„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

(ФОТО) Скопје: Зошто се издвојуваат илјадници евра за украси, а децата на -30 степени просат по улиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
47325049_1853744968069258_6526695499150393344_o

Покрај, “Девојчето со кибритчињата”, украсеното Скопје на Шилегов кое чини 260 илјади евра ме вади од кожа. Исто како нефункционалните институции, власта, општеството.

— реклама —

Никогаш не ми било јасно, како може да се мижи и молчи пред вакви појави. Никогаш нема да ми биде јасно зошто се издвојуваат илјадници евра за украси, а нема доволно пари за децата кои просат по улиците, семејствата кои на -30 степени седат под отворено небо, луѓе кои спијат по клупи.

— реклама —

[embed]https://www.facebook.com/100003013190118/posts/1853761224734299/[/embed]

— реклама —

Девојчето, не побара топол оброк. Рече “Гладна сум ама не мора да јадам, ама ми требаат пари. Прашав зошто, таа продолжи “Треба да соберам доболно за да однесам дома”.

Доби топол оброк. И некој денар, за побрзо да замине дома, оти надвор е повеќе од студено.

Кога веќе немаме функционални институции, да бидеме ние тие кои ќе помогнеме. Не одбегнувајте, помогнете. Сите имаме по некој денар, за во конкретниов случај, ова дете се врати дома и да не остане и на онака лошото време, на семафорите сред булевар. Има премногу вакви случаи. Да не бидеме ќори при очи.

Украсите позади девојчето не ги приметува никој, оти се секундарни, не се важни и не помагаат, туку се декор на урнисано општество.

“Таа година зимата беше многу остра. Во текот на последната ноќ од старата година провејуваше снег. Иако беше мошне студено и темно, едно кутро девојче сè уште талкаше пo улиците. Нозете и беа помодрени од студ. Во раката стискаше кибритчиња, а кибритчиња имаше и во искинатото фустанче. Цел божји ден никој не купи ниту едно кибритче, ниту пак некој и даде пари. Гладно и премрзнато, девојчето продолжи да оди”, извадок од прекрасното дело на Ханс Кристијан Андерсен.

Кристијан Ландов - статус на социјални мрежи

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања