„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

Скопје1.мк

Нема фотографија

Пензионери од Скопје продавале лажно злато на старци во Охрид

Двајца скопјани на возраст од 72 и 63 години им продавале лажни златни предмети на луѓе во Охрид. На тој начин заработиле 220.000 денари, а нивни жртви биле, исто така, пензионери.Полицијата поднесе кривична пријава за измама против Т.С.(72) и З.Г.(63), двајцата од Скопје.Според информациите на полицијата, на 27 октомври оваа година, околу 15 часот, на улицата Марко Цепенков во Охрид пријавените го пресретнале Б.Ј. (81) од Охрид и лажно му прикажале дека направиле сообраќајна незгода. Потоа му покажале часовник кажувајќи му дека е златен и му побарале 2.000 евра при што оштениот прифатил замена.На 30 октомври, во 15:15 часот. на улицата Питу Гули пријавените му пристапиле на К.Г.(77) од Охрид и на истиот начин за случена сообраќајна незгода, го довеле во заблуда и му зеле 2.000 долари во замена за наводни златни предмети.

Македонија | пред 7 години

1202-petre-silegov-28.03-pres-sobranie-696x392

Шилегов: Кога Ѓорчев зборува ми требаат помагала во форма на мобилен

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговори на реакциите во јавноста откако вчера беше снимен како игра игрица на својот мобилен телефон додека трае расправата за загадувањето во Собранието. Тој беше „фатен“ на својот мобилен телефон додека на говорницата зборуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.„Во Собранието постои Влатко Ѓорчев. Кога тој зборува, него и неговите паушални говори, мора да ги “надминете” со помагала во форма на мобилен. Колку и да непристојно тоа делува од страна… Во реалноста, постои загаденоста. И Градот. Кој што перманентно работи на надминување и справување со овој наш најголем проблем“, напиша Шилегов.[embed]https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/516514165502748/[/embed]

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Бројот на регистрирани ХИВ-случаи во Источна Европа највисок досега

Епидемијата на ХИВ во Европа продолжува да се шири со загрижувачко темпо, особено во Источна Европа, покажува најновиот извештај на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.Бројот на дијагностицирани ХИВ-случаи во регионот продолжува да расте, но темпото забавува, се вели во извештајот на Центарот. Во 2017 година биле регистрирани околу 160.000 нови случаи, од кои 130.000 во источниот регион на Европа.Стапката на нови случаи во источниот дел е диспропорционално повисока отколку во Западот, каде што е забележана стапка од 6,4 нови случаи на секои 100 000 луѓе. Во централна Европа се забележани 3,2 нови случаи на секои 100 000 луѓе.Во Русија оваа стапка е највисока, по што следуваат Украина и Беларусија. Во 2017 година биле регистрирани дури 71 нов случај на заболени од ХИВ на секои 100 000 луѓе.Во последните три децении забележани се над 2.32 милиони случаи на заболени од ХИВ во Европа. Според Светската здравствена организација, во 2017 година на глобално ниво имало 36,9 милиони вакви случаи. Најголемиот дел од нив, дури 25,7 милиони, живеат во Африка.

Свет | пред 7 години

880x495_cmsv2_6de2beb6-93c3-5e62-824b-7468862a928a-3465112

Орбан го возеше Чак Норис во обиколка на Будимпешта(видео)

[embed]https://www.facebook.com/orbanviktor/videos/897357740470458/[/embed]

Свет | пред 7 години

MONTAZA-CENTAR

„Скопје1.мк“ ја поддржува иницијативата на Слободен печат за парк на местото на паркингот во центар

Редакцијата на „Слободен печат“ ги повикува сопствениците на парцелата пред хотелот „Холидеј Ин“, која сега е паркинг, каде што треба да никнат пет кули, заедно со општинските и градските власти, да го испочитуваат јавниот интерес и да најдат начин просторот да се пренамени за изградба на парк.Во спротивно, доколку овој повик не биде прифатен, „Слободен печат“ јавно ќе ги повика сите невладини организации кои се грижат за здрава животна средина, да организираат масовни протести и блокада на овој простор.Повеќе за иницијативата и за можностите таа да се реализира прочитајте во утрешното печатено издание на „Слободен печат“.

Скопје | пред 7 години

jani-makraduli

Јани Макрадули: Не спиев, туку читав, а Борко Ристовски не го познавам и немам коментар за непознати!

Бурни реакции во јавноста предизвика снимката која се појави вчера, на која за време на седницата на загадувањето градоначалникот Петре Шилегов беше фатен како игра на мобилен.Покрај Шилегов, на тапет беше ставен и Јани Макрадули, заменик министер за животна средина, кој на фотографијата наводно заспал за време на седницата.Сепак, Макрадули демантира дека спиел за време на седницата, туку едноставно бил фотографиран во положба додека чита, а како што вели, фотографијата била обработена, со цел да му се наштети.-Се гледа од снимката дека читам, дека на фотографијата е интервенирано, плус (блурирани очите) и дека секој коментар е злобен. Но, тоа мене нема да ме поколеба во борбата за чист воздух и реализирањето на планот за чист воздух. Очигледно на некој му смета и тоа што се договоривме со опозицијата заклучоците да ги градиме заедно. Бев цело време од 11 до 15:45 часот и зборував на крај каде одговорив на сите прашања, што значи сите сум ги слушал и запишувал – изјави тој за ,,Фокус”.Во врска со критиките од страна на репрезентативниот ракометен голман, Борко Ристовски, кој порача дека однесувањето на Макрадули и Шилегов е срамота и брука, додека Македонија се гуши, заменик министерот вели дека не го познава Ристовски и затоа нема да го коментира.-Не го познавам човекот и немам коментар за непознати – порача тој.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сочувство од претседателот Иванов по повод смртта на Горан Стефановски

Претседателот Ѓорге Иванов изрази сочувство по повод смртта на Горан Стефановски, потенцирајќи дека вечно ќе сме благодарни за творештвото кое ни го остави, за сѐ што напиша, создаде и инспирираше.-Со голема тага ја примив веста за смртта на нашиот драмски писател, Горан Стефановски. Иако нема соодветни зборови кои можат да ја надоместат загубата, дозволете во овие тажни мигови да изразам најискрено и најдлабоко сочувство до семејството и до цела наша јавност. Со прераната смрт на Горан Стефановски загубивме врвен драматург, но и голем ерудит, мислител и пред сѐ прекрасен човек кој со своето дело остави неизбришлива трага во нашето културно и општествено живеење, вели претседателот Иванов.Горан Стефановски, како што нагласува, беше наш најпознат и најизведуван современ драмски автор чии драми оставија неизбришливи траги во нашиот театар и книжевност, претставувајќи своевидна луцидна панорама на нашето живеење и светоглед.-Покрај маркантниот драмски опус, неизбришливи се и неговите остварувања во телевизискиот медиум, пред сѐ преку култната телевизиска серија „Бушава азбука“, посочува Иванов.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ГДУ: Доста е со меѓусебните обвинувања, решете го проблемот со загадувањето!

Додека граѓаните се гушат од загадениот воздух и секојдневно бараат помош и апелираат надлежните нешто да сторат, градоначалникот Шилегов си игра игрици на мобилниот телефон. Заменик министерот за животна средина Макрадули, пак очигледно го фаќа дремка од темата загадување. Министерот Дураку јасно ни кажа дека со граѓаните не се занимава.Епа господа за ова ли ја баравте довербата од граѓаните? И уште да не убедувате дека светските медиуми излажале кога објавиле дека Македонија е најзагадена во Европа. Не, никој не лаже, секој ден дишеме отров, илјадници луѓе умираат од загадувањето. Ова е еден од најважните проблеми за кој треба да се дискутира и во кој не треба да се меша политика, треба решение! Но очигледно оние кои многу ветуваа пред избори, покажаа дека не се способни. Исто како и претходниците кои жестоко ги напаѓаа.Доста е од мудрување и од обвинување, кој е виновен за загадувањето, кога било позагадено, дали кога ДПМНЕ биле на власт или сега кога СДСМ е на власт. Се гушиме со години наназад и никако да се справиме со проблемот.Треба да се побара помош. Странска помош , зошто градоначалниците и министрите имаат „попаметна“ работа.И сфатете преку глава им е на граѓаните да слушаат „ќе го решиме проблемот“. Тоа „ќе“ го изнаслушавме, ама решение нема.Состојбата е алармантна!

Скопје | пред 7 години

edi-rama-696x523

Што се крие зад двосмислените изјави и провокативните гестови

Постои ли опасност зад превезот на разните видови меѓудржавна соработка да се кријат амбициите на некои балкански политичари за спроведувања големодржавни политики, чија крајна цел е прекројување на границите на регионот. На ваква дилема нѐ наведуваат последните пораки на политичарите Албанци од државите во регионот, кои со своите изјави и дејствувања го привлекоа вниманието на регионалната јавност и меѓународната заедница.Последен пример беше регистриран неодамна во Пеќ, кога претставниците на владите на Косово и на Албанија, по заедничка седница, потпишаа девет договори, од кои најголем дел од сферите на економијата, здравството и културата, со кои се очекува унапредување на меѓусебните односи. Во меѓувреме, иако договорите за соработка се вообичаена практика и тука нема ништо спорно, индикативни беа гестовите и изјавите на првите луѓе на владите во Приштина и во Тирана, кои договорите ги потпишаа врз албанското национално знаме, направија заедничка фотографија, на која позираа со симболот двоглав орел, и дадоа двосмислени изјави во правец на трајно приближување и соединување на двете земји до 2025 година во ЕУ.Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по седницата, нагласи дека овие мерки водат кон трајно приближување и соединување на двете земји и дека и овие договори што се потпишаа претставуваат „конкретизација на дамнешните приоритети на двете страни“.– Тоа што го истакнува Косово е неговото застанување на страната на САД како водечки глобален фактор и на страната на нашите стратегиски партнери. Албанија секогаш можела да смета на Косово и секогаш има право да смета на Косово, но и Косово секогаш сметало на Албанија, а тоа се покажа во 1999 година, во најтешките денови на нашиот живот како нација – изјави Харадинај.Последната седница во Пеќ е петти заеднички состанок на владите на Косово и Албанија. Првата се одржа во 2014 година во Призрен, а потоа секоја наредна година следуваше по една заедничка седница во Тирана, па во Приштина и лани во Корча.Претходно, за потсетување, за време на посетата за независноста на Косово, премиерот на Албанија, Рама, во Приштина изјави дека Косово и Албанија треба да имаат заеднички претседател.– Косово и Албанија треба да имаат заедничка надворешна политика, а не само заеднички амбасади и дипломатски мисии, зошто не и еден претседател како симбол на националното единство и националната безбедносна политика – рече Рама, обраќајќи им се на косовските пратеници.Тој призна дека е малку веројатно тоа да се реализира во скоро време.– Можеби оваа идеја не е вистинска на национално ниво, но историјата ни порачува дека остварувањето на сонот не е невозможно – изјави Рама.Веднаш по оваа изјава на Рама остро реагираше Европската комисија, која ја оцени како несоодветна и како политичко мешање во соседните земји, што не помага во градењето добрососедски односи.– ЕУ очекува да продолжи изградбата на конструктивни и кооперативни односи низ целиот регион. ЕУ и натаму ќе ги поддржува принципите на помирување и соработка во овој регион – изјави портпаролката на Европската комисија, Кетрин Реј.Во контекст на овие случувања е и фактот дека месецов во Скопје, на сличен начин како во Пеќ, по повод 110-годишнината на албанскиот јазик и азбука, албанскиот претседател Илир Мета по прославата на заедничката фотографија „леташе орли“, заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и уште неколку високи државници од оваа партија што се дел од македонската влада. Сепак, во македонскиот случај, за разлика од оној косовскиот, сѐ остана само на симболиката и гестот на величање на албанското знаме, без други провокативни изјави.Политичкиот аналитичар Милан Стефаноски ги критикува овие однесувања на албанските политичари од регионот, велејќи дека тие не испраќаат позитивни пораки до сите други земји, бидејќи со своите дејствувања зад превезот на економијата или културата тие директно или индиректно ги подгреваат соништата на Албанците за голема држава во регионот.– За жал, на Балканот редовно сме сведоци на вакви дејствувања на политичарите, кои се штетни и спротивни од вредностите на ЕУ. Ова не е проблем само на Албанците туку слични некоректни гестови може да се најдат и кај повеќето државници од други земји, кои најверојатно потајно сонуваат за некоеси фиктивно формирање на своја голема држава во регионот – вели Стефаноски.Аналитичарот истакнува дека поради т.н. тиранска платформа, која беше споменувана многу за време на политичката криза во земјава, разбирливо е зошто сега во Македонија, благо кажано, со доза на вознемиреност се гледа на овие случувања меѓу Албанија и Косово.Стефаноски потсетува дека токму поради ваквиот страв од голема Албанија, во 2012 година пропадна и иницијативата за формирање т.н. балкански Бенелукс, кој во тоа време предвидуваше економско обединување и царинска либерализација меѓу Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора.

Свет | пред 7 години

47098236_202959380638412_5903154792816967680_n

(ФОТО) Ветерот откорна бандера со напојување, граѓаните нервозни оти некој можел да настрада

Ветерот откорна бандера во Кисела Вода, од која се уште не е исклучено електричното напојување. Повеќе од два часа никој ги санира последниците од паднатата бандера, а непосредно до неа има и паркирано возило. Истата поради електричното напојување и каблите кои се по земја претставува опасност за минувачите. Возилата кои поминуваат по улицата мора да возат над каблите кои се оставени на улицата. Граѓаните се чудат како е можно никој да не дојде да ја санира состојбата, но воедно, велат дека службите не смеат да си дозволат вакви случаеви, оти, бандерата можела да падне над пешаците кои минуваат, па се да заврши трагично.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Три подгрупи во состав на Координативното тело за помирување

Во состав на Конститутивното тело за помирување ќе функционираат три подгрупи. Едната ќе биде задолжена за реформи, другата за помирување и третата за интеграција. Ваквата одлука следуваше по денешниот состанок на Телото одржан зад затворени врати.

Македонија | пред 7 години

ambasador-1

(ВИДЕО) Амбасадорот Дан Ориан денес полни 51 година, видете како вежба!

Популарниот Дан Ориан, нерезидентен Амбасадор на Израел задолжен и за Македонија денес наполни 51 година.Ориан е голем пријател на Охрид и често престојува во нашиот град, и е личен пријател на охридскиот Градоначалник Никола Бакарачески со кого другарува и во Охрид и во Израел.На видеото кое ексклузивно го објавува Охрид1 можете да го погледнете Амбасадорот Ориан како ја покажува физичката подготвеност на утринскиот тренинг, денес кога наполни 51 година.Дан Ориан е исклучително популарен во македонската јавност.

Македонија | пред 7 години

sunger-bob

Почина создавачот на Сунѓерот Боб

Стивен Хиленбург, создавачот на популарниот цртан Сунѓерот Боб, почина на 57 години.Тој починал по кратката битка со Амиотрофична латерална склероза ALS, невродегенеративна болест која ги напаѓа нервните ќелии, се наведува во соопштението.Болеста на Хиленбург му беше дијагностицирана во 2017 година.

Магазин | пред 7 години

rakomet

Ниту една македонска телевизија нема да го пренесува ракометното СП!

 На почетокот на сезоната се крена голема прашина кога ниту една македонска телевизија не ги откупи ТВ правата за натпреварите од Лигата на шампионите, иако имаме два претставника – Металург и Вардар, објави  24 ракомет.Ракометните вљубеници негодуваа за оваа настаната ситуација и мораа да се снаоѓаат како што знаат и умеат. Мораа да бараат линкови на интернет, мораа да доплаќаат дополнителни пакети на кабелските оператори, или да ги посетуваат локалните кафулиња…Слична ситуација ќе биде и во јануари, кога нашата репрезентација ќе игра на Светското првенство во Германија. Ракометните вљубеници ќе можат да ги следат натпреварите против Бахреин, Јапонија, Хрватска, Исланд и Шпанија само на Арена ТВ која ги откупи ексклузивните права за пренос на територијата на Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија. Тоа за 24Ракомет го потврдија од регионалната спортска мрежа Арена спорт.Засега ниту една од македонските телевизии не била ниту блиску да ги откупи правата. Сепак последна шанса за македонските гледачи би бил евентуалниот секундарен пакет на ТВ права, кој ќе ги вклучува само натпреварите на македонската селекција, но за такво сценарио засега нема најава.Гледачите ќе бидат ускратени да слушаат коментар на македонски јазик, освен ако носителот на ТВ правата за Мундијалот не се одлучи во последен момент да ги доближи условите за македонските телевизии во последен обид да го покрие комплетниот македонски телевизиски простор.Слично ќе биде и во Србија како и Хрватска, каде што по повеќе години, натпреварите на “коцкестите” нема да бидат пренесувани на РТЛ.извор:24 ракомет

Спорт | пред 7 години

Adnan_Kjahil

Аднан Ќахил исклучен од неговата партија, вели ќе тужел

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) информира дека го исклучила министерот задолжен за странски инвестицииАднан Ќахил од членство.Партијата бара од премиерот Зоран Заев да го разреши Ќахил од министерската позиција. Во партијата велат дека исклучувањето е поради тоа што министерот „со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува“ и затоа што работел „спротивно од интересите на партијата“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Центарот за јавно здравје педупредува: Водата во Струга не е за пиење!

Поради обилните врнези од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга дојде до наршување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност. Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, 28.11.2018 г., констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните.Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење.Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.Центар за јавно здравје Охрид во координација со надлезните институции континуирано ја следи состојбата и навремено ќе информира за состојбата со квалитетот на водата во градскиот водовод во Струга.

Македонија | пред 7 години

mile-i-sopruga

Сопругата на Јанакиески: Груевски да одговара за бегството, а не во притвор да лежат недолжни луѓе!

Сопругата на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, Сања, на својот профил на Фејсбук застана во одбрана на нејзиниот сопруг.Таа смета дека власта треба да го доведе Груевски да лежи во затвор, а не на негово место да страдаат невини луѓе.„1. Дали ги пронајдоа сметките на Миле Јанакиески во странство? Каде се тие сметки?2.Кој ја зборува вистината анонимниот извор на УБК или Претседателот на РМ г-дин Ѓорге Иванов?3.Кога и каде мистериозниот посредник имал средби со Претседателот Иванов и со Миле Јанакиески?4.Кој ќе одговара за прекршување на повеќе закони во Република Македонија и Европската конвенција за човекови права и носењето на одлуки спротивни на праксата на Европскиот суд за човекови права?5. Судот не смее да биде инструмент за одмазда, донесете го Груевски и самот нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе!“, пишува на Фејсбук, Сања Јанакиески.  

Скопје | пред 7 години

borko-post-fb

Борко Ристовски на ФБ: „Брука и срамота, Македонија заслужува повеќе“

Нашиот легендарен ракометен голман Борко Ристовски на својот Фејсбук профил објаи статус по повод актуелните случувања во Собранието.-Скопје се гуши! Македонија се гуши! Меѓутоа колку што разбрав и прочитав на седницата за наоѓање  решение на проблемот имаат очигледно попаметна работа. Срамота и брука! Македонија заслужува повеќе, стои во статусот на Фејсбук.Ова е повеќе од сигурно дека целата јавност денеска е свесна за овие луѓе кои буквално народски мува не ги лази. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Во последните три години Иванов помилувал најмногу разбојници, убијци и осуденици за финансирање тероризам

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во последните три години помилувал вкупно 271 затвореник. Според податоците на Управата за санкции, во 2016, 2017 и 2018 година, 268 затвореници биле делумно помилувани, а тројца целосно, обајави МКД.МК.Претседателот со помилувањето дава ослободување од гонење, или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, ја заменува изречената казна со поблага казна или со алтернативни мерки, или определува бришење на осудата, или ја укинува, односно определува пократко траење на определена правна последица од осудата или на казната.Најмногу помилувани во последните три години се разбојници - дури 45, потоа 38 затвореници што биле осудени за тешка кражба, 35 осуденици за кривичното дело недозволено поседување и држење оружје. Иванов ослободил и 27 убијци и 18 осуденици за финансирање тероризам.Претседателот целосно помилувал тројца затвореници.Листата на осуденици што се помилуваат од претседателот ја разгледува Комисијата за помилување, кое е работно тело на претседателот на Република Македонија и е составена од единаесет члена, од кои еден е претседател на комисијата.Комисијата за помилување работи на седници што ги свикува претседателот на Комисијата по сопствена иницијатива и врз основа на заклучокот на Комисијата.Комисијата на седницата ја разгледува поединечно секоја молба за помилување и дава мислење по сите предлози што ги поднел министерот за правда и по предлозите за помилување што ги поднел по службена должност. Своето мислење комисијата го утврдува со мнозинство гласови од присутните членови.Годинава нема целосно помилувани осуденици, а во минатата година целосно бил помилуван еден затвореник, осуден на кривичното дело затајување. Во 2016 година претседателот целосно помилувал двајца осуденици: еден осуден за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот и еден за кривичното дело прикривање.При подготвувањето на предлозите Комисијата се води по следните критериуми: природата, видот и тежината на извршеното кривично дело; личноста на осудениот и неговиот поранешен живот, поведението на осуденото лице по осудата и за време на издржувањето на казната, односот спрема извршеното кривично дело, поранешната осудуваност, постигнатиот степен на ресоцијализација, возраста и здравствената состојба на осудениот и неговите семејни прилики; влијанието на актот за помилување врз средината од каде што го извршил кривичното дело; возраста на извршителите на кривични дела; и за осудените жени се зема предвид дали тоа се мајки на малолетни и незгрижени деца.Според последните податоци од Управата за санкции, во 2018 година биле помилувани 24 затвореници. Од нив најмногу, или 7, се затвореници што издржувале казна затвор за злоупотреба на безвизниот режим и шенгенскиот договор и 6 затвореници што биле осудени за убиство.Во минатата 2017 година претседателот делумно помилувал 121 затвореник.Најмногу од помилуваните, или 20 затвореници, издржувале казна затвор за разбојништво, а биле ослободени и 19 затвореници осудени за тешка кражба. Oд затвор биле пуштени и по 10 затвореници осудени за кривичните дела тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот, за убиство и за финансирање тероризам. Ослободени биле и осум затвореници што издржувале казна затвор за шверцување мигранти, шест осуденици за кривичното дело злоупотреба на безвизниот режим и шенгенскиот договор, четворица што биле осудени за нанесување тешка телесна повреда, и по двајца осудени за кривичните дела насилство и убиство во миг и организирање група за трговија со малолетници и шверцување мигранти.Ослободени биле и 11 осуденици што биле осудени за кривичните дела повреда на правото од производствен или заштитен пронајдок, запуштање и малтретирање дете, затајување, измама, измама во службата, лихварство, тешки дела против општата сигурност, посредување во вршење проституција, грабнување, изнуда, примање поткуп.Претседателот на Република Македонија со помилување дава ослободување од гонење, или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, ја заменува изречената казна со поблага казна или со алтернативни мерки, или определува бришење на осудата, или ја укинува, односно определува пократко траење на определена правна последица од осудата или на казната.Во 2016 година претседателот Ѓорги Иванов на слобода пуштил вкупно 123 осуденици. Од нив најмногу или 25 од ослободените биле осудени за кривичното дело разбојништво. Ослободени биле и 22 затвореници за недозволено држење на оружје и распрскувачки материи, но и дури 11 затвореници што издржувале казна затвор за убиство.Претседателот помилувал и 19 затвореници осудени за тешка кражба, осум затвореници осудени за кривичното дело финансирање тероризам, петмина за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот. Ослободени биле и шест затвореници што биле во затвор за измама, петмина осудени за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот, и пет осуденици за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот.Од затвор биле пуштени по тројца затвореници осудени за кривичните дела тешки дела против животната средина и за шверцување на мигранти, потоа по двајца затвореници што издржувале казна затвор за грабнување, за насилство, за изнуда, за измама и за предизвикување општа опасност. Помилувани биле и седум осуденици што издржувале казна затвор за кривичните дела убиство во миг, тешки дела против сигурноста, перење пари, царинска измама, загрозување со опасно орудие, спречување на службено лице во вршење службена должност.Предлозите и мислењата членовите на Комисијата ги доставуваат до претседателот на Република Македонија, кој ја донесува конечната одлука. Претседателот на Република Македонија дава помилување на поединечно определени лица за кривични дела предвидени со законите на Република Македонија, согласно со одредбите на Кривичниот закон и одредбите на Законот за помилување.Помилување не може да им се даде на лица осудени за кривични дела против изборите и гласањето, кривични дела против половата слобода и половиот морал, кривични дела сторени спрема деца и малолетни лица, кривични дела против здравјето на луѓето, кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од членот 215 и кривично дело овозможување на употреба на наркотични дроги од членот 216 и за кривични дела против човечноста и меѓународното право. Извор: МКД.МК  

Македонија | пред 7 години

mitko

Митко Јанчев за Дојче Веле :„Гарантирам дека Сашо, Миле и Кирил нема да бегаат“

„Со целиот мој интегритет гарантирам дека тие никаде нема да бегаат, вели нивниот сопартиец Јанчев. Се залага за партија што ќе биде моќна опозиција, а не „олдтајмер“ еднаш изнесен на улица, а потоа цела година паркиран“, вели Митко Јанчев за  Дојче Веле.Голема нервоза во опозицискиот кампус предизвика веста дека градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој во октомври беше разрешен од функцијата партиски потпретседател, заедно со исклучениот од партијата, Никола Тодоров, на покана на премиерот и лидер на СДСМ минатиот викенд имале средба во Струмица. Особено, откако Заев ја потврди средбата и во контекст на уставните амандмани изјави дека „Јанчев и Тодоров може да охрабрат одредени пратеници кои знаат кој е исправниот чекор, а сѐ уште немаат доволно храброст да го направат“, со што бројката од 80 пратеници може да се зголеми многу повеќе. Дополнителна нервоза кај опозицијата внесе и изјавата на Јанчев за ТВ „24“.„Ветивме помош против опструкциите од страна на Христијан Мицкоски во делот на уставните амандмани во интерес на државата. Тоа ќе биде транспарентен процес без задни намери за никого. Јас, како Митко Јанчев, очекувам што повеќе пратеници да се вклучат во процесот на уставни измени, сѐ со цел да се подобри Договорот од Преспа и да се зајакне идентитетот за доброто на сите граѓани на Република Македонија“, изјави Јанчев.Јанчев: Соопштение по директива!По ова Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци вчера преку соопштение се огради од изјавите на Јанчев, со најостра осуда на неговите активности за обезбедување на двотретинско мнозинство за уставни измени.„Го повикуваме градоначалникот Јанчев да се приклучи на протестот, заедно со неговите соборци од локалните избори, со луѓето кои стоеја рамо до рамо со него, кога оваа инсталирана хунта на власт го апсеше како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Јавно го прашуваме градоначалникот, кои се опструкциите што ги прави претседателот Христијан Мицкоски и во која насока е неговата 'конструктивност' заедно со поранешниот министер Никола Тодоров? И за крај сакаме да го прашаме Митко, дали се консултира со граѓаните кои и покрај големите притисоци од страна на неговиот сегашен пријател, аболицираниот криминалец Заев, го дадоа својот глас за него како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ?“, прашаа од ОК, со најава дека „во наредниот период ќе направат темелни анализи и ќе донесат соодветни одлуки за делувањето на партијата на локално ниво“.Во пресрет на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, тој го даде одговорот.„На протест нема да стигнам. До 18 и 30 часот имам неодложни градоначалнички обврски кои мора да ги завршам, бидејќи граѓаните ме избраа за тоа, да работам да ги реализирам ветените проекти од нивен интерес“, изјави за Дојче веле Митко Јанчев, запрашан како ќе одговори на поканата од Општинскиот Комитет.Притоа, оценува дека „тоа соопштение сигурно не е напишано од ОК во Кавадарци, туку по директива од Централниот комитет“. Отворено зборува и за средбата во струмичкиот хотел „Сириус“, објаснувајќи за што се разговарало.„Разговорот помина во многу конструктивна атмосфера. Фокусот беше на заложбата Македонија да оди напред. А, ако сакаме државата да оди напред, треба да се смириме, да се сплотиме, да се обединиме, но и да го намалиме влијанието на партиите во општествениот живот. Заев се согласи дека за намалување на тој јаз, општеството и атмосферата треба да се департизираат. Тоа ќе овозможи граѓаните да имаат свое силно 'јас' со кое ќе се надминат сите опструкции и поделби. Разговаравме и за црвените линии во политиката и во сите промени“, вели Јанчев.Престрога мерка на СудотОна што предизвика интерес во јавноста, е дали на средбата се разговарало и за притворот на Сашо Мијалков, кој беше оценет како чин кој може да наруши двотретинското мнозикнство за уставни измени. Јанчев тврди дека на средбата воопшто не бил споменат притворот на Мијалков, но го соопшти неговиот личен став по тоа прашање.„Не се мешам во судски постапки. Лично се залагам за транспарентност во однос на притворите и на судските процеси, без политичко мешање. Во случајот со притворот за Сашо Мијалков, но и со притворите за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, мое мислење е дека изречена престрога мерка, и тоа само поради бегството на Никола Груевски. Судот можел да размисли и за алтернативна мерка, можеби за домашен притвор. Тоа се видни членови на партијата, некои од нив основачи, некои долгогодишни членови, но пред сѐ, тие се семејни луѓе. Јас, како Митко Јанчев, давам моја цврста и лична гаранција, со целиот личен и професионален интегритет и кариера, дека тие луѓе никаде нема да бегаат“, гарантира Јанчев.Вели дека нема разбирање за бегството на поранешниот премиер.„Искрено, не очекував бегство од Груевски. Ако навистина се плашел дека животот во затвор може да му биде загрозен, требало за тоа да разговара, да се бара некаква алтернатива. Но, по 11 години поминати на највисока функција, најмалку очекувано од негова страна беше бегство“, оценува поранешниот партиски потпретседател.Тој ги објаснува и неговите лични позиции во однос на процесот за уставни измени.„Јас сум проевропски ориентиран, и сите мои изјави и заложби се во интерес на иднината на Македонија. Одговорно тврдам, дека досега не сум разговарал ниту директно, ниту индиректно, со ниту еден пратеник во однос на гласањето за уставните измени. И жал ми е што револтотот се насочува кон осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои се нарекуваат 'предавници', бидејќи за истото гласаа 80 пратеници. И треба да се разбере дека не само тие 80, туку сите пратеници имаат обврска да придонесат за европската иднина на државата, дека со тоа не предаваат никого и ништо, туку придонесуваат во отворањето на перспективи за земјата. На Македонија и требаат свесни и конструктивни граѓани, а не лажни патриоти“, порачува Јанчев.Тој ги демантира шпекулациите дека тој и Тодоров се дел од кадровско јадро, кое работи на иницирање промени во партијата„Тоа не зависи ниту од мене ниту од Тодоров. Ние не сме во партиските органи. Дали ќе има промени зависи исклучиво од членството. Членството треба да каже каква партија сака, а одлуката да ја спроведе Централниот Комитет. Но, она што сакам да го нагласам, е дека јас немам никаква намера да правам што било зад грб. Никогаш ништо нема да направам на штета на партијата, а најмалку за политички поени. Тоа не е мој принцип. Мој принцип е она што го мислам да го кажам демократски, јасно и транспарентно. Јас се залагам за модерна партија, која секојдневно ќе биде активна и силна опозиција, и моќен коректор на власта. Јас се залагам за партија која нема да се однесува како 'олдтајмер', кој еднаш ќе биде изнесен да биде виден на улица, а потоа цела година паркиран!“, дециден е Јанчев.По средбата во Струмица и неговите јавни изјави за насоката во која треба да се движи Македонија, Јанчев е уверен дека ќе биде мета на нарачана партиска пропаганда против него од разни ботови и други извршители. Вели дека не се плаши за својата безбедност, дека нема полициско обезбедување и дека Господ го чува.извор: Дојче веле      

Македонија | пред 7 години

Fotografija-1

„Македонија блокира“ го поддржува и ќе учествува на денешниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ

СООПШТЕНИЈА„Македонија блокира“ го поддржува и ќе учествува на денешниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕОбјавено пред 19 минути - 28 ноември, 2018Од Макфакс„Македонија блокира“ го поддржува и ќе учествува на денешниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред македонската влада, стои во соопштението на Единствена Македонија.„Во овој момент мора да се тргнат настрана теснопартиските интереси и сите национални и патриотски сили правилно да ги распоредат интересите, што подразбира на прво место националниот и државниот интерес, на второ место партискиот интерес, а дури некаде на трето место личниот интерес. Ова зло што ѝ се случува на Република Македонија е познато. Се вика пучистичка власт во Скопје која сака да сруши сè што е македонско. Националните и патриотските сили имаат обврска тоа да не му го дозволат и затоа во периодот што следи треба единствени и сплотени да се бориме против уставните промени со кои се брише сè што е македонско, а по на избори секој нека оди со своите определби оти простата вистина вели дека доколку се сруши државата, сите ќе нè затрупа во неа“, стои во соопштението на Единствена Македонија.Од партијата во соопштението додаваат дека сега е потребно обединување, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија и Македонците.„Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени да се бориме Македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да ги одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи. Оваа борба е исправна и оваа битка ќе биде решена со спречување промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер“, се наведува во соопштението на Единствена Македонија.

Македонија | пред 7 години

sudenje-27

Поради силна главоболка, прекинато судењето и побарана лекарска помош

Судијката Добрила Кацарска го одложи почетокот на денешното рочиште за случувањата во Собранието на 27 април минатата година, откако обвинетиот Вилијам Михајловски се пожали на болки во главата.Обвинетиот Михајловски побара лекарска помош поради, како што рече, силни болки во главата, каде претходно имал правено и операција.Потоа, судијката Кацарска, повика Брза помош и рече дека расправата ќе продолжи по паузата.Случајот се наоѓа во доказна постапка и изнесување на докази предложени од одбраната.На минатото рочиште обвинетите пратеници Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски се откажаа од давање одбрана пред Судот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Директор од соништата: Наместо забави во компанијата, вработените ги испраќа на Тајланд

Вработените во една компанија во Лидз ќе имаат подобри празници од многумина бидејќи компанијата ги испраќа да ги прослават Божик и Нова година на Тајланд.Компанијата Logical Resources Sales and Technical Recruitement, која дејствува и во Калифорнија и Мелбурн, одлучила да ги испрати вработените на Тајланд и со тоа да ги награди зашто минатата година ги исполниле барањата на фирмата повеќе од очекуваното.Патувањето на плажата Камала на Пукет во целост е платено од фирмата.„Признанието на работа има моќ да промени животи, а тој став го имаме ние во оваа фирма со децении. Поставивме многу високи цели, а ова е само доказ колку бил страствен тимот за да ги исполни, пожртвуван и способен“, рекол директорот Роб Карлтон.Сепак, патувањето на Тајланд не е новост за вредните вработени во оваа фирма. Претходните години биле на Ибица, во Барселона, како и на музичкиот фестивал Tomorrowland во Белгија.

Магазин | пред 7 години

soobrakajka1-1

Чувар во рудник пронајден мртов

Шеесет и едногодишен чувар во рудникот „Ржаново“ бил пронајден мртов.Според информациите на МВР, вчера, во 13:20 часот, во полициска станица Кавадарци било пријавено дека пред чуварницата на рудникот „Ржаново“ е пронајден починат чуварот М.С.(61) од Кавадарци.Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Автомобил удри во пешак во Кисела Вода

Седумдесет и четиригодишна жена со тешки повреди била пренесена во болница откако во неа удрил автомобил во скопската населба Кисела Вода.Несреќата се случила вчера во 11:50 часот на крстосницата од улица Борис Трајковски и улица Народни херои кога А.Б.(29) од Скопје со возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот В.К.(74) од Скопје.В.К. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања