Скопје1.мк

Нема фотографија

Трамп: ЦИА се уште нема конечен заклучок за убиството на Кашоги

Американската Централно разузнавачка агенција ЦИА не успеала со сигурност да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Неколку часа претходно Трамп рече дека не ја исклучува можноста за вмешаност на престолонаследникот, но со забелешка дека тоа нема да влијае врз „беспрекорните односи“ меѓу САД и Саудиска Арабија. 59 годишниот Кашоги, критичар на саудиските власти кој пишувал за Вашингтон пост бил убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Продолжува судењето за „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.Случајот се наоѓа во доказна постапка и за денешното рочиште е предвидено да се продолжи со читање на вештачењата од СМС и вибер комуникацијата од мобилните телефони на обвинетите.Пред да го одложи вчерашното рочиште судијката Добрила Кацарска констатира дека одбраната повлекла дел од доказите и го утврди текот на работењето на следните рочишта.– Откако одбраната повлече дел од предложените докази, тогаш за рочиштето на 26 ноември може да бидат повикани двајца сведоци предложени од одбраната на Муковски, а потоа да завршиме и со одбраната на Василевски, Арнаудов и Трачуловски, рече судијката Кацарска.За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во Скопје шефовите на дипломатиите на Данска и на Црна Гора

Во Македонија денеска ќе престојуваат министрите за надворешни работи на Данска, Андерс Самуелсен и на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ. Тие ќе имаат средби со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на кои, меѓу другото ќе се разговара за зајакнување на билатералната соработка. Предвидено е по средбите да бидат одржани прес конференции.

Македонија | пред 7 години

mijalkov-1

Притворените Мијалков и Јанакиески денеска на нови судски рочишта

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочиште за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина -Таргет“ за незаконското следење на комуникациите и за „Топлик“ кој се однесува на изградбата на Сончев град.За првиот предмет во судот од затворот во Шутка треба да биде спроведен Сашо Мијалков, кој синоќа беше уапсен откако му се определи мерка притвор од 30 дена. За другото рочиште, од истиот затвор во Кривичен треба да биде донесен и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој пред една недела доби притвор поради, како што беше соопштено, опасноста од бегство.Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

Македонија | пред 7 години

31600671_363325997520536_892656583937359872_o

ГДУ: Оние кои беа готови да се жртвуваат во затвор за да ја спасат земјава денеска се бегалци во држава членка на ЕУ и НАТО

Многу често во блиското минато споделував со јавноста едно лошо чувство што беше провоцирано од начинот на кој го водат процесот евроатлантска интеграција двете најголеми партии СДСМ како власт и ДПМНЕ како опозиција. Друго е прашањето дали покрај ваквите политики на тие два субјекти, истите заслужуваат да ги именуваме како најголеми, но тоа е прашање на демократијата и на следните парламентарни избори, нашите сограѓани ќе си го кажат мислењето по ова прашање, вели претседателот на ГДУ, Петар Колев.„Но да се вратиме на идејата за европска Македонија како полноправен член на НАТО. Се надевам дека сите ние се сеќаваме на условите поставени од Алијансата како и оној non-paper на земјите членки, особено на Франција по прашањето за ЕУ интеграциите. Се надевам не сме го заборавиле и г-н Рајнхарт Прибе кој заедно со својот тим изгуби доста време и енергија да ги детектира основните проблеми во нашето општество и ги одбележа во своите препораки кон нас. Освен решавањето на добрососедските прашања со соседна Бугарија, како и спорот со името со соседна Грција, некако бегаме од моментот кога генералниот секретар на НАТО, Јан Столтенберг, ни сподели и очекувања во насока на владеење на правото и правната држава. Ја заборавивме и јасно изразената недоверба на Алијансата кон структурите за безбедност како и кон дел од кадрите кои работат таму. Заборавивме и за настојувањата на високите претставници на ЕУ за правна разрешница на случувањата од 27 април во македонското собрание, момент кога некој со сила се обиде да го сруши политичкиот систем во земјава, напаѓајќи го домот на демократијата именуван како Законодавен дом.И до каде стигнавме за овие близу 4 години од објавувањето на таканаречените политички бомби? Започнавме од онаа познатата НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР, минавме преку идејата за европска Македонија и стигнавме до Будимпешта.Почитувани, имаме проблем. Сериозен проблем и тој не е со нашиот културен, верски или национален идентитет, тоа е проблемот со вашиот политички идентитет. Изгубени во овој лавиринт од предизвици, оние кои до вчера зборуваа за владеење на правото, денеска зборуваат за помирување и ослободување од казни. Оние кои беа готови да се жртвуваат во затвор за да ја спасат судбината на земјава денеска се бегалци во држава членка на ЕУ и НАТО, иако до последен момент со дрвја и со камења фрлаа кон идејата за наше членство таму.За даночната политика и буџетските размислувања не би и проговорил, тие зборуваат сами за себе. Економијата е далеку од посакуваното ниво, но важно е дека иновациите ги потпомогнавме. И во оваа насока би можел да одбројувам уште доста, но да се навратам на европската идеја. Ако денеска нашите сограѓани ги запрашате дали она што го направи Унгарија е во духот на европските вредности, голем дел од нив убедливо ќе ви речат- НЕ.Зошто секогаш кога нашиот систем, државност и способност ќе кикснат ние ја бараме вината во другите? Па кој му дозволи на Груевски да ја напушти Македонија? Кој е тој што реши првата пресуда да биде точно за случајот „ТЕНК" , купувањето на службеното возило кое останува во сопственост на МВР? Зошто некој упорно ги форсираше двата случаи„ШАМАРИ ВО ЦЕНТАР" и “ТЕНК"? Каде се реалните и тешки криминали на Груевски, неговото енормно богатење и злоупотребите? Не би навлегувал подлабоко зошто секој еден од нас знае за што станува збор.Каде е сега ЕУ? Каде се европските вредности? Каде е Европската комисија? Ако нашите институции си ја завршеја работата, никој немаше да си ги поставува овие прашања нели?Преку сопствената неспособност, завиена во формата на политиканство и популизам, преку милион компромиси со правичноста, многу сте блиску да ја срушите идејата за европска Македонија, идеја зад која застанaа илјадници наши сограѓани.Доста е со објаснувањата и политичките филмови, публиката ви го разбра сценариото предвреме“, вели Колев

Македонија | пред 7 години

35d81fd11160070eaa26e86b196d6b5c

Тадиќ: Фаланга од регионални популисти преку глувчешки канали го пренесоа Груевски

Поранешниот српски претседател, сега лидер на опозициската Социјалдемократската партија (СДС) Борис Тадиќ убеден е дека за време на префрлањето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија постоел таен, тивок и организиран договор меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и премиерите на Албанија и Унгарија, Еди Рама и Виктор Орбан, пишува Независен.– Зад тоа стои фаланга од регионални популисти кои организираат глувчешки канали за пренесување на осудени криминалци, порача Тадиќ, додавајќи дека не верува во објаснувањето на Вучиќ, бидејќи тој едноставно морал да знае дека неговиот поранешен македонски колега бега низ Србија.Тој на прес-конференција оцени дека станува збор за организиран договор, бидејќи Груевски беше правосилно осуден за кривично дело и неколку часа го делеа од затвор.– А ако не знаел, тогаш тој не знае да ја врши својата работа. Тогаш тој е тотален аматер и неук. Тогаш целиот систем е целосно издупчен и ние сме тогаш многу загрозена земја. Има многу причини зошто мислам дека сме загрозена земја, но во овој случај станува збор за очевидно организиран трансфер на човек за кој Вучиќ, Рама и Ѓукановиќ и Орбан знаеле дека само неколку часа го делат од одење в затвор, рече Тадиќ.Тој тврди дека Вучиќ „намерно лажел“ во интервјуто за ТВ Хепи, обвинувајќи го дека купил „мерцедес” како и Груевски.– Груевски стори кривично дело на нелегална трговија со своето политичко влијание, истакна Тадиќ и потсети дека поранешниот македонски премиер е снимен како бара возило што ќе биде купено за него. 

Македонија | пред 7 години

mijalkov-1

Сашо Мијалков спроведен во истражниот затвор во Шутка

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков вечерва полицијата со лисици го изнела од скопскиот хотел „Мериот“ и го спровела во истражниот затвор во Шутка.Сашо Мијалков е приведен по барање на Специјалното Јавно Обвинителство поради постоење на опасност од бегство и му е одреден 30 дневен притвор.Од СЈО исто така потврдуваат дека Мијалков е приведен за предметот „Таргет-Тврдина.“По бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, уапсени беа Кирил Божиновски и Миле Јанакиески.  

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Црна Гора

Силно невреме ја погоди Подгорица, а врнежите пропратени со силен ветер ги поплавија улиците.Службата за заштита соопшти дека досега не интервирале, ниту пак имало повици за помош.Силното невреме ги погоди и Херцег Нови, Котор и Тиват, каде што улиците се исто така поплавени.https://www.facebook.com/p.vremeplov/videos/544285226036432/

Свет | пред 7 години

jovanovski-long

Борјан Јовановски: Серија на оставки во Владата е единствената логична последица од статусот на Груевски

Новинарот Борјан Јовановски, на социјалните мрежи напиша дека владини оставки се логични по објавениот статус на поранешниот премиер Никола Груевски.„Серија на оставки во Владата е единствената логична последица од статусот на НГ ако и за нив не станува предоцна“, напиша Јовановски на Твитер.https://twitter.com/BorjanJovanovsk/status/1064930127241506818

Македонија | пред 7 години

twitter

Твитер-реакции за апсењето на Мијалков

Магазин | пред 7 години

twitter

Твитер-реакции за азилот на Груевски

Македонија | пред 7 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

„Зелена лупа“: Ќе бараме азил во Унгарија за сите жртви од времето на Груевски

"Почитувани жртви на правосудниот систем од времето на "жртвата" Никола Груевски.Здружение Зелена Лупа Ве повикува сите Вас:- Што бевте апсени со специјалци на брутален начин;-Што Ви беше нарушена презумпцијата на невиност;-Што ви носеа монтирани сведоци;-Што Ви местеа вештачења;-Што лежевте притвори без основа;-Што не добивте фер судски процеси;-Што ве осудија без докази а по нарачка;-Што имате затворски казни за долежување-Што лежите затвор во моментов а имате право на излез или викенд;-Што трпите последици од судски неправди;Сите Вие што чувствувате потреба од правда која Ви била украдена и одземена во времето на Грујо. Ве повикувамеда се јавите на бројот 02 60 90 124 или да ги посетите канцелариите за Здружение Зелена лупа.Зелена лупа ќе Ви помогне околу докумантација и информации како да побарате Азил од демократска Унгарија!Сите ќе бараме ист третман за постапка за Азил како и Никола Груевски!Демократска Унгарија ќе постапи на ист начин со сите нас како и со Никола Груевски," стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Притвор за пет лица поради физичката пресметка

На тројца од петте лица осомничени за физичката пресметка што во Гостивар се случи минатата недела судот им определи притвор во времетраење од 30 дена. За двајца од осомничените определен е куќен притвор, соопшти обвинителството.Петмината осомничени учествувале во физичка пресметка во Гостивар, каде што на 14 ноември годинава, во 14 часот, во центарот на градот, на прометната улица Браќа Ѓиновски нападнале две лица употребувајќи физичка сила и дрвени палки.Од обвинителството велат дека мотивот за нападот е предмет на натамошно утврдување во истражна постапка што ја води надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар.

Македонија | пред 7 години

IMG_9053

(ФОТО) Акција на комуналните инспектори на дивата депонија во Вардариште

Откако депонијата во Вардариште беше мапирана како една од критичните точки за загадување на воздухот, комуналните инспектори на општина Гази Баба, заедно со Инспекторатот на град Скопје, Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007 и МВР, денеска извршија увид на дивата депонија во Вардариште.„При увидот, извршена е заплена на 1 тон стари и уништени гуми кои се наоѓале во дворовите кај граѓаните, отпад кој досега беше пален на отворена површина, со што значително се загадуваше животната средина.Со оваа акција, општината Гази Баба, заедно со инспекторатот на градот Скопје ја започнува битката со палењето на огнови на отворени површини, особено на дивите депонии, од кои се шири непријатна миризба и кои енормно го загадуваат воздухот.Ги повикуваме сите граѓани на бројот 193 да пријават палење на огнови или опожарување на јавни површини за да можат институциите навремено да реагираат.Општина Гази Баба самостојно или заедно со релевантните институции и во наредниот период ќе работи на лоцирање на загадувачите на животната средина во општината, а за прекршителите, ќе следуваат соодветни казни“, велат од општина Гази Баба.

Скопје | пред 7 години

46503522_2074374902608711_6455907115193073664_n

(ФОТО) Изречени 7 казни поради непрописно фрлање на отпад

Комуналните редари на Град Скопје во текот на вчерашниот ден при редовна контрола на самото место затекнаа седум лица како ја загадуваат животната средина и непрописно го фрлаат отпадот.„На овие седум лица им беше изречена парична казна во согласност со Законот за јавна чистота.Засилените контроли на градскиот инспекторат ќе продолжат и во наредниот период, затоа апелираме до граѓаните да го почитуваат комуналниот ред и да не фрлаат отпадоци насекаде“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

nova_vlada_g111

Влада: Осудениот Груевски ќе ја отслужи казната во Македонија

„Никола Груевски е осуден со правосилна пресуда во јавен и транспарентен процес, а истовремено против него се водат уште неколку судски постапки, истраги и уште една предистражна постапка.Осудениот Никола Груевски беше под полициска заштита согласно со правата кои му следуваа како поранешен премиер и тој во ниту една ситуација нема пријавено закани по неговиот живот.Против Никола Груевски никогаш не бил воден никаков политички прогон и не се евидентирани никакви закани по неговиот живот, ниту пак која било владина институција вршела закани по неговиот живот. Оттука констатираме дека единствена цел на Груевски е избегнување на правдата.Владата на Република Македонија официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во неговото бегство од земјата, испрати и барање за екстрадиција проследено со севкупната документација за процесите и пресудата.Владата на Република Македонија очекува дека властите во Будимпешта безусловно ќе го прифатат барањето за екстрадиција и во согласност со почитувањето на меѓународното право како земја членка на ЕУ и НАТО ќе овозможат враќање на Груевски во Македонија со цел да си ја отслужи казната затвор и да одговара за останатите дела за коишто е обвинет.Република Македонија е правна држава во којашто владеат законите. Секој оној за којшто се докажало дека ги прекршил законите и секој оној за којшто има правосилна пресуда, ќе одговара за своите постапки“, се навадеува во соопштението испратено од Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

46513566_306942090160106_6819946335588843520_n

(ФОТО) Скопје угушено во сообраќаен метеж

Скоро сите скопски улици во централното подрачје се заглавени со автомобили по улиците. Причината за ова се низа протести кои се одржуваат на раскрсниците, но и дожот кој врне во текот на целиот ден. Возачите се нервози, а фотографиите ги објавуваат на социјалните мрежи. Најголем дел се објавени во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Дел од Волково без вода поради уличен дефект

Денес поради уличен дефект од Ф 80мм на ул.103 бб с.Волково прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од с.Орман и ул.103 од с.Волково до завршување .

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

„Анима Мунди“ со законски измени за законот за заштита на животните

Организацијата за заштоита на животните „Анима Мунди“ изготви и до надлежните институции достави коментари и предлог законски измени на постоечкиот закон за заштита и благосостојба на животните, со цел суштинско и квалитативно унапредување на законот и изнаоѓање на трајно и хумано решение за проблемот со бездомните животни во Македонија.Тие велат дека амандманите се изработени од нивното здружение и дека се поддржани од 11 македонски здруженија за заштита на животните. Предложените законски решенија, како што додаваат, се меѓусебно поврзани, лесно применливи и прават една сеопфатна правна и апликативна целина.Во фокусот на предложените законски измени се:1. Регулирањето на одговорното сопствеништво и дефинирање на забранети постапки, затоа што неодговорното чување миленици (неконтролиран расплод/напуштање/немање никаква евиденција) се причинител број 1 за постоење на овој проблем.2. Јасна, децидна забрана за еутаназија како механизам за справување со бездомната популација затоа што откако знаеме се применува и не донела резултат, го продлабочила проблемот, дала можност на надлежните (општините) наместо трајно решавање, само да симулираат привидно намалување фокусирајќи се на краткорочни ефекти (пр. само за време на траење на сопсвениот мандат), а потоа драстично продлабочување на проблемот.Рутинското убивање не само што не го решило проблемот, туку  ги изложил/ги изложува граѓаните на опасност. Во овој контекст не само земји како Романија, Бугарија, Унгарија, туку и Македонија е пластичен пример и показател за неуспех кој се должи на континуирана примена на погрешни мерки и стратегии.3. Воведување нови законски одредби кои би овозможиле примената на законот да биде пофлексибилен, општините во недостиг на финансиски средства или инфраструктура, или по проценка на ефект да можат да спроведуваат програма за намалување на бројката бездомни животни во соработка со здруженија, ветеринарни станици, граѓаните (пример ваучер систем или мобилни клиники кои би опслужувале повеќе општини и сл) . Ова го сметаме за исклучително важно, бидејќи до сега Законот  оневозможува се друго освен дејствување во рамки на стационари што е скапо, непотребно, неодржливо.Со законот да се дозволи здруженијата за заштита на животните да стерилизираат бездомни животни. Од здружението потенцираат дека ова до сега не им било дозволиво со закон, иако сакале само да помогнат, инспекциски служби вршеле проверка дали стерилизираат противправно бездомни животни, бидејќи, како што велат, тие не биле надлежни.Бараат со законот да се дозволи соработка со меѓународни организации и нивно ангажирање во земјата со цел намалување на бројката бездомни животни. Според здружнието, ова е неопходно со цел во иднина повторно да не се пропуштаат прилики како понудите за помош од најсилни меѓународни организации, Ворлд Вет и ЕНПА.4. Законско овластување на здруженијата за заштита на животни за спроведување одредени одредби на законот, вршење надзор, проверка на одговорното сопствеништво,т.е. измени од кои би произлегла  можноста за наменски овластена служба за заштита на животните формирана од претставници на здруженијата за заштита на животни. Во моментов единствено надлежна за да постапува во случаи на мачење, злоупотреба, занемарување, неодговорно сопствеништво и напуштање на животните во  Република Македонија е  ветеринарна инспекција при Агенција за храна и ветеринарство. Меѓутоа ветеринарна инспекција има десетици други надлежности, а и не е специјализирана за заштита на животни. Како последица на тоа, сведоци сме на неодговорно сопствеништво кое е основен причинител за постоење на бездомни животни на улиците; нелегална купопродажба на животните, борби со кучиња, пред сè во руралните средини при што повеќе „неупотребливите“ единки најчесто завршуваат на улица, како и исклучително бројни и екстремни случаи на насилство врз животните во Р. Македонија, кои без двоумење укажуваат на агресија и насилство во македонското општество – девијантни појави кои е неопходно да се превенираат, или кои доколку се случат е неопходно да бидат строго санкционирани. Таквите случаи се најчесто истражувани, откривани и пријавувани од здруженијата за заштита на животни. За жал фактичката состојба укажува дека по истите не се постапува соодветно, т.е. дека иако здруженијата ги евидентираат и пријавуваат, случаите не добиваат адекватна правна завршница.Почитувани, имајќи ги во предвид досегашните трагични и негативни случувања, како и заклучокот на Владата од 6 ноември, МЗШВ , АХВ и ЗЕЛС во соработка со здруженијата за заштита на животни да изнајдат законско решение за трајно решавање на проблемот со кучињата скитници, од „Анима Мунди“ се надеваат дека конечно и сериозно ќе се земат во предвид нивните предлози, кои, како што велат, се исклучиво во интерес на граѓаните и хуманиот третман на животните во Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Денеска Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија.„Барањето за екстридиција се однесува за извршување на правосилна пресуда изречена во траење од две години и за водење на четири кривични постапки кои се пред домашните судови, а укажуваме дека за него се водат и четири истраги како и една предистражна постапка за коишто надлежните органи можат да започнат и судски постапки во зависност од истрагата.Во барањето е образложено дека ниедно од делата за кои Никола Груевски е правосилно осуден или се водат постапки против него не е политичко или воено кривично дело, односно, овие дела не се предвидени во Европската конвенција за екстрадиција како дела за кои може да биде одбиена екстрадиција.Правата на Никола Груевски во секој момент биле обезбедени, вклучувајќи го и правото за одбрана пред судските органи согласно Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи. Никола Груевски се бранел од слобода и во ниедна постапка не му е изречена мерката притвор. Имал обезбедено повеќе бранители по сопствен избор со кои имал непречени можности за комуникација и ги користел сите права кои му се на располагање согласно Законот за кривична постапка.Укажуваме и дека судската постапка во која е донесена пресудата и другите постапки кои се водат против Никола Груевски се мониторирани од страна на ОБСЕ чија членка е и Унгарија.Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 28.8.2018 година, го објави првиот преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на СЈО и за ниту еден од мониторираните предмети не е истакната забелешка во поглед на правата на обвинетите, ниту може да се истакне било каков сомнеж дека кривичните постапки се политички мотивирани. Овој извештај е јавно достапен на интернет страницата на ОБСЕ.Исто така, истакнато е дека Република Македонија е безбедна земја и не се наоѓа во никаков конфликт, меѓународен или внатрешен, а кој би го ставил во опасност животот и телесниот интегритет на било кој поединец.Никола Груевски како поранешен Претседателот на Владата на Република Македонија, имал лично обезбедување од шест припадници на МВР кое му следува согласно домашната легислатива. Исто така, напоменуваме дека Груевски во ниеден случај не пријавил дека неговиот живот и личен интегритет биле во опасност.Во барањето се укажува и на ништовноста на дадените помилувања од Претседателот на Република Македонија, како и на фактот дека истите беа отповикани, како и на тоа дека Никола Груевски самиот се откажа од даденото помилување со писмо доставено до кабинетот на Претседателот на Република Македонија.Република Македонија бара лицето Груевски да биде екстрадирано, а имајќи ја во предвид сериозноста на кривичните дела, бараме истиот да биде лишен од слобода и задржан во притвор, потсетувајќи дека за него е издадена и меѓународна потерница“, стои во соопштението од Министерството за правда.

Македонија | пред 7 години

gruevski-2

Груевски: Добив азил во Будимпешта, ќе одам во затвор кога Заев нема да малтретира луѓе

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, преку социјалните мрежи објави дека Република Унгарија одговорила позитивно на неговото барање за политички азил поради политички прогон во Македонија, со што тој ја потврди веста која рано утрово ексклузивно ја објави Скопје1.мк дека добил азил во земјата каде побегна.„Во барањето за политички азил наведов дека истиот го барам заради политички прогон од новата влада предводен од партијата СДСМ.Наведов дека владата сака да ми ја одземе слободата користејки недемократски чекори и методи и злоупотребувајки го обвинителскиот и судскиот систем во Македонија.Објаснив како се започна, со почетокот на објавувањето на нелегално стекнатите аудио матерјали, назначувањето на специјален јавен обвинител кој стана партиска алатка на партијата СДСМ, исто како и судот, ги опишав сите неправди, нерегуларности, незаконско работење, дискриминација, конструирани судски процеси и пресуди, конкретните судски постапки против мене и тортурата која по формирањето на новата влада ја трпам јас но и голем број други мои соработници, давајки конкретни примери и конкретни докази и завршив со бројните закани по мојот живот со кои се соочуваав во последните денови пред да ја напуштам Република Македонија.Посочив и приложив конкретни примери дека во Република Македонија непостојат услови за фер и законски судски процес, ниту пак начин во една ваква атмосфера на политичка хајка од страна на владата да го заштитам мојот живот од бројните закани кои ми беа упатени.Во Македонија се соочив со судии кои за секое мое или на мојата одбрна барање, чекаат инструкции како да одлучат од владата или од специјалниот јавен обвинител, од кого и самите судии се плашат, и кого го гледаат како преставник на актуелната влада.Посебно ги објаснив неколкуте фундаментални прекршувања на законите, меѓу кои, спротивно на закон користењето на нелегално стекнати аудио матерјали кои под надворешен притисок судот ги прогласи за легални, користењето на копии кои не се споредени со оргиналот како докази врз основа на кои се носат пресуди, користењето на вештаци кои спротивно на закон прават вештачења без лиценца за вештачење, флагрантното кршење на законот за приватност и игнорирањето од страна на судот на сето ова, работењето на македонските судови спротивно на праксата на судот во Стразбург, како што е примерот со отфрлањето на актите за прекин на постапка издадени од страна на Претседателот на Македонија во два конкретни случаи, и нивно прифаќање во земја членка на ЕУ, недавањето можност и доволно време за подготовка на одбраната преку свесно набивање на судења секој ден, понекогаш и по цели денови, издаденото мислење на Комисијата за заштита од дискриминација која наведе дека сум предмет на директна дискриминација од страна на судијата Добрила Кацарска и од страна на Основниот суд Скопје 1, објавувањето на пресудата за случајот ,,Тенк,, во смисла дека ќе бидам прогласен за виновен, од страна на актуелниот премиер околу 10 дена пред судијата да ја објави одлуката, и огромен број други факти и докази кои ги образложив и од кој се состави огромен записник од над 30 страни.Судот и обвинителството се претворија во инструмент за политичка уцена и пресмета со политичките неистомисленици, како и покривање на неработењето на владата.Последните одмазнички притвори на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои очигледно се притворени само за владата да ја ублажи критиката по моето заминување од земјата и барање политички азил заради политички прогон, со лажни, фабрикувани и непостоечки докази само ја потврдуваат атмосферата во која денес живее Република Македонија.Денес во Република Македонија се живее во услови на репресија од страна на владата, дискриминација, прогон, политички апсења и целосна контрола на владата врз судскиот и обвинителниот систем, вадење и ставање во притвор или затвор според политичките прилики и потреби.Наместо унапредување на судскиот систем, Македонија има уназадување. Судот и обвинителството се користат како политичка алатка на владата заради остварување на своите политички цели и уцени.Јас одлучив да се спротиставам на сето ова, и со мојот чекор да го издигнам ова прашање на повисоко ниво.Некој може да ме сака или да не ме сака, да се согласува или да не се согласува со мене, да смета дека водам добри или лоши политики, но неможе да го негира или да ги затвори очите пред она што се случува во Македонија во овој период а кое го опишувам.Јас одлучив да не ја исполнам желбата на СДСМ, додека тие ја разграбуваат и распродаваат државата и националните интереси да седам затворен со политичка одлука и секојдневно да се борам за преживување во затворот, за каде добив сознание дека ми се подготвува ликвидација.Одлучив да ја продолжам борбата за македонската кауза, за каузата на Република Македонија, на начин на кој единствено можам во моментот, на начин на кој многу други личности низ историјата кога имале можност го правеле. И како што кажав во претходната објава, јас никогаш нема да се одкажам од таа кауза.Јас не избегав од правдата,туку користејки други меѓународно правно регулирани методи продолжувам да ја барам правдата и за мене и за сите други жртви на политичкиот прогон во Македонија.Јас до последен момент, иако гледав колку неправедно ме обвинуваат и судат, иако беше видливо дека судиите уште пред да го почнат судењето и пред да ги погледнат доказите, ја знаеја пресудата, секојдневно, како никој досега се соочував со правдата, се до моментот кога актуелната влада не одлучи неправедно и со политичка одлука да ме стави во затвор а потоа и да ме ликвидира.Јас јавно кажав дека сум подготвен да одам во затвор доколку Заев се одкаже од погубните политики за Македонија и малтретирањето други луѓе.Но тој очигледно сака се. Сака и да ја реализира распродажбата на националните интереси, и да го реализира разграбувањето на државата, и да ги суди и осуди стотици мои соработници и мене да ме затвори и ликвидира.Одлучив да се борам и да се спротиставам на овој кукавица кој безочно секојдневно го лаже и краде својот народ и ја злоупотребува државната функција на која дојде на нечесен начин.Македонија не смее да остане земја каде владата владее со судскиот систем и каде има политички прогони секој ден. Огромен број луѓе се под политички прогон во Македонија. Тоа мора да запре.Македонија треба да стане членка на НАТО и ЕУ, но несмее да се дозволи под превезот на оваа цел, актуелната недемократска власт да се пресметува со политичките неистомисленици и да им конструира судски случаи и затворски казни, со цел да може непречено да прави криминал, корупција и распродажба на државните и национални интереси“, напиша Груевски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Stipendii-TFB-2

МЕПСО додели стипендии на две студентки на Технички факултет Битола

МЕПСО додели стипендии на две студентки во втора година на насоката за електроенергетски системи на  Техничкиот факултет (ТФБ) при универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола. Со овој чин се возобнови соработката меѓу МЕПСО и битолскиот Технички факултет што беше започната во 2016 година.  Стипендисти на МЕПСО се студентките Билјана Велјановскa и Александра Киревска , кои ги исполнија пропишаните услови  на огласот. Студентките ќе добиваат стипендија од 6.000 денари месечно во тек на академската година. Договорите за стипендирање на студентите во име на МЕПСО, денеска на ТФБ ги врачи Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО кој во своето обраќање ги охрабри студентите и потенцираше:-Продолжете со истиот ангажман и посветеност во студирањето. Вашата работа ние ја гледаме и ја вреднуваме и ќе ве поддржуваме затоа што вие, студентите сте иднината и вие ќе обезбедите економски раст и просперитет на нашата земја. Убеден сум дека оваа позитивна практика ќе охрабри и мотивира и други студенти и дека вгодина и во годините што ќе следат редовно ќе доделуваме и повеќе стипендии овде во Битола, истакна Василевски. На студентите им се обрати и деканот на Битолскиот технички факултет д-р Стојан Нусев, кој се заблагодари за соработката и истакна:-Се надевам дека соработката со МЕПСО во иднина ќе продолжи не само во оваа насока, тука и ќе се продлабочи преку поддршка на научно истражувачката работа и апликативната дејност која веќе неколку децении се негува на Техничкиот факултет во Битола, рече Нусев. Студентката Велјановска заблагодарувајќи се на МЕПСО и на ТФБ истакна дека ова ќе биде мотив плус за збогатување на знаењата и за подобар успех во студирањето.-Сакам да се обратам и до сегашните средношколци, а идни студенти дека инженерството а посебно електро инженерството е добар избор за идна професија посебно на ТФБ, рече Велјановска.  МЕПСО и Техничкиот факултет Битола пред неколку месеци склучија Меморандум со кој ја продлабочуваат соработката на повеќе полиња. Со овој документ се создаде основа за долгорочна соработка во повеќе области од ко една е и процесот на стипендирање на студенти на Електротехнички отсек на Техничкиот факултет при универзитот „Свети Климент Охридски“ во Битола.  МЕПСО во рамки на својата платформа за општествена одговорност и досега во рамки на можностите стипендира студенти на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Таму стипендии доделува од 2012 година. МЕПСО има вкупно 17 стипендисти на факултетите за електротехника во Скопје и во Битола.

Македонија | пред 7 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери: Голем дел од опозицијата ќе гласа за уставните промени

Можеби нема да има целосен консензус кога ќе треба да се усвојат амандманите согласно Преспанскиот договор, но голем дел од опозицијата ќе гласа за промените на Уставот, рече претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во обраќањето на 64. сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Халифакс, Канада.Македонија ќе ги заврши своите обврски за полноправно членство во предвидениот рок, истакна Џафери, изразувајќи надеж дека догодина ова време ќе бидеме триесеттата полноправна членка на Алијансата.Во обраќањето испишано на шест страници, Џафери не се осврна на минатото, на Самитот на НАТО во Букурешт кога земјава беше блокирана и не стана полноправна членка на НАТО, иако тогаш, заедно со Албанија и Хрватска ги исполни условите за прием. Подвлече дека сака да зборува за сегашноста и прита се фокусира на Преспанскиот договор и неговата имплементација. Информира дека во Собранието почна постапката за промена на Уставот и дека Уставната комисија ја заврши дебатата по амандманите доставени од Владата кои, пак, се проследени на натамошна процедура пропишана со Деловникот.– Следна фаза е широка јавна расправа по нацрт амандманите во која ќе учествуваат најразлични општествени субјекти од академската и експертската јавност, невладиниот сектор, бизнис заедницата,…Но, не би сакал да ве оптоварувам со процедурите, само сакам да ве запознаам со еден многу значаен факт а тоа е дека, за почнување на постапката за уставни промени, покрај парламентарното мнозинство гласеше и дел од опозицијата, бидејќи во моментов поголем дел од опозицијата се уште не го поддржува договорот со соседна Грција. Ситуацијата не се разликува ниту во Атина меѓутоа, со одминување на секој ден, се чувствува промената во перцепцијата на овој нов момент во развојот на нашата млада држава, и јас верувам дека прогресивните, визионерските и вистинските родољуби ќе го направат вистинскиот потег за понатамошен сигурен напредок на Република Македонија и на крај, кога ќе треба амандманите да се усвојат во Собранието и да станат составен дел на Уставот, можеби нема да имаме целосен консензус меѓутоа, голем дел од опозицијата ќе гласа за уставните промени, нагласи Џафери.Потоа, додаде, е ред на Грција, односно ратификација на Договорот во грчкиот парламент, известување на претседателот на Советот на ЕУ дека дава поддршка за почеток на преговори за членство на Македонија и известување на Генералниот секретар на НАТО дека дава поддршка да се упати покана за пристапување на Македонија во оваа структура. Ова, според Џафери, ќе значи исполнување на стратешките определби на Република Македонија, усвоени уште од независноста во 1991 година.-Ова ќе значи исполнување на целта за која работеле и придонесувале сите минати и актуелни носители на власта во земјата, потенцира претседателот на Собранието во обраќањето.Се осврна и на референдумот кој, како што истакна, заради бојкотот на опозицијата не го исполни потребниот цензус на излезност. Меѓутоа, факт е дека мнозинството од над 630 илјади граѓани што излегоа да гласаат, со својот глас го подржаа Преспанскиот договор.Оценка на Џафери е дека договорите за пријателство со Бугарија и за решавање на прашањето за името со Грција, ја вратија Македонија на евроатлантскиот колосек.-Се разбира дека не беше лесно, имаше сомнежи и неверување, постигнувањето компромис никогаш не е лесно, секогаш ќе има некој незадоволен меѓутоа, не смееме да гледаме на тоа како на победничка и губитничка страна. Сите ние сме победници, затоа што отворивме пат на разумот да дојде до решение прифатливо за двете страни. И натаму нема да биде лесно. Сепак, докажавме дека кога се има волја, кога се има визија за иднината, сè се може, дури и да се поместат планини, затоа што состојбата на статус кво на моменти беше фрустрирачка и најмногу ја чувствуваа нашите граѓани, потенцира Џафери.Обраќањето го заврши со пораката дека интеграциските процеси придонесуваат дефиницијата „Балканот како буре барут“ полека, но сигурно да замине во историјата.-Верувам дека сите ние кои живееме на Балканот сме ја научиле историската лекција и во иднина ќе бидеме оаза на мирот, регионалната соработка и добрососедските односи, рече претседателот на македонското Собрание пред учесниците на 64. сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Халифакс, Канада.

Македонија | пред 7 години

46525511_2074254575954077_3589800740501061632_n

(ФОТО) Се обновуваат уништените дрвореди во Скопје

Главен приоритет во есенското зазеленување е обнова на уништените дрвореди во минатото. На повеќе локации низ Скопје се подготовува теренот на местата каде што во минатото беа исечени дрвја, а деновиве ќе бидат засадени нови садници за обновување на старите дрвореди.Од Град Скопје ги известуваат граѓаните да внимаваат и имаат разбирање за ископаните дупки на тротоарите, во кои деновиве ќе бидат засадени нови висококвалитетни листопадни садници.

Скопје | пред 7 години

a0f6f8e27094f470c98356008a6a6d6cxl-184513

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи на Саздо

Сведокот Миле Алексовски на судењето за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски денеска во судница ги препозна Бесир Беља и Скендер Демири, кои според обвинителниот акт заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда.– До мене беше покојниот Никола и девојката, дојдоа тројца дечки мислев дека се знаат, му побараа лична карта и почнаа да го удираат. Викав остајте го детето ќе викнам полиција. Тоа траеше околу минута, минута и пол. Детето падна од удирањето и удри на главата. Двајца дечки побегнаа накај колата „мерцедес“, а едниот го удри со нога на вратот. Ја запалија колата и отидоа, истакна сведокот Миле Алексовски на рочиштето за убиството на Никола Саздовски.Посочи дека се обиделе да го освестат детето, го вртеле на страна, но испуштил крв од уста. Повикале брза помош, но задоцнила, а кога дошла полиција дал изјава, посочи сведокот.Претходно обвинителот побара исклучување на јавноста поради вознемиреност на сведокот, но судечкиот совет го одби барањето.Јавниот обвинител Ангел Фидовски, во воведен говор, кажа дека ќе докаже оти двајцата обвинети Бесир Беља и Скендер Демири заедно со третообвинетиот, кој е во бегство, со умисла го лишиле од живот Никола Саздовски на начин што на 29 јуни годинава на автобуската кај „Алкалоид“ го претепале нанесувајќи му смртни повреди.Во воведен говор адвокатот Насер Руфи рече дека обвинетиот Беља немал никаква намера, ниту умисла да го лиши од живот Саздовски и додаде дека ќе докажат дека единствена причина за смртта која настапила е поради ударот во метална кутија на ЕВН што се наоѓа на автобуската постојка.Адвокатите посочија дека ќе докажат дека правната квалификација на делото е погрешна.Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања