Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Screenshot_6

Нов апарат за видео лариноскопија и ендоскопија за обезбедување на дишен пат, за пациентите на КАРИЛ

Министерството за здравство набави нов апарат за видео лариноскопија и ендоскопија за обезбедување на дишен пат, вреден 70 илјади евра, наменет за пациентите кои се лекуваат на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување - КАРИЛ.Со помош на овој апарат, анестезиолозите ќе можат полесно да интубираат пациенти кои се хоспитализирани на оваа Клиника и се во ризик.Директорката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова Мијовска, вели дека досега овие зафати се правени механички со директна визуализација, а отсега тоа ќе се работи со овој порт, кој има мала камера и екран кој на анестезилогот и неговиот тим имаат комплетен увид како се прави зафатот.„Оваа платформа е многу важна за лекарите, но и за пациентите на кој треба да им се се поставуваат тубуси. Поставувањето на тубусите е неопходно за сите пациенти врз кои се врши некој посериозен зафат. Ова е навистина голема придобивка за сите, многу вреден апарат“, вели д-р Мојсова Мијовска.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Стоилковски: Вработување е можно само за партиската војска на СДСМ, ако се запишани во тефтерчињата

Криминогената власт на СДСМ спроведува најцрна партизација на јавната администрација под кодно име „Мрежа“. Во таа „Мрежа“ се имиња на партиски војници и послушници, кои работеа на црните сценарија на политиките на СДСМ, таа е истата онаа мрежа преку која беа испраќани пораките за излезност на референдумот, таа е истата онаа мрежа на СДСМ според која во оваа држава нема место за професионалци, за успешни, за напредни студенти, за нови идеи и вистински нов дух во јавната администрација, изјави Наум Стоилковски на денешната прес-конференција.„Според Мрежата на СДСМ Вработување е можно само за партиската војска на СДСМ, и тоа само ако се запишани во црните тефтерчињата на партиските општински организации. Со оваа мрежа се спроведува мрачниот план на Заев за партизација од хигиеничар до министер, или како Курто Дудуш убаво тоа го објасни дека Членската книшка на СДСМ ќе биде се’, дури и замена за лични документи.Според информациите, само општинската организација на СДСМ во Кисела Вода, спровела вработување на 8 лица во Општината, 6 членови на управни одбори во училишта во таа општина, потоа хигиеничарки, воспитувачки во градинки, како и едно вработување во Македонски шуми, откриваат медиумите, кои велат дека поседуваат документација за акцијата Мрежа“, рече Стоилковски.Исто така тој додаде дека вчера, од ВМРО-ДПМНЕ повикале на одговори за над 30 партиски вработувања во ЈП Македонски шуми низ повеќе општински дирекции во кусо време, а каде непотизмот и партиската припадност се непобитен факт.„Претходно посочувавме на вработувања во општините каде главни нововработени се роднини на општински и на партиски главешини. Да потсетиме, Уште нема одговор од М-НАВ за нововработените 24 лица од кои речиси ниеден нема образование потребно за вработување во Агенцијата, но има партиска или роднинска позадина, па членовите на комисиите биле ставани под тежок притисок да ги примат токму нив. Нема одговори за вработувањето на мајката на Костадин Костадинов од СДСМ во администрацијата во Струмица, или сестрата и пријателката на Кирацовски во администрацијата во Битола.Почитувани, ова ги докажува наводите во јавноста дека низ општините во Република Македонија, се одвиваа тајни опскурни партиски средби на функционери на СДСМ. Договарани се списоци- таканаречени Црни списоци- со работни места кои може да се отворат во општински ресори, училишта, градинки, подрачни единици на државната администрација, Комунална Хигиена, Македонски шуми, секаде каде може да се донаполни, а земени предвид беа и места зафатени од луѓе примени на определено време кои не биле дел од мрежата во црните тефтери“, изјави тој.Стоилковски изјави и дека на една од таквите средби, според документи на кои се повикуваат медиумите, генералниот секретар на партијата Александар Кирацовски порачал дека раководните кадри во институциите мора да направат чекори за вработување на нивни членови.„И после сето ова, министерот за администрација Дамјан Манчевски, вината за неуспехот во евроинтеграциите ја става на грбот на администрацијата!? Само прашање е дали ваквите закани не се во функција на пронаоѓање вина за чесните во администрацијата за да бидат заменети со нови партиски кадри? Онака како што посочува Заев, ги оценуваме со слаби оценки за да може да ги замениме? ВМРО-ДПМНЕ подолго време повикува на одговори и од институциите каде има партизација и непотизам, но и од институциите кои тоа треба да го истражат, но одговор- нема.Почитувани, партизацијата на администрацијата е најлошата антиреформа. Тоа не е европска туку црна вредност на Зоран Заев, тоа не е патот кон Европската Унија, туку пат на уништување на државата од оваа криминогена власт.Оваа црна политизација е пример за непотизам, ова е пример за партизација на администрација, нејзино максимално обременување и пат кон неефикасност. Тука во овој мрачен систем нема место за професионалци. Оваа криминогена власт која што ја зацрни РМ нема место за граѓани без партиска книшка на СДСМ. Во Животот според СДСМ во државата има работа само за партиски војници и роднини на партиските функционери.Одговори на прашањата за црната партизација на администрацијата мора да има. Одговорност за овој мрачен период на Република Македонија мора да има. И ќе има, многу скоро“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мицкоски се директни виновници за нелегалното прислушување, остатоците од режимот ќе се соочат со правдата

Нервозата на Мицкоски од сите негови неуспеси да го одбрани криминалот на неговиот ментор, Никола Груевски, од неуспехот да ја закочи иднината на Македонија во НАТО и ЕУ се манифестира со безобразно пласирање лаги. Мицкоски со лаги, целосно неуспешно, се обидува да ја оттргне вината за неговото учество во најголемите скандали, меѓу кои и она со прислушувањето, велат од СДСМ.„Токму ВМРО-ДПМНЕ,  партијата со најголем скандал за прислушување во историјата на Европа, во чие време се монтирале прислушни уреди по институции, денеска неуспешно сеобвинува да обини дека некој друг прислушувал. Токму во тоа црно време на режимот Мицкоски беше генерален секретар на партијата и десна рака на осудениот криминалец Никола Груевски, советник во неговиот кабинет“, додаваат од СДСМ.Исто така од СДСМ велат дека граѓаните знаат и паметат дека токму Мицкоски на прес конференција застана против Специјалното јавно обвинителство и побара негово укинување со што уште еднаш се стави во директна одбрана на сите криминали на Никола Груевски.„Мрачното време на масовно прислушување и системско кршење на човековите права и слободи, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.Денес, институциите работат професионално и независно, а човековите права се почитуваат и унапредуваат. Оттука, од сите надлежни институции очекуваме до крај да го расчистат овој случај започнат уште во 2016 година.Виновниците за нелегалното прислушување во правосдусните институции ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани.Борбата за правна држава продолжува, остатоците на режимот во правосудните органи мора да бидат изнесени пред лицето на правдата“, стои во соопштението на партијата.

Македонија | пред 7 години

plta-333

Платите во Македонија растат, цената на трудот сѐ уште ниска

Нерамномерната распределба на трудот и капиталот во Македонија е клучниот проблем за лошата социјална слика на работниците. Дури 70% од работниците добиваат плата која не е ни близу просечната, објави DW.com.Платите во Македонија се зголемуваат, но цената на трудот квалитативно не се менува. Просечната плата надмина 24 илјади денари, податок кој сам по себе охрабрува. Но од друга страна, она што депримира е фактот дека сѐ уште многу малку од работниците имаат „привилегија“ истата да ја добиваат. И тоа главно оние кои работат во државната администрација и делумно во приватниот сектор. Но не и во стопанството, каде платите и натаму се далеку од статистичкиот просек. Или во превод, дури 70% од работниците во Македонија на крајот од месецот на трансакциската сметка добиваат сума која не е ниту приближна со онаа што значи просек на ниво на држава. Ваквите податоци, според синдикатот, се загрижувачки:„Платите можеби некаде растат, но генерално тие се ниски, дури и најниски во регионот, со исклучок на Косово за кое и не знам дали постои официјален релевантен податок. Ваквите состојби се должат пред сѐ на фактот што најголем дел од работодавачите не се спремни адекватно да го вреднуваат трудот на работникот. Односно, во прв план им е профитот. За овој период од две и пол децении транзиција платите се зголемени за 100%, но капиталот во Република Македонија е зголемен за трипати повеќе. Можеби е и повеќе, но помалку од ова сигурно не е. Тоа се должи на фактот дека нема рамномерна распределба на трудот и капиталот, секој да си го земе својот дел за да има нормален живот во Македонија“, реагира Пеце Ристескин претседател на Синдикатот за енергетика, индустрија и рударство.Потврда за ова, според Ристески, се и ефектите што ги предизвика владиниот концепт за зголемување на минимална плата, кој од една страна даде резултати, но донесе и проблеми:„Минималната плата порасна на 12.000 денари, но сега имаме контраефект. Минималецот се зголеми, но другите плати останаа на исто ниво и работодавачите не покажаа храброст да ги зголемат. Па така дојде до еден вид 'урамниловка' кај две до три категории за сложеност на работни места, па така сега имаме компресија. Во еден мал простор се сместени оние што земаат плата со високо образование и оние кои имаат ниско образование. Имаме состојби каде високо образовано лице почетник, зема 14.000 денари бидејќи нема стаж и сѐ уште нема смени и слични основи за додатоци. Од друга страна, категорија на работници кои се без образование и се соодветно распределени, а кои освен стартниот минималец, поради стажот или ноќниот труд, заработуваат идентична сума. А замислете каде се другите, кога меѓу високата и најниската плата фактички немате разлика. И тоа демотивира“, предупредува Ристески.Делење плати од „ѓутуре“Работодавачите се свесни за проблемите, но велат дека генерално тие се одраз на реалните состојби во државата. Проблемите се системски, но делумно и кај нив самите:„На приватниот сектор секогаш му пречат неданочните и парафискалните трошоци кои индиректно влијаат и на платите. Дополнително и чувството на несигурност, што влијае врз бизнисот, но и слабата доминација на бизнисмените, без оглед што се удираат во гради стопанските комори, кои за жал ниту се моќни ниту се влијателни. Да беа влијателни ќе направеа промени во размислувањето на оние што ги креираат политиките, сеедно дали трудови, даночни, фискални, економски... Де факто и самите работодавачи многу малку полагаат внимание на намалување на трошоците на работење, од типот штедење на енергија, штедење на ресурси, перформанси. Еден куп процеси се случуваат во процесот на производството и услугите каде што се повторуваат трошоци наместо тоа да се оптимизира. И во тој случај каде се крати, се знае - најмногу на платите“, предупредува Миле Бошков, претседател на Конфедерацијата на работодавачи.Дополнителен проблем, според него, е што голем дел од малите и средни компании недоволно или воопшто не инвестираат во своите вработени:„Многу малку од малите и средни компании имаат доволен капацитет да дознаат што значи вложување во луѓето. Дури немаат ни еден систем на мерење на исполнителност на вработените, па така делат плати што се вели од 'ѓутуре' која сметаат дека е во рамки на нормала и на ниво во целата земја“, укажува Бошков.Она што дополнително загрижува се политиките кон јавниот сектор, но и социјалните мерки кои дополнително го оптоваруваат буџетот:„Состојбата е сериозна, но од друга страна се зголемуваат платите во јавна администрација, ама не знам на чив трошок. Дојде и до социјална пензија на ниво на минимална плата со која само се мотивираат тие што не сакаат да работат и натаму да не сакаат да работат и да примаат социјална помош. Таа социјална пензија не е на товар на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, туку на буџетот. А него го полнат граѓаните и деловниот сектор. Затоа мора да се креираат мерки со кои приватниот сектор ќе стане поконкурентен од јавната администрација која генерално има повисоки плати и го качува просекот. Тоа треба да запре со можности за создавање бизниси и услови за да се водат тие бизниси“, смета Бошков.Странските инвеститори не се подобриСиндикатите апелираат на сериозен дијалог со бизнис заедницата и владата. Инсистираат на сериозни мерки кои ќе поттикнат развој на претприемништвото, но и намалување на сериозниот проблем со одливот на млади и квалификувани кадри:„Државата мора да го цени фактот дека заради ваквите состојби со платите 30% од младите кои се висококвалификувани се заминати надвор. И не е точно дека тие заминуваат бидејќи немаат работа. Заминуваат и оние кои се вработени и кои за македонски услови земаат солидни плати, но бегаат бидејќи надвор се уште поплатени. Затоа мораме да седнеме и освен ова со минималната плата да најдеме решенија за услови платите да се зголемуваат. Во спротивно, вака нема да оди. Младите и натаму ќе бегаат и тогаш не знам за кого ќе градиме капацитети и странски инвестиции кои, чест на исклучоци, не се однесуваат ништо подобро кога е во прашање платата“, реагира Ристески.Повеќе: Работниците во Македонија се оставени на милост и немилостМерки сега, ефекти допрваРастот на платите и намалување на социјалните разлики се една од клучните владини политики. Пред да дојде на власт, СДСМ најави дека до крајот на мандатот просечната плата ќе изнесува 30 илјади денари. Клучните фактори кои треба да поттикнат зголемување на платите генерално во стопанството се базираат на Планот за економски раст, кој предвидува низа поволности и директна финансиска поддршка за сите оние компании кои ќе инвестираат и ќе обезбедат вработување и плати поголеми од просечната во државата. Од Владата велат дека интерес има, а ефектите допрва ќе се почувствуваат.Дополнително, во соработка со експерти од Германија ќе се создаваат и услови за подобрување на перформансите на образовниот систем, кој во соработка со стопанствениците, домашни и странски, ќе работат на создавање висококвалификуван кадар согласно потребите на индустријата. Паралелно се подготвува и сериозна реформа во јавната администрација. Со низа мерки ќе се стимулира нејзина поголема ефикасност, а со буџетски средства дел од вработените ќе се преквалификуваат за да станат конкуретни за потребите на приватниот сектор.Извор: DW.COM

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пронајдено куче „ротвајлер“ повредено во пределот на градите со прострелна рана од пиштол

Вчера во СВР Скопје Д.А. пријавил дека претходното утро во дворот на куќата, на улица Скупи, неговото куче од расата „ротвајлер“ било повредено во пределот на градите од куршуми од пиштол, по што било однесено во ветеринарна ординација во населба Аеродром.Кучето е однесено во ветеринарна ординација во населба Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

пред 7 години

kucinja-skitnici

Пронајдено куче со рана од куршум во Аеродром

Вчера во СВР Скопје Д.А. пријавил дека претходното утро во дворот на куќата, на улица Скупи, неговото куче од расата „ротвајлер“ било повредено во пределот на градите од куршуми од пиштол, по што било однесено во ветеринарна ординација во населба Аеродром.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Capture

Рамчиловиќ: Ние осум пратеници ќе гласаме воздржано

Пратениците од опозицијата кои го овозможија отворањето на Уставот ќе гласаат воздржано за трите амандмани на Владата, најави на денешната собраниска седница пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.-Ние осум пратеници кои овозможивме отворање на Уставот со цел интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, ќе гласаме воздржано во поглед на треите амандмани со цел да оставиме простор за јавна дебата за предлози. Потврда дека сите треба да се вклучат во овој процес е прифаќање на нашиот амандман со кој се гарантира македонскиот идентитет – рече Рамчиловиќ за четвртиот амандман и ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат овој амандман.-Нашиот воздржан глас за трите амандмани е и потсетување дека процесот на уставните измени е врзан со процесот на простување и помирување. Со нашиот глас за отворање на Уставот се отвори дебата во која учестуваа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со што потврдија дека е потребна дебата – додаде тој.

Македонија | пред 7 години

zaev

Заев: Измените ќе важат откако Грција ќе ја ратификува конечната спогодба и протоколот за нашето членство во НАТО

Мојата заложба беше и останува подадена рака во име на просперитетот на сите граѓани и на нашата земја, мојата заложба беше и останува политичките решенија за нашата иднина да ги прифаќаме како добри или лоши, рече премиерот, Зоран Заев, на денешната дебата во Собранието за утврдување на нацрт амандманите.Тој побара конструктивна расправа во Собранието и парламентот да се претвори, како што рече, во арена за натпревар на идеи.-Не треба да се занемари плуралистичката природа на нашето собрание. Тоа треба да бидат забрзувач, а не кочница за нашите стратешки основи. Нема ништо спорно во иницијативата на Владата, предложените амандма се во согласност со определбите на Македонија. Идентитетот на македонскиот народ е заштитен. Нема да има промени во идентитетот. Се внесува обврска за негова заштита. Останува грижата за сите македонци што живеат надвор од државата – рече Заев.Процесот на уставни измени, додаде тој, треба да заврши со одлука за измена на Уставот со двотретинско мнозинство гласови.-Во одлуката ќе пишува дека овие амандмани се составен дел на Уставот и влегува во сила со денот на влегување во сила на конечната спогодба. Тоа значи дека измените ќе важат откако Грција ќе ја ратификува конечната спогодба и протоколот за нашето членство во НАТО, ова е дополнителна заштита за нас. Доколку Грција не ги исполни своите обврски нема да важат овие измени.Останувам на мојот збор дека и отворена понуда за инклузивност во наредните фази. Убеден сум вие пратеници, како народни избраници ќе го спроведете успешно процесот следејќи го интересот на граѓаните. Оваа и идната година се клучни за историјата на нашата држава. Решивме спор кој беше политичка и економска штета од 1991 година до сега – рече Заев.

Македонија | пред 7 години

zaev-sobranie-1

Заев: Мицкоски, зборувал насекаде ќе го помогне овој процес

Премиерот, Зоран Заев, во реплика кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ги повика на конструктивност во Собранието затоа што, како што рече, од изгласувањето на уставните измени ќе зависи интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.Како што рече тој, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, ветил дека ќе го помогне овој процес.-Референдумот е успешен одлуката не е донесена. Може ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде утре на власт, што после тоа? Нема друго, туку ќе се донесе истиот договор. Да не ја кочиме Македонија. Мицкоски, вашиот претседател, зборувал насекаде ќе го помогне овој процес, ако не друго затоа што е за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. Разбирам дека сме различни, апелирам за конструктивност. Нека се виновни Заев и Димитров кои го потпишаа договорот, но дајте да и овозможиме на државата членство во ЕУ и НАТО – рече Заев.

Македонија | пред 7 години

dzaferi-talad

Џафери до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: За името „ВМРО“ карајте се на суд

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара од претседателот на Собранието Талат Џафери да преземе мерки против пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ да не го користат симболот на партијата и името на партијата. Тој рече дека испратил допис до претседателот на Собранието со потпис од генералниот секретар Игор Јанушев исклучените пратеници да не го користат името ВМРО-ДПМНЕ.„Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, па неговото писмо нема дејство врз мене. Пратеници според Деловникот имаат право да формираат пратенички групи. А за името не е надлежно Собранието, ќе одите на суд и ќе го решавате проблемот“, му одговори претседателот Џафери на Мицевски.Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара точката да се повлече од дневниот ред бидејќи предлогот е противуставен, а рече дека и референдумот во Македонија бил неуспешен.Со 61 глас, парламентарното мнозинство го одби предлогот на Мицевски.Осуммината пратеници кои гласаа за отварање на процесот за промена на Уставот со цел влез на Македонија во ЕУ и во НАТО најавија дека ќе гласаат воздржано за три амандмани поврзани со помирувањето, а ги повикаа партиските колеги  од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за амандманите кои го гарантираат македонскиот идентитет.На собраниската седница на која се расправа за уставните измени, Зеќир Рамчиловиќ, независен пратеник од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија рече: „Потсетуваме дека нашиот воздржан глас за трите амандмани е врзан за за процесот за простување и помирување“.Амандманите ги образложи премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

protest-srednoskolci-vlada-zagaduvanje-864x420

Скопските и гостиварските гимназијалци протестираат пред владата против загадувањето на воздухот

Група средошколци од средни училишта од Гостивар и Скопје, денеска се собраа пред Владата и со танц театар, кој го изведоа, го изразија својот револт од состојбата со загадувањето и непреземањето мерки за заштита на децата и младите.Тие бараат сите надлежни институции да преземат конкретни мерки за намалување на високите концентрации на ПМ 10 честичките и ПМ 2,5 во воздухот, со кои Скопје, Тетово, Битола и други градови рушат рекорди во загаденост, а Македонија, како што велат, стана најзагадена земја во Европа!-Според извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), во Македонија се дише најотровен воздух во Европа! Од загадениот воздух најмногу страдаат децата. Загадениот воздух е еден од најголемите фактори за смртност кај децата и тоа мора веднаш да се спречи. Децата се најчувствителната група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото. Секое второ болно дете се лекува од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена, велат од Првата детска амбасада во цетот „Меѓаши“ која го поддржа перформансот.Децата во раниот детски развој се немоќни било што да променат, посочуваат оттаму, а Република Македонија како потписничка на Конвенцијата за правата на детето е должна на децата да им овозможи да живеат и да се развиваат. Затоа бараат надлежните да преземат итни мерки за надминување на проблемот со загадувањето. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

„Жолтите елеци“ - по Париз и во Брисел, по Фрнција и во Белгија

Десетици демонстранти загрижени поради високите даноци и трошоците за живот, предизвикаа хаос во сообраќајот во главниот град на Белгија, каде што исто така се зајакнува т.н. движење „Жолти елеци“.Движењето „Жолти елеци“ во изминативе две недели стана доста актуелно во медиумите откако властите на Франција решија да ги зголемат цените на бензините.Демонстрантите, облечени во жолти елеци, токму како што се нарекува и движењето, ги блокираа градските улици, но на некои возила повремено им дозволуваа да поминат.Како што јавија белгиските медиуми, до инцидентот дошло кога дел од учесниците на протестот почнале да фрлаат со камења и петарди кон полицајците, што го обебзедуваале собирот. На агресивното однесување на дел од демонстрантите, полицијата одговорила со водени топови и солзавец.Претсавник на брислеската полицијата соопшти дека белгискиот премиер Шарл Мишел најавил дека е подготвен да разговара со претставници на демонстрантите, но подоцна Владата го негираше тоа.Покрај во Брисел, протест на „жолтите елеци“ се одржа и во близина на Шарлоа, кој се наоѓа 60 километри јужно од белгискиот главен град.

Свет | пред 7 години

soobrakajka1-1

Тешка сообраќајка на патниот правец Охрид - Кичево

Тешка сообраќајна несреќа се случи претпладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Песочан.Како што информираат од СВР Охрид, во несреќата учествувале две возила. Засега не се соопштуваaт информации за здравствената состојба на учесниците во незгодата.Неофицијално сударот се случил помеѓу товарно возило камион и патничко возило ауди со кавадаречки регистарски таблички, а најмалку две лица се хоспитрализирани.На местото на настанот упатени се екипи на сообраќајната полиција и итната медицинска помош, а сообраќајот на овој патен правец се одвива отежнато и со застои. 

Македонија | пред 7 години

pece

Срамно и неверојатно: Нападнат разнесувач на салфети со церебрална парализа - Му ги украле парите

Пеце Ангелевски, најпознатиот разнесувач на салфети низ битолските угостителски објекти кој има церебрална парализа бил нападнат и ограбен.Оваа информација тој ја сподели на социјалните мрежи. Напиша дека напаѓачите му ги  украле двата мобилни телефони и заработувачката. Тој неуморно со велосипедот разнесува салфети и цевки низ битолските угостителски објекти. Заработувачаката е мала, но работата му го исполнува животот, а возењето велосипед му е најдобра физикална вежба.По објавувањето на информацијата има жестоки реакции на социјалните мрежи поради овој срамен чин, но дали е само тоа доволно? 

Македонија | пред 7 години

obvinitelstvo1

Прислушкувањето на Обвинителството почнало од 2013, велат оттаму

Јавното обвинителство на Република Македонија во врска со снимањето на телефонските комуникации вели дека со исклучителна сериозност и внимателност се проверуваат сите аспекти на настанот и се работи на утврдување на евентуална кривична одговорност.„Предистражната постапка е отворена веднаш по добиените сознанија дека телефонските разговори остварени преку фиксна телефонија во зградата на јавното обвинителство биле снимани. Иако пронајдените податоци со снимени разговори на двата хард диска од телефонската централа датираат од 30.09.2016 година, постојат индиции кои укажуваат дека  снимањето траело од набавката и инсталирањето на опремата, односно од 2013 година. Во таа насока, се проверува и дали снимените разговори биле избришани или пренесени на друг уред.Како што веќе известивме, првичните сознанија од предистражната постапка укажуваат дека снимањето се вршело на двата хард диска од телефонската централа во новиот објект во кој се сместени просториите на Основното јавно обвинителство Скопје, Вишото јавно обвинителство Скопје и Јавното обвинителство на Република Македонија. Во рамките на постапката се врши проверка и на тендерската документација за набавка на опремата и на овластувањата за нејзино користење.Дополнително, Јавното обвинителство работи на проверка и на индициите дека ист или сличен систем за снимање на телефонски разговори бил употребуван и во други правосудни институции“ се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

Одземено возило на Табановце барано од Интерпол Сараево

Вчера во 18.30 часот на Граничниот премин Табановце, при контрола на патничко возило „Опел астра“ со босански национални ознаки,  управувано од A.E.(47) од Босна и Херцеговина, било констатирано дека возилото е предмет на потрага на Интерпол Сараево.А.Е. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, додека возилото било одземено. 

Македонија | пред 7 години

Mickoski-pres

Мицкоски: Заев истрча да префрли одговорност за прислушувањето кое се случувало во целиот период додека е премиер

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со прислушувањето во Обвинителството вели дека вчера премиерот Заев истрчал да ја префрли одговорноста, а тоа покажува дека си ја ишка мувата од капата.„Клекнато и уценето обвинителство и судство. Пукања, убиства, криминалци на слобода, Македонија претворена во држава на криминалот, завиена со црнила, држава каде луѓето на власт уништуваат и сакаат да управуваат со нашите животи.Ненормалното се продава за нормално, за да може секоја кражба, секоја извитопереност да им помине.Вчера се соопшти скандалозна вест. Обвинителството и судството прислушкувани. Тоа значи дека таму некаде некој кој денес е власт прати порака, судиите и обвинителите ги имаат во рака, со снимани разговори, уценети, им требаат покорни на политичките наредби, додека правдата се заобиколува.Вчера излегоа со информацијата за прислушкување на обвинителството и судството, а премиерот Заев истрча да префрли одговорност што само покажува дека си ја ишка мувата од капата и дека што би рекле нашите постари кабаетот е голем. Кои се фактите. Рекоа дека прислушкувањето започнало од септември 2016та година, а од 2 септември 2016та година министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски од СДСМ. (Еден период како технички, а потоа како полнозначен министер во владата на Заев) што значи дека ако имало прислушкување тоа е во целиот период додека овој човек е министер и во целиот мандат на оваа влада на Заев. Значи согласно засега достапните информации ова прислушкување се случувало во целиот период додека Заев е премиер, Спасовски министер, а Верушевски советник во Владата, истиот тој советник добро познат од аферата Големото Уво и бомбите на Заев. И клучното прашање е кој располага сега со разговорите на обвинителството и судството, кој ги држи уценети, кое обвинителство сега ќе ги истражува разговорите за да утврди кој диктира обвиненија и суди неправда (секако не смее тоа да биде политизираното СЈО), какви разговори има и дали поради тие разговори премиерот Заев предвреме ги погодуваше точните пресуди и висини на казни. Дали поради тие разговори одредени судии се исплашени, па судат во неразумно време, се кршат процедури, закони, правила, дали поради тие разговори одредени обвинители го амнестираат вистинскиот криминал?Зоран Заев е година ипол премиер, тој ја контролира и централната и локалната власт, одговорноста е негова, но и мрежата во која самиот се заплетка е исто негова. Ова е црниот вотергејт на оваа власт.#Црнила“, напиша Мицкоски на Фејсбук.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1116151388560319?__tn__=-R

Македонија | пред 7 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: По 11 години игнорирање се спроведува акција за решавање на проблемот со загадениот воздух

После 11 години игнорирање се спроведува заедничка акција на институциите за решавање на проблемот со загадениот воздух. Покрај системските мерки коишто се спроведуваат во Скопје, мерки за намалување на проблемот со загадениот воздух се преземаат и во другите градови, велат од СДСМ.„АД ЕЛЕМ почна акција за пошумување на земјиштето околу РЕК Битола, каде на просторот помеѓу селата Новаци, Брод и Гнеотино ќе бидат засадени 50 илјади багремови дрва.Целта е да создаде заштитен зелен појас за населените места, да се обезбеди што е можно повеќе услови за намалување на загадувањето и природни услови за прочистување на воздухот“, велат од СДСМ.Исто така оттаму додаваат дека се преземени мерки за заштита на животната средина во делот на одлагањето, односно третирањето на пепелта со инсталацијата на систем за прскање на активното одлагалиште.„Следната година започнува да се заменуваат електростатските филтри кои не биле заменети од 1980 година. Со нивната замена обезбедуваме намалување на штетните емисиите, согласно Планот за чист воздух.Преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови.Проблемот е сложен и долгогодишен и затоа неговото решавање е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ“, стои во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шилегов не преземаат ништо за аерозагадувањето

Зоран н Заев и Петре Шилегов не превземат апсолутно ништо да ги спречат последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух.Скопје и Македонија се апсолутни рекордери по загаденост во светски рамки и се наоѓаме во друштво на земји како Пакистан и Бангладеш.Граѓаните секојдневно се соочуваат со сериозни здравствени проблеми, особено хронично болните, децата и постарите.Зоран Заев и Петре Шилегов не реализираа ниту еден проект за подобрување на воздухот. Додека беа во опозиција ветуваа дека само што ќе се смени власта воздухот ќе се подобри магично. Еве и речиси после 2 години не знаат кај тераат. Неодговорноста оваа црна власт нема граници. До нив не допира ништо. Не допираат ниту анализите на реномираните универзитети низ светот каде кажуваат дека со загадувањето на воздухот се намалува просечниот живот на човекот за скоро две години.Десетици граѓани дневно завршуваат на лекар и ги полнат скопските клиники токму поради проблемите со здравјето настанати од загадениот воздух.Во Македонија, според Светската здравствена организација на годишно ниво умираат околу 3000 луѓе поради лошиот квалитет на воздухот. Но и ваквите податоци не ги загрижуваат СДСМ и Зоран Заев.Тие наместо да најдат начин како да се справат со загадувањето трошат милиони за луксузирање. 7 милиони евра ќе дадат за луксузни автомобили и мебел, 1,6 милион евра за лубриканти, а само 1,5 милион евра за борба против загадувањето. Ова е апсурд од невидени граници.Наместо да излезат со конкретни решенија поради проблемот со енормното загадување црната власт игра игри, спие и ги игнорира предлозите на опозицијата.ВМРО-ДПМНЕ предлага заедно со примарната гасификациона мрежа  паралелно  веднаш да се започне и со градба  на секундарна, за да може што побрзо да се приклучат и домаќинствата, а со тоа драстично ќе се намали загадувањето од огревно дрво.Исто така  мора под итно инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно тоа, мерките кои ги презеле, а доколку не се превземени мерки веднаш да следат соодветни мерки и казни.Министерот Садула Дураку кои тие самите го избраа вели дека не му е гајле за тужбите што ги подготвуваат граѓаните против државата, Петре Шилегов продолжува со неговите непромислени политики додека Зоран Заев ниту едно ветување за почист воздух не исполни.Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира.Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини.СДСМ мора да си замине.Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ  

Скопје | пред 7 години

1467378558_95285784_1_585x461_profesionalni-oranzherii-za-fermeri-gr-varna_1

Објавен вториот јавен повик за купување земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство го објави вториот јавен повик за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно на стопанскиот двор во функција на оранжеријата„Право на учество на јавниот повик имаат физички лица и правни лица кои во катастарот на недвижности се запишани како сопственици на оранжеријата и помошните објекти кои се во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор.Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе имаат можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост. Со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, но и ќе  остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма. Можноста која што им се отвора за нови инвестиции крајно ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството.Рокот за поднесување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошните објекти во функција на оранжеријата, односно на стопанскиот двор во функција на оранжеријата е во времетраење од 60 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници, а се доставуваат до писарницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Скопје. Конкретно рокот за поднесување на понудите е до 27-ми декември.МЗШВ укажува, сите заинтересирани да достават комплетна документација и да го запазат рокот за доставување, со цел побрзо да се склучат договорите“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

NBRM

ЦЕФ ги претстави успешните реформи на НБРМ

Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), како меѓународна организација чијашто мисија е да го поддржи развојот на капацитетите на финансиските службеници во Југоисточна Европа, деновиве ги претстави реформите и резултатите коишто Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ги оствари со активностите спроведени досега од доменот на статистиката на финансиските сметки. Притоа, НБРМ преку веб-платформата на ЦЕФ ги сподели своите искуства од овој значаен реформски процес, и тоа од започнувањето на овие активности во 2007 година па до сега.Кон крајот на минатата година, по големата посветеност на развојот на овој значаен сегмент на централнобанкарската статистика, НБРМ го оствари првиот пренос на податоци за финансиските сметки до статистичката служба на Европската Унија – ЕВРОСТАТ.Годинава, НБРМ ги испорача и статистичките податоци за движењата на финансиските сметки на државата, коишто претставуваа значајна влезна компонента за табелите за известување за ЕДП. Со тоа се направи уште еден голем чекор кон исполнување на барањата на ЕУ во сферата на статистиката, а во согласност со стратегиските цели на НБРМ.Како што беше нагласено и во претставувањето, НБРМ е подготвена и за натамошните предизвици во развивањето на статистиката на финансиските сметки. Обезбедувањето квалитетни статистички податоци, целосно усогласени со меѓународните и европските статистички стандарди, е една од нејзините стратегиски определби, дефинирани и во нејзиниот Стратегиски план за следниот тригодишен период.НБРМ е единствената централна банка чиишто искуства од доменот на статистиката на финансиските сметки ЦЕФ ги афирмира на ваков начин пред сите свои членки. Тоа е уште една потврда дека НБРМ не е само една од институциите коишто се двигатели на реформите на статистичкиот систем на Република Македонија, туку и еден од регионалните лидери во централнобанкарската заедница, во сферата на централнобанкарската статистика.Претставувањето на реформите и резултатите коишто НБРМ ги оствари со активностите спроведени досега од доменот на статистиката на финансиските сметки е достапно на веб-страницата на ЦЕФ.  

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Тешка сообраќајка на патот Ѓавато - Тополчани

Вчера во 06.45 часот на крстосницата од патот А3 Ѓавато-Тополчани и патот Р-106 Ѓавато-Тополчани се случила сообраќајна незгода  помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од И.М.(37) од село Шурленци, ресенско и товарно возило „Фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(60) од Прилеп.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „Фиат“, З.Р.(53) од Прилеп. Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола каде му била укажана лекарка помош.Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пешак почина во сообраќајна незгода

Вчера во 15.40 часот на улица „28-ми Август“ во Македонска Каменица, Т.Н.(40) од Кочани, управувајќи патничко возило „Мерцедес бенз“ со кочански регистарски ознаки, удрил во пешакот А.Б.(87) од Македонска Каменица.А.Б. починал на местото на настанот.Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

„Македонија блокира“: Оградата пред Собрание поставена на самиот булевар, не гарантираме за безбедноста доколку народот сам ја поместува

„Ја информираме јавноста дека министерот во МВР Оливер Спасовски ја направи првата опасна провокација во врска со денешнот голем Сенароден протест пред Собранието на Република Македонија.Утрово министерот Спасовски дал наредба за првпат во историјата на протестирање пред Собранието заштитната ограда да се постави на самиот булевар со што се узурпира просторот наменет за народот.Го повикуваме Спасовски да ја помести оградата на вообичаеното место пред самото Собрание бдиејќи во спротивно не гарантираме за безбедноста доколку народот се доведе во ситуација самиот ја оддалечи оградата на вообичаеното место“, стои во соопштението на Македонија Блокира.

Македонија | пред 7 години

SFRJ

Да не се распаднеше СФРЈ денеска ќе земавме просечна плата од 1.357 евра

На некогашниот Ден на републиката, 29 ти ноември, кога пред 75 год на Втотрото заседание на АВНОЈ е создаддена нова Југославија, списанието „Космо“ од Австрија објави напис за тоа што би било кога денес би се обновила државата што се распадна во 1991 год, објави весник.мк.Месечникот со тираж од 120.000 примероци чија целна група е многубројната ексјугословенска колонија во Австрија, наведува пет факти засновани на претпоставки од експерти, меѓу кои се издвојува таа за просечната плата од околу 1.400 евра!1.21 милиони жителиТолку луѓе би живееле денес во Југославија, во случај Косово да припаѓа и на новата Југославија. Ова би ја направило Југославија едена од десетте најголеми земји во Европа – поточно осма најголема земја. Тоа би биле 2 милиона жители помалку отколку во 1991 год, кога СФРЈ имаше 23 милиони жители. Станува збор за етничка структура, во неа денес би живееле 3 проценти Срби, 20 отсто Хрвати, 11 отсто Албанци, 9 отсто Бошњаци, 8 отсто Словенци, 9 отсто Македонци, 1 отсто Црногорци и 10 отсто останати.Годишна просечна плата 16.291 евраПросечниот граѓанин на обновена Југославија би имал годишна плата од 16.291 евро. (1357 месечно – н.з) реунификацијата во овој поглед посебно би им се исплатела на косоварите, бошњаците, србите, македонците и црногорците. За да се докаже ова, само примерот на Македонија е доволен: таму просечната плата изнесува 399 евра.Посилна економска позицијаБруто национлниот производ на новонастанатата Југославија би изнесувал 191,045 милијарди долари. Ова би ја ставило Југославија на 53 место во светот во смисла на силата и на големата економија.4.Југолсавија како европски играчДека Југославија имаше да каже многу повеќе како држава и денес ќе имаше главна улога на преговарачките маси на Европа и во светт, убеден е и познатиот американски политиколог Фил Батлер. Тој тврди дека Југославија денес би била една од цантралните држави во Европа и дека со Југославија би преживеало движењето на неврзаните. Како резултат на тоа Европската унија не би имала „монопол“ во Еропа и би имала помалку да каже геополитички. Батлер е подржувач на тезата дека распаѓањето на Југолсвија од страна на запад – особено мотивот за слабеење на една силна држава е намерно промовирано.Спортска моќ во светотКога повторно би имало југословенски репрезентации и спортисти кои би се натпреварувале под југословенско знаме, тогаш Југославија би била, несомнено меѓу првите пет спортски сили во светот. Јасно е дека Југославија би била апсолутна светска сила, особено во екипните спортови, како што се кошарка, фудбал, ватерполо и ракомет. Ова може да се докаже со успехот на Хрватска на Светското пренство во фудбал и на србија на кошаркарските турнири. Извор весник. Мк 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања