„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

Скопје1.мк

Нема фотографија

(ВИДЕО) Макрон „на колена“ пред демонстрантите - даноците за гориво ќе се ревидираат на секои 3 месеци

Францускиот претседател Емануел Макрон , предложил ревизија на даноците за горива на секои три месеци, со цел да се земат во предвид промените на светскиот пазар. Со оваа постапка претседателот сака да ги ублажи насилните протести кои се случуваат низ земјата и кои очигледно го изненадија.Покрај со демонстрациите низ земјата, Макрон се бори и со неговиот брз пад на популарноста. Многу обвинувања стигнаа на негов адреса од моѓните светски лидери, а тое е дека постапките кои ги превзема не се во склад со брањата на неговите избирачи.Во едночасовното обраќање за енергетската политика кое го имаше претседтелот, тој се осврна на протестите „жолти прслуци“. Тој вели дека поради уличното насилство нема да се откаже од иницијтивата за транзиција према чиста енергија.https://twitter.com/i/broadcasts/1jMJgOWAzneJL

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Започнуваат Божикните пости

Од денеска почнува Божикниот пост. Божикните пости се период кои му претходи на празникот Рождество Христово. Трае околу 40 дена и според црквата се нарекува исто така „Филипов пост“, бидејќи започнува после 27 ноември – денот на споменот на Апостол Филип.Православната црква запишала дека Божикниот пост е востановен за верниците да можат во пресрет на Рождеството Христово, да се очистиат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи Му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.Во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето. Освен тоа, Уставот вели дека во понеделник, среда и петок во Божикниот пост не се јаде риба, вино и масло и дозволено е само примање на храна без масло.Во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло.Рибата за време на Божикниот пост е дозволена во саботните и неделните, како и на големите празници, каков што е празникот „Воведение во храмот на Пресвета Богородица“, а исто така и на храмови празници и деновите на големите светии, но само доколку тие празници се паднат во вторник или четврток. Доколку празникот се падне во среда или петок се разрешува на вино и масло.Од 2 јануари до 6 постот се засилува и во тие денови, дури и во сабота и недела рибата не е благословена, потенцираат црковните правила.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ќе се набават еколошки автобуси за 12 милиони евра

Владата на денешната седница го усвои предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на набавката на нови автобуси за Град Скопје (ЈСП), кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, соопшти Владата.– Вкупниот износ на проектот е 12 милиони евра, од кои 10 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБОР, додека 2 милиони евра ќе бидат обезбедени од буџетот на ЈСП Скопје. За средствата во износ од 10.000.000 евра заемопримач ќе биде ЈСП Скопје, а Република Македонија ќе издаде државна гаранција, стои во соопштението.Од Владата додаваат дека одлуката е донесена тргнувајќи од состојбата со возниот парк на ЈСП Скопје како исклучително скап за одржување и кој е еден од факторите за загадување на животната средина, односно на воздухот во градот. Со предвидената набавка се планира да се набават нископодни автобуси кои работат на компримиран природен гас, со голема економска исплатливост и еколошка предност во учеството на намалувањето на аерозагадувањето.

Скопје | пред 7 години

robert-popovski

Министерот Поповски апелира Академијата за судии и јавни обвинители да обезбеди јавност при изборот на директор

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, следејќи ја реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), апелира до Академијата за судии и обвинители да обезбеди јавност во својата работа и при изборот на директорот во согласност со начелата утврдени во Статутот за работа на Академијата.Според министерот Поповски, јавното и транспарентно работење значи и одговорно работење, при што неопходно е на претставниците на медиумите да им се овозможи пристап до информации, меѓу другото, и преку обезбедување јавност на седницата за избор на директор на Академијата.

Македонија | пред 7 години

maja-kocijancic

Брисел ја повика Приштина веднаш да ја повлече одлуката за даноците

Портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчич уште еднаш порача дека косовската влада треба веднаш да ја повлече одлуката за подигање даноци на стоката од Србија и Босна и Херцеговина. Коцијанчич рекла дека ЕУ е запознаена со денешните оставки на четворица градоначалници на српски општини.Таа нагласила дека уште на почетокот, ЕУ била јасна во ставот дека даноците од 100 проценти на стоки од Србија и БиХ е кршење на договорот со Цефта и Договорот за стабилизација и придржување меѓу ЕУ и Косово.„Властите на Косово мораат веднаш да ја повлечат одлуката за овие мерки. Сите акции, мерки и изјави кои се провокативни и навредливи и не придонесуваат во целта за нормализација на односите“ порачала Коцијанчич.

Свет | пред 7 години

kosovo-srbi

Четворица српски градоначалници на Косово, поднесоја оставки

Градоначалниците на четирите српски општини на Косово поднесоа оставки поради , како што наведуваат ,, кршење на човечките и економските права на Србите.” Косовските градоначалници најавија прекин на секаква комуникација со властите во Приштина.Косовскиот премиер Рамуш Харадинај пак не сакал да го коментира овој потег. Тој најавил дека утре ќе ги коментира оставките на градоначалниците во северно Косово, затоа што, како што рекол денеска е „зафатен со други задачи“.Во Косовска Митровица во тек е протест на Србите поради, како што велат, срамните потези на Приштина и апсењата на Србите во градот.На протестот присуствуват голем број граѓани на северниот дел на Митровица, на кои прв им се обрати сега веќе поранешниот градоначалник на Косовска Митровица Горан Ракиќ, или еден од четворицата кои денеска поднесоја оставка.

Свет | пред 7 години

gruevski-mala

Собранието му го одзеде имунитетот на Груевски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата

Собранието со 62 гласови „за“ од вкупно 63 пратеници ,попладнево му го одзеде имунитетот на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за шест судски предмети, за кои е побаран притвор. Станува збор за предметите „Титаник“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Насилство во Општина Центар“, во коии Груевски е обвинет и за уште две истраги во кои е осомничен. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седница.Груевски избега во Унгарија откако на 9 ноември требаше да се пријави во затворот во Шутка на одлежување на двегодишната затворска казна во предметот на СЈО „Тенк“ и доби азил од тамошните власти на 20 ноември.

Скопје | пред 7 години

mormari-ukrainski

„Намерно ги игнориравме руските предупредувања“, проговорија уапсените украински морнари

Руската телевизија емитуваше снимка на која се гледаат украинските морнари , кои од неделата се во притвор , по инцидентот во Керчкиот мореуз , поради што односите меѓу двете земји се на раб на војна.„Граничната служба на Русија не предупреди дека ги кршиме руските закони. Повеќе пати ни кажаа да ги напуштиме руските територијални води, но ние не ги послушавме“, вели еден од украинските морнари.https://www.facebook.com/vesti.ru/videos/684201968640502/Заповедникот на украинската морнарица тврди дека ваквите изјави морнарите ги дале пред руските медиуми под притисок.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим, поради протестот на ВМРО - ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре поради закажаниот протест на ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје.– Утре од 17 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот „ВМРО“, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на Влада – се вели во сooпштението.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 7 години

pristaniste-1

Потребна санација на пристаништето во Охрид

Пристаништата во Охрид и св. Наум треба да се санираат. Видно е дека е нарушена нивната статика, а од фотографиите може д види дека истите можат да претставуваат и опасност за минувачите. Пристаништата во Охрид и Свети Наум градени пред втората светска војна.Наодамна од капетанијата на пристаништата на Македонија најавуваа дека предвидено е да се поставуваат големи камени блокови од надворешната страна кои во случај на невреме ќе ја намалат силината на брановите.Првиот човек на Охрид пак, градоначалникот Јован Стојаноски најави реконструкција и поставување на валобрани за заштита на кејот и малото пристаниште .

Македонија | пред 7 години

zagaduvanje-2

„Никој не може повеќе да ја сака ќерка ми од мене, ви гарантирам воздухот ќе биде чист“- вели Макрадули

„Потребно е да се лоцираат вистинските извори на загадувањето за да се применат соодветни мерки, за Македонија да не биде на врвот на листата на најзагадени држави во Европа, како и во светот. Борбата против загадувањето на воздухот да не се сведе на партиски препукувања и мора да се постигне општествен и национален консензус по тоа прашање“, ова се дел од заклучоците од јавната расправа на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, на која се дискутираше за загадувањето на амбиенталниот воздух, по предлог од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.Скопскиот градоначалник Петре Шилегов рече дека откако дошол на градоначалничката фунцкија, наследил запуштен град без концепт за решавање на проблемот со загадувањето. Тој посочи дека 53 отсто од загадувањето на воздухот произлегува од неорганизираното затоплување на домовите на граѓаните во Скопје, при што, како што рече, 70.000 домаќинства се надвор од организираниот систем на греење, 22 отсто од загадувањето на воздухот е предизвикано од сообраќајот, додека останатото е индустриската и градежната активност.– Градот Скопје има обврска да спроведува инспекциски надзор, кој се загадува. Градот имаше само тројца инспектори кога дојдов лани, а сега има 18. Немаше инспекциски надзор во Скопје, се сведуваше редарите да пијат кафе во кафулињата низ Скопје. Сега секој редар во град Скопје има ГПС каде се движи. Имаше 19 обезбедувачи и 11 возачи, и нормално со таков потенцијал градот не може да обезбеди механизам на надзор, рече Шилегов.Во моментот, додаде тој, Градот подготвува 12 кривични пријави за диви отпади, а во изработка е и закон за комунална полиција, при што планирано е да се вработат 150-200 комунални полицацајци, кои ќе имаат ингеренции какви што ќе одлучат во Собранието при изгласување на законот, а ќе се движат од погрешно паркирање до фрлање отпад.Првиот човек н Град Скопје, Шилегов, за кандидатурата на Скопје за зелена престолнина, рече дека апликацијата мери 12 показатели – ублажување на климатски промени, приспособување на климатски промени, одржлива урбана мобилност, одржлива употреба на земјиште, природа и биодиверзитет, квалитет на воздух, бучава, отпад, зелени површини, еко иновации…Јани Макрадули, заменик-министер за животна средина, рече дека податоците дека Македонија е најзагадена држава се однесуваат на 2015 и 2016 година. Посочи дека е штетно да се создава паника меѓу населението во однос на загадувањето, посочувајќи го примерот од неодамна кога мерната станица во Ѓорче Петров покажувала 1.990 пм честички на метар кубен, што очигледно како што рече, се работи за грешка.Рече дека годишно се трошат 1,1 милиони кубни метри дрва за затоплување во земјата, а за загадувањето на воздхуот придонесуваат и неконтролираните градби во општините. Истакна и дека буџетот во Министерството за животна средина од 393 милиони на крајот на 2016 година, сега изнесува 550 милиони евра, наменет за различни програми.Макрдули наведе некои точки од планот за чист возгух, меѓу кои нови 10.000 приклучоци на парно греење, 20.000 домаќинства да го сменат затоплувањето на еколошко, 15.000 нови садници, како и 1.700 садници во сите градинки во Скопје.„Ја прифаќам бико која критика, свесен сум за одговорноста и секоја критика, само немојте да ме убедувате дека некој друг може повеќе да ја сака ќерка ми од мене. Затоа воздухот, бидејќи е ист, ви гарантирам ќе биде чист“, посочи Макрадули.Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека е скандалозно само 750.000 евра од, како што рече, досега најголемиот буџет во историјата на РМ, да се одвојат на борба против амбиенталниот воздух, додека трошењата за стоки и услуги се зголемени за 200 милиони евра, и сега ќе изнесуваат 750 милиони евра.„Борбата против загадувањето се редуцираше само на 18 мерни станици, министерот за екологија со месеци и години не дал изјава, а Куманово, Скопје и Тетово и натаму остануваат најзагадени градови во земјава“, истакна Ѓорчев.Тој оцени дека е поразителен податокот дека Македонија е најзагадена држава во Европа, наспроти сите ветувања пред изборите, што ги дала сегашната гарнитура на власт.Активистката за заштита на животната средина од Пробиштип, Светлана Станојковска, Апелираше на итно носење на Законот за почви и на Законот за минерални суровини, повикувајќи или цел град да се исели, или да се дислоцира тешката индустрија. Додаде оти јапонска организација направила студија за загадувањето на градот, што била толку поразителна оти никој сега не сака да разговара за тоа, од невладината Екосвест, истакнаа дека еден милион евра за загадувањето не се доволни. – Само 15 милиони евра, се собираат од регистрациите на возилата, тврдат од таму.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Дрога и оружје откриени во куќи во Кучково и Скопје

Дрога, пиштоли и бомба биле пронајдени во две куќи во село Кучково и во Скопје.Според информациите на МВР, пред една недела, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на две локации. При првиот претрес во село Кучково во викендичка сопственост на Ж.Ѓ. биле пронајдени и одземени кеса со марихуана, еден пиштол, еден сигнален пиштол, куршуми различен калибар и една рачна бомба.При вториот претрес извршен на улица Милан Зечар во Скопје, каде што престојува лицето Г.Ѓ., син на Ж.Ѓ., биле пронајдени и одземени марихуана и 29.000 денари.По извршените претреси, двете лица биле приведени и задржани во полициска станица.

Македонија | пред 7 години

kicevo-1

По примерот од Струга и Кичево „не е“ во Македонија?

По примерот од Струга, денеска и во Кичево се вејат само албански знамиња, пред утрешната прослава на албанското знаме. И Кичево како и Струга е мултиетнички град, во кој треба да има соживот, без разлика на вера и нација.Прашуваме, дали првите луѓе на овие градови знаат дека истакнување само на албански знамиња, без притоа да се стави знамето на Република Македонија, државата во која живееме е спротивен на законот?Останува да видиме дали воопшто некој ќе реагира, освен новинарите?

Македонија | пред 7 години

jnakievski-bozinovski

Јанакиески и Божиновски остануваат во притвор - апелација ги одби жалбите

Поранешниот министер за транспорт и врски  и поранешниот генерален секретар на Владата Миле Јанакиески и Кирил Божиновски,  остануваат во притвор. Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни седници донесе одлуки со кои жалбите на обвинетите изјавени преку нивните бранители ги одби како неосновани и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје I Скопје, со кои на обвинетите им е определена мерка притвор, соопштуваат од Апелацискиот суд Скопје.Обвинетите вчера на јавна седница пред судиите во Апелација побараа укинување на притворот.Божиновски пред судиите посочи дека нема намера да бега, а како доказ за тоа го посочи тоа што 17 месеци ги почитува мерките на претпазливост определени од судот. Според Јанакиески, при определувањето на мерката притвор институциите ги прекршиле законите, конвенциите и човековите права, како и дека СЈО требало да направи проверка со кабинетот на претседателот Иванов и да бидат проверени снимки од безбедносните камери за посетите кај претседателот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

НАСА ја објави првата фотографија од црвената планета - ова е МАРС

Роверот InSight на НАСА вреден 1 милијарда долари успешно слета на Црвената планета по неизвесни „шест и пол минути ужас“ додека поминуваше низ атмосферата на Марс каде беше подложен на вистински пекол од над 1.650 степени Целзиусови.Сондата InSight, на која експерти од НАСА работеа речиси десет години и на која се потрошени околу 850 милиони долари, вчера околу 21 часот успешно слета на површината на Марс. Денес НАСА гордо ја објави и првата фотографија која ја направи камерата на леталото од површината на Марс од пределот наречен Елизиум Планиција, односно висорамнина во близина на екваторот на Марс.Патувањето од Земјата до Марс траеше шест месеци и сондата на тој пат помина 548 милиони километри. На површината на Марс ќе остане две години и притоа ќе мери сеизмички активности и ќе собира податоци за температурата во надеж дека тие податоци ќе ја откријат тајната за настанувањето на Црвената планета и евентуално ќе даде одговор на вечното прашање – има ли живот на Марс и дали некогаш имало живот.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Кривична пријава за жител од Лабуништа, се заканувал дека ќе објави интимни фотографии за да заопочне љубовна врска

Жител на струшкото село Лабуништа ѝ се заканувал на девојка дека ќе објави компромитирачки фотографии од неа ако не почне љубовна врска со него.Според информациите на МВР, против А.Н.(33) од село Лабуништа е поднесена кривична пријава за уцена.„Во текот на годинава пријавениот во повеќе наврати ѝ се заканувал на девојка од село во Струшко дека доколку не прифати да биде во љубовна врска со него, ќе објавел фотографии од неа со компромитирачка содржина“, велат од полицијата.

Македонија | пред 7 години

brodovi

Во десет региони во Украина, од денеска воена состојба

Украинскиот парламент вчера одобри воена состојба со почеток од вторник во десет од вкупно 27 региони во земјата. Претседателот Петро Порошенко рече дека воената состојба ќе помогне да се „зајакнат украинските одбранбени капацитети во услови на се поголема агресија и според меѓународното право ладниот акт на агресија од страна на Руската федерација“. Тој додаде дека Украина има намера „да продолжи да се придржува до сите меѓународни обврски“.Според Русија воената состојба во Украина ќе ги разгори непријателствата во источна Украина.За потсетување Русија отвори оган на украински воени бродови во Црното море во неделата, обвинувајќи ги дека навлегле во нејзините територијални води. По овој чекор, Амбасадорката на САД во Обединетите нации Ники Хејли ја осуди Русија за „нарушувањето на суверенитетот на украинската тетриторија“.

Свет | пред 7 години

orban-2

Орбан негира дека се среќава со Груевски

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги негираше информациите дека се сретнал со поранешниот премиер Никола Груевски, кој минатата недела соопшти дека го стекнал правото на политички азил во Будимпешта. Орбан, одговарајќи на прашањата на опозицијата во Собранието дали се сретнал со Груевски, рече дека немал време да дише, а не пак да се сретне со Груевски.Сепак, Орбан повторно му се заблагодари на Груевски за затворањето на имиграционата рута и додаде дека поранешниот премиер на Македонија бил жртва на меѓународен прогон на организациите на Џорџ Сорос. Орбан, сегашната ситуација во Македонија ја опиша како земја во која се случуваат политички игри и каде е вмешано и владеењето на правото.

Свет | пред 7 години

mitko-janev

Јанчев: Ќе му помогнеме на Заев против Мицкоски

Митко Јанчев, доскорешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, за ТВ24 изјави дека тој и Никола Тодоров ќе му помогнат на премиерот Зоран Заев против опструкциите кои ги планира лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој според него, имаат за цел да ги саботираат уставните измени.Градоначалникот на Кавадарци потврди дека во саботата во Струмица заедно со екс-министерот за здравство Тодоров се сретнале со Заев на негово барање и пеле кафе.„Ветивме помош против опструкциите од страна на Христијан Мицкоски во делот на уставните амандмани во интерес на државата. Тоа ќе биде транспарентен процес без задни намери за никого. Јас како Митко Јанчев очекувам што повеќе пратеници да се вклучат во процесот на уставни измени се со цел да се подобри Договорот од Преспа и да се зајакне идентитетот за доброто на сите граѓани на Р.М.“ - вели Јанчев за ТВ 24.На средбата на Заев со двајцата исклучени неодамна исклучени од својата матична партија воопшто не бил споменат притворот на Сашо Мијалков, вели тој. За него, тоа е процес кој го водат правосудните институции и во кој тој и Тодоров немаат намера да се мешаат.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Обвинетите пратеници за „27 април“ се откажаа од давање исказ пред судот

Обвинетите пратеници Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски се откажаа од давање одбрана пред Судот на денешното рочиште за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.Адвокат на Крсто Мукоски, на почетокот на денешното рочиште рече дека, на 19 ноември ги повлекол сите поднесени материјални писмени докази, како и дека обвинетиот нема да дава исказ пред судот.На прашање од судијката Кацарска, адвокатот Дончо Наков рече дека обвинетиот Љубен Арнаудов нема да дава одбрана, како и дека трите предложени видео снимки целосно се поклопуваат со веќе изнесените од обвинителство, додека писмени докази немаат воопшто поднесено.Одбраната на обвинетиот Љупчо Димовски, рече дека тој нема да дава исказ пред судот, но дека останува на изведување на поднесениот видео материјал, по што во судница беа пуштени неколку видео снимки од гестикулација на обвинетиот Љупчо Димовски во емисии и гостувања, за кои одбраната рече дека се исти или слични со посочените од обвинителството.Бранителот на обвинетиот Јохан Трачуловски рече дека тој нема да даде исказ и дека ги повлекуваат сите предложени докази од листата на докази.Судијката Кацарска го предупреди адвокатот на обвинетиот Митко Чавков дека судот на неколку пати ги известил оти нема да прифати докази поднесени после 21/08/2018 година и дека нема промена на тој став.Откако судот не ги прифати доказите доставени од одбраната на Чавков, неговиот адвокат рече дека штом се дозволуваат само сведоци кои судот вика дека се навремено предложени, тогаш ги повлекуваат тројцата предложени сведоци.Претходно исказ пред судот даде единствениот сведок предложен од одбраната на Мукоски, Марија Ангелова, која била пратеничка во Собранието од 2014 до 2016 година и учествувала на протестите пред Собранието на 27 април 2017 година.За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Шилегов играше видео игри на расправата за загадувањето на воздухот

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, беше забележан како игра игри на својот мобилен телефон на комисиската расправа денеска за аерозагадувањето. Шилегов беше снимен oд рпеортерите на Пресинг.тв како реди нивоа на играта додека на говорницата зборуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Ѓорчев.Јавната расправа на која се дискутираше за загадувањето на амбиенталниот воздух, беше предложена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.Видео: Пресинг ТВ

Скопје | пред 7 години

Filipce-Trombi-operacija-1

Филипче го прекина уживањето во министерувањето и се фати за скалпелот ?

Доста беше уживање, време е за оперирањеИ покрај тоа што во интервју за Скопје1.мк министерот Венко Филипче рече дека воопшто не му недостасува операционата сала и дека како што кажа ужива во министерувањето, тој повторно се фати за скалпелот и вчера за првпат во Македонија е извршена механичка тромбектомија кај 70 годишен пациент, кој доживеал мозочен удар. Станува збор за многу сериозен и сложен зафат на мозокот, каде се случил ударот, предизвикан од тромб – згрутчување на крвта – соопшти Министерството за здравство.Во тимот кој ја извршил интервенцијата е и првиот лекар во земјата, министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, инаку неврохирург, заедно со колегите  неврохирурзи, невролози, радиолози и анестезиолози.-Пациентот е спасен од сигурна смрт. Тимот доктори, кои првпат досега во нашата држава го извршија овој успешен зафат го сочинуваат: доц. д-р Венко Филипче, д-р Менка Лазаревска, д-р Вјолца Алији и д-р Петар Јаневски, невролозите д-р Јасна Петреска, д-р Ана Донева и д-р Драгана Цветковска, како и анестезиолозите д-р Јасна Бушиновска и д-р Ида Теменугова – појаснија надлежните.Министерот Филипче изјави дека досега во Македонија не е извршен ваков зафат.– Станува збор за многу сложена и тешка операција на крвните садови во мозокот. Операцијата е направена само на неколку часа од ударот, успеавме да го извадиме тромбот и да го спасиме пациентот. Овие таканаречени „удари“ често се фатални за пациентите и д. Со оваа интервенција, која првпат се примени во Македонија, застанавме рамо до рамо со светските медицински центри – вели Филипче.

Скопје | пред 7 години

Zoran_Zaev

Заев: Нема да се кандидирам за претседател

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на Република Македонија на претстојните претседателски избори, додавајќи дека би сакал да го заврши целиот премиерски мандат.„Одговорноста пред граѓаните и моите ставови се дека треба да се истера цел мандат, да се даде шанса на економијата, да се даде шанса на реформите, на целиот овој процес, конечно Македонија заслужува еден цел мандат“, рече Заев.

пред 7 години

Нема фотографија

Мицкоски: Ова е црно време за економијата, реализацијата на капитални инвестиции е историски најниска

– Нови поразителни факти за црното владеење на Владата. Големи ветувања, никаква реализација. Во месец јули премиерот Заев запрашан за ниската реализација на капиталните инвестиции одговори “човек треба да биде слеп за да не ги види капиталните инвестиции”. На крајот на минатиот месец рече дека капиталните инвестиции ќе растеле. Демантот стигна вчера каде од извештајот за макроекономските показатели може да се види дека за полни 10 месеци реализацијата на капиталните инвестиции е поразителни и историски најниски 32% пред да се направи ребалансот на буџетот (односно со ребалансот изнесуваат очајни 41% за цели 10 месеци), пишува лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.– Човек не треба да биде слеп, како што вели Премиерот, ниту премногу да познава економија за да се види дека оваа влада не работи ништо и има историски најнизок процент на реализација на капитални инвестиции. Тоа е како да одвоите пари за изградба на куќа, а не можете да стигнете ниту до пола. Пари има, ама работа нема.– Овој историски најнизок процент на реализација на капитални инвестиции значи дека владата и министерствата не работат ништо. И ова е одговорот на прашањето зошто за година и пол владеење оваа влада нема ниту еден свој капитален проект кој го реализира, нема изградено ништо, затоа што нема сработено ништо. Немањето капитални инвестиции значи и дека стопанството и бизнисот е замрзнат, додека тендерите на власта и нивните потесни бизниси работат одлично. Црно време за економијата, уште поцрно за граѓаните, додава Мицкоски. 

Македонија | пред 7 години

grujo-1

Груевски преку е-пошта го известиле дека ќе му го одземаат имунитетот

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, преку е-пошта бил известен дека е почната постапка за одземање на неговиот пратенички имунитет.Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски, рече дека пратеникот Груевски бил известен преку електронска пошта, преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.Во законодавниот дом, Талат Џафери денеска закажа седница во 17 часот за имунитетот на Груевски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања