„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Јаневски: Јас од денеска од мојот речник го бришам зборот хендикеп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
3-1

Во хотелот „Вила парк“ во Струмица, попладнето, по втор пат се одржа модната ревија „Убави сме, свои сме“ на која што учествуваа деца со попреченост од повеќе градови во Македонија, а придружувани од познати лица од повеќе области. Меѓу нив беше и градоначалникот Коста Јаневски, кој рече дека од денеска од неговиот речник го брише зборот хендикеп.

— реклама —

-Денеска се чувствувам многу горд кога гледам во мојата Струмица толку многу луѓе кои се подготвени да подадат рака, да ги срушат сите бариери и да помогнат. Јас од денеска од мојот речник го бришам зборот хендикеп. Во секој од нас има потенцијал кој само треба да го најдеме со сета своја енергија и сила. Утре е Ден на лицата со попреченост, но јас би го нарекол Ден на рушење на бариерите. Јас повеќе не признавам попреченост. Сакам сите заедно како на овој ден, сплотени да се избориме со сите можни бариери, физички, психички или било какви. Бариери во Струмица и нашата држава веќе не смеат да постојат. Да бидеме пример за сите, како може во една мала средина да се решаваат овие бариери, рече градоначалникот Јаневски.

— реклама —

Модната ревија „Убави сме, свои сме“ се одржа во организација на здружението на деца со даунов синдром „Вера“ од Струмица.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krevet-700x525

(ФОТО) Телевизор и кревет фрлени во Вардар

Скопје | пред 6 години

67325343_10156551814413263_1545433583626223616_n

ФОТО-ПРИКАЗНА: Скопје по земјотресот, како се градеше градот на солидарноста?

Скопје | пред 6 години

67399920_10217330857137154_5844851848724348928_o

ФОТО: Повторно се сечат дрва во Аеродром, градоначалникот едно ветува - друго прави

Скопје | пред 6 години

67105796_10219334269487408_7078197084100231168_n

(ФОТО) Шилегов го пронајде гробот на Александар Македонски под тротоар во Карпош

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања