Скопје1.мк

Нема фотографија

Следи температурен шок и нагла промена

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб источен ветер.Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 23 до 28 степени.Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од источен правец.  Утринската темптература ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 26 степени.До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со дневни температури над просекот за овој период од годината. В недела од север ќе се спушти постуден воздух, ветерот повремено ќе се засилува и ќе предизвика пад на дневната температура. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд.

Македонија | пред 7 години

pompeo

Помпео: Саудијците нема да исклучат никој од истрагата за исчезнувањето на новинарот Кашоги

  Саудиските лидери нема да исклучат никого од истрагата за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео по разговорите во Ријад. Саудиските лидери ветија дека ќе бараат сметка од секој кој, според истрагата, должи објаснувања. Тоа го нагласи Помпео пред новинари пред да замине од Ријад за Анкара.Запрашан дали таа обврска важи и за претставниците на кралското семејство во Саудиска Арабија, државниот секретар одговори дека саудиските власти јасно навеле дека нема да направат никакви исклучоци.

Свет | пред 7 години

sudenje-2

Во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за „27 април“

Со сведочење на загрозениот сведок С1 денеска треба да продолжи рочиштето за случајот „27 април“ на Основното јавно обвинителство во кое се обвинети вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.На вчерашното рочиште кое започна во новата зграда на Кривичниот суд, јавноста беше исклучена, а поради технички причини судењето беше префрлено во стариот објект на судот. Поради расправијата меѓу судечкиот совет и адвокатите за лошите услови во старата зграда на судот, одбраната беше казнета со по 1.000 евра, по што го напуштија судењето.На претходните рочишта беа сослушани повеќе сведоци, меѓу кои пратеници, членови на собраниското обезбедување, припадници на МВР и новинари. Во своите искази тие ги објаснија нивните дејствија за време на критичниот 27 април минатата година.На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ФОТО: Кировски им забранил на вработените во ТВ Телма да објавуваат политички статуси на Фејсбук без дозвола

Главниот уредник на Телма, Атанас Кировски со известување им забранил на вработените да објавуваат политички коментари, мислења и статуси кои не се одобрени од него и другите уредници.“Вработените во ТВ Телма ја претставуваат телевизијата. Било каков политички став, коментар или мислење на одредени теми се интерпретира како став на телевизијата, а не како личен став на вработените во ТВ Телма. Од тие причини се забрануваат коментари, мислења и анализи на фејсубук и твитер профили, како и на други социјални медиуми, кои не се одобрени од уредничкиот колегиум на ТВ Телма”, пишува во известувањето потпишано од Кировски.Со ова, Кировски ги цензурира вработените јавно да го кажат својот став, коментира јавноста, а реакции има и од новинари вработени во други медиумски куќи.Според информациите на “Скопје 1”, ова известување потпишано од Кировски е објавено од пред извесен период, а цел на потсмев на социјалните мрежи.Кировски ќе ги сакнционира вработените кои нема да го почитуваат неговото упаство за користење на сопствените профили на социјалните мрежи.“Во иднина, каков било коментар ќе биде санкциониран”, се дополнува во известувањето.

Македонија | пред 7 години

andonovska-marija

Андоновска: Наумовски за една година не направи ниту еден проект во Ѓорче Петров, а општината нема пари ниту за канализации и патишта

Една година СДСМ во Ѓорче Петров, една година стагнација. Александар Наумоски и СДСМ една за една  година не направија ниту еден проект, дека така планираат да продолжат и во иднина гледаме и од предлог ребалансот на Буџетот на општината доставен  до Советот на општина Ѓорче Петров, ова денеска го истакна Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.-Според ребалансот на Буџет потпишан од Николоски, нема пари за канализации и патишта, но затоа има за привремени вработувања и полнење на општинската администрација со партиски кадри. Наумоски ставката за привремени вработувања од 6.500.000 денари ја зголемува на 11.100.000 денари, или зголемување за близу 90%. Но затоа наместо да зголемува, намалува во ставката за изградба и реконструкција на локални патишта и улици така што од 9.000.000  на 2.000.000 денари, што претставува кратење за цели 7.000.000 денари. Иста е ситуацијата и со ставката за изградба на системи за водоснабдување каде градоначалникот кратат 4.000.000 денари за оваа намена. Градоначалникот Наумоски обезбедува средства во буџетот на општината 3.000.000 денари за консултантски услуги и статистички истражувања, всушност истите ги зголемува, но вели дека нема средства да се ангажира само еден наставник за да отпочне да функционира дневен престој за децата во барем едно училиште во општина Ѓорче Петров. Се поставува прашање што ли му е приоритет на овој градоначалник, ако тоа не се децата?, прашува Андоновска.Таа додава дека Наумовски дава нови 3.000.000 денари, за консултантски услуги а истовремено крати скоро 3.000.000 од ставката за изградба на простор за паркирање. Очигледно е дека изградбата на паркинг места не му се приоритет на Наумоски исто така.-СДСМ ја зголемуваат ставката за трансфери до невладини организации за над 1.000.000 денари, додека крати во ставките за изградба на сообраќајна сигнализација цели 2.500.000 денари. Недозволиво и крајно лицемерно е во кампањи да ветувате подобро образование  која и зголемени инвестиции во истото, а кога ќе дојдете на власта од ставката за основно образование да кратите 8.78% од првично предвидените средства. Наумоски и СДСМ покажаа дека не знаат да управуваат со општината. Ѓорче Петров тапка во место една година. Една година во Ѓорче нема проекти, нема инвестиции. Оваа власт покажа дека ниту знае ниту сака  да работи за доброто на граѓаните, потенцира Андоновска.[embed][/embed]

Скопје | пред 7 години

44139897_255056658686986_2116855476003012608_n

Богојески до Мицкоски: На лагата и се кратки нозете !

Од како САД официјално со писмо испратено до Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски изрази разочараност од политиките на ВМРО ДПМНЕ, преку Фејсбук разрешениот реформатор Петар Богојески јавно му порача на Мицкоски дека на лагата и биле кратки нозете.„Скопје 1“ се обрати до Богојески да прецизира на што мисли со оваа поговорка за лагата и кратките нозе, а тој кратко одговори: „Си знае тој “

Македонија | пред 7 години

44270120_345977236139207_5849073462273900544_n

(ВИДЕО) Шилегов вети и излажа: Во предизборието брда и долини, сега само ваучери за пијани

[embed]

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ЌЕ ГИ АКТИВИРА ГАРАНЦИИТЕ ОД ЗАЕВ?

По отворањето на седницата на Собранието на Република Македонија за пристапување на уставни измени, извесно е можна рекација од претседателот Иванов.Имено, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој по Устав е носител на државноста и суверенитетот, пред да го додели мандатот на Зоран Заев и СДСМ да се обидат да формираат парламентарно мнозинство а со тоа и Влада на Македонија со ДУИ побара и доби писмени гаранции.Изјавата – гаранциите кои Зоран Заев како претседател на т.н. парламентарно мнозинство ги достави на 16 мај 2017 година на претседателот Иванов со цел да добие можност за мандат за формирање Влада.Во писмените гаранции, претседателот Зоран Заев во име на СДСМ, како иден можен мандатар, гарантира дека СДСМ и новото парламентарно мнозинство нема да пристапи кон уставни измени по ниту една цена.Претседателот Ѓорѓе Иванов точно напладне (17 мај 2017 година) му го врачи мандатот за состав на нова Влада на Зоран Заев, истакнувајќи дека му го дава мандатот на Заев кој обезбедил парламентарно мнозинство.Пречките за состав на Владата се отстранети. Денеска пристапуваме кон исполнување на член од Уставот за определување на мандатар за состав на Владата. – рече во краткото обраќање претседателот Иванов.Заев рече дека како што ветил и пред граѓаните, а и пред Иванов, испорачал писмо во форма на гаранција, кое е доставено до Кабинетот на претседателот.И тој потенцираше дека двете пречки за добивање на мандатот, се отстранети.Прво, гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независоноста и мултиетничноста на Република Македноја.Гарантирам територијална целина на земјавата, уставниот поредок на државата, како и зачувување на државните интереси.Гарантираме дека процесот на носење на одлуки за граѓаните ќе биде во согласност со владеење на право, не доведувајќи ја во потчинетост Македонија од страна на друга држава.Ниту еден документ, декларација, платформа, акт, кој ќе биде во спротивност на горенаведените ставови, нема да бидат услов и основа за дејствување на владата на Македонија. – рече Заев, добивајќи го мандатот.Извор: magazin.mk

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

САД со писмо се обратија до Мицкоски

Писмо од помошникот државен секретар А. Вес Мичел до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски – 16 октомври 2018Почитуван Христијан,Како што веќе разговаравме, Соединетите Држави силно веруваат дека Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција е историска можност за Македонија да обезбеди посветла иднина и да придонесе кон регионалната безбедност, стабилност и просперитет. И покрај тврдењата дека  можел да се постигне некаков “подобар договор”, ние не веруваме дека тоа е можно.  Овој договор бараше компромис и од двете страни.  Тоа е прилика што веројатно нема да се повтори со години, ако не и со децении.Нема да Ве изненади што ние сме разочарани од позициите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ како во однос на референдумот, така и во врска со чекорите во Собранието за промена на Уставот.  Уште од осамостојувањето на Македонија, граѓаните од сите заедници и партии, вклучувајќи ја и Вашата, силно го поддржуваат пристапувањето на земјата кон НАТО и кон ЕУ. Сега Собранието е на ред да го преземе следниот, одлучувачки чекор.  Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста и приватно, за пратениците од Вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда, или друг облик на принуда.Ова е историски важен момент за Вашата земја, момент што бара храбро лидерство и зрелост. Како вистински пријател и поддржувач на Македонија, Ве поттикнуваме да ги тргнете настрана партиските интереси со цел унапредување на заедничките стратешки интереси и обезбедување на посветла иднина за вашите граѓани во европското семејство на народи.Со почит,А. Вес МичелОва е линкот до оригиналното писмо:http://mk.usembassy.gov/letter-from-assistant-secretary-a-wess-mitchell-to-vmro-dpmne-leader-hristijan-mickoski-october-16-2018/ 

Македонија | пред 7 години

arnaudov

Љубен Арнаудов е ослободен од домашниот притвор

Пратеникот обвинет за „Крвавиот четврток“ Љубен Арнаудов, денеска беше ослободен од домашен притвор. Ова е втор пратеник обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок, кој доби право да се брани од слободата, по вчерашната порака на премиерот Зоран Заев, за потреба од национално помирување.Апелациониот суд ја донел одлуката по жалба на Арнаудов, кој понудил гаранција дека нема да бега, во износ од околу 300 илјади евра.Во куќен притвор останува само пратеникот Крсто Мукоски, откако претходно од куќен притвор беше пуштен Сашо Василевски.Арнаудов, по денешното рочиште за случајот „27 април“, рече дека уште во јули имаат поднесено барање со кауција, така да останува да се произнесе судот.Прашан дали би гласал за уставни измени во замена за амнестија, Арнадуов рече дека засега нема размислувано.„Засега немаме ништо размислувано, ама секако ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија и македонскиот народ“, рече Арнаудов.

Македонија | пред 7 години

44086339_1950058355294774_7699746476091506688_n

Од Карпош до Ѓорче се стига само со хеликоптер, блокирани сите улици

Повторно е блокиран булеварот “Партизански одреди” на потегот од трговскиот центар Сити мол до Ѓорче Петров, најверојатно, поради изведба на градежни работи.Додека градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и скопскиот татко Петре Шилегов се фалат со светски стандарди при изградба на булеварите, граѓаните не можат да стигнат до нивните домови веќе месец и половина. Решение, нема.Нервозните возачи велат дека веќе им е смачено со саати да возат за да стигнат дома, но никој не е заинтересиран за нивните поплаки. Блокирани се и алтернативните патишта, со гужва во сообраќајот. Растеретување на гужвата се обидува да направи полицијата, но залудно.Ова не е прв пат по доаѓањето на новата локална власт улиците да бидат целосно блокирани. Пред месец дена, иста беше ситуацијата и во Бутел

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Пешак прегазен во Скопје итно однесен на Клиника

Прегазен пешак на булеварот „Никола Карев“ во Скопје се здобил со тешки телесни повреди и итно бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Според информации на МВР, вчера во 18:40 часот патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(51) од Скопје, удрило во пешакот С.З.(79) од Скопје. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој со истото возило бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Од утре марихуаната во Канада ќе биде легална во цела земја

Од утре Канада ќе стане третата земја во светот каде што марихуаната ќе биде легална за користење на национално ниво, по стапување на законот во сила кој во јуни беше усвоен во парламентот.Возрасно лице ќе смее да поседува до 30 грама марихуана (сув производ), а ќе може да одгледува најмногу четири стебленца без разлика на големината на домот.Засега, консумирањето марихуана ќе биде легалнo само во Квебек, со неколку исклучоци, како и за пушењето цигари.Она што сè уште е нелегално е продажба и дистрибуција на храна со додаток на екстракт од марихуана, додека не се решат регулациите околу користење на истите. Се очекува овие производи да бидат достапни наредната година.Сепак, законот дозволува домашна подготовка на храна со марихуана како додаток.Засега, сувиот канабис и маслото од канабис ќе може да се купи само во овластени продавници.„Прехраnбените продукти кои содржат марихуана или продукти добиени од канабис се сложени. За нас е важно корисниците да се запознаени со регулативата и безбедни“, вели Бил Блер, министер за гранична безбедност и организиран криминал.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Помпео се сретна со кралот Салман во Ријад

Расте притисокот врз Саудиска Арабија, за да објасни што се случило со новинарот Џамал Кашоги, поради што во посета на земјата е и американскиот државен секретар Мајк Помпео.Државниот секретар на САД и кралот Салман се сретнаа во Ријад. Стејт департментот соопшти дека Помпео му се заблагодарил на кралот за неговата посветеност за целосна и транспарентна истрага за случајот со исчезнувањето на Кашоги. Американскиот претседател претходно изјави дека во телефонски разговор, кралот Салман вчера негирал дека има било какви информации што му се случило на саудискиот државјанин.Кашоги последен пат беше виден пред две недели во саудискиот конзулат во Истанбул. Турските власти веруваат дека тој е убиен од страна на саудиски агенти, но Саудијците остро ги негираат таквите тврдења.Во меѓувреме, американските медиуми објавија дека Саудијците наводно се подготвуваат да признаат дека Кашоги починал поради погрешно испрашување. Ноќеска, турската полиција влезе за прв пат во саудискиот конзулат, за да спроведе истрага за случајот со исчезнатиот новинар.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Заев: Не ми паѓа на памет да влијаам врз институции и судови, прифаќам разговор со Мицкоски

Секогаш сум бил за дијалог и изнаоѓање на решенија преку разговор. Премногу има поделби во Македонија и сите знаеме дека треба да си простиме. Апсолутно не ми паѓа на памет да влијаам врз институции или судовите, порача денеска од собраниската говорница премиерот Зоран Заев.Одговарајќи му на пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ кој предложи лидерите на двете најголеми македонски партии да седнат на маса и да донесат решение за иднината на државата, Заев појасни дека името на државата не се менува, туку само се дополнува.„Граѓаните на парламентарни избори го предаваат својот легитимитет на пратенциите за тие да носат одлуки. За прашањето за името и договорот од Грција одлучивме да го вратиме легитимитетот и да го прашавме нашиот народ. Граѓаните што одлучија, излегоа на референдум, а оние кои не сакаа да одлучат, останаа дома. Македонија мора понатаму да донесе одлука“, рече Заев.Пратеникот Јовановски се изјасни дека ќе гласа против измени на Уставот бидејќи како што посочи меѓу другото не верува во она што е напишано во спогодбата од Преспа, а и на референдумот не бил исполнет еден од условите.„Немојте г. Заев сите овие пратеници да ги туркате да притиснат копче за кое не дале заклетва“, му рече Јовановски на премиерот Заев.Во текот на денешната расправа, пратеникот Сурија Рашити од Алијанса за Албанците рече дека како партија ќе ја поддржат интеграцијата на Македонија во НАТО, но оти нема да се откажат и од тоа албанскиот народ да биде рамноправен.

Македонија | пред 7 години

pregovori

Почнуваат пристапните преговори со НАТО, Собранието ќе пресуди дали Македонија ќе стане членка

Претпристапните преговори за приклучување на Македонија во НАТО официјално почнуваат в четврток и петок во Брисел, со посетата на членовите на Комитетот за интеграција во НАТО и на Работниот комитет за интеграција на седиштето на Алијансата каде ќе се сретнат со нејзини претставници кои ќе бидат вклучени во процесот на утврдување на усогласеноста на земјата со стандардите на НАТО.Со оваа сесија разговори во Брисел, Македонија де факто ја отвора последната фаза во односите со НАТО пред членството во Алијансата за што земјата доби покана на Самитот во јули во Брисел оваа година. Ова го истакна денеска на прес-конференција националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски кој заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров говореа за техничкиот дел на разговорите, но и за целокупниот контекст во кој тие ќе отпочнат односно собраниската дебата за предлогот за пристапување кон уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција за решавање на спорот за името.„Сето ова треба да оди преку имплементација на Договорот од Преспа, како што впрочем и ни диктира доминатната политичка волја на мнозинството македонски граѓани. Според сите анализи направени од релевантни институции и поединци, нашето членство во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста и стабилноста на земјата, но во исто време ќе биде и позитивен пример и придонес кон регионалнатата безбедност, стабилност и просперитет“, рече Пендаровски.Тој појасни дека Комитетот за интеграција на НАТО кој е на министерско ниво беше формално реактивиран откако Македонија ја доби поканата за членство, а на оперативно ниво Работниот комитет за интеграција на чие чело е тој, веднаш почнал со реализација на обврските кои произлегуваат од програмата за продолжување на реформите која е изготвена на ниво на нацрт. Примарниот фокус во оваа програма што ќе биде презентирана на првиот состанок е насочен кон владеењето на правото, судските реформи, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во одбранбениот сектор, но и во безбедносните служби, како и правните прашања кои произлегуваат од членството на Македонија во НАТО.Разговорите ќе се одвиваат во две сесии, првата ќе ги опфати политичките и одбранбените прашања за исполнување на критериумите, а втората прашањата поврзани со ресурсите, безбедноста, правните аспекти, како и придонесот на Макеоднија во заедничкиот буџет на Алијансата. Во оваа фаза на преговорите начелно ќе биде утврдена временската рамка за нивно комплетирање.Пендаровски истакна дека процесот би требало да заврши до крајот на декември оваа година, во јануари 2019 е предвидено Македонија да го потпише протоколот за пристапување со право на учество во сите тела и органи на НАТО, но без можност да гласа, а приемот во полноправно членство ќе се случи откако земјите членки ќе го ратификуваат тој протокол за пристапување, секоја поединечно во своите национални парламенти. Во случајот со Македонија предвидено е Грција да биде првата земја членка која што ќе го ратификува овој протокол, откако земјата ќе го заврши својот дел од обврските од Договорот во Преспа.

Македонија | пред 7 години

advokati

Адвокатите на обвинетите за „27 април“ отстранети од судница и казнети со по 1.000 евра

Судечкиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска ги казни со по илјада евра и ги отстрани од судницата сите адвокати на обвинетите за настаните во Собранието од 27 април.Адвокатите се санкционирани откако се пожалиле и бурно реагирале на условите во кои се одвивал распитот на загрозениот сведок С1 во старата зграда на Кривичниот суд каде што беше префрлен поради технички пречки во новиот објект на судот.Адвокатот Еленко Миланов по излегувањето од судот изјави дека бранителите побарале да им се овозможи да ги запишуваат изјавите од загрозениот сведок бидејќи не се слушало добро неговото сведочење. Тоа не им било овозможено, по што адвокатите се побуниле, и поради тоа се казнети и остратнети од судницата. Судијката Кацарска во записникот ставила дека денеска им се одзема правото да бидат бранители во процесот и дека на обвинетите ќе им бидат назначени адвокати по служена должност.Обвинетите за „27 април“ се во судот, но бидејќи јавноста претходно беше исклучена од денешното сведочење на загрозениот сведок, не е познато како ќе продолжи процесот.На претходните рочишта беа сослушани повеќе сведоци, меѓу кои пратеници, членови на собраниското обезбедување, припадници на МВР и новинари. Во своите искази тие ги објаснија нивните дејствија за време на критичниот 27 април минатата година.За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Македонија | пред 7 години

saso-vasilevski

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски излегува од куќен притвор

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој е обвинет во случајот со настаните од 27-ми април лани во Собранието, излегува од куќен притвор откако со одлука кривичниот совет ја прифатил гаранцијата во недвижен имот.– Кривичниот совет на одделението за Организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната С.В., обвинет во предметот поврзан со настаните од 27.04.2017 година во Собранието, донесе решение со кое ја уважи понудената гаранција во недвижен имот и ја укина мерката куќен притвор, а заради обезбедување присуство во текот на постапката му определи мерки за претпазливост и тоа Обврска на обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Охрид и привремено одземање на патната исправа како и забрана за издавање нова – велат од судот.

Македонија | пред 7 години

mickoski-ohrid-rez

Мицкоски бара од Џафери да се обрати пред пратениците

ВМРО-ДПМНЕ испратила барање до Собранието во кое се бара да му се овозможи на Христијан Мицкоски да се обрати пред пратениците за уставните измени.„Со оглед на фактот што во овие моменти во законодавниот дом се расправа за потребата од уставни измени што имаат суштинско влијание, политичката криза во која влегува нашата земја, како и значењето што овој период го има за иднината на Република Македонија, како и со оглед на сензитивниот момент, вниманието и контроверзите што ги предизвика оваа дебата во јавноста, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во опозиција и чијшто претседател, проф. д-р Христијан Мицкоски, не е пратеник, а со тоа е оневозможен пред народните претставници да ги изрази своите погледи и ставови кон ова чувствително прашање, испраќаме барање да се овозможи негово обраќање на тековната пленарна седница по однос на предложените уставни измени“, стои во дописот до Собранието. Партијата ова барање го темели на правото што го овозможува Деловникот за работа на Собранието, според кој согласно со член 72, став 2 од Деловникот, претседателот на Собранието да (цитираме) 'може да покани на седницата на Собранието да присуствуваат и во работата да учествуваат претставници и на други органи и организации'', пишува во дописот од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието.Мицкоски во сите свои настапи досега кажа дека  никој од ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени со цел промена на уставното име.

Македонија | пред 7 години

direktor

Словенечкиот уметник Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“

Директорката на Националната установа Фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор на фестивалот Нина Момировска вчера во Љубљана, Словенија, на покана од директорот на Љубљански фестивал, Дарко Брлек остварија работна и мошне конструктивна средба, информираат од фестивалската дирекција.На средбата беа разменети искуства и идни планови и проекти на двата фестивали. Директорите Поповиќ и Брлек договорија заемна соработка и заемно преговарање со големите светски имиња од светот на класичната музика.Големиот вљубеник во класичната музика кој 27 години раководи со Љубљански фестивал, на вчерашната средба го најави и неговото присуство на 59-тото издание на „Охридско лето“, додаваат од фестивалската дирекција.

Македонија | пред 7 години

antonijo-milosovski

Милошоски на распит кај Јанева, СЈО го прогласи за „моќник“

Пратеникот Антонијо Милошоски пристигна на распит во СЈО за предметот „Моќник“, каде вчера исказ даде и поранешниот претседател на лустрациска Томе Аџиев. Тој е осомничен од страна на Специјалното обвинителство за нарачана лустрација на кичевскиот судија Драган Билевски.Аџиев делото го сторил под влијание на пратеникот Милошоски кој сакал да му се одмазди на Билевски, стои во истрагата на СЈО отворена во март годинава.Истрагата за „Моќник“ опфаќа 13 осомничени меѓу кои и пратеникот Милошоски, неговиот татко и екс градоначалникот на Македонски брод. Според обвинителството со измама во 2011 година успеале да ја продадат зградата на општина Пласница, купувач бил таткото на Милошоски а со помош на градоначалникот на Македонски брод. Кога градоначалникот на Пласница реагирал го предизвикал револтот кај пратеникот, кој сакал да се реваншира и на судијата Билевски за кој сметал дека му помага. За што постои и објавен телефонски разговор.

пред 7 години

Нема фотографија

Почина Пол Ален, ко-основачот на Microsoft

Основачот на Microsoft и филантроп, Пол Ален почина на 65 години. Г. Ален голем дел од времето, по 1982 година се бореше со не-Хочкинов лимфом, но oва не го спречи во филантропијата, пишува ИТ.мкТој е и првиот кум на Microsoft, кога компанијата во 1975 година го доби името Micro-Soft. Името требаше да помогне во препознатливоста на компанијата која изработува софтвер за „микро сметачи“. Во овој период овој термин се користеше за да се направи разлика помеѓу помалите компјутери и тогашните компјутери кои зафаќаа цела соба. Бил Гејтс за ABC News изјави дека г. Ален е еден од неговите најстари пријатели:„Од најраните денови во Училиштето Лејксајд, преку партнерството во Microsoft, до заеднички филантропски проекти низ годините, Пол беше вистински партнер и драг пријател. Персоналните компјутери немаше да постојат без него.Но, Пол не се задоволи само со една компанија. Го насочи својот интелект и сочувство кон уште еден акт, фокусиран на подобрување на животите на луѓето и зајакнување на заедницата во Сиетл. Сакаше да каже: „Ако има потенцијал да се направи добро, тогаш треба да го направиме.“ Тој беше таква личност.Пол го сакаше животот и луѓето околу себе, а ние го ценевме за возврат. Заслужи многу повеќе, а неговиот придонес во светот на технологијата и филантропијата ќе живее со генерации. Ужасно ќе ми недостасува.“, вели Г. Гејтс.Г. Ален донираше над 2 милијарди долари во непрофитни организации кои работат на напредокот на науката, технологијата, образованието, животната средина и уметноста.„Секако има исклучително важна улога во она што го разбираме како денешен Сиетл, град на технологијата, недвижности и на специфична локална култура со меѓународна препознатливост“, вели професорката Маргарет О’Мара за New York Times.

Свет | пред 7 години

govor_m

(ВИДЕО) Градоначалникот на Охрид цела година читал препишани говори од неговиот претходник

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски цела година читал препишани говори од неговиот претходник Никола Бакрачески.Портпаролите на Стојаноски најпрво на 8 Декември 2017, на Свечената академија кога се доделувала највисоката награда на градот Охрид,  наградата „Свети Климент Охридски“  му дале да чита дословно препишан говор кој неговиот претходник Никола Бакрачески го читал на ист датум и по ист повод, само во 2013 година.Последен пат портпаролите на Стојаноски му дале да чита препишан говор кој Никола Бакрачекси го читал на 11 Октомври на свеченост по повод тој празник, со тоа што во говорот на Стојаноски вметнале и реченици кои ги читала поранешната Претседателка на Советот на Град Охрид Гордана Коњаноска.Во Општина Охрид во секторот за комуникации со јавноста се вработени 10 лица.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Тетовецот кој вчера си ја уби сопругата фатен во Гајре

Во селото Гајре вечерва полициски службеници од Тетово го приведоа А.К. (53), осомничен дека вчера во село Мала Речица со пиштол ја убил неговата сопруга Х.К. (52).Убиството се случило вчера во куќата на двајцата сопружници на улицата „Љуботенска“ во тетовската приградска населба Мала Речица. По застрелувањето на сопругата тетовецот излегол од куќата по што пукал и кон такси возило, но никого не погодил и избегал.

Македонија | пред 7 години

tramp

Трамп: Јас сум вистински заштитник на животната средина

Претседателот на САД Доналд Трамп се прогласи за „вистински заштитник на животната средина“, но, и покрај консензусот научниците, тој  вели дека не може да каже дали човечката активност е причина за климатските промени.-Сакам апсолутно чиста вода, сакам најчист воздух, каков што веќе имаме, тоа се подобри последната година, рече Трамп, без да посочи на кои податоци се повикува.-Јас сум вистински заштитник на животната средина. Многу луѓе се насмевнуваат кога го слушаат тоа, додаде претседателот, кој ја посети државата Џорџија, по  ураганот Мајкл.-Ќе имаме најчист воздух. Но, тоа не значи дека сите фирми треба да стават клуч под чергиче“, вели Трамп. На прашањето за климатските промени, кои во минатото ги нарече „шега“, претседателот одговори: „Има нешто, независно дали се должи на човечка активност или не“.Во јуни 2017 година, Трамп ги повелече САД од Парискиот договор за климатските промени.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања