ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

silegovrasturanamobilen

„Да, тоа е гаф“ - Шилегов се покаја

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов откако се најде на мета на критики, откако се појави ведеото како тој игра на својот мобилен телефон додека во Собранието се расправа за загадувањето, во изјава за „Независен“ признава дека оваа постапка е гаф и им се извинува на граѓаните.„Да, тоа е гаф. Но, тоа не е мојот однос ниту кон проблемот на загадувањето, ниту кон граѓаните ниту кон Собранието. Затоа им се извинувам на граѓаните. Тоа е мојот однос кон Влатко Ѓорчев, кон паушалните изјави лицемерните и лажни политички пароли паушалниот поглед на проблемите на Ѓорчев и ДПМНЕ се причината што овој град е таму каде што е. До моето доаѓање на оваа позиција тие го водеа градот и живееме во последиците на паушалните политики и говори и пристап кон градот. Ѓорчев и ДПМНЕ од мене не заслужуваат повеќе“.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Министерството за здравство демантира дека Филипче „насилно“ ги натерал студентите да го чистат Клинички

Министерството за здравство ги демантира написите во некои медиуми во кои стои дека министерот Филипче, наводно „насила ги натерал студентите да го чистат Клинички центар, место да одат на час“.„Должни сме на јавноста да и објасниме дека станува збор за акција, организирана во сабота, за време на викенд, во која ќе учествуваат околу 40 волонтери на Црвен Крст, волонтери од невладината организација „Волонтерски центар–Скопје“, како и вработените во кабинетот на министерот Филипче,  лекари и здравствени работници од клиниките, кои работат во кампусот, во чест на 5 декември, Светски ден за поттикнување на волонтерството.Сите останати граѓани, кои го делат нашиот ентузијазам и  нашата идеја, можат да ни се приклучат во акцијата.Приоритет на министерот Филипче, како и на Министерството за здравство се децата и младите, затоа во ниту еден контекст не дозволуваме на каков било начин да се злоупотребуваат, особено од медиумите“, стои во соопштнието. 

Македонија | пред 7 години

44671221_1712531848875331_1436318307383771136_n

Александрова и Канческа - Милевска гласале за уставни измани во замена за слобода за Мијалков

Од неофицијални извори дознаваме дека ќе бидат амнестирани пратениците Мукоски, Василевски, Арнаудов. Се барало и преиначување на осудителната пресуда за синот на Владанка Авировиќ кој доби три години затворска казна, како и затварање на процесот „Тендери“ кој го води СЈО против Елизабета Канческа – Милевска во кој е инволвиран и Мијалков.Од она што го дознаваме, Јанчев и Тодоров ги понудиле Панчо Минов и Даниела Рангелова како „златна резерва“ доколку затреба.Барањата на Александрова и Елизабета Канческа – Милевска, со цел гласање на уставните измени била слободата на Сашо Мијалков, но и исполнување на претходно договореното.

Македонија | пред 7 години

gruevski-mala

Груевски ќе земе цела плата за ноември, од јануари ќе започне нејзино намалување

Избеганиот осуден експремиер Никола Груевски кој доби азил во Угарија ќе земе цела пратеничка плата за ноември, а намалена плата од Собранието ќе земе од наредниот месец. На денешниот брифинг со новинарите, претседателот Талат Џафери рече дека на Груевски намалена плата поради неоправдано отсуство од седниците според евиденцијата ќе земе од наредниот месец, а не од ноемвриската плата, пишува СДК.Досега во Собранието, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ секогаш со допис го известувала претседателот на Собранието дека Груевски  е оправдано отсутен од седница.Според собранискиот Деловник, ако пратеник не го оправда отсуството од седница три дена едноподруго, му се одбива 5 отсто од плата за секој ден отсуство. На осудениот пратеник Груевски платата за секој ден неоправдано отсуство од Собранието ќе му се намалува за 5 отсто.Собранискиот Деловник вели дека пратеникот кој е спречен да присуствува на седницата на Собранието, е должен за тоа да го извести претседателот на Собранието до почетокот на седницата. Претседателот на Собранието го повикува и го информира пратеникот кој три пати едноподруго не присуствувал на седниците, а не го известил претседателот на Собранието за своето отсуство. За секое натамошно неоправдано отсуство, претседателот на Собранието го опоменува пратеникот и за тоа ја известува Комисијата за прашања на изборите и именувањата и координаторот на пратеничката група.На пратеникот кој отсуствува најмалку три пати едноподруго од седниците на Собранието, а за тоа не го известил претседателот на Собранието, му се одбива 5 отсто од платата за секој ден отсуство, за што одлука донесува Комисијата за прашања на изборите и именувањата. За присуство на седниците, се води евидентен лист, за кој се грижи генералниот секретар на Собранието, кој на крајот од работниот ден му се предава на претседателот на Собрание. За редовноста на пратениците, претседателот на Собранието го известува Собранието, на секои шест месеци.Груевски се јави од Будимпешта на 13 ноември и кажа дека бара азил од унгарските власти. На 20 ноември доби азил. Претходно, македонската полиција го бараше дома, кај мајка му и во гаражата кај партиското седиште во центарот на Скопје. Тој на 9 ноември требаше да се пријави во затворот во Шутка на издржување на двегодишна затворска казна за „Тенк” на СЈО за набавката на мерцедесот од 600.000 евра.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во понеделник два часа без вода Сарај, Глумово, Матка...

Поради контрола на трафостаница, прекин на водоснабдување или намален притисок понеделник на 03.12.2018 година, од 09:00 до 11:00 часот ќе имаат жителите на населените места Сарај, Глумово Матка, Љубин и Арнакија.

Скопје | пред 7 години

47083116_2427752903907567_7706832188582395904_n

Општина Гази Баба започна акција за отстранување на хаварисаните возила од јавните површини

Општина Гази Баба започна акција за отстранување на хаварисаните возила од јавните површини. Општинскиот инспекторат, акцијата ја започна од населбата Автокоманда, населено место од каде пристигнаа најголемиот број на поплаки од граѓаните кои бараа да се дислоцираат хаварисаните возила. Граѓаните кои имаат свое возило кое не е во возна состојба на јавните паркинзи, ќе имаат рок од 15 дена да ги дислоцираат возилата, а ќе бидат и означени со посебни налепници.Доколку и понатаму возилата не бидат дислоцирани, инспекторите ќе постапуваат согласно законските мерки и отстранувањето на возилото ќе биде на трошок на сопствениците.Градоначалникот Борис Георгиевски е оптимист дека оваа акција успешно ќе се спроведе и дека граѓаните ќе соработуваат бидејќи дел од оние кои веќе добија опомена, сами ги отстранија возилата.Првата фаза покрај Автокоманда ќе ги отпфати и Железара и Ќерамидница, а втората населбите Триангла, Хиподром и Ченто.Целта на оваа акција е да се ослободат узурпираните паркинг места од хаварисани возила, а кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, велосипедистите, пешаците и животната средина.

Скопје | пред 7 години

oliver-spasovski-670x367

Средба на министерот Спасовски со чешкиот министер за внатрешни работи

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски и министерот за внатрешни работи на Чешката Република Јан Хамачек денеска во Прага го потпишаа Протоколот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешка Република за спроведување на Спогодбата за преземање на лица со незаконски престој (Протокол за реадмисија), со што се овозможува  регулирање на процедурите за преземање на лица со незаконски престој меѓу двете држави, но и дополнително се зајакнува соработката со цел поефикасна борба против илегалната миграција.На денешната средба министрите Спасовски и Хамачек ја потенцираа добрата соработка меѓу двете држави. Министерот Спасовски се заблагодари на Чешката Република и Министерството за внатрешни работи за несебичната поддршка и помош за македонската полиција во справувањето со миграциската криза, еден од најголемите предизвици за Република Македонија, со кој можевме да се справиме само преку заемна соработка меѓу државите од регионот,  поткрепена со силната поддршка на државите од Вишеградската група и Европската Унија.Чешката Република направи многу за да и помогне на Република Македонија и тоа преку доделени донации за справување со последиците од миграциската криза, како и за зголемување на капацитетите на македонската полиција, но и со присуство на контингентите на чешките полициски службеници, кои учествуваат во заедничките активности со македонските полициски службеници за зајакнат надзор и контрола на нашата јужна граница.

Македонија | пред 7 години

RSBSP_02

РСБСП: Има ли крај на сообраќајниот метеж во градот? Како можеме сами да си помогнеме?

Сообраќајниот метеж стана редовна слика на улиците и патиштата во Македонија.  Во лето, во зима, за празници, за делници. Секој ден, преку цела година, повеќе или помалку - иста слика. Движењето во урбаните средини, полека но сигурно, станува мачно, фрустрирачки, за некои дури и депресивно и одбивно.Постојат многу причини зошто е тоа така. Прво што нѝ паѓа на памет е јавниот превоз.  Подобар, побрз, поквалитетен јавен превоз ќе ни донесе помалку возила на улиците и патиштата. Не смееме да ја заборавиме и сообраќајната инфраструктура која е направена да ги задоволи потребите пред сѐ на моторизираниот сообраќај, додека потребите на пешаците и велосипедистите остануваат занемарени.Лошите сообраќајни и лошите животни навики, го прават сообраќајот невозможен, густ и небезбеден.Сообраќајниот метеж го отежнува секојдневното движење и секојдневниот транспорт на патници и стоки. Поточно, сообраќајниот метеж значи загуба на време, загуба на пари, загадување на животната средина, а неретко и причина за голем број повредени и загинати лица во сообраќајни незгоди.Не намалувајки ја важноста на јавниот превоз и сообраќајната инфраструктура, РСБСП со совети како и зошто да се намали сообраќајниот метеж и како безбедно да се движите во услови на густ сообраќај:Пешачете или возете велодсипед. Движете се побрзо и побезбедно. Најголем дел од релациите што секојдневно ги поминуваме, во урбана средина, се на растојание до 5 километри. Истражувањата покажуваат, на кратко растојание, во урбана средина, побрзо и побезбедно ќе се движите доколку го оставите автомобилот и тргнете пешки или со велосипед.Повеќе лица во едно возило. Анализирајќи ја секојдневната слика, можеме да заклучиме дека, во Република Македонија најчесто се превезуваат едно или две лица во автомобил. Доколку ја промените таа навика и почесто се групирате по повеќе лица во едно возило, сообраќајниот метеж значително ќе се намали, а патувањето ќе биде побезбедо, побрзо и поефтино.Оставете го автомобилот и заштедете пари. Оставете го автомобилот и на тој начин ќе заштедите на скапо гориво и уште поскап паркинг простор.Јавниот превоз нека биде ваш прв избор. Наместо алтернатива, користењето јавен превоз нека биде ваш прв избор. Истражувањата покажуваат дека патувањето со јавен превоз е побезбедно и поефтино, отколку користењето на автомобил. Покрај тоа, јавниот превоз нуди можност за одмор, дружење и создавање нови познатства.Намалете ја брзината и држете безбедно растојание. Сообраќајниот метеж изнудува грешки од возачите. Затоа намалете ја брзината и држете безбедно растојание, со цел да бидете во можност да избегнете несакани ситуации.Останете смирени и не возете слалом. Нервозата, нетрпеливоста и слалом возењето, дополнително го зголемува сообраќајниот метеж и го загрозува безбедното одвивање на сообраќајот.Не користете звучни сигнали непотребно. Звучниот сигнал создава нервоза и паника кај останатите учесници во сообраќајот и создава притисок кој води до непромислено однесување во сообраќајот.Останете концентрирани. Долгото чекање и застојот во сообраќајот доведуваат до пад на концентрацијата кај возачот. Некои возачи, во ваква ситуација, се склони кон користење мобилен телефон и други помагала. Оставете го мобилниот на страна и останете фокусирани во сообраќајот.Не ја блокирај крстосницата! И покрај тоа што, во одредени ситуации, можеби семафорот свети зелено или има знак за првенство на минување, ваша обврска како возач, доколку нема реална можност да се движите, е да застанете. Доколку вашето придвижување значи дополнително или целосно блокирање на крстосницата и сообраќајот, не заборавајте дека, ваша обврска како возач е да создадете услови сообраќајот безбедно да тече. Подобро да почекате неколку секунди или минута-две, отколку целосно да го блокирате сообраќајот.Секогаш почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот. Сообраќајниот метеж не ви дава за право да поминете на црвен семафор или да не го почитувате правилото за првенство на минување. Непочитувањето на сообраќајните правила, ја загрозува безбедноста во сообраќајот и го зголемува сообраќајниот хаос.Промената на лошите животни и сообраќајни навики може значително да го намали сообраќајниот метеж и да го направи секојдневното движење полесно и побезбедно.  Вреди да се размисли, вреди да почнеме да се менуваме. Вози одговорно!    

Македонија | пред 7 години

naum-2

Стоилковски: Не запира бранот на црни вработувања и партизација на администрацијата

Не запира бранот на црни вработувања и партизација на администрацијата по црниот  тефтерот на криминогената власт, на општинските организации на СДСМ, список креиран според тоа кој има поголеми партиски заслуги. Тоа не е европска туку црна вредност на Зоран Заев, тоа не е патот кон Европската Унија, туку пат на уништување на државата од оваа криминогена власт, ова денеска на прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.-Серијалот на прес конференции за црна партизација на администрацијата, го продолжуваме со партизацијата на ЈП Македонски шуми, каде тече мрачниот систем на оваа криминогена власт по теркот „Ќе смениме се од хигиеничар до министер и така имаме намера да владееме“, најавен и реализиран од Зоран Заев. Само годинава на буџетот на ЈП „Македонски шуми“ вметнати се најмалку 30 партиски членови на СДСМ и тоа од роднини на Кавадаречкиот генералниот директор на Македонски шуми, до синови, ќерки и внуци на директори на подружници и сектори на истото Јавно претпријатие, роднини, деца, внуци на градоначалници, на референти, на други раководни лица, но со една заедничка линија- партиската определба. Оваа акција е спроведувана подружниците во Кавадарци, Гевгелија, Демир Капија, Берово  , Македонски Брод, Скопската дирекција, Свети Николе, Струмица, Демир Хисар, Штип, Пехчево, Крива Паланка, Делчево, Радовиш, Кратово, Охрид и на многу други места. Ова е дел од проектот за партиски вработувања според црни списоци правени во општинските организации на СДСМ за пополнување на администрацијата, нејзина целосна партизација со вработувања во општините, училиштата, градинките, и Јавните претпријатија Комунална хигиена и Македонски шуми. Црната мрежа за партиски вработувања е правена само и само по припадноста и залагањата за партиските политики на СДСМ, потенцира Стоилковски.Тој додава дека црната партизација на администрацијата во ЈП Македонски шуми е продолжение на полнење на администрацијата со мајки, сестри, тетки, вујни, деца на актуелни пратеници и функционери во извршната власт, во локалната власт, на градоначалници, на видни членови и звучни имиња од социјалдемократскиот табор.-Врз вакви зафати се темели црниот план за економски раст на СДСМ. Врз вакви мрачни зафати се планира буџет на државата, распределбата на пари за општините за отплаќање на нивните долгови. Наместо на рационализација на администрацијата на централна и локална власт, во служба на граѓаните, криминогената власт преку црни тефтери ја полни администрацијата со партиски подобни кадри. Оваа црна политизација е пример за непотизам, ова е пример за партизација на администрација, нејзино максимално обременување и пат кон неефикасност. Тука во овој мрачен систем нема место за професионалци. Оваа криминогена власт која што ја зацрни РМ нема место за граѓани без партиска книшка на СДСМ. Во Животот според СДСМ во државата има работа само и само за партиски војници и роднини на партиските функционери. Одговори на прашањата за црната партизација на администрацијата мора да има. Одговорност за овој мрачен период на Република Македонија мора да има. И ќе има, многу скоро, истакна Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

47218310_2241558139211610_6278428715651170304_n

Почнува изградбата на патот во Долно Лисиче

Денеска во Долно Лисиче градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, го најавија почетокот на реконструкцијата на регионалниот пат Јурумлери – Драчево, кој поминува низ Долно Лисиче.„Драго ми е што со реализација на овој проект регионалниот пат во Долно Лисиче ќе биде целосно реконструиран и долгорочно ќе се реши повеќегодишниот проблем со несоодветна инфраструктура за локалното население“, изјави градоначалникот Марин.Целта на проектот, на кој активно се работи, е трајно да се реши проблемот на локалното население и на сите што го користат патот Јурумлери – Драчево.„Овој проект има исклучитено значење и предвидува градежни активности и материјали што се според високи меѓународни стандарди“, изјави министерот Сугарески.Приоритет е даден токму на оваа делница, затоа што, како што рече директорот Китанов, е многу фреквентен пат и е прв од 12-те најоштетени делници што ќе се реконструираат во претстојниот период. За оваа намена обезбедени се 14 милиони евра од Светска банка.„За првпат преку Светска банка се прави ваков проект за реконструкција, преку кој се навлегува и во долниот тампон на патот, а не како класична рехабилитација со гребење и постирање асфалт“, појасни Китанов.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Решенијата за подобро здравје на граѓаните се и во локалната самоуправа, граѓанскиот и бизнис сектор

Во салата на Советот на Град Скопје денеска (30.11.2018 година, петок), се одржа работилницата на тема „Мрежа на здрави градови“ на која учествуваа Никола Наумоски, раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот, координаторот на проектот ИНХЕРИТ, проф.д-р Драган Ѓорѓев и координаторот на Проектот за здрави населби, Џон Хауи. На работилницата се дискутираше за факторите кои влијаат на здравјето на граѓаните, особено факторот животна средина.- Европската мрежа на Здрави Градови е дел од Светската Здравствена Организација. Во оваа мрежа се вклучуваат оние градови кои се подготвени да го постават здравјето на граѓаните како приоритет во работата на градските управи. Според Европската мрежа на Здрави градови, на здравјето на граѓаните секогаш битно влијааат и дополнителни фактори како што се условите на домување, состојбата на животната средина, образованието, јавните услуги, социјалната заштита итн. Токму поради ова, решенијата за подобрување на здравјето се бараат и надвор од здравствениот сектор. Мрежата на Здрави градови смета дека решенијата за подобро здравје на граѓаните се и во локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и бизнис секторот – изјави Наумоски.Тој додаде дека градовите кои се дел од оваа мрежа работат и се вклучени во глобалниот развоен Проект за Здрави градови кој претставува фазен проект и секоја негова фаза трае пет години. Проектот почнал во осумдесетите години од минатиот век и досега се завршени пет фази. Во Европа денес постојат преку 90 проектни градови кои здружено работат на реализација на шестата фаза од проектот, а на глобално ниво проектот вклучува над 3.000 градови.- Поаѓајќи од ставот за преземање на сеопфатни локални стратегии за здравје и одржлив развој на заедницата заснован на принципот „Здравје за сите”, Градот Скопје се вклучи во Мрежата на здрави градови поставувајќи си цели и задачи за обезбедување на подобри услови за живот на своите граѓани – нагласи Наумоски.Градот Скопје во насока на обезбедување здрава животна средина и здравје на луѓето во изминатиов период, реализира активности, кои се поврзани со сите области на животот на неговите граѓани: подобрување на квалитетот на воздухот преку преземање на нови 27 мерки во делот на загревањето на домаќинствата и зградите на јавните институции, во делот на сообраќајот, чистотата и зазеленувањето на градот и индустријата. Се приклучивме на Планот за чист воздух на Владата на РМ, за чија реализација ќе се примени систематски пристап во намалувањето на емисиите од сите идентификувани сектори во стратешки испланирани и распоредени мерки, кои ќе имаат за цел намалување на загадувањето на воздухот до 2020 година во Скопје до 50 %; приспособување и ублажување на влијанијата на климатските промени; заштита на постојните и изнаоѓање на нови извори на водоснабдување; заштита на почвите од загадување и санирање и рекултивација на поранешните депонии; заштита од ерозија; поефикасно управување со отпадот преку воспоставување нов систем за подигање, транспортирање и депонирање; збогатување на зелениот фонд на градот преку подигање на нови парковски површини, изградба на зелени коридори, зелени покриви и засадување нови школувани садници на подрачјето на целиот град; за една година се подигнати за 50% повеќе зелени површини споредено со минатата година. Оваа есен приоритет во акцијата за зазеленување се дрворедите, односно реконструкција на постојните и подигање нови. Реконструирани се повеќе паркови, а во наредниов период ќе се подигнат и нови; заштитата на природата преку грижата за уредување на заштитените подрачја; унапредување на условите за јавен превоз и велосипедски сообраќај преку набавување на 40 автобуси на гас и проширување на мрежата на велосипедски патеки (само за една година направени се 12 км велосипедски патеки), како и субвенции за велосипеди и електротротинети; обезбедување бесплатен превоз на инвалидизирани лица и елиминирање на бариерите за нивно непречено движење; социјалната и здравствена заштита што опфаќа обезбедени услови и услуги за стари и изнемоштени лица, бездомници, лица со интелектуална или телесна попреченост и помош во обезбедување подобри здравствени услуги; во областа на образованието е извршена замена на азбестните покриви; поставени се енергетско ефикасни фасади, реконструирани се сите објекти на средните училишта, а во тек е поставувањето прочистувачи на воздухот во секоја училница со што ќе се обезбеди подобрување на условите за престој и учење на средношколците. Обезбеден е бесплатен превоз и унапредени се условите за спорт и физичка култура како во образовните објекти, така и на јавните површини; подигнување на јавната свест преку одбележување денови од еколошкиот календар, организација на Европска недела на мобилност, акции за чистење, уредување и пошумување, промовирање физички активности за различни старосни групи, соработка со Црвен крст за мерење притисок и шеќер на граѓаните и сл.Здравите градови имаат три важни стратешки начела, тоа се: Мултисекторски пристап, односно прашањето на здравјето не е само проблем на здравствениот сектор, туку и на сите сродни и развојни сектори во општеството; Активно учество на граѓаните, во смисла на организирање самопомош, заемна помош и можност за одлучување за здравјето, што може да го овозможи локалната самоуправа и како трето, но не помалку важно начело - Грижата за здравјето на опкружувањето (биолошко, физичко и социјално опкружување), како право и должност на граѓаните да живеат во естетски и еколошки квалитетно опкружување.- Почитувајќи ги овие постулати, Градот Скопје заложбите за здрав град ги реализира во тесна соработка меѓу сите негови сектори, активна и непосредна соработка со граѓанскиот сектор, како и со здравствениот сектор заради обезбедување подобри животни услови за сите свои граѓани. Ова, повеќе од причина што Здрав град не е оној кој има постигнато одреден здравствен и еколошки статус, туку град што е свесен за важноста на здравјето на неговите граѓани, неговата состојба и секогаш настојува тоа го подобри. Тоа е оној град кој постојано создава и ја подобрува физичката и социјалната средина и ги проширува ресурсите на заедницата, кој им овозможува на луѓето меѓусебна поддршка во вршење на сите функции и развој на нивниот максимален потенцијал. Тоа е град што е посветен на здравјето и работи на создавање на истото - посочи Никола Наумоски во своето обраќање на работилницата.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Утре кошаркарите на „Ангели“ од Кисела Вода ќе играат на домашен терен

Љубителите на спортот утре во Кисела Вода ќе имаат можност да проследат два кошаркарски натпревари, на кои сениорите и младинците на „Ангели“ ќе играат за првите места на табелата.Во спортската сала „Независна Македонија“, со почеток во 18:15 часот во рамки на втората кошаркарска лига сениорите ќе играат за првото место на табелата против КК „Црн Дрим“ од Струга. Додека, во истата сала од 20:15 часот младинците М18 силите на теренот ќе ги одмерат против екипата на КК „Вардар“.

Спорт | пред 7 години

0-02-05-a08493183033e08043b450d161395e7dacd0e6a2320c6db31533e9271968ad12_1835a2f2

Додека Димитров шета, вработените спијат

Додека Министерот Никола Димитров се шета по светот и денеска е во посета на Будва, на состанок со колегите министри за надворешни работи од регионот неговиот кабинет буквално спие со сите четри во вис. Додека министерот е на пат, вработените во неговиот кабинет, се со засукани ракави со боси нозе на биро и по се изгледа спијат . Некои од нив и буквално, а не се малкумина. Односно, во кабинетот за поддршка на активностите на министерот Димитров се вработени точно 17 луѓе, од шеф на кабинет, до три секретарки, лица за односи со медиумите, началници за координација со владата, претседателот и собранието, неколку советници, соработници итн.На фотографијата можеме да го забележиме Владимир Сарафов, близок соработник на Никола Димитров за национални приоритети, дијаспора и малцински прашања како спие со сите четри во вис, раскомотен со засукани ракави и боси нозе качени на бирото. Со ваков кабинет на министерот за надворешни Никола Димитров не е ни чудо што Македонија доби катастрфоално решение за проблемот со името олицетворено во Договорот од Преспа. Не е ни чудо што Македонија доживеа пораз во поглед на националните приоритети и сега во Уставот треба да се откаже од македонските малцинства во соседството.Додека на Манчевски устата му е полна со ефикасна администрација, тој очигледно не погледна во своите редови, не погледнал кого неговите министри и назначени директори на јавни институции вработиле во институциите со кои раководат.

Македонија | пред 7 години

esma-redzepova-1439387826-65364

Есма Реџепова почива на неугледно место и без соодвето обележје

На неугледно место и без соодветно обележје почива Есма Реџепова, кралица на ромската музика. Деновиве на социјалните мрежи се појави фотографија од „вечниот дом“ на еден од најголемите „амбасадори“ на нашата држава, жената која одгледа, воспита и израсна повеќе од 50 деца без родители.На социјалните мрежи граѓаните со неверување коментираат дека ваков третман не заслужува една од најполуларните македонски пејачки на сите времиња.Кралицата на ромската музика Есма Реџепова почина пред две години во Скопје. По нејзина смрт медиумите објавија дека целиот имот го оставила на Република Македонија.Таа е носител на титулата Национален уметник на РМ од 2013. Есма е најмаркантното музичко име на Македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од првото музичко откривање на 11 март, благодарение на ангелскиот глас стана светски прифатена и призната, таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив Македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.

Македонија | пред 7 години

Kreativa-2-Budzet-2019

Карпош ги повикува граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетот

Општина Карпош овозможи нов начин за вклучување на граѓаните и граѓанските организации во креирање на буџетот за 2019 година.„Ги повикуваме сите карпошани да го пополнат формуларот во електронска форма и да го посочат предлогот или решението за своето маало или населба (https://goo.gl/qHNsHD)“, велат од општината.Целта на локалната самоуправа, како што се додава, е да создаде реален и одржлив буџет, при што ќе се стави акцент на рамномерен развој на сите урбани заедници.Во претстојниот период градоначалникот Стефан Богоев заедно со општинското раководство најавуваат повеќе теренски средби со граѓани во пресрет на донесувањето на новиот буџет.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Казнети шест возачи бидејќи немале зимска опрема во возилата

Во текот на изминатиoт ден (29.11.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и две со материјална штета.При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и пет со лесни телесни повреди. 35 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и осум возачи бидејќи шест го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило и  двајца биле возачи почетници. Осум возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено и шест кои не поседувале зимска опрема во возилата. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 99 мандатни платни налози,  додека исто така 92 возила се подигнати со "Пајак".

Скопје | пред 7 години

UNCTAD-Zeneva-2

Филипче со наредба студентите наместо да одат на час, во сабота да го чистат Клинички

Незадоволството и разочараноста од здравството кај граѓаните енормно порасна откако Филипче стапи на функција како министер. Од тогаш нема доволно лекови за граѓаните, нема слободен термин за обичен преглед, нема слух за луѓето со ретки болести.Но врвот Филипче го достигнува откако во јавноста по социјалните мрежи се рашири веста дека тој има издадено наредба оваа сабота студентите од медицински факултет наместо да одат на часови по физичко ќе треба тие часови да ги заменат со чистење на Клинички Центар. Уште поголем апсурд е тоа што присуството на студентите било задолжително доколку еден не се појави нема да добие потпис.Со ова овој министер само покажува колку е незаинтересиран за младиот кадар на лекари кои се одлеваат од државата, тој со оваа постапка им дава уште поголема мотивација по завршување на студиите да си одат од Македонија.Студентите разочарани и со право, по социјалните мрежи се договараат цела генерација да не оди на тоа чистење, бидејќи така само ќе му достават до знаење на министерот со розеви очила дека тие се тука да учат за да станат идни лекари, а не да ги поправаат неговите пропусти. Доколку сака Клиничкиот Центар да е чист тој едноставно треба да го реши со најмување на служба која ќе се грижи за хигиената на самиот Клинички. Имено ако оваа влада и министерството имаат пари за разно разни луксузи како апетисани, мебел дури и за тендери во 4 очи тогаш нека го реши и овој проблем. Така ќе бидат и пациентите задоволни, и студентите ќе си одат на часови кои им се предвидени според нивната студентска програма.

пред 7 години

Нема фотографија

Паднал со мотор на патот Скопје -Куманово, со тешки повреди хоспитализиран на Клинички

Вчера во 20.30 часот на регионалниот пат Скопје -Куманово, во село Арачиново, мотоцикл „Јамаха“, управуван од М.Р.(21) од село  Арачиново, изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа,  М.Р. се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, па препратен во комплекс клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 7 години

mijalkov-2

Независен: Мијалков не се предава пред очите на јавноста

Иако сите очекуваа да го видат поранешниот прв човек на тајната полиција Сашо Мијалков со лисици на рацете, како што ги спроведуваат во суд сите обвинети од затворот во Шутка, затворското комбе го внесе директно во гаражата во судот, а јавноста влезе во судница кога веќе на Мијалков му беа извадени лисиците. Сликата во судницата беше иста како и на претходните судења кога Мијалков доаѓаше во суд со автомобил и сопствено обезбедување.Кога новинарите влегоа во судницата, поранешниот прв човек на УБК седеше и разговараше со своите адвокати облечен во костум и бела кошула, како што доаѓаше и досега. Со неговиот израз на лицето и вообичаеното однесување како да сакаше да испрати порака дека, иако сега е во Шутка, нема да потклекне пред јавноста, која го доживува како моќник кој повеќе од десет години управуваше со политиката и бизнисот во Македонија.Затворското комбе со кое беше спроведен Мијалков го следеа три полициски џипа со специјалци, а додека траеше судското рочиште неколку специјалци со автоматски пушки стоеја пред судницата.Од Министерството за внатрешни работи велат дека специјалците го чувале Мијалков согласно пропишаните стандарди и безбедносните проценки. Внатре во судницата, пак, рочиштето на својот шеф го следеа неговите седуммина обезбедувачи.Мијалков беше приведен на 20 ноември минатата недела во хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје, а досега во јавноста нема излезено снимка од неговото апсење. По бегството на неговиот братучед, поранешниот премиер Никола Груевски, Специјалното јавно обвинителство побара притвор за Мијалков како обвинет во предметот „Тврдина - Таргет“ кој се однесува на масовното прислушување и уништување на системите за следење на комуникациите. Одбраната на Мијалков поднесе жалба на одлуката за притвор до Апелацискиот суд, но второстепениот суд сè уште нема закажано јавна седница. На седницата свои аргументи зошто бара да излезе од притвор би требало да даде лично и поранешниот шеф на УБК.

Македонија | пред 7 години

Nola-Ismajlovska-696x518

Една од осумте пратеници: Не бев со Мијалков кога го апсеа

Пратеничката Нола Исмајлоска-Старова во вечерашното госување на телевизија Телма ги демантираше информациите дека таа била со Сашо Мијалков во Мериот кога го апсеа. Во јавноста излегоа информации дека во моментот на приведување, Мијалков бил во друштво на пратениците Исмајлоска-Старова, Сашо Василевски и Крсто Мукоски.-Помирувањето беше подадена рака од Зоран Заев, за која јас сметав дека треба да биде прифатена и затоа јас сум дел од телото за помирување. Целтата за вистина за 27 април не е целосно излезена. Јас верувам дека колегите пратеници немале лоша намера, а и дека веруваат дека треба да одиме понатаму. Не бев пристуна кога го апсеа Сашо. Слушнав за тие информации, но не бев таму. Не негирам дека сум се сретнала, но кога го апсеа бев на друго место, рече Исмајлоска-Старова.

Македонија | пред 7 години

jani-makraduli

Макрадули во одбрана на Планот за чист воздух: Тој е реален и ќе даде резултат

Работата на инспекторите и на индустриските капацитети, како и управувањето со отпадот, се прашањата кои најмногу се повторуваа на првиот онлајн „разговор“ на заменик-министерот Јани Макрадули со граѓаните. Со одговорите тој го промовираше новиот ткн. План за чист воздух, кој треба да даде решение за аерозагадувањето. Сепак, половина час не беше доволно да се одговорат ниту половина од поставените прашања на Фејсбук и Твитер.Макрадули посочи дека ги лоцирале загадувачите во транспортот и градежништвото. Тој во неколку наврати нагласи дека најголемиот фактор за загадувањето на воздухот се токму домаќинствата, со употреба на јаглен и други средства кои ја зголемуваат калоричната моќ на неефикасните печки.„Социјалните случаи кои се греат на нееколошки средства ќе добијат помош од државата и директна замена на она што го користат“, вети заменик-министерот.Но, прво заменување на нееколошките системи за загревање ќе има во градинките и училиштата.„Недозволиво е едно училиште, или градинка да троши 30 000 евра во зимскиот период некогаш и до 40 000 евра за нафта“, рече тој.„Некои домаќинства ќе добијат инвертори, некои топлотни пумпи, а некои повторно ќе ги приклучиме на парното греење“, истакнувајќи дека еден инвертор чини 250 евра.Дел од коментарите на јавноста се однесуваа и на буџетот одвоен за справувањето со аерозагадувањето.„Ние сакаме да се справиме со загадувачите, а не да им купиме маски на сите луѓе. Маската не е решение за справување со загадувањето“, одговори тој на едно од прашањата упатени на социјалните мрежи.Заменик-министерот појасни дека 1,6 милиони евра ќе бидат само за намалување на аерозагадувањето, а 22 милиони за останатите области од животната средина. Сепак, признава дека овие средства не се доволни, но според него е добар почеток, надевајќи се на неколку најавени меѓународни финансиски институции.„И со овие средства ќе покажеме дека постојат резултати“, рече Макрадули.Во однос на субвенциите за возила – појасни дека при субвенционирањето нема да се прави разлика меѓу правни и физики лица, односно 3000 евра ќе изнесуваат субвенциите за хибридно возило, а 5000 за електрично. Надополни и дека до некои органи на владата веќе има барање да користат еколошки превозни средства. За налепниците, пак, повтори дека се добиваат врз основа на нивото на емисии што ги ослободуваат, а не според годината на производство.Инспектори, проверки и работа на индустриските капацитетиЕдна од работите кои најмногу ја интересираше јавноста беше и работата на инспекторите и на индустриските капацитети.„Во Македонија има вкупно 396 компании со легални дозволи, од кои 160 со А, од кои пак 125 се активни и 236 со Б дозволи. Има и компании кои работат со усогласување на оперативниот план, како Југохром, според кој од 2014година не успеа да се усогласи, да набави филтри и сега не работи“, рече Макрадули.За инспекторите, пак, одговори: „Секогаш инспектори нема, но тројца инспектори кои постоеја во Град Скопје до 2017 година, сега се 18. Има уште нови 5 во Државниот инспекторат“.Информираше дека во моментов на Електронскиот регистар на прописи – ЕНЕР е поставен Законот за инспекциски совет, кој ќе биде чадор на сите инспектори и како што рече, ќе овоможи поголема моќ за интервенција и ќе спречи избегнување на одговорност.Во однос на проверките кои ги прават инспекторите, Макрадули рече дека може да бидат редовни, или вонредни. Информира дека во изминатиов период се зачестени.„Инспекторите на Градот Скопје ги проверија вонредно сите компании коишто имаат Б дозвола, и во месеците септември и октомври, годинава, се изречени дупло повеќе казни од лани“, нагласи Макрадули.За мерењата на штетните емисии кои ги испуштаат индустриските капацитети, заменик-министерот одговори дека нив ги вршат акредитирани лаборатории.„Во моментов се врши акредитација на лаборатријата што постои во Министерството за животна средина. За таа цел се набави скапа вага која беше расипана“, соопшти тој.За поголемите индустриски капацитети како „Макстил“ и „Усје“ тврди дека постојано се мерат.„За една инсталација да добие дозвола, мора да има мерен инструмент и тие ги мераат податоците и ги доставуваат до Министерството или ги објавуваат на веб страницата“, рече Макрадули.„Се вршат редовни и строги контроли“, забележа тој.„Со новиот закон за индустриски емисии уште повеќе ќе се зголемат тие контроли“, ветува заменик-министерот.Информира дека РЕК Битола потпиша договор со компанијата „МЗТ Инженеринг“ за 22 милиони денари да најде решение за прашината, која долг период ги покриваше почвата и земјоделските поседи во околината.„Ќе почне и процесот на обнова на електростатските филтри, ќе се заседат 50 00 багреми, а досега се засадени 20 000“, вети тој.

Македонија | пред 7 години

struja-2

Без струја делови на Студеничани, Ѓорче Петров, Центар и Аеродром

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека се планирани следните технички зафати во дистрибутивната електромрежа:Во периодот од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците 4, 6 и 7 во с. Батинци (општина Студеничани); ул.Воин Драшковиќ (кај фабриката „Ферулфлок“) (општина Ѓ.Петров)Во периодот од 9:00 до 14:00 часот корисниците на дел од ул.Македонија, поточно непарните броеви од ул.Димитрија Чуповски до плоштадот Македонија (општина Центар).Во периодот од 9:00 до 13:00 часот корисниците на дел од ул.Ѓуро Салај, дел од ул.Алекса Демниевски подулица 19, дел од ул.Даутица (општина Ѓ.Петров).Во периодот од 8:30 до 12:30 часот корисниците од ул.Илија Димовски-Гоче, ул.Кресна (АВРОРА) непарните броеви од 9 а до 19 а (општина Аеродром).

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Настинката го слабее срцето

Многумина не ги сфаќаат сериозно настинката и респираторните инфекции предизвикани од вируси, но овие состојби може да доведат до сериозни болести: развој на ревматска треска, влошување на алергијата, слабеење на срцето…Настинката во комбинација со слаб имунитет како по правило значи појава на бактерии. Тие се главната причина што обично вирусно воспаление може да се комплицира и да се добие инфекција на увото, хронично синусно воспаление, продолжена кашлица, пневмонија.Професор Петар Оташевиќ, кардиолог на Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“ во Белград, вели дека респираторните инфекции, а пред сè, грипот, неколкупати ја зголемуваат опасноста од појава на срцева слабост.Ако симптомите продолжат и по три-четири дена или ако се влошат во смисла на тешкотии при дишењето, болка во градите или папсаност, потребна е лекарска помош, вели д-р Оташевиќ. „Знаци што покажуваат значителни оштетувања на срцето се болка во градите, неправилно чукање на срцето, слабост, отекување на нозете или неспособност да се лежи на рамно. Доколку одредено сериозно воспаление на срцето не е откриено навреме и не се лекува на соодветен начин, доаѓа до трајно оштетување на срцето во смисла на хронична срцева слабост, па дури и фатален исход.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Банкомат делеше банкноти од 100 долари и предизвика тепачка

Полицијата минатиот понеделник мораше да го блокира целото соседство во американскиот град Хјустон откако социјалните мрежи ја раширија веста дека банкомат дава банкноти од 100 долари наместо банкноти од 10 долари.Бенк оф Америка, на чиј автомат имаше грешка, брзо издаде соопштение дека за случајот е одговорен службеник на банката, кој на местото каде што стојат банкноти од 10 долари ги ставил оние од 100 долари, истакнувајќи дека проблемот е решен.Сè започна во неделата вечер околу 23 часот, кога еден граѓанин сакаше да подигне 20 долари од банкомат. Наместо две банкноти од 10 долари, тој добил две банкноти од 100 долари. Тој ја објавил својата добивка на социјалните мрежи, а пред банкоматот се собрала толпа луѓе и започнала тепачка.Од банката одбија да коментираат колку пари се подигнати од банкоматот за два часа, колку што и било потребно на полицијата да ја разбрка толпата. Исто така, банката не побара од граѓаните да ги вратат парите, така што среќните добија прекрасен подарок пред Божиќ.

Магазин | пред 7 години

prirodno-naucen-muzej

Архитектонска изложба „Загрозени видови“ во Природонаучниот музеј во Скопје

Во просториите на Природонаучниот музеј на Македонија вечер ќе се биде отворена архитектонска изложба „Загрозени видови“, резултат на истоимениот истражувачки проект на авторите Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков.Истражувачкиот проект „Загрозени видови“ своето внимание го насочува врз избор на значајни градби од поновата архитектонска историја на Скопје, кои претставуваат архитектонско наследство и на различен начин и во различен обем соучествуваат (а дел од нив се и клучни) во обликувањето на современиот архитектонски идентитет на градот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања