Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

police_457542992-1-1021x580

Албанец убиен во Грција затоа што го бранел нашето право да бидеме Македонци

Петрит Зифле, 63-годишен мигрант од Албанија што работел на фарма на островот Крф во Грција, убиен е од 44-годишен локален жител по расправа за името на Македонија во кафеана, пишува Лидер.На 25 ноември попладнето Зифле, познат меѓу мештаните како Петрос, се вмешал во гласното дебатирање на соседната маса, на која при аргументирањето за Македонија биле клеветени и расно навредувани сите негрци. Петрит возвратил, при што дошло до кошкање, за на крајот да бидат разделени, а жртвата си заминала од локалот испратена со пцости и закани од неговиот убиец.Подоцна членот или симпатизер на Златна зора му направил заседа на Зифле, го убил со ловџиска пушка и телото го фрлил во ендек покрај локалниот пат меѓу Драготина и Спартера, три километри од Лефкими, каде што се случило убиството. Таму и е најден трупот следното утро од локален жител што поминувал со автомобил.Полицијата за пет дена го расветлила настанот, откако попусто го пребарувала морското дно во близина во потрага по оружјето, но на вистинската трага ја одвело делче од пушката најдено на местото на злосторството. Сторителот го признал делото и е приведен.

Свет | пред 7 години

Screenshot_12

ВИДЕО: Во Лисиче вечерва опасно по живот - останете дома

Во Лисиче вечерва е опасно по живот, воздухот е екстремно загаден и се препорачува да останете дома.Мерењето е на аерозагадувањето со мобилен мерач PICO кај нефункционалната мерна станица во Лисиче, која не работи 2 месеци, а го направија активисти од „Смог аларм“. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ЦРВЕН АЛАРМ: Загадувањето десетици пати над дозволеното, воздухот штетен за дишење

Вчера вечер главниот град, а дури и на државно ниво Македонија, беа меѓу најзагадените во Европа. Истата состојба е и вечерва. Имено според мерните единици концентрација на ПМ10 честички на воздухот измерена денеска во 17 часот, во Кавадарци има неверојатни 359mg/m3 од дозволени 50mg/m3. Во Битола 284 mg/m3, во Струмица 256 mg/m3, во Куманово 255 mg/m3, Кичево 182 mg/m3.Оваа висока концентрација на ПМ10 честички на воздухот ги полни секојдневно клиниките низ целата држава со луѓе и деца кои имаат респираторни проблеми. Истовремено уште од август почнаа да се затвораат и исклучуваат мерните станици во најзагадените општини. За исклучените мерни единици во Лисиче, Гази Баба и Велес, локалната и централната власт си ја префрлаат топка еден на друг. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Скопје и вечерва во топ 10 најзагадени градови

Скопје, Софија и Приштина ја имаат „честа“ да бидат на врвот на листата на најзагадени градови во светот оваа вечер.Скопје се наоѓа на седмото место, Приштина на четвртото, а Софија на деветтото место според загаденоста, односно концентрација на ПМ10 честички во воздухот.

Скопје | пред 7 години

gjorge-ivanov-1

Иванов: Мојот советник не е вмешан во упадот на 27 април во Собранието

Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов попладнево реагираше во врска со исказот на обвинетиот Михаил Младеновски за случувањата од 27 април .Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов попладнево реагираше во врска со исказот на обвинетиот Михаил Младеновски за случувањата од 27 април дека советникот на претседателот Синиша Алексоски им кажал дека Иванов ќе прогласи воена состојба.– Давање на лажен исказ е кривично дело. И по не знаеме кој пат, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија ги отфрла искажаните лаги, измислени настани и непостоечка комуникација за вмешување на советникот Синиша Алексоски во случајот од 27-ми април, се наведува во реакцијата од Кабинетот на претседателот.

Македонија | пред 7 години

SJO

Граѓаните ја губат довербата во СЈО покажува анкетата на Телма и МЦМС

Мнозинство од 53,5 % од граѓаните немаат доверба во Специјалното јавно обвинителство и ова е голем пресврт споредено со сите претходни истражувања во кои СЈО имаше голема поддршка, пишува Телма.Расте недовербата на граѓаните и во другите институции во правосудтсвото. Во редовното обвинителство односно Републичкото јавно Обвинителство мнозинство од граѓаните – 61 % немаат доверба, безмалку половина – 28,3 % процентни или 32,7 отсто имаат доверба. Колку доверба имате во судството? Мнозинство – 61,4 % одговориле дека немаат доверба во судскиот систем а 33, 3 отсто имаат доверба.Но ова е само еден дел од анкетата на Телма и МЦМС изработена од М Проспект . Вечерва во Топ Тема на Ваша страна ги поставуваме прашањата и кои се проблемите кои најмногу ги загрижуваат граѓаните. Прв пат политичките прашања паднаа на дното, а загадувањето станува алармантно. Анкетата е спроведена од 11 до 16 ноември на репрезентативен примерок од 1014 испитаници.

Македонија | пред 7 години

5.

(Видео) Анета Кочишки: Беше љубоморен, ме извади на прозор и почна да ме дави

Новинарката Анета Кочишки, автор и водител на емисијата „Лица “ на 1 ТВ, ја поддржа кампањата против насилство врз жените и девојчињата, и раскажа потресна животна приказна.„ Го запознав службено. И двајцата бевме успешни во своите кариери и уживавме углед. Поради работата често патував и бев во контакт со влијателни и моќни луѓе. Тоа му пречеше, почна да станува посесивен. Се повеќе, секој ден. Љумобора, понижувања и навреди ја гушеа нашата врска. Се убедував дека е минливо, секој има кризи. Мислев, премногу ме сака, затоа ме чува само за себе. Дури и најблиските ми велеа: Не претерувај, знаеш какви се мажите понекогаш. Се давев во сопствената илузија дека ќе се промени. Но, една вечер, тој вистински се обиде да ме удави. Ме извади низ прозор и почна да ме дави. Денес е во затвор, кај што му е местото“, е дел од приказната која ја раскажа Кочишки.https://www.facebook.com/354772308029128/videos/2167271083491784/

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Скопјанец нападнат од три непознати лица

На 02.12.2018 година во 20:25 часот во СВР Скопје, С.Г.(45) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19:40 часот на булевар „АВНОЈ“ бил физички нападнат од три непознати лица.Се преземаат мерки за целосно расчитување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Daniel-Muller-Schott

Германецот Даниел Милер-Шот, виртуозот на виолончело, повторно гостува во Македонската филхармонија

На претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија насловен „Морски барнови“ кој ќе се одржи на 6 декември (четврток) во 20 часот, како солист ќе настапи Даниел Милер-Шот, еден од најславните виолончелисти на новата генерација. Овој амбасадор на музиката на 21.век, за македонската публика ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар бр. 1 од Дмитриј Шостакович.Диригент на концертот, за првпат во Македонија, е маестро Румон Гамба од Велика Британија, а оваа вечер ќе бидат изведени и импресивните дела: Четири морски интерлудии од операта „Питер Грајмс“ од Бенџамин Бритн, како и „Море“ и „Потонатата катедрала“ (која ќе ја доживее македонската премира) од Клод Дебиси.Британскиот диригент Румон Гамба во својата досегашна кариера бил на неколку значајни позиција, меѓу нив и шеф-диригент и музички директор на Шведската оперска компанија Норланд опера (2008–2015), шеф-диригент на Алборг симфонискиот оркестар (2011–2015), како и шеф-диригент и музички директор на Симфонискиот оркестар на Исланд (2002–2010). Маестро Гамба особено се фокусира на современата музика и неговото име стои зад светските премиери на „Две момчиња“ на Нико Мулеј во Англиската национална опера, Концертот за виола на Брет Дин со Би-би-си симфонискиот оркестар, националните премиери на „Танцувач во ноќта“ на Пол Рудерс, „Крв на подот“ од Марк Ентони или „Скерцоид“ со Норланд опера, како и австралиската премиера на оригиналната верзија на Симфонија бр. 5 од Сибелиус... Неговото име е запишано и на голем број аудиоизданија на кои се наоѓаат современи творби. Во 2017 година, маестро Гамба се враќа на Би-би-си промс диригирајќи со врвниот џез-ансамбл „Bang on a Can All-Stars“ заедно со Младинскиот ансамбл. Покрај современата музика, тој е активен и како диригент на железниот оперски репертоар како што се „Кармен“, „Боеми“, „Отело“, „Кандид“, „Риголето“...Германскиот виртуоз на виолончелото Даниел Милер-Шот се смета за еден од најистаканите претставници на овој инструмент на својата генерација и повеќе од две децении ја воодушевува публиката во светот. Овој амбасадор на музиката во 21 век, кој „Њујорк тајмс“ го нарече „бестрашен интерпретатор со извонредна техника“, е роден во 1976 година во Минхен. Студирал со видни имиња – германскиот виолончелист Волтер Нотас, австрискиот виолончелист Хајнрих Шиф, како и со британскиот виолончелист Стивен Исерлис, а преку фондацијата на славната виолинистка Ана-Софи Мутер, на нејзино лично инсистирање, поминал една година студии со прочуениот Мстислав Ростропович. На 15 години, Даниел Милер-Шот ја добил првата награда на Интернационалниот натпревар за млади музичари „Чајковски“ во Москва во 1992 година, и оттогаш неговата кариера рапидно почнала да расте. Неговото име е запишано на сите светски концертни репертоари. Ја воодушевува публиката со својата виртуозност, со нескриено енергичната интерпретација, со совршената комбинација на техничка, интелектуална и емотивна зрелост. Даниел Милер соработува со голем број водечки оркестри на САД, Европа и Азија, со врвни диригентски имиња како што се Ашкенази, Мазур, Орамо или Превин, а неговиот репертоар е составен од најпознатите дела напишани за виолончело. Во новата концертна сезона, тој настапува и ќе настапува со Тонхале оркестарот во Цирих, Кралскиот филхармониски оркестар, Далас симфонискиот оркестар... но е закажана и светска турнеја со рецитали и камерни концерти. За Денот на германското единство во Берлин во 2018 и во знак на сеќавање на неговиот починат учител Ростропович, Даниел Милер свиреше пред Бранденбуршката порта дела од Јохан Себастијан Бах, пред околу 500 илјади слушатели. Добитник е на значајни награди и признанија и реализирал голем број снимки за познатите издавачки куќи „Орфеј“, „Дојче грамофон“, „ЕМИ класикс“. Со Ана-Софи Мутер и Андре Превин, тој ги сними Моцартовите трија за пијано, додека со познатата канадска пијанистка Анџела Хјувит ги сними сите дела на Бетовен за виолончело и пијано. Милер-Шот свири на инструмент од 1727 година, од најпознатиот венецијански изработувач на виолончела, Матео Гофрилер.

Магазин | пред 7 години

47484847_2091494697563398_7899772685138264064_o

Се одржа италијанско - македонски бизнис форум

Советникот за стратегија и развој во Секторот за поддршка на градоначалникот на Град Скопје, Тони Масевски, денеска учествуваше на италијанско – македонскиот бизнис форум на тема „Инвестициски проекти и можности во секторите транспорт, енергетика и животна средина во Македонија“, што се одржа во хотелот „Мериот“, во организација на Амбасадата на Италија во Република Македонија и Италијанската агенција за трговија (ICE), во соработка со Италијанското здружение на приватни градежни компании (ANCE) и Италијанското здружение за инжинерство и градежништво (OICE).Масевски пред присутните ги презентираше најзначајните проекти од областа на инфраструктурата, транспортот, животната средина и развојот кои Градот Скопје ќе ги реализира во иднина, а може да се интересни за италијанските инвеститори.На форумот присуствуваа и амбасадорот на Италија во РМ, Карло Ромео и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, а свои презентации за крупни развојни проекти имаа и претставници од министерствата за животна средина и просторно планирање, економија и транспорт и врски.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода дел од Аеродром поради дефект

Денес поради уличен дефект од Ф-100мм на Булевар Кузман Јосифовски Питу15 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Владимир Комаров, Бојмија, К.Ј.Питу и Т.Ц.Скопјанка до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Стоилковски: СДСМ должи одговор зошто во администрацијата има место за партиски кадри, а нема за професионалци

Криминогената власт на СДСМ должи одговори за најцрната партизација на администрација. Од центарот на оваа партизација должат одговори зошто во администрацијата има место за партиски кадри и роднински врски со партиски функционери, а нема место за професионалци, за успешни, за напредни студенти, за луѓе кои навистина ќе внесат нов дух во јавната администрација. Наместо одговори, од таму испраќаат флоскули за некаква транспарентност и реформа на администрацијата, ова денеска на прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.-Ова снопче е снопче со испринтани одлуки за прием на околу 100 нови вработени во Македонски шуми. Е па почитувани, реформа во администрацијата на Македонски Шуми според ова снопче овде не може да внесат роднина на Генералниот директор, вработена во подружницата Бор во Кавадарци; или пак син на Директорот на подружницата Малешево Берово вработен кај татко му. Во подружницата Сандански во Македонски брод синот на градоначалникот, потоа неговиот внук и синот на раководител на подружницата. Во Скопје ќерката на Директорот на секторот за производство, или во Радовиш ќерката на Инспектор за шумарство, познат партиски активист, како и ред други, дел од над 30 вработувања во Македонски шуми, како дел од проектот Мрежа од роднини и активисти на СДСМ за полнење на администрацијата според општинските Црни тефтери. Во таа „Мрежа“ на општински тефтери се имиња на партиски војници и послушници, кои работеа на црните сценарија на политиките на СДСМ, таа е истата онаа мрежа преку која беа испраќани пораките за излезност на референдумот. Сега по тој список се пополнуваат општинските администрации и Јавните претпријатија, а земени се предвид и места зафатени од луѓе примени на определено време кои не биле дел од мрежата во црните тефтери, потенцира Стоилковски.Тој додава дека се работи за црна антиреформа според која во оваа држава нема место за други во јавната администрација. Со оваа мрежа се спроведува мрачниот план на Заев за партизација од хигиеничар до министер, или како што Курто Дудуш убаво тоа го објасни дека членската книшка на СДСМ ќе биде се’, дури и замена за лични документи.-Ќе ја повторам и нетранспарентноста за вработувањата во М-НАВ, 24 лица од кои речиси ниеден нема соодветно образование, но има партиска или роднинска позадина, ќе ги повторам и вработувањата на мајката на Костадин Костадинов од СДСМ и сестрата на Александар Кирацовски во администрацијата во Битола. Веројатно министерот Дамјан Манчевски не смета дека тие ќе треба да ја понесат вина кај лошите оценки од Европската Унија. Молкот на одговорните, молкот на оваа криминогена власт која ја зацрни Република Македонија мора да престане. Приклучете се на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во среда, заедно да побараме одговорност од оваа власт за една црна намена. Ги повикуваме сите кои сакаат да стават крај на разни Мрежи и Црни тефтери, кои се срамат што се спроведуваат вакви антиреформски проекти- државна работа според партиско роднински заслуги. Дојдете во среда во 17 часот заедно да застанеме на патот на црните вредности на Зоран Заев, на патот кој што не води кон Европската Унија, да застанеме на патот на уништување на Република Македонија од оваа криминогена мрачна страховлада, рече Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka1-1

Додека се разминувал со камион му паднале шипки на глава и починал

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на местото на несреќата во која едно лице им подлегна на повредите.Несреќата се случила денеска околу 13 часот во Гостивар помеѓу ПМВ со кое управувал четириесет и осум годишен гостиварец и ТМВ со кое се пренесувале градежни материјали, управувано од педесет и осум годишен жител на Гостивар. Во моментот на разминување на двете возила, дошло до лизгање на арматурни шипки што не биле соодветно обезбедени, при што една од нив влегла низ прозорецот на автомобилот нанесувајќи му повреда во глава на сега починатото лице.Повредениот со возило на Брза помош е пренесен во Општата болница во Гостивар каде им подлегнал на повредите.Јавниот обвинител нареди обезбедување на снимки од околните камери, сообраќајно техничко вештачење на возилата, прибирање траги од лице место, како и анализа на крв и урина на возачот. Воедно e издадена и Наредба за обдукција на телото на починатиот.Возачот на ТМВ е задржан во ПС Гостивар.

Македонија | пред 7 години

dimche-arsovski

(ВИДЕО) Арсовски: Дали Заев ги има нелегално прислушуваните разговори од јавните обвинители?

Дали Зоран Заев ги има нелегалните прислушувани разговори од јавните обвинители? Кој се ги има нелегалните прислушувани разговори од обвинителите?, ова денеска преку прес-конференција го прашува Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.-Дали можеби Зоран Заев го болат повторно очите од слушање на нелегалните прислушувани разговори, како што беше и оној вицот за него кога слушалките наместо на уши ги ставил на очи? Да потсетиме дека Заев однапред ги знаеше пресудите за одредени случаи. Дали можеби овие разговори биле причината што Заев однапред знаеше кому, колку го следува казна затвор? Очигледно е дека јавните обвинители, обвинителството, судовите, судиите кои соработувале меѓу институционално биле предмет на надзор, а подоцна и контрола на Зоран Заев. Главното прашање на кое се уште не добивме одговор е дали било кој од овие разговори биле предмет за уцени врз јавни обвинители и судии? Заев со денови бега од одговори на овие прашања. Граѓаните очекуваат Заев да им ги разјасни сите овие работи во кои е вмешана оваа криминогена влада на СДСМ, но исто така во исто време чекаат и оставки и одговорност и тоа веднаш, потенцираше Арсовски.Тој прашува што повеќе треба да се случи, а не се случило во изминативе 2 години, за некој од СДСМ и од Владата да сноси одговорност?-Убиства, криминал, корупција, нелегално прислушување и тоа на очиглед и сведоштво на целата јавност, а Зоран Заев и Оливер Спасовски ни грам срам немаат да се повлечат. Веднаш да понесат одговорност и да си дадат оставки. Ја зацрнија Македонија и тоа ја зацрни оваа криминална структура на СДСМ која што е на власт. Затоа, сите што сте револтирани од оваа криминална багра на СДСМ, Ве повикуваме повторно оваа среда на 5-ти декември во 17 часот, да застанете рамо до рамо на плоштадот ВМРО заедно со нас од ВМРО-ДПМНЕ на протестот против оваа ненародна власт што ја зацрни Македонија и конечно потоа да ги поразиме криминалците од СДСМ кои што се на власт. Што побрзо толку подобро и за граѓаните и за државата, вели Арсовски.

Македонија | пред 7 години

izlozba-2

Преспанските уметници за прв пат ќе бидат претставени во Кавадарци

Делата на Преспанските уметници кои твореа инспирирани од убавините на Преспа, за прв пат ќе бидат претставени во друг град. Од 3-13 декември, во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, ќе биде поставена изложбата „Преспански ликовни мотиви“, со 30-тина слики од роднокрајните Преспански автори, кои создаваа на 12 и 13 септември во Претор.„Нови видувања произлезени од четките на уметниците, кои пред себе како инспирација ја имаа распосланата Преспанска убавина, се најдоа на нивните платна. Ентузијазмот и љубовта кон ликовната уметност, беа ѕвездите водилки на учесниците на годинешната ликовна колонија, која веќе седма година ја организира Домот на културата „Драги Тозија“. Уметниците кои работеа под отворено небо, два дена во Претор твореа во различни техники и остварија една нова димензија на заедништво со останатите творци. Затоа за нас е огромен успех што за прв пат дела на наши роднокрајни уметници ќе бидат претставени во друг град“, рече директорот на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, Васко Василевски.По изложбата, која во Ресен беше отворена на 26 септември во рамките на одбележувањето на деновите на Преспанскиот јаболкобер, ова ќе биде второ претставување на ликовните уметници од Преспа, овој пат во Кавадарци.

Магазин | пред 7 години

IMG_20181203_103454

Телевизор за децата во заводот „Кочо Рацин“ од градоначалничката Петровска

По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби 3 декември, градоначалничката Наташа Петровска во име на Општина Битола донираше телевизор за децата кои престојуваат во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас „Кочо Рацин“ во Битола.„По информациите кои ги добивме од Заводот, дека децата кои се згрижени во оваа установа немаат телевизор во занималната каде што поминуваат голем дел од слободното време и дека навистина им треба, без расмислување одлучивме вака да го одбележиме овој ден и да им донираме телевизор. Да донесеме малу радост и среќа во нивните животи, да можат повеќе да се дружат во оваа просторија, да уживаат и да споделуваат заеднички моменти. Ова е најмалку што може Општина Битола да направи за нив, се надевам дека во иднина ќе имаме уште повеќе можност да дадеме придонес за подобрување и олеснување на нивните животи овде, во Заводот“, рече градоначалничката Наташа Петровска.Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас „Кочо Рацин“ во Битола, единствена образовна институција од ваков вид во Република Македонија која постои речиси 70 години, опфатени се 70 деца од 3-17 години со посебен воспитно-рехабилитационен процес. Од нив, дел посетуваат настава на дневна основа, а интернатско сместување имаат околу 30 деца.„На наша голема радост, градоначалничката Петровска им подари телевизор на децата, за кој што и тоа како имавме голема потреба, бидејќи во занималната во која што дечињата престојуваат во вечерните часови, имаше потреба да следат активности кои се емитуваат на телевизија. Благодарноста ја пренесувам од сите и им порачувам не само на институциите, туку и на сите граѓани во земјава, да се грижиме колку што можеме повеќе да им ги намалиме грижите на овие ученици, бидејќи тие тоа го заслужуваат. Децата не и останаа должни на градоначалничката, бидејќи на нејзината насмевка и возвратија со искрена и чиста љубов и тоа е само уште една потврда дека таква љубов постои. Сите заедно треба да бидеме една алка во создавањето на благосостојба во однос на духовното и телесното здравје на децата, да им подариме љубов и грижа, бидејќи само љубовта е безвремена и вечна“, истакна д-р Валентина Стојкоска, директор на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас „Кочо Рацин“ во Битола.Во Заводот се сместени деца со аутизам, деца со интелектуална попреченост, деца со оштетен слух, говор и вид и деца со комбинирани пречки во развојот. 

Македонија | пред 7 години

20181118_191017

Сениорите на КК„Ангели“ од Кисела Вода го заземаа првото место на табелата

Сениорската кошаркарска екипа на „Ангели“ од Кисела Вода се искачи на првото место на табелата во втората лига.Клубот од Кисела Вода на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ го надигра тимот на КК „Црн Дрим“ од Струга, со резултат 70:64. Кошаркарите на „Ангели“ следниот натпревар ќе го играат на гостински терен во општина Ѓорче Петров против КК „ТНТ“.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

Синиша Алексовски од кабинетот на Иванов алармирал дека претседателот ќе прогласи воена состојба

Случувањата од 27 април беа претходно смислено сценарио и ако сите овде во судницава би ја кажале вистината и она што го знаат, би се откриле и нарачателите и главните виновници за тоа што се случи во Собранието. Ова денес во својот исказ пред судот го нагласи обвинетиот Михаил Младеновски, брат на обвинетиот Стефан, кој претходно даваше одбрана пред судот.Обвинетиот Младеновски пред судот ги раскажа речиси истите работи за кои претходно раскажа неговиот брат, односно дека сите насоки и инструкции што ги добивале за влезот во Собранието доаѓале од Александар Василевски-Нинџа.Обвинителството за овој обвинет има снимки од безбедносните камери на кои се гледа како Младеновски во неколку наврати ја вади фантомката што ја носи. За ова тој образложи дека го правел махинално бидејќи не можел да дише во Собранието, а им било кажано дека камерите ниту кај ГТЦ, ниту кај Дион не снимаат.Упадот во Собранието овој обвинет го нарече свесно направена манипулација. И тој, како и неговиот брат, во својата одбрана го спомена Синиша Алексовски, вработен кај претседателот Ѓорге Иванов.„Ми кажаа дека Синиша Алексовски, вработен во кабинетот на претседателот, кажал дека претседателот треба да се обрати во 22 часот и дека ќе прогласи воена состојба. Ова го чув откако излеговме од Собрание и отидовме во паркот Жена-борец”, раскажа обвинетиот Младеновски.Според Младеновски, Синиша Алексовски уште кажал дека воена полиција чека на готовс да го апси раководството на СДСМ.Во врска со тоа дали тој и групата што била раководена од Нинџа носеле оружје во Собранието, овој обвинет рече дека лично тој немал оружје со себе, но познато му било дека Нинџа имал дадено оружје. А за него кажал дека му било од директорот на УБК. Овој обвинет од шефот на личното обезбедување на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски-Леви, доби прашање дали директорот на УБК имал комуникација со луѓе кои слободно преземале активности на своја рака, ако тоа било потребно и дали е точно дека припадници на УБК немале ниту добро мислење ниту комуникација со Чавков. Ваквото прашање на обвинетиот Леви го натера Чавков да го смени изразот на лицето и неговиот лик од сериозен стана намуртен. На ова обвинетиот Младеновски појасни дека не се работело за директорот на УБК кога кажал дека разговарал со лице како да се влезе во Собранието, туку дека тоа бил бегалецот Никола Бошкоски.Обвинетиот дополни дека бегалецот Бошкоски, кој се наоѓа во Грција, сега е „патриот во Грција“, а тие, зборувајќи за себе и за обвинетите, „предавници во судница“.Обвинетиот одговараше и на неколку прашања на судијката Добрила Кацарска, која се интересираше дали сите од групата заминале во правец на прес-салата откако влегле во Собрание и дали сите врати биле ширум отворени. Обвинетиот Младеновски одговори дека сите се движеле во различни правци и дека отворени биле вратите до прес-центарот до каде што се стасувало непречено, а внатре некои од вратите биле затворени.

Македонија | пред 7 години

sudenje-27

Со сведочењето на обвинетиот Младеновски се размота клопчето за насилниот упад во Собранието на 27 април

,УБК во соработка со криминални групи го организираа насилниот упад во Собранието на 27 април“-се бранеше пред судот еден од обвинетите кој и самиот беше дел од насилничките групи при упадот во Собранието на 27 април, пишува Ако.Обвинетиот Михаил Младеновски кој сведочеше за тоа како сѐ се случило на 27 април минатата година и е брат на Стефан Младеновски, исто така обвинет , сведочеше идентично како него.Инаку, Михаил Младеновски е познат по тоа што промени неколку пратии. Тој од младинската организација на СДСМ, премина во ВМРО ДПМНЕ и потоа жестоко ги бранеше политиките на Никола Груевски. Често изнесувајќи партиски внатрешни работи од времето кога беше член на СДСМ. Оваа партија кога беше во опозиција објави фотографија направена во 2012 година кога беше на дело најцрната кампања против нив од страна на ВМРО ДПМНЕ.Тогаш, Младеновски обвини дека така наречениот Команднт Коки близок до СДСМ, наводно го малтретирал по што беше уапсен.Браќата Стефан и Михаил Младеновски, дел од обвинетите за 27 април, сведочеа идентично. Денеска Михаил Младеновски, ја даде својата одбрана како учесник во организираниот напад на Собранието на 27 април лани.И тој како и брат му сведочеше дека за време на нападот им било кажано дека се јавил Синиша Алексовски, советник за национална безбедност на претседателот Ѓорге Иванов, и кажал дека Претседателот ќе прогласи воена состојба во 22 часот.-,,Екс директорот на УБК Атанасовски ги злоупотреби патриотскиѕе здруженија за напад врз Собранието“-рече пред судот Михаил Младеновски.„Од денешен аспект, гледам дека се работи за монструозна конструкција поради која сите сме денес тука. Преку Александар Василевски-Нинџа во кафулето ,,Аристократ’ во 2016 година се запознав со Владимир Атанасовски, тогашниот директор на УБК. Близок пријател со Нинџа. На изборите на крајот на годината двете партии прогласија победа. Атанасовски рече преку протести да се врши притисок врз гласањето во ДИК, во корист на ВМРО-ДПМНЕ“-сведочеше Младеновски.,,Ден пред гласањето, во ,,Аристократ“ дојдоа Владимир Атанасовски, Никола Бошковски од УБК кој сега е избеган во Грција, Дејан Димковски-Боксер од Петтата управа, Мери од кабинетот на директорот на УБК, Нинџа, Никола Митревски-Кољо и други. Рекоа, на знак на Нинџа ќе треба да се фрлаат молотови коктели. Користевме шифри во комуникацијата на сигнал или на вибер. Шифрата за Нинџа беше Самурај, така се водеше во комуникацијата на функционерите во УБК. За тоа дали ќе се дејствува вечер пред зградата на ДИК, имаше шифра 1. Тоа беше за напад. Нула беше за да остане ситуацијата иста, да не се нападне зградата. Директорот Атанасовски испрати шифра нула“, рече Михаил Младеновски, пренесува Макфакс.Обвинетите браќа Стефан и Михаил Младеновски со своето сведочење практично ја разобличија целата структура која ги организираше нападите врз партениците на СДСМ на 27 април минатата година.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Два златни и еден бронзен медал за каратистите на Макпетрол од балканското првенство во Хрватска

Изминатиов викенд во Дубровник, Хрватска се одржа 19-то Балканско карате  првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У21).На првенството учество земаа 12 балкански држави со 889 натпреварувачи.Каратистите на Макпетрол на ова првенство кое имаше и дополнителен критериумски карактер за влез во националната селекција, направија извонреден успех.Тие успеаја да освојат две златни и еден бронзен медал.Најуспешен натпреварувач на ова првенство секако е Петар Спасеновски, кој успеа во највозрасната натпреварувачка категорија на постари јуниори (У21  да влезе во финалето и да го освои златниот медал. Неговата доминација беше на многу високо ниво така што во 5 последователни борби ,неговите противници не успеаја да освојат ниту еден поен , а тој освои дури 13 поени.Абдурахим Идризи е вториот спортист кој успеа да освои златен медал кај јуниорите во категорија -55 кг.Со бронзен медал се закити Глигор Петков, кој немаше среќа да влезе во финалето, бидејќи при нерешен резултат 1-1, беше неправедно дисфалификуван на само 15 сек, до истекот на борбата.Бошко Заборски тренер на Макпетрол изјави: „На ова првенство ние заминавме максимално подготвени и бевме решени да направиме голем успех. Сакам да истакнам дека во голема мерка успеавме во планираното. Резултатите секако дека можеа да бидат и поголеми, само ако првиот ден се обезбедеше тренерска Акредитација за уште еден наш тренер, кој ќе ги предводеше докажаните спортистки Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска, кои за жал останаа без медал, иако тие две минатата година беа финалистки.На првенството имаше многу голема конкуренција, правилата дозволуваат од секоја држава да се пријавуваат најдобрите 4 спортисти во секоја тежинска категорија, тој податок  сам по себе зборува дека многу тешко е да се освои медал на ова натпреварување. Бидејќи ова првенство имаше и критериумски карактер ние успеавме да избориме 5 (пет) места во репрезентацијата на Македонија, која ќе земе учество на Европското првенство во месец фебруари 2019 година во Данска. Тој момент за нас беше и најважен како краен резултат од ова натпреварување“ - заврши Заборски.

Спорт | пред 7 години

1-1

(ВИДЕО) Богоев: Карпош ќе ги поддржува лицата со попреченост 365 дена во годината

Општина Карпош продолжува со континуираната грижа за своите сограѓани кои се со посебни потреби. По повод одбележувањето на 3- Декември, Светскиот ден на лицата со попреченост и финансиската поддршка што им ја дава локалната самоуправа на овие сограѓани, градоначалникот Стефан Богоев  ја даде следната изјава:-По повод Денот на лицата со попреченост, Општина Карпош повторно додели парична помош на лицата со посебни потреби кои се жители на нашата општина. Станува збор за повеќе од 120 лица кои добија еднократна парична помош, но, повторно, потенциравме денес, целта на општината е 365 дена во годината да се грижиме за овие наши сограѓани.Советот на Општината донесе одлука со која ќе субвенционира локали кои работат на територија на Општина Карпош и на територија на Градот Скопје, коишто ќе вработуваат лица со посебни потреби, а се жители на Карпош.Исто така, во контекст на овој Меѓународен  ден, оваа недела ја отвораме „сензораната соба“ за дечиња со посебни потреби во општинското основно училиште „Димо Хаџи Димов“. Ние како Општина продолжуваме да бидеме партнер со овие наши сограѓани, бидејќи сме сите исти, иако, на некој начин сите сме различни изјави градоначалникот Богоев.

Скопје | пред 7 години

karpos-2

Финансиска поддршка за лицата со попреченост во Карпош

Општина Карпош го одбележа 3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост. Локалната самоуправа организираше настан за лицата со посебни потреби кои живеат на територија на Карпош, при што се доделија финансиски средства во форма на еднократна парична помош.Градоначалникот Стефан Богоев ја акцентираше потребата од секојдневна и континуирана грижа за лицата со попреченост и нивно вклучување во сите сфери на живеење и работа.- Нашата цел е 365 дена во годината да работиме на унапредување на статусот на лицата со попреченост. Оваа недела, ќе активираме уште една сензорна соба за учениците со посебни потреби, во училиштето „Димо Хаџи Димов“, во Влае. Исто така, на минатата седница на Совет донесовме одлука за субвенционирање на локалите кои ќе вработуваат лица со посебни потреби. Потребна е системска и постојана поддршка, рече Богоев.Општина Карпош продолжува да работи на зголемена инклузија на овие лица во секојдневието. За таа цел, минатата недела се објави и едукативен прирачник во форма на приказна за учениците со Даунов синдром, при што автор на сликовницата е мајка на ученичка со истиот синдром од деветто одделение во ООУ „Јан Амос Коменски“.Локалната самоуправа поставува и пристапни рампи пред детските градинки, училишта и објекти за домување, со цел да се олесни пристапот и мобилноста на лицата со попреченост.Во знакот на еднаквоста и уривањето на бариерите, Карпош продолжува со сестрана грижа за сите свои сограѓани.

Скопје | пред 7 години

DSC_1278

Сите предлог-закони од правосудството ќе бидат пуштени во Собранието до крајот на годинава

Членовите на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор (2017-2022 година) на Владата на Република Македонија, на осмата седница што се одржа денеска, главно се задржаа на измените што ги носи Законот за кривична постапка, како и на Законот за извршување санкции.Во дебатата за Законот за кривичната постапка главни дискутанти, покрај учесниците во работната група, беа адвокатите и јавните обвинители, кои укажаа на одредени решенија на зaконот за кои рекоа дека се потребни дополнителни подобрувања, а Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, побара од Министерството за правда, да го дистрибуира новиот закон за да можат јавните обвинители и судиите да го проучат и да укажат на одредени можни недостатоци.Претседателот на Основниот суд Скопје 1 - Скопје, Иван Џолев, својата дискусија ја насочи кон постапката за водење на судски записник, односно потребата од аудио и аудиовизуелната техника за време на судските претреси, а Народниот правобранител, Иџет Мемети, ги акцентираше оние моменти кои се однесуваат на одредени кршења на правата на задржани, односно осомничени лица.Законот за кривична постапка, според мислењето на поранешната судијка Виолета Дума, претставува основна алатка во работата и затоа и таа е на став дека Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка треба да им биде даден на увид на судиите.Согласно стратегијата, како што наведе министерката Дескоска, која денеска претседаваше со седницата, до крајот овој месец ќе се изврши увид во потребите на 18 судови во држава за нивна непречена работа.Министерката Дескоска најави дека до крајот на оваа година ќе бидат изготвени и пуштени во постапка во Собранието на РМ сите предвидени закони.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Меѓународниот ден на лицата со попреченост во Кисела Вода се одбележа со поддршка на градоначалникот Филип Темелковски

Денес, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 – ти Декември во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во организација на Сојузот на телесни инвалиди под покровителство на градоначалникот Филип Темелковски се одржа турнир на кој лицата со попреченост беа спортски активни, се натпреваруваа.По завршувањето на настанот Темелковски во просториите на Сојузот за телесни инвалиди на Општина Кисела Вода разговараше со натпреварувачите за нивните потреби, а на најдобрите им подели признанија и награди. Темелковски даде ветување дека локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да им дава поддршка и да им биде на располагање.Неодамна, на иницијатива на градоначалникот Темелковски Општина Кисела Вода го реализира проектот „Спортуваме, другаруваме“ за дечињата од двете специјални училишта кои се наоѓаат на нејзина територија. За таа цел, Темелковски ги посети децата во специјалното училиште ПОУ „Д-р Златан Сремец“ при што им подели 120 маици и ги проследи нивните спортски активности кои ги изведоа во холот на училиштето. Воедно, градоначалникот за следната година најави дека Општината ќе го снабди училиштето со спортски реквизити кои ќе ги мотивираат децата повеќе да спортуваат, а ќе можат да ги користат и спортските сали во Кисела Вода.Исто така, во рамки на истиот проект во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ ги посетија учениците во оваа училиште кои пред нив ги покажаа своите спортски способности. Тие играа гол бол со претставници од локалната самоуправа.За потсетување, во месец септември во ПОУ „Златен Сремец“, во рамки на Европската недела на спортот, во организација на Агенцијата за спорт и млади со поддршка од Општина Кисела Вода се одржаа активности на кои претставници од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Федерацијата за пречки во развој, слепи и глуви се запознаа, се дружеа и спортуваа со дечињата.Градоначалникот Филип Темелковски апелира за подигнување на јавната свест кај луѓето како заеднички би им помогнале на лицата со инвалидност да имаат достоинствен живот без бариери и дискриминација, да имаат еднакви права со сите останати.

Скопје | пред 7 години

nogaceski

Општина Дебрца самостојно го реши проблемот со ученичкиот превоз

Со одлуката на општина Охрид превозот на учениците до средните училишта во Охрид да се врши со редовниот општински линиски превоз, почнувајќи од 01 Септември беше укината посебната линија Охрид-Мешеишта-Волино-Охрид. Согледувајќи дека тоа создаде голем проблем за уќениците од општина Дебрца, општината изнде начин самостојно да го реши проблемот за учениците од оваа општинаа.„Учениците беа приморани да чекаат речиси по два часа за превоз, а постапувајќи по оправданите барања на засегнатите ученици и родители , како општина Дебрца се заложивме да го решиме проблемот и постигнавме договор со превозниците Пупе Компани и Омега Експрес линијата повторно да се оддржува. Линијата повторно се активира од денес, 03.12.2018 година, во 19.30 часот и ќе се оддржува од понеделник – петок, во текот на траењето на учебната година“, вели првиот човек на општината Зоран Ногачески.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања