Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

stefan

Божјата љубов чини скапо: МПЦ го оштети државниот буџет со 2,3 милиони евра!

Со продажбата на градежното земјиште наспроти „Холидеј ИН“ на МПЦ, Министерството за транспорт и врски го оштетило буџетот за повеќе од 2.3 милиони евра – покажува пазарната анализа за цената по која Министерствто го продало земјиштето на Македонската Православна Црква.На мрежата за продавање и купување „Пазар 3“, цената на еден квадрат земјиште на оваа локација чини скоро двојно поскапо од цената што МПЦ и ја платила на државата.Од МПЦ, за еден метар квадратен платиле 312 евра за квадрат, а на „Пазар 3“, цената на оваа локација е 577 евра за метар квадратен.Плац од 75,8 метри квадратни, се продава за 45.000 евра:Матемтиката вели дека за 9.000 квадратни метри – колку што изнесува целиот простор – МПЦ и нивниот деловен партнер заштедиле неверојатни 2,3 милиони евра, затоа што цената е далеку пониска од пазарната. Ова се пари кои во нормални услови би завршиле во Буџетот на Република Македонија.НОВА ТВ објави документи кои покажуваат дека ова земјиште претходно е проценето дека вреди 640 евра по метар квадратен. Вредноста од 640 евра ја утврдил проценител за имотот на МПЦ кој е на истата градежна парцела и тоа уште уште во 2010 година.Фирмата „Обновители“ во сопственост на Македонската православна црква која што нема вработени освен управител, свештеник од с. Кадино, 8 години не се занимавала со градежништво, е таа која што на сметката на Министерството за транспорт и врски уплатила 2,3 милиони евра. Нивниот бизнис партнер, Зоран Антиќ и фирмата М.Г. „Фешн“ дале само 500, 000 евра, за министерството да им продаде 9000 метри квадратни по цена од 312 евра, во 4 очи. Потпис на договорот удрил министерот Горан Сугаревски, кој обврзан со законот мора да продава по таа цена брифираат од неговиот кабинет.-Продажбата на државното земјиште со површина од 9.000 квадратни метри е направена според Законот за градежно земјиште по цена утврдена во Уредба донесена од Владата во 2016 година која важи за физички и за правни лица. При тоа е земена повисоката цена која е утврдена за деловен простор, а согласност за законитоста даде и државниот правобранител. – велат од Министерството.Извор:lider.mk

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Младеновски: Автомобилите на Шилегов и на Фрчковски требаше да се “дигнат во воздух”

Автомобилите на Петре Шилегов и Љубомир Фрчковски требало да бидат “дигнати во воздух”, непосредно по изборите во 2016 година. Оваа била идеја на високи функционери во УБК, кои имале акција за сузбивање на “државните непријатели”, објави Fokus.mk‘.Ова на денешното рочиште за “27 април” ‘го откри обвинетиот Михаил Младеновски, кој истакна дека упадот во Собранието бил организиран од УБК и од Александар Василевски Нинџа.Тој истакна и дека Никола Бошковски, вработен во УБК, му дал задача на Нинџа да ги следи обвинителите од СЈО и Кире Наумов, а се смислувале и други планови за справување со “државните непријатели”, според оцена на тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.“Идеја беше и во воздух да се дигнат автомобилите на Шилегов и на Фрчковски, но до тоа не дојде, рече Младеновски.извор:Fokus.mk

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Столтенберг: За случајот со Груевски, нека се договорат Скопје и Будимпешта

Случајот со поранешниот македонски премиер, Никола Груевски треба да биде решен помеѓу Скопје и Будимпешта, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој додаде дека Алијансата нема намера да се меша во расчистување на прашањето околу бегството на осудениот поранешен премиер.„Не е мое да коментирам за тоа, станува збор за прашање што се однесува меѓу Скопје и Будимпешта, а не кон НАТО“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес конференција во седиштето на НАТО во Брисел.„Не е мое да коментирам. Прашањето треба да го решат Будимпешта и Скопје“, нагласи Столтенберг запрашан за ставот на алијансата околу бегството на поранешниот премиер и засолништето што му беше дадено од земја членка на НАТО.Столтенберг во врска со членството на Македонија, нагласи дека НАТО е подготвен да го потпише пристапниот протокол со Македонија по имплементацијата на преспанскиот договор.

Скопје | пред 7 години

zagaduvanje

Наместо почист воздух, граѓаните ќе добијат специјални маски за надвор

Наместо почист воздух, граѓаните ќе добијат специјални маски за надвор. Здравствените власти ќе ги поделат и така ќе се борат против аерозагадувањето. Од Министерството за здравство не размислуваат за вонредни мерки, објави ТВ Телма.На Клиниката за детски болести викендов се јавиле пациенти најчесто со респираторни инфекции. Но, лекарите смируваат. Според нив, тоа е нормално во овој период.Мерните станици за квалитетот на воздухот во Лисиче и Гази Баба се уште не работат. Другите кои се во функција, викендов запишаа и до 300 микрограми ПМ10 честички во воздухот.Отровните честички земаат замав, а властите не се мобилизираат.Од Институтот за јавно здравје, надлежните за аерозагадувањето се на службени патувања и не даваат одговор дали досегашните мерки на властите дале некаков резултат.Загадениот воздух е најголема причина за предвремена смрт во речиси сите земји во Европа. Смртта на 1300 жители годишно во Македонија се поврзува со аерозагадувањето. Властите наместо да преземат итни и вонредни мерки, со загадувањето на воздухот се справуваат со вообичаените и секојдневни мерки.“На прашање дали здравствените власти и оваа година ќе даваат препораки наместо мерки – Филипче откри само дека од неговиот кабинет анализираат кои се ризични категории на граѓани.На детска клиника се уште не се исполнети сите болнички кревети. Пациентите ги лекуваат амбулантски, вели директорката Катерина Ставриќ. Според нејзе, нема простор за паника.Загадениот воздух може да предизвика мозочен удар, срцеви заболувања или рак на белите дробови. Смртоносни болести кои заедно со хроничните и акутни респираторни заболувања ги демнат луѓето.извор: ТВ ТЕЛМА

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Охридските советници на вонредна седницаа расправаа за помор на плашиците во Студенчишта

На вонредната седница на Советот на општина Охрид, што беше закажана на предлог на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се расправаше за состојбата со плашиците во каналот Студенчишта, по вонредните околности кои доведоа до помор на плашиците- мерки и активности кои се превзедоа и треба да се превземат.По расправата советниците едногласно ги донесоа следните заклучоци:-Се задолжува Градоначалникот на општина Охрид да се обрати до Министерството за екологија, со барање за превземање на превентивни мерки и активности со цел спречување на поморот на плашици во иднина;-Се задолжува Градоначалникот на општина Охрид да побара од ЈНУ Хидробиолошки институт Охрид информација со цел добивање насоки за препорачани и дозволени флуктуации на нивото на езерото и превземање на конкретни мерки во оваа насока;-Се задолжува Градоначалникот во соработка со ЕЛЕМ Македонија да покрене иницијатива за формирање работна група која ќе даде писмени препораки за надминување на постојната состојба и иницирање на измени на постојната законска регулатива од оваа сфера;-Се задолжува Градоначалникот согласно позитивните правни прописи да превземе мерки за добивање на дозвола за мелиоративен риболов од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;-Се препорачува на надлежните служби да извршат ископ, проширување и продлабочување на каналот Студенчишта.Градоначалникот Јован Стојаноски рече дека Локалната самоуправа неколку дена пред да се случи угинувањето на околу 500 килограми плашица писмено ги предупреди надлежните институции да преземат мерки, а количините на угинатата риба беше намалена бидејќи беа преземени низа активности во кои беа вклучени Јавните претпријатија „ Водовод“ , „ Нискоградба„ и „ Охридски комуналец“ .Според градоначалникот Стојаноски, вакви и слични незгоди нема да има по донесувањето на Планот за управување со Охридскиот регион , кој сега е во нацрт- верзија. Во планот прецизно ќе се регулираат обврските на сите субјекти кои се одговорни за долгорочно и ефикасно управување со природното и културното богатство на Охридскиот регион.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

„Фактор“: Државата го менува и данокот на добивка, ќе има ли лути реакции?

Коморите, синдикатите, осигурителните компании се затечени од предложените измени на Законот за данокот на добивка. Се тврди дека не биле консултирани за измените кои ги прави Министерството за финансии. Од ресорното министерство ги поставија измените на електронскиот национален регистар на прописи и треба да се применуваат од следната година, анализира порталот Фактор.Според измените како што објави веќе Фактор, точно се определува како и колкав данок ќе плаќаат невладините организации, синдикатите, политичките партии, Црвениот крст. Практично законот сега ќе уредува дека и непрофитните организации стануваат даночни обврзници ако имаат приходи од стопанска дејност. Ова се прави, велат од Министерството за да не се создава нелојална конкуренција меѓу фирмите и непрофитните организации. Инаку има измени кои ги опфаќаат и осигурителните компании но и вработените кои имаат високи примања.Имено како што вели предлагачот, ќе како добивка ќе се смета и на неа ќе се пресметува данок на секоја заработка над одреден лимит од исплатен надомест за деловна успешност.„Поради постоењето на случаи на користење на законската можност за исплата на високи износи на вработените на име деловна успешеност на работодавачот, за која се плаќаат придонеси само до износот на највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите ( 16 просечни плати), како начин на пренесување на дел од добивката без да се плати данок, се оцени дека е потребно да се утврди лимит над кој исплатата на деловната успешност ќе има третман на непризнат расход за целите на утврдување на данокот на добивка, стои во измените.Фактор веќе објави дека во измените што сега се предлагаат стои дека здруженијата, партиите, верските заедници, религиозните групи, Црвениот крст, синдкиатите, коморите не се обврзници на данокот за заработките од членарини, доброволни прилози, донации, подароци. Сепак, добивката која е остварена од стопанска дејност е регулирано да се даночи. Стопанска дејност е на пример приходот од издавање на простории под закуп, ако вршат комерцијални обуки и слично.„Непрофитните организации коишто остваруваат приходи од вршење стопанска дејност во рамките на нивното непрофитно делување, заради избегнување на нелојална конкуренција со субјектите на кои добивката остварена од вршење стопанска дејност им се оданочува, стануваат обврзници за пресметување и плаќање на данокот на добивка, доколку вкупниот годишенприход од стопанската дејност е поголем од 2.500 евра во денарска противвредност, стои во предлог измените.Извор: ФАКТОР 

Македонија | пред 7 години

viktor-orban

Орбан доаѓа во Хрватска, издадено предупредување

Денеска и утре, во Загреб, се одржува самит на Средноевропската иницијатива (СЕИ) на кој на темата за безбедност и економија ќе разговараат шест премиери и други високи претставници.Во фокусот на состанокот е доаѓањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан со кого Хрватска има неколку отворени прашања.СЕИ е формиран во 1989 година во Будимпешта, а денеска членуваат Македонија, Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Хрватска, Италија, Унгарија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија и Украина.Претседателството на СЕИ од Хрватска ќе го преземе Италија.

Свет | пред 7 години

opek-katar

Катар во јануари го напушта здружението на извозници на нафта - ќе се фокусирале на гас

Властите во Катар објавија дека оваа арапска земја во јануари ќе се повлече од Организацијата на земји извозници на нафта – ОПЕК.Оваа неочекувана вест беше објавена од страна на министерот за енергика на Катар, Мохамед бин Салех ел Сада, на денешната конференција во престолнината Доха.„Одлуката за повлекување ја рефлектира желбата на Катар да се фокусира на своите планови за развој и зголемување на производството на природен гас од 77 милиони тони годишно на 110 милиони тони во наредните години“, рече министерот на прес-конференцијата.Катар цели 57 години беше дел од ОПЕК. Тие со 2,6 милиони жители се најголемиот извозник на течен природен гас во светот, објави агенцијата „Танјуг“.

Свет | пред 7 години

soobrakajka-1

Сообраќајка кај Автокоманда - сообраќајот блокиран

На булеварот „Александар Македонски“ се случи втора сообраќајна несреќа денеска, поради што речиси цел ден е блокиран сообраќајот во овој дел од градот. Како што информираат од МВР во сообраќајката учествувале две возила, а се случила пред неполн час.Како што дознаваме од терен во делот од булеварот кој се наоѓа кај хотел „Континентал“ речиси и да е невозможно да се помине со возило. Сообраќајот е блокиран, а колоните со возила се протегаат и до автопат.Ова е втора сообраќајка на булеварот денеска, откако утринава исто така сообраќајот беше парализиран поради судир на два автомобили.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Ангелов до Младеновски: Ти благодарам што ја кажа вистината

Ти благодарам што собра храброст пред целиот македонски народ да ја кажеш вистината. Иако е малку задоцнето, сепак, благодарам, рече обвинетиот Горанчо Ангелов по сведочењето на обвинетиот Стефан Младеновски, во кое изнесе голем број информации за 27 април и начинот на кој УБК ја вршело организацијата.„Ќе се сложите со мене дека ние ‘идиотите’ од патриотските здруженија сме искористени од партија, од УБК, од сите буквално“, Ангелов го запраша Младеновски.На ова Младеновски одговори: „Дека сте кретени, е заклучок на Нинџа, сигурен сум дека сте злоупотребени од Нинџа и директорот на УБК, Владимир Атанасовски“.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Младеновски добивал инструкции од Нинџа за „27 април“

„Со Нинџа и неговите луѓе се среќавав на партиските собири заедно со мојот брат и ме запозна со лицето Прскач од УБК. На првиот ден од протестите пред ДИК, Нинџа не викна во кафиќ на кеј во Скопје. Кога пристигнав со мојот брат таму беше лицето Прскач, во тоа време началник или заменик-началник во петта управа. Нинџа ни кажа дека ако ДИК ги одбие приговорите на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се упадне во ДИК и да се фрли молотови коктели. Таму беа неговите луѓе, кои добар дел беа вработени во неговиот кафич или кладилницата“, раскажа денеска обвинетиот Стефан Младеновски, во Кривичниот суд денешното рочиште за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.Во деновите што следувале тој рече дека се гледале со Нинџа во кафулето „Аристократ“, а на средбите присуствувал и Владимир Атанасовски.„На 30 декември вечерта кога требаше ДУИ да одлучи дали ќе прави влада со ВМРО-ДПМНЕ, повторно бевме во штабот, во прес-центарот. Бевме јас, мојот брат, луѓето од УБК и Нинџа со неговите луѓе. Исто како денот на изборите, така и тогаш информациите до нас ги споделуваше Дејан Димовски – Боксерот. Кога стана извесно и дека ДУИ нема да прави влада со ВМРО-ДПМНЕ, ни беше кажано од Боксер дека Иванов нема шанси да го додели мандатот на Заев и дека доколку пробаат на сила да направат влада, ќе има војна. Набргу по тоа беше објавена тиранската платформа по што и почнаа протестите на ‘За заедничка Македонија’“, рече Младеновски пред судот.Тој наведе дека потоа почнале протестите и дека тој учествувал десетина пати со неговиот брат, но и со луѓе на Нинџа, посочувајќи дека за протестите имало логистичка поддршка од сите Комитети на ВМРО.Младеновски рече дека ќе се влегувало во Собрането кога СДСМ ќе формира Влада, дознал во февруари, кога ги викнал Нинџа. Таму имало луѓе од МВР и УБК.– На таа средба Прскач ни кажа дека државата ни е загрозена и треба да си ја одбраниме, дека тие ќе стојат зад нас и дека сите насоки ќе ги добивам од Нинџа. Нинџа кажуваше дека на тие протести ќе се следи кој е присутен и дали ќе има провокатори, раскажа Младеновски.Нагласи дека на протестите добиле наредба ако видат жена со плава коса да ја пријават кај него, бидејќи е од ЦИА.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Групата Камелеон годинава прославува 20 години успешна кариера

Охридската група Камелеон најавуваат голем концерт, во пресрет на празниците. Концертот ќе биде во чест на 20 годишнината од нивната успешна кариера.„Има многу бендови, но ретки се оние кои нивниот роден град, каде е и најтешко да се успее, ги примил како свои. Кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели. Годиниве наназад тие покажаа и докажаа дека може да се успее и со сопствена музика, може и со макотрпна работа, со откажување од многу, но не и од основните принципи на квалитетна музика, ноти и текстови, откинати длабоко од срцето, создадени од по некоја солза, од по некоја насмевка на убава девојка, од поддршката на пријателот, од убавините на Охрид, кој толку силно ги гушнал и ги примил во своите прегратки“, порачуваат организаторите.

Магазин | пред 7 години

centr-1

Санкционирани прекршители на одлуката за доставување на стока на подрачјето на општина Центар

Градот Скопје повторно апелира до стопанските субјекти да ја почитуваат забраната за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.Утринава, во соработка со МВР, биле санкциони неколку прекршувачи на одлуката за доставување на стока на подрачјето на општина Центар.Со оваа одлука, донесена од Советот на Oпштина Центар и од Советот на Град Скопје, сите доставувачи на стока имаат забрана за доставување во периодот од 7:30 наутро до 18:00 часот.„Им порачувам на доставувачите да се придржуваат до одлуката, а службите будно ќе ја следат состојбата и ќе ги санкционираат сите оние кои нема да ја почитуваат истата“, велат од општина Центар.

Скопје | пред 7 години

dimkov

Димков: И да умрам во моментов нема да прифатам промена на името

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков, на денешната седница во Собранието, остро реагираше на дебата за одредување на нацрт амандманите, објави Фокус.„И да умрам во моментов нема да прифатам промена на име. Сето тоа вие со еден збор ќе го уништите. Ние имаме фамилии дома. Еднаш ќе ни прекине животот и ќе пишува историјата. Изгубивте на изборите. Се прифативте за да дојдете на изборите“, рече Димков.извор: Фокус.мк

Скопје | пред 7 години

pozar-1

Показна вежба „Пожар“ во ОУ „Браќа Миладиновци“

Показно-тактичка вежба за гаснење пожар и евакуација на загрозени лица се одржа денеска во основното училиште „Браќа Миладиновци“.Целта е увежбување на наставничкиот и техничкиот персонал во училиштето за имплементирање на планските документи за дејствување во услови на настанат пожар и потреба од евакуација на загрозени лица.Претпоставената ситуација опфати пожар во кујната на училиштето предизвикан од електричната инсталација на кујнските апарати, од каде што се ширеше чад што го зафати приземјето на објектот со закана за негово проширување во други ходници. Во времето на оваа претпоставена ситуација, во училиштето се одвиваше редовна настава, а акцентот беше ставен на евакуација на учениците, наставниците и техничкиот персонал.Вежбата се спроведе во организација на училиштето „Браќа Миладиновци“ и Општинскиот противпожарен сојуз - Аеродром, со учество на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и општинскиот Црвен крст - Аеродром.

Скопје | пред 7 години

pajak

Пајак службата не го крена возилото пред Кривичен суд откако дозна дека е на Мендух Тачи

Пајак службата не го крена возилото паркирано пред Кривичниот суд, откако дозна дека е на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, објави ТВ21.Тачи беше внатре во судот на рочиште за предметот „Титаник 2“, како обвинет за изборни нерегуларности.Почетокот на рочиштето доцнеше поради тоа што се чекаше спроведување на обвинетиот екс шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор.Видеото повеќе не е достпно за јавност.

Скопје | пред 7 години

poc

ЈП ПОЦ донираше парични средства наменети за стартување на првиот Центар за аутизам во регионот

На последната седница на Управниот и Надзорниот одбор на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје едногласно беше донесена Одлука за одобрување на донација на парични средства во висина од 10.000,00 денари наменети за Здружението на граѓани „ПОЗИТИВО“ за стартување на првиот Центар за аутизам во регионот.Првиот Центар за аутизам во склоп на Фондацијата СТЕМ Академија ќе биде единствен од таков вид во Македонија и во поширокиот регион со специјална стандардизирана програма за аутизам на Lego Education. Центарот за аутизам, во соработка со стручни лица, ќе овозможува рана детекција, третман и едукација на родителите, како и минимални трошоци за семејствата.„ЈП Паркинзи на Општина Центар ја завршува и оваа година во духот на општествената одговорност. Со оваа донација започнуваме една убава соработка која нема да застане тука. ЈП ПОЦ ќе продолжи да помага во одржувањето на Центарот за аутизам со цел да им помогнеме на овие дечиња во подобрување на нивните социјални вештини.“ - изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски.Здружението на граѓани „ПОЗИТИВО“ оваа година ќе ја организира четвртата аукција на чоколадо насловена како „Чоколаден спектар“ која ќе се одржи на 12 декември (среда) во Парк хотел и Спа, ресторан Фор, каде гостите ќе можат да уживаат во вечер на која ќе се слават вкусовите и убавината на живеење, а при тоа ќе можат да ја искажат и својата хуманост наддавајќи се за слатките, магични експонати кои ќе бидат понудени на аукцијата. Сите собрани средства ќе бидат донирани за стартување на Центарот за аутизам.

Скопје | пред 7 години

d01_03_Nothing_Happens

Данскиот филм „Ништо не се случува“ победник на осмиот Анимакс

Златната Тула за најдобар анимиран филм на осмото издание на Анимакс Скопје Фест ја понесе данскиот филм „Ништо не се случува“ на авторката Мишел Кранот. Со втора награда (Сребрена Тула) се закити белгискиот филм „Гну“ од Николас Кепенс и Матијас Флипс, додека Бронзената Тула ја доби естонискиот филм „Музеј“ од Аги Пак Ји Ли. Специјални награди добија македонскиот филм „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов и бугарскиот филм „Грда Сказна“ на Радостина Нејкова за техника на анимација. Детската публика го изгласа филмот „Гено“ од Грузија на Дато Кикнавелизе за најдобар детски филм на Анимакс #8.За наградите одлучуваше меѓународната жири комисија во состав Ана Недељковиќ (Србија), проф. д-р.Надежда Маринчевска (Бугарија) и Гоце Цветановски (Македонија).На четирите фестивалски денови на Анимакс Скопје Фест беа прикажани 50 краткометражни анимирани филмови и 12 анимирани филмови за деца во официјална конкуренција. Тие беа избрани од пријавените рекордни 3.234 анимации од 83 земји во светот, меѓу кои најголем број од САД, Англија и Франција, но и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил и други.На фестивалот беа одржани и 2 работилици за деца под наслов „Двајца се караат, сите губат„ и „Добар, лош, грд, убав, се се тоа карактери.„ На работилниците учествуваат околу 100 деца.Настанот се одржа од 29 ноември до 2 декември под мотото „Не понекогаш. Засекогаш“ во Кинотека на Македонија.Анимакс Скопје Фест е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Агенција за филм на Република Македонија и Град Скопје, и во соработка со Кинотека на Македонија. Анимакс Скопје Фест е прв и единствен фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Во изминатите три дена во Скопје се случиле 27 сообраќајни несреќи

Во текот на изминатите денови (30.11, 01 и 02.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 27 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, 13 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 12 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 16 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 77 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 44 возачи од кои: 15 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 23 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 25 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 18 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и 17 возачи поради недопоседување пропишана зимска опрема. Во однос на пешаците санкционирани се 20 пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 210 мандатни платни налози и 125 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Две кривични пријави за препродавачи на марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе две кривични пријави против С.Т.(52) и И.В.(27) од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член  215 од Кривичниот законик на РМ.При извршен преглед и легитимирање кај пријавените е пронајдена марихуана.

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Беровец загина во несреќа со трактор

Вчера околу 11.45 часот во село Двориште, беровско, З.Ц.(39) од село Двориште, додека управувал трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во провалија, превртувајќи се неколку пати. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде околу 13.30 часот починал. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Макрадули наместо итно да преземат мерки за загадениот воздух, ги замолкнуваат невладините активисти и граѓаните

СДСМ ги остава граѓаните да се гушат од енормното загадување на воздухот.  Концентрацијата на опасните канцерогени ПМ 10 честички е повеќе од  пет пати над дозволеното, а Шилегов и Макрадули наместо итно да преземат мерки, ги омаловажуваат и замолкнуваат  невладините активисти  и граѓаните. Република Македонија и Скопје секојдневно се на врвот во друштво на најзагадените држави и градови во Светот, а власта нема спроведено  ништо за да го  намали загадувањето и да ги спречи последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ додека беа опозиција ветуваа итни мерки за почист воздух и манипулираа дека кога ќе дојдат на власт веднаш ќе го решат проблемот со загадувањето. Откако се сместија во удобните фотелји заборавија на своите ветувања и речиси две години немаат реализирано ниту еден проект за подобрување на воздухот.Решавањето на  алармантната ситуација со високото аерозагадување не им е во агендата. За нив поважно е да трошат  десетици милиони за луксузни автомобили и фотелји и  лубриканти,  наместо да одвојат доволно средства за намалување на загаденоста на воздухот.Здравјето на граѓаните не важно за оваа криминална и неспособна власт. За нив не е важно што болниците се полни со граѓани кои имаат сериозни проблеми здравствени проблеми заради високото загадување и што според Светската здравствена организација на годишно ниво умираат околу 3000 луѓе поради лошиот квалитет на воздухот“, велат од партијата.Според нив  СДСМ е потполно незаинтересирана и нема идеја за конкретни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух. Во недостиг на идеи и проекти, власта  наместо да ги игнорира треба да ги прифати предлог мерките на опозицијата.„ВМРО-ДПМНЕ предлага да се обезбедат средства во буџетот и да се постават најмалку 3 дополнителни статични и 4 мобилни мерни станици.  Статичните да бидат поставени во близина на РЕК Битола, РЕК Осломеј во Кичево, како и Дрисла, а мобилните  во Радовиш, Прилеп, Гостивар, како и во Петровец.Со ваквата распореденост на мерните станици во близина на рударските капацитети, каменоломи и аеродромот ќе може да се контролира состојбата на загадувањето во тие општини и градови, каде загадувањето е алармантно.Исто така треба да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини, мерка која значително ќе помогне да се намали загадувањето  од издувните гасови на автомобилите.Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира.  Црнилото кое надвиснало над државата мора да замине, граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Град Скопје ги продолжи субвенциите за чистење оџаци

Град Скопје го продолжи доделувањето субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.„Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје“, велат од таму.Досега за субвенции за чистење на оџаците се доставени околу 230 барања од граѓаните. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, по донесување на решенијата за усвојување на барањата од градоначалникот на Град Скопје.За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за добивање субвенции се исполнети, барателот до Градот Скопје треба да ги достави следните документи: барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk); доказ за жителство во град Скопје: Фотокопија од лична карта или пасош; доказ за правен субјект: тековна состојба не постара од 6 месеци; потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот; фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности) и фотокопија од трансакциска сметка / жиро-сметка.Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 08:30 до 15 часот.„Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина, со кој се соочува Градот Скопје, е нарушениот квалитет на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на домовите кои не се приклучени на централно греење, пред се заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево со мала облачност, температури до 12 степени

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб јужен ветер.Утринските температури ќе се движат од -5 до 1 степен, а дневните од 6 до 12 степени.Во наредните денови времето ќе биде умерено облачно, претпладне со слаба магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Македонија | пред 7 години

6-1

(ВИДЕО) Заев и Оријан го означија почетокот на прославувањето на празникот Ханука

По повод прославувањето на Еврејскиот празник Ханука, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од амбасадорот на државата Израел за Македонија, Ден Оријан, за прв пат го прославија почетокот на празничните денови Ханука, денови на посветеноста и фестивалот на светлината.Премиерот Заев посака пријатно празнување на граѓаните во Република Македонија и во светот на овој голем Еврејски празник и посака сите да бидеме светлина таму каде што сме.„Овој празник ме потсетува на тоа дека и кога изгледа невозможно да се помисли на победа, тогаш се појавува исклучителна сила и мотивација која не’ води напред. Тогаш сме соочени со сето она за кое вреди да се искористат последните сили. Така било и 165 години пред нашата ера кога наново бил осветен Храмот во Ерусалим. Со нашите драги пријатели од Државата Израел денес се сеќаваме на една таква чудесна победа за Израелскиот народ. Прославувањето на Ханука ни ја праќа пораката дека дури и најмалото светло ја поразува темнината! Дури и една мала држава како Македонија со препознавање и вреднување на различноста го осветлува патот за цел регион и носи порака на мир и победа на доброто“, порача премиерот Заев.Неговата екселенција, амбасадорот на државата Израел за Македонија, Ден Оријан, изрази големо задоволство за одбележување на празникот Ханука потенцирајќи дека oвој настан е уште еден показател за силните односи меѓу двете земји, важноста и соработката во областа на наследството што го делиме со Македонија.“Тесните билатерални односи се зајакнати со јасен став на Македонија да ги поддржи напорите за да ја раскаже приказната за минатото, создавајќи еден фонд за холокаустот и музејот и земајќи активно учество за претворање на старите еврејски гробишта во Битола во спомен парк, со испраќање на наставници во Јад Вашем и борбата против антисемитизмот“, истакна амбасадорот Оријан.На ова прво одбележување на највисоко ниво на Ханука во Република Македонија, гостин беше и Г-дин. Тал Броди, почесен амбасадор на добрата волја на Државата Израел и своевремен кошаркар кој има играно во националниот тим на САД и подоцна Државата Израел. Броди изрази огромна благодарност што Македонија денес за прв пат на ваков начин го одбележува овој празник, и сведочи за солидарноста помеѓу помалите држави да дадат заеднички глобален придонес.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања