„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

Скопје1.мк

kameri-telefon

ЛГ патентираше смартфон со 16 камери

Компанијата ЛГ до Американското биро за патенти поднесе барање за патентирање на телефон со 16 сензори на задниот панел, кои се наредени во матрица 4 по 4.Ваквиот патент на ЛГ е доказ за продолжување на трендот за зголемување на бројот на камери на смартфоните.Идејата на ова необично решение на ЛГ е одеднаш да бидат снимени различни перспективи на даден објект, но ќе биде можно да се снима и само со еден од сензорите.Сликите направени во исто време од сите сензори ќе можат да се „раздвижат“, а делови од нив ќе може да бидат заменети со слики кои биле „фатени“ од друг сензор. Исто така ќе може да се комбинираат делови од различни снимки.Според холандскиот сајт „ЛетсГоДигитал“, кој го обелодени патентот, при уредувањето корисниците ќе можат да ги ротираат објектите во саканата положба. Задниот панел вклучува уште блиц и мало огледало кое се користи за фотографирање на самослик.Засега е не јасно дали моделот опишан во патентот ќе биде реализиран и ќе стигне до пазарот. 

пред 7 години

Нема фотографија

Џенерал Моторс затвора осум фабрики, 14 илјади лица остануваат без работа

Американскиот производител на автомобили „Џенерал моторс“ ќе отпушти 14.700 работници и пониски службеници во Северна Америка. Според најавите од раководството се затвораат седум фабрики.Ваквите чекори се во рамки на планот на компанијата за намалување на трошоците и фокусирање на автономните и електрични возила.Одлуката доаѓа по зголемувањето на трошоците на работење, побавната продажба на автомобили, а во момент кога компанијата се пренасочува кон производство на камиони, електрични и самоуправувачки возила.Запирањето на производството се должи и на тоа што купувачите во Северна Америка се преориентираат по помали на големи возила како теренски возила и камиони, кои сега претставуваат 70 отсто од вкупната американска продажба на возила.Со спроведувањето на планот, Џенерал Моторс ќе заштеди околу шест милијарди долари до крајот на 2020 година.На светско ниво, Џенерал Моторс, кој кон крајот на минатата година вработуваше околу 180 илјади работници, планира скусување на нивниот број за 15 отсто, како и намалување на 25 отсто од раководниот кадар. 

Свет | пред 7 години

44094681_467523503745856_1839960828510470144_n

Едно лице тешко повредено, 12 сообраќајки вчера во Скопје

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а три сe леснo повредeни во вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.Според билтенот на СВР Скопје, 29 возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени двајца возачи кои биле под дејство на алкохол, осум возачи кои возеле пред да се стекнат со право за управување со возило и тројца почетници. Од сообраќај се исклучени и седум нерегистрирани возила.Сообраќајната полиција издала 88 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.Санкционирани се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престројување, тројца за неправилно престигнување и пет возачи за непоседување на пропишана зимска опрема во возилата.

Скопје | пред 7 години

133932341-192654

Четвртина од населението во земјава живее со помалку од 7.000 денари месечно

Скоро една четвртина од граѓаните во Македонија живеат во сиромаштија. Ова се најновите податоци на Државниот завод за статистика според кого лани 22,2% од населението живело во сиромаштија, односно со помалку од 7.000 денари месечен приход.Од Македонска платформа за борба против сиромаштија велат дека оваа слика е очајна и бараат итна реакција на државата.„Ние веќе подолго време инсистираме дека во Македонија недостигаат 2 клучни работи, да се гарантираат финансиската безбедност на граѓаните. Значии не социјална помош од 30 евра туку вистинска квалитетна поддршка и второ сет на услуги кои што ќе им помогнат во надминување на секојдневните предизвици. Значи во образованието не може да очекувате децата кои живеат во вонредни услови, во очајни услови, да покажуваат добри резултати на училиште. Затоа покрај финансиската поддршка за семејството потребно е да се има социјални услуги кои ќе подразбираат квалитетно образование“, истакна Билјана Дуковска, претседателка на Македонска платформа за борба против сиромаштија.Исто така голем е процентот на населението кое живее малку над оваа граница од 7.000 денари месечен приход. Кои немаат воопшто квалитетен живот, но според статистика не се во графата на сиромаштија. Оваа состојба денеска беше претставена пред голем број НВО од Прилеп.„Се надеваме дека преку ваквите работилници и консултации со НВО секторот ќе можат да се мобилизираат сите чинители во општетството за да го дадат својот придонес“, рече Соња Таневска, помошник претставник на канцеларија на Фондот за население на ОН.За намалување на сиромаштијата особено било важно работењето на локално ниво и соработката со локалните институции и НВО секторот.

Македонија | пред 7 години

carina

Царината се подготвува за новите промени кон Дигитална Царина

Во рамките на твининг проектот за Зајакнување на оперативниот и институционалниот капацитет на Царинската управа во соработка со Европската комисија и Царинската управа на Австрија, тим од раководители на високо и средно ниво од Царината учествува на тимска обука за управување со промени за највисокото раководство на Царинската управа.„Разговараме за значењето на „промените“, влијанието на промените на организацијата, на деловната заедница и на општеството. Оваа обука треба да не подготви за новите промени кон Дигитална Царина, ONE STOP SHOP контроли, олеснување на трговијата“, вели директорот на царинската управа на Македонија Ѓоко Танасоски. 

Скопје | пред 7 години

pucko-petrol

Пуцко Петрол ќе инкасира еден милион евра од скопските комуналци

Вкупно 75.397.486 милиони денари, односно повеќе од еден милион евра за една година за гориво ќе инкасира компанијата „Пуцко Петрол“ од јавното претпријатие „Комунална Хигиена“.Според информациите на системот за јавни набавки милионскиот бизнис го добила фирмата Пуцко Петрол од Пласница. Таа има обврска во период од една година да реализира набавка на 80 илјади литри ЕУРОСУПЕР 95, 500 литри ЕУРОСУПЕР 98, 900 илјади литри ЕУРОДИЗЕЛ, 40 илјади литри течен нафтен гас и 100 илјади литри екстра лесно масло за домаќинство.Претходно „Пуцко – Петрол“ е потписник на тендерите за ЈСП-Скопје вреден 15,3 милиони евра, гориво за службените возила во Министерството за правда вреден 34 илјади евра, гориво и масло за греење од 150 илјади евра за Охридската болница, масло за греење за болницата во Струга во вредност од 100 илјади евра... На листата на институции на кои „Пуцко – Петрол“ само годинава им продал услуги се и општина Студеничани, Агенцијата за храна и ветеринарство, општина Сарај, Управата за јавни приходи.„Пуцко Петрол“ во 2017 и 2018 година склучил договори за 395 тендери вредни 2.143.110.674 денари или околу 34,56 милиони евра.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Германците сѐ покритични кон Трамп

Откако Доналд Трамп е претседател на САД, Германците сѐ повеќе се дистанцираат од „големиот брат“ - Америка. Тоа го докажува студија организирана од фондацијата Кербер.Германците имаат многу причини да им бидат благодарни на САД. Америка е синоним за Маршаловиот план, западните асоцијации, поддршка при повторното германско обединување и уште многу други нешта. Но, врз историското пријателство се надвиснува темна сенка: американскиот претседател Доналд Трамп ги принудува Германците да ги променат своите надворешно-политички приоритети.Според студија на фондацијата Кербер, Германците во САД сеуште гледаат втор по значење партнер по Франција, но само 35 проценти, додека пред една година биле 43 проценти. Политиката на САД предизвикува засилено загриженост кај Германците - 28 насто во трансатлантските односи гледаат најголем надворешно-политички предизвик, додека во 2017. биле - 19%. Барометарот на загриженост е повисок само во однос на бегалската и миграциска политика.73 проценти од Германците билатералните односи со САД ги оценуваат за лоши или дури многу лоши. И тука има големо покачување во однос на претходната година (56%). Патем, напротив, 70 насто Американци сметаат дека односите со Германија се добри или дури одлични. Очигледно, тие повеќе ја ценат политиката на канцеларката Ангела Меркел отколку на својот претседател. Него првенствено го лути што германската влада, од негов аспект, одвојува премалку пари за одбранбени цели. Во овој поглед мнозинството Германци изненадувачки му даваат за право на Трамп: 43 проценти се за зголемување на буџетот за одбрана (2017: 32%). 40 проценти пак сметаат дека давачките за воени цели треба да останат на исто ниво, а 14 % сакаат да се намалат. 

Свет | пред 7 години

sad-meksiko

Насилството на границата со Мексико предизвикува поделби во САД

По безредијата и нападите со солзавец против мигрантите на границата Мексико-САД се зацврстија фронтовите во Вашингтон околу политиката на доселување. Решение на спорот не е на повисок.На кој начин САД треба да се однесуваат кон мигрантите и подносителите на барање за азил? Откако американските трупи на границата кон Мексико употребија солзавец против мигрантите дополнително се заостри ионака зовриената дебата.Уште претходо судирот на мислења околу доселувањето доведе до тензии во политички Вашингтон. По насилните судири на американско-мексиканската граница се чини дека постигнувањето каков било компромис околу тоа е подалеку од кога било. Така Демократите и Републиканците го користат заострувањето на ситуацијата на границата како можност да продолжат со курсот на конфронтација.„Луѓето го користат хаосот на границата за да ги оправдаат политичките ставови кои и порано ги поддржувале“, вели Алекс Науратсех, експерт за доселеничка политика од инситутот Кејто од Вашингтон. „Сѐ што се случува по должина на границата на луѓето им ги потврдува нивните досегашни политички ставови“, дополнува овој експерт.Конфликтот стигна во главниот град на САД многу порано од доаѓањето на големите „карвани“ на централно-американски мигранти на мексиканската граница. „Членовите на политичката десница тие карвани ги перцепираат како вистинска закана“, објаснува Скот Андерсон од институтот Брукингс. „Многумина од нив говорат за инвазија“. Политичката левица од друга страна со голема загриженост гледа криза на владата.

Свет | пред 7 години

akademija-pavel-satev-520x350

Академијата за судии и јавни обвинители ќе избира нов директор

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” денеска на јавна седница треба да избере нов директор и заменик-директор за следните четири години.Кандидати за директоркото место се Мирјана Лазарова-Трајковска, Наташа Габер-Дамјановска, Елена Андреева и Александар Маркоски. Првиот човек на Академијата треба да биде избран од деветмина членови на Управниот одбор со двотретинско мнозинство.За местото заменик-директор е пријавен само еден кандидат, а во досегашното работење на Академијата ова место не беше потполнето.Кандидатите кои аплицираат за позицијата директор и заменик-директор на Академијата треба да имаат најмалку осум години работен стаж како судија во судовите во Република Македонија, во Уставниот суд на Република Македонија, во меѓународен суд или да се лица со најмалку осум години работен стаж како јавен обвинител. Треба активно да познава и еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).–Во моментот на именувањето со правосилна пресуда да не е осудено за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци и со правосилна пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност за кривично дело или прекршок поврзани со злоупотреба на судиската или јавнообвинителската функција, велат од Академијата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Протест на ВМРО-ДПМНЕ попладне во Скопје, затворени улици, посебен сообраќаен режим

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ  за  денеска попладне во 17 часот најави протест во центарот на Скопје, кој го организираат  една година по приведувањето на лицата за собраниските инциденти од 27 април лани.Поради протестот, што ќе почне од плоштадот ВМРО, а ќе заврши пред зградата на Владата, е воведен посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје.По седницата на Извршниот комитет минатата недела партијата најави дека во наредниот период ќе организира протести со кои што, како што соопшти, ќе се застане на патот на антинародната и криминална власт.Преку протестот ќе побараат заминување на власта, од која, како што оцени, граѓаните се револтирани поради „партизирано судство, политички процеси, измислени случаи, сиромаштија, крахирана економија, девастирано образование, земјоделство кое пропаѓа, уништено здравство во кое луѓето не веруваат, криминал по улици, корупција во институции“.Најавената релација на движење на учесниците на протестот е од плоштадот „ВМРО“, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на  Владата.Поради воведениот сообраќаен режим, Министерството за внатрешни работи  упати апел  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Македонија | пред 7 години

gruevski-orban

Груевски со азил и плата, по Македонија и ЕП бара екстрадиција

Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега и доби азил во Унгарија, а негова екстрадиција, по Македонија, бараат и европратеници.На вчерашната пленарна седница, без расправа, со 62 гласа „за“, во отсуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, беше прифатена препораката на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања за одземање на имунитетот на  Груевски, на барање на судот поради одредување мерка притвор за предмети што ги води Специјалното јавно обвинителство (СЈО).Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствува и на седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која претходно со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски.Претседателот Комисијата Павле Богоевски, кој беше единствениот што се произнесе за случајот на седницата, побара одговорност и завршување на истрагата за бегството на Груевски.Богоевски изрази разочарување што, како што кажа, нашиот систем не го обезбеди Груевски за издржување на двегодишната казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“  на СЈО.Одземањето на имунитетот следи по барањето на судот за мерка притвор за предметите на СЈО  „Титаник“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Насилство во Општина Центар“…  во кои е обвинет Груевски и за кои ќе му се суди во отсуство.Иако му е одземен имунитетот, поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и натаму го задржа пратеничкиот мандат.  На пленарната седница на 9 ноември, Собранието не донесе одлука да му го одземе мандатот, за што, за разлика од имунитетот, се одлучува со двотретинско мнозинство.Според одлуката од неодамнешната средба на координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на Собранието, платата на Груевски ќе се намалува за пет отсто со секои три отсуства од пленарните седници. Тогаш е дговорено и по изминување на шест месеци неоправдано отсуство на Груевски, повторно да биде ставено на дневен ред одземањето на неговиот пратенички мандат.Паралелно со одлуката за одземање на имунитетот, а во пресрет на дебатата и гласањето за резолуцијата на Европскиот Парламент за Македонија, македонски политичари и европратеници изјавија дека се очекува амандманот на социјалдемократите во којшто се бара екстрадиција на Груевски од Унгарија, да биде поддржан од мнозинството европратеници.– Остварив средби со сите политички групи, и имам впечаток дека ќе биде поддржан амандманот на Социјалдемократите, а зошто не и оној на Зелените. Она што е важно е што чувствуваат потреба да влезе делот околу бегањето на поранешниот премиер во извештајот, изјави заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски по вчерашните средби со европратеници.Поддршка за амандманот на социјалдемократите очекува и европратеникот од оваа група Кнут Флекенштајн, кој вели дека ќе добие поддршка вклучително и од „големи делови од Европската Народна Партија, секако без унгарските европратеници“.– Станува збор за градење на владеење на правото, ова не е мала грешка. Тој исчезна во земја членка на ЕУ. Тоа е спротивно на владеењето на правото, не го толерираме тоа во земји кандидати и сигурно нема да толерираме земји членки да го саботираат владеењето на правото, изјави Флекенштајн, кој  е уверен дека прашањето за азилот на Груевски во Унгарија нема да остане само на извештајот на Европскиот Парламент и порача оваа институција наскоро да отвори поширока дебата на темата.Во однос на бегството на Груевски, како што информираше првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска веќе се собрани дел од доказите. Со 100 процентна сигурност, посочи, немаат утврдено дали тој легално ја поминал македонската граница.Русковска смета дека е неблагодарно во предистражна постапка да се лоцира одговорност за бегството на Груевски и додаде дека е потребно време да се утврди кога и на кој начин избегал од државата.Извор: Сител

Македонија | пред 7 години

mickoski

Играта на мобилен за Шилегов се покажа поважна од здравјето и животите на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Здравствените проблеми кои ги имаат граѓаните од отровите кои ги дишат не го заслужуваат вниманието на Петре Шилегов и Јани Макрадули кои за огромната плата што ја добиваат токму од народот повеќе сакаат да си дремнат или да си поиграат игри наместо да решаваат проблеми, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата велат дека додека Шилегов си игра игрички на мобилен телефон за време на собраниска комисија, граѓаните се гушат во загадениот воздух.-Играта на мобилен за Шилегов се покажа дека е поважна од здравјето и животите на граѓаните. Градоначалникот на Град Скопје и заменик министерот за животна средина уште еднаш пред целата јавност ја покажаа незаинтересираноста за решавање на проблемот со загадувањето. Европската агенција за животна средина (ЕЕА) официјално потврди дека Македонија е најзагадена земја во Европа. Скопје секојдневно е на врвот на листата на најзагадени градови во светот, а Заев, Шилегов и Макрадули се уште немаат превземено апсолутно ништо за справување со овој проблем, кој е еден од најгорливите за граѓаните. Заев, Шилегов и Макрадули пред изборите ветуваа итни краткорочни, но и долгорочни мерки со кои ќе се намали загадувањето.  Сега откако ја презедоа и централната и локалната власт не спроведоа ниту една мерка за справување со загаденоста, а ги игнорираат и последиците од загадувањето, се наведува во партиското соопштение.Високото ниво на ПМ10 честици, велат од ВМРО-ДПМНЕ, ги наполни болниците со пациенти кои имаат проблеми со кардиоваскуларните и респираторните органи, а Светската здравствена организација потврди дека годишно над 3.000 луѓе ги губат своите животи како директен резултат на енормно загадениот воздух.-И додека граѓаните се завиваат во црно, СДСМ покажуваат дека се незаинтересирани и неспособни да го намалат загадувањето.  Повеќе пари се издвојуваат за луксузни фотелји отколку на мерки и борба против аерозагадувањето во државата и во главниот град. Заев, Шилегов и Макрадули ги излажаа граѓаните. Скоро две години ништо не презедоа за подобрување на квалитетот на воздухот, нешто што толку помпезно го ветуваа претходно. Република Македонија и граѓаните станаа жртви на манипулациите на  измамничката и криминална власт на СДСМ, се вели во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека граѓаните не заслужуваат ваква власт која не се грижи за нивните животи. СДСМ мора што поскоро да си замине за да може да се решаваат проблемите на граѓаните.-Сите кои сакаат да го кренат својот глас против неспособноста на сдсм да се справи со загадувањето, сите кои сакаат да го кренат својот глас против распродавањето на државните и национални интереси, против масовниот грабеж и криминалот, добредојдени се да ни се придружат во 17 часот, на Плоштадот „ВМРО“ и со протестен марш да се упатиме кон Владата на Република Македонија за да испратиме порака дека доаѓа крајот на ова црно владеење, соопштуваат од партијата.

Македонија | пред 7 години

44141322_2286927191325513_7708147500841959424_n

Помирувачите на прв состанок во Собранието

Координативното тело за помирување и интеграција денеска ќе го одржи својот прв состанок, а се очекува независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да го презентира предлог-законот за амнестија на лицата што не вршеле насилство на 27 април минатата година при упадот во Собранието.Неофицијално, во предлогот ќе се бара еден вид преквалификација на делото за дел од обвинетите, но сè уште се прават консултации со правни експерти, брифираат од оваа пратеничка група.Од СДСМ велат дека тие немаат намера да поддржат амнестија на насилниците и на нарачателите на крвавиот четврток, но расположени се да ги слушнат предлозите за аменстија што ќе ги испорача телото за помирување.Од ВМРО-ДПМНЕ, единствената партија што не учествува во телото за помирување велат дека за нив само целосна амнестија за сите учесници во настаните на 27 април би значела национално помирување.Претходно, пратениците го отфрлија предлог-законот за амнестија поднесен од ВМРО-ДПМНЕ. Со него партијата побара помилување на сите обвинети и осудени за 27 април.

Македонија | пред 7 години

agencija-za-vrabotuvanje

Примале плата, а не оделе на работа – ревизорски извештај за Агенција за вработување

Дел од вработените во Агенцијата за вработување добивале повисоки платги од оние што законски им следувале, а дел пониски, покажува Ревизорскиот извештај за оваа институција направен за 2017, за која како одговорни се наведени и екс директорот Влатко Поповски, кој директоруваше до август таа година, и сегашната Билјана Јовановска која после него ја презеде директорската палка, објави Телевизија Телма.За вработените кои имаат работен стаж над 40 години, минатиот труд се пресметува по стапки повисоки од законски определените 20 отсто, поради што на овие вработен и неосновано им се исплатувале парични средства во поголем износ. Постојат вработени кај кои при пресметка на платата се користени бодови за степенот на образование кои не соодветствуваат со законски пропишаните. Најчесто се применуваат пониски бодови, што создава нееднаква положба меѓу вработените, се вели во Извештајот на државниот завод за ревизија.За плати и надоместоци на вработените во Агенцијата се исплатени над 3 милиони евра, што е 72 отсто од расходите на Агенцијата.Двајца вработени уште во 2016 биле примени на определено време, а со анекс договорите продолжиле и во 2017, но тие само примале плата, а ниту доаѓале на работа, ниту ги извршувале работните задачи. Откако ги разоткриле, почнале да доаѓаат, но на крајот на 2017 им истекол работниот однос.Во 2017 и првиот месец од 2018 биле исплатерни 34 илјади евра од Агенцијата како додаток на плата за зголемени работни задачи. Ревизорите реагираат дека тоа не е во согласност со законите.Вработените во Агенцијата, вклучително и оние од нејзините центри за вработување, биле опуштени и со службените возила.Дел од возилата се користат од страна на лица кои не се задолжени со истите и не поседуваат акт за одобрување лимит за набавка на гориво. За дел од возилата, обезбедени се безготовински картички за набавка на гориво, без да биде изготвен акт од страна на одговорното лице, со кој ќе се определи дозволениот лимит, се наведува во ревизорскиот извештај.Лимитите значајно се надминувале, што е кршење на неколку закони, смета ревизијата, и бара во иднина да се исправат овие пропусти.ДЗР реагира и зошто значајна сума од Агенцијата се одлеала за 14 вработени кои биле прераспределени во за нив оддалечени центри за вработување. Тие тужеле, по што добиле на суд, па АВРМ треба да им плати вкупно 38 илјади евра и за надомест на трошоците за превоз и за судски трошоци.Со 13 лица биле склучени договори на дело, за период од еден до 11 месеци, а лицата поединечно добиле од 14 до 40 илјади денари. Прво, велат ревизорите, тоа не е во согласност со Законот за работни односи, а воро, за дел од договорите за услугите, не биле презентирани докази за сработеното.Биле спроведувани и јавни набавки за стоки, без да бидат спроведени соодветните постапки, откриле ревизорите.За програмата на Агенцијата за активни мерки за вработување се препорачува да се продлабочи соработката со УНДП, да се зголеми отчетѕноста и транспарентноста во трошењето на буџетските средства, и целосно да се почитуваат законите и склучените договори.Извор: Телевизија Телма

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Фановите во шок од искреноста на Кардашијан дека зема екстази

Старлетата Ким Кардашијан (38) во неделното издание на реланото шоу Keeping Up With The Kardashians призна дека во 20 – тите години од животот експериманетирала со дроги. Ким во емисијата призна дека била на екстази кога се омажила за музичкиот продуцент Дамон Томас и додека била во врска со поранешниот љубовник , музичарот Реј Џи.Искрените зборови на Ким Кардашијан за кратко време го обиколија светот, а фановите останаа збунети. „Снимав секси видео под влијание на екстази“, рекла Кардашијан.38-годишната „риалити“ ѕвезда и сопруга на Кајне Вест признала дека била под дејство на екстази и за нејзината првата свадба.„Првпат кога земав екстази се омажив, на снимката се гледа, ми се тресе вилицата“, вели Кардашијан.Американските медиуми пренесуваат дека оваа епизода предизвикала лавина критики зашто Ким, од која девојчињата се инспирираат, најопуштено зборувала за конзумирање на нелегални стимуланси и дури признала дека до некаде тие допринеле за нејзината популарност. 

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Возачи внимавајте, поради магла на Стража и Плетвар намалена видливоста

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри има на планинскиот превој Стража и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар, информира АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

strajk-grcija

Штрајк на новинарите во Грција

Со 24часовен штрајк од 6 часот утрово, новинарите во Грција, како што и во минатото практикуваа, ден порано, учествуваат во утрешниот закажан генерален штрајк.Денеска Грција ќе биде без вести, информативни емисии на радијата и телевизиите и без весници, јави дописничката на МИА од Атина.Потпишување колективни договори, достоинствени плати и пензии, враќање на намалените плати и бонуси, мерки за справување со невработеноста, се дел од барањата на новинарите.Во 24часовниот штрајк учествуваат и приватните и државните медиуми, но вработените во Генералниот секретаријат за медиуми.Дел од информативните портали во Грција, решија да го поддржат штрајкот, друг дел, регуларно емитуваат вести.Конфедерацијата на работници на Грција за утре закажа 24часовен генерален штрајк, а пракса на новинарите е, за да можат да ги следат протестите во рамките на штрајкот и да ја информираат јавноста, ден претходно да прекинат со работа во знак на поддршка.Со утрешниот штрајк под слоганот „Штрајкуваме, се бориме, бараме“, од конфедерацијата, меѓу другото бараат минимална плата од 751 евро, колективни договори, работа за сите, целосна социјална помош.Бродовите во Грција, утре ќе останат закотвени на пристаништата, поради учеството во штрајкот на грчката поморска федерација, додека пак сериозни проблеми во Атина ќе предизвика штрајкот на јавниот превоз. Со исклучок на автобусите кои ќе сообраќаат неколку часа, сите други јавни превозни средства (метро, тролејбуси, трамваи) 24 часа нема да функционираат.Од конфедерацијата на грчки работници за утре во 11 часот по локално време, најавија протест во центарот на Атина.МИА 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Времето денеска: променливо облачно и дождливо

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни. Максималната температура ќе се движи до 15 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 12 степени.Метеоролозите најавуваат дека денеска поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но со слаб интензитет.Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.Во четврток ќе биде студено со провејување на снег, а од петок се очекува разведрување. 

Македонија | пред 7 години

goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

Почина драматургот Горан Стефановски

Во Англија, во местото Кентбери на 66 годишна возраст почина познатиот драматург Горан Стефановски.Горан Стефановски е роден 1952 година во Битола, во театарско семејство. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал.Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година бил професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година, а од 2004 година е и дописен член на МАНУ.Тој беше автор на „Диво месо“, „Лет во место”,  „Дупло дно”, „Тетовирани души”, а добитник е на престижниете награди: „Стале Попов“, „11 Октомври“,  двапати на „Стериина награда” и шестпати добитник на наградата „Војдан Чернодрински“. 

Македонија | пред 7 години

46892918_2004755172925458_5871725837052542976_o

„Во одбрана на Дебар Маало“: Eден од најважните паркинзи оди во историјата, каде ќе паркираат скопјани?

„Од парк во паркинг во згради, значи целосна деградација на просторот- убаво да се види како тоа е изведувано низ годините, од лошо-полошо!“Eден од најважните паркинзи во Скопје оди ви историјата!Наместо градот Скопје да го откупеше земјиштето и да изградеше паркинг на две нивоа каде ќе имаше скопјани да паркираат се доволи на чуден начин суштински важниот ПАРКИНГ да не постои!КАДЕ ЌЕ ПАРКИРААТ СКОПЈАНИ?ТАМУ ЗГРАДИ НЕ СЕ ПОТРЕБНИ!ТАМУ Е ПОТРЕБЕН ПАРКИНГ И НИШТО ДРУГО!Без овој паркинг Скопјани нема каде да паркираат!ЌЕ ПАРКИРААТ ПО УЛИЦИ И ТРОТОАРИ?Само таму ќе има празен простор!Катните гаражи се нефункционални со мал капацитет на возила!СКОПЈЕ Е ПРЕД КОЛАПС!... се дел од коментарите по социјалните мрежи по веста дека на некогашниот паркинг карши ГТЦ ќе се градат згради.„Одлуката на владата да го продаде земјиштето со цел да се изградат 60 - катници е противуставна исто како и изградбата на трговскиот и станбен простор од страна на „Лимак“ на Јужен булевар. Во моментов на граѓаните на Центар прегазено им е уставното право да живеат во здрава животна средини (Скопје е најзагаден европски град) и одлуките кои не одат во прилог на воспоставување на нормални услови за живот се противзаконски. За ваквите одлуки владините функционери и локални власти во иднина ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, сметаат активистите на здружението Во одбрана на Дебар Маало.Голема фама во јавноста се крена и по сознанието дека токму на тоа место ќе никнат 60-катници предвидени со урбанистичкиот план. Градоначалникот на Општина Центар вели дека 60-катници таму нема да се градат. Урбанистичките планови во моментов се под мораториум, а што точно ќе се гради на тоа земјиште засега не се знае.Парцелата од 9 илјади метри квадратни е купена од две фирми за сума од 312 евра по квадрат. Првата е М.Г. Фешн и втората фирма „Обновители“ во која како косопственик се јавува и МПЦ. Од министрството за транспорт велат дека цената е утврдена согласно законот за градежно земјиште. Договорот е склучен пред точно еден месец, со непосредна спогодба, а од продажбата на сметка на буџетот легнале нешто околу 2,9 милиони евра.„Се е во согласност со Законот за градежно земјиште, тоа може секој да го провери и ги повикувам сите институции и заинтересирани да го сторат тоа. Согласно Законот за градежно земјиште секој кој има повеќе од 30  проценти од парцелата му се дава можност да го откупи градежното земјиште. Така е постапено и во овој случај, а има позитивно мислење и од Државното правобранителство“, изјави министерот Сугарески.На оваа атрактивна локација и МПЦ ќе добие станови и деловен простор, како замена за земјиштето што го дале на инвеститорот. Велат дека тие не учествуваат во купување на никакво државно земјиште, ниту пак ќе учестуваат во градењето на таа локација.

Скопје | пред 7 години

ruskoska

Обвинителката Русковска тврди дека се уште не е утврдено како побегнал Груевски

Дел од доказите ги имаме веќе обезбедено, а добар дел уште чекаме да се соберат. Со 100% сигурност се уште немаме утврдено како побегнал Груевски. Ги побаравме снимките од граничните премини на Албанија, Црна Гора нормално дека се побарани снимките и од нашите гранични премини, посочи Вилма Русковска, Претседател на обвинителство за организиран криминал при гостување на емисија „Правда и неправда“ на 1ТВ. Русковска правдајќи се образложи дека не доцнат институциите, надлежните служби во Албанија и во Црна Гора имаа многу полесна задача.Дека дошол престојувал таму дека на тој граничен премин влегол, на тој излегол. Тоа е многу поедноставно, многу помалку време бара за да се утврди тоа. Многу повеќе време треба да утврдиме кога, на кој начин, како и со која помош стигнал до Албанија. Сега се обезбедени снимките т.н Save city станува збор за камери кои што се по улиците од градот и тоа е многу обемен материјал и ќе треба извесен период да се изнанализира и да се извршат тие проверки. Не сметајќи ги снимките од гранични премини итн.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

По двајца наставници на час, помладите ќе учат од поискусните додека предаваат, најавува заменик-министерот Петар Атанасов

Со промените е предвидено пет-шест наставници во секое училиште да работат како подучувачи со тоа што ним ќе им биде скратен бројот на часови. Се размислува и да се наградат со 10 отсто поголема платаНаставниците со над дваесетгодишно искуство ќе бидат на часовите со нивните помлади колеги и ќе им укажуваат како се предава и како се учат ученици, соопшти за Деца.мк заменик-министерот Петар Атанасов. Според очекувањата, овој закон треба да се усвои во јуни, а ако тоа се случи, ќе почне да се применува од следната учебна година.– Потрошени се 20 години, милиони евра за обуки за наставници од кои нема никаков резултат. Сега идејата е обуки да се прават на самото работно место. Грешката била системска, наставниците сме ги ваделе надвор од училиште за да одат на обуки, на кои им зборувале странци, домашни експерти, па повторно сме ги враќале во истиот систем, каде што не се спроведувало наученото од обуките. Со промените е предвидено пет-шест наставници во секое училиште да работат како подучувачи со тоа што ним ќе им биде скратен бројот на часови. Откако ќе седат на час со помладите колеги, потоа ќе го анализираат часот, ќе прават рекапитулар, како е предадена лекцијата, зошто, на пример, применувал само испрашување и слично – објаснува Атанасов.Не се виновни само учебниците, никој не работи на квалитетот на наставатаСо пренесувањето на стручноста во училиштето, верува Атанасов, децата и родителите ќе бидат позадоволни. Тие додека се на училиште мора да учат нешто. Не може само да им се прераскаже лекцијата и потоа дома да учат. Тој вели дека позицијата на наставниците мора да се зајакне, тие мора да се ослободат од сите административни работи и да се насочат кон образовниот процес и квалитетот на наставата.– Нам ни требаат квалитетни часови, а не притисоци и контроли како што било во минатото. Во училиштето мора да постои структура што ќе се занимава со квалитетот бидејќи не се само учебниците виновни, не се само младите наставници виновни за неквалитетното образование. Во самите училишта ќе има обезбедување и градење квалитет. Ако стручната служба помага за менаџмент, за проблеми, тогаш наставникот со искуство ќе му помага на својот помлад колега – вели Атанасов.За 10 отсто поголема плата за обучувачите?Сè уште нема одлука, но се размислува наставниците-ментори да се наградат со 10 отсто повисока плата.– Тие наставници треба да бидат наградени, а тоа ќе биде стимулација за нив. Тој наставник ќе оди, на пример, и во некое подрачно училиште, па така неговите знаења пошироко ќе се пренесат и искористат – додава Атанасов.Со законските измени е предвидено да има помал број часови, помалку ученици во една паралелка, а исто така предвидена е и поголема инклузивност на децата со попреченост. Ако се усвои во јуни, од септември ќе се применува. 

пред 7 години

23032638_10213539424347515_1319346324870886347_n

Богдановиќ: Архитектот Кензо Танге замислил 100-катници спроти Холидеј Ин

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, вели дека 50 години е стара идејата да се изградата висококатници на паркингот спроти хотелот Холидеј ин. Идејата, како што вели тој, потекнува од времето на јапонскиот архитект Кензо Танге. Сепак, уверува Богдановиќ, нема да дозволи градба по вкус на инвеститорот.-Нашата задача е посебно со тој план да има намалување на висината и правење зелена површина. Сакам само јавно да кажам, да се знае дека истиот план бил во 2012, а во 2002 се планирани стокатнци. И во време на Кензо Танге, кога правел планот, испланирал таму да има некој вид на блокови – изјави Богдановиќ за Телма.На сите три парцели во „Ново Маало 2“ според постојниот детален урбанистички план од 2012-та, може да се градат 60- катници без ниту еден квадрат зеленило.По овој повод денеска реагираа и од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“.„Одлуката на владата да го продаде земјиштето со цел да се изградат 60 – катници е противуставна исто како и изградбата на трговскиот и станбен простор од страна на „Лимак“ на Јужен булевар. Во моментов на граѓаните на Центар прегазено им е уставното право да живеат во здрава животна средини (Скопје е најзагаден европски град) и одлуките кои не одат во прилог на воспоставување на нормални услови за живот се противзаконски. За ваквите одлуки владините функционери и локални власти во иднина ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, сметаат активистите на здружението Во одбрана на Дебар Маало.

Скопје | пред 7 години

46897790_2083454451700756_3830857300407484416_o

Шилегов: Продолжуваме со системски и интегриран пристап во подобрувањето на животната средина

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше и се обрати на форумот на тема „Главните градови соочени со проблемите поврзани со животната средина“, што се одржа во ЕУ Инфо-центарот во организација на Францускиот институт во Скопје. Форумот понуди можност за дискусија за проблемите и предизвиците со кои се соочува градот, а кои се однесуваат на загадувањето во зимскиот период, сообраќајот, ширењето на градот, потребата од подобрување на средствата за јавен превоз, напредокот во зголемувањето на зелените површини и слично.- Продолжуваме со нашите намери за обезбедување системски и интегриран пристап во подобрувањето на животната средина во Скопје. Ваквиот пристап покрај активностите преземени од централната и од локалната власт подразбира и активно вклучување на граѓанските организации, академијата, бизнис заедницата, медиумите, неформалните иницијативи и други заинтересирани страни. Изминативе 12 месеци Градот посветено работи на подобрување на животната средина, а во најголем дел на намалување на загаденоста на воздухот, на водите и почвите, и на намалување на бучавата. Како што ветив во својата изборна програма, поднесовме апликација за престижното признание „Европска зелена престолнина“ во 2021 година, која Европската комисија и официјално ја прифати. Апликацијата содржи опширни одговори на прашања за постојната состојба со животната средина во градот, минатите активности во оваа област и плановите и чекорите што ќе ги преземе Град Скопје до 2021 година во 12 индикатори (показатели), и тоа: ублажување на климатските промени, приспособување на климатските промени, одржлива урбана мобилност, одржлива употреба на земјиштето, природа и биодиверзитет, квалитет на воздух, бучава, отпад, води, зелена површина и еко-иновација, енергетски перформанси и управување. Покажуваме стратешка определба да преземеме конкретни чекори за почиста и поздрава животна средина. Јасно се гледа појдовната позиција на градот пред една година кога јас ја преземав функцијата градоначалник, и напредокот кој го имаме изминативе 12 месеци во градот за подобрување и развој на Скопје. Признанието „Европска зелена престолнина“ не се однесува само на зеленилото, тоа е начин на функционирање на градот - алтернативниот превоз, енергетската ефикасност, транспортот и сите други мерки што ги преземаме за подобрување на животот на граѓаните. Во наредниот период ќе бидеме под засилен надзор, очекувам дека нашата стратегија за поздрава и почиста животна средина ќе наиде на позитивно мислење во Европската комисија. Самото прифаќање на нашата кандидатура од Европската комисија е сериозен показател дека Скопје е на добар пат да ги надмине проблемите во кои живееме – рече денеска Шилегов.Шилегов додаде дека сме соочени со децениски проблем на загадување на воздухот, особено во зимскиот период и почетокот на грејната сезона.- Најголемите градови во Македонија влегуваат во групата на најзагадени градови во Европа. Граѓаните во тој период се изложени на воздух со рекордни количества ПМ10 честички. Децениската апсолутна негрижа кон животната средина донесе енормно загаден воздух, масовна сеча на дрвја, уништување на заштитените подрачја и општо недомаќинско однесување со природата – нагласи Шилегов.  Во изминатиов период Градот Скопје презеде низа мерки за намалување на  загаденоста на воздухот.- Воспоставивме систем на засилен комунален надзор и надзор за заштита на животната средина од недозволените палења на отворени огнови што учествуваат со сериозен дел во процентот на загадувањето. Оваа есен ја продолжуваме акцијата за зазеленување на градот. Предвидено е да се засадат 3.500 висококвалитетни повеќегодишни листопадни садници. Овој пат во фокусот е обновување на постојните дрвореди и подигање нови на Бит-пазар и во Ѓорче Петров. Изминатиов период уредивме нови паркови и скверови. Постепено го исполнувам она што им го ветив на граѓаните пред една година дека во својот мандат ќе го вратам загубеното зеленило во градот – рече Шилегов.Градот Скопје заедно со Министерството за внатрешни работи во изминатиов период иницираше измена на законот каде што при техничкиот преглед за регистрација на возила секое возило ќе добие еколошка налепница, за да може потоа административно да се исклучуваат возилата од сообраќај кои реално придонесуваат во загадувањето на воздухот.- Ова е една од 39-те мерки против загадувањето на воздухот кои беа широко поддржани од јавноста. Греењето среднорочно ќе го решиме со гасификацијата, во рамки на ингеренциите коишто ги имам како градоначалник на Град Скопје. Формиравме градско претпријатие за гас и парно. Ќе стимулираме приклучување кон топлификациската мрежа на што е можно повеќе домаќинства, тие коишто се откажале или никогаш немале парно греење. Доделуваме субвенции за велосипеди, електрични тротинети, печки на пелети, чистење на оџаци. Овозможивме обука за 20-тина нови оџачари. Овозможуваме бесплатен јавен превоз во денови на енормно загадување. Обезбедивме средства за 30-40 нови еко-автобуси. Ја подобривме и проширивме мрежата на велосипедски патеки од вкупно 12 километри. Воведовме бесплатен автобуски превоз за сите средношколци и бесплатни автобуски линии на Водно – потенцира Градоначалникот.Во изминатиов период во Скопје се исчистени 350 диви депонии, се воведе рачно миење на улиците, расчистени се три диви населени локации во центарот на градот, започна процес на јавна набавка на нови контејнери и возила за собирање смет,  уредени за 50% повеќе зелени површини во споредба со минатата година, реконструирани се фасадите на 11 средни училишта во градот, заменет е филтерот на инсенераторот за медицински отпад на депонијата „Дрисла“, инспектори вршат контроли на сите инсталации што подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола, а се врши и снимање со дрон за потребите на инспекторатот на Град Скопје.- Ова се само дел од активностите кои ги преземавме изминатава година, а кои влијаат на намалување на загаденоста на воздухот. Индустриските капацитети во градов работат по утврдени европски стандарди и според сите студии истите имаат многу низок удел во загадувањето на воздухот. Вперувањето со прст во индустријата како главен причинител на загадувањето е дефокусирање од реалниот проблем кој во голем дел го загадува воздухот, а тоа се домаќинствата кои се греат на цврсти горива  и неисчистените оџаци. Во Скопје има над 60.000 домаќинства кои се греат на ваков начин. Од 39-те мерки за борба против загадувањето, во изминатава година остваривме 17, започнавме 12 мерки, пет не се надлежност на Градот и пет се неостварени. Остана ли нешто што сме го дискутирале и е применливо, а градската администрација не го преземала? Ова прашање би сакал да го поставам пред присутните на овој семинар, но и пред пошироката јавност. Посветени сме на нашите заложби за чист воздух и здрава животна средина. Тоа ќе биде наш приоритет во идниот период, бидејќи нема ништо поважно од здравјето на граѓаните и нема ништо поважно од здравјето на нашите деца – рече Шилегов.На денешниот форум пред присутните се обратија и амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

Скопје | пред 7 години

46954050_397406447469435_7066080440192335872_o

Општина Гази Баба го презема работењето на добиточниот пазар

Општина Гази Баба им излезе во пресрет на сточарите кои беа оставени на улица да го продаваат својот добиток. Јавното комунално претпријатие” Гази Баба 2007” од денеска започнува со вршење на основната дејност односно бесплатно влегување и наплата, додека останатите работи и понатаму ќе ги вршат соодветни органи.Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски соопшти дека за овој чекор го известил и општинскиот совет кој треба да даде зелено светло за целосно комплетирање на документацијата која треба да ја поседува ЈКП Гази Баба 2007.Според него, добиточниот пазар ќе остане на истата локација, а општина Гази Баба, преку ЈКП Гази Баба ќе се залага за да ги подобри условите и третманот за стопанисување, да обезбеди основи како во лето така и во зима, а особено обезбедување на хигиена и третман на животните. Георгиевски вели само со изнаоѓање на трајно решавање на проблемите, граѓаните ќе бидат задоволни.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања