Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Нема фотографија

ГДУ: Одговорност за скандалот со прислушувањето мора да има, институциите да спроведат ефикасна истрага

Граѓанско Демократска Унија денеска преку соопштение посочи дека одговорност за скандалот со прислушувањето на обвинителите мора да има, а воедно институциите да спроведат ефикасна истрага.„Кој ги поставил уредите, точно кога, со која цел, дали некој бил во тек со обвинителските истраги и дали јавните обвинители биле уценувани со прислушувани разговори? Државниот обвинител, Љубомир Јовевски во петокот го обелодени скандалот дека откриле дека во склоп на телефонската централа имало два хард диска на кои биле снимени телефонски разговори направени преку фиксните телефони во обвинителство од 30 септември 2016 година па до сега.Премиерот Заев пак ја нафрли и информацијата дека освен обвинителите, биле снимани и судии. Еден ден после тоа oбвинителството испрати соопштение во кое вели дека постоеле индиции дека прислушувањето траело од 2013-та. Се јави и министерот за внатрешни Спасовски, кој во обраќањето до јавноста ја спомена истата година.Јавноста дополнително ја збунија СДСМ и ДПМНЕ со меѓусебните обвинувања кој прислушувал. Но, ова е премногу сериозна работа за да се шпекулира“, се наведува во соопштението на ГДУ.Оттаму додаваат дека јавноста мора да знае од која година се прислушувало, зошто Јовевски прво кажа од 2016-та, па обвинителството го доплни дека можеби се прислушувало од порано? Дали и судиите се прислушувани? Ако МВР имала шест месеци сознанија, што правел Спасовски пола година?, прашуваат од Граѓанско Демократска Унија и додаваат дека не треба да има префрлање на одговорноста, туку лоцирање на истата.

Македонија | пред 7 години

svirka-poster-fb-1

Отворен повик за „Три дена култура 2“

Средношколскиот фестивал за уметност „Три дена култура“ повторно ги отвора вратите за сите средношколци кои сакаат да учествуваат со свој краток филм, кратка театарска претстава, со својот бенд или на дигитална изложба. Фестивалот служи како простор во кој најмладите уметници ќе можат да ги претстават своите нови идеи, сфаќања и размислувања за уметноста.Првиот ден е младинскиот филмски фестивал на кој ќе се прикажуваат кратки филмови од средношколци и студенти, вториот ден се театарските перформанси на кој студентите и средношколците ќе можат да се претстават со своја кратка театарска претстава, а третиот ден е свирка на средношколски бендови и дигиталната изложба која вклучува ликовни дела и фотографии од средношколци.„Три дена култура 2“ ќе се одржи на 7,8,9 март 2019 во СУГС „Никола Карев“ - Скопје.На првото издание на Три дена култура кое се случи во февруари оваа година, учество земаа повеќе од 200 средношколци во сите категории, а настанот беше посетен со повеќе од 1000 гости за сите три дена. Второто издание на фестивалот е во организација на Art house Karev.

Магазин | пред 7 години

atenta10

ШОКАНТНО Мемоарски откриени „атентаторите“ на Глигоров – организатор Фрчкоски, помагач Црвенковски?!

Организаторот на атентатот врз претседателот Киро Глигоров, што се случи на 3 октомври 1995 година, е познат. Ова може да се заклучи од најновите две книги на Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието на Република Македонија. А особено по последната, „До атентатот и по него“, пишува плусинфо.Во оваа книга, во неколку пасажи, Андов речиси директно посочува на Љубомир Фрчкоски, тогашен министер за внатрешни работи, како можен организатор на атентатот. Авторот, на пример, раскажува за своја средба со претседателот Глигоров пред атентатот, во вилата „Билјана“ во Охрид, во која тогашниот шеф на државата му се пожалил дека Бранко Црвенковски, Љубомир Фрчкоски и други раководители на СДСМ, од него (од Глигоров), барале да си поднесе оставка. Кога го прашале Киро Глигоров кого смета за свој наследник, Глигоров го спомнал Стојан Андов, тврди авторот на мемоарската книга.Шок во салата на Кинотека на Македонија, каде што во петокот попладне беа промовирани избраните дела на Андов, предизвика говорот на новинарот Љубомир Гајдов, кој се претстави како човек кој за време на атентатот бил во Вашингтон и имал контакти со „вториот човек на ФБИ“, токму за обидот за убиство на претседателот Глигоров. Гајдов директно го посочи Љубомир Фрчкоски како организатор на атентатот, по што уследи џагор во салата.Гајдов прераскажа и своја средба со Глигоров после атентатот, кога Глигоров наводно му рекол дека само Бранко Црвенковски може да го наследи. Тезата на Гајдов беше дека Глигоров го предлагал својот нов наследник знаејќи дека и тој се плаши од „атентаторот“ Фрчкоски, оти му помагал во валканата работа.На промоцијата на избраните дела на Андов беа присутни и премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери. Со оглед на фактот дека засега нема други верзии за настанот на 3 октомрви 1995 година, се доби впечаток дека верзијата што ја раскажува Андов во неговите мемоари, полека но сигурно, станува доминантна приказна за тоа кои биле инспираторите и организаторите на атентатот. Шокантно е што се посочуваат две конкретни имиња – Фрчкоски како организатор и Црвенковски, како некој што знаел за планот и дури, на некој начин, учествувал во него.Засега, во врска со овие нови наводи, се огласи само Фрчкоски, со своја колумна на порталот Либертас. Во таа колумна, Фрчкоски, меѓу другото, пишува:– Во време на атентатот на Киро, за тој трауматичен момент за нацијата и сите нас, посебно оние кои беа блиски до него – Стојан беше скандалозна невкусна, драма. Него само го памтиме како влетувач во кабинетот и фотелјата на Киро, следниот саат после атентатот кога сите бевме во шок и растрчани по болници и како разговара со Милошевиќ, а овој му нудел помош околу атентатот. Но тоа Жана Османли најдобро го знаеше. Целата конструкција и злоупотреба со оваа траума за нацијата Стојан ја насочува на лични освети и импутирања сомнеж и конспирации. Во таа смисла, тоа е монструозен безобѕирен гест, независно каква амбиција стои зад тоа.Андов вели дека Киро на некој состанок му рекол дека него го спрема за свој наследник и само тој можел да ја чува Македонија (бре Стојане, бре стопане селски, која е оваа приказна?) и дека насетувајки го тоа, а од омраза и страв од Стојан, „младите лавови во СДСМ“ (белким јас Бранко и не знам, можеби Ханџиски) решиле да преземат акција, барајки оставка од Киро (на некој состанок на Водно, со тајна намера веројатно Ханџо да го инсталираме за претседател, бидејки јас немав години за тоа тогаш, па не може мене да ми ја залепи и таа амбиција)!? За потоа, Стојан да сугерира дека незадоволни од одговорот на Кирота сме тргнале во акции на можни ликвидации!!?? Па него сообраќајка сме му сместиле, во која тој секако едвај преживеал. Па во атентатот на Киро сугерира дека е можно да сме вплеткани. Па јас не сум дошол на некој состанок кај него по атентатот (кога Милошевиќ му понудил помош – најде кој да му нуди помош!), а дека сум бил во Крива Паланка (со сугестија за контакт со некого таму од конспираторите). Како вели во болната фасцинација од мене и мојата „тогашна моќ“, а во дијалогот со Владо Ралев на Женевското Езеро, цитирам: Фрчкоски може секого да убие, мене, претседателот, кој и да е“?Фрчкоски верзијата на Андов ја нарекува „трилер“, „импутација“ и „одмазда“. Сепак, впечаток е дека работите стануваат пресериозни и дека ќе биде нужно во најскоро време да се огласат и други инстанци, со оглед што обвинувањата се директни, а официјална верзија за настанот на 3 октомври 1995 година нема.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во Белград убиен познат бизнисмен

Познатиот српски бизнисмен, Владо Поповиќ, сопственикот на една од најпознатите белградски коцкарници, е убиен синоќа во Белград. Група маскирани лица упаднале во кафулето во кое тој седел и испукале повеќе рафали кон него. Во нападот е повредени и едно 23-годишно момле, гостин во кафулето, објавија српските медиуми.По убиството на белградскиот бизнисмен познат под прекарот Влада поп, полицијата почнала акција „Виор“. Според пишувањата на белградските медиуми, Попович лани бил уапсен поради изнуда на 110.000 евра, а дел од медиумите го поврзуваат и со познати припадници на белградското подземје.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

67 гласа „за“ - утврден нацртот на амандманот за промена на името

Собранието на Република Македонија на продолжението на 64. седница со 67 гласа „за“, четири „воздржан“ и 23 „против“ го утврди нацртот на амандманот 33 на Уставот на Република Македонија.Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на “посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.

Скопје | пред 7 години

kucinja-hotel

Прв хотел за домашни миленичиња во земјава, отворен во Кичево

По примерот на запад и во Македонија е отворен првиот хотел за домашни миленичиња. Сопственик на првиот хотел е Ѓорѓија Нестороски, ветеринарен техничар од Кичево, кој на овој начин сака да ги промени навиките на граѓаните на Кичево, да имаат хуман третман кон кучињата скитници, незгрижените мачки и птиците, објави Нова Македонија.Овој хотел е само преодна фаза за сите домашни миленичиња, кои тука ќе бидат прифатени, прегледани, вакцинирани и нахранети и истите потоа ќе бидат префрлени во новоизградениот стационар кој ќе биде отворен до крајот на годината.-За да ги тргнеме кучињата скитници од улица и тие повеќе да не претставуваат закана за недолжните граѓани, во нашиот град го отворивме првиот хотел за домашни миленичиња, каде за почеток веќе се згрижени поголем број кучиња и мачки. Во овој хотел привремен престој ќе најдат сите домашни миленици, каде најпрво ќе бидат прегледани и ќе бидат вакцинирани, а по отворањето на стационарот трајно ќе бидат згрижени во ново адаптираниот објект. Во овој хотел во една симбиоза живеат кучиња и мачки и ако некој има домашен миленик, а има обврски надвор од градот, привремен престој за своето милениче може да обезбеди во нашиот хотел. Се надевам дека по нашите стапки ќе тргнат и други граѓани и ова ќе биде практика за идните генерации-вели сопственикот на хотелот.Нестороски додава дека во хотелот можат да бидат прифатени само кучиња кои веќе имаат идентификациски броеви, за да може да се евидентираат и да се знае нивниот број, а со отворањето на стационарот ќе бидат повлечени од улица и оние кучиња кои немаат чипови и кои во градот се донесени есенва, бидејќи се работи за многу крупни единки кои не наликуваат на уличните кучиња.извор: Нова Македонија

Македонија | пред 7 години

2.-Fotografija

„Македонија Блокира“: Од синоќа зборот Македонија за Зоран претставуваат кривично дело говор на омраза

„„Македонија-Блокира“ најостро ги осудува лагите и заканите на СДСМ во нивното вчерашно соопштение во кое луѓето кои беа синоќа на Сенародниот македонски протест ги нарече маргинални групи и поединци и остатоци од режимот, а што е најстрашно, од СДСМ повторно се заканија со кривични пријави против учесниците на протестот за наводен говор на омраза.Ова само по себе е скандал од хунтата на власт бидејќи на Сенародниот протест во еден глас сите повикуваа на одбрана на светото македонско име, што значи дека од синоќа за Зоран Заев употребата на името Македонија ќе биде кривично дело говор на омраза.Исто така, „Македонија-Блокира“ реагира на ноторната лага на СДСМ дека посетеноста била слаба иако пред Собранието имаше голем број присутни за разлика од собирите на СДСМ со т.н НАТО-журки кога СДСМ постави светски рекорд во посетеност во Охрид кога имаше само еден присутен на собирот на СДСМ. Исто така нека повелат од СДСМ да ги покажат фотографиите од нивното блокирање со шатори пред владата кога беа двајца-без тројца.„Македонија-Блокира“ го повикува СДСМ да престане со нервозните реакции на сеење страв оти процесот е тргнат храбро, решително и во интерес на народот и за околу месец дена ќе го видиме резултатот: или СДСМ ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи“, стои во соопштението на Македонија Блокира.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Перуанец фатен со куфер полн облека натопена во кокаин

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со канцеларијата на ДЕА во Атина (служба за борба против дрога на САД), како и со службите за борба против дрога на Црна Гора и Косово приведе три лица поради недозволена трговија со кокаин и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(61) и А.Ѓ.(24), двајцата од Црна Гора, како и против Ј.Ц.А.Г.(48) од Перу поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.Во текот на ноември 2018 година М.Ѓ. и А.Ѓ. од лице од Перу набавиле наркотична дрога кокаин за понатамошна продажба. После тоа бил ангажиран Ј.Ц.А.Г. да го пренесе кокаинот од Перу до Република Македонија, а потоа преку Косово до Црна Гора. Кокаинот бил подготвен така што со соодветен процес од прашкаста преминал во течна форма. Потоа различни парчиња облека биле потопени во кокаинот и потоа сместени во куфер, кој му бил даден на Ј.Ц.А.Г. да го донесе во Македонија.На 30.11.2018 година Ј.Ц.А.Г. пристигнал во Скопје преку аеродромот Скопје и по преземени мерки од полициските службеници бил лишен од слобода. Поради сомнение дека алиштата кои се пронајдени во куферот содржат наркотична дрога кокаин, биле одземени, а исто така одземени се и пари, мобилен телефон и други предмети. Истиот ден од слобода се лишени и М.Ѓ. и А.Ѓ.. Кај нив, исто така, биле пронајдени и одземени пари, мобилни телефони и други предмети.По извршеното вештачење, на облеката било детектирано присуство на кокаин, а по дополнителен процес на екстракција ќе биде утврдена количината на кокаинот. Судија на претходна постапка на тројцата приведени им одреди мерка притвор во траење од 30 денови.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кошаркарките на „Бадел“ убедливо ја победија екипата на „Пелистер“

Сениорките на ЖКК „Бадел 1862“ продолжуваат да победуваат на секој одигран натпревар на домашен и на гостински терен.Вчера во рамки на седмото коло од првата женска кошаркарска лига девојките на клубот од Кисела Вода на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ извојуваа убедлива лесна победа против екипата на ЖКК „Пелистер“ од Битола, со резултат 100:29. Баделки повторно покажаа дека се незапирливи, без пораз досега. Следниот викенд единствените непоразени клубови во лигата „Бадел“ и „Вардар“ силите на теренот ќе ги одмерат во малата сала во СРЦ „Кале“.На натпреварот со најмногу постигнати поени се истакна Наталија Секуловска 31. За постигнатиот голем успех заслужни се и Ева Анастасова, Александра Стојановска 11, Катерина Поп Димитровска,  Сања Адамовска 8, Цветанка Димова 22, Наталија Гаревска 4, Сара Максимовска 7, Сара Петровска 8 и Сандра Лазареска 9.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

Костадинов: За само две години просечната плата бележи раст од над 2.000 денари

Се повеќе пари се враќаат назад кај граѓаните, во семејствата, кај работниците, пензионерите, кај социјално ранливите граѓани. Во годината зад нас, реализиравме бројни мерки што обезбедуваат повисок животен стандард и повеќе пари кај граѓаните, повеќе пари во секое семејство, изјави Костадин Костадинов на денешната прес-конференција.„Се отвори спиралата на раст на платите. За само две години просечната плата бележи раст од над 2.000 денари. Пензиите го следат растот на платите и трошоците за живот и за две години просечната пензија пораснала за околу 1.400 денари.Минималната плата ја зголемивме на 12.000 денари и ја изедначивме и за работниците од кожарската и текситлната индурстија. Со тоа над 90 илјади работници добиваат зголемена плата. Значи над 90 илјади работнички семејства имаат во просек повеќе од 2.000 денари зголемен приход секој месец, само од оваа мерка.Стечајните работници, добиваат паричен надоместок од 7.596 денари месечно. Со неодамнешните измени на Законот за стечајци се зголеми опфатот на 8.100 граѓани кои го добиваат овој надомест.Ја укинавме радиодифизната такса. Со оваа мерка финансиски ги ослободивме граѓаните и овозможивме во просек по 2.000 денари дополнителни средства да се слеваат во секое семејство, за период од една година, само со оваа мерка.Ја воведовме ефтината тарифа на струјата со што овозможивме 11 милиони евра да се вратат назад кај граѓаните.Просечно семејство односно домаќинство во земјава, само со оваа мерка добива околу 1.600денари повеќе пари, за период од една година.Платите ќе продолжат да растат во сите сектории во наредната година, за што се предвидени низа мерки во Буџетот за 2019 годинаВработените во образованието, здравството, социјалните центри, детските градинки, одбраната, војската, полицијата и судството добиваат повиоски плати за 5 отсто. Докторите специјалисти  добиваат повисоки плати од 10 отсто.Преку зголемената државна поддршка за претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.Значително се зголемува социјалната помош. Преку воведувањето на мерките гарантиран минимален приход и семеен пакет на права, лицата приматели на социјална помош, добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош.Создаваме можности, околу 60.000 деца да добиваат детски и образовен додаток.Резултатите се видливи и тие се добра основа за овие позитивни трендови во економијата да продолжат.Како Влада, пратеници и како политичка опција продолжуваме со реализација на мерките од програмата кои носат повеќе пари кај граѓаните и подобра живејачка за сите“, рече Костадинов.

Македонија | пред 7 години

biljanini-izvori

Која била Билјана? Знаете ли дека била најголемата љубов на Цар Самоил?

Дали и колку Охрид и Македонија, продавајќи приказни привлекуваат туристи? Дали знаете во кои Охридски цркви има мошти на светци? Како се прави ѓомлезе? Знаете ли која била Билјана што платно белела? Ова се само дел од приказните кои привлекуваат туристи и поради кои многумина би го одбрале Охрид како место кое сакаат да го посетат?Една од приказните која со воодушевување сакаат да ја слушаат туристите, а за жал ретко ја знаат и охриѓани е онаа за Билјана. Која била Билјана?Едно од тие преданија е она за огромната љубов меѓу цар Самоил и Билјана. За љубовта за преубавата Билјана постои многу интересна приказна која малкумина ја знаат.Имано царот Самоил имал тајна љубов со Билјана, девојка која заслепувала со својата убавина. Самоил кој бил многу вљубен во преубавата Билјана, тајно се среќавал покрај изворите. Откако сопругата на царот Агата, по потекло Гркиња, разбрала за оваа голема љубов испратила човек да ја убие, но девојката наместо да умре останала парализирана.Билјана не сакајќи во таква состојба да ја види царот, се засолнила во пештера на Галичица каде што му родила син на цар Самуил. Кога тој го открил местото каде што се засолнила Билјана и во каква состојба е таа, царот се расплакал. Преданието раскажува дека точките кои ги има охридската пастрмка се царевите солзи, кои капеле во езерото. Според легендата кога Самоил конечно открил каде е неговата најголема љубов таа веќе била крајно изнемоштена. Билјана починала во негови раце.Инаку за бистрата вода на Билјанините извори, македонскиот народ пропеал многу песни. Најпознатата е: Билјана платно белеше“ :“Билјана платно белеше на охридските извориМи поминаа винари, винари белограѓани.Винари белограѓани, да не ми платно згазите,платното ми е даровно,за свекор и за свекрва.Билјано, моме убаво, ако ти платно згазимесо вино ќе го платиме, со вино лута ракија.Винари, белограѓани, не ви го сакам виното,тук ви го сакам момчето што напред тера карваноти носи кепче над око.Билјано моме убавомомчето ни е таксаноза него вино носиме, вино и лута ракија.”

Магазин | пред 7 години

1568

Марија раскажува за животот со ХИВ вирус: Тешка и болна приказна со многу солзи

Сидата е болест која за жал сеуште не е доволна позната во Македонија. Предрасудите, дезинформациите и стигматизацијата се многу често застапени. Ова за Скопје Инфо го открива Марија од Скопје која веќе подолг период во себе го носи овој смртоносен вирус.Марија сака луѓето да знаат дека таа можела да користи кондом и да не ја пренесе инфекцијата, но тогаш немало да ја има Лара, нејзината ќерка.Животот не е перфектен никогаш. Сакам сите кои во себе го носат ХИВ вирусот да знаат дека не сите бегаат и ќе бегаат од нив. Тие што го прават тоа се недоволно информирани за оваа инфекција. Само со ваков разговор и со многу информации да можеме да го промениме тоа, вели Марија.Од 1987 годнина до денес во Македонија  се регистрирани  400 случаи на ХИВ позитивни лица. Најголем дел се од машки пол вкупно 339. Во последниот период се регистрирани 99 дијагностицирани случаи. Најголем дел се на возраст од 20-39 години кај сексуално активната популација. Во последните 17 години бројот на смртни случаи е намален иако има тенденција на пораст на бројот на регистрирани случаи.Целата сторија за Марија, нејзиниот сопруг и нејзината ќеркичка може да ја прочитате тука.

Магазин | пред 7 години

47325049_1853744968069258_6526695499150393344_o

(ФОТО) Скопје: Зошто се издвојуваат илјадници евра за украси, а децата на -30 степени просат по улиците

Покрај, “Девојчето со кибритчињата”, украсеното Скопје на Шилегов кое чини 260 илјади евра ме вади од кожа. Исто како нефункционалните институции, власта, општеството.Никогаш не ми било јасно, како може да се мижи и молчи пред вакви појави. Никогаш нема да ми биде јасно зошто се издвојуваат илјадници евра за украси, а нема доволно пари за децата кои просат по улиците, семејствата кои на -30 степени седат под отворено небо, луѓе кои спијат по клупи.[embed]https://www.facebook.com/100003013190118/posts/1853761224734299/[/embed]Девојчето, не побара топол оброк. Рече “Гладна сум ама не мора да јадам, ама ми требаат пари. Прашав зошто, таа продолжи “Треба да соберам доболно за да однесам дома”.Доби топол оброк. И некој денар, за побрзо да замине дома, оти надвор е повеќе од студено.Кога веќе немаме функционални институции, да бидеме ние тие кои ќе помогнеме. Не одбегнувајте, помогнете. Сите имаме по некој денар, за во конкретниов случај, ова дете се врати дома и да не остане и на онака лошото време, на семафорите сред булевар. Има премногу вакви случаи. Да не бидеме ќори при очи.Украсите позади девојчето не ги приметува никој, оти се секундарни, не се важни и не помагаат, туку се декор на урнисано општество.“Таа година зимата беше многу остра. Во текот на последната ноќ од старата година провејуваше снег. Иако беше мошне студено и темно, едно кутро девојче сè уште талкаше пo улиците. Нозете и беа помодрени од студ. Во раката стискаше кибритчиња, а кибритчиња имаше и во искинатото фустанче. Цел божји ден никој не купи ниту едно кибритче, ниту пак некој и даде пари. Гладно и премрзнато, девојчето продолжи да оди”, извадок од прекрасното дело на Ханс Кристијан Андерсен.Кристијан Ландов - статус на социјални мрежи

Коментари | пред 7 години

Mickoski-pres

Мицкоски: Фали Мијалков во соопштенијата на СДСМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Твитер го искоментира соопштението на СДСМ во кое владејчката партија ја префрла кон него и кон ВМРО-ДПМНЕ одговорноста за прислушувањето на фиксните телефони во правосудните институции.„Колку очигледно фали Мијалков во соопштенијата на СДСМ за прислушкувањето на ЈО. А каде се Грујоски и Бошковски, колку очигледно фали тука крикот на Димитров за нивна екстрадиција од Грција. Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

parking_3

Двојно повисока цена за паркирањето во центарот на Скопје кога е многу загадено

Ќе се зголеми цената на паркирањето во центарот на главниот град кога е многу загадено. Ова е со цел да се стимулираат граѓаните да користат јавен превоз со цел намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа и намалување на количината на издувни гасови од возилата кои го загадуваат воздухот, информираат градските власти.За цената за паркинг ќе се одлучува на следната седница Советот на Град Скопје.– Со оваа измена, градоначалникот на Град Скопје по прогласување вонредни и интервентни мерки во одредени денови поради загадувањето на воздухот, има можност да даде предлог на одредени паркиралишта цената за паркирање двојно да се зголеми само во тие денови. Во случај на енормно загадување на воздухот, ова би се применило во централното градско подрачје за да се стимулираат граѓаните кои патуваат во овој дел од градот да користат јавен превоз со цел намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа и намалување на количината на издувни гасови од возилата кои го загадуваат воздухот, информираат градските власти.Минатата година Градот прогласи вонредни денови само два пати.Од Град Скопје додаваат дека статистичките бројки покажуваат оти има напредок во однос на намалување на загаденоста на воздухот година по сите преземени мерки изминативе месеци.

Скопје | пред 7 години

47325162_1116396351869156_2085338426164379648_n

Мицкоски од Кавадарци: Заев не е спремен за рерформи во правосудството, но затоа е способен да прислушува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера беше во посета на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.Мицкоски посочи дека и жителите на Кавадарци како и сите граѓани на Република Македонија силно ги чувствуваат црнилата на владеењето на СДСМ и Зоран Заев.Тој потенцираше дека последиците од тие црнила се чувствуваат и во економијата, каде убедливо сме заковани на дното во Европа, и сме единствена земја во Централна и Југоисточна Европа со негативен биланс на странски инвестиции за што потврда дојде и од НБРМ која потврди дека во третиот квартал имаме одлив на странски инвестиции.Мицкоски се осврна и на земјоделието истакнувајќи ситуацијата е алармантна, а Владата нема никаква понуда и политика ниту пак има трајно решение кое што на подолг рок  ќе обезбеди пласман за родот на земјоделците.- Не така далеку во кампањата на плоштадите ширум Македонија велеа сигурен пласман за земјоделските производи ние ќе обезбедиме, нема да остане ниту парче земјоделски производ непродаден, ние сме тие кои што ќе ги обезбедиме, за да сега по две години откако се во Владата, и се укотвија во меките фотелји, по истите тие плоштади шетаат со подведена глава и велат велат не може да обезбедиме криза е, рече МицкоскиПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  истакна дека цената која што ја плати Македонија затоа што Заев е премиер е преголема и таа цена е националното омаловажување и понижување со договорот во Нивици и сите економски промаршувања и црнила во образованието, здравството, земјоделците, пензионерите и младите.Тој вели дека Заев не спремен ни да ги спроведе реформите во правосудството, но затоа видовме како е способен да ги прислушкува, да монтира уреди како би можел предвреме да ги слуша пресудите за да може да организира прес конференции каде ќе ги погодува годините.- Еве видовме зошто ги погодувал и судските пресуди и годините затвор, и заштитените сведоци ги знаел, затоа што не само што со бомбите го контаминираше целокупното оштество, не само што уништи животи со тие креирани, монтирани материјали, нелегално стекнати туку продолжива и сега повоторно не бил тој виновен, не бил Оливер Спасовски виновен, не бил СДСМ, повторно бил некој таму виновен од порано, нагласи Мицкоски.Мицкоски истакна дека граѓаните веќе се свесни за сите црнила и темнини  и тоа ќе го покажат на следните редовни или предвремени парламентарни избори кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија жестоко ќе го поразат Зоран Заев. Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе ја донесат зората која што ќе ги победи овие црнила кои што Зоран Заев заедно со СДСМ и ги приреди на Македонија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Во Париз има атмосфера на граѓанска војна - „жолтите елеци“ бараат оствка од Макрон

Париз гори. Во протетстите на „жолтите елеци“ приведени 224 лица, затворени 20 метро станици. Според официјалните информации, 500 луѓе учествуваа на протестите, а според информациите од социјалните мрежи и учесници, на протестите учествуваа илјадници учесници. На денот по немирите, едно лице е во критична состојба во болница, а другите лекари мораа да ампутираат една рака. Скоро 20 полицајци исто така се повредени.Француската влада се собира денес на вонредна седница поради протестите кои прераснаа во безредија и стигнаа до насилство.Има атмосфера на граѓанска војна во Париз, од една страна е еден силен светски лидер во лицето на Емануел Макрон кој се збогати како инвестициски банкар, а од друга, се ‘поголемиот маса од демонстранти кои доживуваат незадоволство и презир , пријавени TIME .Крајно десничарски и крајно левичарски групи се инфилтрираат во движењето “жолти елеци”, глумејќи спонтано народно незадоволство против зголемувањето на даноците, горива и високата цена за живот . Повеќе од две недели “жолти елеци” блокираа патишта во протести во Франција, и го тераат еден од најголемите и најпознатите отпорни предизвици со кои Емануел Макрон , кој се соочи во своето 18-месечно претседавање.Стотици “жолти елеци” се собраа под Триумфалната капија во горниот дел на Шанз-Елизе и заседнаа, за да ја пеат “Марсељезата” , националната химна на Франција, со повици т: “Макрон поднеси оставка”Работниците креваат метални бариери и штици од иверица на стаклени фасади на ресторани и бутици што го покриваат најпознатиот булевар во Париз. Елисејските патишта се затворени за сообраќај и пешаците прескокнуваат преку контролни пунктови .Францускиот претседател Емануел Мкрон пак е во Аргентина за годишниот самит на Г-20 како еден од најважните лидери на групата. Макрон има голема одговорност сега. Тој може или да ја смири ситуацијата, или да ја запалаи .Поради немирите, премиерот Едуард Филип ја откажа својата посета на Полска, каде што мораше да учествува на конференцијата за климата на ОН во Катовице денес. Наместо тоа, тој оди кај министерот за екологија Франсоа де Руи.Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер не ја отфрли целосно можноста за вонредна состојба, што е побарано од полицискиот синдикат, но повика на мирни преговори со демонстрантите и граѓани на Франција.

Свет | пред 7 години

375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

СДСМ: Проблемот со аерозагадувањето е сложен и долготраен, затоа сите инсититуции преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ ја загади Македонија и со своите криминални, расипнички и неодговорни политики директно придонесе Скопје да стане еден од најзагадените градови во Европа. За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија никогаш немало посилна здружена акција за чист воздух. Сите институции на централно и локално ниво со силен порив го обвновуваат уништеното зеленило, ги решаваат сите извори на загадување, велат од СДСМ.„Во тек е есенска акција за засадување на Град Скопје, кадешто ќе бидат засадени околу 3.500 висококвалитетни садници низ сите скопски општини.АД ЕЛЕМ почна акција за пошумување на просторот околу РЕК Битола, каде на просторот помеѓу селата Новаци, Брод и Гнеотино ќе бидат засадени 50 илјади багремови дрва, со цел да создаде заштитен зелен појас за населените места, да се обезбеди што е можно повеќе услови за намалување на загадувањето и природни услови за прочистување на воздухот.Низ цела Македонија континуирано се чистат диви депонии, се расчистуваат коритата на реките и каналите од комунален отпад и ѓубре, а истовремено е засилен е инспекцискиот надзор и контрола против загадувачите.Во рамки на Планот за чист воздух, на 800 семејства во Скопје, 150 во Битола, 150 во Тетово, ќе им се доделат инвертори, за да ги заменат старите нееколошки печки на дрва и да се греат еколошки.1.700 висококвалитетни садници ќе бидат засадени во дворовите на градинките, а во голем број училишта се поставуваат прочистувачи за воздух.Проблемот со аерозагадувањето е сложен и долготраен, затоа сите надлежни инсититуции секојдневно преземаат мерки за намалување на загадувањето, со цел за две години загадувањето да биде намалено за 50 отсто во Скопје, а за 30 до 50 отсто во цела Македонија.Чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Три лица повредени во вчерашната сообраќајка на патот Кичево - Охрид

На 01.12.2018 година во 11.25 чaсотна магистралниот пат Кичево-Охрид, кај село Ново Село, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.Б.(77) од Република Албанија и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(46) од Република Албанија.Притоа, со тешки телесни повреди се здобила К.П.(66) од Република Албанија, сопатничка во возилото „Ауди“, додека со телесни повреди се здобиле возачите на двете возила.  Тие биле пренесени во болницата во Охрид каде им била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка во Скопје, едно лице со тешки телесни повреди

Вчера во 18.30 часот на улица „Архимедова“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.И.(37) од Скопје и патничко возило „Мерцедес  А180“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(26) од Скопје.А.А. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот во возилото „Фолксваген поло“, С.Г.(42) од Скопје се здобил со телесни повреди. Со возило на итна медицинска помош тие биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде им била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

devojce-111

Девојчето со кибритчињата најтажната детска приказна

Да се потсетиме на најубавата новогодишна приказна, прекрасното дело на Ханс Кристијан Андерсен. Приказна која не враќа во детството и не потсетува на значајните работи во животот; приказна со силна порака – да бидеме среќни и благодарни за она што го имаме и да бидеме свесни за многуте деца во светот кои немаат светла иднина. Да бидеме хумани и благородни, објави нмд.мкТаа година зимата беше многу остра. Во текот на последната ноќ од старата година провејуваше снег. Иако беше мошне студено и темно, едно кутро девојче сè уште талкаше пo улиците. Беше боса и без капче на главата. Кога излезе од дома беше обуена во папучите на мајка си, кои беа преголеми за неа, па ги изгуби претрчувајќи ја улицата помеѓу две кочии. Едната папуча ја изгуби, a другата ја однесе едно момче, кое од папучата направи лулка за својата кукла.Иако беше босо, девојчето продолжи да чекори по снегот.Нозете и беа помодрени од студ. Во раката стискаше кибритчиња, а кибритчиња имаше и во искинатото фустанче. Цел божји ден никој не купи ниту едно кибритче, ниту пак некој и даде пари. Гладно и премрзнато, девојчето продолжи да оди.Снегулките паѓаа пo нејзината долга руса коса, која во убави локни се спушташе по нејзиниот врат. Таа немаше време да размислува за убавината, ниту за студеното време, зашто прозорците беа осветлени, а мирисот на печена мисирка се ширеше во воздухот. Новогодишна ноќ беше во полн ек и на девојчето само тоа му беше на ум.Седна и се стутка во еден агол, но залудно. He можеше да си ги стопли ножињата. Дома не смееше да си оди. Сè уште немаше продадено ниту едно кибритче, a во џебот немаше ни скршена пара. Нејзиниот татко ќе ја натепаше поради тоа, но и дома беше студено исто како надвор. Девојчето живееше во таванска соба, па и покрај тоа што најголемите дупки на покривот беа затнати co слама и co крпи, ветрот и понатаму фучеше и се провираше низ дупките, исто како да се на отворено.Прстињата и беа вкочанети од студ. Можеби ќе може малку да ги стопли кога само би смеела да запали едно кибритче. Извади едно и го кресна од ѕидот. Ох, колку топол и сјаен бил пламенот! На девојчето му се пристори дека седи покрај голема железна печка во која огнот весело поигрува. Девојчето ги испружи и ножињата за да ги стопли и нив, но огнот изгасна. Печката исчезна, a измрзнатото девојче седеше само покрај студениот ѕид.Запали уште едно кибритче. Сега и се стори како да седи под прекрасна божиќна елка, поголема и пораскошно накитена од сите што скришум ги имаше видено низ подотворените врати на богатите трговски куќи. Илјадници свеќи светеа од гранките, а малите шарени фигурки, кои порано ги гледаше во излозите, ја гледаа од елката. Девојчето ги испружи рацете кон нив, но кибритчето изгасна. Свеќите на елките и понатаму гореа, се посјајно, исто како ѕвездите на небото. Потоа една ѕвезда почна да паѓа оставајќи зад себе огнена трага.– Некој умира – рече девојчето. Нејзината покојна баба, единствениот човек на светот што беше добар co неа, еднаш и кажа дека кога паѓа ѕвезда, некоја душа заминува при Бога.Девојчето запали уште едно кибритче. Во пламенот јасно го виде лицето на нејзината стара баба, секогаш нежна и мила.– Бабичке! – извика девојчето. – Земи ме co тебе! Знам дека ќе ме оставиш кога ќе догори кибритчето. Ќе исчезнеш како и онаа железна печка, вкусната печена мисирка и преубавата божиќна елка!За да го задржи лицето на баба си пред себе, девојчето побрза да ги запали преостанатите кибритчиња. Кибритчињата гореа како сјајно сонце. Нејзината баба никогаш порано не била толку убава и толку висока. Го зеде девојчето во прегратка и заедно летнаа, восхитени и среќни, високо, се повисоко, далеку од студенилото, гладот и стравот, право кон Бога.Девојчето го пронајдоа рано наутро, стуткано покрај ѕидот, co заруменети обравчиња и co насмевка на лицето. Умре од студ последната ноќ од старата година. Новогодишното сонце го озари малечкото тело на девојчето, кое седеше co догорените кибритчиња.– Сакала да се стопли – зборуваа луѓето, но никој не знаеше какви убави нешта виде девојчето, ниту во каква радост таа и нејзината баба ја дочекаа Новата година.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

САД го прогласи 5 декември за ден на жалост

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговта сопруга ќе присуствуваат на погребот на Џорџ Буш Постариот кој умре на 94 годишна возраст, објави Белата куќа.Трамп 5 декември  го прогласи за Ден на жалост поради смртта на Буш. Исто така тој потпиша и извршна наредба со која на федералните служби им се налага да  не работат тој ден „во знак на почит“ кон Буш.Портпаролот на Трамп изјави дек во тек се подготовките за погребот на 41 претседател на САД.Џорџ Буш Постариот, почина во петокот вечерта во неговиот дом во Хјустон.

Свет | пред 7 години

vucic

Mеѓународна награда за мир за Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е добитник на меѓународната награда „Златен лав“ за мир за 2018 година, пренесе „Блиц“.Наградата ќе му биде врачена на церемонија во декември во Венеција.Во образложението е наведено дека признанието му се доделува на Вучиќ поради „плоден придонес, од меѓународно значење, кој го карактеризира неговиот мандат“ и за неговите „силни напори за промоција на мирот“.Наградата е воспоставена пред 70 години.

Свет | пред 7 години

scott-0399727921

Американски адмирал пронајден мртов во својот стан

Командантот на поморските сили на САД на Блискиот исток, адмирак Скот Стерни е пронајден мртов во својата резиденција во Бахреин, соопшти командата на Морнарицата на САД.Стерни беше конандант на Петтата флота на американската морнарица, чија што база беше во Бахреин.„Поморската служба за кривична истрага и бахреинското Министерство за внатрешни работи соработуваат и истражуваат, но во овој момент не постојат индиции дека смртта кај адмиралот настапила насилно“, изјави адмирал Џон Ричардсон, командат на поморските операции.Скот Стерни 20 години служеше во морнарицата , а порано бил пилот на борбен авион.  

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Свлечиште на патниот правец Макази - г.п. Маркова Нога

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози.„На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација“, велат од АМСМОттаму препорачуваат возилата да се движат со прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања