Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

grcija-bura

Бурата Пенелопа донесе над 16.000 молњи во Грција

За шест дена, бурата Пенелопа во Грција, донесе 16.200 молњи, обилни дождови, снег и силен ветер, според податоците од мрежата на метеоролошки станици на грчката опсерваторија во Атина и „метео.гр“.Невремето, кое од метеоролозите го доби името Пенелопа и ја зафати Грција во периодот од 25 до 30 ноември, имаше две лица, топло и студено. Топлиот бран беше во првите три дена со обилни врнежи во западниот дел од земјата, јужен ветер и прашина во воздухот, а студеното во останатите три дена со молњи, силен дожд, особено на островот Крит и силен ветер што донесе значителен пад на температурата и снег на планините, јави дописничката на МИА од Атина.Во градот Хања на грчкиот остров Крит биле регистрирани 428 милиметри дожд на метар квадратен, а системот ЗЕВС за следење на молњите регистрирал 16.200 молњи во период од шест дена.Бурата Пенелопа донесе и снег од над 30 сантиметри на планините во североисточниот и централниот дел на Грција, но и силен ветер со јачина од 113 километри на час, регистриран на планината Пендели во близина на Атина.Како што во петокот објави МИА, силниот ветер и обилниот дожд предизвикаа штети на неколку острови, но и забрана за пловидба за бродовите. На островите Лезбос и Крит, од обилниот дожд беа поплавени улици во повеќе населби, беше предизвикана е материјална штета на патната мрежа, а проблеми создаде и силниот ветер кој беше причина за пад на дрва 

Свет | пред 7 години

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Унгарија се уште не одговора за екстрадицијата на Груевски

Македонското Министерство за правда се уште нема добиено одговор во врска со барањето за екстрадиција на екс  премирот Никола Груевски од надлежното министерство во Унгарија, информираше денеска министерката за правда Рената Тренеска Десковска.-Сепак, оние пристојни рокови за одгвоор не се изминати. Ќе почекаме, доколку не добиеме во роковите, ќе пуштиме ургенција. Тоа се стандардни процедури коишто се спроведуваат. Сакам да напоменам дека досега во ниту еден случај Унгарија не одбила да екстрадира ниедно лице. Последната екстрадиција беше во септември оваа година и немавме никаква забелешка ниту за водење на судски постапки, ниту за состојба на затворите ниту дека постои некој ризик во Република Македонија. Се надевам дека согласно на својата пракса Унгарија ќе треба да одговори и на овој случај, рече министерката на попладневната прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која беше промовиран нов закон за намалување на казните за прекршоци.За потсетување поранешниот премиер Никола Груевски, избега во Унгарија, каде доби политички азил, пред отслужувањето на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ за набавка на луксузен мерцедес. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пукна како скандал, се претвори во пресметка: Обвинителите се снимале и кога дознале

 Уште во 2013 година, кога се набавувала телефонската централа во Јавното обвинителството, имало опција за снимање на телефонските разговори на обвинителите. Јавниот обвинител Љубомир Јовески веста ја соопшти откако два часа им држеше предавања на новинарите за транспарентноста на јавното обвинителство и какви информации може да соопштат во предистражна постапка, која според законот е тајна.На крајот од средбата јавниот обвинител го соопшти откритието, дека нашле два хард-дискови со снимани разговори кои датираат од 30 септември 2016 година, објавува независен.мк.Веднаш по оваа вест, прес-конференција пред Јавното обвинителство одржа владиниот портпарол Миле Бошњаковски, кој обвини дека снимањето на разговорите на обвинителите се остатоци од минатата власт, за потоа премиерот Зоран Заев да соопшти дека ваква централа имала и во новата зграда на Основниот суд Скопје 1 и за ова индиректно ги обвини тогашните први луѓе на овие две институции кои ги набавиле опремите, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и поранешниот републички јавен обвинител, Марко Зврлевски. Опозицијата, пак, одговорност за прислушувањето побара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој токму во септември 2016 година беше избран за министер за внатрешни работи во техничката влада.Информацијата која одекна како скандал сега доби други димензии, по информациите дека Министерството за животна средина склучило договор за набавка на телефонска централа со можност за снимање и преслушување на разговорите. Заев сега вели дека што ќе се употребува одлучува раководното лице.„Раководното лице во самата институција одлучува што од тоа ќе се употребува. Имаме системи каде што има потреба од снимање, како што е снимање за следење судски рочишта… Самиот претседател на суд, шеф на обвинителство, министер, премиер или кој било одлучува што тоа употребува или не. Начинот на донесувањето на одлуката дека тоа се употребува, односно се става на снимање, е кривично дело, и вториот дел начинот на користење на тоа е уште поголема злоупотреба. Истрагата треба да покаже навистина каде соодветното раководно лице дало наредба да се употреби, односно да се вгради и вториот дел каде што е тоа употребувано“, рече премиерот.Од вест дека обвинителите биле прислушувани, премиерот сега верува дека злоупотреба била невозможна бидејќи тоа било навремено откриено. Истрагата на Обвинителството треба да одговори дали сниманите разговори во Обвинителството биле копирани и преслушувани за некакви цели и зошто републичкиот јавен обвинител, кој е веќе една година на функција, дозволил разговорите во обвинителството да се снимаат до соопштувањето на скандалот.Познавачите на системите за прислушување и телефонските централи велат дека тоа се стандардни делови на централите и дека она што треба да се истражи е која била целта на оној што ја набавил опремата.„Ова е невнимателност на оние што ја презеле власта, дури и ако некој им го направил ова намерно со цел да ги контролира откако ќе се смени власта, им било должност да проверат какви сè опции има таа централа. Малку доцна го забележал тоа јавниот обвинител, тој е цела година јавен обвинител. Власта не може така да се однесува кон своите институции, зошто не се направат тела кои ќе испитуваат каква е безбедноста на тие комуникациони уреди“, велат познавачите на уредите за прислушување.Според нашите извори, кога се сменила власта, на новиот обвинител требало да му се укаже со какви капацитети располага таа централа и е нејасно зошто никој не го исклучил кабелот и не ја прекинал опцијата за снимање. Истрагата почнала оваа пролет, а обвинителите биле снимани и по започнувањето на истрагата.Заев вели дека за тоа одлучува Обвинителството и самиот обвинител истражува дали треба да чепка во системот или не. „Тоа е работа на Обвинителството. Обвинителството е тоа што дава наредби и слично. Пријавата беше до МВР и МВР ги информира истражните органи во државата. Секако министерот за внатрешни работи го информира и својот шеф, премиерот на државата. И оставивме истрагата да тече. Тие заклучија во кој момент ја завршуваат истрагата и го споделуваат тоа во јавноста“, изјави Заев.Сепак, премиерот е дециден дека одговорност за овие централи мора да има.Според неговите информации, системот во Основниот суд Скопје 1 сè уште не е ставен во функција, но системот е вграден.„Кој дозволил таков систем да се вгради? Во ЈО треба да си каже државниот јавен обвинител затоа што самите институции кога ги сменија своите раководни структури ја отворија веднаш истрагата. Така ќе биде и за секоја јавна институција“, изјави Заев.Аферата за снимањето на обвинителите се отвори откако министерот за внатрешни работи одговорно тврдеше дека во Македонија не се прислушува нелегално и дека „тврдината“ на минатата власт веќе не постои. Спасовски е на чело на Министерството за внатрешни работи веќе две години, но власта сега допрва ќе ги проверува централите кои биле вградени во институциите.Тој вели дека обвинителството и судството се независна власт и МВР нема можност самостојно да прави проверки на институциите. Извор: независен.мк

Скопје | пред 7 години

vidoe

ЕКСКЛУЗИВНО - Видое Видически годинава ја добива наградата Свети Климент Охрид Патрон на Охрид

Писателот и поет Видое Видчески годинава ја добива наградата „Свети Климент Охрид Патрон на Охрид“ - ексклузивно дознава Охрид1 од извори во кабинетот на Градоначалникот.Видое Видически, поет, прозаист и драмски автор. Роден е во Охрид на 8 јануари 1931 година и денес е  е жива легенда на охридската и македонската писателска сцена и историја.Основно образование и гимназија завршил во својот роден град, Филолошки факултет во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1959 г.По завршувањето на средното образование, работел како постојан дописник на Радио Скопје  од Охрид. По половина година прекинува со работењето за да започне со редовни студии во Скопје.Во 1955 г. како прв директор го основа Околискиот историски архив во Охрид.Две години подоцна  основач и прв директор е  на локалната радиостаница  Радио Охрид.Во 1962 г. поставен е за директор на Домот на култура „Моша Пијаде” во Охрид и тука работи се до своето пензионирање. Тој е и еден од иницијаторите за формирање на музичко – драмскиот фестивал „Охридско лето” а потоа и еден од неговите раководители.Во 1969 г. како директор на Домот на културата  му го менува името во Дом на култура „Григор Прличев” и од тогаш во чест на големиот творец ја организира манифестацијата „Прличеви беседи” во Охрид.Видое Видически автор е на делата :СИНИ ПИТОМИ УТРИНИ, песни издадени 1959 г.БРЕГОВИТЕ СЕ НЕМИРНИ, драма изведена 1961 г. а печатена 1963 г.БАЛАДА ЗА ОРКАНАТА, драма печатена 1964 г. а изведена 1968 г.ГОЛЕМАТА ШУМА – прв дел, рома за деца и млади издаден 1970 г.МАЛИОТ ОДРЕД, тв серија од 10 епизоди снимена и емитувана 1977г. на ТВ Скопје.ГОЛЕМАТА ШУМА, прв и втор дел, роман за деца и млади издаден  1986 г, а 1994 г. го доживува петтото издание.ВЕЧЕРЕН ПЕЈЗАШ ОД ГРАДОТ, песни издадени 1988 г.ТАИНСТВЕНИ ВОДИ, роман за деца и млади издаден во 1990 г. а во 1994  доживува второ издание.ЗАРОБЕНИЦИ НА ВЕЧЕРНИТЕ ИГРИ, раскази издадени  1993 г.ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНИТЕ РОЗИ, роман за деца и млади издаден 1994 г.ПРИКАЗНИ ЗА ДАМЈАНА, раскази за деца издадени 2003 г.КАЖУВАЊЕ НА ЗАДОЦНЕТИОТ ПРОРОК, песни  издадени 2003 г.ВИЕ  песни издадени 2009 г.БИЛЈЕ КРАЈ ЕЗЕРОТО - избор од поезија 201Објавил повеќе песни и раскази во периодиката  и дневниот печат.Застапен е во зборници и антологии. Преведуван е на: италијански, француски, руски, турски и романски јазик.Добитник е на :Наградата на РТС  на Струшките вечери на поезијата во 1971 г.Награда на книгоиздателството „детска радост” од Скопје за најдобра книга  меѓу двата САЕМА НА КНИГАТА  1994 г.Издавачката куќа „Дијалог” од Скопје за збриката песни ВИЕ го награди Видически со награда за најдобра книга за 2009 во конкуренција на 12 наслови од сопствената продукција.Во 2014 година на 13 јули Друштвото на писателите на Македонија го прогласи Видое Видически за ВИТЕЗ НА МАКЕДОНСКИОТ ПИШАН ЗБОРДобитник е СЕДМО НОЕМВРИСКА НАГРАДА  на град Охрид  1977 г.

Македонија | пред 7 години

prilep

Општина Прилеп ќе печати промотивен матријал за 150.000 ден, тендер на ЈКП Водовод

ЈКП Водовод и канализација – Прилеп објави тендер за јавна набавка, во која бара печатарска куќа или издавачка куќа која за 150.000 ден без ДДВ ќе испечати промотивен матријал.Критетериум за доделување на договор вообичаено е најниската цена, а понудите треба да бидат доставени по електронски пат.Тендерот е отворен 60 денови, а краен рок за поставување прашања, според објавата на електронскиот систем за јавни набавки е 02.12.2018. 

Македонија | пред 7 години

Kamcev-Mijalkov

Орце Камчев и Сашо Мијалков имаат телефони во ќелија

Два мобилни телефони најдени кај Сашо Мијалков е веста која стигна попладнево. Наводно веднаш потоа е однесен во суд поради сомневања дека ќе бега, пишува Досие.Но мобилен телефон не е откриен само кај Мијалков туку и кај Камчев. Кај него затворската полиција во четвртокот пронашла еден телефон.За ова вообичаено се известуваат судиите кои ги водат предметите против осомничените но и обвинетите.Во затворот е поставен блокатор за мобилни но тој не е во функција. Мобилните телефони се забранети во сите затвори во Македонија, но тие се користат масовно наводно скришум од командирите. Одамна во затворите цути бизнисот со мобилните во кои се замешани и службеници и затвореници.Затворениците имаат и свои ФБ профили на кои редовно се сликаат па и од затворските соби.

Македонија | пред 7 години

3-1

Јаневски: Јас од денеска од мојот речник го бришам зборот хендикеп

Во хотелот „Вила парк“ во Струмица, попладнето, по втор пат се одржа модната ревија „Убави сме, свои сме“ на која што учествуваа деца со попреченост од повеќе градови во Македонија, а придружувани од познати лица од повеќе области. Меѓу нив беше и градоначалникот Коста Јаневски, кој рече дека од денеска од неговиот речник го брише зборот хендикеп.-Денеска се чувствувам многу горд кога гледам во мојата Струмица толку многу луѓе кои се подготвени да подадат рака, да ги срушат сите бариери и да помогнат. Јас од денеска од мојот речник го бришам зборот хендикеп. Во секој од нас има потенцијал кој само треба да го најдеме со сета своја енергија и сила. Утре е Ден на лицата со попреченост, но јас би го нарекол Ден на рушење на бариерите. Јас повеќе не признавам попреченост. Сакам сите заедно како на овој ден, сплотени да се избориме со сите можни бариери, физички, психички или било какви. Бариери во Струмица и нашата држава веќе не смеат да постојат. Да бидеме пример за сите, како може во една мала средина да се решаваат овие бариери, рече градоначалникот Јаневски.Модната ревија „Убави сме, свои сме“ се одржа во организација на здружението на деца со даунов синдром „Вера“ од Струмица. 

Магазин | пред 7 години

makraduli

Министерството за животна средина купи телефонска централа која може да ја снима фиксната телефонија

Додека трае истрагата кој и колку време ги снимал разговорите на фиксната телефонија на седумдесетина обвинители министерството за животна средина и  просторно планирање склучува договор за набавка на телефонска централа по терк на онаа во Обвинителстваото, со можност за снимање и преслушување на комуникацијата, пишува Телма.Тендерот за набавка на централата вредна 1,7 милиони денари го добива Телеком а договорот е склучен на 6 ноември, во време кога паралелно во Обвинителството веќе е отворена предистрага за следењето на комуникациите а за која знаеле и МВР и премиерот Заев. Потписници се министерот Садула Дураку и двајца претставници  на Телеком.  Во понудата на Телеком, која е наведена во документацијата, стои дека во телефонската централа која ќе биде доставена до министерството ќе биде инсталиран софтвер за снимање и преслушување на повиците.Според спецификациите, во системот ќе биде вграден хард диск преку кој може да се изберат неколку критерими за снимање, дојдовни или појдовни повици, сите повици на фикасната телефонија или пак снимање на одредени линии и локали. Постои можност да се известува дека повикот се снима, како и можност да се преслушуваат и пребаруваат снимените разговори според датум, време, локал или тип на повик.Материјалите складирани на хард дискот потоа можат да се извлечат на надворешен хард диск.Останува нејасно како една државана институција набавува телефонска централа со можност на снимање на разговорите на вработени во моментот кога Владата обвинува за скандал од ист тип за кој се води истрага. Премиерот Заев воздржан околу тоа дали ќе побара поништување на договорот или измена на спецификацијата во телефонската централа и остранување на спорниот софтвер.Од друга страна пак, министерската за правда Рената Десковска, изјави дека веќе побарала да се провери каква телефонска централа има во министерството за правда и дали се снимале разговорите на вработените.Околу истрагата за снимените разговори во обвинителството и кривичен суд, засега нема никаква информација кога точно почнало снимањето, кога точно било откриени, кој ги снимал разговорите, дали се извлечени од хард дисковите и евентуално злоупотребени.

Македонија | пред 7 години

1

(ВИДЕО) Затуровска: Верував дека кај власта ќе проработи националното чувство и патриотизмот

Министерот за надворешни работи не нарече нација со комплекси, но за жал тој не кажа кој тој комплекс на некој начин ни го наметна, ова од собраниската говорница го истакна Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.-Постојано во минатото и денес да си негиран, омаловажувам и дискредитиран по секоја цена и од секој од секаде тогаш ваквиот начин на реагирање како и на граѓаните кои милион и двесте не излегоа на референдумот можете да го наречете како сакате, но почитуван министер бараме искрено ако може да се сочува нешто од тој наш комплекс кој за жал вас ве иритира и ве нервира. Верував дека кај власта ќе проработи националното чувство и патриотизмот и заедно како што впрочем и требаше да биде од самиот почеток да изнајдеме начин по достоинствен пат до нашата заедничка определба или цел, а тоа се евроатланските интеграции, но под еден услов да ја прецизираме и бетонираме нашата заедничка црвена линија која ќе значење да не мора да се збогуваме со нашиот Устав чие менување ќе донесе збогување со нашето уставно име, потенцираше Затуроска.Таа додава дека власта сака овој народ да не постои заради тоа што на некој тоа му одговара.

Македонија | пред 7 години

47396517_2175211426027081_8314787884527779840_o

Кабаре-концерт „Јаболки и круши за уметнички души“, Мијата понуди музика за сите сетила

„Јаболки и круши за уметнички души“, акустичниот кабаре концерт на Мијата ни покажа и докажа дека Скопје умее да препознае уметност.Беше вистинско уживање за публиката да се слуша 90 минути авторска музика, зашто сите дела, вклучувајќи ги и рецитациите, се дело токму на Мијата.Камерната сала на Македонската филхармонија создаде идеална акустика за песните, повеќето познати на публиката како „Домаќинска“, „Верувам во себе“, но и не толку експонираните како „Телово гори“, француската „Pardonnez- moi“ кои беа дел од саундтракот на „Јаболки и круши“.А тука беше и руската „Уралскаја Рабинушка“, каде што Мијата на маестрален начин со својот вокал, целосно ѝ се предаде на публиката.„Нема да помине“, песната на Мијата посветена за нејзиниот починат татко, беше моментот кој донесе најмногу солзи во публиката, а хитот „Верувам во себе“, по кој ја препознаваат, Мијата го испеа заедно со сите во салата.„Срцето ми е полно. Ова беше мој прв настап пред скопската публика со ваков, акустичен концепт на перформансот. Чувството, енергијата присутна на сцена, интеракцијата со публиката, беше навистина тоа што го посакував. Успеавме да создадеме музика која ги галеше нашите души“, вели Мијата.Овој т.н. кабаре концерт во режија на Војо Цветановски, собра на едно место прекрасни музичари и уметници - Зоран Костадиновски на акустична гитара, Кирил Туфекчиевски на контрабас, за перкусиите и сите „специфични тонови“ беше задолжен Ратко Даутовски, а пред пијаното беше Ајхан Куртов.Придружните вокали ги испеа Ангела Здравковска, рецитациите беа лесен залак за Јелена Мијатовиќ, а тие двајца на сцена, Мијата и Мето Јанакиевски, ни покажаа дека може со пантомима и музика да се раскаже една приказна, едно поинакво видување на љубовта.Публиката на овој неверојатно емотивен концерт воздивнуваше, се радуваше, се смееше и пееше, уживајќи во несекојдневниот и различен концепт што ѝ беше понуден.Мијата беше вистински уметник на сцена. Таа играше, пееше и глумеше и се покажа во издание во кое ретко кој ја знае. Секој си замина дома со полно срце музика, со разгалени сетила и со искрена желба ваквите концерти почесто да се случуваат.

Магазин | пред 7 години

47322241_341166479769959_6630706713567690752_n

(ФОТО) Континјери горат на сред Партизанска

По апелот до граѓаните да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици, повторно сме сведоци на уште еден вандализам на булеварот Партизански одреди во Скопје од каде се шири чад и смрдеа.Граѓаните се обидеа да ги изгасат но, безуспешно. Според нив контејнерите намерно ги палат и оштетуваат, и се жалат дека истите нема кој да ги изгаси, а ниту пак знаат кого треба да информираат.И покрај апелите од страна на Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“, ова вандалско однесување продолжува и понатаму. Само во првите десет месеци од годинава на улиците во Скопје се запалени и целосно уништени вкупно 66 контејнери.

Скопје | пред 7 години

Imer-Selmani-780x439

Селмани: Албанец за консензуален претседател на државата

Поранешниот политичар Имер Селмани оценува дека е време претседател на Македонија да биде Албанец, пишува АлсатМ.Да не почнеме од фактот дека тој треба да биде Македонец, да биде прифатен од Албанците. Албанците ги гласаа речиси сите претседатели по ред. За жал и Иванов го изгласаа Албанците пред 5 години и пред 10 години, не во голем број, туку во доволен број за да стане претседател. Да не зборуваме за Борис Трајковски, Црвенковски и Киро Глигоров, кои исто беа изгласани од Албанците. Време да се размислува за консензуален кандидат Албанец, кој ќе биде изгласан од македонска страна и сите други етнички заедници кои живеат во Македонија“, рече Селмани.Коментирајќи ја неофицијалната листа на потенцијални кандидати за нов претседател, неофицијално во последниве денови се шпекулираше и Имер Селмани. Тој вели дека консензуалниот кандидат ќе треба да биде личност која е прифатлива за граѓаните, а не партиска личност. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, би бил еден од прифатливите кандидати за него.

Македонија | пред 7 години

djordje-balasevic

Фановите во шок - Ѓорѓе Балашевиќ обвинет за кражба?!

Популарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ е обвинет за кражба на авторски права и отстранет од Јутјуб!Всушност, отстранет е спотот за неговата песна „Човек с месецом у очима“ од 1993 година, по пријава на извесен Емил Скендеровиќ, кој тврди дека тој ги поседува авторските права.Додека Балашевиќ молчи , се огласи неговата ќерката Јелена Балашевиќ-Беба…„Доколку посакавте да ја слушнете песната ‘Човек с месецом у очима’ на каналот Јутјуб, за жал, нема да можете… Бидејќи Јутјуб ја отстрани привремено поради извесен Емил Скендеровиќ, кој смета дека има право на неа. Се сеќавам кога тато ја напиша оваа песна. Се сеќавам и каде, но никако не се сеќавам на каков било Емил Скендеровиќ во близина. Речиси сум сигурна дека тој лик нема апсолутно никаква врска со таа песна. Ниту со која било друга, кога сме веќе кај тоа“, напиша Беба на социјалните мрежи.„Мрзливоста е игралиште на ѓаволот. Верувам дека Емил посакува ова да беше негова песна, која Ѓоле му ја ‘дрпнал’, па затоа го нарави ова… Бидејќи во спротивно ќе мора да помислам дека станува збор за лош човек кој сака на другите да им го оневозможи слушањето на саканата музика… Емиле, кој и да си… Немој. Грдо е“, заклучи Беба.

Магазин | пред 7 години

rege

УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство

Реге музиката е додадена на листата на меѓународни културни богатства кои Обединетите нации ги смета за достојни за заштита и промовирањеРегето е „ социо-политичко, сензуално и духовно”, велат од УНЕСКО. Тоа „се прошири на сите страни на светот”, додаде портпаролот на Јамајка.Регето произлегува од Карибите кон крајот на 1960-тите, растејќи од жанровите ска и рокстеди, со раните пионери како Ли Скреч Пери, Принс Бастер, како и Марли, Тош и Бани Вејлер.Реге музиката стана популарна во САД, но особено процвета во Велика Британија, која станала дом на многу жители на Јамајка уште од крајот на Втората светска војна.Јамајка аплицираше за вклучување на реге музиката на листата на УНЕСКО годинава, за време на состанок на Обединетите Нации на островот Маврициус.Заштитената листа постои од 2008 година и произлезе од конвенцијата на ООН за заштита на нематеријалното културно наследство во 2003 година.Нејзини цели се да обезбеди почитување на заедниците, групите и поединците вклучени во наведената активност, да се подигне свеста за тие активности на национално и на меѓународно ниво.„Регето е уникатно за Јамајка”, вели Оливија Гранџ, министерка за култура на Јамајка.„Тоа е музиката што ја создадовме и што проникна во сите делови на светот”.Други културни традиции кои се најдоа на списокот се и шпанските училиште за јавање во Виена, монголските ритуали со камили и кукларството во Чешка.www.radiomof.mk

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Пукање во маркет во Скопје, разбојници одзеле 30.000 денари

На 01.12.2018 година во 22.00 часот било пријавено дека во маркет на улица „Дижонска“ во Скопје две лица извршиле разбојништво и со закана со пиштол од вработениот одзеле околу 30.000 денари од дневниот промет.Притоа, едно од лицата испукало куршум, но повредени лица нема.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Тинејџерка касната од куче во Скопје

На 01.12.2018 година во 14.15 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Ц.З.(51) од Скопје пријавила дека на булевар „3-та Македонска Бригада“ во Скопје нејзината 17-годишна ќерка била касната од куче скитник.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

30 дена притвор за дел од вклучените во петочната престрелка во Тетово

Тетовската полиција соопшти дека вкупно седум лица се приведени, од кои четворица добија 30 дневен притвор поради престрелката во петокот вечерта во центарот на градот. Судија во предходна постапка им ја одредил мерката, по што се предадени во КПУ затвор Скопје за издржување на мерката.Во притвор се Д.М (43) од Лавце, Б.Д (43) од Тетово, Џ.Р (28) од Шипковица,тројцата кои вечерта по престрелката беа приведени, како и 37 годишниот А.М од Тетово а кој е најден и приведен во текот на вчерашниот ден. Притворените се сомничат за предизвикување општа опасност член 288 од кривичен законик и недозволено поседување оружје член 396..Се дознава дека полицијата бара уште шест лица, односно дека осомничени се 13 луѓе.Мотивите за инцидентот сеуште се испитуваат.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Три странски државјанки ги забавувале гостите во угостителски објект во Тетово

На 02.12.2018 година во периодот од 00.40 до 02.30 часот полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во село Боговиње, сопственост на Н.С.(34) од село Боговиње.Притоа, во објектот биле затекнати пет женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив две се од Република Македонија, а три се странски државјанки(две од Република Албанија и една од Косово.Странските државјанки биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово за понатамоша постапка.

Македонија | пред 7 години

pratenici-srbi-na-kosovo

Напнато на Косово – пратениците од Српска листа се затворија во косовското Собранието каде ќе го чекаат Хан

Пратениците од Српска листа влегоа во собранието на Косово во Приштина и таму ќе останат до доаѓањето на европскиот комесар, Јоханес Хан, чија посета е закажана за утре. Претседателот на Кризниот штаб на Српска листа е Горан Ракиќ.– Нашите легитимни претставници ќе го запознаат Хан и Европа со анти-српските потези кои водат кон хуманитарна катастрофа, рече Ракиќ.Тој додаде дека политичките претставници на Србите во Приштина денес легитимно и демократски се борат за тоа српските деца на КиМ да имаат право на живот, храна и иднина.,,Се затворивме денеска во просториите на Собранието на Косово за да побараме итен состанок со претставникот на ЕУ кој доаѓа во Приштина, Јоханес Хан и да го запознаеме со состојбата и потенцијалната хуманитарна криза со која се соочува српскиот народ , доколку царината од 100 проценти веднаш не се повлече.” , изјави пратеникот Игор Симиќ.Еврокомесарот утре најави посети на Белград и на Приштина со цел да се запознае со состојбата по зголемувањето на владата во Приштина на царините за српски производи за 100 проценти.

Свет | пред 7 години

zaev-deskoska

(ВИДЕО) Заев: Воведуваме разумна казнена политика- двојно се намалуваат казните за прекршоци

Со измени во Законот за прекршоци, казните за физичките лица и за стопанствениците по различни основи се намалуваат повеќе од двојно, или пак процентуално глобите ќе се намалат и за 75 отсто. Измените предвидуваат градација на сторените дела, ќе се земат предвид и сите останти фактори што придонеле за прекршокот, па така ќе постои и можност за примена на мерка на предупредување, потоа воочување на одговорност а казните повеќе нема да будат драконски туку во сооднос со стандардот на граѓаните. Ова го соопштија на денешната прес конференција во Владата премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Десковска.„По долга евалуација и консултативен период, заклучивме дека се водела драконска казнена политика и направивме измени на овој Закон. Со оваа мерка всушност сакаме да направиме превенција на прекршоците и да им укажеме на граѓаните дека казните се коректор а не немилосрдно собирање на пари. Ќе се направи и градација на казните во зависност дали се однесуваат на мали, средни или големи фирми, нивната заработувачка, бројност на вработени итн. Ако се увиди ненамерна грешка, инспекторите ќе можат да ги повлечат казните, што досега не беше така, односно дури и ако се утвдела ненамерна грешка, казната морала да се плати бидејќи била констатирана. Сето ова е во насока на тоа да укажеме дека Законот за прекршоци има корективна улога а не треба да влева страв.“, изјави Дескоска.За физичките лица казните ќе бидат од 15 до 1000 евра, а за максималната казна за трговец-поединец од 5000 евра се намалува на 2000 евра. Според овие измени, од досегашната казна за нерегистрирано возило што изнесуваше 500 евра, таа се намалува на 250 евра.Сите овие измени се направени во корист на граѓаните и на стопанствениците за да се чувствуваат правично, а не да ја доживуваат државата како нивен противник, потенцираше премиерот.„Се разбира дека казнената политика ќе се применува поригорозно таму каде што се прават прекршоци што се однесуваат за заштита на здравјето, прородни богатства, екологијата или други суштински приоритети, односно целта е да се одвои тоа што е важно од тоа помалку важно и да не биде сето ставено во ист кош, а се со цел за правичен систем во интерес на граѓаните. Казните нема да бидат драконска мерка за полнење на буџетот. “, потенцираше Заев.“Казнената политика нема да биде политика за полнење на буџетот, туку казнената политика ќе биде насочена кон опомена на оние коишто згрешиле“, истакна министерката Дескоска.Овој закон ќе ги одреди рамките на казнената политика – висината на глобите за физичките и правните лица. Она што е особено значајно е тоа дека сега акцентот ќе се стави на опомената наспроти казнувањето, нешто што беше пракса во минатото.Министерката Дескоска посочи дека околу 200 закони во кои е уредена висината на казната, ќе треба да се усогласат со Законот за прекршоци и нема да смеат да го надминат утврдениот минимум и максимум, а како примери на намалување на висините на глобите за физичките лица, министерката Дескоска ги наведе следните: доколку казната за нерегистрирано возило изнесувала 500 евра, со новиот закон ќе изнесува 250 евра, казната за технички неисправно возило сега изнесува 400 евра, со новиот закон истата не смее да надминува 250 евра, за предизвикување бучава казната сега изнесува 450 евра, со новиот закон сега казната нема да смее да надмине 250 евра.Високите казни остануваат за прекршоци кои предизвикуваат општествена опасност како и оние кои што се против животната средина и уништувањето на културното богатство – истакна министерката Дескоска.(Изјавите почнуваат од 15 минута)

Скопје | пред 7 години

3

(ВИДЕО) Макрадули: Споредбено со претходните 2 години, во 2018 година постои намалување на бројот на загадени денови

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, денеска изврши увид на мерната станица во Центар. Притоа ја искористи можноста да информира дека напорите на Владата на Република Македонија, но и на сите други институции за намалување на аерозагадувањето веќе даваат резултати. Во своето обраќање заменик министерот Макрадули рече:„Грижата за квалитетот на воздухот и за здравјето на граѓаните е задничка. Сите дишеме ист воздух и сите ја имаме истата потреба воздухот да биде чист бидејќи здравјето на граѓаните е најважно.Затоа, повикувам на здружени и координирани акции, повикувам на сечиј придонес, на индивидуална и колективна одговорност. Колку помалку загадуваме толку подобро – колку повеќе чистиме толку подобро. Колку повеќе вклучени граѓани и институции – до толку почист водух, низ целата Македонија и низ цело Скопје.Не`чека долга акција за справување со загадувањето односно со загадувачите. Ќе биде потребно време да се реши оваа состојба, но треба да ни биде јасно на сите дека резултатите ќе станат видливи доколку останеме посветени и здружени во оваа акција.Денес сакам да охрабрам, и затоа ќе споделам неколку статистики од мерните станици кои ни покажуваат делумен напредок и резултати од нашите напори во изминатава година.Направивме спордба на податоците од изминатите три години, 2016, 2017 и 2018 во периодите 1 јануари – 30 ноември и забележавме дека во 2018 година постои намалување на бројот на загадени денови во анализираниот период – станува збор за број на денови со надмината дозволена загаденост од 50 микрограми.Постои сериозно намалување на бројот на загадени денови во Тетово, каде во 2016 година имало 273 загадени денови, во 2017 година – 115, додека во 2018 тој број паднал на 105.Во Битола, минатата година имало 105 загадени денови споредбено со 65 денови годинава на првата мерна станица, или 99 загадени денови лани наспроти 70 годинава на локацијата на втората мерна станица.Просекот од сите мерни станици на национално ниво покажува благ пад, од 99 загадени денови во 2016 и 2017 на 86 загадени денови во 2018 година, во периодот 1 јануари – 30 ноември.Од оваа анализа се разбира ги исклучивме мерните станици кои не се во функција, иако и таму има намалување до моментот кога работеа.Понатаму, анализата покажува тенденција на намалување на највисоките измерени ПМ10 вредности на годишно ниво, односно пад на највисоката регистрирана загаденост на воздухот. Просекот од највисоките ПМ 10 вредности од сите мерни станици паднал од 336 во 2017 година на 189 во 2018 година.во Карпош, постои двојно намалување на ПМ 10 и тоа од 525 максимална вредност во 2017, сега во 2018 се измерени 245во Миладиновци (од 423 на 188), во Битола 2 (од 530 на 184)Куманово (од 450 на 205) и Центар (од 482 на 224)Споредбите ги правевме во идентични временски интервали и тоа (01 јануари - 30 ноември) во период од три години, 2016, 2017 и 2018.И, повторувам дека мерните станици кои имаат расипани делови или мерните станици кои годинава почнале прв пат со мерење (како на пример Бутел) не се вклучени во анализата.Jасно е дека повеќе фактори влијаат помеѓу кои и метереолошките услови на падот на овие вредности. Но јасно е и дека кога се преземаат мерки, кога граѓаните се свесни, а институциите будни, резултатите ќе стигнат.Свесни сме дека загадувањето е високо, и дека ваквите намалени вредности се се уште многу високи, но сакам да охрабрам бидејќи имаме мал исчекор кон подобрување на состојбата“.

Скопје | пред 7 години

zaev

Заев: Не се точни наводите за смена на Лика и Бектеши

Премиерот Зоран Заев информациите дека ќе бидат сменети вицепремиерот Хазби Лика и министерот за економија Крашник Бектеши денеска ги отфрли и кажа дека не се точни.Тој вели: „Во една политичка влада е нормално една партија да повлекува свои кадри, но за тоа треба да ме известат мене како мандатар. Јас за такво нешто не сум известен, што значи дека тие наводи не се точни“.Што се однесува до гласините дека вицепремиерот Хазби Лика, за кого медиумите повикуваајќи се на информации од владата пишуваа дека воопшто не оди на работи , Заев рече дека тој оди на работа,  а за работата на министерот Бектеши рече дека е многу задоволен од неговата работа.

Скопје | пред 7 години

Naum

(ВИДЕО) Стоилковски ја обвини СДСМ за партиски вработувањаијата

Центарот за спроведување на црниот проект Мрежа за вработување на мајка, синови, ќерки, татковци, стрини, вујни, чичковци по принципот „партизација на администрација од хигиеничар до министер“. Центарот на СДСМ зад мене мора да одговори за Црните тефтери од проектот Мрежа за најцрната партизација на администрацијата. Според овој центар тука Услов за добивање работа е да се биде докажан член- активист или да биде поврзан со што повисок функционер во партијата, изјави Нуам Стоилковски на денешната прес-конференција.„Од овој центар на Мрежата од црните тефтери мора да одговорат како само во еден ден од општинската организација на СДСМ во Кисела Вода биле вработени 8 лица во општината, 6 мина во управни одбори во училиштата, хигиеничарки, воспитувачки и каде ли уште не низ општинската и администрацијата на јавните претпријатија?Од овој центар мора да одговорат кои се критериумите за проектот Мрежа и вработувањата на над 30 мина во ЈП Македонски Шуми низ скоро сите општински клонови, каде непотизмот и партиската припадност се непобитен факт?Од овој центар мора да одговорат дали 24-те нови вработени во М-НАВ, како ја нарековме македонска неофицијална агенција за вработување, со плати неколку пати повисоки од просечната, се дел од МРЕЖА, имајќи предвид дека речиси ниеден нема образование потребно за вработување во Агенцијата, но има партиска или роднинска врска, па членовите на комисиите биле ставани под тежок притисок да ги примат токму избраните лица?Од овој центар на црниот проект Мрежа мора да кажат дали биле опфатени и вработувањата на мајката на Костадин Костадинов во администрацијата во Струмица, или сестрата и пријателката на Кирацовски во администрацијата во Битола?“, изјави тој.Според него проектот Мрежа е партиски непотизам во најсурова смисла и е врв на лицемерието на оваа власт која што не само лажно се колне во европски вредности, туку е и бесрамна во случаи кога е фатена во лага.„Партизацијата на администрацијата дополнително го оптоварува буџетот а ги обременува услугите. Реалност е дека со тоа Република Македонија се одалечува од препораката за Европската Унија. И СДСМ тоа свесно го прави, со тоа што посочува прст кон администрацијата, додека истовремено ја партизира.Со тоа, СДСМ порачува дека во овој мрачен систем нема место за професионалци, дека во Република Македонија нема место за граѓани без партиска книшка на СДСМ. Во Животот на оваа криминогена власт која што ја зацрни во државата има работа само за партиски војници и роднини на партиските функционери.Овој центар на Мрежа, центар на криминогеното владеење, лажно се надева дека со такво намерно одложување на брзи и ефикасни реформи, намерно одложување на европеизација на администрацијата, криминогената власт ќе може подолго да турка тендери и договори во 4 очи.Одговорност за оваа состојба, за црните Мрежи и тефтери, мора да има, и ќе има. Колку побрзо, толку подобро“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

dimche

(ВИДЕО) Арсовски: Кога конечно Оливер Спасовски ќе си поднесе оставка за нелегалното прислушување на обвинителството?

Поминаа 3 дена од скандалот за нелегално прислушување во Јавното обвинителство, а сеуште од Оливер Спасовски и МВР немаме никаков концизен и директен одговор. Кадрите на СДСМ сеуште ги прислушкуваат граѓаните и институциите. Јавните обвинители, судиите, нивните соработници и институциите се под директен надзор и нелегално прислушувани од страна на Оливер Спасовски и Зоран Заев, изјави Димче Арсовски на денешната прес-конференција.„За ова оставки, но и одговорност мора да има и тоа уште веднаш! Јавноста сеуште со денови чека одговор на прашањата кои што треба да ги одговори Оливер Спасовски како ресорен министер во Министерството за внатрешни работи.Кој прислушувал нелегално во Јавното обвинителство?Дали во разговорите има разговори и од обвинители од Специјалното јавно обвинителство во кои се договарале одредени предмети и нивно преземање?Кој ќе сноси одговорност за прислушувањето во Јавното обвинителство на јавните обвинители и останатите нивни соработници?Дали со овие нелегални разговори од изминативе 2 години биле уценувани јавни обвинители да носат одлуки по нечија желба на луѓето од власта? Дали со овие нелегални разговори бил вршен прогон на невини граѓани?Кога конечно Оливер Спасовски ќе си поднесе оставка за нелегалното прислушување на јавните обвинители и институциите изминативе 2 години?И повторно денес прашуваме од пред МВР, дали се што се слуша и следи во моментов е нелегално и дали воопшто функционира системот за следење на комуникациите изминатиов период?“, рече Арсовски.Според него ова се непроценливи штети по независноста на обвинителството и судството. Ова се непроценливи штети кои ги прави директно владата на СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски.„Граѓаните немаат доверба веќе во Јавниот обвинител и нему СДСМ со овој скандал му го сруши интегритетот.Граѓаните одамна немаат и доверба и во МВР и во Оливер Спасовски, а сега уште еднаш се потврдува истото. Оливер Спасовски нема капацитет и кредибилитет да продолжи да го води министерството за внатрешни работи.Затоа, Оливер Спасовски треба да си даде оставка уште веднаш и да сноси одговорност за се до сега што направил“, изјави Арсовски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

АХВ: Констатирани се неусогласености при решавање на проблемот со бездомните кучиња кај дел од општините

Агенцијата за храна и ветеринарство активно работи на создавање услови за решавање на проблемот со бездомните кучиња. Испратен е допис до сите општини кои имаат законска обврска за воспоставување на соодветен систем за контрола на популацијата бездомни кучиња.„Од страна на официјалните ветеринари се вршат контроли дали локалните самоуправи имаат донесено план и програми за контрола на популацијата бездомни кучиња и во која фаза на реализација се во делот на изградба на прифатилишта за бездомни животни, како најсоодветен систем за контрола на популација на кучиња кој општините имаат законска обврска да го воспостават.Со контролите констатирани се неусогласености кај дел од општините. Даден е рок за нивно отстранување, по што доколку не се постапи по истите, согласно законските надлежности, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе изрече и законски казни.Во соработка со Ветеринарната комора и ветеринарните друштва, од септември годинава се спроведува процесот на идентификација на милениците, за што Агенцијата за храна и ветеринарство обезбеди 100 илјади бесплатни микрочипови. Во модулот за домашни миленици во Ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство во моментов се евидентирани 21.809 миленици, најголемиот дел кучиња.Како одговорна институција ги потсетуваме граѓаните дека имаат законска обврска да ги идентификуваат своите кучиња и мачки со микрочипови и затоа апелираме да ја искористат можноста и тоа да го сторат во рамки на кампањата за бесплатни микрочипирање на милениците.Донацијата на микрочиповите е еднократна, кампањата се спроведува по принципот „Прв дојден, прв услужен“ и ќе трае до 31 март идната година, односно додека не се потрошат набавените количини бесплатни микрочипови. Кампањата за бесплатно микрочипирање на милениците е дел од тригодишната стратегија што ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство за да се обезбеди здравствена заштита и благосостојба на животните, да се поттикне одговорното сопствеништво и да се намали бројот на кучињата скитници по улиците низ државава“, се вели во соопштението на АХВ. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања