„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

Скопје1.мк

trcat-1

Претставници од "Охрид трчаТ" во работна посета во Скопје

Преставници од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ која е организиратор на Атлетската манифестација Охрид трчаТ имаа работна посета во Скопје, со поддржувачите на најголемиот спортски настан, кој годинава се одржа во Охрид. Охрид трчаТ со посебни признанија им се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт, Тотал ТВ, Атлетската федерација на Македонија и спортскиот медиум „Екипа.мк“ за поддршката и соработката. Асоцијацијата на работната средба им го престави завршниот извештај од второто издание од Охрид трчаТ во печатена форма и плановите за следното трето кое ќе се одржи на 2 јуни следната година. Второто издание на Охрид трчаТ ги импресионираше сите, вкупно имаше 1 100 учесници и викендот беше вистински спортски празник во Охрид. 

Македонија | пред 7 години

sugareski

Сугарески: Сѐ е законски со парцелата кај Холидеј ин, треба да дадеме согласност за градење

„Се е законски со парцелата. Окрупнувањето на земјиштето е направено согласно Законот за градежно земјиште, а цената на квадратен метар е формирана врз основа на Уредбата за висината на цената на градежното земјиште во сопственост на државата. Инвеститорот поседуваше 30 отсто од земјиштето и според законот има право да ја дооформи парцелата“,   истакна денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.Сугарески рече дека се натаму е во надлежност на Општина Центар, по што Министерството за транспорт и врски треба да даде согласност за градење.Државата на паркингот поседувала 9.048 квадратни метри и на инвеститорите ДТПУ М.Г. Фешн ДОО увоз-извоз Скопје и ТДГ ОБНОВИТЕЛИ ДОО Скопје им го продала по цена од 312 евра (19.200 денари) за квадратен метар и инкасира вкупно 2.824,740 евра (173.721.538 денари). Вкупна површина на градежна парцела 13.653м2, од која приватна сопственост е 4.605 квадратни метри. Во рамки на парцелата е и отстапениот дел од земјиштето на Македонската православна црква, за кој таа ќе добие станови.Според најавите на парцелата ќе се градат три станбени објекти со по 60 ката.Од општина Центар за медиумите изјавија дека поради мораториумот на деталниот урбанистички план на инвеститорите се уште не им е дадена дозвола за градба.

Скопје | пред 7 години

hazbi-lika

Вицепремиерот Хазби Лика, почнал да оди на работа

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика почнал да се појавува на своето работно место, а присуствувал и на последните неколку владини седници, велат од Владата.Неодамна, премиерот Зоран Заев најави дека веројатно ќе има смени на министри, но не спомна конкретни имиња.Тој алудираше дека одговорност ќе мораат да понесат сите оние што не ги исполнуваат задачите, но и што не доаѓаат на работните места, а земаат плата.„Не размислуваме за реконструкција при вакви сериозни парламентарни процеси. Секако, ако некој министер не доаѓа на влада - логично е дека владата треба да седне да размисли тоа да се промени. Разговараме со коалициските партнери кои споделиле одговорност со нас во делот на другите ресори ако се случат такви потреби, па ако некаде немаме ефекти, знаеме како“, изјави неодамна премиерот Заев.Јавноста го актуелизираше проблемот со вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика, кој со месеци не доаѓаше на „Илинденска“ поради кавга со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Скопје | пред 7 години

mijalkov-1

Одложено рочиштето за „Титаник 2“, Мијалков повторно нема да дојде во Судот

Денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ во кој се обвинети поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, беше одложено.Доколку рочиштето се одржеше, тоа ќе беше прво излегување на Мијалков од затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари, каде се наоѓа веќе девет дена.Причината за денешното одложување беше тоа што Мендух Тачи побарал да оди на прослава на албанското знаме во Тирана.Освен Мијалков и Тачи, во предметот се обвинети уште и Бедредин Ибраими од ДПА, потоа Елизабета Стефанова, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Од маглата над Скопје не се гледа ниту крстот на Водно!

Загадувањето на воздухот во Скопје одамна е алармантно. Скопјани се жалат на непријатен мирис и неможат да дишат, Се зголемува бројот на пациенти со респираторни проблеми, посебно проблем имаат децата, старите и хронично болните лица.Македонија е рангирана за најзагадена земја во Европа со загадување десет пати повеќе од дозволеното, вака започнува прилогот на Еуроњуз. Телевизијата понатаму пренесува дека причината за големото ниво на загаденост е густиот сообраќај и употребата на печките за греење на дрва кои предизвикуваат зголемување на ПМ 10 честичките во воздухот.Град Скопје и инспекциите постојано се на терен со цел да ги откријат загадувачите, но засега конкретното жариште на загадувањето не можат да го лоцираат.Денска пак ќе се одржи Јавна расправа за состојбата со загадувањето на воздухот во Скопје. Расправата ќе се одвива врз основа на информацијата „Енормно загадување на амбиенталниот воздух во Македонија“, која ја подготви пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ минатата седмица.Додека партиите се препукуваат кој е крив и како дозволивме загадување на до олку високо ниво, на глобално ниво Скопје синоќа се искачи на 9 место, односно тој е 9-ти најзагаден град во светот. Прв во светот е градот Бејинг во Кина. Втор е Кабул во Авганистан, а трет е Лахоре во Пакистан.

Скопје | пред 7 години

mijalkov-1

Мијалков денес повторно во судница – прво рочиште по притворот

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков денес за прв пат откако е приведен треба да биде спроведен во Основниот суд Скопје 1 на рочиштето за случајот „Титаник 2“. Обвинетиот Мијалков се наоѓа во притвор во Истражниот затвор во Шутка на барање на СЈО кое тврди дека тој имал намера да бега. Ваквиот предлог беше прифатен од Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 и поранешниот прв човет на УБК пред неколку дена заврши во притворЗа случајот „Титаник 2" обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.Изречениот притвор за Сашо Мијалков според неговите адвокати е политичко, а не правно решение. Во реакцијата адвокатите тврдат дека не постои никаква основа за мерките на претпазливост да бидат укинати и заострени, бидејќи, според нив, не е сменета ниту една околност во однос на моментот кога му се изречени.Во неа уште се наведува дека определениот притвор е незаконски поради фактот што, според бранителите на Мијалков, тој повеќе од една година ги почитува определените мерки на претпазливост, се јавува на сите покани од судот и обвинителството.Адвокатите поднесоа жалба до второстепениот суд и бараат укинување на ваквата мерка. 

пред 7 години

pitin-merkel

Путин побарал од Меркел да ја вразуми Украина

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел при што изразил надеж дека Германија ќе влијае врз Украина во врска со ситуацијата во Керченскиот Теснец, за да го спречи Киев да донесе избрзани одлуки.– Владимир Путин изнесе оценка за провокативните акции на украинската страна и грубото кршење на нормите на меѓународното право кога украински воени бродови намерно ги игнорирале правилата за мирен премин преку територијални води на Руската Федерација, соопшти Кремљ.Путин на германската канцеларка и рекол и дека Киев носи целосна одговорност за ситуацијата во Керченскиот Теснец поради создавање на уште еден конфликт.  

Свет | пред 7 години

Shirete-Elezi

(ВИДЕО) Закон за персонален данок на доход или јавни набавки?

Очигледно министрите и пратениците се со полни раце работа овој период. Се разгледуваат и дополнуваат предлог закони, се менуваат закони. Токму поради тоа Заменик-министерката за финансии Ширете Елези, на седницата во Собранието, наместо да зборува за Законот за персонален данок на доход, таа почна да зборува за Законот за јавни набавки, на што реагираше Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по што Елези се извини и се повлече од говорницата:https://www.facebook.com/tv21hd/videos/206260150264273/Инаку од министерството за финансии подолг период трврдат дека работат во насока на обезбедување фер даночен систем.Инаку познавачите на проблематиката во изминатиов период беа се погласни против Владините најави да се даночат оние со примања над илјада евра. Според експертската јавност тоа би предизвикало селење на бизнисот, даночна евазија како и зголемување на сивата економија.Според дел од нив - рамниот данок кој се воведе во 2006тата дал добар сигнал за странските инвестиции и имал одреден ефект врз сивата економија. 

Скопје | пред 7 години

bregzit-4

Британскиот Парламент ќе гласа за брегзит на 11 декември

Британскиот Парламент за договорот за напуштање на Велика Британија од Европската унија ќе гласа на 11 декември, објави денеска премиерката Тереза Меј.-Никој не знае што ќе се случи доколку Парламентот во Лондон го отфрли постигнатиот договор за Брегзит меѓу Велика Британија и ЕУ, изјави претходно  Меј.– Долниот дом (на Парламнетот) треба да направи избор – може да го поддржи договорот или да го отфрли и да се вратиме на почетната позиција, изјави Меј во обраќање пред британските пратенци.Таа нагласи дека ако Парламентот го отфрли договорот, никој не може да знае што ќе се случи.– Тоа ќе ги отиври вратите за уште поголеми поделби и несигурност, со сите ризици што таа ги носи, порача Меј.Британската премиерка се обидува да обезбеди поддршка за договорот за Брегзит, кој е изложен на критики како од редовите на нејзината владејачка Конзервативна партија, така и од страна на опозициските партии.Европскиот суд утре ќе одржи вонредна седница за да разгледа дали Велика Британија може да се откаже еднострано од одлуката за напуштање на Европската унија.Судот беше повикан да даде толкување дали Членот 50 од Лисабонскиот договор, механизам со кој Лондон ги извести во Брисел за намерата за науштање, може да биде откажан. Се очекува Лондон да ја напушти ЕУ на 29 март идната година.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во Собранието јавна расправа за загадувањето на воздухот

Јавна расправа за загадувањето на амбиенталниот воздух ќе се одржи денеска во Собранието на Република Македонија.На јавната расправа, што ја организира собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, се очекува да присуствуваат претставници од различни организации, институции, здруженија и асоцијации кои ќе дадат свои мислења за загадувањето на воздухот. 

Скопје | пред 7 години

sovet

Советот за безбедност не го усвои предлогот на Русија

Седум членки на Советот за безбедност на Обединетите нации гласаа против рускиот предлог да се свика итна седница посветена на инцидентите во керчската теснина.Кина, Русија, Казахстан и Боливија го поддржаа рускиот предлог, а четири земји беа воздржани, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Свет | пред 7 години

struja-4

Делови од Скопје без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД инфомрмираат дека во текот на денот без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје.Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од улица Козле од број 163 до број 169 во општина Карпош, како и дел од корисниците од улиците Корушка, Вангел Дину и Иван Цанкар во општина Ѓорче Петров.Во општина Карпош во периодот од 9:15 до 12:00 часот без струја ќе останат и корисниците од булевар Митрополит Теодосиј Гологанов од број 204 до број 214, како и објектот на Трим.Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улица Христо Татарчев број 1, 3, 5 и 7, како и дел од корисниците лоцирани пред и по поранешниот објект на Славија во општина Кисела Вода.Струја во периодот од 9:00 до 15:00 часот ќе немаат ниту корисниците од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани.Понатаму, како што информираат од ЕВН, во периодот од 9:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Горна Матка, потоа во периодот од 9:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од селото Долно Свиларе во општина Сарај.Струја ќе нема и во дел од општина Центар, и тоа во периодот од 12:00 до 14:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Славе Деловски.

Скопје | пред 7 години

dozd-1

Облачно и дожд

Временската прогноза за денеска е - променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2.Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 11 Целзиусови степени, Крива Паланка и Берово 10, Кавадарци и Дојран 15, Маврово 7, Прилеп 13, Охрид 12...И утре времето ќе биде претежно облачно и студено со засилен северен ветер. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, но со слаб интензитет.Дневните температури ќе се движат од 2 во Маврово до 11 во Гевгелија.

Македонија | пред 7 години

sud-4

Нови рочишта за „Тарифа“ и „Т.Н.Т.“

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Тарифа“ и „Т.Н.Т.“ на Специјалното јавно обвинителство.Предметот „Т.Н.Т.“  се наоѓа во доказна постапка, а меѓу обвинетите во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.На обвинителна клупа  денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“  Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети  во случајот „Тарифа“ на СЈО.Во овој предмет станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП Систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Се чека предлог од независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за „27 април“

Предлог-законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вчера не го доби потребното мнозинство да биде ставен на дневен ред на 66. пленарна собраниска седница. Независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, пак, предлагаат целосна амнестија на индиректните учесници во немирите во Собранието лани на 27 април и преквалификација на обвинението на другите обвинети предлагаат.Тие овој предлог-закон за амнестија ќе му го дадат на координативното тело за помирување, кое првата седница ќе ја одржи утре. Независните пратеници со ова бараат селективна амнестија, која нивната матична партија не ја поддржува.Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов објаснувајќи го ставот на владејачката партија во врска со тоа што е прифатливо за нив во однос помирување и амнестија на учесниците на овој настан, вели дека треба да се  направи разлика помеѓу оние што нарачале и оние што извршиле насилство и оние кои биле во еуфорија во Собранието за време на настаните од 27 април.Костадинов на прес-конференција во Собранието запрашан во врска со тоа дали е изготвен нов закон за амнестија од страна на координативното тело за помирување кое најави состанок за среда, рече дека очекуваат во најскоро време од страна на пратениците од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ да произлезат, како што кажа, „насоките и формите за тоа како би се случувало помирувањето“.Во однос на гласањето против ставање на дневен ред на предлог-закон за амнестија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Костадинов повтори дека мнозинството пратеници сметаат дека одговорност за насилството од 27 април мора да има.– Не смее и не може да има амнестија за оние кои планирале, нарачале и извршиле насилство на 27 април, рече Костадинов.Претходно, Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со овој предлог закон се опфатени сите лица за кои веќе има донесено првостепена судска одлука, но се уште ја немаат добиено одлуката од судот, потоа лицата кои се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок на РМ како и лицата кои се опфатени со обвиненија за учество во толпа и слично.– Законот предвидува вистинско национално помирување за сите кои учествувале во настанитеод 27 април, а не селективно помирување како што сакаат да направт премиерот Заев и парламентарното мнозинство преку т.н Комисија за помирување… Игор Дурловски, Владо Јовановски, Борис Дамовски не се и не можат да бидат терористи, ниту вработените во МВР… Целта на законот е национално помирување и враќање на нормалните теркови во државата. Ги повикуваме сите пратеници од парламентарното мнозинство да дадат поддршка за законот за амнестија, конечно да завршат поделбите во македонското општество и да ја вратиме државата во нормлана насока и да се концетрираме на висниските проблеми кои ги мачат граѓаните, рече Стаменковска.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Собранието ќе одлучува за имунитетот на Груевски

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, чиј претседател е Павле Богоевски, денеска треба да се изјасни за пет барања за одобрување притвор на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, кој избега и доби политички азил во Унгарија.Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес, но пред да започне да ја отслужува затворската казна, избега во Унгарија. За овој случај беше побарано одземање на мандатот на Груевски, но не беше обезбедено двотретинско мнозинство.Поранешниот премиер е обвинет и во случаите на СЈО „Таекторија“, „ТНТ“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“, за кои ќе му се суди во отсуство.Покрај тоа, Груевски е осомничен и во неколку отворени истраги на СЈО, меѓу кои и „Талир“, „Пропаганда“, „Хармонија“,…Барањата за одземање на имунитетот на Груевски со цел да му се одреди притвор е за дел од овие случаи.

Македонија | пред 7 години

pokana-1-1

Почнува неделата посветена на јубилејот „90 години музеј Д-Р Никола Незлобински“

Со неколку изложби, научни излагања и промоција на фотомонографија, во Струга деновиве, ќе се одбележува неделата посветена на јубилејот – 90 години од основањето на Музејот  „Др. Никола Незлобински“ .Програмата започнува на 27, ноември (вторник) во 13.00 со историско документаристичка изложба „Русите во Македонија“ во соработка со Државен архив на РМ.  За изложбата со свое излагање  ќе се обратат претставници од руската  амбасада, како и претставник од државниот архив. Изложбата ќе се оддржи во Галерија „Ванѓел Коџоман“.„Во допир со минатото“ е насловена ареолошката поставка, каде ќе бидат изложени предмети од археолошки локалитети од струшкиот регион: локалитет „Св.Илија“,  Делогожда; Локалитет „Голача“, с.Ташмаруништа;  Подводен локалитет „Врбник“ Струга; локалитет „Куќа на Караѓуле“. Изложбата ќе биде поставена во изложбениот простор при административната зграда на музејот, на 28.11 (среда) во 12.00, а ќе ја отвори Академик проф.др. Вера Битракова Грозданова.Дејноста на Д-р Никола Незлобински, музејот ќе ја чествува со прикажување на дигитализирани фотографии од целосната фото збирка на стаклени негативи, оставштина од Незлобински и неговиот тим на соработници.  Оваа збирка е исклучителен документ за Струга и Струшко во минатото, како и сведоштво за сестраната пасија на рускиот научник, да ги забележи, истражува, запомне,  биолошкиот и социјалниот свет на регионот, на почетоците од дваесеттиот век.  Изложбата ќе биде поставена во зградата на природонаучната збирка, на 30ти ноември, во 13.00, а истиот ден, во 13.30 ќе биде промовирана и книгата „Фотомонографија од збирката на стаклени негативи на Д-р Никола Незлобински“, во „Спомен дом на Браќа Миладиновци“.  Промотор на фотомонографијата е Д-р Елеонора Петрова Митевска, директор на Управа за заштита на културно наследство.Со неделата посветена на јубилејот, НУМ „Никола Незлобински“ се приклучува кон прославувањето на  Европската година на културно наследство.За значењето и основањето на музејот Во далечната 1928, рускиот емигрант, воен доктор, еден од  протераните белогардејци, Др Никола Незлобински, заедно со сопругата Софија и тим од соработници е упатен во Струга, за да му помогне на населението да се справи со маларијата, болест која зазема епидемични размери во овој регион.  Покрај големиот придонес за подобрувањето на здравјето на населението, но и подобрувањето на животните услови со дренирањето на Струшкото блато,  Д-р Никола Незлобински во нашата јавност, ќе остане запаметен по оставштината на импресивна збирка, која сведочи за богатството и разновидноста на живиот свет во и околу регионот на Охридското езеро.  Во 1938, Незлобински повел иницијатива за отварање на засебна зграда каде ќе бидат изложени препарирани животни присутни во поднебјето.  Зградата со ангажман и на населението идната година била завршена.  Со ова Незлобински  ги поставува основите на првиот природонаучен тематски музеј и воопшто темелите на музеологијата во Македонија. Денес, музејот се наоѓа во истата зграда, а експонатите сеуште пленат со својата афтентичност. Многу од видовите, исчезнале после пресушувањето на блатото, но за богатстовто на регионот сведочат околу  8000 примероци ( 6000 од нив, инсекти и пеперутки), кои можат да се погледнат во природонаучната поставка. Денес во музејот, покрај биолошкото одделение, функционираат и археолошко одделение, одделение за етнологија, одделение за историја  и одделение за историја на уметност.

Македонија | пред 7 години

znaminja-4-1

Во мултиетничка Струга, не се вее ниту едно македонско знаме

„Во Струга (најверојано) се обележува денот на албанското знаме. Во Струга денес е истакнато само албанското знаме иако Струга е мултиетнички град. Вакво непочитување на сограѓаните Македонци во Струга се случува постојано. Komuna e Strugës / Општина Струга / Municipality of Struga нели Ramiz Merko - Faqja Zyrtare се залагаше за општина на еднакви граѓани. Дополнително што истакнување само на албанско знаме за празници е спротивно на закон. Драги сограѓани Албанци, Ви го честитам празникот“За ваков ли соживот зборувавте? Вака ли ќе се почитуваме меѓу себе?За крај, нека Ви е честит празникот, и Ве замолуваме да си ја поправите грешката и да го поставите македонското знаме, во името на соживотот и взаемната поддршка и почит“, напиша на својот фејзбук профил познтиот адвокат од Струга Глигорие Ќатоски, а при тоа своите сограѓани ги поздрави: „Со почит, Вашиот сограѓанин - Македонец, од Струга“.Оваа слика на Струга покажува дека Општинските власти на Струга, на чело со градоначалникот од ДУИ Рамиз Мерко решиле за 28 Ноември, Денот на албанското знаме, во градот да бидат поставени само албански знамиња. На ова реагираше и општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ:„Градоначалникот на Струга, господинот Рамиз Мерко и неговите коалициски партнери од СДСМ го украсија градот со албански знамиња. Господине Мерко, да Ве потсетиме дека Струга е мултиетнички град, во кој треба да има соживот, без разлика на вера и нација. Знаете ли дека ова што го правите е спротивно на законот? Истакнувате само албански знамиња, без притоа да го ставите знамето на Република Македонија, државата во која живеете и сте градоначалник на град во таа држава. Што сакате да постигнете со овај потег?За ваков ли соживот зборувавте? Вака ли ќе се почитуваме меѓу себе? За крај, нека Ви е честит празникот, и Ве замолуваме да си ја поправите грешката и да го поставите македонското знаме, во името на соживотот и взаемната поддршка и почит“, пишува во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

soros

Фондацијата Сорос се повлекува од Турција

Фондацијата за отворено општество на Џорџ Сорос се повлекува од Турција, само неколку дена по обвинувањата на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган дека американскиот милијардер се обидува да ја дестабилизира државата.Фондацијата која во Турција поддржа голем број образовни проекти, проекти за правата на жените и демократските реформи соопшти дека обвинувањата на Ердоган се неосновани и поради нив повеќе нема да може да продолжи да работи во Турција, јави „Ројтерс“.Директорот на турскиот отсек на соросовата фондација, Осман Кавала беше меѓу 13-те активисти упасени месецов под обвинување дека ги поддржале масовните антивладини протести во 2013 година.Ердоган го обвини Кавала за финансирање на протестите и рече дека зад него стои Сорос кој ги користи парите за да растура држави, пренесе „Ројтерс“.

Свет | пред 7 години

apelacija

Кирил Божиновски побара укинување на притворот, вели 17 месеци ги почитувам мерките на претпазливост

Поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, на денешната јавна седница во Апелацискиот суд побара да му биде укинат притворот за случајот „Титаник“ на СЈО.Божиновски пред судиите посочи дека нема намера да бега, а како доказ за тоа го посочи тоа што 17 месеци ги почитува мерките на претпазливост определени од судот.-Се работи за предмет за кој веќе имам определено мерка за претпазливост, одземена патна исправа и потпишување во кривичниот суд секој петок во неделата , мерки кои во јули 2017 беа донесени од Кривичниот совет и без исклучок ги почитувам речиси година и половина, односно полни 17 месеци. Притоа немам отсуствувано на ниту едно од закажаните и одржани судски рочишта. За потсетување, Титаник е еден обемен предмет, со 20-тина обвинети, со речиси 500-тина сведоци, со над 1000 снимки кои произлегуваат од незаконските снимени разговори, смс пораки итн, предмет кој веќе се суди 4 месеци а со согласно реалните проценки ќе трае најмалку година и половона, рече Божиновски.Екс-генералниот секретар на Влада тврди дека не поседува сметки во странски банки.-Во однос на наведените сознанија за поседување на наводни сметки во странство, најодговорно тврдам дека ниту некогаш сум поседувал, а ниту сега поседувам било каква банкарска сметка во било која странска држава, а ниту некогаш воопшто сум размислувал за отварање на ваква сметка. Единствената сметка која ја поседувам е редовната сметка во нашата држава, која е добро позната за СЈО. Доколку барем малку беа сериозни ваквите сознанија ќе беше приложен доказ за тоа во која држава поседувам банкарска сметка, во која банка за каков тип на сметка се работи или било што, што би ја поткрепило оваа теза, посочува Божиновски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кинески научник тврди дека создал бебе отпорно на ХИВ

„Една бременост испадна успешна и родени се две близначки кои се природно отпорни на ХИВ“, тврди кинескиот научник Хе Џианкуи.Истражувачот Џианкуи објави дека направил измена на гените на ембриони од седум парови кои биле дел од експеримент во Кина. Една од жените останала бремена со близнаци кои Џианкуи се надева дека ќе бидат отпорни на инфекции.Тој вели дека го елиминирал генот CCR5 за девојчињата да станат отпорни на ХИВ, доколку некогаш во животот дојдат во допир со вирусот.Но овој потег наиде на критики од страна на научната заедница бидејќи станува збор за експерименти врз луѓе.Многумина веруваат дека менувањето на ДНК може негативно да влијае на идните генерации, но и на самите гени на луѓето.

Свет | пред 7 години

zemljotres-620x350

Земјотрес со јачина од 3,6 степени ја погоди Црна Гора

Земјотрес со јачина од 3.6 степени го погоди црногорското приморје нешто по 15 часот, а најмногу се почувствувал во Будва и во Херцег Нови.Како што јави сеизмолошкиот завод во Црна Гора, епицентарот на земјотресот бил на 29 километри југозападно од градот Никшич, на длабочина од 13 километри.Заводот соопшти дека засега не се регистрирани материјални штети, а истиот бил почувствуван и во Хрватска, особено во Дубровник.

Свет | пред 7 години

bik-bez-opashka-1

Музеј на современа уметност се чуди како може да е скршена опашката на бикот во Скопје

Статуата на бикот која веќе неколку години е на улица Македонија во центарот на Скопје, остана без опашката. Таа вчера наутро била пронајдена скршена.Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека неретко се случува минувачите да се бесат на неа за да се фотографираат, како и на роговите, па и не е така чудно што таа попуштила.Од Музејот на современа уметност велат дека штетата во најбрзо време ќе биде поправена.„Направена е проценка и записник, известено е Министерството за внатрешни работи. Зачудувачки е како е можно скулптура од бронза да биде уништена. Ќе се санира штетата“, велат од Музејот на современа уметност, за САКАМДАКАЖАМ.

Скопје | пред 7 години

DSC_9250

(ВИДЕО) Кирацовски: Стрежево е пример за капитален, стратешки објект што обезбедува квалитетен живот за граѓаните

„Стрежево“ е пример за капитален, стратешки објект што обезбедува квалитетен живот за граѓаните, изјави Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на одбележувањето на 40 годишнината од основањето на Јавното претпијатие „Стрежево“.„Токму од тука од хидросистемот ‘Стрежево’ со питка вода се снабдува Битола и околината, се наводнува Битолско поле, со технолошка вода за нашиот најголем енергетски комплекс ‘РЕК Битола’, како и останатите фабрики во Битола и околината“, рече Кирацовски во рамки на одбележувањето на годишнината.Исто така тој додаде дека Јавното претпријатие е еден од поттикнувачите и на туризмот во Битола, затоа што битолчани се препознатливи по Нижеполе, по летниот и зимски центар и по двата ски лифта.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Кривична пријава против поранешна директорка на градинка во Берово

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово  поднесе кривична пријава против Ф.К.(67)  од  Берово за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Во текот на 2016 година пријавената, како  директор на ОЈУДГ „23-ти Август“ – Берово, при набавка на компјутерска опрема, целокупната набавка ја разделила на два засебни дела, за да ја избегне постапката предвидена во Законот за јавни набавки, со што им овозможила економските оператори да се стекнат со противправна имотна корист од 64.398 денари.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања