Скопје1.мк

muzej

Музејот на Македонија ќе постави изложба за западноафриканската уметност

Музејот на Македонија утре ќе отвори изложба „Духовите на Африка: ритуална западноафриканска уметност“ која ја организира во соработка со Музејот на африканската уметност од Белград.Оваа изложба првпат во Македонија ќе претстави африкански експонати, што претходно можеа да се видат само во светските музеи или во документарните фимови. Музејот од Белград во својата обемна колекција има предмети од повеќе народи од Африка. За оваа изложба тие селектираа скулптури, маски и ткаенини што се поврзани со култовите на плодноста и предците, како и со обредите за иницијација и погребувањата.– Ова е прва можност македонските граѓани да се запознаат со африканските култури и да ги видат мноштвото скулптури и маски што ќе бидат изложени како светско културно наследство, наведува Музејот на Македонија, кој денеска организира и прес-конференција со повеќе детали за ексклузивната изложба.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја делови на Карпош, Илинден, Студеничани

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа и без електрична енергија ќе останат делови на Карпош, Илинден, Студеничани, Чучер Сандево и Ѓорче Петров.Во периодот од 9:30 до 13:30 часот струја ќе немаат корисниците на дел од ул.Скупи, под ул.3 и под ул.6. (општина Карпош), од 8:30 до 15 часот корисниците на Млин Кадино, Хавеп, ул. 513, 517, по Бисер, дел од Кадино, ул. 521, Живинарска фарма (општина Илинден), од 9:00 до 15 часот корисниците од ул.4, 6 и 7 (општина Студеничани).Без струја ќе бидат во периодот од 10 до 14 часот и корисниците на дел од село Глуво (општина Чучер Сандево), а од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците на дел од село Кучково (викендички) (општина Ѓорче Петров).

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода дел од општина Центар          

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека во текот на денот,  поради дефект на приклучна цевка од Ф ¾ на улицата Христо Смирненски број 32, без  водоснабдување од 8:00 часот па сè до завршување на работата  ќе останат корисниците на дел од улицата Христо Смирненски и дел од улицата Борка Талевски во општина Центар.

Скопје | пред 7 години

sudenje-1

Ново рочиште за „Насилство во Центар“, ќе сведочи Саша Богдановиќ

  Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува предметот на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во Центар“, каде за поттикнување насилство обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешната советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.Судењето треба да продолжи со сослушување на сведокот Саша Богдановиќ, откако на минатото рочиште заврши сведочењето на поранешниот претседател на советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ.Судот на минатото рочиште, по барање на обвинителството донесе решение за издвојување на постапката против обвинетиот Митко Пецов, кој поради болест не присуствуваше на рочиштето.На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, и за осмообвинетиот Митко Пецов пак, се води одвоена постапка.Обвинетите се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Македонија | пред 7 години

hrana

„Нахрани 10.000“ и училишни градини за Светскиот ден на храната

Со промоција на новата училишна градина во ООУ „Аврам Писевски” во скопското село Бардовци, денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на храната.Настанот го организираат Канцеларијата на ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со граѓанските организации Слоу Фуд Водно и „Ајде Македонија”.Целта е да се поддржи отворањето градини во школите за практична едукација на учениците како се произведува храна, но и да се подигне јавната свест за здравата исхрана преку заштита на животната средина и грижа за заедницата.Во фокусот на Светскиот ден на храната годинава се младите, а мотото е „Нашите дејствија се наша иднина. Свет Без Глад до 2020 година е возможен”. – Децата и младите се дел од генерацијата која може да го искорени гладот од Планетата. Тие можат да научат како со менување на едноставни секојдневни навики, можат да се хранат поздраво, да го намалат отпадот, паметно да ги користат природните ресурси и да водат поодржлив животен стил, велат од ФАО.На настанот се најавени обраќања на министрите за земјоделство и за обраование и наука, Љупчо Николовски и Арбер Адеми, на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, на постојаната координаторка на ОН Лујза Винтон, како и на директорката „Аврам Писевски” Матилда Бајкова.„Ајде Македонија“ денеска, освен што ќе учествува во промоцијата на училишната градина во Бардовци, ќе спроведе и донаторската акција „Нахрани 10.000“ во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница.На одбрани локации од 10 до 19 часот ќе може да се донира храна која потоа ќе се дистрибуира до социјално загрозените граѓани.– Целта е на граѓаните да им се даде можност редовно да донираат храна до нашите сограѓани преку собирање еднаш месечно 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани, велат од „Ајде Македонија“.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Во „Белиот дворец“ се навестува кампањата за избори?!

„Борба, правда, слобода, иднина! Силна индивидуа - силна држава!“ Ова се слогани кои од вчера може да се видат во т.н. „Бел дворец“ каде е седиштето на ВМРО ДПМНЕ.Дали партијата веќе постави пропаганден материјал за избори или ова е некоја интерна кампања останува да видиме.Интересен е слоганот „Силна индивидуа - силна држава“ бидејќи во него се спомнува зборот „индивидуа“ кој е во спротивност со децениската доктрина на партијата од време на Никола Груевски, кога индивидуата се потиснуваше и се фаворизираше колективна свест без индивидуален став.Покрај новите слогани, во ВМРО ДПМНЕ како декор покрај партиското и државното стои и знамето на Европска Унија.

Македонија | пред 7 години

kasogi

Си-Ен-Ен: Саудиска Арабија признава дека го убила Кашоги

Саудиска Арабија подготвува извештај во кој ќе признае дека по грешка е убиен исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги за време на информативен разговор во Конзулатот во Истанбул, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на два извора.Телевизијата јави дека во извештајот е наведено оти смртта на Кашоги е резултат на „испрашување што тргнало наопаку“, а чија цел требало да биде негово киднапирање од Турција.Според еден извор, во извештајот ќе се заклучи дека операцијата е изведена без официјална дозвола и дека вмешаните ќе сносат одговорност.Но, еден од изворите вели дека извештајот се уште се подготвува и можни се промени.Кашоги, новинар на Вашингтон пост исчезна откако на 2 октомври влегол во саудискиот Конзулат во Истанбул по документи кои му биле потребни за женидба.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Прв домашен пораз по 15 години: Шпанија потопена од Англија во Севилја

Англија ` го нанесе првиот пораз на Шпанија на домашен терен во меч од натпреварувачки карактер по пауза од 15 години или ако сакате 38 настапи. „Гордиот Албион“ ја стивна „фуријата“ во Севилја со 3:2 во третото коло од најсилната конкуренцијата во Лигата на нации на УЕФА.Рахим Стерлинг го прекина тригодишниот пост во националниот тим и по додавање на Маркус Рашфорд во 16. минута обезбеди водство за составот на Герет Саутгејт кој одново е во игра за првото место во групата. Напаѓачот на Манчестер сити го совлада Де Хеа и вои 38. минута, а во меѓувреме (30 минута) во листата на стртелци се впиша и Рашфорд.Шпанците во вториот дел заигра нешто подобро и со головите на Пако Алкасер во 58. минута и на Серхио Рамос во длабокото судиско надополнување (90’+8’) го претворија дебаклот во поднослив пораз.Џеко со два гола ја урна Северна Ирска за максимален ефект на БиХ во Б дивизијаРепрезентацијата на БиХ предводена од Роберт Просинечки се наоѓа на чекор до плејоф во Лигата на нации. На стадионот „Грбавица“ во Сараево беше совладана Северна Ирска со 2:0, двоен стрелец за домашните беше Един Џеко во 27. минута и во 73. минута. При првиот погодок на напаѓачот на Рома асистира Вишча, вториот дојде по додавање од Миралем Пјаниќ.БиХ е првопласирана во групата 3 со девет бода, Австрија е втора со три и натпревар помалку додека Северна Ирска е последна и без шанси за разигрување за ЕП 2020.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

Македонија во Ереван

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го игра дуелот од 4.коло од групата Д од Лигата на Нациите. Нашиот национален тим гостува во Ереван кај Ерменија, селекција која пред еден месец ја победивме во Скопје со 2:0. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски се во серија од десет натпревари без пораз – шест победи и четири нерешени, а последниот пораз беше во Скопје од Шпанија со 2:1 на 11.јуни 2017 година или Македонија нема пораз 492 дена.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

Без меѓусебно признавање, нема редефинирање на границите

Претседателот на Косово Хашим Тачи инсистира дека неговиот став во однос на корекцијата на границите со Србија, и покрај противниците на таа идеја, е „заснован на Уставот и законите и не може да се спори“, јави дописникот на МИА од Приштина.Во интервју за телевизијата Т7, Тачи синоќа рече дека „можеби и би се повлекол од идејата за промена на границите во име на национален консензус“.– Кога ќе слушнам други, подобри, идеи ќе размислам. За сега не сум чул подобри идеи за затворање на дијалогот со Србија, изјави косовскиот претседател, кој е главен преговарач во дјалогот со Србија, што се одвива во Брисел под покровителство на Европската унија.Нагласувајќи дека решително се залага за корекција на границата со Србија, Тачи рече дека „би сакал дијалогот да се случи и Косово, ако е можно, да биде што по единствено“.– Нема меѓусебно признавање (со Србија) без дефинирање на границите, изјави Тачи во емисијиата „ДПТ со Фидан“ на приштинската Т7, а пренесува Цивилмедиа.

Свет | пред 7 години

toshe-proeski

Единаесет години без Тоше

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред единаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.Како и во изминатите десет години, маратонци од повеќе градови од Македонија во чест на Тоше ќе трчаат маратон и денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште.Оваа година на 5 октомври не се одржа манифестацијата „Ѕвездено небо за Тоше“ која фановите на Тоше во изминатите десет години ја организираа на плоштадот „Македонија“ во спомен на неговиот последен и хуманитарен концерт што го одржа на 5 октомври 2007 на Градскиот стадион. „Ѕвезденото небо“ не се одржа зашто се подготвува голем концерт посветен на Тоше на 2 номеври, со настап на пејачи од Балканот. На концертот треба да биде промовиран и албум со необјавени песни од Тоше Проески, насловен „Secret place".Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Магазин | пред 7 години

44148853_1976811212377079_4994544011692736512_n

ВИДЕО: Што значи повикот на премиерот Заев за помирување за настаните од 27 април?

Ви ја пренесуваме анализата на емисијата 360 степени и новинарката Славица Филиповска.https://www.facebook.com/360stepeni/videos/178420566409670/

Македонија | пред 7 години

sela-2

Села до Заев по повикот за помирување: Не си цар, туку премиер

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села се огласи на Фејсбук, за повикот на премиерот Зоран Заев за помирување и простување за насилството во Собранието од 27. април.Тој за време на насилството се здоби со најсериозни повреди.„Не знам дали премиерот Зоран Заев имал семејни или лични проблеми на 27 април кога денеска пружа рака за помирување.Ако тој мисли за случувањата на 27. април во Собранието, тогаш треба да знае дека не е над институциите и правдата. Тој е избран за премиер на државата, а не за цар“, напиша Села.

Македонија | пред 7 години

44099507_898920857162293_1146125406055694336_n

Власта и натаму ќе се обидува да обезбеди пратеници, продолжуваат измените на Уставот

Со порака за помирување и простување, почнувајќи од настаните од 27 април, кога премиерот Зоран Заев беше цел за напад, а според него, и за линчување, вчера претседателот на Владата во своето обраќање на почетокот на седницата за уставни измени во Собранието ги повика пратениците да гласаат за уставните измени за земјата да влезе во НАТО и во ЕУ.Според Заев, најголемата одговорност за оваа, како што ја нарече, историска одлука, е во рацете на пратениците. Во повикот до пратениците тој порача дека оние кои се уште се сомневаат кој е вистинскиот избор, да размислаат зашто нема нешто повредно за мислење. За Заев, спротивното од гласање за измените, ќе не фрли во изолација и неизвесна иднина и ќе ни донесе несигурност и сиромаштија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево и топло со температури над просекот

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала облачност во јужните делови. Ќе дува слаб источен ветер.Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени, а дневната од 21 до 28 степени.Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од североисточен правец. Утринската темптература ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.И во следните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Од четврток се очекува повремено зголемување на облачноста.

Македонија | пред 7 години

homepageBannerSKP

Патник на Аеродромот Скопје под истрага за дроги

Скопје, 15 Октомври 2018 - Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице со двојно државјанство – на Република Франција и на Република Косово, поради постоење на основано сомнение дека лицето сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 1 од Кривичниот законик. Кај осомничениот, при излез од Република Македонија на Аеродромот Скопје, биле пронајдени околу 2,9 килограми наркотична дрога – марихуана. Дрогата била пронајдена при царинска проверка и рентген контрола на црна торба, која осомничениот ја пријавил како личен багаж. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор. Ваквиот предлог беше прифатен и од страна на судија на претходна постапка на лицето му е определен притвор во траење од 30 дена.LjupcoLjupco

Македонија | пред 7 години

maxresdefault

ВМРО-ДПМНЕ го одби предлогот на Заев: „Бараме правда, а не амнестија“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара правда, а не амнестија за обвинетите за 27 април, рече генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев на прес конференција за понуденото помирување од страна на премиерот Зоран Заев за настаните на 27 април, минатата година.„Не станува збор за амнестија, туку за правда во еден голем и монтиран случај“, рече тој запрашан дали ја отфрлаат понудата на Заев.Од самите почетоци ВМРО-ДПМНЕ твдеше дека случајот 27. април е политички фабрикуван случај, без докази и без аргументи и наменет за политички притисоци. Педесетина луѓе се соочуваат со политички прогон со цел Заев да може да тргува со нинвата слобода, а за возврат да бара поддршка на Договорот со Грција за промена на името на Република Македонија, обвини генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, на денешната прес-конференција.-Ова јасно покажува дека власта не само за 27-ми април, туку и за други случаи против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ води политичка хајка само за да тргува за нивната слобода. Крајно неморално и крајно неетички, вели тој.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ФОТО: Супа со црви и радиоактивни ракчиња се продаваат во маркетите

Скопјанка во кокошкина супа од компанијата “Подравка” пронашла црви, за кои вели дека ги забележала по подготовката на оброкот. Според неа, супата имала рок на траење до идната година.Фотографиите кои таа ги објави, го потврдуваат нејзиното сведоштво “Супата од кокошка од сега со нов вкус на црви”, пишува таа на социјалните мрежи.Инаку, тоа е една од најпродаваните супи во Македонија. На фотографиите реагираа и други корисници на социјалните мрежи.

Скопје | пред 7 години

damovski

Притворениот Борис Дамовски со коментар за понудата на Заев

Борис Дамовски, притворениот учесник од граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија”, осомничен за “терористичко здружување” за настаните на 27 април 2017-та со коментар за говорот на премиерот Зоран Заев, кој повика на помирување за време на собраниската седница за уставни измени.“Правда, не амнестија!” – е кусиот коментар на Борис Дамовски, еден од обвинетите за настаните од 27 април, по изјавата на Зоран Заев која беше протолкувана од многумина како понуда за амнестија.Од редовите на СДСМ како предводници на парламентарното мнозинство во Собранието уверуваат дека нема да има амнестија за ниту еден обвинет.

Македонија | пред 7 години

gruevski

Груевски до СДСМ: Ќе ви дојде крајот

“Јасно е дека во недостаток на проекти и паметни работи, портпаролот на СДСМ има добиено насока да ме спомнува во секоја прес конференција и за се и сешто.Очигледно мислат дека така им се поинтересни прес конференциите.Јас најчесто ги игнорирам овие секојдневни нивни прес конференции, соопштенија, изјави и секојдневни лаги, но вчера и денес решив малку за промена да им одговорам, колку да потсетам за какви измамници се работи.Вчера ги демантирав за предметот за патиштата каде лажеа дека сум одел на суд за наводни земени провизии.Кажав дека одам на суд заради обвинение (член 359 од ЗКП), дека сум влијаел да се изградат патиштата со цел да остварам корист со тоа што ќе сум добиел политички поени пред гласачите на изборите заради завршената градба на патиштата.Знам дека на многумина не им се верува дека тоа е можно, ама така е.И многумина мислеа дека за набавеното блиндирано возило Мерцедес сум осуден заради некаква измама, провизија, злоупотреба на буџетски пари и сл., но и таму сум теретен за истиот член-сум влијаел да се купи возилото бидејки сум сакал покрај другите ВИП гости и јас понекогаш да бидам превезуван во него.И за тоа ,,независните,, судии оцениле дека требало да одам 2 години во затвор.Денес истиот портпарол објави дека моите адвокати побарале поништување од Уставниот суд на член 353 став 5 и ја извести јавноста дека со тоа сакале да издејствуваат амнестија за мене, ама СДСМ немало тоа да го дозволи.Ја известувам јавноста дека јас немам обвинение по член 353 став 5 кое се однесува на злоупотреба на сл.должност поврзани со јавни набавки или штета на буџетот.Всушност јас немам обвинение кое ме терети за било што поврзано со корупција, провизии, имотна корист, јавни набавки и слично.Мене освен по член 359 што го опишав погоре, ме теретат за рушењето на дивоградбата на Фијат, каде ме теретат за имотна штета за една класична дивоградба за која Фијат своевремени тужеше и загуби на сите судски истанци. Ме теретат и за потикнување насилство, за шамари кои не постојат и во Титаник за работи поврзани за изборите.Сепак, СДСМ се труди со сите сили да создаде перцепција дека на суд одам заради финасики злоупотреби и проневери, и во секое нивно соопштение или прес конференција се трудат да создадат таква слика во јавноста.Еден ден ќе дојде крај на луѓето кои сега прават политички прогон, а со тоа и на нивните пиуни кои секојдневни ја лажат јавноста.Што ќе прават потоа?”, напиша експремиерот Никола Груевски на социјалните мрежи.

Коментари | пред 7 години

keln

Заложничка драма во Келн, се слушаат истрели

Заложничка драма е во тек на главната железничка станица во Келн, а според некои информации се слушаат и истрели.Околу 12:45 часот полицијата добила дојава дека напаѓач зел заложници и се забаракадирал во амбулантата или во ресторан на станицата.Според полициски информации, напаѓачот има еден заложник.Полицијата го опколи целото подрачје.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Заев понуди помирување, мнозинството се уште неизвесно

Премиерот Зоран Заев на првиот ден од пленарната расправа за уставните измени рече дека е потребно помирување за настаните кои се случија на 27 април минатата година. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги задржаа своите критики на резултатите од референдумот и на како што тврдат лошиот договор со Грција.Пленарната седница за уставните измени почна со истата неизвесност како и претходните денови за тоа дали има двотретинско мнозинство за пристапување кон измена на Уставот. Бројот на пријавени говорници, повеќе од 60, ако во меѓувреме не се откажат од зборување, навестува дека таа би траела неколку дена. Според деловникот, дебатата за потребата од менување на Уставот може да трае најмногу десет дена.Премиерот Зоран Заев во својство на предлагач на уставните измени понуди “помирување” за настаните во Собранието на 27 април лани. Зборувајќи за поделбите во општеството, тој рече дека крајно време е да им се кажело стоп на нив.Кулминацијата на поделбите стигна на 27 април, ќе се испоубиевме пред очите на сите, рече Заев, додавајќи дека ова било можност да си простат и да кажат доста е. Крвавите случувања во домот на пратениците тој ги нарече дело на “изманипулирани поединци” додаде премиерот.“Ајде десната страна овде во парламентот, колеги, да подадеме рака на левата страна. Ајде колеги, вие од левата страна, да подадеме рака на десната страна. Одличен момент е да си простиме и да се помириме. Испраќам порака на помирување и простување за 27 април и настаните што се случија. Да седнеме и да го направиме тоа, јас сум подготвен и ве повикувам сите и мнозинството и опозицијата. Да знам, дека тоа има цена, но подготвен сум да ја платам цената. Политичка е цената “, кажа Заев.Тој додаде Владата е подготвена да биде максимално отворена за предлози од опозицијата за амандманите и за нивно прифаќање со кои, како што рече, комплетно ќе се намалат грижите на пратениците, но во исто време да не бидат во спротивност со духот на Договорот од Преспа.Во салата присутни беа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски,но и оние кои се обвинети за инцидентите во Собранието, како на пример Јохан Тарчуловски. Веднаш по премиерот зборуваше пратеникот од опозициската партија Илија Димовски, кој зборуваше за начинот на прегаварање на Договорот и уставните измени.“Ова е клучен момент, тоа се согласувам. Ова е момент во кој секој од нас присутен во оваа сала веројатно ќе го смета за најкрупна политичка одлука во која имал можност да учествува, и тоа се согласувам. Но не смееме да се удираме од ѕид и да велиме дека нема друга алтернатива или друг пат надвор од ова. Нема друг правец, а алтернативи може да има. Правецот е НАТО и Европска унија и мислам дека сите 120 пратеници се со истото убедување, но се разликуваме како да го постигнеме тоа” рече Димовски.Дебатата продолжи со реплики и контрареплики. Ја ценам вашата подадена рака за национално помирување, но како пратеник кој дал заклетва дека ќе го штити Уставот немам можност ни волја да гласам за уставни измени, нагласи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.Пратеникот од ДУИ Артан Груби пак ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат уставните измени, споредувајќи го овој момент со моменти и личности кои биле запишани во историјата, како наши така и во светот.Во текот на седницата спроти Собранието малкумина насобрани граѓани протестираа поради уставните измени преку траснпарент порачувајќи "не ве гласавме за да менувате Устав".

Македонија | пред 7 години

oruzje

ЕУ усвои нов режим на санкции против употребата на хемиско оружје

Советот на министри за надворешни на ЕУ во Луксембург денеска усвои нов режим на санкции за спречување на употребата на хемиско оружје, јави дописничката на МИА од Брисел.Отсега ЕУ ќе биде во можност да воведе санкции врз лица и ентитети инволвирани во развивањето и употребата на хемиско оружје, без разлика на нивната националност или локација.Санкциите ќе можат да се однесуваат и на оние кои даваат финансиска, техничка и материјална помош или пак оние кои охрабруваат, асистираат или се поврзани со развој на ваквото оружје, соопшти денеска Советот.Санкциите ќе се состојат од забрана за патување во ЕУ и замрзнување на имот за лица и ентитети.Со ова ЕУ одговара на сѐ почестата појава на употреба на хемиско оружје во ЕУ и надвор од неа, како во Солсбери или Сирија.

Свет | пред 7 години

poplavi

Страшни поплави на југот на Франција, шестмина мртви

По обилните дождови, југот на Франција го погодија поплави, јавуваат агенциите.Како што јави страницата Севир ведер Јуроп, најлошо е во покраината Од, каде што нивото на реката Орбиел драматично пораснало.Во поплавите смртно настрадале шест лица, јавуваат француските медиуми, кои додаваат дека синоќа во тој регион паднало количество дожд што вообичаено паѓа за неколку месеци.

Свет | пред 7 години

zemjotres

Земјотрес на Халкидики, почувствуван и во Солун

На грчкиот полуостров Халкидики во северна Грција околу пладне е забележан земјотрес со јачина од четири степени според Рихтер.Како што пренесува грчката агенција АНА, според податоците на сеизмолошката станица на Аристотелскиот универзитет во Солун, епицентарот на потресот бил на 10 километри западно и северозападно од градот Арна.Се наведува дека земјотресот бил на мала длабочина и дека се почувствувал во близината на Солун.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања