Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Нема фотографија

Собранието денес ја продолжува расправата за нацрт амандманите

Собранието на Република Македонија денеска во 11 часот ќе ја продолжи расправата за нацрт амандманите, во рамки на втората фаза од уставните измени.На почетокот на вчерашната расправа премиерот Зоран Заев, образложувајќи ги амандманите кои произлегуваат од Договорот од Преспа, истакна дека измените ќе важат откако Грција ќе ја ратификува конечната спогодба и протоколот за нашето членство во НАТО, а доколку Грција не ги исполни своите обврски нема да важат овие измени.Исто така Заев додаде дека референдумот за него е успешен, но одлуката не е донесена. Според него, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ветил дека ќе го помогне овој процес.Пленарната седница може да трае 12 дена, бидејќи за секој амандман е предвидена дебата од три дена. Во оваа втора фаза за усвојување на амандманите е потребен 61 глас.Пред Собранието за се одржаа протести против уставните измени, кои беа организирани од „Македонија Блокира“. Тие рекоа дека нема да заминат до Нова Година бидејќи се спротивставуваат на неуставното менување на името на државата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, Шилегов игра игри на телефон

Опасните ПМ 10 честички синоќа во Скопје достигнуваа концентрација над пет пати повисока од дозволената, а Заев, Шилегов и Макрадули единствено што прават е омаловажување и замолкнување на граѓаните и невладините активисти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните се гушат во загадениот воздух, а Заев и Шилегов се уште немаат превземено ниту една мерка со која ќе го намалат аерозагадувањето.  Неспособната власт на СДСМ  не води ни малку грижа за граѓаните и последиците кои ги имаат од отровите кои ги вдишуваат, се наведува во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.Додека Скопје секојдневно се наоѓа на листата на десет најзагадени градови во Светот, градоначалникот Петре Шилегов си игра игрички на мобилен телефон.Кога беа опозиција ветуваа итни мерки за почист воздух, а откако дојдоа на власт не реализираа ниту еден проект. Решавање на проблемот со загадувањето не им е ниту во агендата. Наместо да се справат со загадувањето, тие трошат милиони за луксузни автомобили, фотелји и лубрикантиЗа Заев и Шилегов не е важно здравјето на граѓаните. За нив не е важно што Македонија официјално стана најзагадена земја во Европа и што Светската здравствена организација објави дека во земјава годишно умираат околу 3000 луѓе како директна последица на загадениот воздух.Неодговорната власт на Заев и СДСМ не води грижа ниту што болниците веќе се преполни со граѓани кои имаат проблеми со кардиоваскуларните и респираторните органи.  До СДСМ не допира тоа што граѓаните секојдневно се соочуваат со сериозни здравствени проблеми, особено хронично болните, децата и постарите“, велат од опозициската партија.Според нив доколку СДСМ не спроведува ниту еден проект , ниту има идеја како да се справи со загадениот воздух, треба веднаш да ги прифати препораките на опозицијата.„ВМРО-ДПМНЕ предлага во услови на загаденост над дозволените мерни концентрации, да се овозможи за граѓаните бесплатен градски превоз и повеќе автобуски линии додека трае загадувањето,  со што ќе се овозможи значително  да се намали загадувањето од издувните гасови на автомобилитеВоедно во услови на загаденост, МВР  мора да го пренасочува движењето на товарни возила и градежни машини од централните градски подрачја, мерка која исто така ќе овозможи намалување на нивото на канцерогените ПМ10 честички.Неодговорноста оваа црна власт нема граници. Министерот Дураку вели не му е гајле за тужбите на граѓаните заради загаденоста, заменик министерот Макрадули  си дреме во Собрание, а градоначалникот Шилегов продолжува со неговата ароганција и непромислени политики.Криминалната власт на СДСМ создаде црнила за граѓаните и во црно ги завива нивните судбини. Граѓаните не заслужуваат  да се гушат во загадениот воздух,  а црнилото кое надвиснало над државата мора да замине. СДСМ мора да си замине“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево време, максимални температури до 12 степени

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови. По котлините ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер.Минималните тепмепратури ќе се движат од од -5 до 1 степен, а максималните дневни од 6 до 12 степени.Во Скопје слично време со температури од -4 до 6 степени.Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со умерена до значителна облачност и со услови за појава на магла по котлините. Во западните делови повремено ќе има појава на слаб локален дожд, особено во вторник кога и облачноста ќе е зголемена. Дневната температура до средината на следната недела ќе биде во постепен пораст.

Македонија | пред 7 години

mijalkov

Мијалков доби нови 30 дена притвор, овој пат за “Империја”

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков вечерва доби 30 деневен притвор за истрагата на СЈО „Империја“, дознава 1ТВ. Тој е еден од 13 осомничени во „Империја“.Мијалков од скопскиот истражен затвор Шутка во кривичниот суд е спроведен околу 14.00 часот и самиот распит пред судија на претходна постапка и одлуката ги чекаше околу 10 часа.Ова е втора мерка притвор која ја доби поранешниот шеф на тајната полиција Мијалков, на него веќе му е определен притвор за случајот „Таргет Тврдина“. Тој притвор му беше определен на 20 октомври и е сместен во „Хашка соба“.Паралелно, наредната недела се очекува јавна седница во Апелација, на која одбраната на Мијалков ќе бара да му се укине притворот во предметот за масовното прислушување и уништување на апаратите за следење на комуникациите.На поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков му се суди во четири предмети „Таргет Тврдина“, „Титаник 2“, „Тортура“ и „Трезор“.

Македонија | пред 7 години

sobranie-2

(ВИДЕО) Оган и музика во жена парк, малкумина останаа во мини шаторите

Демонстрантите од иницијативата „Македонија блокира“вечерва запалија оган во жена парк со цел да се стоплат во оваа студена декемвриска ноќ. Нема многу демонстранти во мини-шаторите, но затоа пак полицијата е добро подготвена - стои кај барикадите и будно ја следи состојбата и во текот на ноќва.Сообраќајот пак се одвива во еден смер по една сообраќајна лента.Инаку демонстрантите од иницијативата „Македонија блокира“ поставија шатори на улицата пред Собранието, во кое денес почна расправата од втората фаза за уставните измени предвидени со Преспанскиот договор на Македонија и Грција. Тие упатија обвинувања до полицијата, министерот Спасовски и премиерот Заев дека ги попречиле со тоа што не им дозволиле да ја блокираат улицата и им ја исклучиле струјата.Тие во текот на денов ги повторија барањата, а тоа се оставка на парламентарниот состав и Владата, предвремени избори, граѓанска непослушност, поништување на договорите со Грција и Бугарија и блокада на државните институции.  Во знак на револт беа запалени и копии од двата договори.https://www.facebook.com/100008292760759/videos/2305067449779658/ 

Скопје | пред 7 години

14FE1359-2A2F-4B51-B64B-34C16134BDC2

Во Париз приведени 224 лица, запалена зграда

За време на протестот на Движењето „жолти елеци“ во Париз денеска се приведени најмалку 224 луѓе, додека 20 метро станици се затворени. Во протестите повредени се околу 80 луѓе, од кои 16 полицајци.Меѓу приведените лица има и припадници на крајната десница и на ултра левицата.Француската министерка за здравство Ањес Бизин изјави дека насилството што се случува во Париз е неприфатливо и оти демонстрантите во „жолти елеци“ мора да се спротистават на екстремистичките групи кои ги користат нивните легитимни поплаки.Таа апелираше до демонстрантите да се организираат за да отпочнат дијалог со Владата.Во исто време, лидерката на крајната десница Марин Ле Пен побара од претседателот Емануел Макрон штом се врати од Аргентина да ги прими лидерите на опозициските партии.Таа на Твитер го осуди насилството во Париз и ги повика демонстрантите, кои протестираат поради зголемување на цените на горивото и на даноците, да се повлечат и да им овозможат на полицијата да стави крај на немирите.Според очевици пожарникарите гаснат запалена зграда во близина на Елисејските Полиња.Француските медиуми објавија дека на улиците можат да се видат уништени автомобили и барикади.Во Париз денеска, трет викенд по ред избија судири помеѓу демонстрантите и полицијата.Судирите избија кога помала група демонстранти поставија барикади на улица во центарот на Париз и запалија гуми.Полицијата употреби солзавец против демонстрантите кои се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон на Елисејските полиња.Пред Тријумфална капија полицијата употреби солзавец и водени топови против „жолтите елеци“, кои фрлаа камења врз припадниците на безбедносните сили.„Жолти елеци“ денеска повикаа на нови демонстрации и блокади на патиштата ширум Франција.Во Движењето „жолти елеци“ учествуваат широк спектар граѓани, кои протестираат поради високите животни трошци. Тие бараат намалување на даноците, државни субвенции со цел да им се помогне на компаниите да вработат поголем број луѓе, поголеми пензии и поголема национална минимална плата.

Свет | пред 7 години

goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

Од вечерва бесплатна проекција на ремек-делата на Стефановски

Со проекција на ремек-делата на Горан Стефановски Драмскиот театар од денес почнува со повеќе настани во сеќавање на големиот драмски писателж, кој почина на 27 ноември на 66 години.„Драмски започнува со низа настани со кои ќе се потсетиме на ремек-делата на нашиот Горан Стефановски“, соопшти театарот каде беа поставени најголем дел од неговите драми.Вечерва во 19 часот ќе има проекција на претставата „Диво месо“ од 1979, во режија на Слободан Унковски. Модератор на настанот е драматургот Александра Бошковска.В понеделник во 19 часот, ќе има проекција на претставата „Дупло дно“ (1984) во режија на Унковски, а модератор е Мишел Павловски. Влезот за проекциите е бесплатен.Од Драмски велат дека датумот за комеморација ќе биде соопштен по пристигнувањето на семејството на Стефановски во Македонија.По реакциите во јавноста дека не се организираат настани во чест на Стефановски, кој е член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), ниту пак се прогласи ден на жалост, ниту на телевизиите се пуштија негови драми, Драмски театар е прва инстутуција која соопшти дека се планираат настани во чест на големиот автор.Стефановски е автор на легендарните, популарни и на над 20 јазици преведени драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат. Неговата соработка со режисерот Слободан Унковски, од 1980-те па со децении натаму, создаде претстави кои беа во врвот на театарската уметност во регионот.Стефановски почина во Велика Британија каде живееше изминативе две децении. Семејството соопшти дека телото на Стефановски ќе биде биде кремирано на 5 декември во Кентербери, Англија, а по негова желба пепелта во пригодна прилика ќе биде расфрлана во водите на Охридското Езеро. 

Скопје | пред 7 години

filip-1

ВИДЕО: Оро и скандирања:„Мртов Заев - добар Заев“

Демонстрантите на на денешниот протест пред Собрание  во организација на „Македонија блокира“ играа оро . Насобраните бараа оставки и скандираа :„Мртов Заев, добар Заев“Екс функционерот на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, порача дека е за поздравување тоа што пратениците од опозицијата кои гласаа за отворање на уставот, дека ќе гласаат воздржано во втората фаза.-Ако гласаат воздржано и во третата фаза ќе им простиме и ќе ги примиме меѓу нас. На светскиот поредок кој одлучил да ја избрише Македонија од мапата имам да му порачам: „Ние никогаш нема да се предадеме!“ – рече Петровски.Во знак на револт беа запалени и копии од двата договори. https://www.facebook.com/filip.t.petrovski/videos/vb.100006716443191/2283820811851778/?type=2&video_source=user_video_tab

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО)Спасовски: Започната е темелна истрага за скандалот во ОЈО

Скандалот со снимањето во Јавното обвинителство покажува уште еднаш како функционирал режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, рече на денешната прес – конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.– Има сериозна истрага, во сите институции. До детали ќе се провери која била намената на оваа инсталација од минатото, дали и кој ги слушал разговорите во правосудството. Ќе се открие кој ја нарачал опремата, кој ја купил, кој ја инсталирал и кој ја користел и секој кој што ги пречекорил овластувањата ќе одговара пред правдата! И ова ќе важи за секоја институција. Следува темелна проверка во секоја институција. Времето на снимање и прислушување заврши. Остатоците од режимот на Груевски ќе бидат отстранети од сите пори на институциите. За овој скандал ќе има одговорност – потенцираше Спасовски.Спасовски побара раководството на ВМРО-ДПМНЕ да одговори за нивните дејствија во времето кога оваа опрема била инсталирана.– Мицкоски треба да одговори за неговата улога во власта кога бил генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Штетата што ја направи криминалното ВМРО-ДПМНЕ остави силни последици кои не можат да се отстранат преку ноќ, но ние нема да застанеме додека не го отстраниме остатокот од криминалот со цел да обезбедиме држава по европски правила. Свесни сме за грижата и критиката на граѓаните дека од режимот на Груевски се уште има остатоци низ општеството и институциите. Ве уверувам, силно сме посветени на деинсталирање на груевизмот при тоа да не заборавиме дека цели 12 години траеше оваа криминална инсталација, во секој дел на општеството. Ние до сега имавме само година и пол за справување со оваа децениска катастрофа која и се случи на Македонија. Секој нов откриен случај од криминалното владеење на режимот ни дава дополнителен мотив да продолжиме уште посилно во борбата против корупцијата и во борбата за владеење на правото – рече Спасовски. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Ѓорчев: Видете како ќе поминете ако отидете во Грција и им речете да си го сменат Уставот?

За време на референдумот јас бев набљудувач во Мала речица, тетовско, каде имаше 36 отсто излезност, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Ѓорчев, на денешната расправа во Собранието, каде поентираше дека власта нема легитимитет да го менува Уставот затоа што на референдумот не беше постигнат цензус, објави ФОКУС.-Од 4 куќи една ви гласала, од четири станови на еден кат еден ви гласал. Немате легитимитет. Во Мала речица, сограѓаните Албанци велеа „Не им е лесно на Македонците, ние Албанците имаме разбирање, нашите сограѓани се чувствуваат погодени, имаат право на име и презиме“. Нема ниедна општина во Македонија каде одзивот беше 50 отсто – рече тој.Ѓорчев посочи дека македонската страна во Договорот има многу повеќе обврски од грчката.-Видете како ќе поминете ако отидете во Грција и им речете да си го сменат Уставот. Името Република Македонија, кое го изговараа илинденците, преродбениците, асномците и државотворците, не го промени ни Киро Глигоров, кој рече чувајте го името, ниту Борис Трајковски, кој велеше чувајте го, ни министрите од првата влада на независна Македонија, ни министрите на Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски – рече Ѓорчев.Тој ја обвини власта дека 50.000 ливчиња на референдумот биле вештачки наполнети и дека го компромитирала процесот во Собранието.-Донесовте пратеници да гласат од затвор, мајки уценувавте во овој парламент да гласаат за да си го ослободат својот син. „Гласај па син ти да биде ослободен“, така го бркавте двотретинското мнозинство. Мајки принудувавте. Да живее Република Македонија, нека е вечна и независна – заврши Ѓорчев.Извор: ФОКУС.мк

Скопје | пред 7 години

orban-grujoski

Познато во која унгарска амбасада Груевски побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски побарал азил во Амбасадата на Унгарија во Тирана, потврдија за Радио Слободна Европа од унгарското Министерство за надворешни работи. Во одговорот на прашањата од РСЕ, од Министерството велат дека тие „немаат информации на кој начин Груевски ја напиштил Македонија, но додаваат дека тој во Унгарија стасал согласно националните и меѓународните прописи“. Претходно, од унгарското МНР велеа дека немаат информација како поранешниот македонски премиер стасал во Будимпешта.

Скопје | пред 7 години

toni-mihajlovski

Михајловски на ФБ: За какво помирување би требало уште да се разговара?

Сите што требаа, сакаа, се помирија. Разликите исчезнаа. Нема разлика. Секоја “риба” си отиде во своето “јато”. Да си ја плати киријата, концесијата. Да си го обезбеди сопствениот мир. Многу себично. И дрско, напиша на својот ФБ профил Тони Михајловски.Во продожение пост на Михајловски во целост:„Дрско и безобразно затоа што, токму, креаторите и инспираторите на омразата кон Зоран Заев, првиот ешалон од едно не толку далечно време кои смислуваа и аминуваа “кампањи” во кои ќе се прикаже дека Зоран Заев е предавник, криминалец, аболиран, сега велат дека треба да го послушаме и поддржиме самоубиствениот план на Ел Дуче.Уште поголема перверзија е што Зоран Заев во изминативе 4 години борба за превласт, токму овие ликови ги прозиваше како есенција на злото и криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, па велеше дека ќе ги апси, ќе ги вратат парите, ќе си лежеле и дека живи ќе ги изеде.И сега, тие и Тој, се заедно. Тоа кажува само едно. И тие и тој биле и во право. Има криминал, и тој е можеби нивниот најмал заеднички содржател.За вистински да се помириме, сите, треба да има правда, а не одмазда. И да се спроведе таа правда. И да важи за сите. Оти, ако нема правда, точно така, нема мир“. Заврши Михајловски.

Скопје | пред 7 години

dimitrov

Грција барала Македонија да биде преименувана во „Централно Балканска Република“, Димитров со детали

Министерот за надворешни работи, на денешната собраниска седница, истакна дека Грците ни понудиле да се викаме „Централно Балканска Република“ со тоа што ако ја прифатиме оваа промена името Македонија би можело да остане за внатрешна употреба, пренесе Фактор.Димитров на денешната собраниска расправа за утврдување на нацрт амандманите, реплицирајќи им на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објави дека актуелната власт не би морала да „се расправа“ денес со уставни измени доколку прифатела назив „Централно Балканска Република“ за надворешна употреба.-Можевме да не навлегуваме во домашна употреба, да има помал опфат, ако имаше име „Централно Балканаска Република“. Но тоа не е добро, името постои и за другите како нас ќе ни се обраќаат. Од една страна имаме продолжување на предизвиците на тоа кои сме. Не случајно немаме ниту еден документ со ЕУ потпишан на македонски јазик или документ каде се спомнува јазикот. Од другата страна имаме отворање на врата, членство во НАТО, почеток на преговори со ЕУ и не само тоа. Предизвикот дали сме македонски народ не постои врз основа на овој договор. Ова е крај на истата илинденска борба која ја споменувате, да си ја зацврстиме државата. – рече Димитров. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кратка средба Путин – Трамп

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп вчера имале кратка средба на маргините на Самитот на Г-20 во Аргентина, изјави денеска советник во Кремљ, Јуриј Ушаков.Ушаков потенцираше дека тој се сретнал со советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон.– Русија и САД се подготвени да ги продолжат контактите, наведе Ушаков.Но, тој посочи дека „не е сигурен кога би можело да биде одржан нов состанок меѓу Путин и Трамп“.Извесен период пред одржување на самитот на Г-20 во Аргентина двајцата лидери најавија дека ќе одржат состанок на маргините на самитот. Но по инцидентот во теснецот Керч, кога Русија заплени три украински брода и неколку морнари, Трамп ја откажа средбата.Во исто време, официјален претставник на Белата куќа, кој побарал да остане анонимен, го негира извештајот дека Трамп планирал краток состанок со Путин по откажувањето на плановите за подолга билатерална средба.

Свет | пред 7 години

vlada-slika

Неофицијално: Хазби Лика и Кресник Бектеши ја напуштаат Владата

Според се уште не потврдени инфопмации Министерот за економија Кресник Бектеши и вицепремиерот за спроведување на Охридскиот рамковен договор Хазби Лика ќе бидат заменети на своите функции, откако било договорено кои ќе бидат нивни заменици , објави Канал 5. Бектеши ќе биде заменет од Ардит Салиу, додека на местото на Лика ќе дојде Азил Реџепи. Од овие двајца министри премиерот Заев бил најнезадоволен, но чекал од коалициониот партнер ДУИ први да повлечат потег и да најадат нивни заменици.Очекуваме набрзо и потврда за оваа инфомрација.Извор: Канал 5

Скопје | пред 7 години

protest

„Македонија блокира“ од денеска со шатори пред Собранието

Демонстрации за целосно запирање на процесот на уставни измени. „Македонија блокира“со знамиња демонстрира пред Собранието на Република Македонија. Протестот се одржува во исто времено со одржувањето на пленарната седница за уставните измени. Страшо Ончев од здружението „Македониум” рече дека агендата која ја работат во Собранието не е македонска и дека имаат неколку барања кои денеска ќе ги порачаат од протестот.Организаторите информираа дека утринава додека се подготвувале за протестот им била исклучена струјата при што биле принудени да купат агрегат. Пред Собранието на булеварот има поставено двојни барикади, а видно е и бројно полициско обезбедување околу Парламентот. Демонстрантите поставија шатори на улицата пред Собранието и велат дека тука ќе ја чекаат Нова Година.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Два партиски огранока , борба за името ВМРО ДПМНЕ

Дебатата за прашањето за името на денешната собраниска седница се претвори во дебата за името на парламентарната група на исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата побара од спикерот на парламентот, Талат Џафери, групата да не го употребува името на нивната поранешна партија и коалиција. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски се обрати до претседателот на Собранието, Талат Џафери и информираше дека до Собранието бил исптаренен допис, потпишан од генералниот секретар на партијата Игор Јанушев, во кој се бара од Џафери да ги преземе сите потребни мерки и активности за истите да не го користат името и симболот на ВМРО-ДПМНЕ.„Ве замолуваме господине Џафери колегите да ги ословувате како Независна пратеничка група, затоа што власта не може да си нарача опозиција и да дебатира со нив. Би ве замолил да се држите до тоа колегите да се ословуваат како независни пратеници без некоја задна намера.“ рече Мицевски.Џафери на барањето на пратениците од најголемата опозициска партија одговори дека расправата за името на ВМРО ДПМНЕ пратениците можат да ја продолжат пред надлежните судови.„Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, а неговото писмо нема дејство врз мене. Пратеници според Деловникот имаат право да формираат пратенички групи. А за името не е надлежно Собранието, ќе одите на суд и ќе го решавате проблемот“,рече Џафери.

Скопје | пред 7 години

vulkan-nogac

Ногачески ја посети фабриката Вулкан во Хановер

Градоначалникот Ногачески имаше можност да оствари неколкучасовна посета на фирмата Hess Gmbh-Vulkan, која се наоѓа во селото Schwenningen, 23 км од Хановер и да се сретнесо Извршниот директор, Г-динот Ралф Лидке, Ralf Liedke.Вулкан е фирма со стогодишна традиција ( основана во 1898 година ) и е еден од најстарите брендови во индустријата за осветлување .Вулкан нуди на градови, општини и снабдувачи со енергија технички софистицирани производи кои обезбедуваат осветлување на патиштата,улици, опасните точки, пешачките зони и јавните објекти во согласност со стандардите.Вулканските светилки се дизајнирани за висока техничка функционалност и максимална енергетска ефикасност, со употреба на високософистицирана LED технологија и високо ниво на експертиза во областа на техничката имплементација.Компанијата е дел од компаниите NORDEON GROUP, со седиште во Ајндховен, Холандија, кои нудат производи за осветлување со ултра ефикасна LED технологија и произведени по највисоки стандарди за квалитет – “Made in Europe”.Она што посебно за нас е значајно е тоа што од месец Февруари 2019 година фирмата дел од производниот процес ќе го пренесе и ќе започне да работи во производни погони во Охрид и Струга, со тенденција во блиска иднина целото производство да го пренесе во Македонија, а зошто да не и во Дебрца.Извршниот директор, Г-динот Ралф Лидке го запознав со можностите за инвестирање во Дебрца (урбанизираните локации за отворање на производен погон, ослободувањето од комунални и други давачки и др.) и поканив да ја посети нашата општина, а кое со задоволство го прифати.

Македонија | пред 7 години

grigor-prlicev

Македонија и Бугарија заедно ќе ги слават Григор Прличев и Св.Кирил и Методиј

Заедничката мултидисциплинарна комисија составена од експерти од Македонија и Бугарија предводена од професорите Ангел Димитров и Драги Георгиев постигнале согласност за заедничко чествување на Григор Прличев и светите браќа Кирил и Методиј. Ова било договорено на дводневните разговори во Софија меѓу македонската и бугарската експертска комисија.Предлозите ќе им ги достават до Владите за разгледување и усвојување. Според договореното делегации од двете земји секоја година на 24 мај во Рим на денот на Кирил и Методиј заеднички ќе положуваат венец, а за Григор Прличев ќе се слават само позначајните јубилеи, како наградата во Атина за поемата Сердарот, датум на раѓање и слично, но не секоја година.Експертите од двете држави договориле да се направи цела реконструкција на ликот и делото на Цар Самуил, а на наредната средба ќе дебатираат и за изготвените забелешки во однос на учебниците по историја во основното образование.

Македонија | пред 7 години

zerar

Жерар Депардје обвинет за силување и злоставување на колешка

69 годишниот францускиот актер Жерар Депардје е сослушан во полициска станица во рамки на истрга која се води по обвинувања на актерка дека била силувана и сексуално вознемирувана од него, соопштиле полициски извори.Депардје е осомничен дека на 19 август годинава, силувал млада актерка во нејзиниот дом во Париз.Актерот бил сослушан во полиција, но не му бил одреден притвор.„Жерар Депардје апсолутно негира било каков напад или силување, изјавил за Франс прес неговиот адвокат Ерве Темим и додал дека е уверен оти ќе се потврди невиноста на неговиот клиент“.Обвинувањето против Депардје е едно во низа такви обвинувања кои ја погодиле филмската индустрија ширум светот посебно после сексуалниот скандал со американскито продуцент Харви Вајнштајн.

Магазин | пред 7 години

zemjotres

Силен земјотрес во близина на индонезиските острови Танимбар

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на брегот на индонезиските острови Танимбар, соопшти Американскиот геофизички институт. Епицентарот на земјотресот бил на 279 километри западно од градот Саумлаки, на островите Танимбар.Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Свет | пред 7 години

kiracovski

Мери Николова до Кирацовски: Новинарите кои ги поткупуваш нека кажат дали партијата ти плаќа кирија во Скопје

Мери Николова, член на СДСМ и учесник во Шарената Револуција, преку Фејсбук му се обрати на Александар Кирацовски да престане со поткупување на новинари, и истите тие да кажат дали партијата му плаќа кирија во Скопје.„Кирац доста поткупуваше новинари на портали, доста вработуваше нивни ближни за да те штитат и убаво да пишуват за тебе, доста им плаќаше да уживат за викенди во Охрид. Ајде сега тие истите нека кажат дали партијата ти плаќа кирија во Скопје? И доколку ти плаќа, тогаш треба да ги вратиш патните трошоци во собрание до денар. И ако се утврди дека е така, треба и кривично да бидеш гонет за измама! Иако ме имаш блокирано на фејс сепак има кодоши и улижувачи кои ќе ти ги пренесат овие критики“, напиша Николова на Фејсбук.https://www.facebook.com/100002393121475/posts/1970819573007794/

Македонија | пред 7 години

dimce

(ВИДЕО) Арсовски: Со прислушувањето се доведува до прашање се она што изминатите 2 години работело обвинителството

Во Република Македонија во моментов нелегално и незаконски се прислушкува. Оваа криминална власт не бира средства за да врши притисок и уцени за свои лични цели. Сега мета се јавните обвинители, институциите и сите граѓани во Република Македонија, изјави Димче Арсовски на денешната прес-конференција.„Со овој скандал од огромни размери се доведува до прашање се она што изминативе 2 години се работело во Јавното обвинителство од страна на обвинителите и во судството од страна на судиите. Очигледно е дека институциите и нивната работа се под директен надзор и контрола на Зоран Заев и Оливер Спасовски. Сега веќе е и повеќе од јасно зошто Заев однапред знае за целата работа на обвинителството и судството во Република Македонија.Овој скандал на прислушкување е повеќе од сериозен и отвора многу прашања за интегритетот, независноста и правичноста на истрагите и пресудите изминативе 2 години откако СДСМ и Заев се на власт“, вели Арсовски.Според него граѓаните и јавноста повеќе не веруваат во обвинителството и Јавниот обвинител Јовевски.„Колку разговори се снимени овие две години и што се има на тие разговори ? Дали има индиции за криминали ли приватни разговори кои може да се употребат за уцена на Јавните обвинители при носење на нивните одлуки? Кој се имал контакт со овие разговори и зошто власта предводена од Заев и Спасовски две години не презел ништо во врска со скандалот на нелегално прислушкување?Заради непристрасност кон овој огромен скандал, јавноста бара одговор, кој е надлежен за да ги преслушува овие прислушкувани разговори и да ги утврди сите потребни работи?Кој и зошто ги прислушувал јавните обвинители и нивните приватни и деловни разговори?Врз колку предмети влијаеле овие прислушувани разговори за да се завршат по нечија желба?“, вели тој.Тој додаде и дека се уште не добиле одговор, дали се што се слуша и следи во моментов е нелегално и дали воопшто функционира системот за следење на комуникациите изминатиов период?„Секогаш кога се прислушува нелегално, се вмешани кадри на СДСМ!За овој огромен скандал некој од СДСМ мора да сноси одговорност уште веднаш! Ова јавно обвинителство после ваков скандал нема легитимитет!Затоа, одговорност од оваа криминогена и ненародна власт, БАРАМЕ ВЕДНАШ!“, рече Арсовски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во Албанија стапува во сила забраната за увоз на автомобили постари од десет години

Во Албанија од вечерва на полноќ стапува во сила забраната за увоз на автомобили постари од десет години, всушност ќе биде дозволен увоз на возила кои исполнуваат стандард „Евро четири“.За камиони и автобуси, дозволената старост на производство ќе изнесува 15 години. Постои простор за возила од историски интерес и колекционерство, за кои е дозволен увоз, доколку се произведени пред 1970 година.Денис Шабани, Директор на Царинската испостава во пристанишниот град Драч, од каде во најголем број влегуваат увезените возила, изјави дека по донесувањето на владината одлука многу е зголемен увозот на стари возила.– Забележан е голем увоз на возила, пред се автомобили, бидејќи фирмите кои се занимаваат со трговија на користени автомобили беа заинтересирани да увезат што поголем број автомобли,за да може да ги продаваат по стапувањето во сила на одлуката, истакна Шабани.Тоа пак, според него, е поради фактот дека возилата кои во Албанија влегле пред втори декември 2018 година и кои се царинети, може да се регистрираат до први март следната година.Веќе регистрираните возила и понатаму ќе сообрајќаат по патиштата низ Албанија, а ќе може и да се продаваат.Просечната старост на возилата во земјата е 20 години и Владата преку оваа одлука сака да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот.Во Албанија, има над 600.000 возила при што 80 отсто од нив произведени се пред 2007 година. Во просек годишно се увезуваат од 30.000 до 40.000 возила.МИА

Свет | пред 7 години

licna-karta

Од денеска ќе може да се патува во Босна и Херцеговина со лични карти

Од денеска (1 декември 2018) на граѓаните на Република Македонија и Босна и Херцеговина им се овозможува влез во двете држави и со лична карта.Во сила стапува Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина, за условите за патување на државјаните на двете земји, која беше потпишана од страна на двајцата министри за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Игор Црнадак на 12 март, 2018 година.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања