

Имаме фер и праведно решение, а најсуштествена промена во Уставот предвидена во амандмамнот 32 е секаде каде што стои Република Македонија, се менува со Република Северна Македонија, а Македонија со Северна Македонија, освен во членот 36 кој има историси контекст, рече премиерот Зоран Заев на втората јавната дебата за нацрт амандманите на Уставот, според што се одржа на ФОН Универзитетот.-Тоа е она што вгнездува непријатно чувство кај граѓаните на Македонија, но факт е дека во тој историски регион ние сме северниот дел, факт е дека немаме аспирации да ја анектираме Грција, Албанија, Бугарија или кон било кој од соседите. Единствената аспирација е да ги отвориме границите, да подадеме рака, а тоа ќе донесе и екононска благосостојба еден куп нови можности, и за сегашните, а пред се за идните генерации. При тоа ни беше важно да се одблокира нашиот процес за ЕУ и НАТО и проблемот со Грција да биде трајно решен. Затоа дојдовме до уставните промени, рече меѓу другото премиерот Заев.Тој посочи дека Договорот со Грција оозможува почитување на правото на самоопредеување давајќи ни шанса да зоруваме македонски јазик кој иако е признаен во 1977 година, ЕУ ни се обраќаше со вашиот народ, вашиот јазик, наместо македонски народ или македонски јазик, најверојатно вели, заради грчкото лобирање.-Сетоа тоа беше понижување за нашата земја, а откако ќе го заокружиме процесот, ќе имаме земја, грутка наша која ќе биде признаена од цел свет, а Македонија ќе може да почне да се занимаа со животните прашања, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања