Скопје1.мк

Нема фотографија

За еден ден од сообраќај исклучени 10 возачи, четворица возеле под дејство на алкохол, а шест без возачка

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои две биле со тешки телесни повреди, три сообраќaјни незгоди со телесни повреди и шест со материјална штета, информираа од полицијата.„Во сообраќајните незгоди две лица добиле тешки телесни повреди и три лица телесни повреди. Од преземените мерки и активности, констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 10 возачи, од кои: четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и шест возачи управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило“, стои во соопштението на МВР.Исто така, велат од полицијата, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи шест биле нерегистрирани, а три возила биле технички неисправни.Од МВР велат дека санкционирани се и двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло и еден возач поради неправилно престигнување. Во текот на изминатиот ден издадени се и 83 мандатни платни налози и 81 возило се подигнати со специјалното возило „пајак“, велат од полицијата.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Дваесет и тригодишна скопјанка со тешки повреди од удар на автомобил заврши на Ургентен

Дваесет и тригодишна скопјанка добила тешки повреди кога била удрена од автомобил на булеварот Никола Карев во текот на попладневните часови на 20 ноември.Автомобилот „голф“, кој удрил во девојката, бил управуван од 57-годишен скопјанец.Дваесет и тригодишната девојка со возило на итната медицинска помош најпрвин била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ по што била препратена на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Кривична пријава за стужанка која објавувала голи слики од поранешното момче

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 30-годишна жена од струшкото село Горно Татеши поради сомнение дека на социјалните мрежи објавувала компромитирачки фоторафии од своето поранешно момче.Со ваквата постапка таа сторила кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.Како што информираат од МВР, на 17. септември годинава, пријавената на социјалните мрежи „Facebook” и „Instagram”, креирала лажни профили на име на 36-годишен тетовчанец со кого претходно била во љубовна врска.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

СДСМ: Институциите преку стратешки мерки го решаваат проблемот со загадувањето

„Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорира проблемот со загадувањето на воздухот додека парите на граѓаните ги трошешe на луксуз, лажен барок, скапи возила и криминални тендери преку кои се уништуваше зеленилото и се загрозуваше животната средина. Владата предводена од СДСМ наследи огромни проблеми со аерозагадувањето, но презема низа стратешки мерки со кои системски се решава овој проблем. Во координација со Министерство за животна средина, Град Скопје, општините и надлежните институции, усвоен е план за чист воздух, со кој системски на краток, среден и на долг рок се решава загадувањето. За овој план, покрај редовните средства, одвоени се и дополнителни 1,5 милион евра“, наведе Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во реакцијата.СДСМ додава дека планот за чист воздух овозможува 10 илјади домаќинства да бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас.„Се интензивираат инспекциските надзори и контроли, се санираат и расчистуваат дивите депонии. Истовремено, со субвенционирање набавка на еколошки автомобили и субвенционирање на трошоците за вградување уред на погон на ТНГ во возилата, ќе се пристапи кон намалување на загадувањето од сообраќајот“, додава СДСМ.Со сите мерки што се спроведуваат сега и во иднина, од владејачката партија очекуваат во наредниот период загадувањето двојно да се намали.

Скопје | пред 7 години

mijalkov-1

Мијалков има прво на посети од најблиските и два саати прошетка во затворскиот двор

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со масовното прислушување, вели директорот на затворот „Скопје“, Ѓоко Котевски, за „Макфакс“. Мијалков засега е сместен во ќелија со други затвореници и нема посебен третман, како што е случај со Орце Камчев, кој е сместен во т.н. хашки ќелии поради висок холестерол, тврди Котевски.„Самата институција, вработените и секторот за обезбедување ги преземаат сите потребни мерки за безбедност на Сашо Мијалков, исто како и за сите други затвореници. Секако, ќе му бидат обезбедни сите права што му следуваат, а тоа се два часа прошетка на чист воздух, посета од најблиското семејство, адвокат, присуство на рочиштата“, вели директорот Котевски за „Макфакс“.Директорот на затворот „Скопје“ додава дека се завршени здравствените прегледи на Мијалков, но резултатите сè уште не ги знае.

Македонија | пред 7 години

Zaev

Заев: Светот е големо село, нема кај да бегаат големите родољуби

Премиерот Зоран Заев е уверен дека постигнатиот договор со Грција и уставните измени се единственото можно решение и единствената можност Македонија да чекори напред кон ЕУ и НАТО, да обезбеди подобар живот за своите граѓани.Договорот, смета тој, го заштитува македонскиот идентитет, ни дава можност да се ословуваме како Македонци, го гарантира македонскиот јазик, ги гарантира употребата на кодовите МК и МКД. Со договорот химната, знамето и грбот, рече остануваат засекогаш. Дека ова е единствено можно решение со кое на Македонија и се отвараат перспективите се согласуваат и членовите на Сојузот на Борци на Македонија.-Договорот е влог во македонската иднина, кој го расчисти патот на Македонија за влез во НАТО и за почеток на преговорите на ЕУ – рече македонскиот премиер на вечерашната дебата за уставните измени организирана од страна на Сојузот на борци на Република Македонија.На ваков начин, рече Заев, Македонија станува држава која не е негирана и држава која е признаена од сите. Тоа беше борбата и на нашите претци, потенцира премиерот, да имаме држава која некој нема да ја оспорува. Ова, потенцира, е модерна борба која ја водиме на модерен начин со трпение подавање рака градење пријателство за да и отвориме перспективи на Македонија и генерациите кои доаѓаат по нас.-Како резултат на тоа се случи некои кои се чукаа во гради како големи патриоти родољуби на својот народ да избегаат. Нема кај да бегаат. Светот е големо село, порано или покасно ќе се вратат назад, затоа што на површина излезе целата ништожност, перфидност, па дури и своите другари и сопартијци да се остават вака на милост и немилост. Па почнаа да зборуваат луѓето и процесот незапирливо се отвара за да на крајот да дојде правдата до крај за се, преку транспарентни и независни судски процеси – рече Заев.

Македонија | пред 7 години

policija-620x2641

11-годишно девојче повредено во Скопје

Единаесетгодишно девојче е повредено откако во него удрило возило вчера во 16.40 часот на крстосницата од улиците Кемал Сејфула и Крсте Асенов. Возилото „опел aстра“ било управувано од Н.М.(55) од Скопје.Девојчето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

gruevski-begstvo

Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на Груевски

Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија, изјави денеска унгарскиот министер за правда Ласло Трочани.– Груевски откако доби азил во Унгарија не може да биде испорачан во земја во која e цел на прогон – кажа Трочани во интервју за унгарската телевизија „Ехо“Унгарската служба за имиграција и бегалци вчера му одобри политички азил на Груевски, по кого Македонија распиша меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна.

Македонија | пред 7 години

orban-gruevski

Владата ќе бара Унгарија да ја отповика одлуката за азил на Груевски

Оваа процедура која досега се спроведува во Унгарија ние ја очекувавме, знаевме дека прво ќе се даде предност на постапката за азил, а потоа ќе се разгледува прашањето за екстрадиција, изјави министерката за правда Рената Дескоска во однос на азилот и барањето за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски.Таа вели дека барањето за екстрадиција е образложено со сите аргументи и доколу се одлучува врз основа на правни процедури треба да биде удоволено.– Сакам да потенцирам дека со Унгарија досега не сме имале проблем околу екстрадицијата во ниту еден случај, никогаш Унгарија не покренала прашање ниту за состојба во затвори ниту за сомневања во делувања на судството за да одбие екстрадиција. Ова не е прва екстрадиција која ја бараме, се надеваме дека нема да отскокне да биде прва која ќе биде одбиени. Сите досега беа удоволени и ние сме немале проблем во процесите со ексрадицаја досега – вели министерката.Таа најави и дека Владата ќе бара отповикување на одлуката за азил. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Бошњаковски: Азилот и екстрадицијата за Груевски не се во корелација

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска соопшти дека дадениот азил од Унгарија на поранешниот премиер и осуден на две години Никола Груевски не е во спротивност на постапката за екстрадиција која вчера ја почна Владата.– Постапката за азил не е во корелација со постапката за екстрадиција. Постапката за екстрадиција е започната. Логично е кога ќе се разгледаат документите за екстрадиција тие докажуваат дека наводите на Никола Груевски за азил се лажни. Очекуваме Унгарија да ја отповика одлуката за азил и да го екстрадираат Груевски во земјава – рече Бошњаковски.Бошнаковски е сигурен дека Груевски ќе биде вратен во земјава бидејќи како што рече Унгарија мора да ги почитува меѓународните обврски.– Груевски ќе се врати во РМ и ќе ја отслужи казната. Кристално јасно е дека наводите во неговото барање за азил се лажни- рече Бошљаковски.Тој појасни дека Груевски не се бара само за отслужување на казната туку и за други случаи за кои се води постапка за него во земјава.Бошњаковски рече дека сѐ уште во МВР се водат постапки за утврдување како Груевски избега од земјата и доколку се утврди одговорност ќе биде понесена.– Се водат две постопки во МВР сите информации кои ќе се утврдат детално ќе дадат одговор на тоа како ибегал Груевски и кој е одговорен за тоа Кога ќе бидат уртврдени сите параметри од истрагата ќе се утврди и одговорноста за бегството на Груевски- рече Бошњаковски.

Македонија | пред 7 години

nikola-micevski

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи предлогот од телото за помирување ако има неселективна правда

Од ВМРО-ДПМНЕ очекувале негативно мислење од Владата за нивниот предлог-закон за амнестија. Сметаат дека тоа е смислено сценарио од власта за да продолжи агонијата на лицата обвинети за настаните од 27 април. Партијата останува на ставот дека нема да учествува во работата на координативното тело за помирување, но, потенцираат, доколку тоа понуди решение за неслективна правда ќе го поддржат. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат и дека има простор низ дебата со власта да се подобри решението за амнестија за кое Владата вчера даде негативно мислење.– Ние очекувавме дека ќе има ваков развој на настаните од причина што и самиот закон во моментот кога го поднесовме согласно собранискиот Деловник не беше ставен на првата седница односно беше одбиен од страна на мнозинството. Така што сето ова води кон еден заклулчок дека целата оваа фарса што се прави и недавањето поддршка за презентација на законот за амнестија е смислено сценарио од само една причина да продолжи агонијата на сите лица вклучени во процесите од 27 април – изјави во Собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.Тој додава дека доколку мнозинството сака има можност преку дебата со одредени амандмани да го подобри решението што го предлага ВМРО-ДПМНЕ.– Ние не поддржуваме насилство во Собранието никој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тоа не го поддржува. 27 април е еден немил астан што се случи, но селективноста во правдата и она што ни го нудат со телото за помирување нема да ја долови сликата за тоа што е крајна цел на неговото формирање – рече Мицевски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Винтерленд - прва новогодишна населба во Скопје

Новогодишна населба на плоштадот „Македонија“ со украсени куќички, вештачки снег, катчиња за игра и смеа и секојдневна програма што ќе биде интересна за граѓаните – ова е само дел од предновогодишната програма што ја подготвува Градот Скопје во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, а која ја најави градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.- Во текот на декември, на плоштадот „Македонија“ за првпат ќе осамне новогодишна населба, нешто што во Скопје досега го немало. Нашиот план е населбата со име Винтерленд (Зимска земја) за граѓаните да се отвори на 7 декември. Во неа ќе има куќички украсени во новогодишен амбиент и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во селото ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. На средината ќе се постави голема новогодишна елка, а просторот околу елката ќе биде организиран како дел за храна и пијалаци, каде што граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички – рече денеска Шилегов.Тој најави дека китењето на градските улици и булевари ќе почне наредната недела.- Очекувам во Скопје да се создаде вистинска предновогодишна атмосфера. Конечно е време на скопјани да им понудиме европска новогодишна прослава, нешто што досега во градот не се случувало. Затоа, ги поканувам граѓаните да ја посетат новогодишната населба и со своите најблиски да уживаат во празничниот амбиент – додаде Шилегов.Комплетната програма за новогодишната прослава, која ќе почне на 15 декември, како и за прославата на Новогодишната ноќ на 31 декември, Градот Скопје ќе ја соопшти дополнително.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

11 сообраќајки во текот на изминатиот ден, две лица се здобиле со тешки телесни повреди

Во текот на изминатиот ден (20.11.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, три сообраќaјни незгоди со телесни повреди и шест со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и три лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 10 возачи од кои: четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и шест возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи шест биле нерегистрирани, а три возила биле технички неисправни. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и еден возач поради неправилно престигнување. Во текот на изминатиот ден издадени се 83 мандатни платни налози и 81 возило се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Исчезнат 55-годишен Скопјанец

Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.Л.(34) од Скопје пријавил дека од 08.09.2018 година од 13.00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот дедо В.М.(55) од Скопје.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

ubistvo

Автомобил удри 11-годишно девојче

Вчера во 16.40 часот на крстосницата од улица „Кемал Сејфула“ и улица „Крсте Асенов“ патничко возило „Опел aстра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(55) од Скопје удрило во 11-годишно девојче, кое било пренесено во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Велешанец удрил во пешак па избегал

На 20.11.2018 година околу 17.00 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило непозната марка со велешки регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрил во пешакот Б.К.(40) од Велес, која ја преминувал улицата. По незгодата возачот го напуштил местото, а Б.К. била пренесена во Општа Болница - Велес каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka1-1

Скопјанец удри во пешак

Вчера во 06.30 часот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ патничко возило „Шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(60) од Скопје удрило во пешакот Е.П.(48) од Велес. Е.П. се здобила со тешки телесни повреди и со возило наИтна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Дел од општина Аеродром денес без вода

Денес поради санирање на уличен дефект од ф-100 мм на ул.Венјамин Манџуковски бр.22 во општина Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица згр.бр.22,24,26 и ОУ “Димитар Влахов“ до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

han

Хан ќе бара објаснувања од Орбан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утрово на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски тој од Виктор Орбан очекува солидно објаснување за основите на азил.https://twitter.com/JHahnEU/status/1065163119734022144„Владеењето на правото е клучен принцип на земјите членки и за кандидатите за членство. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа, напиша Хан.https://twitter.com/JHahnEU/status/1065163227720556549

Македонија | пред 7 години

20181118_2039351

Борец на клубот „Д Стронгест“ победи во Швајцарија

На силниот Меѓународен турнир во ММА, VOLKETSWIL FIGHT NIGHT, кој се одржа во Волкетсвил, Швајцарија, македонскиот борец Стефан Пецевски од клубот ,,Д Стронгест‘‘ од Кисела Вода, извојува победа. Пецевски се бореше со многу поискусен противник, но сепак успеа да го совлада во третата рунда со зафат гушење (REAR NAKED CHOKE)."Стратегијата што ја поставивме за борбата која ја прифативме пред две недели, се покажа точна и сега нашата школа од Кисела Вода има со што да се пофали. Со само неколку дена припрема, нашиот борец сепак ја доби борбата и ја представи нашата држава и клубот во право светло". изјави Ивица АлексовскиМакедонскиот борец Пецевски моментално има профи скор од 4 борби, 3 победи  и 1 нерешена борба, а аматерскиот скор му е 4 борби со 4 победи.

Спорт | пред 7 години

mihail

Славиме Архангел Михаил

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе- не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.Се слави наесен на 21 ноември, (утре) а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина денеска светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

Македонија | пред 7 години

tek1

Охридските теквондисти викендов на турнир во Бугарија

Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид овај викенд 24-25.11 2018 год, ќе учествува на најјакиот Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир  “Бугарија Опен 2018”, кој ќе се одржи во Пловдив, Бугарија.Нашиот клуб ќе учествува со скратен состав, поради училишни обврски нема да учествуваат сестрите близначки Анастасија и Ангела Велјаноски, кои се редовни освојувачки на медали, истотака и Божидар Димитриевиќ кој е апсолутен првак во своја категорија, додека Стефан Каланоски и Владимир Димитриевиќ , кои истотака се редовни натпреварувачи и освојувачи на доста медали, нема да учесвуваат поради повреди.Боите на нашиот клуб ќе ги бранат Давид Крстески, Марио Крстески, Филип Трифуноски, Елена Јанеска, Антонио Јанески, Христијан Митрески,Јане Димов и Давид Велковски. Се надеваме дека и овај пат нашите натпреварувачи ќе не претстават во најубаво светло и ќе успеат да се закитат со некој медал. Истотака на овај турнир се борат за критериум за учество на наредното Европско првенство , Елена Јанеска, Марио Крстески и Филип Трифуноски, па се надеваме дека некој од нив  ќе успее да обебеди пласман.Претседателот на клубот Марјанчо Лазаревски црн појас IVдан, користи прилика да изрази најголема благодарност до нивниот генерален  спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој и овој пат е најзаслужен за нивното учетво на овај најпрестижен турнир.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

Дождливо со температура до 16 степени

Претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе имаат пороен карактер, а во југоисточните делови ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во текот на денот врнежите ќе престануваат и облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 8 до 16 степени.Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.Во наредните три дена времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините. Нови врежи од дожд се очекуваат од недела попладне.

Македонија | пред 7 години

gruevski-begstvo

„Честитки ама парите да ги вратиш, никој ништо не ти може“, „Ај па и нас да не повлечеш“, коментарите за азилот на Груевски

Македонија | пред 7 години

sad

САД воведоа нови санкции поради испoраки на нафта во Сирија

САД воведоа нови санкции за шест поединци и три компании поради тоа што испорачувале нафта во Сирија, соопшти Министерството за финансии на САД.Според соопштението, станува збор за двајца Иранци и по едно лице од Русија, Сирија, Ирак и Либија, пренесе „Ројтерс“.Компаниите кои се санкционирани се наоѓаат во Русија и Иран.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања