ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

foto-100-must-have-

За првпат во Македонија: Трговците избраа ТОП 100 брендови

Трговците од Македонија избраа 100 брендови кои секоја подобро снабдена продавница треба да ги има на своите полици во 2019 година. Ваков избор за првпат се организира во Македонија, а е во организација на магазинот InStore, специјализиран магазин за трговија со стоки за широка потрошувачка.Брендовите се објавени во специјалното издание 100 MUST HAVE 2018/2019, кое од денеска бесплатно се дистрибуира.Изборот беше направен врз основа на телефонска анкета што ја спроведе InStore во октомври и ноември 2018 година, на примерок од 300 испитаници, во 50 категории  производи. 100 MUST HAVE  беа селектирани од вкупно 800 брендови кои беа спомнати во анкетата.„Се надеваме дека преку проектот 100 MUST HAVE производи ќе ја олесниме работата на трговците и на производителите/дистрибутерите, кај едните за изборот, кај другите за поставување на нивните производи во малопродажните места низ Македонија. Ова е мал придонес во вечната борба за полица, борба која брендовите што се најдоа меѓу 100-те избрани од трговците успешно ја водат на повеќе полиња“, изјави Верица Мартиновска, директорка на InStore.Изборот на 100 MUST HAVE e регионален проект на InStore: специјална едиција беше издадена во Босна и Херцеговина, а се подготвува и во Србија.Целосната анализа на податоците добиени од анкетата, како и листата на 100 MUST HAVE брендови меѓу трговците можете да ја најдете овде

Магазин | пред 7 години

andov-komplet

Утре промоција на Избрани дела од Стојан Андов

Во свчената сала на Кинотеката на Македонија, на 30-ти ноември (петок) 2018 година во 18 часот, ќе бидат промовирани Избраните дела од Стојан Андов.Во колекцијата од десет томови застапени се книгите: „На мој начин“, „Моите патувања“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“ ,„Приказната на Марија“, „Драматичната 1991 година“, „1992-година на опасни предизвици“, „Успеси и заговори -1993 година“ и „Пред атентатот и по него“.За мемоарско-публицистичките и литературни дела ќе говорат Раде Силјан, главен уредник на изданието, акад.Владо Камбовски, писателот Блаже Миневски, надворешно-политичкиот коментатор Љубомир Гајдов и амбасадорот Љупчо Арсовски.Со промоцијата на Избраните дела „Матица македонска“ ќе ја  одбележи и осумдесет и тригодишнината од раѓањето на Стојан Андов,прв претседател на Собранието на Република Македонија

Магазин | пред 7 години

PRO_5289

Пациентите со ретката болест „Гоше“ бараат да се набави и орална терапија

Пациентите со ретката болест „Гоше“ очекуваат да се набави и орална терапија која е со иста цена и наместо на инфузија да доаѓаат на две недели да можат таблетки да користат секој ден. Со тоа ќе нема болнички денови за примање на терапија, пациентите нема да мора да патуваат до клиника на секое две недели и ќе можат да имаат подобар квалитет на живот, рече претседателот на Здружението „Живот со предизвици“, Весна Алексовска на стручното предавање за ретки болести, што се одржа во Тетово.Таа изрази надеж дека сите пациенти со ретки болести ќе ја имаат истата можност за нормален живот во Македонија. Со терапија, посочи, ние можеме да имаме семејство, да работиме и да придонесуваме како и сите граѓани на Македонија.– Во Македонија над 10 пациенти боледуваат од „Гоше“. Болеста се манифестира во три типови, но во Македонија е присутен тип 1 кој се манифестира со зголемување на слезината, зголемување на црниот дроб, кршливи коски, намалени тромбоцити и хемоглобин, намалена енергија… Исто така имаше и пациенти со Гоше тип 2, но тој тип болест е многу сериозен и брзо напредува и не помага терапија. Тројца пациенти со ваков тип веќе се починати пред да наполнат година дена, а за родителите е обезбедено генетско советување за да може да планираат семејство, истакна Алексовска..Нагласи дека заболените од ретки болести и членовите на нивните семејства се со еднакви потешкотии што произлегуваат токму од реткоста на нивната болест. Проблемите, посочи, се многубројни, од поставување на конечна дијагноза, пристап до адекватно лекување, до социјална исклученост и живот на маргините на општеството.– Очекуваме Министерство за здравство да најде начин да се обезбеди терапија за сите пациенти кои ја чекаат. Моментално нема достапна терапија за пациентите со диопатска пулмонална фиброза, за душенова мускулна дистрофија, за чург штраус од која боледува само еден пациент и нема достапна терапија…Има и други кои чекаат и на регистрација и на одобрување на лекови, рече Алексовска.Таа потенцира дека новодијагностицираните пациенти од болест за која веќе се набавуваат лекови, не треба да чекаат нареден тендер, бидејќи за нив немало количини во тековната година.– Тендерите и набавките треба да се навремени и соодветни со цел ниту еден пациент да не се остави на чекање. Чекањето значи напредок на болеста кој често е иреверзибилен и значи губење на квалитет на живот и години од животот на пациентите, за некои чекањето значи и смрт. Министерство за здравство ја најави новата програма за ретки болести за 2019, која е иста како 2018 година и апелираме соодветно да се направат пресметки за да има простор и за нови лекови и за нови пациенти и за дополнителни количини на лекови, за да нема чекање за достапност на терапија за семејствата да имаат поквалитетен живот, додаде Алексоска.

Македонија | пред 7 години

myXOyFZ7L8t1BfJEefXY2g0wP0ESQDPkrZzt1ctu

Пронајдена граната од Прва Светска војна во Охридското езеро

Утрово во 06:30 часот, од водите на Охридското езеро е извадена артилериска граната 75mm од Првата Светска војна, со превземени безбедносни мерки.Ангажиран беше нуркачот и пиротехнологот Милутин Секулоски тим лидер на тимoт за заштита и спасување под вода од Дирекцијата за заштита и спасување, претходно обучуван и ангажиран при чистење на Охридското езеро во неколку фази од неексплодирани убојни средства заостанати од Првата Светска војна.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Светска Банка со загрижувачки бројки: Една четвртина од Македонците се сиромашни, само 50 проценти од работоспособните вработени

Загрижувачки бројки за економската состојба во Македонија. Една четвртина од населението живее во сиромаштија, само 50 проценти од работоспособните се вработени, велат извештаите на Светска Банка за нашата држава. 25 проценти од македонските домаќинства живеат со помалку од пет долари дневно, објави Алфа.-Една четвртина од населението во Македонија живее во сиромаштија. Тоа е компатибилно со бројките од статистите на Светската Банка каде се класифицираат домаќинствата во кои се живее со помалку од пет долари на ден, изјави Марко Хернандез од Светската Банка.Според Светската банка реформите што ги спроведува власта во Македонија не ги даваат посакуваните резултати. Се изразува и сомнеж околу прогресивното оданочување кое власта ќе го имплементира од следната година.-Има пречки во однос на капацитетите за приходи за имплементирање на политиките. Ние сметаме дека има простор за подобрување на ефикасноста, кога станува збор за оданочувањето, но, исто така, кога го гледаме прогресивното оданочуваме забележуваме дека има една маргина и дека може да се биде попрогресивен без притоа да се поткопува ефикасноста, рече Марко Мантованели, директор на Светска Банка за Македонија.Еден од најгорливите проблеми во нашата држава е и образованието, според Светската банка младите не добиваат доволно познавања во однос на годините кои ги минуваат во училишните клупи.-Многу е важно да се подобри квалитетот на образованието. Тоа е еден од приоритетите за кои дискутиравме со Владата и за акциите кои треба да се преземат за подобрувањето на неговиот квалитет. Една од работите кои ги детектиравме е дека децата кои одат многу го години во училиште добиваат многу помало знаење во однос на годините колку што се образуваат. Критично важно е како да се подобри силата на образованието, изјави Линда Ван Гелдер, регионален директор на Светска Банка за Западен Балкан.Светската банка предупредува и за системските проблеми по кои Македонија заостанува зад останатите земји, како што се политичката нестабилност, владеење на правото, контрола на корупцијата.Извор:Алфа  

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Историски час за „Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава“

Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод јубилејот 75 години од Второто заседание на АВНОЈ од 29 Ноември 1943 година, денеска во големата сала на Општина Охрид, организира историски час на тема  „ Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава “.На трибината, на која учествуваа градоначалникот Јован Стојаноски и претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска, за овој важен историски настан зборуваше професорот по историја  Наце Иваноски.

Македонија | пред 7 години

igor-durlovski-1

Фејсбук статус на Игор Дурловски: Една година од како ме одведоја во Шутка

Помина точно една година и еден ден од утрото на 28ми ноември кога дванаесет припадници на МВР, специјалци во полна опрема влегоа во мојот дом, утрото во пет часот. Моите три деца и денес се навраќаат на таа сцена, кога уште несвесни дали се работи за јаве или сон, разбудени од крици, движења и звуци кои не се вообичаени за нормален детски свет, сликата која прва ја гледаат - нивниот татко го носат од дома непознати луѓе во униформи, како на филм, како на лоша претстава, со тоа што овојпат е вистинско, ладно, мрачно, гадно, нема пауза помеѓу чинови, само една длабока траума со која без никаква нивна вина се соочени од најмали.Моите деца тој ден не отидоа на школо.Мене ме одведоа во Шутка.Истиот ден го прочитав обвинението. Терористичко загрозување на уставниот поредок. Уставниот поредок на Република Македонија...Македонија...единствената вистина за која сум се борел покрај семејството и блиските, Македонија. Македонија, последната светла точка во секој разговор со моите татко и мајка, раскажувајќи за маките со кои биле соочени во минатото, бегалци, борејќи се секојдневно со предизвиците на сиромаштијата, единствено најблиските, семејството, и Македонија беа Вистината, смислата. Сепак, дојде време да се соочам и со ...според мене одекот, ехото на... секој еднаш во животот ќе мора да се соочи со судбината.Покрај фактот дека поголемиот дел од мојот живот може да го поминам во затвор, се соочив и со обвинувањето дека единственото нешто за кое искрено сум се борел – сум го загрозил, и тоа терористички. А обвинението? Сакам да пишувам за тој ден, 27 април, за Вистината, соочена наспроти напишаното со заслепувачка омраза.Запишано е дека сум држел потпалувачки говори за да повикам народ. А фактите за кои и обвинителството е запознаено се следниве:После пеењето на химната, пред Владата на Република Македонија, заминувам со мојот тогаш 9 годишен син на ракометен натпревар.Се наоѓам пред "Јане Сандански" кога дознавам дека народот кој беше пред нас 82 дена, веќе е влезен во Собранието, го одвезувам син ми и се упатувам натаму. После половина час од влегувањето, се појавувам во Собранието, каде неколку илјади се веќе присутни, ме пречекуваат, ...се упатувам накај пленарната сала, застанувам до моите колеги со кои протестиравме изминатите денови...Горди луѓе кои пејат родољубиви песни.Обвинителството не поседува ниедна снимка, ниеден цитат нити доказ од било каков потпалувачки говор, моето присуство таму е чин на лојалност и поддршка на неколкуте илјади искрени поддржувачи на мирната борба за зачувување на Република Македонија. Информациите за настанот на друго место во зградата на собранието ги добивам пред моето излегување од зградата, и навраќајќи се од оваа перспектива на тие моменти, сигурен во своите проценки и постапки, тврдам дека моето присуство таму е со чиста мотивација и искрена желба да се заштити а не да се загрози, да се заштити а не да се нападне, да се биде со своите, заради чест, заради љубов, заради верба во луѓето.Од оваа перспектива, после година дена преиспитување, борба со чувствата и практичните проблеми, меѓународната кариера која е стопирана, секојдневна состојба на неизвесност, адвокати, обвинители, судии... семејството... притворот како една посебна драма во мојот живот и во животите на моите деца и мојата сопруга, траумите кои им ги нанесов на моите најблиски, преиспитувањето на се што било и се што треба да дојде, сето тоа мене лично ми беше една животна лекција, едно искушение, една борба, најголема, после која сум уште поубеден, посилен, со почиста мисла. Но тоа е лично, тоа ќе си го носам јас и ќе си го носат моите најблиски како товар до крајот на животот.Тоа што деновиве е актуелно, е таканареченото помирување, помилување, простување... Христијански е да се прости. Простувањето е највисокиот чин на моралните. Во случајов прашањето кое си го поставувам е кому треба да простам и кој мене треба да ми прости?Треба ли да им простат на стотиците луѓе кои искрено ми пристапуваат, ме прегрнуваат, се фотографираат со мене на улица, ми даваат поддршка да истраам во овие премрежија...или треба да им простам на тие кои со злокобна радост и лиги ги читаат гнасните обвиненија за мене и други, жедни за крв и одмазда, омраза кон замислен душман, потсвесно конструиран лик кој треба да ја надокнади нивната немоќ да се соочат со реалноста? Милост не барам, само ПРАВДА!Да, подготвен сум да му простам на еден бивш министер, кој ја саботираше свесно претставата "Турандот" набргу после моето излегување од Шутка...Простете им на моите поддржувачи кои покажаа доблест и храброст таа вечер да го извикаат моето име од публиката иако во тој период беше екстремно ризично да се биде покрај мене таму...Подготвен сум да им простам на раководството во мојата матична куќа МОБ, мојот втор дом, кои се правдаа зошто ме ангажирале да го правам тоа што знам – да пејам.Нека му биде простено и на бившиот синдикалец, сегашен директор на македонската филхармонија, кој трудејќи се да ви се допадне сакаше да го откаже настапот на мојата сопруга...Подготвен сум да и простам и на бившата револуционерка, претседателот на УО, која денеска напаѓајќи го истиот директор, го споменува нашето име, ако и помага?Им простувам на сите оние луѓе на кои сум им помагал во животот искрено, кои во тие моменти беа на сигурна дистанца од мене...дали тоа ќе им помогне денес?Простувам и на сите мои блиски пријатели, кои се плашеа да стават лајк на постовите за моја поддршка, простувам и на дел од моите роднини, луѓето од кои очекуваш да бидат блиску кога е најтешко...Простувам на македонските колеги кои за разлика од странските ја преспаа неправдата врз мене и моето семејство. Простувам и на поголем дел од новинарите, кои свесно објавуваа и пишуваа, гласно извикуваа работи за кои знаат и самите дека се невистини...Ви простувам на сите за тоа што моите деца спиеја на моето место додека јас ја делев ќелијата во Шутка, ви простувам на сите за стресот кој и денеска децата го имаат кога ќе го напуштам домот и ме прашуваат дали го понесов мојот мобилен телефон. Ви простувам и за нивната мака и нивната траума, се надевам дека еден ден и тие ќе пораснат, ќе разберат, сфатат дека човечки е да се простува... Ви простувам, ја разбирам вашата слабост и уште ќе бидам тука за вас, на сцената и во публиката...Тоа што сакам да остане запомнето од овој мрачен период е храброста, љубовта и искрената верба на оние кои останаа до мене во најтешките моменти, бидејќи уште еднаш ми докажаа дека борбата за доброто на сите има смисла и истата е вредна за секој искажан збор, гест и постапка. Ми ја сочуваа надежта дека човекот се гради со секое искушение во подобар, поголем...А за разнебитувањето... Молете се идните генерации да ви простат.Сакам да ви се заблагодарам на сите што бевте со мене со вашиот збор, присутност во моја близина, допаѓање или коментар на мојот профил, на оние кои ги познавам лично и не сум имал чест да ги запознаам, на сите оние кои сте биле или не сте биле во можност на било каков начин да се вклучите во оваа борба.Живеејќи го ова лудило, успеав да ја сочувам честа и достоинството, имајќи покрај мене една посебна, голема жена, жена – лавица, жена – мајка, жена херој...на која јавно и се заблагодарувам што беше силна покрај мене, мојата сопруга Ана.Простете ми но јас ќе завршам со една фраза која ја употребував на секој протест.Да живее Македонија!Ваш Игор.  

Македонија | пред 7 години

kamen-granicen

Битолчанец признал дека ги оштетил граничните камења на границата со Грција

Регионалниот центар за гранични работи Југ го расчистил настанот од 23 овој месец кога беа оштетени и поместени граничните камења помеѓу Македонија и Грција.„По преземени мерки констатирано е дека сторител на кривичното дело ‘оштетување туѓи предмети’ е Б.М.(36) од сeлото Гермијан, Битола. Во полициска станица извршен е разговор со Б.М. и тој го признал кривичното дело“, соопшти полицијата.Во координација со Основното јавно обвинителство Битола и по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава. 

Македонија | пред 7 години

kucinja-skitnici

Нов случај на напад на кучиња скитници, искасани малолетно дете и жена

Малолетно дете и жена биле нападнати од кучиња во Скопје. Првиот случај се случил во вторникот, кога Б.Т. била искасана од куче околу 13,00 часот на улица „Антон Попов” во Скопје.Вчеравечер, пак, А.Ж.С.(36) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на улица „Бојмија” во Скопје нејзиното малолетно дете било каснато од куче-скитник.

Скопје | пред 7 години

dedo-tamara

Укината затворската казна за дедото на малата Тамара , судот одлучи судењето да почне одново

Aпелациониот суд донесе одлука да му ja укине затворската казна од 7,5 години на дедото на малата Тамара кој пукаше во Никола Тодоров поранешниот министер за здраство. По жалба на одбраната на Љупчо Стојановски, судот одлучи судењето да почне одново.Стојановски пукаше во Тодоров непосредно пред тој да ја предаде должност на новиот министер Арбен Таравари на 1 јуни минатата година.За поседување на оружје му беше одредена казна затвор од една година. 

Скопје | пред 7 години

ukrasi-skopje

Скопје годинава ќе биде најскапо украсен – склучен договор за 260.000 евра

Бирото за јавни набавки го објави договорот меѓу Град Скопје и фирмата „Линк медиа плус“ за досега најскапото новогодишно украсување на градот, кое ќе чини околу 260 илјади евра со ДДВ.Оваа фирма редовно го добива тендерот за украсување на главниот град, но во претходните години украсувањето беше видно поевтино.Според договорите за јавни набавки, минатата година за оваа намена биле платени 195 илјади евра, исто колку и во 2016 година додека градоначалник беше Коце Трајановски. Во 2015 година украсувањето чинело најмалку, околу 170 илјади евра.Според договорот, за овие 260.000 евра што ќе се одвојат од буџетот, Скопје ќе добие новогодишна елка што ќе биде поставена на плоштадот Македонија и на неколку други локации, а предвиден е и огномет за новогодишната ноќ. Во договорот од минатата година склучен со фирмата „Линк медиа плус“, пак, не бил предвиден огномет.Минатата недела градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека „граѓаните мора да добијат нешто што не го добивале досега“.„Во текот на декември на плоштадот Македонија првпат ќе осамне новогодишна населба, нешто што во Скопје досега го немало. Нашиот план е населбата со име Винтерленд (Зимска земја) за граѓаните да се отвори на 7 декември. Во неа ќе има куќички украсени во новогодишен амбиент и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во селото ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер“, рече тој. 

Скопје | пред 7 години

navreedliva-poraka

Советник во Собрание со крајно навредлива ФБ порака за смртта на академик Блаже Ристовски

Лице вработено како советник во Собранието на Република Македонија на коментар на објава за смртта на академик Блаже Ристовски напиша недоличен коментар. Коментарот “цркнал конечно” го напишал од својот ФБ профил , а админите на страницата каде беше напишан го отсраниле. Но сепак твитер заедницата го виде и крена аларм за однесувањето на кадри вработени во Собрание од албанската полулација.

Скопје | пред 7 години

zaev-sobranie-1

Заев: Можна е инвестиција на Facebook и Google во Македонија, ако е извесно членството во НАТО и ЕУ

„Колку сте задоволен од инвестицијата на интернет гигантите Facebook и Google во Македонија“? Запраша иронично на денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.„На 12 септември 2017 година на 24 вести изјавивте дека директно работите со овие две мултинационални компании, дека за разлика од Швајцарија и Ирска кои им бараат данок на добивка од 23 проценти, односно 19 проценти вие им нудите данок на добивка од 3 проценти и дека истите ќе дојдат во Македонија со 30 милијарди евра добивка. Три дена подоцна во Топ Тема кажавте дека сте во напредна фаза на преговори со Фејсбук и Гугл, а на 19 септември имавте средба со господинот Коен еден од директорите на овие компании, по што изјавивте дека сте поставиле добри основи за соработка и инвестирање во Македонија. Моето прашање е како сте задоволен од реализацијата на најавените инвестиции на Фејсбук и Гугл во Република Македонија“, праша Милошоски.Заев одговори дека инвестициите на Фејсбук и Гугл се посакувани во секоја земја, но дека таквите инвестиции зависат од извесноста на членството на Македонија во ЕУ и НАТО:„Верувам дека таква инвестиција можно е да се рализира во Македонија. Очекувам Македонија да има сигурна иднина со членството во НАТО и ЕУ, почнуваме со скринингот и разговори. Ова е извесна можност да се случи во Македонија, ќе продолжиме да разговараме и кога ќе имаме нешто конкретно ќе го соопштиме. Негувам надеж ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди со уставните амандмани и стане извесно членството во ЕУ, сите заедно ќе помогнеме бордот на директори да донесат одлука за инвестиција“ , рече Заев.Милошоски, незадоволен од одговорот, го обвини Заев дека Владата ширела лажна пропаганда и лажни ветувања, и дека кога ги најавувал инвестициите премиерот не спомнал ништо за членството во ЕУ и НАТО. Според Милошоски, Владата работи единствено на тоа да создаде привид дека работи, а членството во овие организации го користи само како алиби за својот неуспех. „Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ви ставаат лајкови на вашите постови – тоа е единствената инвестиција што сте ја направиле од Фејсбук“, заклучи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.  

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Рација во седиштето на „Дојче банк“ поради скандал со перење пари

Германското обвинителство влезе во главното седиште на „Дојче банк“ во Франкфурт, во рамки на истрагата за перење пари, јавуваат германските медиуми.Германскиот јавен обвинител тврди дека двајца вработени во банката им помогнале на одделни клиенти да перат пари од криминални активности.Другите канцеларии на „Дојче банк“ во градот исто така биле претресени во операција која вклучувала околу 170 полицајци и службеници.Акциите на „Дојче банк“ паднаа за 3 отсто откако се појавија вестите за рацијата. Компанијата потврди дека полицијата извршила рации во неколку локации во Германија и дека целосно соработувала со истрагата.Документи и електронски фајлови се заплетени од страна на службениците за време на рациите на имотот на банката.Истрагата почна со откритијата во 2016 година „Панама пејперс”, кога огромна количина информации протекоа од една од најтајинствени компании во светот, панамска адвокатска фирма наречена „Мосак Фонсека“.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Компанија испуштала отровни хемикалии во Брегалница

Полицијата поднесе кривична пријава против две лица од компанија во Делчево поради загадување на водата и опасност за опстанокот на животинскиот свет.МВР наведе дека од објектот на првопријавеното правно лице, во кое второпријавениот е управител, преку цевката за отпадни води, во реката Брегалница биле испуштени отпадни води со хемиски агенси кои се отровни за животинскиот свет, со што предизвикале опасност за опстанокот на рибите во реката Брегалница. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Притвор за двајца разбојници кои ограбија и претепаа жена во Кривопаланечко

Основното јавно обвинителство од Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.Како што информираат оттаму, осомничените на 16 октомври минатата година насилно влегле во семејна куќа во селото Конопница, Крива Паланка и физички ја нападнале сопственичката удирајќи ја неколкупати по главата и телото со дрвен стап и обраќајќи и се со зборовите „каде се парите“.Притоа, со употреба на сила и сериозна закана од жената одзеле пари во износ од 20.000 денари и една златна паричка.Против двајцата осомничени, Основното јавно обвинителство Куманово до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување притвор.Судијата со решение го уважил предлогот на обвинителството и определил притвор за двајцата осомничени во времетраење од 30 дена. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Работник почина при одрон на земјиште во Припор

Вчера на улицата Христо Татарчев во скопската населба Припор дошло до одронување на земјиштето, при што биле потрупани двајца работници, од кои едниот починал, соопшти полицијата.„Ѓ.Ѓ (57) од Скопје починал на местото на настанот, додека Ш.Ш.(52) од Куманово со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница ‘Св. Наум Охридски’“, велат од МВР.Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пронајдена марихуана кај две лица од Скопје

Полицијата поднесе кривични пријави против две лица од Скопје, од кои едниот на 20, а другиот 29-годишна возраст, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.При извршен преглед и легитимирање кај лицата пронајдена била марихуана, соопшти МВР. 

Скопје | пред 7 години

vmro-11

ВМРО-ДПМНЕ: Европратениците рекоа дека ни се потребни реформи на секое поле

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, како дел од собраниска делегација учествува на настанот „Тркалезна маса на високо ниво за процесот на евроинтеграција на Западниот Балкан во регионален поглед во Брисел“.Мицевски во Брисел остварил повеќе средби меѓу кои со европрениците: Алојз Петерле, Кнут Флекенштајн, Едуард Кукан, Иво Вајгл и Рајнхард Бутихофер, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.„На средбите се разговараше за евроинтеграцискиот пат на Република Македонија, при што од европратениците беше посочено дека за членство во ЕУ ни се потребни вистински реформи на секое поле“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Опозицијата појаснува дека европратениците ја посочиле потребата од реформи во правосудството и јавната администрација, како и во безбедносните служби. Заемно заклучиле дека борбата против криминалот и корупцијата е исто така важен сегмент во насока на нашите евроинтеграции. 

Македонија | пред 7 години

mkd-zgradi

О2 Иницијативата ја повика МПЦ да ја подари парцелата во Центар за парк

О2 Иницијативата преку јавен повик побара Македонската православна црква да се откаже од парцелата спроти „Холидеј ин“ и место згради таму да се изгради парк. О2 ја повикува црквата да не ги осудува децата на живот во гасни комори и да не дозволи материјалното да го засени духовното.„Ве повикуваме плацот што го поседувате во строгиот центар на Скопје да го донирате за парк што ќе биде симбол на вера и љубов, она што на овој народ во овој момент покрај чистиот воздухот му е најпотребно. Практикувајте го она што го проповедате, вратете ја надежта на луѓето во добрината и духовноста. Не осудувајте ги нашите деца на живот во гасни комори, бебиња на борба за живот уште неродени, не нè терајте да молиме за воздух. Во име на тие деца и нивната иднина не правете ја оваа грешка, не давајте материјалното да го засени духовното. Конечно, и вие некогаш некому, на својот народ или на Бога, ќе треба да одговорите која е потребата на духовни лидери да се опкружуваат со материјални работи. Која е потребата до вашите црковнички титули да стојат суми испишани во евра? Во вашиот земски живот правевте добро или зло?“, стои во јавниот повик објавен на „Фејсбук“.Од Иницијативата нагласуваат дека надежта е алката која во ова руинирано општество сè уште колку-толку ни ја држи главата над водата. Надежта за квалитетен живот, љубовта кон својот град и верата во добрината на сограѓаните.Македонската праволсвна црква по пат на денационализација стана сопственик на парцела од 3.766 квадратни метри спроти „Холидеј ин“, кои ги отстапила на фирмата „Обновители“, која, пак, за возврат треба да изгради зграда во која МПЦ ќе има канцеларии. Сопственикот на „Обновители“, Зоран Антиќ, е сопственик и на „МГ Фешн“ која, пак, од државата ја откупи соседната парцела од 9 000 квадратни метри по цена од 312 евра за квадратен метар.На земјиштето спроти „Холидеј ин“, иако почна расчистувањето на времените објекти, сè уште не може да се гради поради мораториумот за градење и ревидирањето на 30 детални урбанистички планови во општина Центар меѓу кои е и планот за ова земјиште. Граѓаните сметаат дека поради ревидирањето постои можност да побараат на просторот да се предвиди парк. Градоначалникот, пак, на општина Центар, Саша Богдановиќ, вчера изјави дека дали ќе се градат згради кои би биле со помала катност од сегашните 60 ката или, пак, просторот ќе добие друга намена ќе зависи од планот кој во моментов се подготвува. Тој најави дека нацрт-планот ќе биде изложен и граѓаните ќе имаат можност за забелешки. Треба да биде изготвен во следните два-три месеци.Пренамена на двете парцели спроти „Холидеј ин“ јавно побара и ексдиректорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Михаил Гаревски, кој ги повика граѓаните да го одбранат просторот од згради по примерот на одбраната на ГТЦ од барок кога се организираше гушкање на трговскиот. Тој смета дека на просторот спроти „Холидеј ин“, кој сега се користи како паркинг, треба да се изгради плоштад.

Скопје | пред 7 години

opstina-centar

Издадени седум нови решенија за отстранување урбана опрема во општина Центар

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во изминатиот период врши засилени контроли и инспекции, особено на локациите каде што има поставено дива и нелегална урбана опрема (затворени тераси, маси, столови…).„Издадени се 7 нови решенија за отстранување на урбаната опрема на правни лица кои се наоѓаат на територија на општината. Решенијата се веќе дадени на понатамошна обработка, а согласно со законската регулатива во Република Македонија, правните лица имаат определен рок во кој самите треба да постапат по решенијата и да ја отстранат урбаната опрема. Доколку не го сторат истото, општината ќе постапи по решенијата, во рамките на својата законска ингеренција“, велат од Општина Центар.Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ уште еднаш апелираат до сите засегнати страни и правните лица да се придржуваат до и да ги почитуваат правилата и процедурите за издавање одобрение за поставување урбана опрема и заградување на просторот.

Скопје | пред 7 години

mnr-i-brazil

Одржани политички консултации меѓу Македонија и Бразил

Во Бразилија вчера беа одржани политички консултации помеѓу Република Македонија и Федеративната Република Бразил. Делегациите на двете земји ги предводеа државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски, и генералниот потсекретар при бразилското МНР, амбасадорот Алесандро Кардеас. Политичките консултации коиндицидираат со одбележувањето на дваесетте години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Бразил.Димовски и Кардеас го истакнаа задоволството од позитивниот тренд на развојот на билатералните односи меѓу двете пријателски држави, при што беше нагласен заемниот интерес за продолжување и продлабочување на политичкиот дијалог и соработка, со посебен акцент на унапредувањето на економската и парламентарната соработка, како и соработката во областа на културата, образованието, туризмот и другите области од заемен интерес. Особено внимание беше посветено на продолжувањето на соработката на двете земји во рамките на мултилатералните организации.Воедно, беа разменети мислења и за актуелни теми од меѓународните односи, внатрешно-политичките и економски состојби во двете земји, како и за регионалните прашања во Југоисточна Европа и во Јужна Америка.Согласувајќи се дека одржувањето на политичките консултации помеѓу двете земји треба да стане редовна пракса, Димовски и Кардеас изразија надеж дека набргу ќе биде реализирана најавата за отворање на Амбасадата на Бразил во Скопје.

Македонија | пред 7 години

antonio_govornica

Милошоски до Заев: Вработување на нови 50 луѓе во Владата е да ви ставаат лајкови

Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ви ставаат лајкови на вашите постови е единствената инвестиција што сте ја направиле од „Фејсбук“, му порача на премиерот Заев пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната седница за пратенички прашања.Алудирајќи на најавената странска инвестиција од „Фејсбук“ и „Гугл“ во Македонија тој праша до каде е инвестицијата која лани ја најави премиерот. Заев одговори дека тие компании се посакувана инвестиција за секого, како и стотици други компании кои размислуваат, но дека членството во НАТО има влијание врз целиот процес.„Негувам надеж ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди со уставните амандмани и стане извесно членството во ЕУ, сите заедно ќе помогнеме бордот на директори да донесат одлука за инвестиција“ рече Заев.Милошоски, пак, обвини дека уставните измени и членството во ЕУ и НАТО се користи како оправдување да се покрие, како што рече, неспособноста на Владата да донесе странски инвестиции. 

Скопје | пред 7 години

sadnici-bitpazar

Засадени 40 јасени на Бит-пазар

За првпат на Бит-пазар ќе има дрворед. Засадени се 40 нови здрави висококвалитетни садници од видот јасен, истакна денеска портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, при промоцијата на овој зафат.Како што рече тој, Градот Скопје работи на намалување на загадувањето и подобрување на животната средина, односно на надоместување на изгубеното зеленило и зголемување на парковите и на дрворедите.„Мерната станица на оваа локација изминатиов период покажува висока концентрација на ПМ10 честички, а со зазеленување на овој простор ќе се влијае на намалување на загадувањето. Дополнително, со садењето дрва на оваа локација конечно ќе ги ослободиме тротоарите од возила. Приоритет оваа есен е обновување на сите постојни дрвореди во центарот на градот и подигање нови. Во Скопје по должината на градските сообраќајници и во средишните жардиниери на булеварите има речиси 500 пенушки кои ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници“, истакна портпаролот на Град Скопје.Тој додаде дека минатата недела бил реконструиран дрворедедот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов каде што биле заменети 40 исечени и паднати дрвја со нови висококвалитетни садници, односно со ист вид дрвја како што претходно имало во овој дрворед.Салиху најави дека есенва ќе бидат засадени 3.500 листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини.„Следната недела ќе се реконструира дрворедот на улицата Франклин Рузвелт, а во наредниот период ќе се подигне нов дрворед во Ѓорче Петров“, изјави тој.Посочи дека сите дрвја ќе бидат засадени внимателно, грижливо, задржувајќи се на автентичните видови какви што имало засадено на тие места.

Скопје | пред 7 години

pozar-avtomobil

(ФОТО+ВИДЕО)Во подметнат пожар изгоре автомобил на семејството на Миле Зечевиќ

Во пожар целосно изгорел автомобил „тојота корола“ паркиран на улицата Генерал Михајло Апостолски, во скопската населба Карпош 1. Опожарениот автомобил бил паркиран на улицата пред куќата во која живее Миле Зечевиќ, а возилото е во сопственост на неговата сопруга, обајви порталот мкд.мк.Се претпоставува дека пожарот, кој избувнал утрово околу 3 часот, бил подметнат.Полицијата извршила увид, но сѐ уште го обезбедува местото.Миле Зечевиќ е член на Централниот одбор на СДСМ.Во 2006 година беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а претходно и шеф на кабинетот на Владо Бучковски, кога овој беше министер за одбрана. Извор: мкд.мк

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања