Скопје1.мк

Нема фотографија

Пожар во трафика во Скопје

На улица „Александар Урдаревски“ во Скопје избувнал пожар во трафика сопственост на 52-годишниот А.З. од Скопје.Опожарен бил и надворешен дел од соседна сендвичара.Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.Увид ќе се врши во текот на денот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Посебен сообраќаен режим во Бутел, Ѓорче Петров и Ченто поради Задушница

По повод верскиот празник Задушница денеска, утре и задутре, (2, 3 и 4) во периодот од 6 до 16 часот на гробиштата во Бутел, Камник (Ченто) и Ѓорче Петров каде што се очекува големо присуство на верници и зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони, извести МВР.Сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улица Александар Урдаревски во продолжение по локален пат за село Мирковци – влезот за гробиштата улица Боца Иванова и излегување на улица Александар Урдаревски.По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица Црногорска, а на гробишта „Камник“ по улица Јужноморавски бригади и улица Роман Каскалиевиќ.„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај“, велат од МВР.

Скопје | пред 7 години

zaev

Се брише дел од одлуката на АСНОМ, се додава Охридскиот рамковен договор во Уставот

По двете средби на независната парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со премиерот Зоран Заев, Владата соопшти дека барањата ќе бидат вметнати во нацрт-амандмани што произлегуваат од договорот во Преспа. Заев на прес-конференција се осврна на измените. Тој посочи дека Охридскиот рамковен договор ќе биде дел од преамбулата на Уставот, а пак, дел од АСНОМ се брише.„Охридскиот рамковен договор е целосно вграден. Пратениците на Алијанса на Албанците и БЕСА го имаат своето право и имам целосно разбирање. Нивните барања се суштествени измени. Сфативме дека е легитимно право и не значи дека треба веднаш да биде затворено прашањето. Јас можам да дадам позитивен однос на ова“, рече ЗаевВо делот на АСНОМ, како што посочи премиерот, останува прогласот, а се менува одлуката бидејќи содржи ‘Македонци од Бугарија и Грција обединете се’.Говорејќи за нацрт-амандманите, Заев рече дека првиот дел се однесува на потврдата на македонскиот идентитет, а членот 7 го гарантира македонскиот јазик. Вториот дел е за стапувањето во сила, а тоа ќе биде откако Грција ќе го ратификува договорот и ќе го поддржи членството на Македонија во во НАТО. Третиот е за менување на името, а тоа ќе биде сукцесивно, односно, ќе го почитува рокот за граѓаните да не мора веднаш да менуваат документи, односно да вадат кога ќе им истечат постоечките.  

Македонија | пред 7 години

toshe-proeski

Зетот на Тоше Проески проговори за годините поминати без него

Македонија и Балканот денес ќе пејат во чест на Тоше Проески кој со своите песни, харизма, но и со прераното заминување го обедини регионот.Пред се, Тоше беше голем уметник и човек. Тагата која ја остави со неговото заминување не престанува ниту по 11 години.Неговите пријатели, колеги, роднини со задоволство се сеќаваат на пајачот. Сопругот на сестрата на Тоше, Славен Ристески за порталот „Новости“ проговори за пејачот и за годините без него.На прашањето како поминале овие 11 години без Тоше, дали се намалила болката, Славан одговори:„Не постојат зборови со кои може да се опишат емоциите во семејството. Тоа е бескрајна тага која ќе остане засекогаш. Не е точно дека времето ја лечи болката. Човек учи да живее со тага. Но, еден ден е долг како една година. На сите ни недостига Тоше“.Тој вели дека сите се сеќаваат на убавите моменти со пејачот.„Секогаш се сеќаваме на заеднички моменти со Тоше. Заедно трениравме кик бокс, со децата шетавме низ Крушево, возевме велосипед. Често се децата ги разгледувам старите видеа и фотографии и се враќаме во време кога Тоше беше со нас“ вели зетот на Тоше.Тој вели дека собата на Тоше е непромената.„Собата остана непроменета. Тука се неговите фотографии, неговата облека, играчки“, вели Стеван.За потсетување, денес во „Борис Трајковски“ ќе се одржи концерт во чест на Тоше каде што ѕвездите од Македонија и регионот ќе ги пејат неговите хитови, но и ќе биде промовиран неговиот постхуман албум „Secret place“.

Македонија | пред 7 години

avirovik

Авировиќ: Мојата партија не ме исклучи, во СПМ се почитува различното мислење

Пратеничката од Социјалистичката партија на Македонија СПМ), Владанка Авировиќ, на прес-конференција изјави дека не е исклучена од партијата бидеќи таму се почитуваат различните ставови.„Јас ќе продолжам да ги застапувам интересите на партијата во оваа пратеничка група. Задоцнивме многу за консензуално да ги решаваме прашањата. Во врска со сите етикети што ни ги налепија, времето ќе покаже дали е така, сите сме чесни, вредни и почитувани“, рече Авировиќ.

Македонија | пред 7 години

majcin-dom

Аеродромци повикуваат на протест во 18 часот пред Мајчин дом

Откако утрово инвеститорот ја рестартираше градбата кај Мајчин дом, граѓаните од оваа скопска општина преку социјалните мрежи се организираат на протест.Протестот е закажан за во 18 часот попладнево кај спорната парцела пред Мајчин дом.Инвеститорот ја рестартираше градбата откако беа исцрпени сите механизми за запирање на градвата. Уставниот суд во средата ги одби претставките кои беа поднесени за преиспитување на уставноста на спорниот ДУП И-10.Општина, како што посочуваат оттаму, е обврзана да ја почитува одлуката на Судот, како институција со највисока надлежност за овој случај.– За жал, исцрпени се сите механизми со кои општината се обиде да го оспори ДУП И10 и да ја стопира изградбата на објектот кај Мајчин дом, се додава во соопштението.Од општината велат дека штетите од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ во однос на урбанистичкото планирање се веќе направени. Градоначалникот Златко Марин и новото општинско раководство остануваат цврсто на заложбите за зголемување на зелените површини и гарантирање похумани услови во општината.

Скопје | пред 7 години

trcat2

Успешна хуманитарната акција ОХРИД ТРЧАТ ЗА САРА

Трчањето и хуманоста го обединија Охрид и ги мотивираше охриѓани кои во голем број учествуваа на спортскиот настан Охрид трчаТ за Сара кој се одржа од Куба Либре до центарот на градот. Учесниците донираа за Сара на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж во Германија. Операцијата чини 200.000 евра.Немаме зборови со кои можеме да им се заблагодариме на учениците, дечињата од градинка, воспитувачките, наставниците и професорите, директорите, пратениците, вработените, спортските клубови, советниците, компаниите, институците, пензионерите и волонтерите кои на едно место во исто време имаа една мисла и желба живот за Сара ! - изјавија организаторите.Градот Охрид, охриѓани и целата земја со организирани на разно разни настани собираат средства за Сара која заедно со најблиските ја води најважната битка во животот.

Македонија | пред 7 години

kisela-voda

Реконструираната улица во Кисела Вода за која граѓаните платија 5 милиони денари, денес е повторно раскопана

Точно десет дена граѓаните можеа да ја видат и да возат по реконструираната улица „Антон Попов“ која се наоѓа во Кисела Вода. Од денес истата е повторно раскопана. Станува збор за улицата која почнува од подвозникот кај Црниче до „Шампионче“, односно до почеток на улицата „Димо Хаџи Димов“.Падна во вода соопштението на Град Скопје во кое се наведуваше дека реконструкцијата на улицата е дел од инфраструктурните проекти што ги реализира Градот со цел овозможување побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај. Од денес со повторното раскопување, сообраќајот ниту е побрз, ниту побезбеден.На 22-ри октомври (понеделник) Град Скопје ги информираше граѓаните дека викендот претходно завршила целосната реконструкција на улицата Антон Попов во Кисела Вода, која започнала минатиот месец.Градот преку соопштението испратено до јавноста се пофали дека реконструкцијата на оваа улица опфатила поставување на нов асфалт, како и нивелирање на 37 постојни шахти и сливници. Но, очигледно нивелацијата траеше само 10 дена.Граѓаните на социјалните мрежи се револтирани од ваквата состојба. Не веруваат дека и овој пат се ќе биде направено како што треба. Дополнителен проблем претставува и фактот што по оваа улица сообраќа и автобуската линија „24“ која ги поврзува Припор и Кисела Вода со Карпош. Од властите нема најавено пренасочување на сообраќајот, а движењето по оваа улица во вакви услови се одвива отежнато и потребна е крајна внимателност.Инаку, улицата е во должина од  584 метри и за нејзината реконструкција од буџетот на Град Скопје се идзвоија 5,5 милиони денари.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ веќе не е слободна и демократска држава

Македонија со СДСМ веќе не е слободна и демократска држава. Државата e заложник на аболицираниот Зоран Заев кој ги зароби институциите со цел да го заштити сопствениот криминал и да си обезбеди слободен терен за продажба на државните интереси, ова денеска преку соопштение го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.-СДСМ и Зоран Заев по примерот на комунистичките режими го направија последниот чекор да ја спречат ВМРО-ДПМНЕ во своето работење. Власта преку заробеното судство го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што знае дека партијата е последниот бедем кој застана во одбрана на државата и државните интереси. Целта е да се спречи политичкото делување на ВМРО-ДПМНЕ и неговото спротивставување на грабежот кој го спроведува криминалниот картел на СДСМ и продажбата на се што е македонско. Со ваквиот потег СДСМ ја направи Република Македонија единствената земја во Европа каде власта преку заробеното судство замрзнува имот на опозициска партија, само затоа што  не се согласува со нејзините антидржавни политики. Партиското послушно судство за да му удоволи на аболицираниот Зоран Заев неосновано и без никаква правна  аргументација го прифати барањето на СЈО-СДСМ. Судот го занемари фактот дека ВМРО-ДПМНЕ како правно лице не е осомничено во постапка, а исто така се занемари и одлуката на Апелација која го веќе еднаш го отфрли ваквото барање. Токму затоа причините за ваквата одлука се исклучиво политички мотивирани и имаат за цел да се уништи секое поинакво политичко размислување и дејствување кое се разликува од антидржавните политики на Заев и СДСМ. За партиското специјално јавно обвинителство и клиентелистички расположениот суд не е важно што се повредени протоколите и праксата на Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд за заштита на човековите права, за нив важно е да му се исчисти патот на Зоран Заев за целосно бришење на македонскиот идентитет и конечна капитулација на Македонија, потенцираат од партијата.ВМРО-ДПМНЕ бара под итно судот да се ослободи од прангите на власта и да се укине решението за замрзнување на имотот затоа што истото е неосновано, противправно и недозволено.-Заканите, уцените и блокадите нема да го исплашат ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите потези само укажуваат дека партијата е на вистинската страна во одбрана на државата и дава дополнителна мотивација во одлучноста за борбата за Македонија против оваа антимакедонска и антидржавна власт. За ова политичко насилство и обид да се забрани опозициско дејствување некој мора да сноси и лична и политичка одговорност. Заев и СДСМ за многу брзо ќе се соочат со граѓаните и ќе заминат во историјата како единствена власт која ги продавала националните и државни интереси за да ги спаси сопствените криминали. Република и Македонија и граѓаните ќе победат!, стои во соопштението на партијата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ЈСП со нова информација: Дополнителни автобуси денеска и утре поради Задушница

Поради празникот Задушница денеска и утре ќе бидат пуштени во сообраќај дополнителни автобуси што ќе сообраќаат од и до гробиштата Бутел.Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека покрај редовната линија 59, која сообраќа од Карпош 3 до Кучевишка бара/Гробишта Бутел, ќе бидат пуштени во сообраќај и дополнителни автобуси 59А од Ново Лисиче и 59Б од Кисела Вода.

Скопје | пред 7 години

krsto-mukoski2-696x367-1200x545_c

Мукоски по средбата со Заев: Ги усогласивме амандманите и го договоривме составот на телото за помирување

Крсто Мукоски од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по денешната средба со премиерот Зоран Заев рече дека го усогласиле текстот на амандманите и дека добиле гаранции дека Владата ќе ги прифати нивните амандмани.Тој додаде дека нивните барања се однесуваат на дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, културно наследство и јазикот. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на Македонија во ЕУ, поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.-Разговаравме и за телото за внатрешно помирување . Тоа треба да почне ефективно да работи од понеделник. Договорен е составот и бројот на членовите на телото, рече Мукоски.Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат и во телото за помирување.

Македонија | пред 7 години

mickoski1

Мицкоски: Пред неколку дена се видов со Груевски, разговаравме за неговата иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Алсат М откри дека пред неколку дена се сретнал со Никола Груевски.-Да, се видовме пред некој ден, разговаравме за се што му се случува, за политичкиот прогон. Разговаравме за неговата иднина. Морам да признаам дека во претходниот период немавме комуникција. Неколку часовен разговор беше тоа, рече Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

nikoloski

Николоски: За жал сите ќе мора да живееме со Преспанскиот договор

Подобар договор со Грција веќе не е можен и стојам на ставот дека договорот е лош, но сега, со односот на СДСМ, по се што се случи, сме во еднонасочна улица, изјави за Фактор магазин вечерва партискиот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.-За жал, сите ние ќе мора да живееме со Преспанскиот договор, рече Николовски.

Македонија | пред 7 години

mickoski-ohrid-rez

Мицкоски прозборе албански: Го разбирам јазикот, нема ништо лошо во тоа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше на интервју на телевизија Алсат М, каде водителката му ги поставуваше прашањата на албански јазик, тој имаше превод и потоа одговараше на македонски јазик.При едно објаснување од водителката, тој и возврати со „по“, што на албански значи „да“. По ова, водителката го праша дали знае албански.-Разбирам да. Нема ништо лошо во тоа. Познавањето на различни јазици може да ве направи само подобар човек, одговори Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Силен земјотрес го стресе Чиле

Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала ги потресе областите на Арика и Паринаката во северниот дел на Чиле, на границата со Перу и Боливија.Во градовите Арика и Икике уплашени луѓе излегоа на улиците, но нема информации за разурнување и евентуално човечки жртви.Потресот е регистриран на длабочина од 97 километри со епицентар 88 километри североисточно од Икеке, соопшти Чилеанската агенција за вонредни состојби. Немало опасност од цунами.Чиле се наоѓа во т.н. „Огнен прстен“ и е една од најсеизмичките земји во светот. Во 2010 година, земјотрес со јачина од 8,8 степени и цунами предизвикано од потресот загинаа над 525 лица.

Свет | пред 7 години

kiko-tose

Енди Рајт: Кристијан ја дели истата страст кон музиката како и Тоше

Четвртиот постхумен албум на поп ѕвезда Тоше Проески, насловен како Secret Place ќе биде промовиран утре на концертот во aрената „Борис Трајковски“.  Албумот е сниман во студиото на Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше The Hardest Thing. Рајт, беше присутен на денешниот прес, во пресрет на концертот на починатата поп-ѕвезда.Од Фондацијата „Tоше Проески“ кажаа дека на албумот има седум нови песни на англиски јазик како и три преработки на познати хитови. Снимани се и три спота, а два од нив ќе бидат промовирани утре на концертот.На концертот во чест на Тоше, ќе настапи и Кристијан Ристески, неговиот внук, кој премиерно ќе ја отпее својата прва песна We Are Blood, која исто така ќе се најде на албумот.Го прашевме Енди Рајт, дали го препознава Тоше во Кристијан.„Тоше работеше напорно, многу, беше вреден, а Кристијан исто така вложува многу време и енергија во музиката. Тоа го препознавам во него. Тоше пееше одлично на англиски, па работевме со Кристијан за и тој да има чист изговор на англиски. Направивме се за да ја доловиме емоцијата што ја имаше Тоше во песната на Кристијан. Кристијан како и Тоше е голем музичар и ја дели истата страст кон музиката како и неговиот вујко“, изјави Рајт за Репортер.На концертот во чест на Тоше ќе пеат  Каролина Гочева, Тијана и Тамара, Наум Петрески, Александра Радовиќ,  Борис Новковиќ, Бојан Маровиќ, Владо Калембер, Ања Рупел, „Фрајле“ и други.

Магазин | пред 7 години

kokain

Уапсени две лица во Хрватска, со приватен авион пренесувале кокаин од Африка во Загреб

Хрватската полиција уапси двајца странски државјани што слетале на аеродромот во Загреб со приватен авион, а при претрес на авионот полицијата открила повеќе килограми кокаин.Обвинителството се сомнева дека од средината на септември до крајот на октомври во заедничка операција неколку странски државјани, чии идентитет и потекло не се соопштуваат, биле меѓусебно поврзани поради купување, транспортирање и шверц на кокаин во Хрватска, а организаторот на криминалната асоцијација имал намера да плати поголема количина разновидно огнено оружје и муниција во Хрватска“.Осомничените, како што е наведено, кокаинот го набавиле во Африка и го криеле во авионот кој е во сопственост на една компанија, чија работа ја води првообвинетиот, објави Хина.

Свет | пред 7 години

bugarski-pasosi

Уапсени 4 српски државјани за посредување при добивање бугарски пасош

Српската полиција уапси 4 лица под сеомнение дека биле дел од организирана група при посредување за добивање невистинити документи за бугарско потекло потребни да се добијат бугарски пасош, пишуваат бугарските медиуми.Акцијата била спроведена на територија на неколку општини во Србија.При акцијата се уапсени еден службеник во општина Пирот, лекар од Димитровград, уште еден жител на овој град и еден од Ќуприја.Некои од уапсените посредувале за давање мито на лекарот и службеникот, кои пак обезбедувале лекарски уверенија и потврди за бугарско потекло.Со лажните документи  барателите на бугарски пасош од Србија потоа се упатувале во Бугарија кадешто ги дополнувале своите досиеа со документи за бугарско потекло, за што дополнително плаќале одредени суми на пари.Во Бугарија пред два дена беше откриена голема организрана група за фалсификувани документи, кои земале од 5.000- до 8.000 евра за бугарски пасош.Уапсен е првиот човек на државната агенција за Бугарите во странство и уште неколку лица.

Свет | пред 7 години

zoran-angelovski

Кој е Зоран Ангеловски, кој e главен на системот за прислушување во Македонија?

Зоран Ангеловски е првиот директор на новоформираната Оперативно техничката агенција (ОТА), која ќе има задача да го следи прислушувањето, кое повеќе нема да биде во Управата за безбедност и контраразознавање (УБК), а која почна со работа од вчера.Формирањето на оваа агенција беше една од клучните препораки на експертската група на Прибе, како начин да се спречи злоупотребата со прислушувањето на телефонски разговори.Што пишува во неговата биографија?Ангеловски дојде на оваа позиција откако претходно беше избран со двотретинско мнозинство на пленарна седница во Собранието.За оваа функција беа пријавени 14 кандидати, а тој на крај од собраниската Комисија за избори и именувања, беше едногласно предложен за директор на ОТА.Ангеловски според неговата биографија дипломирал на Факултетот за безбедност и самозаштита.До 1990 година работел како телекомуникациски техничар во Министерството за одбрана, а потоа до 1998 година бил инспектор во УБК.Потоа заминал во Агенцијата за разузнавање, каде бил инспектор во Одделот за тероризам.Во 2005 година, Ангеловски станал директор за корпоративна безбедност во Телеком, каде останал до 2008 година.

Македонија | пред 7 години

slika2

Индискиот амбасадор во Хрватска ја наслика Колинда, одвај може да се препознае

Индискиот амбасадор во Хрватска, Сандип Кумар, на официјалната фејсбук-страница на Амбасадата ги покажа своите проштални подароци за хрватските власти.„Амбасадорот им подари слики кои тој самиот ги насликал, на кои се прикажани различни теми, како што се парламентарните избори во Хрватска, кризата во ‘Агрокор’, катедралата во Загреб, успешното патување на Хрватска на Светското фудбалско првенство, хрватски споменици и портрет на претседателката на Хрватска”, стои на Фејсбук.Портретот на хрватската претседателка го доби токму таа. И кога не би знаеле кој му бил инспирација, тешко би погодиле дека тоа е Колинда Грабар-Китаровиќ.Премиерот Андреј Пленковиќ доби слика за изборите во Хрватска. Таа мошне верно покажува дека изборите во Хрватска биле хаотични.Сликата „Кризата во Агрокор” амбасадорот му ја подари на министерот за економија Дарко Хорват, кого токму таа криза го донесе во владата.

Свет | пред 7 години

mkd-395805

Демократска фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Заднината на обидот за пуч во ДПМНЕ

Згнасени сме од леснотијата со која и поранешните и сегашните членови на ВМРО-ДПМНЕ ѝ нанесуваат штета на историското ВМРО и на државата, реагира ВМРО- ДПМНЕ Демократска фракција.„Деновиве стана мошне јасно дека случувањата кои ја преокупираа јавноста се ефтина, но добро смислена игра за доразнебитување на партијата преку активирање на инфилтраните структури и врбување на ситнодушни користољубиви членови, во пресрет на претседателските избори. Целта на удбашко криминалните структури со полни џепови, во спрега со Зоран Заев и дел од меѓународната заедница, е ВМРО- ДПМНЕ на претстојните претседателски избори да доживее дебакл, сѐ со цел да победи кандидатот на СДСМ кој потоа би ги потпишал и објавил во Службен весник усвоените амандани за промена на Уставот на РМ, ратификацијата на Преспанскиот договор како и Законот за јазиците. Во меѓувреме со диригираните оставки на доцна морално освестените персони на високи партиски позиции, досегашни соучесници и соизвршители, целта е по поразот на тие избори, истите тие повторно да се вратат во високите партиски редови и повторно заради лични цели и интереси да бидат прислужници и измеќари на дел од фамилијата, а дел од нив да се спасат од долги години поминати во затвор.Затоа Христијане Мицковски поради сите грешки кои ги направи досега, доколку не се освестиш на време и доколку не се обидеш да ја надминеш сопствената суета, твоето претседателствување ќе трае најдолго до завршување на претседателските избори. Затоа Демократската фракција за последен пат ти порачува, докрај и без никакви калкулации да расчистиш со сите криминални структури во партијата и партиските мешетари. Да ги ослободиш од партиски функции сите оние за кои се водат обвиненија, или предистражни или истражни постапки до завршување на истите и да им се извиниш на граѓаните за сторените зла во име на партијата. Нема потреба да се плашиш од закажување на вонреден конгрес на кој ќе присуствуваат демократско избрани делегати. На овој итен конгрес целта е со промена на Статутот да се демократизира партијата, да се зајакне евроатланската ориентација, како и да се зајакне партиското водство преку нов времен тимски пристап.Само силно и сплотено ВМРО ДПМНЕ може да ги победи мрачните сили кои за спас на сопствената кожа и други интереси се обидуваат да ја урнисаат партијата и достоинството на македонскиот народ и да им овозможат на СДСМ и на дел од меѓународната заедница да создадат држава на северно македонци со историја, традиција и култура од 1945 година“, соопшти  ВМРО-ДПМНЕ - Демокјратска фракција.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Две лица тешко повредени во Скопје

Две лица од кои еден пешак и еден возач на моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди, а шестмина со лесни телесни повреди во 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според полицискиот извештај, 22 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, тројца возачи возеле под дејство на алкохол и десет возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило.Исклучени од сообраќај биле и 12 нерегистрирани возила.Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 100 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 71 возило.Полицијата санкционирала и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло,  еден за неправилно престројување и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Силен земјотрес во Чиле

Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала ги потресе областите на Арика и Паринаката во северниот дел на Чиле, на границата со Перу и Боливија.Во градовите Арика и Икике уплашени луѓе излегоа на улиците, но нема информации за разурнување и евентуално човечки жртви.Потресот е регистриран на длабочина од 97 километри со епицентар 88 километри североисточно од Икеке, соопшти Чилеанската агенција за вонредни состојби. Немало опасност од цунами.Чиле се наоѓа во т.н. „Огнен прстен“ и е една од најсеизмичките земји во светот. Во 2010 година, земјотрес со јачина од 8,8 степени и цунами предизвикано од потресот загинаа над 525 лица.

Свет | пред 7 години

27-april

Продолжува судењето за упадот во Собранието на 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година.Случајот се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.Судијката Добрила Кацарска минатото рочиште го одложи поради влошена здравстевна состојба на обвинетиот Сашко Марковски, кој на рочиштето во вторникот со екипа на Брза помош беше пренесен во болница.За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

пред 7 години

struja

Без струја ќе останат делови на Бутел, Центар и Карпош

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови од Бутел, Центар и Карпош.Од 8:45 до 9:45 часот без струја ќе бидат корисниците од левата страна на Радишански пат (општина Бутел ). Од 8:30 до 14:30 часот струја ќе немаат корисниците од ул. Мирче Мацин, Мирче Ацев и бул. Филип Втори Македонски, (објектите во близина на паркингот кај ГТЦ: пералницата, угостителските објекти и домаќинствата од тој реон (општина Центар).Од 9:30 до 15 часот корисниците од дел од ул. Скупи подулицата 3-а, дел од бул. 8 Септември (општина Карпош), од 9 до 15 часот, корисниците од дел на Горни Жданец (општина Карпош), а од 10 до 13 часот корисниците од дел од ул.Козара и дел од ул. Васил Ѓоргов (општина Центар).

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања