Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

policija-3-640x382

Пет Србинки затекнати во угостителски објект во Тетово

Вчера од 23,00 до 04,00 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, тетовското сопственост на Х.А.(29) од Боговиње. При контролата, во објектот биле затекнати пет странски и шест македонски државјанки.Петте женски лица од Република Србија на возраст од 21 до 29 години приведени се во Полициската станица Тетово и по кусото задржување, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Струмичанец излетал од патот и починал на лице место

Вчера во 21,50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица — село Ново Село, поточно на влезот во село Босилово, патничко моторно возило “Опел Корса“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Р.(37) од село Еднокуќево, струмичко излетало надвор од патот и се превртело.Во незгодата на местото на настанот починал М.Р.Извршен е увид на местото на настанот

Македонија | пред 7 години

7478438452_99cbe66773_b

Фрчкоски: Рамковниот да се одвои од другите документи на кои се повикува Уставот

Најголем дел од вчерашната дебата во рамки на јавната расправа за уставните амандмани беше посветена на преамбулата. Според експертите, таа треба да има посеопфатен карактер. Премиерот останува на ставот дека е отворен за подобрување на текстот на амандманите, но во рамки на принципите на Преспанскиот договор.За Љубомир Фрчкоски, еден од авторите на актуелниот Устав, Охридскиот договор треба да се одвои од групата документи на кои се повикува Уставот бидејќи временскиот јаз помеѓу првиот устав и овој Договор потпишан во 2001 година не дава логична основа за негово обединување со документите на АСНОМ, Крушевска Република и референдумот за независност.Според другиот уставотворец, преамбулата треба да ги третира Албанците како граѓани кои придонесоа за формирање на државата и да не ги определува како етникум.Професорот Блерим Река отвори сомнеж дека процесот може да биде загрозен ако пратениците што се исклучени од ВМРО-ДПМНЕ не се амнестираат. Тој вели  додаде дека опозициските партии на Албанците, исто така, може да побараат отстранување на Охридскиот Договор од Преамбулата, со цел, во уставот децидно да се нагласи албанскиот јазик, а не тој да биде именуван како јазик кој го зборуваат над 20 проценти од населението.Дебатата за уставните измени продолжува утре на Универзитетот ФОН. По завршувањето на јавната расправа, Владата подготвува извештај и до Собранието ги доставува предлог- амандманите.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Издадени и пуштени во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народната банка на Република Македонија ги пушти во оптек кованите пари за колекционерски цели „Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ од серијата „Хороскопски знаци“.Кованите пари ги имаат следниве карактеристики:„ВАГА“На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Вага. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на вага од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак вага и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак вага. Во долниот дел е претставена златна слика на вага, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – LIBRA, а на левата страна, ознаката Ag925.„СКОРПИЈА“На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Скорпија. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на скорпија од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак скорпија и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак скорпија. Во долниот дел е претставена златна слика на скорпија, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – SCORPIUS, а на десната страна, ознаката Ag925.„СТРЕЛЕЦ“На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Стрелец. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на стрелец од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак стрелец и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак стрелец. Во долниот дел е претставена златна слика на стрелец, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – SAGITARIUS, а на левата страна, ознаката Ag925. Цената на овие ковани пари за колекционерски цели изнесува 2.800,00 денари.Кованите пари за колекционерски цели издадени од НБРМ се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Магазин | пред 7 години

47398193_2094564623923072_8884074186021011456_n

(ФОТО) Новогодишен амбиент во Скопје

Град Скопје од 1 декември блесна во новогодишнен сјај.Украсените улици во Скопје се подготвени за новогодишната атмосфера.Вчера почна да се поставува елката која ќе блесне во полн ек веќе в петок, а новогодишната магија дополнително ќе биде збогатена со малата населба Винтерленд.За разлика од лани, оваа година ќе има централна прослава за дочекот на Новата година, но се уште не се знае кој ќе ги забавува скопјани.

Скопје | пред 7 години

18981002025bd42ca586555158444849_v4_big

Албанија со реакција: Серија убиства на Албанци во Грција, властите да ја спречат Златна зора

По убиството на Марио Исаку (18) во грчкиот град Кавала, остро реагираше албанското Министерство за надворешни работи, искажувајќи голема загриженост за, како што вели, серијата убиства на Албанци во Грција.– Остро ја осудуваме позадината на екстремизмот и говорот на омраза што ги придружува овие настани во соседната земја и ги повикуваме грчките власти да ги осудат и да спречат какви било обиди на Златна зора или на други екстремистички сегменти да се закануваат на безбедноста и достоинството на Албанците, кои работат и придонесуваат во соседната земја, стои во во реакцијата.Министертвото искажува загриженост „за серијата убиства на Албанци“ и во исто време се сочувствува со нивните семејства.– Во услови кога нашите сонародници го чувствуваат притисокот на невидена кампања на омраза и насилство, ја изразуваме заложбата на албанската држава да им обезбеди на жртвите и на нивните семејства потребна правна и финансиска поддршка за заштита на нивните основни права како членови на најголемата емигрантска заедница, која живее и со децении придонесува во Грција, се наведува во реакцијата.Безживотното тело на младиот Исаку, роден во Кавала во 2000 година, а по потекло од Албанија, е пронајдено синоќа. Ова, според министертвото е четврто убиство на албански граѓанин во последните две недели.

Свет | пред 7 години

cfcbac6e2adcb95a7c01614759c7c005

Босанците најголеми верници, а Германците најголеми скептици

Религијата е помалку важна за Европејците, отколку за луѓето во Африка, Латинска Америка или САД, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од институтот Пју.Истовремено истражувањето забележало и големи разлики меѓу одделни држави во Европа.Најрелигиозни на Стариот континент се Романците. Педесет и пет отсто од анкетираните во Романија одговориле дека се многу религиозни.Во Италија 27 проценти од луѓето изјавиле дека се религиозни, во Германија само 12 отсто, Чесите и Данците осум проценти и Естонците едвај седум отсто.Според анкетата, Германците се покажале како најголеми скептици во однос на постоењето на Господ, бидејќи само 10 отсто од нив се „сосема сигурни“ во тоа. Спротивно на нив, пак, 79 проценти од Ерменците веруваат дека Бог постои, како и граѓаните на БиХ (73 отсто).Полјаците во анкетата дури 61 отсто се изјасниле дека посетуваат црква и присуствуваат еднаш неделно на црковна литургија.

Магазин | пред 7 години

skopje-7

Финансиска полиција за „Скопје 2014“: Платени се пари на фирма која не ги завршила работите

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми во интервју за Отвореното студио на 1тв вели Управата комплетирала уште два случаи во рамките на истрагата за „Скопје 2014“, а кои се однесуваат на изградбата на два објекти – оној на „Водовод и канализација“ и на Македонската филхармонија.-Тие се звршени и очекуваме ЈО да каже дали ќе се поднесат соодветни пријави, вели тој.Муареми за 1тв, објасни и дел од сомневањата за овие случаи кои се поврзани со изведувачот Алпине бау.-Се работи за извлечени многу парични средства. Прашањето е како дојде до стечај на изведувачот. Кога ќе се анализира случајот ќе се види дека многу пари се извлечени во готово без да се завршат работи. Се работи за фимата Алпине Бау. Се пријавуваат повеќе фирми како подизведувачи дека наводно завршиле некоја работа, а во позадина е само да се извлечат парите, вели Муареми.

Македонија | пред 7 години

47571426_199260230980716_278705671992508416_n

(ФОТО) Клинички во хаос: Нема место каде да помине Брза Помош, а ниту решение

Паркирани возила, едно до друго, дел заглавени на среде улица, а помеѓу по некое возило за итна помош кое не може да помине и да го донесе пациентот до клиниката. Ова е секојдневната слика на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде граѓаните како прв проблем гледаат да го решат паркирањето, а дури потоа причината зошто се дојдени таму. Редици од возила ја блокираат и улицата „Водњанска“ кои чекаат ред за влез, а најдебелиот крај го влечат докторите и пациентите кои носат итен случај до одредена клиника. Се случувало непристапноста до болницата да се плати со човечки живот.Сеуште нема лек за долгогодишниот проблем на посетителите во скопските клиники. Додека стигнат до лекарот за закажаниот преглед или пак за прием во болница, прво мора да се намачат за да најдат паркинг во сообраќајниот хаос. Гужвите, нервозите и расправиите се секојдневна слика во најголемиот здравствен комплекс во државата.Сепак, неизвесно останува која ќе биде локацијата на новиот Клинички центар и како би функционирале клиниките физички одвоени една од друга, особено кога ќе бидат потребни конзилијарни прегледи. Ова особено важи за Детската клиника кога често се потребни дополнителни прегледи од хирурзи за тешки хоспитализирани пациенти или пак дополнителни консултации со интернисти.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Вечер на младата македонска драматургиja

Вечерва со почеток од 18:30 часот, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија, ќе се одржи јавно читање на кратките сценарија и кратки текстови од младите македонски драматурзи, Марина Трајковска, Артин Селмани, Џон Саркањац, Мона Паскалова и Стефан Марковски. Како дел од програмата за оваа година на КИЦ, текстовите ќе ги читаат студентите на НАТФИЗ „Крсто Сарафов“ од Софија, Теона Димова, Благица Стоименова, Кристијан Ковачевски и познатиот актер и режисер по потекло од Штип – Ѓорги Ѓоргиев-Антика.Ова е прв настан од ваков вид кој има за цел да воспостави поблиска соработка меѓу македонските и бугарските млади театарџии и филмаџии и нивно запознавање, за да може да се развива и практично драмската уметност со заеднички проекти, претстави, книги и филмови во иднина.

Магазин | пред 7 години

im-40916

Уапсена ќерката на основачот на Huawei

Ќерката на основачот на кинеската технолошка компанија Huawei – Рен Женгфеи, Менг Ванжу, уапсена е на 1. декември во Канада и и се заканува екстрадиција во САД.Менг, која е заменик претседател на компанијата и главен финансиски директор, е уапсена за наводно кршење на американските санкции, изјавил неименуван извор за „Ројтерс“.Агенцијата додава дека во моментов не е можно да се утврди природата на нејзиниот прекршок.Извори на агенцијата велат дека САД ја истражуваат компанијата Huawei уште од 2016. година за наводен извоз во Иран на производи со потекло од САД, што претставува кршење на санкциите кои Америка ги има воведено кон таа земја.Компанијата преку соопштение го потврди апсењето, но изјави дека не располага со никакви сознанија дека Менг сторила некое казниво дело.Амбасадата на Кина во Канада побара од властите веднаш да ја ослободат Менг.Агенцијата АП наведува дека апсењето се случува во чуден момент, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп и претседател на Кина, Кси Џинпинг, ден пред апсењето најавија 90-дневно примирје во трговската војна.

Магазин | пред 7 години

ruskoska

Русковска пука во УБК, се тресе Водно

Очигледно е дека целта била да се прогласи воена состојба и прашање е што би се случувало со државата. Истрагата треба да ги провери информациите дали војската активно учествувала во инцидентите во Собранието. Индикативно е што Никола Груевски не бил во земјава, па треба да се провери дали патувањето во Виена му било само алиби.Вака, во куси црти, ексразузнавачот Владимир Пивоваров ги анализира последните искази во судот и сознанијата на истрагата за случувањата од ланскиот 27 април што (ин)директно го вперуваат прстот кон Управата за безбедност и контраразузнавање и кон претседателската резиденција на Водно. Во тој контекст се толкува и завчерашното притворање на Владимир Атанасовски, кој во тоа време беше директор на УБК.Обвинителката Вилма Русковска засега ја смирува топката и вели дека Синиша Алексовски, советник на претседателот Ѓорге Иванов, кој наводно ги информирал демонстрантите оти ќе биде прогласена воена состојба, всушност, немал директен контакт со нив.„Треба да разграничиме неколку работи: Никола Бошковски беше споменат од сите обвинети што даваа исказ и тие имале директен контакт со него, а Алексовски беше споменат во смисла дека некој разговарал со него, па ја пренел информација. Не можеме да ги ставиме на исто рамниште едниот и другиот“, вели Русковска.На прашањето дали постојат индиции и нови докази дека крвавите случувања биле планирани во кабинетот на Иванов – таа одговори негативно.Пивоваров вели дека денеска ќе располагавме со еден куп докази доколку УБК во тие моменти работела на заштита на уставниот поредок и ги следела комуникациите. Се чуди што Иванов вечерта околу 22 часот во јавниот настап рекол дека поседува информации, благодарејќи на своите служби за одредени дејствија, а не бил информиран што се подготвува. Според Пивоваров, постоеле две ситуации кога требало да биде прогласена воена состојба.„Прво, намерно беше пуштена вест дека Зијадин Села е мртов со цел да се навлече гнев кај етничките Албанци и да се предизвика конфликт. Второ, се трудеа да исценираат меѓупартиски конфликт со тоа што лидерот на СДСМ и неговите соработници ќе го повикаат членството и приврзаниците на партијата да дојдат и да им помогнат во парламентот. И во двата случаи би дошло до крвопролевање со што би се исполниле условите за прогласување воена состојба“, нагласува Пивоваров за „Независен весник“.Повеќе тука

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Повредени осум лица во сообраќајки во Скопје

Осум лица се здобиле со полесни телесни повреди во седум од вкупно десет сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје, а во три била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четворица возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување и тројца возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата. Тринаесет возачи биле казнети поради користење мобилен телефон.Од сообраќај биле исклучени вкупно четири возачи, сите пред да се стекнат со право на управување со возило. Полицијата исклучила од сообраќај седум возила, од кои шест биле нерегистрирани, а едно претоварено.Затекнати биле 74  непрописно паркирани возила, а со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 75 возила.

Скопје | пред 7 години

Capture-1

Трансексуалец ќе се натпреварува за круната на Мис универзум

Шпанската мисица Анхела Понсе (26) е првата трансродна личност која ќе се натпреварува на изборот за Мис универзум на светот. Анхела се залага за признавањето на различноста, а многумина тврдат дека таа е фаворит за победа на светскиот избор во Тајланд.https://www.instagram.com/p/Bq7XIVgHJul/„Мојата цел е да бидам портпаролка за вклучување, уважување и почитување на различноста, не само за ЛГБТ-заедницата, туку и за целиот свет“, рече шпанската мисица.https://www.instagram.com/p/Bq31henneXL/Понсе, која не учествува прв пат на избор за убавина, е родена како момче во Севилја и порано се има натпреварувано како претставничка на покраината Кадиз на изборот за Мис на Шпанија.Во Шпанија, пред пет години, ја укинаа забраната за натпреварување на трансродовите лица во избори на убавина.

Магазин | пред 7 години

vlada-slika

ВИДЕО: Исповед на бизнисменот кому министер од Владата на Заев на сила, без надоместок му ја одзел компанијата

Министер на Заев, со неколку членови од неговото семејство, наводно со оружје му одземале милионски бизнис на лице од Македонија и му се заканиле дека ќе го убијат него и неговото семејство. Бизнисменот вели дека сето ова го пријавил во Финансиска полиција, но се плаши дека власта нема да интервенира, со оглед на тоа дека станува збор за владин министер, објави ТВ 21.Бизнисменот дојде во ТВ 21 со документ што го доставил во Финансиска полиција, и ги претстави неговите докази, ден откако министерот јавно изјави дека тој и неговото семејство добиле закани по живот, од три лица.Оваа изјава на министерот Аднан Ќахил, ги поттикна лицата кои тој ги спомна, да дојдат во ТВ21 и да се исповедаат за упатените јавни обвинувања на министерот.Ервин Сејфула тврди дека е жртва на министерот Ќахил и обвинувањата на министерот дека Ервин му се заканил, со неговите двајца пријатели, кои тој ги спомна, како што вели се лага.За ова, тој јавно во ТВ21 покажа документ, за кој вели дека го доставил и во Финансиска полиција, и поради тоа, како што тврди бизнисменот, отворена е истрага за министерот Аднан Ќахил.Во предаденото досие во Финансиска политика, кое го имаше на увид и ТВ21, се гледаат телефонски разговори, СМС пораки и други писма за сопственоста на компанијата „Манора Логистик Маркетинг ДОО“. Со овој документ Ервин Сејфула го обвинува министерот Ќахил и неговото семејство, дека наводно насила и со закани по живот му ја одземале компанијата.ТВ21 контактираше и со министерот Аднан Ќахил за да добие одговор за обвинувањата од страна на бизнисменот, но тој одби да одговори и се закани дека ќе ја тужи телевизијата доколку излезе веста.Второосомничениот кој го спомнува министерот Ќахил, како лице кое му се заканило на неговиот роднина, ја раскажа неговата верзија и за тоа донел и аудио снимки од разговорите со роднината на министерот. Вулнет Селими беше спомнат во интервјуто на министерот, дадено за ТВ21.Еркан Мамут за ТВ21 рече дека го тужел бизнисменот и неговите пријатели за закана и дека на 19 декември чека да се види со нив на суд, кога почнува судскиот процес за ова прашање. Според него, Ервин Сејгула, немал 90% од акциите во фирмата Манора Логистик и Маректинг ДОО, туку само 1%.ТВ21 контактираше и со Финансиската полиција за да потврди дали пријавата на Ервин Сејфула е доставена кај нив. Од овој орган, за ТВ21 изјавија дека печатот на архивираното писмо е доволен доказ за примањето на предметот.

Скопје | пред 7 години

download

Според НАСА вонземјаните веќе ја посетиле Земјата

Научници на НАСА сметаат дека вонземјани најверојатно веќе ја имаат посетено Земјата, но дека луѓето не ги забележале бидејќи се „неверојатно мали“.Доктор Силвано П. Коломбано, научник на НАСА, смета дека вонземјаните изгледаат многу поразлично од луѓето и која било друга форма што ни е позната нас, како и дека имаат технологија што ние не можеме ни да ја замислиме.Тој исто така вели дека вонземјаните имаат способност за интерстеларно патување низ вселената.Ваквата изјава следи откако НАСА почна да го скенира универзумот за цивилизации како дел од програмата „Потрага по вонземска интелигенција“.„Едноставно сакам да го истакнам фактот дека можеби, ако успееме да ги најдеме или тие нас (ако веќе нѐ немаат најдено), дека можеби ја немаат нашата структура и градба“, вели Коломбано.Тој смета дека денес научниците се премногу фокусирани на тоа да најдат знаци на современа технологија на други планети, а ризикуваат да ги пропуштат сигналите на цивилизации што се многу постари од Земјата.

Магазин | пред 7 години

ljubisha

Почина Љубиша Георгиевски

Утрово на 81 година почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски.Георгиевски беше роден во Битола на 30 мај 1937-та година.На македонската јавност и е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008.Веста за смртта на Георгиевски на социјалните мрежи ја објави актерот Роберт Вељановски.-Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови! На 81 годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски!!! Утринава почина мојот театарски татко!!!Бог да те прости професоре и да ти подари царство небесно!!!, напиша Вељановски.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Дескоска купува опрема за снимање преку Министерство за правда

На елекртонскиот систем за јавни набавки објави оглас за барање за прибирање на понуди Нарачател е Министерство за правда. Според огласот министерството ќе набавува опрема за снимање и фотографирање за потребите на Министерство за правдаПроценета вредност без ДДВ: 200.000,00Критериум за доделување на договор: Најниска ценаПонудите/планови треба да се достават најдоцна до: 10.12.2018

Скопје | пред 7 години

rusija-laser

(ВИДЕО) Русија претстави ласерско оружје со кое метите може да ги уништи за помалку од секунда

Руското министерство за одбрана на социјалните мрежи го претстави ласерското оружје „пересвјет“. Заменикот на рускиот министер за одбрана и вселенска индустрија Јуриј Борисов кажа за Краснаја звезда, весникот што го издава министерството, дека „пересвјет“ метите може да ги неутрализира за помалку од секунда.„Можеме многу да зборуваме за ласерското оружје и филмовите кои за него се снимени и книгите што се напишани, но факт е дека таквите системи денес веќе се користат“, кажа Борисов.Руските војници кои управуваат со системот за тоа се специјално обучени во воено-вселенската академија Можајски во Санкт Петербург.Претседателот на Русија Владимир Путин во март годинава за време на обраќањето до нацијата кажа дека Русија напредувала во развојот на ласерското оружје и дека во тој поглед се „пред конкуренцијата“.

Свет | пред 7 години

Pasosi

Македонскиот пасош на 37 место - Која земја го има “најмоќниот” пасош?

Според веб-страницата “Passport Index”, на врвот на листата се најде пасошот на Обединети Арапски Емирати(ОАЕ). Со овој пасош можете да влезете без проблем дури во 167 земји, односно имате пристап до 84 проценти од светот.“Passport Index” кој е во сопственост на “Arton Capital” рангира пасоши на 193 земји и шест региони кои се членки на Обединетите нации. На врвот на скалата се земји со кои пасоши можете да влезете во друга земја без виза и посебни барања.Обединетите Арапски Емирати се искачија на врвот на листата во рекордно време. Тие за првпат беа евидентирани во списокот во декември 2016 година (на 27 место), а за две години достигнаа број еден. Во топ 10 земји се наоѓаат Сингапур, Германија, Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија и Холандија, со чии пасоши можете да влезете во 165, односно 166 земји во светот.Македонија е рангирана на 37 место на листата, и со македонскиот пасош можете да влезете во 118 земји во светот.

Македонија | пред 7 години

velosiped-1

Студенти измислија градски систем на електрични велосипеди кои ќе го прочистуваат воздухот со филтри

Сообраќајот во Македонија го сочинуваат застарени возила кои значително влијаат врз загадувањето на воздухот – број еден проблем на секој граѓанин. Инсипирани и револтирани од целата ситуација, студенти од Машинскиот факултет, со помош на својот професор одлучија да дадат свој придонес во решавање на проблемот. Изминатава година ипол тие работеа на проектот што го именуваа како „ГЕТ-Велосипед“, објави Радио МОФ.„ГЕТ е систем од велосипед, станица и желба за чист воздух“Основата на нивната иницијатива е на граѓаните да им се понуди нова услуга, која овозможува алтернативен начин за движење во градската средина. Целта е развивање на градски систем на електрични велосипеди кои ќе го прочистуваат воздухот со филтри, паралелно намалувајќи го бројот на автомобили во градскиот сообраќај.„Фрустрацијата од состојбата со загадувањето е воедно засилена од „незаинтетесираноста“ за своеволна промена на навиките кај еден дел од граѓаните“, вели Филип Попоски, член на тимот, во интервју за Радио МОФ.Проектот е првично наменет да им помогне на локалните власти во државата, нагласува тој.„Суштината е на локалните власти да им понудиме систем за еден вид на изнајмување на велосипедите. Овој систем во еден дел би наликувал на ЈСП. Разликата помеѓу овој систем и некои други постоечки системи е во тоа што овој систем нуди воедна голема флексибилност и ниска цена за изведба. Корисниците би го изнајмиле велосипедот од станица за велосипеди или од локацијата на која ќе го „пронајдат“ велосипедот. Ова изнајмување за почеток се одвива со скенирање на картички со кои може да се отклучи велосипедот. Кога корисникот го отклучи велосипедот, тој може да го вози до посакуваната дестинација. По завршувањето на употребата, корисникот го заклучува велосипедот, со што завршува возењето и наплатата на услугата. Тоа значи дека наплатата зависи од патот кој го изминал при возењето на велосипедот. Разликата помеѓу паркирање на велосипедот на станицата и на одредено растојание од неа, е во наплатата. Територијата на која се користи системот е поделена на неколку зони, поделени во однос на оддалеченост од станиците, во зависност од овие зони, се извршува различна наплата кај корисникот“, објаснува Попоски.На самите велосипеди ќе бидат поставени и филтри кои ќе го искористуваат нивното движење за да го прочистуваат воздухот.„Самиот филтер материјал се вградува со посебни држачи на тркалото на велосипедот, а при самата ротација на тркалото го зафаќа и прочистува воздухот. Многу значаен аспект на овие филтри, покрај тоа што не трошат било каква енергија, е тоа што истите може да се монтираат на било кој велосипед, без разлика дали истиот е електричен или класичен“, појаснува Попоски.Во развојот на нивната идеја најголема поддршка добиле од нивниот професор Иле Мирчески. Фондот за иновации и технолошки развој, пак, го награди нивниот труд во рамките на минатогодишниот „О2 Предизвикот“ .Велосипедите ќе имаат вграден GPS и дизајн што ќе ги штити од оштетувањеПо завршувањето на најтешката задача, тимот сега работи на оптимизација на системот, со тоа и намалување на оперативните трошоци, а воедно и цената на велосипедот.„Според нашите претпоставки, имајќи во предвид дека се уште има детали кои треба да се уредат, еден ваков велосипед би чинел околу 1200 евра кога би се продавал на поединечни корисници. Иако навидум тоа е висока цена за еден велосипед, таа е значително пониска од тоа што денес се нуди на нашиот пазар. Кога станува збор за цената, битно е да се напомене дека најдобро за нашиот пазар е имплементација на градски систем од кој се изнајмуваат велосипедите“, истакнува Попоски.Тие се свесни дека во моментов нема доволно велосипедски патеки во градовите, но веруваат дека токму ваков градски транспортен систем може да помогне во подобрување на инфраструктурата за велосипедите.„Ова лесно се остварува кога се има во предвид дека секој велосипед во системот се следи со помош на GPS, а со тоа може да се дознае кои се критичните локации на кои има потреба од дополнителна велосипедска инфраструктура“, забележа Попоски.Досегашните обиди на локалните власти за изнајмување на градски велосипеди не поминаа успешно. Голем дел од нив беа оштетени, или пак, украдени, а не функционираа ниту станиците од каде секој граѓанин може да го изнајми велосипедот.Според Попоски, единствен начин да се реши проблемот со оштетување на велосипедите е да се предвиди дизајн, односно кострукција која нуди максимална заштита од овие оштетувања.„Значаен проблем кој се појави со обичните туристички велосипеди е кражбата. Овој проблем ние го решаваме со активно следење на локацијата на велосипедите преку наведениот GPS, а дополнително на тоа секој велосипед е враден со аларм, кој се активира при негово поместување кога истиот е заклучен. Нефункционалноста со станиците за изнајмување кое се јавува кај системи како оној во Мадрид, покрај подобрувањата во дизајнот и конструкцијата на станиците, се решава и со воведувањето на зоните, односно корисникот не би трпел последици доколку велосипедот не може да го постави на самата станица. Секако ќе постои и начин за активно пријавување,следење и решавање на проблемите“, најавува тој.Па така, секој поединец којшто ќе се реши да го изнјами нивниот велосипед како превозно средство и притоа да помогне во прочистувањето на воздухот, ќе може да го полни во рамките на градот, со достапни станици за полнење на батеријата.Во моментов немаат инвеститори, но следен чекор, вели Попоски, е да преминат кон поединечно производство на велосипеди кои дирекно ќе се продаваат на корисници. Паралелно со ова, ќе се обидат да ги убедат локалните власти за значењето на нивната идеја.извор: Рдио МОФ

Македонија | пред 7 години

vreme

Времето денеска постудено и ветровито, со температура до 12 степени

Времето денеска ќе биде сончево и претпладне постудено со мала локална облачност, само во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 4 до 12 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер, со температура до 7 степени.До сабота претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни, а најстудено ќе биде во петок наутро. Под влијание на нов влажен бран од сабота кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад. Потоа поради спуштање на постуден воздух од север, од недела на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, а на пониските места од дожд и снег.

Македонија | пред 7 години

ikoni-1

Фреските повеќе не се цртаат туку лепат

Нови тренд во црквите во Македонија. Фреските кои се симбол на внатрешноста на црквата од неодамна повеќе не се исцртуваат туку лепат како тапети. Токму поради ова се наметнува прашањето дали и зборот Фреска е соодветен затоа што Фреска е слика добиена со традиционална постапка на сликање со директно нанесување на бојата на свеж малтер.Изгледот на црквата е потполно идентичен и со оваа техника. Никој неможе да поверуваа дека ѕидовите не се исцртни туку излепени.фото: Студио За Икони СимеоновОваа техника во Охрид се користеше во црквата „Воскресение Лазарево“ на градски гробишта, која беше осветена на 19.10.2017 год.Но, не само во Охрид оваа техника се користела во се повеќе цркви низ Македонија, а тапетите се набавувале од Италија.Инку фрескисликарството е најстара техника во сликарството која датира од праисторијата. Името и усовршувањето на техниката, доаѓа од времето на италијанската ренесанса.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Гневот на жолтите елеци не запира, велат одлуката на Макрон е донесена предоцна

Француските демонстранти ја поздравија синоќешната одлука на претседателот Емануел Макрон, кој се откажа од зголемување на данокот за гориво планирано за следната година, но истакнаа дека можеби тоа не би било доволно да се смири гневот на јавноста.– Мислам дека одлуката е донесена предоцна, изјави портпаролката на Жолтите елеци, Жаклин Муро.Таа додаде дека сега различни протестни групи ќе одлучуваат за понатамошните чекори, но оцени дека е многу веројатно дека ќе продолжат со протестите.Потегот на Макрон е исправен, но мислам дека нема суштински да го смени курсот, посочи Муро.Таа ги повика демонстрантите да ја искористат слабоста на француската Влада и да поднесат и други барања, како што е зголемување на минималната плата.Неименуван претставник на Елисејската палата изјави дека претседателот Емануел Макрон се откажал од зголемување на данокот за гориво поради страв од ново насилство, по повеќенеделните протести ширум Франција и најголемите немири во Париз по повеќе децении.

Свет | пред 7 години

bus-pogreb

(ВИДЕО) Заврши погребната церемонија на Буш - на погребот историчар раскажа смешни моменти и ги насмеја сите

Денеска во Вашингтон беше погребан 41-виот претседател на САД постариот Џорџ Буш. На погребот присуствуваа најголемите американски и светски лидери. Поранешните претседатели на САД Џими Картер, Бил Клинтон, Барак Обама, како и актулниот претседател Доналд Трамп, но ниту еден од нив не оддржа говор.Илјадници граѓани на САД му изразија почит на постариот Буш кој почина на 30 ноември на 94-годишна возраст.Говореше историчарот и биограф на Буш, Џон Мехам, раскажа и смешни моменти па сите се смееја.Буш, водејќи кампања во една стоковна куќа, еднаш по грешка се ракувал со кукла од излог. Наместо да поцрвени од срам, тој едноставно рекол: „Никогаш не знаеш“.САД го прогласија 5. декември за ден на жалост.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања