Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

orce-gjorgjievski1

“Див запад” шоу во Тетово, Спасовски време за оставка, повикува Ѓорѓиевски

Орце Ѓорѓиевски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи на Твитер по повод вчерашните настани во Тетово. Тој побара од Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да си поднесе оставка.„Спасовски не понесува одговорност, и покрај сѐ што се случува продолжува да спие.Вечерва, повторно ново “Див запад” шоу во центарот на Тетово. Ова е неуспех и неспособност која Оливер Спасовски ги докажува повеќе од две години.Време ти е да се повлечеш, време е за #ОСТАВКА “, напиша Ѓорѓиевски.https://twitter.com/GjorgjieskiOrce/status/1068647039691571200

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Тројца уапсени и искршени стакла од локали во центарот на Тетово

Тетовчани сеуште растревожени од инцидентот кој се случи синоќа во центарот на градот. Утрово на местото сеуште има искршени стакла. Локалните медиуми објавуваат изјави од очевидци кои велат дека вистинска среќа е што во престрелката нема загинати бидејќи се пукало од „калашникови“ од возила во движење во центарот на градот.Причините за инциднтот не се познати, а се шпекулира дека меѓу учесниците во престрелката е висок функционер на ДУИ и раководител на Јавна институција.Како што пишува ЦИВИЛ Медиа, приведени се три осомничени лица кои се верува дека биле дел од инцидентот на булевар „Илирија“.МВР работи на расчистување на случајот. Потрагата по останатите продолжува. 

Македонија | пред 7 години

zaev-sobranie-1

Ќе го помилува ли премиерот Заев - Груевски ?

900 лица се очекува да се ослободат придобивајќи од амнестијата која набргу треба да се изгласа во Собранието. Владата предложи предлог закон во кој се предвидува од амнестија да добија сите лица осудени на затворска казна до три години, за осуди дадени до 30 ти ноември 2018 год., независно од времето кое им преостанува, пренесува ИНА.Исто така со предлог законот се очекува да се амнестираат сите лица осудени со казна затвор, на кои до датумот на стапување во сила на законот им преостануваат за издржување до две години затвор.

Скопје | пред 7 години

seca

20 годишен охриѓанец заработи кривична за КД „пустошење на шума”

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.П.(20) од село Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,пустошење на шума”. На 12.07.2018 година околу 01.00 часот во Охрид на местото викано „Распаќе”, полициски службеници се обиделе да запрат товарно возило, управувано од пријавениот, но тој не застанал. Набргу потоа, М.Л. го оставил возилото и избегал. При преглед на возилото, биле пронајдени и одземени 7,7  кубни метри дабови дрва, без соодветна документација.

Македонија | пред 7 години

crna-gora

(ВИДЕО)Уапсен лидерот на црногорската опозиција: „Ние сме на работ на граѓанска војна“

Еден од лидерите на опозицискиот Демократскиот фронт, Небојша Медојевиќ, е уапсен синоќа, јавуваат локалните медиуми.Црногорскиот пратеник е уапсен по налог на Вишиот суд во Подгорица во предмет формиран против него поради тврдење за примање и давање мито, без одземање на пратеничкиот имунитет, по што бил спроведен во Заводот за извршување на кривични санкции.-Вишиот суд во Подгорица за Медојевиќ одреди притвор во времетраење до два месеци бидејќи одбил да сведочи во предмет формиран во Специјалното државно обвинителство поради јавно изречени тврдења на ова лице дека наводно знае дека на поранешниот градоначалник на Подгорица нема да му биде одреден притвор бидејќи главниот специјален обвинител примил мито во износ од 100.000 евра, соопштено е од Управата на полицијата.https://www.facebook.com/fosmediamne/videos/332095087606785/

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во Собранието почнува втората фаза од уставните измени

Денес започнува седницата во Собранието на која ќе се расправа за нацрт уставните амандмани.Џафери очекува оваа фаза од измените на Уставот да финишира околу 18 декември, по што би се почнало со третата и последна фаза.За да се премине на третата фаза потребени се гласовите на 61 пратеник. По ова гласање предвидено е Владата како предлагач на уставните измени треба да организира јавна расправа во траење од пет дена. Потоа, Владата има рок од два дена да испрати извештај до Собранието, по истекот на овој рок собранискиот спикер има рок од 30 дена да ја закаже седницата за конечно носење на амандманите за што ќе бидат потребни гласовите од 80 пратеници односно двотретинско мнозинство.Очекувањата се дека оваа седница би се одржала кон средината на јануари кога би финиширал процесот на уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа за промена на името со Република Грција.Во првата фаза од уставните измени двотретинското мнозинство го обезбедија гласовите на осуммина пратеници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, кои потоа беа исклучени од партија. Тројца од пратениците кои гласаа се обвинети за настаните во Собранието од 27-ми април, додека другите пратеници или нивни роднини се  под обвиненија од Специјалното јавно обвинителство. Подоцна, пратениците формираа независна пратеничка група чиј координатор е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска.

Македонија | пред 7 години

LGBTI

Започна националната кампања против насилство и дискриминација на ЛГБТИ

Националната кампања против насилство и дискриминација на ЛГБТИ ќе се спроведе под мотото „Не суди кој кого љуби“.Во кампањата учествуваат пратеници од различни политички партии, членови на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на ЛГБТИ правата со цел да ја подигнат јавната свест за проблемот со насилството засновано на сексуалната ориентација и родовиот идентитет и да влијаат на намалување на предрасудите кон ЛГБТИ луѓето, кои доведуваат до прекршување на нивните права, а често ескалираат во физичко насилство.Кампањата се спроведуваме во соработка со Коалицијата Маргини и ЛГБТИ центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет за човекови права, со поддршка на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на ЛГБТИ правата, во рамки на проектот „Собранието и локалните самоуправи во унапредувањето на правата на ЛГБТ“ кој е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Викендов студено, максималните температури до 8 степени

Денес времето ќе биде умерено до значително облачно.Утринските температури ќе се движат од -8 до -1 степен, а максималните дневни од 3 до 8 степени.Во Скопје слично време со температура од -4 до 4 степени.Следува период на претежно стабилно време со умерена до значителна облачност, а во западните делови со услови за локален дожд. По котлините ќе има појава на магла.

Македонија | пред 7 години

DSC_2895

Различностите обединуваат - Прирачник за деца со Даунов синдром

Едукативен прирачник во форма на приказна за деца со Даунов синдром, денеска беше презентиран во ООУ „Јан Амос Коменски“. Автор на оваа сликовница-едукативен прирачник е Мимоза Петревска Георгиева, мајка на ученичката Илина, дете со Даунов синдром, која е деветто одделение во „Јан Амос Коменски“ и е главен лик во приказната.Приказната за Иван и Илина ја слушнаа поголем број на ученици од ова училиште, во присуство на нивните родители, дефектолозите и наставниот кадар, како и гости од Општината. Изготвувањето на оваа сликовница е инспирирано од секојдневниот живот на Илина, посебно оној дел кој го минува во училиште, како и од односот со нејзините соученици и наставници.Оваа сликовница ќе има за цел да го олесни воспитно - образовниот процес на децата со Даунов синдром и лицата со посебни потреби и истите на полесен начин да се вклучат во наставата.Содржината на овој прирачник ги поттикнува сите ученици да бидат отворени и да имаат разбирање за различностите околу себе - затоа што сите сме различни.На денешната презентација присуствуваше и градоначалникот на  Општина Карпош, Стефан Богоев кој се осврна на повеќе аспекти.„Општината ќе продолжи да работи на унапредување на статусот на лицата со посебни потреби. Секој од нас е различен и како такви треба да се прифаќаме затоа што другарството е сé.Навистина ме радува енергијата на учениците на децата со Даунов синдром и еланот на нивните родители и асистенти, затоа што само заеднички можеме да создадеме подобри услови“, рече Богоев.Во основното училиште „Јан Амос Коменски“ е отворена и првата сензорна соба (просторија за деца со посебни потреби), со што се овозможува полесна нивна адаптација. Градоначалникот Богоев посочи дека во текот на следната недела, нова сензорна соба ќе добие и основното училиште „Димо Хаџи Димов“, во Влае.

Скопје | пред 7 години

B7

Мице Јанкуловски доби една од највисоките награди на Биеналето Ларнака 2018

Вчера во просториите на Градската галерија на Ларнака, Кипар, во рамките на Ларнака Биенале 2018, Мице Јанкуловски ја доби наградата Уметник на светот!м има за цел да да ги претстави уметниците од цел свет со дела со висок кавалитет и професионализам.Јанкуловски на Биеналето Ларнака 2018 се претстави со делото „ФОРМИ од ВЕНЕЦИЈА“ 2017, полиптих од 5 дела, сериграфија со примена на фрок, 100 х 350 см (5х 100х70 см / секое). Делото е куратирано од Енцо ди Мартино и печатено во графичкото студио Фалани, Венеција.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Почина Џорџ Буш Постариот

Поранешниот претседател на САД Џорџ Буш Постариот почина на 94 годишна возраст во Хјустон, во 22 часот по локално време,  соопшти портпаролот на семејството Буш.Буше беше 41 претседател на САД, од 1989 година до 1993 година. Осум години подоцна неговиот син, Џорџ Буш стана 43 претседател на САД.Во време на Роналд Реган беше во два мандата потпретседател. Буш Постариот беше и шеф на ЦИА.Неговата сопруга Барбара почина пред осум месеци. Буш живееше подолго од кој било од неговите претходници.

Свет | пред 7 години

slobodan-milosevic

Милошевиќ бил погребан без мозок- каде е мозокот?

Британскиот BBC ја откри најголемата и најчуваната тајна хашка мистерија.  Oд мртвото тело на поранешниот српски претседател  Слободан Милошевиќ во Хаг бил изваден мозокот! Телото на  поранешниот претседател на Србија Милошевиќ било погребано без мозок.Дека телото на Слободан Милошевиќ во Србија било пренесено без мозок, открил Кристијан Шартије , кој во времето на смртта на Милошевиќ бил официјален портпарол на Трибуналот.-Се сеќавам дека мртвото тело на Милошевиќ во март во 2006 година  беше вратено во Србија без мозок. Не знам што било потоа, дали мозокот е вратен на семејството цел или во делови., или пак останал во Институтот или е уништен, изјавил Шартије за BBC, а Флоренс Артман, која во 2006 година била портпаролка на Карла дел Понте, главната тужителка на Трибуналот , со својата изјава само ја продлабочила мистеријата.Инаку, телото на Слободан Милошевиќ по аутопсијата во затворен ковчег му било предадено на неговиот син Марко, кој долетал од Москва за да го преземе. Според BBC во тоа време се појавиле и теории дека смртта на Милошевиќ е лажирана и дека тој тајно бил пренесен во Москва,а во Србија бил испратен празен ковчег.-Поради строгите холандски закони за приватност не можевме да провериме дали во Хаг останал само мозокот или тоа се случило и се некој други делоти од телото. Ваква информација можеле да добијат само холандските или српските државни органи или членовите на најтесното семејство, изјавила портпаролката на Дел Понте, Флоренс за британскиот јавен сервис.BBC се обратиле и до Холандскиот форензичен институт , од каде што не успеал да добие одговор на прашањето што се случило со мозокот на Милошевиќ. Со образложение од надлежните од Институтот дека „не им е дозволено да даваат информации за поединечни случаи“. Но и со кратко објаснување дека Институтот„ воопшто говорејќи има право да задржи одредени примероци поради понатамошно испитување“.      

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Приведени две лица, се трага уште по четири лица учесници во инцидентот

Дознаваме дека полицијата сеуште нема сознанија кој пукал и од какво оружје. Приведени се две лица, за кои постои сомневање дека се учесници во инцидентот кој се случи вечерва во Тетово. Во моментов се врши увид на мастото на инцидентот и се трага по автомобилите во кои биле двете групи кои меѓусебно отвориле оган.  Полицијата трага и по другите лица кои го нарушувале јавниот ред и мир.Инаку инцидентот во центарот на Тетово се случил околу 21:30 кога засега неидентификувани возила, биле дел од престрелка.  Од два автомобили со автоматски пушки групите отвориле оган во центарот на градот. Според првичните информации има ранети лица, а еден од учесниците во престрелката е висок функционер на ДУИ и заменик директор на УЈП.Портпаролот на тетовската полиција Фатмир Реџепи за локалните медиуми соопштил дека дошло до судир помеѓу две групи, кои во возила од движење отвориле оган меѓусебе. Дел од куршумите завршиле во околните локали во центарот на градот.Засега нема потврда за повредени лица, но според неофицијални информации се работи за двајца повредени.https://www.facebook.com/TetovaaSot/videos/319648321957493/

Македонија | пред 7 години

aljaska-222

(ВИДЕО) Земјотрес од 7.2 степени, ја отвори земјата на Аљаска

Силен земјотрес од 7,2 степена ја погоди Алјаска. Направени се бројни оштетувања, отворен и распукан е асфалтот, а поранешната гувернерка Сара Пејлин објави дека настрадал и нејзиниот дом.Меѓу најпогодените е и зградата на локалната телевизија каде се целосно уништени студијата и опремата. Епицентарот на земјотресот со јачина од 7,2 степени по Рихтер беше на 12 километри од главниот град Енкориџ во 8,29 часот по локално време.По силниот земјотрес биле почуствувани уште најмалку осум земјотреси со послаб интензитет. Годишно Аљаска ја погодуваат околу 40 000 земјотреси , повеќе отколку во сите други 49 држави во САД заедно.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Мајките си ги бараат децата-паниката е огромна, велат жителите на Тетово по пукањето

По инцидентот кој се случи вечерва во центарот на Тетово, се создаде огромна паника кај населението. Тетовчани велат дека веднаш ги побарале своите деца , затоа што е петок и тинејџерите се излезени. Граѓаните кои биле сведоци на жестоките пукотници од автоматското оружје на два автомобила кои се движеле во центарот, велат дека вакво нешто до сега не виделе и тие неколку минути било страотно за нив и нивните најблиски.[embed]https://www.facebook.com/TetovaaSot/videos/319648321957493/[/embed]„Мајките си ги бараат децата. Навистина беше страшно. Се слушаа истрели во центарот на градот. Случајните минувачи се криеа како умееа. Сите кои беа сведоци на инцидентот, но и  родителите чии деца се излезени оваа вечер, се стресени“, коментира жител на Тетово за „Скопје 1“.Инаку настанот се случил околу 21:30 кога засега неидентификувани возила, биле дел од престрелка.  Од звтомобилите со автоматски пушки групите отвориле во центарот на градот. Според првичните информации има ранети лица, а еден од учесниците во престрелката е висок функционер на ДУИ и заменик директор на УЈП.Портпаролот на тетовската полиција Фатмир Реџепи за локалните медиуми соопштил дека дошло до судир помеѓу две групи, кои во возила од движење отвориле оган меѓусебе. Дел од куршумите завршиле во околните локали во центарот на градот.Засега нема потврда за повредени лица, но според неофицијални информации се работи за двајца повредени.Неофицијално засега се уаспени две лица.  

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Функционер на ДУИ учествувал во пресртелка во Тетово

Пред околу еден час во центарот на Тетово, поточно во близина на локалниот ресторан „Делфин“ имало пукање, а учесник во настанот е и функционер од ДУИ, поранешен вработен на висока позиција во УЈП, неофицијално дознава „Скопје 1“.Пукотниците од огнено оружје се слушале во строгиот центар, а лица од автомобили во движење пукале едни кон други. Дел од куршумите завршиле во угостителскиот објекти. Престрелката била со калашников, велат жителите на Тетово за „Скопје 1“.Неофицијално, во престрелката има и ранети. Според нашите информации, моментално се прави увид од страна на полицијата.

Македонија | пред 7 години

Zaev

Заев откри дека се прислушкувало и во скопскиот Суд

Системи за следење на комуникaциите освен во Јавното обвинителство биле ставени и на централата за внатрешна комуникација во Основен Суд Скопје 1, рече премиерот Зоран Заев. Тој вели дека според информациите со кои располага во моментот кога се монтирале централите во институциите биле вградени и уреди за прислушување.Државниот обвинител Љубомир Јовески на денешниот брифинг обелодени дека Јавното обвинителство е цели две години снимано, а дека постојат 2 хард-диска во просториите кајшто е сместена телефонската централа кои се со снимени телефонски комуникации од 30 септември 2016 до денес.„Кога новите опреми во институциите се монтирале за внатрешната комуникација биле ставени вакви хард-дискови за снимање. Некаде биле ставени во употреба, некаде не биле ставени во употреба. Знам дека уште при самата промена на раководители, тоа го забележале и го пријавиле и истрагата е почната уште од тогаш. Сите детали ќе може да ги дадат истражните органи. Но, мене ми е важно да се направи јасна дистинкција дека тоа е правено некаде 2016 година, дали летото или септември. Тоа го дигна алармот уште тогаш и во сите други институции каде имаат системи за внатрешни комуникации, таканаречени централи. Еве истрагата е на крај и се надевам овие денови ќе се дознаат нови детали“, рече Заев.Тој кажа дека за истрагата бил информиран во моментот кога бил информиран и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и дека истрагата почнала уште пролетта.„Истрагата ќе покаже кој тоа го користел, кој тоа го злоупотребил. Верувам дека ги имаме сите наоди. Тоа само покажува колку била упропастена Македонија, тоа се сериозни работи и нема играчка за вакви работи, се работи за приватноста на луѓето“, рече Заев.Тој кажа дека се следела комуникацијата внатре и во интерната комуникација што и како работатат јавните обвинители и јавните истражители.„Тоа е само уште една потврда колку е руинирана Македонија и колку е важно да го вратиме правниот систем, колку е важна борбата против корупцијата и севкупниот криминалитет во Република Македонија. Ги охрабрувам институциите да продолжат со вакви храбри изјави и вакви храбри истраги, сѐ додека не станеме нормална земја. Без владеење на правото и без одредување на одговорноста не може да очекуваме никаква перспектива. Остануваме сериозни борци за правната држава и борба против криминалот и сѐ она што се случува во Македонија од периодот на режимот, кој се надоврзува и досега и никој не може да каже до каде стигнало големото уво да се следи сѐ и сешто во Македонија. Се надевам дека истражните органи ќе ги дадат сите одговори пред граѓаните“, рече Заев.Според упатени во технологијата, не станува збр за никаква опрема за прислушкување туку за обична IP телефонска централа која, меѓу другото, има опција и за снимање разговори. Вакви IP телефонски централи има во бројни фирми и сите поддржуваат снимање разговори, затоа што има потреба за тоа (снимање на разговори со корисници за пример).„Проблемот е во тоа што некој ја активирал таа функционалност, а не смеел, а не дека е набавена којзнае каква опрема за прислушкување“, велат упатени во технологијата.На обвинувањата од опозицијата дека уредите за прислушување биле монтирани во време на Пржинската влада кога технички министри за внатрешни работи и за труд и социјала беа Оливер Спасовски и Фросина Ременски, премиерот рече дека во времето кога се набавени телефонските централи во Јавното обвинителство и во Основен суд Скопје 1 се знае кој раководел со нив и дека бегање од одговорноста нема.„Истрагата ако покаже дека тоа е со нивно знаење, а тоа се тие што ги потпишуваат набавките на тие централи ќе си понесат одговорност. ВМРО-ДПМНЕ која дава вакви изјави беше главниот поддржувач на ваквите начини на работење и владеење во државата. За мене како претседател на Владата е важно да понесе одговорност секој оној кој што се дрзнал и да помисли, а не па да вгради вакви системи на следење, со кои се нарушува приватните комуникации на граѓаните, без оглед дали се приватни надвор од работа или се службени комуникации“, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Македонија ќе произведува ГМО храна!

Од следната година ќе се дозволи производство на Генетски модифицирана храна во земјава. Агенцијата за храна најави измени на Законот за безбедност на храна во кој точно ќе се дефинира како храна која содржи, е составена или произведена од генетски модифицирани организми може да се пласира на пазарот. Откако ќе се донесе законот сите операторикои ќе одлучат да произведуваат ГМО храна ќе мора предходно да ги поминат строгите законски и подзаконски процедури на одобрување. Законот ќе дозволува праг на толеранција до 0,9 отсто и доколку содржи повеќе од тоа задолжително ќе мора да се декларира дека има Генетски модифицирани организми во неа, објави 24 инфо.мк.Директорот на Агенцијата за храна Зоран Атанасов вели дека во моментов, врз основа на член 55 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ број 187/13) во Република Македонија е забрането производство, ставање во промет и увоз на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО, се до пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија.– Меѓутоа, врз основа на светските економски трендови за слободно движење на безбедната и здрава храна, а со цел овозможување на подобри услови за македонските оператори со храна за трговска размена со другите земји со што ќе се обезбеди позитивен економски ефект за Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви текст на Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната. Во моментот, текстот е на финално усогласување со Секретаријатот за законодавство, пред негово проследување до Влада на РМ- вели Атанасов.Според него во измените на законот, предвидено е погоре наведената одредба за забрана на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО во Република Македонија да се избрише, со што ќе се дозволи производство, ставање во промет и увоз во Република Македонија на ГМО храна под строго одредени услови, пропишани во подзаконски акти, со кои ќе се обезбеди заштита на јавното здравје и животната средина. Ова ќе се овозможи со воведување на соодветни стандарди пред ставање во промет на ГМО храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО.– Измените на законот се всушност усогласувања со регулативите за безбедност на храна во Европа.Со Законот точно ќе се утврдат прописите за регистрација и одобрување за ГМО бидејќи истите се многу строги. За тоа се свесни и компаниите што сакаат да дојдат до таков производ. Кога аплицираат во Европската агенција за безбедност на храната, тие знаат низ какви долги процедури на испитување и истражување мора да поминат. Прагот, пак, на толеранција во ЕУ за генетска модификација на некој производ или организам е 0,9 отсто- вели Атанасов.Според него практично се враќа стариот член во законот кој дозволуваше производство и влез на ГМО храна во Република Македонија.– ГМО веќе не е табу тема. Постојано се дискутира за ова. Скоро секаде во светот ја има прифатено ГМО храната и јас не гледам причина зошто Македонија да не го направи тоа, посебно што нема научни докази дека е штетна по здравјето на луѓето. Сепак, право на потрошувачите е да изберат што ќе консумираат- вели Атанасов. Првиот човек на Агенцијата објаснува дека при мониториг на храна откриено е присуство на ГМО во ориз од домашно потекло кој е поништен. При увоз се контролира секоја пратка со храна, а лабораториски е потврдено присуство на ГМО во пратка на пченка и во пратка на соини производи по што дадена е опција на увозниците пратките да се вратат или препратат.На прашањето дали е намален увозот на небезбедна храна во земјава директорот вели дека во земјава не се увезува небезбедна храна.– Се вршат контроли на храната при увоз и при промет во внатрешноста. Доколку при контролата при увоз се открие небезбедна храна истата се врака назад на место на потекло или се уништува- вели Атанасов.Извор: 24инфо.мк

Македонија | пред 7 години

gruevski-mala

Што пишуваат медиумите за бегството на Груевски?

Капитал пишува за тоа дека странските компании во Македонија не користат суровини од домашните фирми. Глобус анализира за бегството на Груевски, а Фокус за способноста на власта да инсталира режим како оној на Груевски.Капитал - Странските компании набавуваат малку суровини од македонските фирмиЕдна од темите на насловната страница на новото издание на Капитал е посветено на истражувањето на економскиот институт Фајнанс тинк кое покажува дека странските компании во земјава кои отворија фабрики во Македонија набавуваат малку суровини од македонските фирми. Во анализата се открива дека само 10 проценти од обврските на странските компании се остваруваат со домашните фирми, а таа соработка најмногу се сведува на набавка на одредени услуги и дека тие речиси и не набавуваат суровини за нивните производи од домашниот пазар. Како главни пречки за поголема соработка се идентификувани недоволниот технолошки развој и подготвеност на домашните компании, имплементацијата на стандарди и сертификати и недоволниот производствен капацитет, пишува покрај другото Капитал.Глобус - Тромавите институции го овозможија бегството на ГруевскиПокрај економските теми, неделниците продолжуваат да ја анализираат состојбата на македонските институции чија тромавост и неснаоѓање го овозможија бегството на Никола Груевски во Унгарија. Во една од колумните на он-лајн магазинот Глобус авторот наведува дека бегството на Груевски е медиум преку кој елитата и народот бараат промени со кои ќе се гарантира статус квото. Општеството е уништено до таа мерка, продолжува Глобус, што не е во состојба да пружа позначајни отпори на евентуалните промени, затоа и беше дозволено да биде уништено, но е обезличено и деморализирано до мерка која го прави неупотребливо како енергија на неопходните промени. Колумнистот смета дека власта на Заев е слаба и во кадровска и во идејна смисла и во смисла на политичките релации во Собранието, и нејзините практики се многу проблематични, но во оценките што претендираат да бидат реални мора да се земе предвид контекстот на една инцестуозна и деформирана средина, темелно изобличена во текот на режимот на ВМРО, но тоа, се разбира не смее да биде алиби за ничија неспособност, вели авторот. Точно е дека аждајата на груевизмот е жива, но општеството одбива да конституира власт која ќе му го зарие копјето на тој аждер во главата. Не ја препознава потребата, не го сака ризикот, нема кој тоа да му го објасни затоа што медиумите се центри за заглупувување. И во таа смисла, резултатите на Заев и неговата екипа се импресивни, вели авторот на колумната и му препорачува на премиерот да ја спушти чувствителноста кон критиките на јавноста, да го истера мандатот до крај, да направи одредени кадровски промени, во сите потези на внатрешен план да биде уште похрабар. Вториот фикс, според колумнистот во Глобус, е да стори сè да го врати, како што вели, „малото шаткасто чудовиште“ оти тоа е можеби последната голема шанса за реконсолидација на Македонија и на македонското општество.Фокус - СДСМ не е способен да инсталира авторитарен режим како оној на ГруевскиИсто така во колумна, уводничарот во Фокус објаснува, за нештата да бидат појасни, дека по година ипол владеење е сигурен дека СДСМ не е способен да инсталира авторитарен режим како оној на Груевски. „За ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски, кој сè уште го величи, наместо да го осудува груевизмот“, пишува колумнистот, „не би можел да гарантирам“, вели. Сепак, наведува колумнистот во Фокус, Заев ќе биде одговорен ако некогаш „злото се повтори“.Извор: Радио слободна Европа

Македонија | пред 7 години

alajska

Земјотрес од 7 степени ја погоди Аљаска, објавено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7 степени, ја погоди Аљаска . Епицентарот бил на 12 километри од Анкориџ, најголемиот град на Аљаска.  Кратко после потресот е објавено и предупредување за цунами на јужното крајбрежје.На социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии од оштетени објекти, паднати дрвја и скршени излози во продавници.Засега нема информации за повредени лица. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода дел од Маџари и Хиподром поради дефект

Денес поради промена на шибер од Ф-150мм на ул.Модест Мусоргски раскрсница со Благоја Стефковски во населба Маџари, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Модест Мусоргски и Блaгоја Стефковски, а со намален притисок населбите Маџари и Хиподром до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Манфред Шуберт врвен германски и светски експерти за енергетика вели: „Никако депонија на сливно подрачје“

На сливното подрачје на Охридското Езеро е крајно недозволиво, да се гради регионална депонија. Тоа би претставувало “самоубиство”, истакнал Манфред Шуберт дипломиран инжинер, Извршен Директор на фирмата Umwelttechnik & ingenieure GmbH во градот Хановер, Сојузна Република Германија, на средбата со Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.Инаку Umwelttechnik & ingenieure GmbH веќе 21 година ја презема одговорноста за животната средина и технологијата. Работните полиња на фирмата се планирање и расчистување на третман на отпад и постројки за отстранување на отпад, постројки за производство на електрична енергија и слично. Оваа фирма до сега има реализирано преку 860 мали и големи проекти, национални и меѓународни проекти.Ногачески и Шуберт разговареле долго за проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање за регионално управување со отпад во Југозападниот плански регион, при што градоначалникот го запознал Шуберт (кој важи за еден од врвните, не само германски, туку и светски експерти за енергетика) со предложените решенија и технологија за третманот на комуналниот цврст отпад.„Г-динот Манфред истакна дека технологијата на механичко-биолошки третман , која ни се предлага е технологија од пред 30-40 години, која е напуштена и не одговара на денешните стандарди. Посебно ми потенцираше дека во денешно време е недозволиво ниту 1 % метан да оди во воздухот, а не 30 % како што е случајот при механичко-биолошкиот третман на отпадот. Исто така, изрази неразбирање и за тоа зошто за констатираното количество на отпад од 56.000 т /годишно се предлага толку голема депонија, од околу 20-22 ха. На мојата забелешка дека се предлага постројката да биде лоцирана во сливно подрачје на Охридското Езеро изненадувачки констатираше дека тоа е недозволиво и би претставувало, како што самиот рече “самоубиство”“, раскажува Ногачески.Тој додава дека средбата ја искористил да поразговараат и за можностите за инвестиции во соларната енергија во општина Дебрца.Среќен сум што остануваме отворени за понатамошна соработка, Манфред Шуберт .Го поканив да ја посети општина Дебрца, а кое со задоволство го прифати, вели Ногачески.

Македонија | пред 7 години

sasa-bogdanovik

Саша Богдановиќ се пофали на ФБ - Нема да има катна гаража, ќе има зелена оаза

„Сакам да ги известам граѓаните и јавноста дека денес донесов Решение за огласување на ништовност, односно поништување на одобрение за градба на инвеститорот АНГО ДООЕЛ Скопје за катна гаража на улицата 11-ти Октомври веднаш до Собранието на РМ и спасивме една мала зелена оаза во Центар“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.„Борбата за воведување на ред во урбаниот хаос ќе ја продолжам со Ваша поддршка, поддршка од граѓаните за хуман, организиран и урбанистички испланиран Центар“, напиша Богдановиќ.

Скопје | пред 7 години

latas-ivona

Горан Ѓошевски - Леви: Ивона и Латас правеа селфи пред кабинетот на Вељаноски на 27 ми април

Ивона и Латас си правеа селфи пред Кабинетот на Вељаноски, рече обвинетиот ЛевиЛатас и Ивона правеле селфи пред кабинетот на Трајко Вељаноски за време на настаните од 27 април. Ова денес во својот исказ го кажа обвинетиот Горан Ѓошевски-Леви одговарајќи на прашањата на судијката Добрила Кацарска.Tој беше прашан од Кацарска на кому и зошто делел вода во Собранието, како и за познанства со лицата кои биле во Собраниети. На ова Леви одговори дека во толпата имало и лица кои ги познавал меѓу кои и Ивона Талевска и Латас." Меѓу лицата кои ги познавав беа и Ивона и Латас кои си правеа селфи пред кабинетот на Вељаноски", одговори Леви.

Скопје | пред 7 години

dzaferi-talad

Џафери: Законот за ратификација на договорот со Грција ќе биде испратен без потпис од Иванов

Ќе има ли годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов? Засега неизвесно е дали претседателот Ѓорге Иванов ќе го одржи редовното годишно обраќање во Собранието на Макеоднија. Терминот не е договорен, а како што информира на средба со новинарите собранискиот спикер Талат Џафери, од кабинетот на Иванов досега не е испратено писмо за одредување термин за негово обраќање пред пратениците.Џафери вели дека Иванов нема обврска да се обрати во Парламентот туку дека тоа е негово право. Во декември Собранито има планирано три седници, евентуално четири до пет, вклучувајќи и за обраќање на Иванов, доколку побара.Мандатот на Иванов истекува на 2 мај наредната година, а претседателските избори ќе бидат распишани највератно на крајот на јануари или почетокот на февруари, информира Џафери.Во врска со Договорот од Преспа, за кој законот за ратификација нема потпис од претседателот на државата, и не е доставен во Службен весник, Џафери рече дека ќе биде испратен без потпис на Иванов, но не прецизираше кога.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања