ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

unicef

УНИЦЕФ: 1,5 милиони деца имаат потреба од хуманитарна помош

Две од секои три деца во Централноафриканската република имаат потреба од хуманитарна помош. Илјадници од нив се наоѓаат во рацете на вооружени групи или се жртви на сексуално насилство, предупредува УНИЦЕФ.Околу 1,5 милиони деца имаат потреба од хуманитарна помош во таа земја, во која долги години се водат борби меѓу вооружени групи.– Кризата ја зафати една од најсиромашните и најслабо развиените земји во светот, но истовремено е и една од најопасните држави за хуманитарните работници, изјави претставничката на УНИЦЕФ за ЦАР, Кристин Мухигана.Според неа, „ситуацијата во која се наоѓаат децата во ЦАР е очајна“.Курир.мк

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Кажете си ја оваа моќна молитва против лоши мисли

Понекогаш е потешко човек да се ослободи од лошите мисли отколку од лошите навики. Затоа помогнете си себеси со оваа убава молитва…„Боже мој, во чии раце е судбината моја,заштити ме според Твојата милост и не дозволувај да пропаднам во своето беззаконие,ниту да одам по волјата на телото кое со наслада и лакомост војува против духот.Јас сум Твое битие, не го презирај делото создадено од твоите раце, не се одвраќај од мене.Слаб сум, не ме презирај, Боже, затоа што Тебе ти се предадов:Исцели ја мојата душа, затоа што ти згрешив Тебе.Спаси ме заради Твојата милост, затоа што јас сум Ти верен од својата мадост.Нека се засрамат оние кои сакаат да ме оттргнат од Тебе со помош на нечисти дела, грди мисли и некорисни сеќавања.Оттргни ја од мене секоја нечистотија и секое зло.Затоа што Ти си врховен и бесмртен, семоќен и на сите им даваш сила за борба против гревот и неговата војска.Тебе ти доликува секоја слава, чест и наклон, сега, секогаш и во вечни векови.“

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Најчестите 10 лаги на мажите: Погледнете што се крие позади тоа што го кажуваат

Доктор Хаус вели дека сите лажат. И тоа е вистина. Некој повеќе, неколку помалку. Некој лаже за да повреди некој, некој за да не повреди некои чувства, некој за да избегне непријатни и тензични ситуации. Но, сите лажеме.Ова важи за сите односи кои ги имаме во животот, особено односите меѓу мажите и жените.И жените имаат свои лаги кои ги користат во своите односи со мажите, но за нив ќе зборуваме во друга прилика. Денес се фокусираме на белите лаги кои мажите ги користат во својата комуникација со жените. Се разбира, малце и духовитост провејува тука, затоа што таа секогаш е потребна.Истражувањата велат дека мажите лажат повеќе и поинаку од жените, а најчесто го прават тоа за да одведат жена во кревет. Еве што се крие зад најчестите реченици кои мажите им ги кажуваат на жените.1 . Ќе ти се јавам. (Ако ми пропаднат останатите планови.)2.  Немам девојка. (Моментално покрај мене.)3. Не сакам секс. (Исто како и вие кога одите покрај слаткарница и само разгледувате.)4. Не е згодна. (Немам шанси кај неа, такашто…)5. Не си напорна. (Ме замараш додека гледам натпревар.)6. Таа ми е само другарка (Уште не ми успеале обидите кај неа.)7. Ќе збориме подоцна. (Не ме замарај сега.)8. Ова беше најдобриот секс досега што сум го имал! (Таа пред тебе и не ја биваше нешто.)9. Не пиев многу! (Еве сега го пијам второ пиво од третата гајба.)10. Не си здебелена! (Здебелена си, ама не ми е грижа, а не сакам да се расправам.)

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Како да им помогнете на собните растенија да ја преживеат зимата?

Ладното време може да им наштети на собните растенија, па затоа е потребно при промена на температурите да им посветите повеќе нега.Најпрво, внесете ги дома сите билки кои не „трпат“ студ. Така ќе бидат на пооптимална температура, а вие ќе можете да ги следите евентуалните промени кај некое од растенијата. Исчистете ги од сите овенати и суви гранки и лисја.Наместете ги така што оние на кои им треба повеќе светлина ќе бидат блиску до прозорците, додека другите треба да бидат сместени во помалку осветлените агли од домот.Жешкото време веќе помина, па веќе не треба да ги полевате пречесто, за да не скапе коренот. Во зависност од тоа кои видови ги имате, намалете го бројот на полевања соодветно на она што самото растение има потреба. Притоа, внимавајте да не ги полевате со штотуку наполнета вода од чешма, туку со малку отстојана на собна температура.За крај, треба да внимавате листовите, цветовите и гранките на вашите растенија што помалку да се допираат, за да имаат простор да „дишат“.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Брзото одење е најдобро за витка линија

Причина за ова е поради тоа што оваа умерена физичка активност не го исцрпува организмот, па може да се пешачи и подолго од половина час.Бидејќи за слабеење не е потребен значителен напорен тренинг, туку негова континуираност и траење.Што повеќе пешачење значи повеќе потрошени калории. При тоа ваквата физичка активност доведува до зголемување на мускулната маса, а мускулното ткиво троши 25 пати повеќе калории од масти.Освен брзото одење од големо значење за видливи резултати може да бидат и ефикасни вежби за намалување на обемот на горниот дел од нозете.Ова се пет предложени вежби кои можете да ги применувате по шетањето.Трчање во место„Клекни-стани“ во скокШут наназадИсчекор

Магазин | пред 7 години

zena

Научниците тврдат: Интелигентните жени имаат една многу ужасна навика

За прв пат во последните сто години, жените имаат подобро резултати не тестовите на интелигенција, тврди Џејмс Флин, светски авторитет во подрачјето на овие тестирања.Тој ги прегледал тестовите за интелигенција во земјите од западна Европа, САД, Канада, Нов Зеланд, Аргентина и Естонија, па открил дека интелигенцијата значително пораснала, а посебно кај жените. Досега секогаш коофициентот на интелигенција секогаш бил подобар кај мажите, во просек за пет бодови, но денес тоа веќе не е случај.-Тоа е последица на модерниот живот, затоа што сложеноста на денешниот свет бара нашиот мозок да се прилагоди, поради што коофициентот на интелигенција расте, вели Флин.Тестовите за интелигенција ширум западна Европа, Канада, САД и во другите развиени земји открива пораст на интелигенција кај луѓето, но онаа кај жените расте побрзо отколку онаа кај мажите поради мултитаскингот.Научниците од Универзитетот во Рочестер откриле во истражување кое се занимавало со проучување на однесувањето, дека постои една работа која интелигентните жени посебно ја прават. А таа работа баш и не е одраз на убаво воспитување.Имено, тие тврдат дека нападот на бес кај нив е испратен со сочни пцовки, што е и знак за натпросечна интелигенција кај жените.Истражувањата покажуваат дека интелигентните жени почесто пцујат и говорат прости зборови, од оние кои имаат помал коофициент на интелигенција, а твдрат и дека пцуењето е добро и за физичката форма и подобрувањето на издржливоста.Дали се сложувате со ваквите тврдења?

Магазин | пред 7 години

27-april

Ново судење за „27 април“, пратениците со другите обвинети повторно пред Кацарска

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судњето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.Случајот се наоѓа во доказна постапка и изнесување на докази предложени од одбраната.На минатото рочиште исказ прес судот даде обвинетиот Горан Ѓошевски, а беа сослушани и неколку сведоци, предложени од одбраната, меѓу кои и пратеникот Влатко Ѓорчев.Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.На обвинителната клупа покрај пратениците Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски,  се ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, началниците во МВР, Митко Пешов, Душко Лазаров, обезбедувачот на Трајко Велјаноски, Горан Ѓошевски-Леви, вработените во МВР, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски.Обвинети се и иницијаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен Велит, Владо Јовановски, Игор Дурловски. За терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста обвинети се и Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Македонски бизнисмени во Атина на средби со грчки колеги

Делегација на Стопанската комора на Македонија денеска во Атина ќе учествува на еднодневен бизнис форум и и билатерални средби со грчки стопанственици. Бизнис форумот го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со Атинската трговско-индустриска комора во насока на интензивирање на економската соработка меѓу двете држави.Во составот на делегацијата од Стопанската комора на Македонија ќе има претставници од компании од градежништвото, металната и прехранбената индустрија и трговијата.Компаниите ќе имаат можност да ги презентираат своите интереси за соработка и можностите за инвестирање, а по завршувањето на официјалниот дел, ќе можат да остварат и директни средби со грчки компании од соодветните дејности.Грција е втор трговски партнер на Македонија.

Македонија | пред 7 години

DSC_1226

Во Собрание одржана дебата за можните локации за изградба на нов Универзитетски Клинички Центар

Во Собранието на Република Македонија, попладнево, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, одржаа дебата со пратениците за можни локации за изградба на нов  Универзитетски Клинички центар.При плодната дискусија се презентираа предложените локации со цел да се разгледаат сите можни аспекти за да се изнајде соодветна местополжба за новите и модерни текови во здравството, со кое директно на корисниците ќе им се овозможи да добиваат квалитетни здравствени услуги.„За ваков голем проект од национален интерес како што е Клиничкиот центар, ја вклучуваме и опозицијата во дебата. Нема партиски, национални или други разлики за изградба на новиот Клинички центар. Потребна е координација, интерактивно и ускладено функционирање“, истакна министерот Филипче.Локацијата за новиот Универзитетски Клинички центар треба да биде  транспортно пристапна и лесно достапна на граѓаните, економски оправдана, пријателски настроена кон животната околина и по можност досега не користена за претходен урбан развој и на тој начин ќе претставува простор соодветен за здравствен развој.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

УХМР предупредува: Студен бран ќе ја погоди Македонија

Времето во Македонија ќе биде студено со умерен северен ветер, а на места ќе провејува снег.Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од минус еден до пет степени.Во Скопје студено со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до четири степени.Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Македонија | пред 7 години

aircraft-15265671280-830x0-620x350

Авионот на Меркел морал принудно да слета поради проблеми со електрониката

Авионот во која била германската канцеларка Ангела Меркел морал принудно да слета.Германската канцеларка тргнала за Аргентина на самиот Г20, меѓутоа морала да се врати на аеродромот.Авионот слетал во Келн поради проблеми со електронскиот систем, во моментот кога биле над Холандија, известува германскиот печат. Со неа во авионот бил и германскиот министер за финансии Олаф Шолц.Меркел полетала од Берлин во 18:50 часот но авионот по половина час поради расипување морал да сврти и да се врати во Германија.Меркел имала закажан разговор со Буенос Ајрес во петокот наутро со аргентинскиот претседател Маурицио Макро, но тој сега е откажан, како и разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Џипинг и со рускиот претседател Владимир Путин.

Свет | пред 7 години

IMG_8194

Градоначалникот на Гази Баба до активистката на граѓанската иницијатива О2: Затворете ја веќе устата

„Затворете ја веќе устата” – градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски на претставничката на граѓанската О2 иницијатива додека трае дебатата во општината во која невладините, граѓански организации бараат повлекување на огласот со кој во период од 99 години ќе биде дадено земјиштето на користење за тешка индустрија.Од иницијативата О2 вака го оценуваат ова недолично однесување:„Ваква ароганција, агресија и подсмевање во комуникацијата со граѓаните, особено кон жени, во повеќе годишната активност во борбата за животна средина, до сега не сме посведочиле.Да, во негово име неколку пати се извини една од советничките. Можеме да замислиме како се носат одлуките во општината, дали сите мора да ги држат устите затворени? И тоа баш во истиот период кога неговиот шеф, ги отвори 16 дена против насилството врз жените„.https://www.facebook.com/o2inicijativa/posts/1924762504307734

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Јоци до Шилегов: Цел град ти е во сообраќаен хаос

За првпат денеска, на улицата Кирил и Методиј кај ,,Рамстор", цела колона возила се тргнаа на страна и ослободија простор за да помине Итна помош.Петре Шилегов. Јужен булевар ти е затворен, а цел град ти е во сообраќаен хаос.Не може истиот сообраќаен еднонасочен режим да важи и сега на улици во Центар.Уште Коце Трајановски предвиде двонасочен режим, откако ќе се затвори Ј.булевар.Вие што правите во бараките ?Си викате ,,ој војводо, ој сердаре" и уште си дркате на - ,,дај да пукне, ама им го начукавме на вмровците" ?Не е далеку денот кога вмровците пак ќе ви го начукаат.Впрочем, само сети се на Бранко кој пред 3 години блокираше крстосници со 10 души и тоа го викаше ,,отпор".Јорданка Ивановска - Јоци - статус на социјални мрежи

Коментари | пред 7 години

Capture-1

Стојаноска: СДСМ направи поголема штета за 17 месеци откако е на власт, од било која политичка гарнитура

Системот е направен од луѓе или апарти, луѓе. И тие се одговорни за случајот со поранешниот премиер Никола Груевски кој е предмет на политички прогон, рече Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитер на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија Канал 5.Според неа СДСМ и коалицијата направи „поголема штета за 17 месеци откако е на власт, од било која политичка гарнитура на власт“.-Откако сте на власт воведовте хаос, криминал… Направивте ребеланс на Буџет и предлозживте нов за следната година во краток рок. Ребаланс и буџет не е видено да се прави со разлика од еден месец, истакна Стојаноска

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

За Мијалков секој ден се подготвува оброк во Мериот

Сашо Мијалков во затворот во Шутка не јаде од истата храна како останатите притвореници. За него, секој ден се подготвува топол оброк во кујната на хотел Мериот – дознава 1ТВ. Мијалков го поседува овој хотел и беше приведен токму таму на 20 месецов. Како што дознаваме, за поранешниот шеф на УБК секој ден се подготвува оброк во Мериот и се носи во хашкото одделение во Шутка каде е сместен Мијалков. Тој само две вечери спиел во обичното притворско одделение, а потоа биле преместени други притвореници за да се ослободи простор во хашкото. Од хотелот Мериот љубезно ни одговорија дека ќе добиеме одговор на прашањето, но до овој момент се уште не го испратија. Директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски ниту ја потврди, ниту ја одрече информацијата, само не упати прашањата поврзани со притворот да ги бараме од судот.Мијалков не е единствениот чии гастрономски желби се исполнуваат за време на притворот. Според нашите извори во Шутка, и желбите на поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков биле почитувани. Во периодот кога јавноста мислеше дека Чавков штрајкува со глад, за него се носело маслиново масло и здрава храна во хашкото одделение. Претходно, сличен третман имаше и Љубе Бошковски кој добиваше оброци од ресторанот Рагуза.

Македонија | пред 7 години

651982621

Стадионот на Ф.К. Шкупи за брзо време со нова трибина

Проектот за изградба на трибината на стадионот на Ф.К. Шкупи во Општина Чаир е прифатен од страна на Европската Фудбалска Федерација - УЕФА.„Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу изразува голема благодарност за ангажирањето на Претседателот на ФФМ г-дин Муамед Сејдини со кого заедно ја поднесоа апликацијата до УЕФА“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

Европратениците бараат од Унгарија да го екстрадира Никола Груевски во Македонија

Европратениците ги усвоија двата амандмани кои бараат од Унгарија да го екстрадира експремиерот Никола Груевски во Македонија.Амандманот поднесен од европратеничката на Зелените, Јудит Саргентини освен што бара екстрадиција, гласи и дека Груевски побегнал од Македонија со дипломатска помош од Унгарија за да избегне затворска казна и го смета овој потег како мешање во внатрешните работи на Македонија како и чин на презик кон судството и владеењето на правото во земјата.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Неуспешниот протест е јасна порака до Мицкоски дека неговата деструктивна политики е поразени

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски вчера по којзнае кој пат покажаа дека немаат никаква идеја, никаков план, никаква програма ниту предлог во интерес на граѓаните.Заглавени во последната форма за одбрана на криминалот на Никола Груевски, Мицкоски нуди само деструкција и враќање назад. Ништо друго.Малиот број присутни граѓани на синоќешниот собир е јасна порака до антизапдниот Мицкоски и врвот на криминалната ВМРО-ДПМНЕ дека деструкцијата, одбраната на криминал и црнилата кои 11 години ја уништуваа Македонија се поразени.Граѓаните нема да дозволат Македонија да се врати во темното минато на корупција, неизвесност и неказнивост.Македонија чекори напред, економијата расте, има повеќе пари за граѓаните, растат платите, државата стана рамноправен партнер на демократскиот свет, на чекор сме до полноправно членство во НАТО и ЕУ.Македонија излезе од црнилата на ВМРО-ДПМНЕ и тргна кон светла иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски и врвот на неговата партија остануваат во темното минато, заглавени во одбрана на криминалот на Груевски.

Македонија | пред 7 години

Mila_Carovska_Minister

Царовска: Мерката „трето дете" не се укинува за сите кои го оствариле правото досега

Мерката „трето дете" не се укинува за сите кои го оствариле правото досега и за оние кои ќе го остварат правото во наредните 10 месеци по носење на законот за да можат да го родат детето што веќе е зачнато. Тие ќе го остваруваат правото уште 10 години по стариот закон, рече министерката за труд и социјална полтика Мила Царовска одговарајќи на прашање на пратеникот Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница.Во контекст на тоа, Царовска појасни дека по имплементација и завршување на стариот закон ќе се интервенира само до единечна исплата за прво, второ и трето дете, затоа што тоа, како што додаде, е доволна стимулација што е без материјален цензус.„Наместо на богатите да им даваме осум илјади денари, независно од нивните примања за да родат трето дете, парите ги насочуваме кон сиромашните и тоа е дел од владината програма. Сметам дека само таква политика може да доведе до намалување на сиромаштијата во нашата држава од една страна, а од друга страна како министерка сум подготвена да дискутирам за тоа што Македонија нема демографска политика. Вие ниту направивте, ниту воведовте демографска полтика, а тоа бројките го кажуваат и затоа сите заедно со национален консензус треба да донесеме нова политика за демографија, која на долг рок ќе ги даде ефектите во рамки на наталитетот за наредните 15 години“, рече Царовска.Наталитетот во времето на ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна Царовска, драстично опадна и по воведувањето на мерката „трето дете“.Според податоците наталитетот во Македонија во 2010 година бил 11,8, а во 2017 година 10,5. Вашата мерка имаше можност 10 години да се имплементира, но не даде резултати. Па ако одредена мерка не дава резултат тогаш таа треба да се трансформира, да се измени и да се воведе нешто ново што ќе даде ефект, посочи Царовска.Ние, како што рече министерката, токму затоа тргнавме оваа мерка да ја трансформираме како стимулација за прво, второ и трето дете, а на сиромашните да им ги дадеме правата што им следуваат.

Македонија | пред 7 години

Igor-Jug-1

Игор Југ до Мунир Пепиќ: Мунире јаране, биќу кратак

На денешното рочиште настаните од 27 април во текот на распитот на обвинетиот Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, за прашање се јави обвинетиот Игор Југ, објави ПлусИнфо.– Господине Пепиќ, прво ќе ви се обратам на мајчин јазик, рече Југ и продолжи: Мунире јаране… само пар минута, биќу кратак.Тоа предизвика смеа кај присутните, а Пепиќ му одговори дека негов мајчин јазик е македонскиот, а Југ го постави првото прашање.– Рековте дека во Собранието сте следеле НН лице. Дали НН лицето претставувало опасност по безбедноста на државата? – праша тој.Пепиќ одговори дека секое лице следено од Агенција за разузнавање нормално е дека се следи поради опасност по безбедноста на државата.Југ го прашуваше и дали во Собранието имало агенти од странски служби, а македонските безбедносни структури биле свесни за тоа, но по приговор на адвокатот прашањето не доби одговор.Инаку, за НН лицето кое Пепиќ рече дека го следел на 27 април, друг обвинет, Александар Василевски Нинџа праша дали станува збор за Горан Живаљевиќ од Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија. На тоа тој одговори дека станува збор за активности на Агенцијата за разузнавање и класифицирана информација и оти не може да открие без дозвола од негов претпоставен.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ѓорчев: Го молам судот за милост и човечност кон обвинетите од 27 април

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. Тој бараше милост за обвинетите од судот.„Го молам судот за милост и човечност кон овие луѓе, исто како што молев на 27 април да не се тепаат луѓе, да не се отиде предалеку“, рече во сведочењето пратеникот Влатко Ѓорчев со треперлив глас.„Молам за милост и човештина“, рече Ѓорчев.„Ова е судница, а не собраниска говорница“, приговори обвинителката Вилма Рускоска.Судијката Кацарска на Ѓорчев му рече дека би бил одличен адвокат на обвинетите.“Одржавте мал говор во судницата, ама вие пратениците заборавате дека ова не е Собрание“, рече Кацарска.Обвинетиот Александар Василевски – Нинџа го праша Влатко Ѓорчев дали неговиот, како што рече, потпалувачки говор пред Државната изборна комисија во 2016 година бил прво полувреме за настаните од 27 април, но по приговорот на адвокатот Еленко Миланов, судијката не го дозволи прашањето.Ѓорчев на крајот им заблагодари на сите во судницата за присуството по што некои од присутните почнаа да се смеат. Судењето е во фаза на доказна постапка со одбраната на обвинетите и нивните докази.

Македонија | пред 7 години

gruevski

Унгарско МВР: Не знаеме како Груевски стигнал во Унгарија

Министерството за внатрешни работи на Унгарија нема информации за тоа од кои земја и низ кои гранични премини поранешниот премиер Никола Груевски влегол во таа земја, се вели во писмениот одговор на МВР на Унгарија, на барање за Радио Слободна Европа.Унгарската полиција на барање за пристап до информации од јавен карактер, се изјасни дека немаат информации за тоа зошто и дали Груевски користел дипломатски автомобил, како и каде Груевски го поднел барањето за политички азил.Во официјалниот одговор на унгарското МВР на Ради Слободна Европа, потпишан од заменик-државниот секретар за координација и управување, се наведува дека: “одговорите на барањата Министерството за внатрешни работи не ги поседува.”

Македонија | пред 7 години

Fatime-i-Ognen

(ФОТО) Фатиме Фетаи се залижа за “Мажите на годината”

Детскиот хирург Владимир Чадиковски е прогласен за Маж на годината за 2018 година, за најголем придонес во општествотово, на изборот во организација на онлајн машкиот магазин Friday.mk и агенцијата Моментум.Настанот се одржа синоќа во Тренд Гастро Бар, а присуствуваше и обвинителката Фатиме Фетаи која е пријателка на Огнен Јанески. Нејзината фризура беше вистински хит на настанот, а таа сензација за гостите.„Види ја каква е, сјаје во секаква варијанта“, „Не ја можам колку е убава“, беа дел од коментарите кои можеа да се слушнат наоколу.Живко Мукаетов беше избран за менаџер на годината, а признанието за млад менаџер на годината му беше доделено на Душко Чифлиганец. Амбасадорот на Холандија, Валтер Пломп, беше награден со статуетката странец маж. За маж со најголем придонес во споротот беше избран Кирил Лазаров, а маж на годината избран преку социјалните мрежи беше Огнен Јанески. Трифун Костовски, пак, беше награден со признанието маж со трајни вредности. 

Магазин | пред 7 години

Mladeska_samotija_cover

„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија

Клер Симон со новиот филм „Младешка осаменост“ фрла светлина врз ранливоста на група тинејџери од зафрлените париски предградија кои отворено зборуваат за сопствените искуства, кој од денеска почнува да се прикажува во киносалите ширум републикава.Со патики на нозете, слушалки на ушите и протези на забите, тие ги прават нивните први чекори во светот на возрасните. Нивното детство брзо останува во минатото, а со тоа и нижењето на спомени - понекогаш среќни, понекогаш болни. Во сегашноста, во меѓувреме, се вртат прашањата за иднината за оние чии домови се непоправливо уништени поради некомуникација: животот на 16,17 и18-годишниците може понекогаш да се чини како рај, но исто така и како пекол.Овие тинејџери се во фокусот на француската режисерка Клер Симон во „Младешка осаменост“, документарен филм кој следи група тинејџери во нивната претпоследна година во едно средно училиште во околината на Париз . Филмот имаше премиера во програмата „Форум“ на 68-тиот Берлински филмски фестивал.Филмот е во копродукција на продукциската куќа „Софи Дулак “ во копродукција со „Картаж филмс“, а француската „Вајд хаус“ е продажен агент.Компанијата „КТ Филм и Медиа“ е дистрибутер за Македонија.

Магазин | пред 7 години

IMG_8474

Huawei го претсти неверојатниот звук на „Northern lights“, прв создаден во вештачка интелигенција

За да го прослават објавувањето на Huawei Mate 20 Pro и да ја покажат моќната вештачка интелигенција на паметниот телефон, заеднички тим на уметници се здружи за да преземе возбудлив предизвик: да го фатат звукот на светлината. Проектот ја поврзува технологијата и уметноста за да го трансформира фасцинантниот природен феномен, Northern Lights, во нешто сосема ново - звук на светлечка симфонија.Sound of Light беше долга соработка која траеше со месеци, која ги тестираше ограничувањата за тоа како луѓето да ја користат вештачката интелигенција за да читаат слики и да создаваат нови звуци. На соработниците им беше дадена задача да ги освојат Nothern lights на Норвешка и да го научат вградениот систем на вештачка интелигенција, кој работи на Huawei Mate 20 Pro, да ги препознае нивните главни карактеристики и да ги претвори во музички елементи. Овие оригинални парчиња звук потоа ќе требаа да помогнат да се состави симфонија во соработка со Huawei Mate 20 Pro.Патување од првичното снимање на Northern Lights до финален перформанс На отворените полиња под ноќното небо на Тромсо, Норвешка, на местото на снимањето на Northern Lights беше Кјетил Скогли. По завршувањето на снимањето на Кјетил, снимката беше испратена во звучни лаборатории каде наградуваниот композитор Марк Сајфрит работеше со индивидуалниот систем на вештачка интелигенција на Huawei Mate 20 Pro за да создаде симфонија базирана на Northern Lights.Конечно, откако беа составени музичките дела, тие беа споделени со Џејмс Ширман, еден од најдобрите диригенти и композитори во светот, кој потоа ја организираше оркестарската изведба на симфонијата Sound of Light во познатата сала Брамс во Виена.Улогата на Huawei Mate 20 Pro во Sound of LightЗа да се реализира Sound of Light потребни се моќни уреди. Huawei Mate 20 Pro се покажа како совршен соработник за овој проект, користејќи ги своите карактеристики за да го поддржи вградениот систем на вештачка интелигенција и целокупниот проект. Целото патување ги користеше можностите на вештачката интелигенција на Huawei Mate 20 Pro како инспирација за поместување на границите на очекувањата. А како почеток на целиот процес инженерите мораа да создадат уникатен систем на вешачка интелигенција кој ќе анализира различни карактеристики на светлината, за да можат истите потоа да се преточат во звук.Настан во живо во Виена - вечер на вештачка интелигенција, музика и Nothern lightNothern lights на аудио-визуелната вештачка интелигенција во живо се случи на 28 ноември во салата Брамс во Виена, Австрија. Со присуство на над 300 гледачи, неверојатниот звук на Nothern Lights беше изведен од Џејмс Ширман и од Синхронистичкиот оркестар.На настанот во живо беа поканети новинари и други специјални гости пред кои беше изведена специјалната Sound of Light изведба организирана од Huawei.  Вечерта го вклучи и филмот „Genesis“ зад сцената кој го прикажува патувањето од небото до сцената и кулминираше со изведбата на заедничкиот проект во живо.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања