Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

mpc

Реакција на МПЦ: Со нашиот имот не се нарушени Божјите заповеди

Македонската православна црква е институција со најдолговековна традиција на постоење на овие простори. Тоа придонело Црквата да поседува свој имот со чие управување не се нарушени ниту црковните каноните, ниту, пак, Божјите заповеди, а е во согласност со државните закони. МПЦ има потреба од грижа и негување на земни блага за добробит на својата структура, па од таа причина таа е повикана, имотот кој го поседува, домаќински да го стопанисува, а преку тоа да може да ја извршува својата мисија и исконска примарна задача за доброто на својот верен македонски народ.Ова се наведува во соопштението од Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архипиекопија во врска со, како што се наведува, интересот кај медиумите во однос на МПЦ, а поконкретно со правото на сопственост и поседување на црковен имот.– Уште од најрани времиња, од апостолско време па до денес, луѓето кои ја сочинувале и управувале со Црквата, располагале со имоти кои биле користени за добробит на заедницата. Црквата е возглавена од Богочовекот Христос, но неа ја сочинуваат луѓе – верен народ, свештенство, монаштво и епископство. Како и секој човек што има потреба, а и долг кон Божјото создание (Бит. 1, 26-27), да се грижи за својата душа и тело, кое е храм на душата, така и ние како Богочовечки организам сме повикани да се грижиме за одржување на довереното од Бога, онака како што постапил верниот слуга кон својот господар и ги умножил талантите (Мат. 25, 14-28), стои во соопштението од САС на МПЦ-ОА.

Македонија | пред 7 години

luksemburg

Луксембург прва земја која ќе воведе целосно бесплатен јавен превоз

Луксембург ќе биде првата држава во светот која на своите жители ќе им овозможи целосно бесплатен јавен превоз. Плановите за оваа мерка ги претстави владата на премиерот Ксавиер Бетел, а тие предвизуваат од идното лето возењето со воз, трамвај и автобус да биде бесплатно.Вториот мандат на Бетел почна пред некој ден, а суштински дел од неговата предизборна кампања беше заштитата на животната средина, па ова е еден од првите конкретни чекори во тој правец.Градот Луксембург има околу 107.000 жители, но поради работа секојдневно до градот патуваат околу 400.000 луѓе од соседните земји. Тоа во Луксембург создава навистина голем сообраќаен метеж, еден од најлошите во Европа. Парите потребни за воведување бесплатен јавен превоз делумно ќе се обезбедат со укинување на даночните олеснувања за луѓето што работат во Луксембург, а живеат надвор од него.

Свет | пред 7 години

sugareski

Сугарески очекува автопатот Кичево-Охрид да биде готов до јуни 2021 година

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува автопатот Кичево-Охрид да биде готов во предвидениот рок до јуни 2021 година.Тој при денешната посета на Кичево изјави дека на терен веќе се одвиваат засилени активности и потсети дека се надминати сите наследени проблеми на овој автопат. Сугарески потенцираше дека изгласан е и третиот анекс на договорот за дополнителни 190 милиони евра.Во однос на изградбата на пругата од Кичево до Лин, министерот Сугарески истакна дека во моментот се работи на обезбедување финансиски средства.

Македонија | пред 7 години

paleti-1

ОУ „Гоце Делчев“ почна да се грее на пелети

Подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче од оваа грејна сезона почна да користи пелети за греење, заменувајќи го досегашниот систем на нафта. Котелот на пелети го набавија Општина Аеродром и Бирото за регионален развој со заеднички средства.По тој повод градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска го посетија училиштето и извршија увид на новиот котел што работи на пелети.„Ова е прво училиште во Општина Аеродром што премина на ваков систем на загревање и се надевам дека во наредниот период и другите училишта во нашата општина што се загреваат на нафта ќе го следат овој пример“, изјави Марин.Тој додаде дека се очекува трошоците за греење на овој објект да бидат препопловени, а што е уште поважно, со ваквиот начин на загревање ќе се даде голем придонес за намалување на загадувањето на животната средина и на амбиенталниот воздух, што претставува голем проблем во зимскиот период.Заменик-министерот Макрадули го поздрави преминот на еколошки начин на затоплување во училиштето и изрази уверување дека денеска се помирни родителите чии дечиња учат тука.„Ова е добар пример како Општина Аеродром го следи владиниот план за чист воздух, кој пред два дена доби голема меѓународна поддршка на министерскиот состанок на Југоисточна Европа“, изјави Макрадули и додаде дека новиот еколошки извор на затоплување во ОУ „Гоце Делчев“ го оправдува мотото „штедиме средства и ја чуваме животната средина“.

Скопје | пред 7 години

deponija

Затворена дивата депонија кај мостот „Газела“

Општина Карпош ја затвора дивата депонија (сметлиште) долж Кејот на реката Вардар, кај мостот „Газела“.Станува збор за дива депонија која со години беше место на кое се собираше габаритен отпад и шут, но, често пати, се палеа и огнови на отворено кои придонесуваат за дополнително загадување на амбиенталниот воздух.При денешната теренска посета, градоначалникот Стефан Богоев посочи дека најстрого ќе биде санкционирано фрлањето и палењето на отпад и Општината заедно со Државниот инспекторат за животна средина и полициските службеници, ќе продолжат со засилени контроли.„Во претстојниот период ќе ги затвориме и дивите депонии кај хотелот Александар Палас и спортскиот центар Борис Трајковски. Уште еднаш апелирам, да не се фрла отпади и да не се палат огнови на отворено, во спротивно, сите несовесни граѓани ќе бидат санкционирани,“ посочи Богоев.Што се однесува до просторот кај мостот „Газела“, истиот, на пролет ќе биде оплеменет со ново зеленило, садници и урбана опрема.Овој простор ќе биде дел и од новиот парк кој ќе започне да се изведува во 2019 година.„Локалната самоуправа, во изминатиот период работи на зголемување на зеленилото. Оваа недела се обнови и дрворедот на улицата „Рузвелтова“, а паралелно се садат нови, висококвалитетни дрвја долж сервисните улици во Карпош. Примарната цел на општина Карпош е да се заштити животната средина и да се надомести изгубеното зеленило“, велат од општината.

Скопје | пред 7 години

zamenik-gradonacalnik-bor-

Заменик градоначалникот на Бор си поднесе оставка откако испливаа слики како бакнува малолетничка

Скандал го стресе заменик градоначалникот на Бор, Бранко Периќ, кога на Фејсбук се појавија фотографии на кои во уста бакнува 15-годишничка, пренесува „Курир.рс“.Шеесетгодишникот веднаш поднел оставка по скандалозните фотографии на социјалните мрежи, а сликите се тргнати иако ги виделе голем број луѓе, па ги споделуваат на интернет.Тој рекол дека само „сакал да и честита на доброто работење, а се поздравил и со останатите девојки на ист начин“.Во целиот случај се вмешала и полицијата.– Девојката негираше дека имала било каков однос со него. Меѓутоа, изгледаше како да е припремена и однапред знаеше што да каже – рекол извор.ФОТО: Принтскрин / Фејсбук / Курир.рс

Свет | пред 7 години

UaYct-

Пронајдени 305 грама марихуана во возило

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Д.П.(20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.На 10.09.2018 година околу 23,30 часот, на автопатот Скопје - Тетово, на наплатната рампа во село Желино, од страна на полициски службеници при извршен преглед на патничко моторно возило ,,Форд“ , управувано од пријавениот, пронајдени и одземени се 305 грама марихуана.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Изминатиот месец во Тетово санкционирани повеќе од 2000 возачи

На 05.12.2018 година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово констатирани се над 60 сообраќајни прекршоци (Тетово -30 и Гостивар — 31). 19 прекршоци се однесуваат на непрописно паркирање, 12 се пречекорувања на максимално дозволената брзина, пет возачи почетници не се придржувале на законските ограничувања, двајца управувале без возачка дозвола и тн. Откриените сообраќајни прекршоци санкционирани се со 16 прекршочни  и 45 мандатни платни налози.На поширокото тетовско подрачје, во текот на ноември годинава контролирани биле 5.384 возила. Во спроведените контроли од полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово  санкционирани се 2.201 сообраќајни прекршоци. Поради констатирани прекршоци во овој период од сообраќај се исклучени 135 возила (21 технички неисправни, 110 со истечена регистрација, а преостанатите поради различни видови други недостатоци).Исклучени, исто така, се и 240 возачи (130 без положен возачки испит, 78 почетници, 28 кои управувале под дејство на алкохол и тн). Откриените прекршоци заокружени се со 581 прекршочен и 1.178 мандатни платни налози, со 87 времено одземени возачки и 52 сообраќајни дозволи, додека 418 возачи впишале негативни бодови.

Македонија | пред 7 години

sudenje-27

Нинџа ги разоткри функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои давале наредби за упадот во Собранието, меѓу нив: Јанакиески, Ристовски, Бришковска, Божиновски и Чавков

Во својот исказ денеска пред судот обвинетиот Александар Василевски Нинџа ги разоткри поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ кои давале насоки за упадот и настаните во Собранието на 27 април, од седиштето на партијата, односно од белата палата, пишува Фокус.Како што рече тој, во просторија на осмиот спрат од белата палата се давале наредбите. Таму се наоѓале Билјана Бришковска, Спиро Ристовски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Митко Чавков.-Влегов внатре и седнав на една маса, како се движеше толпата така се даваа наредбите. Бришковска комуницираше со Трајко Вељановски, истиот и даваше насоки за состојбата внатре. Миле Јанакиески мислам и тврдам за Спиро Ристовски комуницираа со Бетмен Велит. Кирил Божиновски ги викаше сите општински комитети од цела Македонија најитно да дојдат во Скопје со директива од партијата. Сакам да нагласам дека од тука се координираше сето тоа што се случи на 27 април – рече Нинџа.Тој понатаму продолжи: -Билјана Бришковска кажуваше дека првото сценарио не успеало, дека пратениците не си ја завршиле својата работа, не предизвикале инциденти и немало тепачки меѓу пратениците, од неа дојде насока му се јави на Вељановски и му рече да се отворат вратите на Собранието – посочи тој.Како што рече Нинџа, потоа тогашниот шеф на тајната полиција Владимир Атанасовски, му дал наредба да оди на терен, односно пред Собранието и од таму да известува што се случува. Василевски потоа раскажа како пред Собранието го сретнал Горан Грујевски и како се очекувало претседателот да прогласи воена состојба, но до тоа не дошло.

Македонија | пред 7 години

goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

Студентите бараат зградата на универзитетот во Кент да го носи името на Горан Стефановски

Студенти од Универзитетот во Кент, Велика Британија, каде предаваше македонски драматург Горан Стефановски, со онлајн петиција побараа една од зградите на универзитетот да го носи името на нивниот професор.„Горан беше неверојатен човек и неверојатен предавач, па дали има подобар начин да му оддадеме чест, од тоа што ќе ја именуваме новата зграда по него“, стои во онлајн петицијата насловена „Именувајте ја новата зграда на Универзитетот во Кент по Горан Стефановски“ (Name the new CCCU building after Goran Stefanovski).Како што објави македонската новинарка што живее во Лондон, Маја Петрушевска, на нејзиниот Фејсбук профил,  неговите пријатели, колеги, студенти и семјеството, вчера се простија од великанот.„Во преполната сала исполнета да последното ќоше, седечки и простум, немаше игла каде да се фрли. Со грутки во стомакот, срцето, солзи во очите и со љубов и почит за Горан. Сите, до еден. Неговите студенти започнаа петиција една од зградите на Универзитетот во Кент каде што беше професор ѕвезда, да го носи неговото име. Горан не дочека со Зајди, зајди. Не испрати со Strawberries field forever. Се простивме со Горан. Со национално богатство не може никој да се збогува! А Горан е повеќе од тоа!“, напиша Петрушевска.Горан Стефановски ненадејно почина во Лондон минатата недела, на 66 годишна возраст.

Магазин | пред 7 години

IMG_4157

Децата од ЈДГ „Весели Цветови“ со приредба ја испратија есента

Во ЈДГ „Весели Цветови“, во објектот „Мимоза“ дечињата кои поголемиот дел од денот го поминуваат во истиот пред нивните родители, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ ги покажаа своите актерски способности, изведувајќи приредба насловена „Црвенкапа во есен“.„Децата кои одлично ја изведоа приредбата која се одржа по повод испраќањето на есента од градоначалникот Филип Темелковски добија полна корпа со разни видови овошје.Есенската приказна ќе продолжи да се одвива и во другите објекти на ЈДГ „Весели Цветови“, во кои ќе се одржат приредби, работилници и изложби.Овој месец во објектите на истата градинка ќе се организира новогодишен базар. За таа цел, децата заедно со родителите и воспитувачките ќе изработуваат новогодишни украси и подароци. Средствата од продажбата на истите ќе бидат наменети за хуманитарни цели и за потребите на градинката“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

ljubisha

ВМРО-ДПМНЕ упати телеграма со сочувство до семејството на Љубиша Георгиевски

„Со голема тага и болка ја примивме веста за смртта на еден од најголемите македонски интелектуалци Љубиша Георгиевски, поранешен Претседател на Собранието на Република Македонија, пратеник и кандидат за Претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се голем хуманист, културен деец, врвен режисер и голем Македонец.Дозволете од името на целата партија и од името на сите граѓани да изразиме длабоко сочувство до семејството Георгиевски за големата загуба. Загубата на Георгиевски е загуба за целата македонска држава, интелектуална елита и културната сцена.Љубиша Георгиевски е човек кој ја задолжи Македонија со својата неуморна работа и силна посветеност во развојот на културата и остави силен печат во светската културна ризница. Неговото име ќе остане запаметено како еден од најголемите амбасадори и промотори на нашата култура, идентитет и традиција. Неговата политичка мисла и огромна љубов кон Македонија несебично ја споделуваше со светот и со тоа го заслужи местото на еден од најголемите великани на самостојна и независна Македонија за која мечтаеше, за која живееше и која несебично ја градеше.Љубиша Георгиевски несомнено остави неизбришлива трага во своето политичко и општествено делување. Со својот лик и дело, со својата ведрина, посветеност и оптимизам, кои заслужуваат должна почит и вечна слава, ќе остане запишан со светли букви како величина и пример за сите идни генерации на нашата Татковина“, се вели во телеграмата од ВМРО-ДПМНЕ упатена до семејството на Љубиша Георгиевски.

Македонија | пред 7 години

ermis-1

„Туја“ на Ермис Лафазановски национален претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика“

Книгата „Туја" од реномираниот македонски писател Ермис Лафазановски ќе биде националниот претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика 2018".На конкурсот, до организаторот, издавачката куќа „Магор“, пристигнаа уште шест книги:  „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља, „Океан од слики (раскази и каприча)“ на Томислав Османли, „Земја на бегалците“ од Кица Барџиева Колбе,  „Диссомнии“ од Игор Станојоски, „Божја честичка“ од Глигор Стојковски и „Последното име на иднината“ од Живко Гроздановски, од кои три влегоа во потесен избор.Како што велат од „Магор“, „Туја“ на Лафазановски е потврда за виталноста и слоевитоста на хуморот, не само како допадливо четиво за разонода и уживање, туку, уште повеќе, како критичко орудие за искажување на моќен, бунтовен став против изобличувањето на човечките односи и бесрамно изместените социо-културни вредности.-Најновата збирка раскази на Ермис Лафазановски едновремено означува континуитет на неговата, веќе препознатлива, наративна постапка, но и чекор понатаму кон самосвојната, автентична иновација и бескомпромисен експеримент во рамките на раскажувачката постапка и оригиналните реторичко-стилски решенија. Расказите се напишани во духот на една шармантно разиграна поетика (во исто време, злокобно проникната и поентирана со неизбежната „кафкијанска“ нелагода); осведочена во редица апсурдни, бесмислени, парадоксални или гротескни ситуации (поточно, стапици), во кои јунаците бидуваат постепено вовлечени, со сериозни последици и несовладлива тегобност по однос на финалниот, егзистенцијален исход. Со други зборови, Лафазановски креира ликови кои се своевидни „жртви“ на запчаникот на системот, на баналната навика, на своите инстант животи, кои ги „одработуваат“ само фрагментарно и рутински, наведуваат од „Магор“.Манифестацијата „Балканика“ годинава ќе се одржи во Букурешт, Романија, од 14 до 16 декември. Наградата ќе биде доделена од меѓународна стручна комисија од седум члена, со по еден претставник од секоја од државите членки, а претесдател на жирито е професорот Ендрју Вахтел од САД.Досегашни добитници на наградата од Македонија се Венко Андоновски со „Папокот на светот“ и Александар Прокопиев со „Човечулец“.Фондацијата Балканика е основана во 1996 година, од релевантни издавачки куќи од Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Грција, Турција и Романија. Седиштето на Балканика е во Софија, а претседател е писателот и издавач Николај Стојанов.

Магазин | пред 7 години

solza-770x444

Солза Грчева повикува на бојкот на јавните дискусии за уставните измени

Денеска, во организација на владата започна караван наречен Јавни дискусии во врска со нацрт амандманите за измени на Уставот на Република Македонија.Прво, јавното соочување на стручњаците и политичарите со народот, како носител на суверенитетот на државата, требаше да се одржи пред уставните измени да започнат или воопшто да влезат во Собранието!Организиран пост фестум, циклусот, поточно циркусот од пет јавни дискусии е уште еден удар по демократијата и правната држава.Второ, навредливо за здравиот разум е што јавните дискусии ќе ги водат :- експерти од општа пракса (меѓу нив само еден-двајца професори по уставно право);- политички функционери во владата и гласноговорници на меѓународната заедница, кои уште пред да стигне тн. Преспански договор на маса, беа негови (добро платени) огнени поддржувачи и промотори на грчките интереси-нема ниту еден говорник кој не го поддржува договорот, а тој би бил најлегитимен според резултатите од пропаднатиот референдумВо недостаток на основните елементи на јавна дебата – стручност, објективност, непристрасност, ова е непотребно исполнување на “демократска процедура“, кое станува лакрдија! Можеби и затоа дискусиите се закажани во државни институции, кадешто може да се обезбеди присуство по службена должност и “коректно“ однесување на присутните, доколку ги има.Глас за Македонија ги повикува своето членство, симпатизери и јавноста, да ги игнорира/бојкотира ваквитекозметички јавни дискусии и во согласност со својот категоричен, негативен  став за промената на името како услов за влез во НАТО и ЕУ, гласно повторува:Народот го кажа своето НЕ за промената на Името на државата на 30 септенври на Референдум и само со истиот правен механизам тоа може да се смени!Оттаму, Глас за Македонија најавува политичка кампања која ќе води кон поништување на сите одлуки на Собранието на РМ спротивни на Уставот, со кои се менува Името на државата, а со тоа, се посега по националниот Идентитет и меѓународната позиција на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Заменикот министер за локална самоуправа Павлески на регионален форум во Брисел

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески синоќа во Брисел учествуваше на регионалната панел дискусија на тема „Локалната демократија и оддржливиот локален развој во Западен Балкан”.Како што соопшти Министерството за локална самоуправа во дискусијта Павлески се осврнал на главните придобивки од процесот на децентрализација во Република Македонија кои, како што  посочил, започна амбициозно во 2005 година и е наша успешна приказна која ги постигна главните придобивки.Притоа Павлески ја истакнал континуираната поддршка од УНДП и од швајцарската влада преку имплементација на значајни проекти во општините додавајќи дека сега е време да се преиспита системот на локалната самоуправа за да се одговори на актуелните предизвици.– За да се реши проблемот прво треба да се препознае, да се соочите со него. И проблемите и предизвиците не се ниту  мали  ниту  едноставни. Во претходниот период општините создадоа големи долгови, потребно е да се обезбеди систем на оддржливо финансирање, администрацијата беше политизирана, а треба да се зголемат и  инклузивноста и транспарентноста, нагласил Павлески.Актуелната Влада, како што појаснил Павлески, ја ревидираше Програмата за децентрализација и оддржлив локален развој 2015-2020 и поради малиот степен на реализација во првиот тригодишен период. Подготвоен е нов Акциски план за периодот 2018-2020 година на инклузивен начин, со вклучување на сите засегнати страни. Значително се зголемени средствата за рамномерен регионален развој и се инсистира на распределба на средствата на целата територија на државата, во сите осум плански региони, за разлика од порано кога најмногу се инвестираше во Скопје. Се работи на оценување на системот на финансирање на пренесените функции на општините во областите на образование, предучилишни установи и култура за до крајот на годината да се излезе со неколку сценарија за решавање на проблемите и воспоставување на оддржливо финансирање.   Преземена е иницијатива за воспоставување на нов функционален систем за противпожарна заштита. Владата со Закон ги покри половина од долговите на општините, сметките на општините се деблокирани, со што е создадена можност за поактиво и поефикасно работење на градоначалниците.– Во наредниот период, со подршката што ја имаме од УНДП и СДЦ ќе бидеме повеќе фокусирани на создавање на поефикасен систем на локална самоуправа. Како? Со поголемо учество на граѓаните, можност за самофинансирање и делегирање на некои основни функции од општината на месните заедници, воспоставување на локални сервисни центри, поедноставување на административните услуги за граѓаните, имплементирање на систем на мобилни услуги за полесен пристап на лицата со попреченост, возрасните и луѓето во оддалечените места на живеење. Градење на систем за интегриран локален и регионален развој. Нашата цел е подобар квалитет на живеење за сите граѓани на целата територија на државата, рече Павлески.Форумот се одржа во организација на мисијата на Швајцарија во Европската Унија и на УНДП, на кој присуствуваа и претставници од Босна и Херцеговина, од Албанија како и директорите на секторите на Европската Комисија за граѓанско општество и социјална инклузија и за регионална соработка.                Претпладнето заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески имаше состанок со Лена Андерсон Пенч, директор за европска територијална соработка, макро-региони, ИНТЕРЕГ и спроведување на Програмата.

Македонија | пред 7 години

3-2

Националната галерија на Македонија одбележа 70 години од постоењето

Националната галерија на Македонија и денес, како и пред 70 години, кога е основана, е истовремено неопходна и релевантна институција. Ова претставува потсетување и оддавање почит за огромниот вложен напор, не само од страна на тимот кој ја водел Уметничката галерија, туку и од страна на државните институции кои несебично и со голема одговорност дале поддршка и придонеле Националната галерија денес да прерасне во храм на уметноста и двигател на културниот живот во Македонија, истакна премиерот Зоран Заев на одбележувањетона јубилејот „Седумдесет години Национална галерија на Македонија”.– Овде, во Националната галерија на Македонија, од прва рака, со децении може да се почувствува врската помеѓу генерациите истакнати македонски уметници и нас, нивните потомци, и понатаму меѓу нас и нашите потомци. Националната галерија на Македонија, за нас претставува многу битна алка во развојот на меѓуетничкиот и мултикултурниот дијалог помеѓу разни групи и култури во нашата Република Македонија. Промовира посебно разбирање а со тоа и поголема вредност на нашето колективно културно наследство будејќи дополнително љубопитство еден за друг, за рефлексијата на нашето заедничко општество – порача Заев.За дејноста на институцијата славеничка говореше и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Таки Фити, кој подвлече дека МАНУ и НГМ имаат една природна, органска поврзаност.– Уште во 1948 година кога беше поставена и формирана Националната галерија на Македонија, нејзините основни цели и задачи беа јасно дефинирани, да го евидентира националното културно богатство, да го собира, да го откупува, да го презентира пред пошироката јавност и се разбира да ги презентира и современите текови на ликовното творештво, и мислам дека ако се погледне развојната траекторија на оваа значајна национална институција, таа апсолутно ги исполни поставените и дефинирани задачи – рече академик Таки Фити.Директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова Ќерими, во својот поздравен говор рече дека на изложбата се претставени 150 листови оригинална архивска документација од 1948 до 1956 година кои сведочат за успешната приказна поврзана со формирањето на галеријата, галериската збирка и начинот на раководење.– Ние сме денес горди, но и исполнети со големо чувство на одговорност што на нашата генерација ѝ е дадена историска можност да биде современ дел од синтезата со големите основоположници на Галеријата, со нивната обединувачка акција и богатото ликовно творештво, пред сѐ со основоположниците на македонската ликовна уметност и на Националната галерија на Македонија: Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски, Димчо Коцо и другите уметници од тој период – истакна д-р. Дита Старова Ќерими.

Македонија | пред 7 години

2-2

(ВИДЕО) Заев: Националната галерија помага идните генерации да се поврзат со историјата и делата на тие кои живееле пред нас

Бројот на години за кој сме собрани тука е најдобар аргумент дека делата се потрајни од луѓето, ние сме минливи, но вредностите кои ги оставаме зад себе се вистинските споменици на нашето постоење. Тоа ја прави оваа Национална установа дом на трајните вредности на уметноста на нашиот народ, порача премиерот Зоран Заев на одбележувањето 70 години од постоењето на Националната галерија на Македонија во Даут пашиниот амам, каде се одржа јубилејната манифестација и изложба „Почетоци за паметење“.а изложбата се претставени 150 листови оригинална архивска документација од 1948 до 1956 година кои сведочат за успешната приказна поврзана со формирањето на галеријата, галериската збирка и начинот на раководење.„Ова претставува потсетување и оддавање почит за огромниот вложен напор, не само од страна на тимот кој ја водел Уметничката галерија, туку и од страна на државните институции кои несебично и со голема одговорност дале поддршка и придонеле Националната галерија денес да прерасне во храм на уметноста и двигател на културниот живот во Македонија“ истакна Заев.Тој посочи дека Националната Галерија на Македонија, за нас претставува многу битна алка во развојот на меѓуетничкиот и мултикултурниот дијалог помеѓу разни групи и култури во нашата Република Македонија.„Промовира посебно разбирање а со тоа и поголема вредност на нашето колективно културно наследство будејќи дополнително љубопитство еден за друг, за рефлексијата на нашето заедничко општество.Дополнително, оваа и ваквите национални установи, служат и помагаат на идните генерации да се поврзат со историјата и делата на тие кои живееле пред нас“ дополни премиерот.Според него Националната галерија нa Македонија, и денес, како и пред 70 години, кога е основана, е истовремено неопходна и релевантна институција.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Теа Трајковска со деби албум и промоција на спот

Вчеравечер пред присуство на голем број пријатели, колеги, соработници и новинари, пејачката Теа Трајковска го промовираше својот прв албум насловен како „Која сум јас“.Промоцијата се одржа во ресторанот „Портофино“ во Скопје, а покрај албумот, Теа го промовираше и нејзиниот најнов видеоспот за една од темите на албумот  - „Кога најдобро те познавам“.Деби-албумот на Теа е дело на познатиот хит-мејкер Лазар Цветковски и неговата сестра, Магдалена Цветковска, а на дел од песните како текстописец се потпишува токму и Трајковска.Тие што ме знаат, знаат колку сакав да го затворам ова поглавје и колку работевме со Лазе за да стигнеме до тука. Пресреќна сум што албумот конечно излезе, мислам дека секоја песна си зборува доволно сама за себе и сакам да се заблагодарам на сите што беа со мене до денес и да им ветам многу нова музика од денес. За самото видео верувам дека ја доловивме емоцијата што ја носи песната, која патем е една од моите омилени теми на албумот – изјави Теа.Инаку спотот е дело на Бане Поповиќ и „Томато-продукција“, а во него покрај Теа улога има и младиот актер Дени Ајдаревиќ и танчерката Бојана Додевска.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Дел од Ѓорче без вода поради дефект

Денес поради уличен дефект од ф-200мм на ул.Ѓорче Петров раскрсница со гаража на ЈСП, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Ѓорче Петров и дел од бул.Партизански одреди. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување, велат од ЈП Водовод и канализација.

Скопје | пред 7 години

Winterland-Skopje-LOGO-2

Утревечер ќе светне Новогодишната елка на плоштадот „Македонија“

Со осветлувањето на Новогодишната елка поставена на плоштадот „Македонија“, закажано за утревечер во 19 часот, ќе се отвори и Винтерленд - новогодишната населба што ќе придонесе за празничниот амбиент во градот, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници.Осветлувањето на елката ќе го придружува настап на средношколскиот хор составен од 120 ученици од девет средни училишта на Град Скопје, и тоа од „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Васил Антевски Дрен“, „Владо Тасевски“, „Зеф Љуш Марку“ и „Панче Караѓозов“, кои околу половина час ќе изведуваат Божиќни песни. Средношколците на плоштадот „Македонија“ ќе пристигнат придружувани од членовите на Градскиот дувачки оркестар кој ќе изведе парадно концертирање од Старата железничка станица, па по улицата Македонија, се до плоштадот „Македонија“.На осветлувањето на новогодишната елка ќе присуствува и градоначалникот Шилегов кој ќе го означи почетокот на новогодишното празнување во Скопје.Просторот околу елката е уреден како Новогодишна населба со украсени куќички во зимски амбиент и катчиња за игра и смеа. Во населбата со име „Винтерленд“ (Зимска земја) ќе има и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во населбата ќе има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. Просторот околу елката, пак, ќе биде организиран како дел за храна и пијалаци, каде што граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички.Градот Скопје ги повикува сите граѓани да дојдат на Плоштадот и заедно да ја почувствуваме новогодишната магија.Официјалната празнична програма во центарот на градот ќе почне на 15 декември.

Скопје | пред 7 години

slika_oglas

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки во програмата за подобрување на кадарот во градинките

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) објави оглас за ангажирање на 30 воспитувачи/ки за колегијална поддршка за подобрување на компетенциите на кадарот во градинките, нова прогарама којашто се спроведува во соработка со УНИЦЕФ, а е поддржана од Британска амбасада.На огласот што ќе трае до 14 декември годинава, може да се јават сите воспитувачи/ки и педагози од детските градинки кои се заинтересирани за унапредување и подобрување на квалитетотот на  раното учење и развој  во градинките, а ги исполнуваат условите.„Воспитувачите покрај критериумите пропишани во огласот треба да поседуваат ефективни комуникациски вештини, да сакаат да се усовршуваат и да помогнат за професионалниот развој на други колеги и соработници, да имаат одлични организациски способности и да знаат како да ги мотивираат и инспирираат“, велат од Министерството за труд и социјална политика.Програмата за подобрување на квалитетот на раното учење и развој во установите за згрижување и вопситание на децата се спроведува за прв пат во Македонија. Програмата ќе се пилотира во седум градинки, и ќе бидат обучени 30 воспитувачи за колегијална поддршка.Главната цел на програмата е дека безбедната околина во која растат и се развиваат децата не подразбира само безбедност на физичкиот простор, туку и емотивно безбедна и сигурна околина која треба да ја обезбедат возрасните кои ги учат и поучуваат малите деца. За креирање на безбедна социјална средина потребни се знаења и вештини кои можат да ги подобрат и инклузивните практики во установите за деца.„Министерството за труд и социјална политика, освен што ги проширува капацитетите на градинките во Македонија, посветено работи и на јакнење на кадарот којшто се грижи за децата преку подобрување на неговите знаења, бидејќи научно е докажано дека за правилен развој на детето е многу важно раното учење“, се вели во соопштението од МТСП.

Македонија | пред 7 години

Reborn_Langolo

Reborn Поп ап шоп (vol. 3) оваа сабота во Ланголо

Не се подготвува ново поглавје, ниту нова приказна во градот, туку стариот и добар Поп ап шоп на Reborn. Истиот ќе се одржи во сабота, 8 декември 2018, од 12.00 до 16.00 часот во Ланголо ди Кафе во Скопје. Ова мало и пријатно место може да се најде близу Католичка црква, веднаш до амбасадата на Романија во Македонија, на улица Никола Тримпаре.Reborn го организира овој настан после повеќе од една година пауза, точно и неслучајно на време за купување подароци. Ова е третиот Поп ап шоп и оваа година ќе им се придружат MightyJewelry, 5 до 12, Марио Манески, Foreground Totebags, АнАрт (Handweaving Studio) и Magda Station. За музиката ќе бидат задолжени Скопски грув.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Делови од Скопје без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на денот поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат општина Кисела Вода и Сарај.Во период од 08:30 до 11:30 часот, без струја ќе останат дел од корисниците од дел од улицата Христо Татарчев, поточно подулица 14, додека во период од 11:30 до 14:00 часот корисниците од дел од улица 1520 во општина Kисела Вода.Во општина Сарај без струја ќе останат корисниците дел од село Долно Свиларе во период од 09:30 до 15:00 часот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

11 Октомври без вода

Во прекин е водоснабдувањето во населбата 11 Октомври поради промена на две огрлици од ф-80мм на улицата „Петар Делјан“ 35 и 37. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работите, информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Заев: Се консултираме и со Грција, некои предлози од опозицијата се прифатливи

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати на втората од петте јавни дискусии за уставните измени.Дискусијата ќе се одржи на универзитетот ФОН, каде говорници ќе бидат и ректорот на универзитетот Нано Ружин и универзитетскиот професор Темелко Ристовски, додека дискусијата ќе ја отвори и воведе деканката на правниот факултет, Сејдефа Џафче.Инаку вчера беше почетокот на јавната расправа организирана од владата.„Се консултираме и со Грција, и некои предлози од опозицијата се прифатливи“, рече премиерот Зоран Заев.Тој ги потенцираше предлозите на Панчо Минов за постепена примена, како и дел од предлозите на Илија Димовски за вметнување на уставот од 1991, но и предлози на албанската опозиција од алијансата на Албанците и БЕСА на Касами, изнесени на собраниските дискусии.Дел од овие предлози се за примената дома на договорот, во преамбулата таму каде што се зборува за референдумот од 1991 година да биде вметнато и уставот на РМ, за граѓаните кои живеат во нејзините граници да стои “и граѓаните кои се дел од албанскиот народ…”, а исто така, важно е во делот на државјанството да се прецизира што е државјанство, а што етничка припадност, рече премиерот.Заев на јавната дебата во владата потсети дека во нацрт амандманите се вградени предлози на осумтемина пратеници и посочи на одлуката уставните измени да стапат на сила само доколку Грција ги ратификува договорот од преспа и протоколот за наше членство во НАТО.На дебатата професорот Фрчкоски побара владата да нагласи дополнително три компоненти: дека не се загрозува граѓанскиот карактер на уставот, да се потенцираат идентитетските одредници и дека решенијата се во рамки на уставните стандарди и не се измислени само за нас, професорот Владо Поповски даде сугестија да се интервенира во преамбулата на уставот, која, според него, создава најмногу дискусии, сомневања и изговори. Во преамбулата, според Поповски, треба да стои „граѓани на Северна Македонија, македонски народ“,а нагласува и дека треба да стои и „граѓани кои се дел од албанскиот, турскиот, влашкиот, бошњачкиот и ромскиот народ, а не како што досега стоеше „граѓани кои живеат во нејзините граници“.Поповски побара во преамбулата да стојат и решенијата од АСНОМ кои имаат конститутивно значење, а не да се употребува прогласот, бидејќи тој, според него, е само информација.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања